build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 565758
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1141 Posted: 17-Dec-2007 at 13:48
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by pbanks

некои замерки освен на спојката на средната делница со Димитрие Чуповски која е тежок фушерај и може пар други ситници


Да, и мене на нерви ми иде посебно тоа проширувањето каде што стојат таксисти. Кога веќе решиле да прават проширување (што според мене не личи, ниту пак има место за повеќе од две возила ако се изведе правилно), можеле барем да го направат пошироко. Вака таксистите што чекаат таму само ги блокираат сообраќајните ленти Nuts

Ако не го направиле проширувањето за таксистите, тогаш нека ги казнуваат кога се паркираат таму.

Ова е добар пример како надлежните не само што не го решаваат сообраќајниот метеж, туку со сила го креиаат Bash. Дури и од мали работи како оваа можат да се извлечат некои заклучоци...

Во секој случај, таму ради таксистите се прави голема гужва, па крајно време е нешто да се превземе.

 
не е само тоа туку ужасно изгледа. Одавна се спремам тоа да го сликам за во урбано дивјаштво пошто ко такво го рачунам. На другата страна (кон плоштад го направија перфектно, пешачката зона е убаво споена со тротоарот и сето тоа завршува со рабник.
 
Од оваа страна има прекин во тротоарот (која ја претставува таа импровизирана такси станица) а пешачката зона завршув повнатре (на внатрешната граница на тротоарот) и без рабник и се гледаат сите нејзини слоеви. Катастрофа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1142 Posted: 17-Dec-2007 at 13:34
Originally posted by pbanks

некои замерки освен на спојката на средната делница со Димитрие Чуповски која е тежок фушерај и може пар други ситници


Да, и мене на нерви ми иде посебно тоа проширувањето каде што стојат таксисти. Кога веќе решиле да прават проширување (што според мене не личи, ниту пак има место за повеќе од две возила ако се изведе правилно), можеле барем да го направат пошироко. Вака таксистите што чекаат таму само ги блокираат сообраќајните ленти Nuts

Ако не го направиле проширувањето за таксистите, тогаш нека ги казнуваат кога се паркираат таму.

Ова е добар пример како надлежните не само што не го решаваат сообраќајниот метеж, туку со сила го креиаат Bash. Дури и од мали работи како оваа можат да се извлечат некои заклучоци...

Во секој случај, таму ради таксистите се прави голема гужва, па крајно време е нешто да се превземе.



Edited by Cloverstack - 17-Dec-2007 at 13:36
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1143 Posted: 17-Dec-2007 at 11:18
ОК, ми се свиѓа како искочи ул. Македонија немам некои замерки освен на спојката на средната делница со Димитрие Чуповски која е тежок фушерај и може пар други ситници... Ама 5 година како се прави секција од колку 300-400м максимум? И тоа во три различни етапи. Срамота е ова да се декларира како незнам каков зафат.
 
BTW Аларова на почетокот на овој мандат најави трансформација по сличен терк на улицата накај Арапска куќа. Roll%20eyes
 

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПОПУЛАРНОТО ШЕТАЛИШТЕ

Улицата Македонија комплетно обновена

За десетина дена свечено ќе биде пуштен во употреба и третиот обновен дел од улицата Македонија, во делот кај хотелот „Бристол“, најавуваат од Општина Центар. Со тоа ќе биде заокружена комплетната реконструкција на популарното шеталиште во центарот на градот.
- Пуштањето на третиот дел од оваа улица ќе се случи штом ќе пристигнат новите клупи со карактеристичен дизајн, кој не може да се сретне во градов - вели Лидија Неделковска, шеф на кабинетот на градоначалничката на Центар, Виолета Аларова. Таа вели дека во минатата недела пробно биле поставени прототипови на новиот вид полукружни клупи, со цел да се испита реакцијата на граѓаните. Клупите имаат сосема нов дизајн, кој се разликува од оној на првиот и на вториот дел од улицата. И тие ќе бидат полукружни, но помали, зашто во третиот дел од улицата се вози, па нема доволно место за пошироки.

Неделковска вели дека граѓаните се задоволни од изгледот на новите клупи, па Општината деновиве ќе ги набави и останатите од скопската фирма „Еко лес“.

- Ваквиот дизајн е погоден и според големината одговара на третиот дел од улицата, кој е потесен. И новите кошници за отпадоци ќе имаат карактеристичен дизајн - вели Неделковска.

Во изминатите месеци Општина Центар го обнови и последниот, трет дел од улицата Македонија, од раскрсницата со „Даме Груев“ до Музејот на град Скопје. Обновени се тротоарите од двете страни, кои се поплочени со гранитни плочи, идентични на пешачката зона од улицата. Поставени се и нови рабници, нова електрична инсталација и осум канделабри, донација од Инвест банка. Ќе бидат поставени вкупно девет клупи, шест жардиниери и 11 кошници за отпадоци, а ќе се засадат и осум дрвја од видот лириодендрони, какви што има на првите две делници.

Од Општината велат дека на новите тротоари се поставени столпчиња, за да не можат да се паркираат возила, со што ќе се заштити гранитот од оштетување, а истовремено ќе се ослободи простор за пешаците.

Општината Центар почна да ја обновува улицата Македонија пред четири години. Првата делница, од плоштадот до улицата Димитрие Чуповски, беше пуштена во употреба во 2004 година. Парите за обновата се од општинската каса на Центар.

(А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D08202EDE42CEB4282B7715EA8DD598D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 565758

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.