build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 15-Sep-2014 at 17:34
Боемската улица "Ѓорѓи Пешков" во Дебар Маало



извор: фејсбук страницата на Општина Центар
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 16-Sep-2014 at 21:34

ВЕЧЕРВА СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА ОБНОВЕНАТА УЛИЦА ЃОРЃИ ПЕШKОВ

Центар планира на цело Дебар Маало да му даде боемски шмек

Вечерва во 20 часот свечено ќе биде пуштена во употреба улицата Ѓорѓи Пешков во Дебар Маало, таканаречена боемска улица, со музичка програма на која ќе настапат Бени и Златко Ориѓански со својата група, информираат од Општина Центар. Свеченоста ќе биде отворена со читање текст од Петре. М. Андреевски напишан на рака, кој досега не бил објавен, на тема „Боемски“. На отворањето ќе бидат поканети амбасадори, јавни личности од политичкиот и од културниот живот.

- Тоа ќе биде целовечерно дружење со забава. Временски не е ограничено. Ќе трае додека има луѓе и музика. Оваа улица ќе биде место за собирање, за изведба на перформанси итн. - велат од Општина Центар.

Kако што информира градоначалникот Андреј Жерновски, целата улица е трансформирана во амбиентална пешачка зона. Идејата е масите од кафеаните да бидат поставени до средината на улицата и да има простор за движење на пешаците. Целиот потег е со вкупна површина од 2.000 квадратни метри, нивелиран на едно ниво заради непречено движење на пешаците, инвалидите, велосипедите и слично и заради визуелна естетска целина. На крајот на северниот дел на улицата е формиран мал плоштад, врз кој е поставена уникатна урбана опрема. На улицата нема да биде дозволено паркирање. Изведена е нова атмосферска канализација, а од двете страни има комбинација на стар и нов дрворед. Осветлението ќе биде со 15 декоративни фенери изработени од гус.

На улицата ќе има и пајтон, специјално набавен за отворањето.

- Засега тој е изнајмен, но во зависност од тоа како ќе се вклопи во амбиентот можеби и постојано ќе биде на улицата. Тој нема да служи за пренесување гости, туку само за декор - истакна Жерновски.

Тој вели дека освен постојните кафеани „Ганза“ и „Ориент експрес“, на оваа улица има интерес за отворање и други угостителски објекти и ја разгледува можноста за реконструкција и на фасадите на објектите.

- Освен тоа, имаме идеја да донираме, за терасите од зградите на улицата да бидат полни со цвеќиња - заклучи Жерновски.

Kако што велат општинските власти, тоа е само почеток на реализацијата на проектот на Жерновски, Дебар Маало да го добие стариот боемски сјај. Улицата ја направи фирмата „Изградба-комерц“ за 457 илјади евра. (А.П.)

#

http://dnevnik.mk/?ItemID=4D83A33870376B4A8FFCE6AB53658DB2

Уште кога ја видов првата фотографија одма си помислив колку би било добро да се организира на балкончињата да има цвеќе. И ете од текстот гледаме дека и некој друг размилувал така. Добро е и што се најавува дека во дебар маало ќе се средуват и некој други улици во тој стил. А добро е да се чепнат малку и фасадите. А во нив може комотно и газдите на локалите што се на улицата да вложат некоја пара зошто општината со пари на граѓаните буквално им ги продолжи терасите.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 17-Sep-2014 at 07:59
Фонтаната на плоштад Македонија во Скопје, т.е. нејзината изградба. Фотка од утрово.

DSC05416 by george k. 1981, on Flickr

Забележав дека тој дел ќе се поплочи со нови плочи, кои се побели во однос на сивите што порано си беа на овој плоштад.

DSC05417 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 17-Sep-2014 at 09:57
Боемска улица во Дебар маало

Музика, убаво вино и дружење, најавува Општина Центар за утрешното отворање на Боемската улица во Дебар Маало. Отворањето е во 20:00 часот.



Боемската улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе си го најдат местото и просторот каде што ќе се искажат.
Новото решение на улицата „Ѓорѓи Пешков" е трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни. Импровизираните рампи ќе спречат паркирање на возила.На улицата се поставени коцки, кои не се нови, туку земени од неколку растурени улици во Скопје.



Од двете страни на улиците има комбинација од стар и нов дрворед од 24 дрвја до кои е доведена инсталација за полевање со систем капка по капка. Осветлувањето е со 15 гусени декоративни фенери. Денеска беше донесен и пајтон, но само како украсен . Тој е позајмен, за да се види како ќе го прифатат посетителите.

http://vecer.mk/skopska/boemska-ulica-vo-debar-maalo
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 17-Sep-2014 at 10:41
Од една страна модернистичка клупа од друга страна кочија,околината класика Чернобил,апсолутно несоодветна за нешто што се нарекува "боемска" улица.
Ресторани нигде,две три биртии и тоа е.

Фејл.
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 17-Sep-2014 at 13:17
за 450 000 евра можеше да изведат нешто подобро од “амбиетална пешачка зона“. Во секој случај затворање на улица за сообраќај во било каде во Центар е за поздрав.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 17-Sep-2014 at 18:04
Originally posted by Lerin

Од една страна модернистичка клупа од друга страна кочија,околината класика Чернобил,апсолутно несоодветна за нешто што се нарекува "боемска" улица.
Ресторани нигде,две три биртии и тоа е.

Фејл.


Аман бе доста спамираш, многу си смешен... Да не те избркале од општина Центар кога се смени власта, па затоа им се имаш скаран ?   

Улицата уште не е готова, кафеаните уште не се отворени, кога се' ќе биде готово, ќе го добие потребниот дух.

Edited by Teglarot - 17-Sep-2014 at 18:13
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 17-Sep-2014 at 18:08
50 metri ulice se poplocuva pet meseci. Pa i sveceno otvaranje za takviot gradezen potfat. Pa uste na celo Debar Maalo kje mu se dadelo boemski smek. So vakvo tempo, mozda za edno sto godini.

Koj narcisizam.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 17-Sep-2014 at 18:35
Originally posted by Lerin

Од една страна модернистичка клупа од друга страна кочија,околината класика Чернобил,апсолутно несоодветна за нешто што се нарекува "боемска" улица.
Ресторани нигде,две три биртии и тоа е.

Фејл.


Ама ќе пукам од ќејфови кога оние твоине турсти со мерак ќе седат низ Дебар Маало, што особено беше впечатливо летово кога поише странци дремеа по кафаниве, него пред коњот на Аце.

Ова Коце да го направеше, со фанфари ќе го поздравеше. Лицемерие на дело.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 17-Sep-2014 at 18:47
Originally posted by N23


Ама ќе пукам од ќејфови кога оние твоине турсти со мерак ќе седат низ Дебар Маало, што особено беше впечатливо летово кога поише странци дремеа по кафаниве, него пред коњот на Аце.Ова Коце да го направеше, со фанфари ќе го поздравеше. Лицемерие на дело.

Лол ти ми зборуваш за лицемерие или незнам кој скопјанецон ? Па вие знаеш ли колку тони .... ќе изедевте ОВА да го направеше Коце бе ? За една поплочена уличка од 10 метра да спукаше пола милион евра ? Сериозно,вие ќе зборите за лицемерие ? Тоа е мој став ако ја видиш состојбата и ако си реален ќе признаеш,да така е.

Не била завршена хахаха ај до утре може Париз на Сена од страна ќе никне. па уште свечено отворање на уличка,господ да чува и да брани.

И да,пази само туристи да не шетаат низ дебар мааало,тоест тие чекаа улицава да се направи,зошто голем избор на ресторани има па да седнат.


Edited by Lerin - 17-Sep-2014 at 18:52
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 17-Sep-2014 at 19:46
Originally posted by Lerin

Originally posted by N23


Ама ќе пукам од ќејфови кога оние твоине турсти со мерак ќе седат низ Дебар Маало, што особено беше впечатливо летово кога поише странци дремеа по кафаниве, него пред коњот на Аце.Ова Коце да го направеше, со фанфари ќе го поздравеше. Лицемерие на дело.

Лол ти ми зборуваш за лицемерие или незнам кој скопјанецон ? Па вие знаеш ли колку тони .... ќе изедевте ОВА да го направеше Коце бе ? За една поплочена уличка од 10 метра да спукаше пола милион евра ? Сериозно,вие ќе зборите за лицемерие ? Тоа е мој став ако ја видиш состојбата и ако си реален ќе признаеш,да така е.

Не била завршена хахаха ај до утре може Париз на Сена од страна ќе никне. па уште свечено отворање на уличка,господ да чува и да брани.

И да,пази само туристи да не шетаат низ дебар мааало,тоест тие чекаа улицава да се направи,зошто голем избор на ресторани има па да седнат.


Жерновски прави иста спин пропаганда како и другите. За тоа го обвинувам него истко колку и другите.
Јас ниту дадов оправдание за уличкава, ниту за парите кои ги потрошил. Напротив, голем дел од работите што ги прави Жерновски не ги поддржувам од многу аспекти. Но, за разлика од многу обоени членови, јас го критикувам она што не чини и од двата табора. За жал, од другиот табор има челни лица само во три општини. Слободно оди на теми кои се однесуваат за Куманово и ќе видиш дека јас немам лицемерен став. За среќа сум доволно свесен и разумен и не ми треба партиска боја да разликувам добро од лошо.

А како што добро знаеш, државните пари ги користи само едната страна, и многу очекувано е дека истата ќе биде на жестоки критики кога работат фушерајски. Слободно разгледајте ги новите булевари кои Коце ги направи и видете на колку места истите испопукаа, или видете ги новите тротоари кои после секој дожд пливаат во вода па после точаците по улица возеле. Епа ќе возат, кога ни е*аваат милиони евра за тежок аматеризам.
23ka.wordpress.com
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 17-Sep-2014 at 21:41
Во право е Lenin. Не оној вистинскиот психопат туку овој на форумот. Апсолутно во право.

Edited by one1 - 17-Sep-2014 at 21:42
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 18-Sep-2014 at 00:51
2000 илајди квадратни метри поплочена површина и дваесет дрва во комбинација со неколку модно детали од даски. Цена на чинење 455 илјади евра = „Плоштадот Делфина во Влае се простира на површина од 6.500 квадрати има фонтана, нова урбана опрема и осветлување, преку 10.000 цветни садници, 20 клупи за седење, детско катче, корпи за отпадоци,… За неговата изградба општината инвестираше околу 500.000 евра.„

Чудна некоја математика.

Иначе да не заборавиме да кажеме дека на отварањето беше собрана цело партиско раководство дури и гости од Струмица имаше. И нека има не викам да нема ова и онака за тие луѓе е историја , проект на деценијата , тоа е добро така но не е добро да се критикува кога некој ќе оди да сече лента на некое селско патче во некоја рурална средина зошто на некој луѓе сигурно тоа патче им е многу попресудно за егзистенцијата отколку оваа боемска улица. Но нејсе што и да прави градоначалникот на центар за мене е позитивно, зошто човек и најголемата глупост кога ја прави нешто работи место постојано да се плаче и да се жали по медиуми.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 18-Sep-2014 at 09:34
(ГАЛЕРИЈА) ОТВОРАЊЕ НА БОЕМСКАТА УЛИЦА


повеќе слики на линкот:
http://fokus.mk/galerija-otvoran-e-na-boemskata-ulitsa/
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 18-Sep-2014 at 10:29
daj boze pola od ulicive niz gradov da izgledaat vaka. da, odednas mnogu stana 450.000 a sekoj spomenik i fasada niz centar e nekolku milioni. super logika
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 18-Sep-2014 at 12:42
^ Ај прочитај се малку што напиша,зборуваш за споменици на луѓе кои умреле за да можеш ти слободно да плукаш по нив сега,а не за тротоарче со две кафани околу.

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 18-Sep-2014 at 12:49
Aj ти препрочитај малку. Никој не плука врз луѓето што умреле туку врз оние живите што крадат пари во форма на споменици.
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 18-Sep-2014 at 12:53
За тоа кажано е 1000 пати,се знае дека тешка пара се пере.

Само проблемот е што таквите ко вас не признаваат кога вашите миленици го прават истото,таму кај што уште се на власт.

Edited by Lerin - 18-Sep-2014 at 12:53
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 18-Sep-2014 at 13:12
Јас миленик во политика немам. Од око, ова и за мене се многу пари, ама сакав прво да поминам по уличкава па после да искоментирам.
А ти, кај тебе е барем јасно. Прва прилика и одма го исплука проектов (како и сите други кои не се од твоите „миленици“).
Чернобил? ЊТФ? На која основа наоѓаш споредба со уличкава и нуклеарната централа?
Ресторани? Ресторани се за свадби и деловни ручеци. За боемштина - гостилници (биртии, кафани) се автентичен амбиент.


Edited by fichot - 18-Sep-2014 at 13:14
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 18-Sep-2014 at 13:15
fichot ne se maci... gledas deka covekov e otruen so politika i toj otrov saka da go prenese na forumov. ne e ni cudo sto sekoj vtor post mu e izbrisan
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.