build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 21-Sep-2014 at 00:02
Originally posted by one1

@N23 не бладај со коментарот погоре Прилеп е една од најголемите коњушари не на Балканот туку во светот. Градоначалникот седи по кафана и има задача еднаш годишно да се слика со некоја српска пејачка за време на Пивофест во лето. Прилеп е град што нема развој и тоа што го има е од времето на Тито.
претпоставувам N23 збореше за тоа како се уредени главните репрезентативни пешачки зони, и за тоа се согласувам со него
инаку реално гледано, Прилеп е ист како Скопје, плоштадот уреден, а околината крш, а градоначалникот си кулира Smile
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 21-Sep-2014 at 02:20
Originally posted by one1

@N23 не бладај со коментарот погоре Прилеп е една од најголемите коњушари не на Балканот туку во светот. Градоначалникот седи по кафана и има задача еднаш годишно да се слика со некоја српска пејачка за време на Пивофест во лето. Прилеп е град што нема развој и тоа што го има е од времето на Тито.


Јас зборам за централното подрачје, тоа го напишав и погоре. Не знам зошто никој не чита целосно како што е напишано...
Од друга страна, Прилеп од заостанато село, сега слободно може да се носи со некои скопски општини во поглед на УРБАНИ КАТЧИЊА. Не говорев ниту за развој на градот во поглед на инвестиции, покачени плати, подобар стандард и сл. Говорам за центарот за кој сите мора да признаеме дека ликот му е изменет 180 степени во однос на десетина години. Летово поминав низ Прилеп со кола и евидентно е дека има делови каде сеуште нема асални тротоари, улици со дупки, али генерално впечатокот е позитивен, особено ако се спореди со градови како Битола, Куманово или Велес, каде една лопата не се флри у задњиве неколку години. Прилеп како за почеток го гради она што граѓаните го бараат, паркови и урбани површини за денски и вечерни прошетки. На такви финти градоначалниот на Аеродром убедливо тепаше задњите избори, зашто пензионерите, семејствата со мали деца и останатите граѓани кои не се отруени со политика бараа паркови и зеленила, тоа и го добиваја (иако јас не се согласувам дека само со тоа треба да се задоволат, али тоа е нивна работа).
23ka.wordpress.com
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 933
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 21-Sep-2014 at 13:07


Добро кажано, исто така и би напоменал за луѓе кои и го немаат посетено Прилеп, сепак за градот се слуша најмногу (по добро) од другите градови во Македонија, што значи дека нешто во градот постојано се случува, а инаку фала богу дека има работа и потреба за средување, каде нема потреба.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 21-Sep-2014 at 14:14
За економската состојба на еден град најмногу говори состојбата со општата потрошувачка по продавници и дуќани.Во Прилеп прометот буквално цвета и секој дуќанџија тоа го кажува
Back to Top
I.M. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote I.M. Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 21-Sep-2014 at 17:57
Kуманово за мал прст да можеше да му се фати на Прилеп ја задоволен ќе бев.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 22-Sep-2014 at 19:00
FB status na Andrej Zernovski, vo vrska so obvinuvanjata za Boemskata ulica:

ВИСТИНАТА И ФАКТИТЕ, НАСПРОТИ МАНИПУЛАЦИИТЕ

Последните денови се води вистинска хајка и се прават обиди во јавноста да се минимизира успешниот и широко прифатен проект „Боемска улица“, преку изнесување на паушални обвинувања и дезинформации.
Се споредува нешто што е неспоредливо. Еве што покажуваат официјалните бројки и податоци.
Вкупната површина на проектот е 2.700 метри квадратни, а во тоа е опфатено:
-потег на улица Ѓорги Пешков
-дел од тротоарите на улица Орце Николов на спојот со Пешков
-дел од улицата Мирослав Крлежа која е во зафршна фаза на доработка
-спој на улица Орце Николов со улицата Михаил Цоков
-целиот тротоар на улица Михаил Цоков спроти општината
Цената на целиот овој проект е 24 милиони денари. Површината само на улица Ѓорги Пешков (Боемска улица) е 1500м/2, и од вкупната цена, на тој потег се потрошени 14 милиони и 500 илјади денари.
Обидот да се дискредитира општината со неиздржани и нестручни споредби со улицата Никола Вапцаров, реконструирана во 2011 година, само ја покажува намерата на нарачателите на ваквите текстови дека наводно за двојно помала улица се потрошени двојно повеќе пари.
Огромна е разликата во квалитетот на материјалите: подлогата под плочките на Ѓорѓи Пешков е од бетонска полусува мешавина со цементно млеко, а на Вапцаров подлогата е од ризла. Завршниот слој на плочи е од природен гранит со дебелина од 5 сантиметри, тешки 25 килограми од плоча, кои чинат 4 800 од м2. На Никола Вапцаров плочите се од вештачки гранит со дебелина 3 см и тежина 8 килограми по плоча. Цената на метар квадратен е 1 500 денари. Во цената на плочите на Ѓорѓи Пешков е вклучена набавката транспортот и монтажата. Поплочувањето на коловозот на Ѓорѓи Пешков е со коцки од природен гранит со дебелина од 10 сантиметри, а на Никола Вапцаров е со обоен бехатон со дебелина од 5 сантиметри. Разликата во пазарната цена е пет пати поголема, а комплексноста на изведбата е неспоредливо потешка.
Наспроти дезинформациите дека наводно се ставени само плочки на мала уличка, вистината вели дека во цената се вклучени и:
-Комплетно нова атмосферска мрежа, бидејќи старата, која се посочува во написит,е беше недопустливо поврзана со фекалната, се излеваше создавајќи проблеми на жителите на улицата.
-Изработена е изолација на спојот на улицата со сите објекти
-Поставена е нова инсталација за улично осветлување со подземно спуштање на сите кабли од ЕВН и сите оператори
-Поставени се 15 гусани декоративни канделабри.
Доколку некој се заинтересираше можеше да ги добие вистинските параметри, а тоа е: целиот опфат на проектот Боемска улица е за 900 м2 поголем од улицата Никола Вапцаров.
На Никола Вапцаров беше изведено само одводнување на површинските води.
Од изнесеното, јасно може да се види разликата во квалитетот. По само 3 години 50 проценти од Никола Вапцаров е уништена, скршени се плочките и на некои места улицата е пропадната.
Доколку Никола Вапцаров беше правен со ист квалитет на материјали и иста квадратура како Ѓорѓи Пешков, цената ќе беше повеќе од 14 милиони и 500 илјади денари.
Наспроти паушалните, намерни и нарачани обвинувања, целата постапка беше јавна и транспарентна.
На 28.01.2014 транспарентно е објавена тендерска постапка на електронскиот систем за јавни набавки. На 18.02.204 имаше јавно отворање на трите пристигнати понуди од понудувачите: ДГ Бетон АД Скопје- 33. 671.953,57 денари, без ДДВ, Изградба Комерц ДООЕЛ Скопје- 23.949.505 денари, без ДДВ и Урбан Инвест ДОО Кавадарци- 24.836.633 денари, без ДДВ.
Избрана е најефтината понуда, ниту еден економски оператор не вложи жалба ниту на изборот, ниту на постапката за јавна набавка. На 27.03.2014 се склучи договор со фирмата Изградба Комерц ДООЕЛ Скопје.
Оваа набавка, како и сите останати, јавно се објавени на ВЕБ страната на општина Центар и според Законот на страната на Бирото за јавни набавки.
Набавките во Општина Центар, за разлика од набавките на други државни институции, се транспарентни.
Општината и понатаму останува отворена за сите барани информации, како и за сите ревизии и контроли.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 22-Sep-2014 at 21:18
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 22-Sep-2014 at 21:32
кога ќе се закаќат и едните и другите за еден сокак или за една чешма
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 23-Sep-2014 at 09:34
vremeto ke pokaze kakov e kvalitetot na plockite tuka, megutoa ako duri i za samo pola cena dobievme nesto kako ul. nikola vapcarov ili jadran skver(odete videte vo koja sostojba se samo posle 1-2 god.) togas ne fala.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 23-Sep-2014 at 10:57

Улиците изгледаа феноменално, цел проблем е што никој не се помачи да ги пази од несовесни идиоти. Значи плочките ќе беа океј уште 10 години ако на нив газеа луѓе, а не Q7-ци, Χ6-ки и Cayenne-и.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 23-Sep-2014 at 11:06
eve i po boemska gazi sve i svasta, ako se iskrshat ke mi bide milo, bidejki ako nekoj frlil pola milion evra na niv mozel da frli use 200 da gi zastiti od koli
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 23-Sep-2014 at 11:32
Originally posted by xnx

eve i po boemska gazi sve i svasta, ako se iskrshat ke mi bide milo, bidejki ako nekoj frlil pola milion evra na niv mozel da frli use 200 da gi zastiti od koli


Ми се допаѓа како размислуваш
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 23-Sep-2014 at 12:14
Originally posted by jyvation

Фонтаната на плоштад "Македонија"


mkd.mk


Претпоставувам дека се работи за истата ситна коцка.
Еве како се поставува и како сето тоа изгледа во Прага.



Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 26-Sep-2014 at 22:02
На улиците во Мал Ринг требаше да има подебели плочки, не е проблемот во колите. Не може во градовиве низ Европа комбинации од плочки и коцки по кои се движат возила да траат со години, а кај нас да треба ги пазиме како стаклени да се. И тоа не е проблем само со Тодоровиќ, 90% од пешачките површини се прават фушерајски. Се надевам Жерновски се решил на квалитет наместо квантитет.

Инаку, боемската е супер (освен клупите), али општината треба под итно да ги санира Орце Николов и Ленинова. Некои делови се во катастрофална состојба.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 27-Sep-2014 at 00:19
Мислам дека треба да имаме една тема за плоштад Македонија. Реконструкцијата која му се случува е доволно обемна за да заслужи и овој плоштад своја нишка.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 27-Sep-2014 at 10:10
и јас сум го спомнал ова.имаме топици за секакви паланки,а немаме за главниот плоштад во земјава
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 10-Oct-2014 at 10:46
Пешачка патека со излез зад „Исарот“ во Штип



Град како Штип, до сега не можеше да се пофали со пешачка патека. Единствена локација за таква работа беше месноста Суитлак, но таму во суштина и нема патека за таа намена, туку пат кој поминува низ населбата и голема паркова површина и шума.
На почетокот на оваа година, локалната самоуправа започна со амбициозен проект. Пробивање на пешачка патека зад градскиот Исар, кој верувале или не, и за средовечни штипјани до сега бил тајна.



Локацијата беше запуштена, обрасната во голема вегетација, а таму своевремено во стари запуштени бараки беа сместени неколку ромски семејства. Надоаѓањето на реката Брегалница во февруари лани, со зголеменото ниво на вода ги поплави објектите. Луѓето беа присилени да се отселат. Откако беше најдена привремена локација за нивен престој, општината презеде акција. Тешка механизација беше донесена и започна уривањето на дотраените објекти и пробивањето на патеката. Полесниот дел беше од камениот мост или Емир Ќучук Султановиот мост до свиокот на реката спроти Исарот. Потешкиот дел беше зад големиот карпест рид, кој бараше повеќе време и внимание.
За три месеци патеката беше пробиена, по што следеше поставување на бехатон плочки во должина од околу два километри. Потоа беше електрифицирана патеката со електрични столбови и на крајот поставување на клупи и рекреативни елементи. Зад самата тврдина, утврдена е проширена локација за одмор, веднаш каде што се наоѓа влезот или тунелот до површината на врвот на Исарот. Оваа локација е направена како атракција за посетителите, од кои голем дел беа слушнале, но не ја виделе до сега.



Иако работата изгледа лесна, сепак не беше така. И работата не е завршена. Планот е да се уредат уште шест километри од патеката. Во долниот дел, сегашната патека ќе се спои со онаа што се прави кон Ново Село до бањата Кежовица, а во горниот дел до месноста Караорман. Овој потег е предвидено да се користи и за спортски активности, за кајак на мирни води, со што целиот овој дел ќе заживее.



Ова лето немаше време, но постојат планови и за изградба на спортски терени, како и поставување на угостителски содржини во вид на шанкови и друго, со што во вечерните часови ќе има и повеќе од рекреација. Патеката е вистински хит за штипјани. Изминатите два месеци, летниот период, таа беше најспосетуваното место во градот. И млади и стари се тука. Посебно навечер. Сега патеката е предвидено и да се прошири со делница за велосипеди, бидејќи се покажа дека има потреба од такво нешто за велосипедистите. Севкупно кажано, и вакви минорни зафати можат да бидат вистински погодок.

http://www.porta3.mk/peshachka-pateka-so-izlez-zad-isarot-vo-shtip/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 14-Oct-2014 at 07:36
ФОТО ВЕСТ: Внимание! Кејот на Вардар – градилиште или шеталиште?

Именката „кеј“ во дигиталниот Речник на македонски јазик е објаснета како „соѕидан брег на регулирана река со шеталиште“. Во реалноста, Кејот на реката Вардар денеска претставува најпрво паркиралиште, потоа сообраќајница, место за фрлање ѓубре и окупиран простор од бројните кафулиња и ресторани. Суштинската функција на просторот – шеталиште за граѓаните не важи за овој дел од централното градско подрачје. Една прошетка по Кејот „13 Ноември“ е доволна за да се забележат дупките и уништените плочки на шеталиштето, расфрленото ѓубре, украдените канти за отпадоци, уништените клупи, распосланите маси и столчиња на сите страни, и се разбира, задолжителните тараби за оградување на градилиштето што го нема.

Најголем проблем за минувачите претставуваат непрописно паркираните возила долж целиот кеј, како и надземната улица која го поврзува паркингот на зградата на Телеком со мостот „Слобода“. Од секојдневното движење на автомобилите, целосно е уништена поплочената површина, која не успеа да издржи ниту една деценија од претходната темелна реконструкција на целокупниот простор. Од најавената изградба на надземната улица долж кејот засега нема ништо, додека за санационен зафат на шеталиштето ќе треба да се чека на завршување на градежните работи на објектите од проектот „Скопје 2014“.

Градот Скопје и Општината Центар си ја префрлаат одговорноста едни на други за актуелната состојба во која се наоѓа Кејот „13 Ноември“. Од Општина Центар за „Билд“ велат дека целиот овој потег од централното градско подрачје е во надлежност на Градот Скопје, од каде што треба да се бараат информации за состојбата во која се наоѓа просторот. Градската власт пак напоменува дека Кејот на Вардар ќе се реконструира од двете страни по завршувањето на градежните активности кои се одвиваат во моментов.

И покрај ваквата најава, од Градот Скопје се оградуваат за уредувањето на некои делови од шеталиштето. „Што се однесува до времената сообраќајница и урбаната опрема, која е поставена на пешачкиот дел, тоа не е во надлежност на Град Скопје“, истакнуваат од Секторот за поддршка на градоначалникот. И додека вината за девастираниот простор се префрла од една на друга институција, останува на граѓаните да внимаваат како се движат долж Кејот на реката Вардар.

Текст: Бојан Блажевски
Фото: Бојан Блажевски































http://www.build.mk/?p=39592
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 14-Oct-2014 at 10:51
Време е, целиот кеј да добие еден сосем нив лик, а не денеска велосипедска патека, утре некоје цвеќе. Се надевам дека сервисната улица ќе се бриши од кејот и штом че завершат со градилиштето да почнат се од ново. Секој ќе има мерак, гарантирам!
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 14-Oct-2014 at 15:59
Кејот е ваков со години. Од место за излегување и прошетка, стана дива квази улица која изгледа вакак како што изгледа. Рампата најчесто е расипана, така да кој сака може да вози со кола по кејот. Брука за градот. Плочите и на новите мостови се исто така веќе искршени.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.