build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 17-Oct-2014 at 14:00
Почна уредувањето на еко патека кај Гевгелија



На Вардарски рид кај Гевгелија денеска почна уредувањето на еко патеката, која е дел од проектот за промоција на одржлив туризам и заштита на животната средина, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија.
Еко патеката ќе биде долга 615 метри и ќе се протега од јужната страна на ридот преку нагорна линија кон исток каде што ќе се дели на два правци од кои едниот ќе води кон местото на поранешниот споменик, а другиот кон археолошките ископини.

- Со реализацијата на овој проект се создаваат можности за туристичко отворање на овој значаен локалитет. Тука се пронајдени вредни градби кои потекнуваат од старомакедонскиот град Гортинија, а урбанизирањето на локалитетот ќе овожможи значајното културно наследство да го доближиме до туристите, кои истовремено ќе се запознаваат и со природните реткости на ова поднебје, преку информативните табли, што ќе бидат поставени долж патеката со целокупната урбана опрема, изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.

За реализација на проектот се одобрени околу 174.000 евра од кои дел ќе бидат искористени за изработка на каталог за локалната флора и фауна, брошури за заштита на животната средина и еко туризмот и за отворање прекуграничен веб сајт.

http://lider.mk/2014/10/17/pocna-ureduvanjeto-na-eko-pateka-kaj-gevgelija/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12955
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 18-Oct-2014 at 17:26
Новата фонтана на плоштад Македонија, Скопје:









http://www.mkd.mk/galerii/pochna-izgradbata-na-novata-fontana-na-ploshtadot-makedonija-0#11
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7313
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 18-Oct-2014 at 22:09
не ми е јасно зошто го затврорија целиот плоштад за изградба на фонтанава, која зафаќа 10% од градилиштето... за плочникот мислам дека не им требаат ни тараби, затоа што нема некоја тешка машинерија и материјали, од кои треба да бидат заштитени минувачите, а дури и да им требаа, можеа да го изведат дел по дел, со тоа што постепено би се затварале делови од плоштадот и би се пренасочувале пешаците

вакви проекти, како промената на фасади кои попречуваат движења на високо прометни места, се одвиваат брзо и во фази

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 18-Oct-2014 at 23:42
Скопјани добија побезбедни пешачки патеки

Патеката до самиот врв е целосно прегледна и обележана што дури и странец што првпат доаѓа на Водно ќе може многу лесно да се снајде и без проблем да стигне до крстот.



Планинарите ја уредуваа инфраструктурата на Водно

Планината што отсекогаш будела силни чувства кај скопјани, нудејќи им природно катче за прочистување на мозочните ќелии од работните обврски, кои честопати знаат да бидат стресни, сега им нуди дополнителна причина за освојување на нејзиниот врв. Пешачките патеки се реконструирани и сега се побезбеден начин да се стигне до крстот на врвот. Планинарите што учествуваа во обновата на патеките велат дека љубовта кон Водно секогаш ќе ги држи будни и нема да дозволат уништување и запоставување на ова драгоцено парче зеленило за градот.

Да се запре ерозијата на земјата

Од самиот почеток на планината, па сѐ до Средно Водно, поставени се потпорни греди напреку земјените патеки, чија функција е да го заштитат земјиштето од свлекување и раскопување, а исто така се изградени скали на стрмните места, кои досега им одземаа многу енергија на планинарите. Федерацијата за планинарски спортови во Македонија, во соработка со инструктори за маркацисти од Планинарскиот сојуз на Словенија, организираше обука за стручно надградување маркацисти, односно луѓе што ги обележуваат и ги санираат планинските патеки. Во работните акции учествуваа и по неколку члена и од македонските планинарски друштва.
- Постојат повеќе патеки за да се освои врвот на Водно, а минатата недела беа маркирани и санирани пензионерската патека, која е порамна и наменета за постари лица, и стрмната патека, по која одат професионалните планинари со поголема кондиција за да ги издржат стрмнините - велат од планинарското друштво „Китка“ од Скопје.
Тие додаваат дека патеката до самиот врв е целосно прегледна и обележана што дури и странец што првпат доаѓа на планината ќе може многу лесно да се снајде и без проблем да стигне до крстот.

Ограничување на моторниот сообраќај

Сепак, на Водно сѐ уште постојат големи недостатоци, кои создаваат незадоволство кај посетителите, коментираат љубителите на планинарскиот спорт и велосипедизмот.
- Со оглед на популарноста на Водно како најблиско место за бегство од сообраќајниот метеж, патеките сега се добро одржувани и маркирани. Најголем проблем се ѓубрето што се остава од посетителите и недостигот на еколошка свест, а не може да се одбегне и метежот од автомобили, кои секој викенд ја загадуваат планината. Сметам дека градот би требало да ограничи моторниот сообраќај, освен за градскиот автобус што сообраќа до Средно Водно, бидејќи патеката е кратка и секој може да ја качи без да употребува автомобили - вели Елена Георгиевска, активна планинарка.
Исто така, за големи недостатоци зборуваат и љубителите на планинскиот велосипедизам, бидејќи нема обележано велосипедски патеки, па велосипедистите воопшто не се чувствуваат безбедно додека го искачуваат врвот по иста патека со автомобилите.

- Речиси секој викенд со пријателите го искачувам врвот на Водно со велосипед, но голем проблем е тоа што прегледноста е мала, улицата е тесна, а автомобилите поминуваат на половина метар од нас. Токму поради овој проблем во последно време сѐ почесто се случува да се рекреираме на Скопска Црна Гора или на ридот зад Волково, каде што не треба воопшто да се грижиме дали ќе бидеме удрени од некој автомобил - вели Благојче Петрушевски, зависник од планински велосипедизам.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101714171534&id=14&prilog=0&setIzdanie=23301
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 28-Oct-2014 at 16:58
Градскиот кеј ќе добие нов изглед
Вести | Охрид | 28.10.2014 14:09Посети : 938
Општина Охрид објави конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот „Македонија“, од градското пристаниште до каналот Студенчишта.Како што потенцираат од локалната самоуправа, со новиот изглед на овој дел од градот ќе се придонесе за подобра туристичка промоција на градот.



- Кејот сега е оплеменет со зеленило и вегетација и нуди убави места за одмор, прошетки, релаксација, рекреација и други содржини, но му недостасуваат квалитетни содржини , уредување и понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странски посетители. Изготвувачите се очекува да изработат квалитетно Идејно архитектонско решение, што ќе овозможи максимална функционалност, афтентичност и естетика, се наведува во конкурсот.

Во него се потенцира дека при реализација на новото решение треба да се користат современи материјали и просторот да биде исполнет со места за одмор, урбана опрема(корпи и фонтани), и дека треба посебно да се потенцира видикот на Охридското езеро и осветлувањето на кејот.

Идејните решенија треба се достават најдоцна до 09.12.2014 година по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид. Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски, правни и физички лица кои поседуваат соодветно овластување согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење. Оценувањето на трудовите ќе го врши тричлена жири комисија.

http://www.ohridnews.com/vesti/76442
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 29-Oct-2014 at 22:43
Општина Кривогаштани
http://patokazmagazin.com.mk/vesti/top-5/item/1008
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 07-Nov-2014 at 16:50
Штипскa Ласкавица доби мини плоштад и нова селска чешма
Извор : (ФОТО: 1мк.)

Пред утрешната прослава по повод 8-ми ноември, Денот на ослободувањето на Штип, селото Лесковица во петокот доби нов мини-плоштад и обновена селска чешма. Освен тоа, комплетно е уреден хортикултурно сиот простор околу плоштадот.

Проектот е дел од заложбите на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев и локалната самоуправа за инфраструктурно подобрување на условите за живот во руралните и селските средини. Инвестицијата чинеше 200.000 денари а средствата ги обезбеди општината,

„Ветив дека до крајот на мојот мандат нема да има село коешто ќе биде без локален пат. Лексовица е само еден дел од она што го правевеме изминатите година ипол, но и она што ќе го правиме во иднина. Пред извесно време ги асфалтиравме двете главни улици во селото, водоснабдувањето премина во рацете на Јавното претпријатие ’Исар’, а сега направивме и мал плоштад. Тоа е наш мал придонес за заживување на селата, за враќање на пензионерите на нивните огништа и секако надеж дека нивните деца и внуци еден ден ќе се вратат овде. Лесковица има богата историја и заслужува да се вложиме за да обезбедиме подобри услови за живот на луѓето тука. ваквата полицика на општината ќе продолжи, поддржана и од Владата на Македонија која инвестира во развојо на рурланите средини“, изјави Захариев.

Пуштањето на мини-плоштадот беше проследено со културно-уметничка програма а вредните домаќинки бројните гости ги пречекаа со домашни производи. Лесковица се наоѓа на патот кон Неготино, на околу дваесетина километри од Штип. Сличен мини-плоштад Захариев направи и во село Драгоево, а обнови и десетина селски чешми. Беа асфлатирани, исто така, и пристапни патишта до неколку села, како што се Горачино, Сарчиево, до брана Мантово, крак 1 и 2 до село Љуботен, делници од патот до село Пиперово а во план е асфалтирање и на патишта до селата Пухче, Калапетровци, Танатарци и др./крај/мф/др
http://makfax.com.mk/makedonija/regioni/stipska-laskavica-dobi-mini-plostad-i-nova-selska-cesma
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 08-Nov-2014 at 18:02
Нов парк во центарот на Велес

Во пресрет на Денот на Општината во Велес денес беше промовиран нов проект наменет за граѓаните - парк кој функционално и естетски ќе ги задоволи потребите на велешани



Новиот парк се наоѓа во дворното место на некогашниот офицерски дом, на левата страна од централната сообраќајна артерија, најфреквентната улица „Благој Ѓорев“. Овој дел на градот кој дефинитивно по изградбата на црквата Св. Кирил и Методиј и театарот е центарот на Велес е центарот на сите случувања, но и место што и географски се наоѓа во средината на градот...

http://www.kurir.mk/republika/opstini/177862-FOTO-Nov-park-vo-centarot-na-Veles

Edited by jyvation - 08-Nov-2014 at 18:03
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12955
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 10-Nov-2014 at 12:46
ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ЌЕ ДОБИЕ ПЛОШТАД ВО ШТИП

Градоначалникот Илчо Захариев јавно ја промовира информацијата за тоа дека плоштадот ќе се гради во населбата Ново село каде што е роден Александров

Штип - Тодор Александров наскоро ќе добие плоштад во Штип, поточно во урбаната населба Ново село каде што и е роден. Ова вест ја соопшти градоначалникот Илчо Захариев на свечената седница на Советот на општина Штип одржана по повод 8 ноември, Денот на ослободувањето на градот. Малиот плоштад ќе биде на местото на некогашниот стар јавор каде денес се гради и мала црква. Ова место од секогаш било простор на кој се собирале жителите на оваа населба на маалски муабети или дебати на разни теми.

За тоа дека Тодор Александров ќе добие улица, плоштад или дека по него ќе се именува некоја јавна институција, во Штип се шпекулира подолго од една година. Но, ова е првпат градоначалникот лично, и тоа на најголемиот празник на градот, јавно да ја промовира информацијата за тоа дека токму малиот плоштад во Ново село ќе го носи името на Тодор Александров.

Инаку, празничниот говор Захариев најмногу го посвети на сите добри работи шти ги направила локалната власт во изминатите 18 месеци, најавувајќи притоа многу нови проекти од значење за Градот и општината во целост. Во своето излагање Захариев посебно се осврна на урбаната заедница Ново село потенцирајќи дека локалната власт работела на средување на улиците и на заштитата на старата македонска архитектура, бидејќи населбата со своето историско значење тоа го заслужувала.

"Го разубавуваме и Ново село од кое настанал и градот Штип, и во кое од неодамна е сместен и новиот ректорат на Универзитетот "Гоце Делчев". Во оваа населба ги средуваме улиците, работиме и на заштита на старата македонска архитектура, а наскоро тука ќе биде уреден и новиот плоштад кој ќе го носи името на Тодор Александров", рече Захариев.

Инаку, во Ново село засилено се работи на обновата на куќата на Андонци која Министерството за култура ја откупи за да биде музеј на знаменити штипјани. Изборот на личностите кои ќе ја имаат честа да се најдат во овој музеј ќе го направат историчарите Виолета Ачковска, Никола Жежов и Зоран Тодоровски, а со оглед на периодот од кој ќе бидат опфатени знаменитите штипјани (1890 - 1935 година) најверојатно ќе биде опфатено времето на ВМРО. (И.Б.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=3DBC96F5736BD94DA0B7249DBFCBA1F3
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12955
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 11-Nov-2014 at 16:32
Се преуредува коцката во близина на Боемска улица во Центар (кај споменикот познат како „Јас и ти“). Веројатно брзо ќе се среди овој дел за да биде една (пешачка) целина со улицата.

DSC06245 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 12-Nov-2014 at 09:55
Originally posted by Џоле

Се преуредува коцката во близина на Боемска улица во Центар (кај споменикот познат како „Јас и ти“). Веројатно брзо ќе се среди овој дел за да биде една (пешачка) целина со улицата.


Ова го почнаа после аферата за Боемската улица.. истиот природен гранит, истите коцки.. и Жерновски самиот објасни дека проектот е надвор од таа квадратура што првично му ја беа пресметале 300е квадрат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 12-Nov-2014 at 11:43
jas ne primetiv deka imase nekakov zastoj pred i po aferata. ulicava si tece celo vreme i zafaka novi i novi delovi. ne znam kolku e povrzano so reakcija od aferata ili pa bio planirano vaka
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12955
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 17-Nov-2014 at 18:51
Ќе се санираат кејовите на Вардар после оштетувањата поради галиите и мостовите

Град Скопје ќе ја санира штетата на кејовите на Вардар во центарот на градот, кои се речиси уништени по бројните интервенции за изградба на галии, фонтани и мостови. Администрацијата на градоначалникот Коце Трајановски почнува со основен проект, според кој ќе се изврши реконструкција и одржување на партерното уредување на малото и големото корито. При тоа ќе биде опфатен делот од градската плажа на Камени мост до Мостот Слобода, кај новата зграда на Министерството за надворешни работи.

Кога проектот е во фаза на основен проект, не може да се предвиди колку ќе чини зафатот за враќање на кејот во старата состојба. Но очигледно е дека ќе се отвори многу работа, затоа што последниве години во речното корито се најдоа повеќе гломазни објекти кои го сменија личниот опис на реката. Два моста беа поставени еден до друг, со низа скулптури од двете страни. Само Мостот на цивилизациите и Мостот на уметноста се доволни за да се смени структурата на малото и големото корито.

Освен тоа беа всадени нови фонтани и споменици во малото корито, а во моментов во речното корито има три галии, кои во голема мера го сменија текот на реката и кои го оптеретија водостојот. Оној сплав спроти МНР е во напредна фаза на изградба, додека пред извесно време почна и изградбата на оној спроти Археолошки музеј.

Дополнително оптоварување на реката предизвикува и најновата насипана платформа за за изградба на Панорамското тркало. Подготовките за подигнувањето на нов мост, на кој ќе се најде Тркалото создадоа маса земја која зафаќа повеќе од половина од речното корито на Вардар.

http://plusinfo.mk/vest/4436/kje-se-saniraat-kejovite-na-vardar-posle-oshtetuvanjata-poradi-galiite-i-mostovite
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7313
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 17-Nov-2014 at 19:00
Previous
па фала боу ова воопшто не треба да биде поставено ни како прашање

само, дали новиот план на велосипедски патеки ќе го опфаќа и кејот? или како патека во центарот ќе стават уште една асфалтна шлаканица како таа под „Карпошово востание“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 18-Nov-2014 at 01:47
тие треба си го платат ова.Ќе прават профит на галиите,а градот ќе им го плаќа нередот

М.М.Е.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7313
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 18-Nov-2014 at 02:40
Originally posted by gjoko

тие треба си го платат ова.Ќе прават профит на галиите,а градот ќе им го плаќа нередот

М.М.Е.
градот и онака плати за најскапиот дел од изведбата на галиите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 18-Nov-2014 at 03:06
Све е ова добро, но не кажаа дали градот ќе го реши и паркирањето кое сега се практикува на кејот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12955
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 19-Nov-2014 at 10:21
Општина Охрид ќе го менува ликот на градските плоштади



Главниот плоштад „Св. Климент Охридски“ и малиот плоштад „Крушевска Република“ во Охрид наскоро ќе бидат подложени на темелна реконструкција – локалната самоуправа денес распиша два Конкурси за избор на идејно архитектонско решение за нивно партерно и за хортикултурно уредување. Во повиците се бараат авторски трудови што ќе понудат нова визија за обликување на јавниот простор спроти градското пристаниште и површината околу Стариот Чинар. Со реализацијата на овие два проекти ќе се видоизмени ликот на централното градско јадро. Архитектите треба да ги достават своите трудови до општина Охрид најдоцна до 22 декември.

За разлика од бројните конкурси во рамки на проектот „Скопје 2014“, охридската локална самоуправа ги објави членовите на жири комисијата: Зоран Рафтоски, Бранко Арнаудов и Горица Гаврилоска ќе определат кој од пристигнатите дела на архитектите ќе се изведе во реалноста. Авторот што ќе понуди најиздржано идејно решение ќе добие прва награда од 80.000 денари, второнаградениот труд ќе се вреднува со 25.000 денари, додека третата парична награда изнесува 20.000 денари. Идентична сума ќе се исплати на победничките решенија за главниот плоштад и за малиот плоштад во градот.

„Основно обележје на секој туристички град е одвивање на животот на Главниот плоштад, кој потоа се шири низ Чаршијата и понатака кон Кејот кој е на некој начин идентитет на градот Охрид и Охриѓани. Хортикултурното и партерното уредување на самиот плоштад ќе придонесе за создавање на Плоштад со градско амбиентален стил што ќе овозможи граѓаните и туристите да уживаат во прошетката“ се вели во повикот, со кој охридската локална самоуправа ги кани архитектите да учествуваат на двата Конкурса.

http://www.build.mk/?p=40837
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 19-Nov-2014 at 17:31
секој градоначалник сака да си стави свој печат(лик).исто како кучињата кога оставаат свои белези со ``урунирање врз бандери``
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 20-Nov-2014 at 14:41
Се уништија и сега ќе средувале. Мижи асан да ти баам.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.