build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 404142
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3746
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #821 Posted: 26-Dec-2016 at 15:21
Originally posted by Џоле

И во право бев во врска со Боемската улица... Еден ден по свеченото отворање.



Е затоа Џоле имаш посебен респект од мене и покрај тоа што не се согласуваме секогаш. Но знаеш да искритикуваш и знаеш да пофалиш нешто без разлика од кого е направено.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6943
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #822 Posted: 26-Dec-2016 at 16:52

get a room
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2170
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #823 Posted: 26-Dec-2016 at 17:24
Tреба да ја преименувате улицата во Ленинова 2. Тоа не се боеми, туку баби. Човек кој оди на штаки е способен да помине подолго растојание, отколку овој килав шљам кој сака да влезе со кола во кафанче.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2285
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #824 Posted: 28-Dec-2016 at 18:12
Може влагањето не им е проблем колку излагањето. :/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #825 Posted: 29-Dec-2016 at 11:04
Originally posted by Navigator

Каков аматер си на темата, подобро да си преќутеше. Па ти со цел памет зеде и го пресмета повратот на инвестицијата за боемската улица Прво, боемската улица, така реновирана не ги донесе тие ресторани и кафичи, туку тие беа таму и пред да се реновира. Така што, додадената вредност е нула. Второ, пробуваш да пресметаш некаков ДДВ, а не знаеш дека тој данок не го собира општината, која во овој случај е инвеститор. Дури и да беше, повторно, тој данок се генерираше и пред реновирањето на улицата. Исто и со бројот на вработените. Затоа, ако сеуште се мачиш да пресметаш поврат, да ти помогнам - не постои.


Не ти држи ни на тебе теоријата. Не навлегувам во дискусијата за ситната економија од типот на колку ДДВ ќе генерирале кафаните, но со ревитализација на одреден кварт, идејата е да се привлечат „поквалитетните социјални слоеви“, т.е. гентрификација, со што индиректно би се создале услови и за зголемување на генералната цена на недвижнините во одреден кварт, создавање на услови за развој на бизниси со поголема додадена вредност итн итн.

Всушност (ја ширам темата) еден од многуте лица на СК2014 е токму ова што го зборувам и тој проект е делумно успешен (плоштадот) а делумно контрапродуктивен (Музеј на Град Скопје) од оваа перспектива.

Да ја проширам темата уште повеќе, Водно е уништено на ниво на скапа фавела и сега е комплетно „дегентрифицирано“. Моментално се пропушта можност со Маџир маало. Итн итн...

Може да зборуваме повеќе на темава ако си расположен, можеби во некоја друга нишка.

Е сега да се вратам на Боемската улица. Незнам како ќе излезе „финалниот продукт“ во смисла кога ќе се поврзат сите улици во тој кварт кои се планирани да се „боемизираат“, но конкретниов зафат кој навидум изгледа ОК нема да ги постигне посакуваните ефекти бидејќи не се оди на порадикално решение да се забрани сообраќајот или да се постават хидраулични столпчиња на влезот во зоната со што пристап ќе имаат исклучиво луѓе кои живеат таму и за дотур на стока. Не ми е јасно зошто никаде во СК не се користат хидраулични столпчиња за ваква намена.

Самиот зафат е смешен и Општина Центар за жал ги нема научено квалитетните лекции од нивните политички опоненти, односно ефикасна реализација на проектите. Улицата е комплетно уредена од Орце Николов до Дебарца (точно 93 метри!!!! според Гоогле Мапс), додека остатанатите 120м до позади градежен факултет се делумно уредени, сеуште се валкани, штрчат раскопани старите канедлабри кои се чека да се отстранат и спојката со стариот коловоз е ужасен и раскопан. Значи не ми е јасно што отвараа со Ѕвонко Богдан кога проектов е се само не готов.




Edited by pbanks - 29-Dec-2016 at 11:06
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #826 Posted: 29-Dec-2016 at 13:07
Originally posted by pbanks



Originally posted by Navigator

Каков аматер си на темата, подобро да си преќутеше. Па ти со цел памет зеде и го пресмета повратот на инвестицијата за боемската улица Прво, боемската улица, така реновирана не ги донесе тие ресторани и кафичи, туку тие беа таму и пред да се реновира. Така што, додадената вредност е нула. Второ, пробуваш да пресметаш некаков ДДВ, а не знаеш дека тој данок не го собира општината, која во овој случај е инвеститор. Дури и да беше, повторно, тој данок се генерираше и пред реновирањето на улицата. Исто и со бројот на вработените. Затоа, ако сеуште се мачиш да пресметаш поврат, да ти помогнам - не постои.
Не ти држи ни на тебе теоријата. Не навлегувам во дискусијата за ситната економија од типот на колку ДДВ ќе генерирале кафаните, но со ревитализација на одреден кварт, идејата е да се привлечат „поквалитетните социјални слоеви“, т.е. гентрификација, со што индиректно би се создале услови и за зголемување на генералната цена на недвижнините во одреден кварт, создавање на услови за развој на бизниси со поголема додадена вредност итн итн. Всушност (ја ширам темата) еден од многуте лица на СК2014 е токму ова што го зборувам и тој проект е делумно успешен (плоштадот) а делумно контрапродуктивен (Музеј на Град Скопје) од оваа перспектива. Да ја проширам темата уште повеќе, Водно е уништено на ниво на скапа фавела и сега е комплетно „дегентрифицирано“. Моментално се пропушта можност со Маџир маало. Итн итн...Може да зборуваме повеќе на темава ако си расположен, можеби во некоја друга нишка. Е сега да се вратам на Боемската улица. Незнам како ќе излезе „финалниот продукт“ во смисла кога ќе се поврзат сите улици во тој кварт кои се планирани да се „боемизираат“, но конкретниов зафат кој навидум изгледа ОК нема да ги постигне посакуваните ефекти бидејќи не се оди на порадикално решение да се забрани сообраќајот или да се постават хидраулични столпчиња на влезот во зоната со што пристап ќе имаат исклучиво луѓе кои живеат таму и за дотур на стока. Не ми е јасно зошто никаде во СК не се користат хидраулични столпчиња за ваква намена. Самиот зафат е смешен и Општина Центар за жал ги нема научено квалитетните лекции од нивните политички опоненти, односно ефикасна реализација на проектите. Улицата е комплетно уредена од Орце Николов до Дебарца (точно 93 метри!!!! според Гоогле Мапс), додека остатанатите 120м до позади градежен факултет се делумно уредени, сеуште се валкани, штрчат раскопани старите канедлабри кои се чека да се отстранат и спојката со стариот коловоз е ужасен и раскопан. Значи не ми е јасно што отвараа со Ѕвонко Богдан кога проектов е се само не готов.
Не можеш да ми кажеш дека не ми држи теоријата и во истовреме дека не навлегуваш во диксусијата за исплатливоста, кога мојот коментар баш на тоа се однесува. И во право си, ја рашири темата бааги, а јас немав и немам намера да расправам за наводната визија на Жерновски или било кој друг градоначалник во државата, затоа што таква компонента во нивното делување немам препознаено. Градоначалниците кај нас може да бидат многу нешта, но ни е визионери.

Без оглед како се рашири полемиката, мојот коментар во основа беше дека проектот чини навистина многу, креира незначителна додадена вредност и не генерира средства назад кај директниот инвеститор. А во општество во кое секој еден проект се мери во болни и починати деца, верувам дека е не е грев да се искоментира за оправданоста на проектите и на Општина Центар, меѓудругото.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #827 Posted: 29-Dec-2016 at 19:14


Апсолутно можам, бидејќи исплатливост во јавен сектор не се гледа чисто низ перспектива „директни вложени пари/директни вратени пари“, најчесто контекстот е многу поширок.

На пример, ако се субвенционира греење на топлификација ќе се намалат трошоците во здравството бидејќи помалку луѓе ќе страдаат од респираторни болести. Или јавниот превоз кој скоро по дефиниција е загубар во сите озбилни градови го прави повратот на државата на многу други индиректни начини. Ете ти уште едно проширување на темата

Не ти реков да расправаш за наводната визија на Жерновски (секако дека Жерновски нема визија), идејата беше да расправаме за концепти како што би било нормално, ти си тој што се фати за Жерновски, ти си знаеш зошто.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 621
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #828 Posted: 30-Dec-2016 at 10:57
Би разговарал секогаш на тема инвестиции, јавни или приватни, тоа ми е меѓу омилените теми. Но кога ќе осетам дека соговорниот ми ги вади репликите од контекст ја губам желбата. Ако навистина мислиш дека сум се фатил само за Жерновски, те молам препрочитај:
Не можеш да ми кажеш дека не ми држи теоријата и во истовреме дека не навлегуваш во диксусијата за исплатливоста, кога мојот коментар баш на тоа се однесува. И во право си, ја рашири темата бааги, а јас немав и немам намера да расправам за наводната визија на Жерновски или било кој друг градоначалник во државата, затоа што таква компонента во нивното делување немам препознаено. Градоначалниците кај нас може да бидат многу нешта, но ни е визионери.
Без оглед како се рашири полемиката, мојот коментар во основа беше дека проектот чини навистина многу, креира незначителна додадена вредност и не генерира средства назад кај директниот инвеститор. А во општество во кое секој еден проект се мери во болни и починати деца, верувам дека е не е грев да се искоментира за оправданоста на проектите и на Општина Центар, меѓудругото.

Сега, ако се сложуваме дека кај Жерновски не се препознава вистинска градоначалничка визија и во исто време првиот дел од боемската улица не генерираше зголемен профит за ниту еден стејкхолдер, не го подобри функционирањето или вредноста на квартот, не го зголеми бројот на угостителски објекти и вработеноста, не ја зголеми сатисфакција за луѓето што живеат или ја посетуваат улицата, практично не постигна никакви позитивни ефекти, која е потребата од втор дел на улицата, кој патем чини и повеќе од првиот? Реторичко прашање, не се осеќај повикан да го одговориш.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #829 Posted: 30-Dec-2016 at 11:20


Губењето желба е заедничко. Но, ајде да продолжиме со дискусијата без Жерновски и без слични фори. Ајде да зборуваме за мислења и за концепции без да ја обремениме со локлано политичкиот контекст.

Јас мислам дека ширење на пешачки зони е нешто што е потребно за Скопје. Дебар маало е една од идеалните локации да се создаде ново пешачко јадро. Затоа и ме иритира концептот кој го турка Жерновски со некакви хибридни улици каде што сообраќајот е и понатаму е дозволен наместо истиот потполно да се искорени или да се сведе на апсолутен минимум. Сметам дека тоа е и дел од проблемот со првата боемска улица дополнето со фактот дека освен блискоста со паркот, атрактивноста на таа улица е никаква. Кога би се создал поголема пешачка зона а не 2 улички од по 100 метри неповрзани помеѓу себе и со нерегулиран сообраќај, односот на луѓето би се сменил и атрактивноста на реонот би пораснало а со тоа природно би се создале можности и за развој на бизниси, пред се услужни (под ова не подразбирам само кафани).


Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #830 Posted: 18-Jan-2017 at 09:01
За белио мермер и оградата кажавме дека се промашена инвестиција.
Ама 3 различни канделабри на неколку метри, надреализам.



Мора некој да се зеза со нас. А бе, му се купува нова кола на тој што ги прави, пишуваат една нула на крај повеќе и има и за него и за тој што ги доелува тендериве.

Edited by Bojan10 - 18-Jan-2017 at 09:05
Од чаламот си патиме!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10299
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #831 Posted: 10-Feb-2017 at 21:48
Фејсбук статус на Јорданка Ивановска-Јоци:

Бесплатно паркиралиште-Боемска, втор дел. Цена 710.000 евра. Дрвја-12.000 евра.
За два месеци, уништена урбана опрема, плочки, столпчиња, автомобили на сите страни, дамки од уље на мермерот.
На промоцијата на оваа улица беше кажано дека паркирањето ќе биде забрането. Но, не само што е слободно, туку е и бесплатно и нема никаков ред. Возила нема само уште на трансформаторите и по терасите на жителите.
Пешаците се граѓани од втор ред, ете јас денеска морав да внимавам на сообраќајот и шоферите, кои, шибаат по улицава како да била нивна приватна нива.
Не се обидувајте да поминете оттука со велосипед, ќе изгинете.
Улица без поента.
Ме интересира, зошто некој би платил 710.000 евра за 270 метри улица, цена која се плаќа обично за булевар, за нешто кое однапред се знае дека нема да функционира !?
Едноставно, можеше да се потрошат 100.000 евра за асфалт, практична ствар, а не за коцки кои ќе пропаднат од возилата и опрема која веќе е нефункционална.
Кој ќе седи на клупа, а под нос да му работи ауспух !?
Ќе го тагнам Жерновски Andrej Zernovski, пошто обично се лути ако немал шанса да објасни.
Повелете, објаснете.
П.С Секако ќе го повторувам постов со нови фотки, се додека овој хаос не се реши.
























За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #832 Posted: 10-Feb-2017 at 21:57
Жерновски коментирал дека ќе постават столпчиња долж целата улица, како и човек од ПОЦ. Ќе поминам за некое време да видам дали ќе нема коли.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10299
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #833 Posted: 17-Feb-2017 at 18:06
Охрид (ми се чини дека е покрај брегот)







извор: фејсбук страницата на Никола Бакрачески - градоначалник на Охрид
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 596
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #834 Posted: 17-Feb-2017 at 19:34


Да, Џоле, ова е продолжување на самото шеталиште кое се наоѓаше покрај брегот од пешачкиот мост кај каналот Студенчица, па кон плажите Бафало Бич, Кадмо, Куба Либре, со што е ова е најновото продолжување и дојдени се негде до 500 метри од Горица.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 404142

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.