build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4344454647 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #881 Posted: 01-Nov-2019 at 09:30
Еве и од мене една денешна+информативната табла



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #882 Posted: 12-Nov-2019 at 08:48
Еве една утринска

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #883 Posted: 15-Nov-2019 at 17:30

Очигледно оградите се веќе тргнати преостанато е веројатно уште садењето на дрвата...

-----------------------------------------------------------------
Утеха за црешите, се садат дрвја на просторот пред ГТЦ



Просторот пред ГТЦ кој се преуредува последниве недели, ги добива и првите садници на дрвја. Повеќе високоразвиени стебла се донесени на централниот дел од просторот каде веќе беа ископани дупките во кои ќе бидат насадени. Едно од дрвата веќе е засадено.

-Добро е што се прави ова во денов кога ги исекоа црешите. Барем мала компензација, прокоментира скопјанец кој помина покрај поставените садници.

Инаку, се привршува со уредувањето на делот од просторот кој е поблиску до ГТЦ и страничните дуќани, со што е овозможено поминувањето на пешаците. Сега се работи на вториот дел, каде ќе треба да се поврзе новонапшравениот простор со плоштадот „Македонија“. Проценка е дека градежните работи ќе завршат до крајот на месецот.

Познато е, планот предвидува да се уредат околу 5.000 квадратни метри со постанување на нови плочки, нова урбана опрема и садници. Уредување на просторот ќе чини половина милион евра.

За потсетување, утрово на улицата „Максим Горки“, од другата страна на плоштадот, беа исечени 14 јапонски цреши, за кои од општина Центар рекоа дека не се живи-односно исушени и дека наскоро ќе насадат нови такви садници.

https://skopskoeho.mk/uteha-za-tsreshite-se-sadat-drva-na-prostorot-pred-gtts/?fbclid=IwAR1H4TjrEUZow8BmCYkvLV3SHVkx5fHbZfjJkNW2IJBkZB3Wcxt5xdd7cvQ
Back to Top
velezoski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2019
Location: Kicevo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote velezoski Quote  Post ReplyReply #884 Posted: 15-Nov-2019 at 19:00
^Добро е што се прави ова во денов кога ги исекоа црешите. Барем мала компензација, прокоментира скопјанец кој помина покрај поставените садници.
Said no one ever...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 927
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #885 Posted: 16-Nov-2019 at 21:28
Уредување на просторот ќе чини половина милион евра

Разбирливо треба да се земе одредена провизија. Како просторов со пар стотина плочи и 18 дрвја чини толку
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #886 Posted: 07-Feb-2020 at 18:14
Плоштадот ќе се поплочи со три видови камен и ќе се засади дрворед костени



Како што одговорија градските власти, градежните активности биле ставени во мирување повеќе од еден месец поради одржување на „Винтерленд“ и поставување на новогодишната елка на овој простор, а сега тие продолжуваат во согласност со предвидената динамика. Овој простор беше претходно запуштен, а сега целосно ќе се осовремени и поплочи со три вида камења, а ќе бидат засадени и 22 дрвца костен



Градежните работи на реконструкцијата на плочникот пред ГТЦ до влезот на Градскиот плоштад од страната на Порта „Македонија“ деновиве продолжуваат, откако беа прекинати поради поставување на зимската населба „Винтерленд“ и новогодишната елка. На терен може да се забележи присуството на багерите кои го копаат асфалтот и го товараат на камиони.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вети дека до 13 ноември минатата година, дури 80 проценти од работите ќе бидат завршени и тој ќе биде пуштен во употреба. Од ПР Службата на Шилегов за ВЕЧЕР изјавија дека работите сега продолжуваат во согласност со предвидената динамика.

Инаку, работите на овој мини плоштад започнаа на крајот на септември, минатата година, а овој проект на прес-конференција беше презентиран пред медиумите и на јавноста. Овој простор беше претходно запуштен, а сега целосно ќе се осовремени и поплочи со три вида камења.

– Со овој проект ќе се уреди простор на површина од околу 5.000 квадратни метри. Тука, покрај нов плочник, составен од три различни вида камења, ќе бидат засадени 22 костени, ќе биде изведена патека за лицата со инвалидитет, а ќе биде поставена и соодветна урбана опрема со оптимален број клупи, корпи за отпадоци, осветлување и заштитни столбови – информираа од ПР Службата.

За реализацијата на овој проект од градскиот Буџет ќе се потрошат околу 33,2 милиони денари со вклучен ДДВ.

Шилегов на почетокот на градежните активности за уредување на овој дел, направи споредба, при што истакна дека големиот плоштад „Македонија“ е поплочен со плочки кои според него блескаат од сонцето, а тоа пречи, а пак есента и зимата при првиот дожд или снег тие се лизгаат, додека новиот модерен мал плоштад ќе биде поинаков. Тој тогаш информираше дека плочникот што тој ќе го прави ќе чини 104 евра по квадратен метар, додека плоштадот „Македонија“ чинел 195 евра по квадратен метар.

(А.П.) – Фото: Ѕ.П.    


https://www.vecer.press/плоштадот-ќе-се-поплочи-со-три-видови-к/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #887 Posted: 08-Feb-2020 at 11:27
За 4-5 години кога ќе пораснат костените може да се направи една туристичка промоција за најновата атракција во центарот на Скопје - берење костени. Ќе си набериш 300 грама (за поголема грамажа нормално ќе се аплицира еко данок), ќе ти ги испечат одма на плоштадот и ќе направиш селфи на инстаграм. #тазесобрано #тазепечено
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 224
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #888 Posted: 08-Feb-2020 at 15:40
Патентирајте ја идејата
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 927
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #889 Posted: 08-Feb-2020 at 21:55
Костени бе? Место да се нафрлува идејата за Скопје како град на липите, тие костени ќе саделе на главниот плоштад.

Плус да не го збориме сметот што ќе го создаваат.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4697
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #890 Posted: 09-Feb-2020 at 08:39
Пријателе, од липите нема да дочистат 6 месеци бидејќи прават многу повеќе ѓубре, а да не споменувам колку многу луѓе се алергични на нив.

За костените ќе кажам само дека кога ќе пораснат големи за 50-60 години, ќе почнат да им паѓаат на глава на луѓето. Е тоа не е многу забавно, особено со тие острите шилци на нив.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #891 Posted: 09-Feb-2020 at 08:55
^ You said it!
Секоја година 2 месеца сум затворен дома поради липите, дур живеев у Карпош тоа беше кошмар. Не е само до естетика...
ಠ_ಠ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #892 Posted: 16-Feb-2020 at 13:34
ПОЛА ГОДИНА ГРАД СКОПЈЕ ГО РЕНОВИРА ПЛОЧНИКОТ ПРЕД ГТЦ



Просторот кој од Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Портата води кон Плоштад Македонија пола година е раскопан, заради градежните работи се реновирање. Град Скопје во септември лани почна се уредување на овој дел, за како што кажа градоначалникот Петре Шилегов, да се смени ликот на централното градско подрачје.

На прес-конференцијата за почеток на градежните работи Шилегов кажа дека ќе биде готов до 13 ноември. Но, оттогаш поминаа речиси шест месеци, а плочникот сѐ уште не е готов. Уреден е само делот од влезот на ГТЦ до Плоштад, а делот кај Портата е раскопан и заграден со ограда.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека плочникот уште не е готов бидејќи поради „Винтерленд“ и новогодишната програма градежните работи биле стопирани.

„Оваа година, куќарките од новогодишната населба ги ставиме во делот пред ГТЦ оти знаевме дека ќе има голем број посетители на Плоштадот за новогодишната ноќ. Поради тоа, еден месец не се изведуваа градежни работи за овој проект. Се работи и наскоро и овој дел ќе биде уреден“, вели Шилегов.

Според проектот, наместо асфалт просторот ќе биде поплочен со плочки од три вида на површина од околу 5.000 квадратни метри. Ќе бидат засадени 22 костени, ќе биде изведена патека за лицата со инвалидитет, а ќе биде поставена и соодветна урбана опрема со оптимален број клупи, корпи за отпадоци, осветлување и заштитни столпчиња.

Реконструкцијата и уредувањето на просторот чини 530. 000 евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pola-godina-grad-skopje-go-renovira-plochnikot-pred-gtts/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #893 Posted: 17-Feb-2020 at 07:14
Се надевам дека кејот ќе биде нареден. Глетката е ЖАЛНА.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #894 Posted: 19-Feb-2020 at 17:23
Корзото во Ѓорче Петров(od fb)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #895 Posted: 29-Feb-2020 at 13:24
Во Ѓорче Петров привршуваат работите за корзото











Проектот на општината Ѓорче Петров за изградбата на пешачка зона во паркот и враќање на старото корзо е веќе во втората фаза, претходно се расчистуваше теренот, се отстрануваше калдрмата и бетонските елементи од тротоарите, а истовремено беше поставена подземна инсталација и се нивелираше земјиштето.

На просторот на поранешното корзо се гради и амфитеатар за културни и забавни настани, а шеталиштето веќе има дрвореди во кои се засадени 46 нови дрвца. Во делот кој што гравитира кон паркот започната е изградбата на двата предвидени павилјона со тераси и маси. Паралелно, еден дел од зелените површини се ревитализирани. Третата фаза од овој проект ќе се состои од поставување на уличните светилки, канделабри, клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња.
Проектот се реализира од страна на општината Ѓорче Петров со финансиска поддршка на Светска банка, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 21 милиони.

Непосредно до старо-новото корзо, службите на град Скопје конечно го рушат стариот руиниран објектот во кој беше сместена противпожарната бригада и оваа локација е предвидено да се уреди со зеленило.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/во-ѓорче-петров-привршуваат-работите/
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #896 Posted: 15-Mar-2020 at 21:35
Денешни од корзото во Ѓорче.






Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #897 Posted: 21-Mar-2020 at 13:21
Фотки по повод дезинфекцијата на плоштадот па еве може да се види дека веќе привршиле со градежните активности,очигледно има уште некои финеси во делот кон зградата на Пелагонија каде се гледаат уште палети со плочки...





https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #898 Posted: 13-Apr-2020 at 12:15
Тука уште стои оградено...не е баш финиширано









https://www.facebook.com/urbanizammk/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 927
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #899 Posted: 13-Apr-2020 at 12:46
Страшно, се фрлија пола милион евра за пар плочки и 10 дрвја и плус трае веќе пола година „зафатов“.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4697
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #900 Posted: 13-Apr-2020 at 13:02
Читав статија како и зошто не треба тактилните патеки за слепи лица да бидат во иста боја со останатите плочки. Генерално многу метрополи го прават тоа норади „естетски причини“, но овие патеки не се само за слепи лица со стап, туку и за лица со многу оштетен вид, кои сепак гледаат колку толку боја и би можеле да се ориентираат доколку патеките се дреч жолти како што нормално треба да бидат.

А за зафатот, мене ми се допаѓа иницијативата, но да се менуваат плочки на секои две години во тој 1 квадратен километар во Скопје не е фер кон останатите скопјани (а пред тоа кога беше со пари од Владата, не беше фер кон сите луѓе кои плаќаат данок во државава).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4344454647 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.