build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4647484950>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 442
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #941 Posted: 11-May-2020 at 18:56
А тој делот од плоштадот со црната плочка кога ќе се смени со белиот мозаик?

Знам дека не им се допаѓа мозаикот на владејачката партија, но вака плоштадот губи на целина. Добро би било да се дозаврши тој дел доколку постои можност, а не вака да изгледа како чир.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #942 Posted: 11-May-2020 at 19:30
















https://www.slobodenpecat.mk/gradskiot-ploshtad-vo-skopje-dobi-poinakov-izgled-foto/
За сè има вторпат
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #943 Posted: 11-May-2020 at 21:27
Екшли, ај лајк ит. Може некое дрвце да посадат у зеленилово.
ಠ_ಠ
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2074
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #944 Posted: 11-May-2020 at 21:42
Не е лошо, камо цел плоштад да беше вака.
ЛЕД се светилките?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #945 Posted: 12-May-2020 at 00:35
Originally posted by skopskodete

А тој делот од плоштадот со црната плочка кога ќе се смени со белиот мозаик?

Знам дека не им се допаѓа мозаикот на владејачката партија, но вака плоштадот губи на целина. Добро би било да се дозаврши тој дел доколку постои можност, а не вака да изгледа како чир.
плоштадот формираше целина со околните улици пред да го стават крајно непрактичниот мозаик, кој ај што кошташе пари, искрши коски и ослепе луѓе... иако во нормала не оправдувам по 1000 пат менување на едниот ист плоштад, овде крајно би го оправдал
па и кога е веќе тема на прашање тој простор со стариот плочник, зошто не го решиле дотичните што го ставија? не само овој, и околните улици не се добро поврзани со него

инаку, назад на тревников шо го ставија, на некои луѓе може им е убав на око, ама е крајно непрактичен, ова е исто како да има објект на сред толкав простор и драстично е стеснета улицата штио излегува од ГТЦ и не можеш да се движиш по дијагонала
пак ќе повторам, две и пол години го газиме просторот како јавен, сега им текна дека не смееме да го газиме или што?

Edited by zabegan - 12-May-2020 at 00:36
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #946 Posted: 12-May-2020 at 07:18
Originally posted by Macedonicus

Екшли, ај лајк ит. Може некое дрвце да посадат у зеленилово.

Не е баш паметно, пошто со прва промена на власта тука ќе се врати маркицата за зграда и ќе треба да го сечат.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 365
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #947 Posted: 12-May-2020 at 13:06
Originally posted by zabegan


инаку, назад на тревников шо го ставија, на некои луѓе може им е убав на око, ама е крајно непрактичен, ова е исто како да има објект на сред толкав простор и драстично е стеснета улицата штио излегува од ГТЦ и не можеш да се движиш по дијагонала
пак ќе повторам, две и пол години го газиме просторот како јавен, сега им текна дека не смееме да го газиме или што?


Секако дека не е исто со објект таму. Просторот пред ГТЦ, Лумикс и рестораните е доволно широк и може да се помине лесно од таму и успат ќе видиш дрва и нешто зелено. Сеа до кога ќе биде вака тоа е друго прашање.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5618
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #948 Posted: 13-May-2020 at 16:19
ШИЛЕГОВ: НАМЕСТО ДА ГРАДИМЕ ЗГРАДИ НА ПЛОШТАДОТ, НИЕ СОЗДАВАМЕ ЗЕЛЕНИЛО

Градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска го промовираа новиот плочник кој се наоѓа помеѓу влезот на ГТЦ и градскиот плоштад и претставува едно модерно урбано место каде што граѓаните на Скопје, но и сите посетители на градот, ќе сакаат почесто да поминуваат.

- Воведуваме нови стандарди во уредувањето на јавниот простор во Скопје. Овој простор пред само неколку месеци го препознававме како местото каде што на првиот посилен дожд се собираше вода на пропаднатиот асфалт која ни го ограничуваше движењето. Овој простор заедно со зелениот покрив на ГТЦ го претставуваат всушност новиот стандард за изгледот на јавниот простор во нашиот град и се вклопуваат еден во друг, со цел на нас и на граѓаните на целата држава им бидат простор на којшто може да поминат убави моменти. За реализацијата на овој проект од градскиот Буџет потрошени се околу 33 милиони денари со вклучен ДДВ – рече Шилегов.

Тој додаде дека тука е и местото каде што е родена Мајка Тереза која при посетата на Скопје во почетокот на 80-тите години, заедно со тогашниот скопско-призренски бискуп Јоаким Хербут и тогашниот градоначалник Методи Антов, засадиле 3 дрвја во малото паркче, кои се уште се таму.















https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5618
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #949 Posted: 13-May-2020 at 16:32
Градот не ја посадил тревата на плоштад, тоа го сториле анонимни граѓани

Просторот на плоштад Македонија каде требаше да никне објектот „Шпански скали“ и натаму ќе остане јавен простор, тврди градонаќалникот Петре Шилегов, а вели дека тревата е посадена од анонимни граѓани.

Оваа парцела, која до пред некој ден беше ископана и со земја, сега е убаво уреден тревник околу кој има пашачки патеки со клупи за седење и дрворед од 22 нови повеќегодишни дрвја, смета градоначалникот.

На површина од 5.000 квадратни метри и инвестиција од 33 милиони денари е уреден просторот во центарот на Скопје, на потегот од плоштадот кон влезот во Градскиот трговски центар.

– Градот немаше право да го затревни овој простор, туку тоа е направено од совесни граѓани кои сакаа да помогнат и да останат анонимни. Значи, Градот тука нема инвестирано јавни пари – рече Шилегов.

Тој додава дека нема да дозволи на оваа парцела која има приватен сопственик кој во 2012 година го купил земјиштето од државата во нелегална постапка и за која се води спор, да никне барокна 20-метарска висококатница која ќе го затвори плоштадот.

– Додека јас и градоначалникот на општина Центар сме на овие функции, нема да дозволиме јавниот простор да стане луда барокна градба. Скопје е единствениот град во светот каде плоштадот е продаден. Очекувам јавното обвинителство да си ја врши работата, а јас ќе ја водам оваа борба се додека оваа парцела не стане повторно јавен простор – нагласи Шилегов.

http://skopjeinfo.mk/gradot-ne-ja-posadil-trevata-na-ploshtad-toa-go-storile-anonimni-gragjani/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5618
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #950 Posted: 13-May-2020 at 16:33
СКОПЈЕ Е ЕДИНСТВЕН ГРАД ВО СВЕТОТ КАДЕ ПЛОШТАДОТ Е ПРОДАДЕН ДА СЕ ГРАДИ ЗГРАДА, ДОДЕКА СУМ ГРАДОНАЧАЛНИК ОВА ЌЕ БИДЕ ЈАВЕН ПРОСТОР, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ ЗА ТРЕВНИКОТ ПРЕД ГТЦ

Нема да дозволам овој дел кој секогаш граѓаните го користеле како јавен простор да стане 20-метарска барокна зграда, Скопје е единствен град во светот како што Плоштадот е продаден, рече градоначалникот Петре Шилегов за просторот кој ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година го продаде на албанската фирма „Амадеус груп“ за да се гради зграда.

Во рамките на проектот на Град Скопје за реновирање на плочникот од Градскиот трговски центар и Портата до Плоштад Македонија, дел од просторот не е уреден бидејќи Град Скопје не може да интервенира на приватен имот. Шилегов рече дека тревата која е насадена и саксиите со цвеќе и зеленило се инвестиција на совесни граѓани кои не сакале овој простор да остане дупка.

„Овој тревник зад мене, за жал, од власта на ВМРО-ДПМНЕ беше продаден на приватна фирма. На овој простор е предвидена 20-метарска зграда и со тоа улицата кај поранешната стоковна куќа ‘ НАМА‘да биде широка 3 метри. Додека сум јас градоначалник ќе се грижиме овој простор да остане јавен простор. Секогаш бил јавен простор, така се користел и нема зошто сега да не се користи“, рече Шилегов.

Шилегов кажа дека очекува врз основа на обвинението поднесено од Обвинителството, Кривичниот суд да ги осуди криминалците за нелегалната продажба и земјиштето повторно да стане државна сопственост и да се користи како јавен простор.

На новинарско прашање колку ќе биде оштетена државата и буџетот доколку се раскине договорот со оглед дека инвеститорот платил за земјиштето, Шилегов рече дека нема да биде оштетен никој бидејќи тие пари како што се уплатени во буџетот така ќе му се вратат на инвеститорот.

„Не гледам зошто мислите дека тоа што штитам јавен интерес е ароганција. Како биле уплатени средствата така ќе бидат вратени, тоа нема нас да нѐ чини. За мене приоритет е да го заштитам, а не да го продадам Плоштадот и ќе направам сѐ така да остане. Ќе си се осудат криминалците за нелегалната продажба и ќе се вратат парите кои биле уплатени од инвеститорот, тука не се оштетува буџетот“, рече Шилегов.

Парцелата од 1.046 квадратни метри власта на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година ја продаде на фирмата од Албанија „Амадеус груп“ за 1,5 милиони евра, да гради зграда со таканаречени Шпански скали.

За продажбата на државното земјиште за изградба на таканаречените Шпанските скали, Обвинителството за организиран криминал и корупција во декември лани поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште против 10 службени лица од Министерството, од Катастар, против нотар, поранешен заменик-правобранител и бизнисмени. Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за таканаречените Шпански скали, проект кој требаше да биде дел од „Скопје 2014“. Договорите за земјиштето биле дополнувани со анекси и покрај тоа што не биле исполнувани условите за тоа. Во обвинението се вели дека со своите дејствија обвинетите предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 2,6 милиони евра.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopje-e-edinstven-grad-vo-svetot-kade-ploshtadot-e-prodaden-da-se-gradi-zgrada-dodeka-sum-gradonachalnik-ova-ke-bide-javen-prostor-reche-shilegov-za-trevnikot-pred-gtts/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #951 Posted: 13-May-2020 at 18:11


Гледам дека Град Скопје веќе влегол во предизобрна кампања, така барем им звучат повеќето соопштенија деновиве.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2074
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #952 Posted: 13-May-2020 at 18:47
Идат избори
Во Кисела Вода огромен број дупки на улиците се санираат деновиве.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #953 Posted: 13-May-2020 at 22:12
Originally posted by stef4o

На површина од 5.000 квадратни метри и инвестиција од 33 милиони денари е уреден просторот во центарот на Скопје, на потегот од плоштадот кон влезот во Градскиот трговски центар.


Односно 538,000 евра народни пари за ова на сликава што се реновираше 8 месеци...


-А доколку беа сигурни дека на приватната парцела нема да никне објект немаше да го остават во состојба на ливада (со според соопштението донирана трева) и растителност во саксии

Edited by kiriOK - 13-May-2020 at 22:19
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5618
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #954 Posted: 14-May-2020 at 16:12
Гард Скопје ќе бара решение за пристап до спомен плочата на Мајка Тереза



Градот Скопје ќе бара решение за пристап до спомен плочата на Мајка Тереза, на плоштадот Македонија, по реакциите дека е непристојно граѓаните да газат во тревникот за да ѝ оддадат почит на светицата. Денеска Шилегов се сретна со првиот човек на Меморијалниот центар.

„Можеби ќе се прави привремен пристап додека не се решат имотно правните доноси, и дека нема да се дозволи да се гради ќе има жестоки реакции и од институциите“, вели Аријан Аслани, директор на Меморијалниот центар „Мајка Тереза“.

Парцелата на која сега има посадено трева е продадена пред 8 години на фирмата „Амадеус Груп“ од Албанија, која на ова место требаше да гради зграда и шпански скали. Асани вели дека веќе десет години реагираат.

„Од денеска ќе им се обратиме на дипломатскиот кор тука, но ќе реагираме и во Вашингтон, Брисел и Ватикан“, рече Скендер Асани директор на „Институтот за духовно и културно наследство на Албанците“.

Градоначалникот Шилегов ветува дека парцелата ќе ја врати на граѓаните, бидејќи земјиштето никогаш не било предадено во владение на „Амадеус Груп“

„Самиот факт дека јавното обвинителство, нашло елементи да поведе кривична постапка за кривична одговорност на 11 лица инволвирани, зборува дека продажбата била и сомнителна и зборува за фактот дека овде не треба да има зграда“, вели Шилегов.

Неофицијално „Амадеус груп“ најавува тужба против градот Скопје.

https://alsat-m.tv/mk/гард-скопје-ќе-бара-решение-за-пристап/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #955 Posted: 15-May-2020 at 00:42
Originally posted by FT

Originally posted by zabegan


инаку, назад на тревников шо го ставија, на некои луѓе може им е убав на око, ама е крајно непрактичен, ова е исто како да има објект на сред толкав простор и драстично е стеснета улицата штио излегува од ГТЦ и не можеш да се движиш по дијагонала
пак ќе повторам, две и пол години го газиме просторот како јавен, сега им текна дека не смееме да го газиме или што?


Секако дека не е исто со објект таму. Просторот пред ГТЦ, Лумикс и рестораните е доволно широк и може да се помине лесно од таму и успат ќе видиш дрва и нешто зелено. Сеа до кога ќе биде вака тоа е друго прашање.

се разбира дека е подобро отколку таму да има објект, ама физички, мораш да го заобиколуваш зеленилово исто како да има објект
нема никаква пешачка логика, и како и обично, пешацита на плоштадот традиционално ги оставаат да си вртат кругчиња околу препреки кои се наоѓаат на нивната природна линија на движење
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2074
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #956 Posted: 16-May-2020 at 18:01
Донатори на зелена трева од јавен интерес на приватен посед

Совесни граѓани решиле со донација да помогнат да се засади трева на просторот пред ГТЦ кој е во приватна сопственост и каде Град Скопје нема ингеренции да уредува, за да не остане „дупка“ после реконструкцијата на плочникот. Да личи!

И не само што биле совесни, туку сакале да останат и анонимни, па градоначалникот Шилегов не сакаше да обелодени ништо повеќе околу тоа. Но строго забрани на некој друг граѓанин да му проработи совеста, па да му текне тука да стави клупа или да направи патека или, што знам, дрво некое да засади врз тревата за да има и сенки на ливадата. Дури ни сопственикот не смее да си го огради имотот. Нека проба, па ќе види што ќе го снајде. Тоа е јавен простор и Шилегов нема да го дозволи тоа!

(...)

Време е да се „прочешлаат“ сите продажби на државно земјиште кое што е од јавен интерес кои се направени во изминатиот период, да се поништи што може и да се побара одговорност од сите што биле вклучени во тие зделки. Едноставно, не може дел од плоштад да биде приватен посед, ниту да се продаде маалски парк во Карпош, на пример. Недозволиво е!

(...)

slobodenpecat.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 365
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #957 Posted: 18-May-2020 at 18:04
Да имавме попаметни луѓе на власт кои ќе се грижеа за околината и државата, уште одамна најпрво покрај патот Кочани-Зрновци а потоа и околните села ќе се изградеше пешачко-велосипедска патека. Глетката е прекрасна и има многу луѓе со велосипеди по патот:





Edited by FT - 18-May-2020 at 18:06
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 442
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #958 Posted: 18-May-2020 at 19:12
Кај нас тие идеи се научна-фантастика...
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #959 Posted: 19-May-2020 at 10:04
Уште една „капитална инвестицја“ од „совесни граѓани“ на „приватен имот“ во „јавно користење“ од град Скопје.



Edited by JovanOdGjorche - 19-May-2020 at 10:05
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 99
  Quote David Quote  Post ReplyReply #960 Posted: 19-May-2020 at 11:29
Уште ова и фалеше на нивата...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4647484950>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.