build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 48495051>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7369
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #981 Posted: 19-Jul-2020 at 17:03

сите знаеме дека проблемот тука не е дотур на роба, туку копуци со пристап до автомобили...
дури и улицата да е комплетно пешачка повторно, секако ќе треба да се направи барем пристапно за возила на итни служби и меѓудругото, дотур на роба

најевтино и најлогично решение ми е површински ископ, кога веќе сме заглавиле со тоа дека ние сите граѓани на скопје сме виновни за тоа што зградата на Т-мобиле нема пристап до паркинг
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #982 Posted: 21-Jul-2020 at 15:55
По неколку децении, нови пешачки патеки на ул. „Коста Новаковиќ“!









https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #983 Posted: 24-Jul-2020 at 18:51
Еве една убава вест од Охрид, памтам дека порано ова беше обична улица, сега ја средиле, не сум 100% сигурен дека е само пешачка, но дефинитивно изгледа подобро.



извор: https://twitter.com/shopkarishte/status/1284038260512227328/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #984 Posted: 25-Jul-2020 at 17:41
интересно ко за во Село, па ни за таму, бар да изрезбале по еден ред на цнц од то летвите на жардињерите, нели ако претендираме Охрид да е препознатлив по Резбарење, може комотно и Канделабрите да ги премачкуваат со вештачка бисерна емулзија одвнатре, а би било тамам да сторат и Дрвени Тенди и Чадори со Бели Ленени Платна (а не ова маркетинг винилнава папазјада) и ете изворен штимунг за во Старио Дел од Градо ...
ултимејт би било да размислуваат како да спрострат и Вело Патеки, тука можеби в Среде еднонасочно, можеби само обележани во Жолта Боја, а во кој случај Клупиве би требало да одат странично, што би било и попаметно доколку се има во предвид дека тоа треба да е препознатлива воедначена визура за Урбана Опрема низ Старио Град ...
веројатно паметно ќе ет да сторат нешто и во врска со плочниците кои вака паверосани ни во Пештани не поминуваат ко неопходни, за жал и во Трпејца тоа е случај, а доколку сме умни, ко што не сме, не само во Старио Град в Охрид што би оделе со Камена Калдрма, тоа би го сториле за сите Градои кајнас, наместо да се тешиме дека вака ко сега од Туризам ќе ни се посреќит, макар плочникот бил и гранитен [1] О Оридски локално самоуправители зар не знаете дека Туристи Бараат Нешто Автентично, во случајов и од Обичен Камен Да Е Калдрма ќе биде поатрактивна него ова урбанинвест паверијадава!


Edited by Zelenikovo - 25-Jul-2020 at 17:42
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #985 Posted: 03-Aug-2020 at 10:46
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО РЕНОВИРА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, ДАЛИ СРЕДЕ ШЕТАЛИШТЕТО ЌЕ ИМА КАФУЛИЊА ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ

Кејот 13 Ноември во центарот на Скопје комплетно ќе се реновира. Град Скопје деновиве распиша тендер за избор на фирма која ќе врши партерно уредување на кејот, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до зградата на „Телеком“.

Според тендерската документација, предвидено е отстранување на старите и оштетени плочки, клупите, корпите за отпадоци, канделабрите, како и крајните жардинерите кои се еден вид ограда. Иста така, се бара да се изврши демонтажа на постоечките летни тераси на кафулињата кои се располани по речиси целата ширина на кејот и повеќе наликуваат на објекти отколку на летни тереси. Треба да се отстрани и киоскот кој беше поставен на кејот во времето на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на сувенири, но никогаш не проработи.

Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов објаснуваат дека урбаната опрема на кафулињата поставена на кејот мора да се отстрани за цела површина да се поплочи.

„Дали потоа ќе бидат вратени тераси на кафулињата во иста или во друга форма, дополнително ќе одлучиме“, велат од кабинетот на Шилегов.

Откако сите објекти, плочките и урбаната опрема ќе се отстранат, ќе се постават пет вида партерни плочки, 72 смарт клупи, жардинери, бетонски корпи за отпадоци, бетонски и електрични столпчиња и ќе се засадат јавори.

Со оглед на тоа дека низ кејот постојано се движат коли и камиони за дотур на стока, поради што плочникот е целосно искршен и пешаците нема кај да одат, се предвидува нов систем за регулирање на влезот. На влезот на кејот ќе се постават хидраулички столпчиња и уред кој ќе ги чита регистрациите на возилата кои ќе смеат да влезат. Дозволен ќе биде влез само за возилата на „Телеком“. Тоа значи дека кејот нема целосно да се ослободи од возила туку само ќе се намали нивниот број. Од Град Скопје велат дека после работното време на „Телеком“, односно попладне и навечер, воопшто нема да има движење и паркирани коли низ кејот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-ke-go-renovira-kej-13-noemvri-dali-srede-shetalishteto-ke-ima-kafulina-dopolnitelno-ke-se-odluchi/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #986 Posted: 05-Aug-2020 at 08:05
Мала фоторепортажа од пешачко-велосипедската патека што од Струга води до село Калишта. Пријатно сум изненаден, патеката поминува меѓу трски и ниви, освен градежен шут на едно-две места, во целата своја должина беше чиста. Забележав дека ја користат доста луѓе, за трчање, пешачење или возење велосипед.

Ова е малку пред Калишта, во правец кон Струга:





Кон Калишта:



Пак кон Струга:







Оди паралелно со патот:



Во еден дел близу Струга изгледа исто како велосипедската патека на кејот во скопски Карпош:





Edited by Џоле - 05-Aug-2020 at 08:06
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #987 Posted: 09-Sep-2020 at 12:12
Пристапните патеки во Тафталиџе на ул.Московска











https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2200
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #988 Posted: 10-Sep-2020 at 20:08
Фино делува во живо, ама пешачкиот простор од ГТЦ до Плоштад мора да се прошири.






Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #989 Posted: 26-Sep-2020 at 17:14
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО МЕНУВА ИСКРШЕНИОТ ПЛОЧНИК НА ПЛОШТАД ЈАДРАН, ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ И СМАРТ КЛУПИ









Општина Центар почна со градежни работи за менување на стариот и искршен плочник на мини плоштадот Јадран во строгиот центар на Скопје. Од Општината велат дека оштетените елементи како и дел од пристапните патеки кои водат кон Плоштадот Македонија и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, ќе бидат заменети и обновени со нови павер елементи.

На целиот простор се предвидува поставување смарт клупи и подигнување ново зеленило. Ќе бидат поставени три врсти зеленило и тоа високи садници, грмушки и зелени покривачи. Покрај хортикултурното уредување на овој потег, ќе биде заменет и системот за наводнување, во современ систем кој автоматски и континуирано ќе го наводнува и одржува новото поставено зеленило.

„Со реконструкцијата на овој дел сообраќајното решение нема да има измени, ќе се задржи постојниот пристап за возила на Пожарна, интервентни и дипломатски возила, како и за возилата на резидентните паркиралишта на ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар‘“, велат од Општина Центар.

Планирано е градежните активности да завршат за 2 месеци.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-go-menuva-iskrsheniot-plochnik-na-ploshtad-jadran-ke-se-postavat-i-smart-klupi/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 979
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #990 Posted: 26-Sep-2020 at 18:51
2 месеци ќе редат плочки
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #991 Posted: 01-Oct-2020 at 16:36
Низ Центар







од твитер
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #992 Posted: 01-Oct-2020 at 17:05
Плочкиве горе беа поставени негде 2015'та, исти има и колу мостот Гоце Делчев...некој да одговара како за 5 изгледаат како таму да биле 50 години?
Град,општина,надзор?
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #993 Posted: 01-Oct-2020 at 19:54
Koj bese gradonacalnik (Kradonacalnik) na opstina centar vo 2015?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #994 Posted: 09-Oct-2020 at 14:00
ШИЛЕГОВ: СЕ ОСЛОБОДУВААТ И УРЕДУВААТ НОВИ ЈАВНИ ПРОСТОРИ, СКВЕР ЈАДРАН ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЛИК
Уредувањето на Сквер Јадран, во центарот на градот, е во целосна согласност со тенденцијата на Град Скопје да ослободи и да уреди колку што е можно повеќе простор за пешаците и за велосипедистите, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на реконструкцијата на овој сквер. На денешната прес-конференција присуствуваа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателот на здружението „Гоу Грин“, Антонио Јовановски.
- Градот Скопје ја поддржува акцијата што ја презема Општина Центар, таа е во насока на она што и Градот Скопје го работи на подрачјето на Малиот ринг. Знаете како денес изгледа делот од плоштадот каде што порано на секој дожд се создаваше вирче и граѓаните не можеа да го користат, знаете како порано тротоарите кај „Тинекс“ беа користени за паркирање, облагороден е просторот пред Пошта, а во моментов се работи спроти Охридска банка. Централното градско подрачје треба да стане простор којшто ќе служи на потребите на граѓаните, а не на нивните автомобили – рече Шилегов.
Градоначалникот Богдановиќ денеска најави дека во текот на реконструкцијата на Сквер Јадран ќе се заменат бекатон-плочките и рабниците, ќе се постават нови клупи, корпи и корпи за селектирање на отпад, ново осветлување и нови дрвја со систем за наводнување.
- За првпат на територијата на Општина Центар и воопшто на територијата на цела држава, ќе бидат поставени паметни клупи на јавна површина од страна на здружението „Гоу Грин“. Новите паметни клупи ќе обезбедат бесплатен интернет и можност за полнење на мобилни телефони – најави Богдановиќ.
Со цел проектот што го реализира Општина Центар да биде поуспешен, обезбедена е и донација од Еврејската заедница за нов дрворед од јапонски цреши.
Антонио Јовановски објасни дека проектот „Еко иновативни зони“ по иницијатива на „Гоу грин“ наишол на целосна поддршка од Општина Центар и со поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој, успеале овој проект да стане реалност.











https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #995 Posted: 09-Oct-2020 at 14:15
Скверов беше реновиран пред нема 9 години...сега пак нов лик
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #996 Posted: 09-Oct-2020 at 16:22
Нова еко зона, нови паметни клупи и ново концептуално зеленило во Центар
Проектот „Еко иновативни зони за почист воздух“ по иницијатива на Гоу Грин наиде на потполна поддршка од страна на Општина Центар и со поддршка од Швајцарската агенција за развој, Министерството за локална самоуправа и Скопски плански регион, успеавме овој проект да стане реалност за граѓаните✔️
Со цел проектот да биде поуспешен, обезбедена е дополнителна донација од Фондот на холокаустот на Евреите од Северна Македонија, кои донираа средства и се погрижија улицата „Васил Главинов“ да добие комплетно нов дрворед од 20 дрва - Јапонски цреши.









https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7369
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #997 Posted: 10-Oct-2020 at 21:17
ај па здравје после 5 години пак нов Сквер Јадран да правиме
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 979
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #998 Posted: 11-Oct-2020 at 21:44
Пред некое време Богдановиќ најави, сега Шилегов, следно Заев
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #999 Posted: 15-Oct-2020 at 12:50
Ќе се издвојат 1.400.000 евра за уредување на кеј „13 Ноември“

Градот ќе издвои 88.652.221 денари или околу 1.400.000 евра за уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“, до Градскиот плоштад.

Како што информираат градските власти, со овој проект е предвидена реконструкција и менување на изгледот на пешачката патека, која е во катастрофална состојба и не е реконструирана повеќе декади.

-Со проектот се предвидуваат подготвителни работи (отстранување на постојниот партер, столбови од осветлување, дел од тераси и киосци…), земјени работи, поставување на нов партер со пет типови на плочки, ново остветлување, урбана опрема, жардиниери, хидраулични столпчиња, реконструкција на атмосферска, канализациона и водоводна мрежа и слично – одговорија од Градот.

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на прашање од новинари, какви активности ќе се преземат, со оглед на тоа што ќе се даде голема сума пари и зошто е неопходно да се реконструира Кејот „13 Ноември“, образложи дека целосно ќе се смени изгледот на пешачката патека на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до градскиот плоштад и ќе се преземе целосно ново уредување, со тоа што ќе биде целосно изваден партерот, ќе се постави нова опрема, а просторот хортикултурно ќе се уреди.

-Овој кеј не е уредуван повеќе од 25 години и ќе биде во полн сјај, онаков каков што скопјани заслужуваат – дециден е Шилегов.

Градежните работи ќе ги реализира Друштво за градежништво и градежно занаетчиски работи „Спектартермо“ ДОО Скопје.

Рокот на изведба е 120 дена, од почетокот на градежните работи.

https://www.vecer.press/ќе-се-издвојат-1-400-000-евра-за-уредување-на-к/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4747
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1000 Posted: 15-Oct-2020 at 13:38
Нека шибнат барем некаква пристојна патека со калдрма која ќе води кон подземната гаража на телеком, и да ја направат тесна за да не може да се паркираат возила на неа, и да стават пристојни метални столбчиња околу неа.



Edited by гитардемон - 15-Oct-2020 at 13:41
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 48495051>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.563 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.