build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 58>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 02-Jul-2009 at 15:10
Уште една бескрајна приказна, уште еден „грандиозен“ проект кој се влечка со години...

Wallbash

ДЕЛ ОД ГРАДСКИТЕ ПРОЕКТИ НИКАКО ДА ЗАЖИВЕАТ
Хидрауличните столбови останаа под земја

Хидрауличните столпчиња кои градот ги постави на повеќе локации околу плоштадот за да го спречи влезот на моторни возила во пешачката зона, се уште не функционираат. Ниту направата поставена на улицата кај сендвичарницата „Чичко Стоилко“, ниту онаа кај хотелот „Холидеј ин“ не проработи, иако се монтирани минатата година. Градските власти велат дека проблемот е кај компанијата „ЕВН Македонија“, која не ги приклучила столпчињата на електричната мрежа. - Врз основа на претходно извршени обврски кон ЕВН за енергетска согласност, ги инсталиравме заштитните хидраулични столпчиња на двете локации. Од неразјаснети причини, ЕВН се уште нема обезбедено енергетски услови за поврзување на столпчињата на електричната мрежа. Градот двапати исполнуваше обврски кон ЕВН за да ја добие енергетската согласност“ одговорија од Град Скопје, од каде што тврдат дека столпчињата ќе бидат ставени во функција штом ЕВН ќе си ја исполни обврската. Од компанијата велат дека градските власти не си ја завршиле работата до крај. - Тие не се готови на таа локација. Минатата година имале договор за одреден помал напон на електрична енергија и за тој платиле паушали, но потоа утврдиле дека тоа не им е доволно и побарале да им се овозможи поголем капацитет. Барањето било дадено само усно, а не е побарана нова енергетска согласност. Затоа не се приклучени. Инаку нам ни е во корист да добиеме уште еден корисник на мрежата кој ќе плаќа за услугата “ вели Ленче Карпузовска, портпаролка на компанијата „ЕВН Македонија“. Покрај овој сообраќаен проект, кој требаше да обезбеди ред во најтесното централно градско подрачје, со тоа што ќе се пропуштаат само возилата за дотур на стока до кафулињата од плоштадот и улицата Македонија, не заживеаја ни идејата со жолтите пречки поставени на булеварот Партизански одреди. Гумените ленти требаше да ја одвојат крајната десна лента од коловозот по која возат автобусите од останатите две ленти по кои треба да сообраќаат другите возила. Во практика се покажа дека ниту возилата, а автобусите, уште помалку, го почитуваат правилото, додека поголемиот дел од поставените пречки завршија искорнати. По два месеци откако ги прашавме одговорните во градот што ќе биде со жолтите ленти, тие повторно го дадоа истиот одговор, дека проектот е во фаза на евалуација и внимателно се преиспитуваат ефектите од неговата реализација.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1746&ArticleID=116925
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 18-Jul-2009 at 20:59
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 19-Jul-2009 at 03:50
Lsl што е ова? Некој неуспешен обид при правењето на патекиве да се направи рампа или некој сам си ја направил рампава?

Edited by La Linea - 19-Jul-2009 at 03:51
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 19-Jul-2009 at 04:56
Па тука некогаш имало скали! Сега доле има велосипедска патека, а горе е пешачката. На скалите никој не обрнал внимание дека всушност треба да ги поврзуваат двете патеки. а ова од страна на скалите што од симнување точаци, што од вода и резултатот е евидентен. А не кошта многу, со неколку вреши цемент може одлично да се санираат скалите и да се направи некоја тесна рампа за кога се симнуваш по скали да не го кршиш точакот или да се килавиш него едноставно да го лизгаш од страна по некоја минимално тесна рампа. Со максимум 100 евра (што е премногу) може да се санираат едни вакви скали!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 20-Jul-2009 at 02:11
Бутелчани се' уште чекаат плоштад

Граѓаните од општина Бутел и ова лето ќе останат без најавениот плоштад поради нерешениот имотно-правен спор за локацијата на која треба да се гради. Портпаролката Снежана Клинчарова вели дека спорот нема да биде решен пред крајот на оваа година.

- Се' уште не може да почне изградбата на плоштадот поради нерешениот имотно-правен спор. Наводните сопственици водат инает и со тоа се отежнува решавањето на спорот. Се надеваме дека до крајот на годинава ќе се реши овој проблем и дека наредната година општината Бутел ќе го добие планираниот плоштад - изјави портпаролката.

Плоштадот требаше да се гради во дворот на поранешното кино „Бутел“ во населбата Бутел 2. Покрај тоа беше планирано и поставување фонтана, украсни жардиниери како и целокупна урбана опрема. Во меѓувреме, овој простор стана дива депонија со нарасната трева од речиси еден метар и расфрлан отпад насекаде. Граѓаните негодуваат поради грдата слика, а се плашат и од пожари и од зарази.

- Редно е да се преземат мерки за чистење на овој дел од населбата - вели жител на Бутел 2.Од Општината најавуваат дека просторот набрзо ќе биде исчистен, а за тоа ќе се погрижат сезонските работници што беа ангажирани за чистење на сите делови од општината.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3FA9B69B5B8D7D44999E4426B4551150

42° 1'19.39"N 21°26'55.68"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 20-Jul-2009 at 15:27

Четворица градоначалници не успеаја да направат улица на славните

За кратко време на градоначалничката функција во Карпош се изнаредија Петров, Виларовски, Димиќ, па Јакимовски и секој одново го разгледуваше овој проект, па агенцијата „Априори“, којаги има правата занего, сега најавува соработка соопштината Центар

%20
Четири градоначалници на општината Карпош не успеаја за една година да ја изградат долгонајавуваната улицата на славните кај Драмскиот театар во населбата Карпош 2. Реализацијата на проектот никако не можеше да почне поради честите промени на градоначалничката функција. Само што ќе се придвижеа работите, општината добиваше нов прв човек, кој ги враќаше во почетокот.

Сево ова ги натера челниците на агенцијата „Априори комуникации Македонија“, која го спроведува проектот, веќе да не се обидуваат да го истуркаат во општината Карпош, туку да побараат локација во Центар или во некоја друга општина.

- Проектот за изградба на улицата на славните е наш и го имаме заштитено авторски. Таа ќе се гради, според нашите планови, од почетокот на наредната година. Дефинитивно нема да ја правиме во општината Карпош, како што беше најавено првично. Решивме да се гради во Центар, бидејќи таму има поатрактивни локации. Во септември треба да се сретнеме со градоначалникот Владимир Тодоровиќ за да се договориме за условите и за локацијата - вели Константин Икономов од „Априори комуникации“

Според првичната идеја, која поранешниот градоначалник Андреј Петров ја презентира уште во март 2008 година, улиците околу театарот требаше да се реконструираат и на нив да се поставуваат ѕвезди со отпечатоци од рацете на познатите и со нивните имиња и презимиња. Замислено беше да се поставуваат по четири ѕвезди годишно, две за живи и две за починати личности, а се опфаќаа повеќе категории, и тоа култура и уметност, спорт, наука и јавен живот. Кандидатите за ѕвезда ги номинира посебна комисија, а изборот го вршат граѓаните со гласање преку Интернет или на други начини, за потоа да се постават мермерните ѕвезди. Процените на Петров беа дека за целата работа ќе бидат потребни стотина илјади евра од општинскиот буџет.

Но првата пречка што се исправи пред оваа идеја беа парламентарните избори минатото лето. Петров беше кандидат за пратеник, па затоа не сакаше да прави поголеми зафати, за да не се сфатат како дел од неговата политичка кампања. Го одложи тоа за по изборите, но влезе во парламентот и неговото место во општината го зазеде Игнат Виларовски. Оттогаш сите тројца наследници на Петров, еден по друг, како што доаѓаа на функцијата, се воодушевуваа кога некој ќе им соопштеше дека постои таков проект. За сите идејата беше одлична и заслужуваше внимание, но никој немаше доволно време за да и се посвети.

Виларовски беше на чело на Карпош како заменик-градоначалник од јуни до септември минатата година. Кога слушна дека имало план да се прави улица на славните веднаш се заинтересира како да го забрза тоа, но во октомври советот го замени и го назначи Сашо Димиќ за в.д. градоначалник. Ниту Димиќ, кога ја зазеде функцијата, не знаеше за идејата, па кога слушна веднаш изјави дека е позитивна и дека такво нешто и е потребно на општината Карпош, па мора да се реализира најбрзо што може. Неговата прва најава беше февруари годинава, па потоа се одложи за по изборите. Сепак, како кандидат за градоначалник тој загуби на локалните избори во март и во општината се врати Стевчо Јакимовски. Тој разбра дека има план да се прави улица на славните пред десетина дена.

- За нас ова е нов момент. Овој проект заслужува внимание. Откако ќе ги разгледаме целосно идејата и можностите за нејзината реализација, дополнително ќе се изјасниме - велат од кабинетот на Јакимовски.

Но, според најавите од агенцијата „Априори“, најверојатно овој пат општинарите во Карпош залудно ќе ја преразгледуваат идејата четврти пат, ако тие се договорат со раководството во Центар.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72091028169&id=14&prilog=0&setIzdanie=21742
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 05-Aug-2009 at 13:59
 
ДОДЕКА ГРАДОТ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ХИДРАУЛИЧНИТЕ СТОЛ­ПЧИ­ЊА

Со кола преку плоштад, па на кафе

Градските власти со години најавуваат поставување нови столпчиња кај "Лумикс" и кај хотелот "Холидеј ин", но тие никако да бидат поставени

Град­ски­те власти никако да ги постават хидрауличните столпчиња на плош­тад Македонија кои речиси две години ги ветуваат, а со кои треба и фи­зич­ки да се спречи влез на автомобили во пешачката зона во строгиот цен­тар на Скопје. Додека целиот град ги чека овие фамозни столпчиња, скоп­ја­ни и понатаму непречено влегуваат на Плоштадот со коли, комбиња и со мотори, и по него возат како да е најфреквентна сообраќајница. Некои од нив колите ги паркираат до кафулињата и рестораните на Плоштадот и на улица Македонија, па пешачката зона, на која можат да се движат само во­зи­ла за доставување стока од 5 до 9 часот наутро, постои само на хартија.
Град­ски­те власти, како и многупати досега, ветуваат дека нивната ин­спек­ци­ја, заедно со сообраќајната полиција, со засилени акции ќе ги казни си­те возачи што со возила влегуваат на Плоштадот. Тие велат дека во тек е инсталирање на хидрауличните столпчиња, од кои едните треба да се на ули­ца­та 11 Октомври, на влезот на Плоштадот, кај објектот на "Лумикс", а дру­ги­те на кеј 13 Ноември, кај хотелот "Холидеј ин". Столпчињата ќе се спуш­та­ат само за возилата на кои им е дозволено да влезат на Плоштадот и на Кејот, и тоа само во периодот за дотур на стока.
"Стол­пчи­ња­та на Плоштад треба да се поврзат на струја и наскоро ќе го пуш­ти­ме во употреба. На Кејот имаме проблем да најдеме енергетска точ­ка за поврзување на столпчињата. Со нивното ставање во функција, ре­жи­мот за движење со посебни дозволи ќе даде подобри резултати, затоа што ќе може да минуваат само возилата кои имаат одобрение за тоа ", ве­лат од одделението за односи со јавност на Градот.
 
 
 
vest
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 22-Oct-2009 at 15:39
41°58'51.32"N 21°26'45.06"E
Нови пешачки патеки на ул. “Михаил Чаков”
22.10.2009

Општина Кисела Вода во рамките на своите тековни активности продлжува со акцијата за партерно уредување на јавните површини на нејзината територија. Во таа насока, се изградија пешачки патеки пред блокот станбени згради на улицата “Михаил Чаков” при што се поставија павер елементи во вкупна површина од 200 м2.
Градежните работи ги изведува фирмата “Урбан Инвест”, која со иста динамика на работа продолжува и во наредниот период. По продолжениот викенд, работата продолжува на улицата “Огњан Прица” бр. 22 и бр. 24, каде ќе се изградат 2 паркинга.





www.kiselavoda.gov.mk


Edited by lslcrew - 22-Oct-2009 at 15:40
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 28-Oct-2009 at 15:45
Roll%20eyes

„АПРИОРИ“ ЌЕ ГО ПОНУДИ ПРОЕКТОТ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
„Улица на славните“ се сели на Максим Горки?

Прилеп ќе добие улица на славните пред Скопје иако проектот во метрополата се најавува речиси две години. Таму веќе е поставен камен-темелник за изведба на улицата, а во Скопје неколку градоначалници по ред не успеаја да постават ниту една плочка за познатите личности. Идејата првично беше најавена во општина Карпош, а потоа сличен проект презентираше и агенцијата „Априори комуникации“. Карпош во последните две години смени дури четири градоначалници, кои одново го најавуваа проектот и никогаш не го реализираа. Константин Икономов, еден од директорите на „Априори комуникации“, вели дека наместо во Карпош, ќе се обидат идејата да ја спроведат во Центар затоа што таму било пологично да се изведе. Иако уште пред четири месеци тој најави дека ќе побараат соработка за улицата со градоначалникот Владимир Тодоровиќ, оттогаш нема ништо ново во врска со проектот. - Во најскоро време ќе се договориме да одржиме состанок со градоначалникот на Центар и да му ги презентираме сите детали за проектот „Улица на славните“. Досега бевме ангажирани со други обврски и затоа работите се пролонгираа, но проектот е активен и не сме се откажале од него. Знаците и ѕвездите кои ќе се поставуваат на улицата се авторски заштитени и напролет треба да почне реализацијата - вели Икономов. Тој додава дека и Министерството за култура било заинтересирано за проектот, но поради правни пречки не можеле да го изведат тие, па затоа предложиле инвеститори да бидат општините. „Улицата на славните“ не е новост ниту за општина Центар затоа што лани нејзиниот Совет усвои програма за култура во која се спомнуваше дека во основата на улицата Македонија ќе се вградат спомен-плочи на најистакнати македонски личности од областа на науката, уметноста и на културата. Според луѓето од „Априори“, оваа улица не одговара за проектот затоа што била преоптоварена, па затоа идејата ќе се пресели на Максим Горки, што, всушност, се совпаѓа со предизборното ветување на Тодоровиќ дека на истата локација ќе прави улица на уметноста. Од општините Карпош и Центар вчера не одговорија што се случува со најавените идеи за „Улица на славните“ и дали сегашните градоначалници воопшто планираат да ги спроведат. За овој долгонајавуван проект прв се огласи поранешниот градоначалник на Карпош, Андреј Петров, и го привлече вниманието на јавноста со најавата дека пред Драмскиот театар ќе се редат плочки со имињата на македонски музичари, актери, спортисти и други познати личности. Тогаш општинарите велеа дека веќе имаат изработен проект, кој го правеле нивните архитекти и бараат изведувач. Со заминувањето на Петров, згаснаа и сите информации за проектот. Советот на Центар, пак, најавуваше дека во изборот на славните што ќе добијат место на улицата Македонија предност ќе имаат починатите личности кои оставиле трага на ова поднебје. Свое место требаше да имаат актуелни познати македонски сликари, музичари, артисти, уметници. „Априори комуникации“ на својата презентација одржана лани ја најави „Улицата на славните“ како проект кој веќе е познат во многу градови во светот и има туристичко-едукативен карактер. Тие што би добиле своја ѕвезда на оваа улица, требаше да бидат од четири категории: уметност и култура, спорт, наука и личности што оставиле посебен впечаток кај луѓето. За тоа кој ќе добие ѕвезда на улицата, ќе одлучуваат граѓаните кои ќе гласаат за некој од номинираните од страна на независна комисија. Проектот би го финансирала заинтересираната општина, но дополнително средства ќе се обезбеделе и од спонзорства. 

Холивудска улица во Прилеп

Општина Прилеп го постави камен-темелникот за патеката на славните на празникот 11 Октомври. Според надлежните од Општината, тоа е втора фаза од арт-плоштадот, кој се прави во централното подрачје. Идејата и кај нив била стара, а инспирација нашле во холивудската улица на славните. Ќе се поставуваат плочи со имињата на луѓе кои го промовирале Прилеп, од различни временски периоди, живи и починати. Проектот е на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, а инвеститор е Општината, која ќе потроши 3,2 милиони денари.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1851&ArticleID=125158


Edited by Cloverstack - 28-Oct-2009 at 15:45
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 28-Oct-2009 at 16:24
Какви дебилни идеи се ова...а улиците и тротоарите за нас „неславните“!?
што кршиме нозе и коли секојдневно низ градов...тротоарот пред собрание (сред град) е со кратери како после војна, ама затоа мора ова да се напраи...морони сме, барем глупоста да е оригинални и невидена, ова се што се виде се преслика во Скопје, како Вегас е Скопје...само прљав и офуцан...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 31-Oct-2009 at 16:06
се што треба да се направи е да се доврши Максим Горки онака како што се почна, зошто со вакви непотребни работи повторно Bash
за се се согласувам со Dave Gahan
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 06-Nov-2009 at 04:39

Се реновираат варошките сокаци во Охрид

Нов лик наскоро ќе добијат уличките во стариот дел на Охрид. Во изминатиот месец интензивно се работеше на обновување на сокачињата кон улиците Кузман Капидан и Браќа Миладиновци, кои се во непосредна близина на Амфитеатарот.

Според најавите од локалната самоуправа, во наредниот период планирано е поплочување и на останатите оштетени патеки во стариот град.

- Реновирањата на уличките ќе ги подобрат условите за живеење за граѓаните од овој дел на градот. Исто така, ќе биде подобрена и сликата за стариот дел на Охрид, кој е многу често посетуван од туристите - велат од Општина Охрид.

Обновувањето на уличките е дел од проектот за изградба на пешачката патека за поврзување на населбите Варош и Кошишта, која беше отворена во септември. Средствата за овие активности се планирани во Општинскиот буџет за уредување на градежното земјиште.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F685BE558772AF469DCCF70C97751DFA
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 05-Jan-2010 at 18:05
Уште еден „грандиозен проект“ кој се завлечка со години. Нашите градски власти не се способни да инсталираат ни хидраулични столпчиња за заштита на плоштадот   Wallbash

а останатите служби не се способни ни да се справат со оние кои возат и се паркираат таму Wallbash

Плоштадот стана паркинг

Откако пред еден месец во ТЦ"Лумикс" се отвори диско-клубот "69", скопјани своите возила ги паркираат бук­вал­но на Плоштадот, веднаш до новогодишната ел­ка

Плош­та­дот Македонија секоја вечер е претворен во паркинг. Откако пред еден ме­сец во ТЦ"Лумикс" се отвори диско-клубот "69", скопјани своите возила ги пар­ки­ра­ат буквално на Плоштадот, веднаш до новогодишната елка. Блокирани со возила се и уличките околу трговскиот, односно делот кај ТЦ"Сити галери" и кај "Дел мет фу" каде што возилата се испаркирани пред излозите на дуќаните. Младите луѓе што из­ле­гу­ва­ат во диското, за да не плаќаат паркинг и да не одат пеш, автомобилите ги ос­та­ва­ат пред влезот на зградата.
Гра­ѓа­ни­те слободно можат да си паркираат на Плоштадот бидејќи влезот од улич­ка­та кај поранешно "Блу кафе" сe уште не е затворен со хидраулични столпчиња. Од Градот години наназад најавуваат дека ќе ги затворат двата влеза на Плош­та­дот со хидраулични столпчиња, но тоа никако да се случи. Скопјани слободно пар­ки­ра­ат и затоа што никаде ја нема ниту полицијата ниту пајак-службата.
"Цел месец откако е отворено диското, Плоштадот навечер изгледа како да има из­лож­ба на најнови модели на автомобили. Ниту еднаш досега дошла по­ли­ци­ја­ ниту пајакот подигнал некоја кола", велат скопјани.
Од ЈП"Градски паркинг" велат дека тие не можат сами да интервенираат туку мо­ра­ат прво да добијат налог од полицијата, па да излезат на терен. За нив најдобар на­чин да се реши проблемот со паркирањето во овој дел е да се постават хид­ра­у­лич­ни столпчиња.
Од Град Скопје, пак, велат дека тие веќе ги поставиле столпчињата, но сe уште не фун­кци­о­ни­ра­ат бидејќи чекале да поминат новогодишните празници.
"Хид­ра­у­лич­ни­те столпчиња ќе почнат да функционираат по божикните празници, од­нос­но од наредната недела. Откако ќе почнат да функционираат, колите ќе вле­гу­ва­ат само со помош на далечински управувачи со кои ќе се спуштаат стол­пчи­ња­та. Вакви апарати ќе им се поделат на полицијата, брза помош, на про­тив­по­жар­на­та бригада и на ЈП"Комунална хигиена", чии возила единствено можат да по­ми­ну­ва­ат по Плоштадот. Далечински управувачи ќе добијат и кафеанџиите и ду­ќан­џи­и­те, на кои им е дозволено од 5 до 9 часот наутро да вршат дотур на стока", велат од Град Скопје. (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=C642B78195FF174082FAC97C818943B7
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 08-Jan-2010 at 18:54
Дали некој слушнал за проширување на пешачката зона во насока од плоштад кон стара железничка, со премостување на улицата кај рекорд (односно нејзино вкопување во земја) и улиците кај старо кино Вардар и пред самата С. Железничка?

Мислам ова би било одлично да се спои еден појас од бит пазар-старачаршија-камени-плоштад(кеј)-улицамакедонија-старажелезничка-рамстор.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 08-Jan-2010 at 19:13
Originally posted by krale

Дали некој слушнал за проширување на пешачката зона во насока од плоштад кон стара железничка, со премостување на улицата кај рекорд (односно нејзино вкопување во земја) и улиците кај старо кино Вардар и пред самата С. Железничка?

Мислам ова би било одлично да се спои еден појас од бит пазар-старачаршија-камени-плоштад(кеј)-улицамакедонија-старажелезничка-рамстор.


мислам дека за оваа твоја идеја постои апсолутен консензус на форумов (со одредени варијации на тема можеби). Доста пати ја имаме дискутирано идејава, веројатно и поназад во оваа нишка, но за жал најави за вакво нешто нема.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 08-Jan-2010 at 23:56
Епа ние да пишуваме, од кај знаеш, може Грујо не чита вечерва...Ајде Грујо... копај копај...  Rock
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 15-Jan-2010 at 13:33
Проработеа столпчињата

Хидраулични столпчиња што треба да го контролираат влезот на возила на градскиот плоштад од вчера се поставени во близина на сендвичарницата „Чичко Стоилко“. Градот подолго време најавува дека ќе воведе контрола на сообраќајот во строгиот центар на Скопје, пред се за да го заштити плоштадот. Вакви столпчиња ќе има и пред влезот на кејот кај хотелот „Холидеј ин“, како и од улицата Македонија кон плоштадот.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1916&ArticleID=131257
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 09-Apr-2010 at 18:22
Еве и кај Холидеј Ин
ХИДРАУЛИЧНИТЕ СТОЛПЧИЊА НА КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ОД ВТОРНИК ВО ФУНКЦИЈА

Град Скопје ги известува граѓаните, дека од 13.04.2010 /вторник/ се воведува ограничен режим на сообраќај на Кеј 13 Ноември за сите моторни возила, во пeриодот од 02:00 до 10:00 часот.

Режимот на сообраќај ќе биде контролиран со активирање пневматско столпче што е поставено на Кеј 13 Ноември, до паркингот на хотелот Холидеј Ин. Столпчето за регулирање на режимот за сообраќај ќе биде активирано (подигнато) од 10:00 до 02:00 часот и во тој период сообраќајот за моторни возила ќе биде забранет.

Сите правни и физички лица коишто имаат добиено Одобрение од Град Скопје треба да се придржуваат до пропишаните услови во него, во спротивно ќе им биде одземено Одобрението.

Правните и физичките лица коишто немаат одобрение а имат потреба да се движат и да запираат по Кеј 13 Ноември треба да се обратат до Град Скопје - Секторот за Сообраќај и да почнат постапка за добивање одобрение.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3271&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 18-Apr-2010 at 22:51
Ќе се поправа гранитот на улицата Македонија



Неколку години по комплетната обнова, најрепрезентативната улица во центарот на Скопје, улицата Македонија, ќе се санира. Општина Центар распиша тендер за избор на фирма за санација и реконструкција на шеталиштето со гранитни плочки.

Според општинските власти, интервенцијата на улицата ќе значи замена на оштетените и искршените плочки, како и поставување нов гранит таму каде што нема.

- Со санацијата и реконструкцијата ќе биде опфатена целата улица Македонија, на потегот од плоштадот до Старата железничка станица. На целиот потег ќе се санира вкупна површина од стотина квадратни метри, односно на претходно подготвена подлога ќе се постават нови гранитни плочки. Санацијата се врши по претходно направена анализа од стручен тим од Општината - вели портпаролот на Центар, Јовица Ацковски.

Улицата Македонија неодамна беше раскопана поради поставување оптички кабел и камери за потребите на Министерството за внатрешни работи. Тогаш Општина Центар поим немаше кој и зошто го раскопува шеталиштето. Од Општината коментираа дека дозволата за копањето ја издало Министерството за транспорт и врски, но оттаму негираа.

Реконструкцијата на улицата Македонија почна пред осум години, во мандатот на поранешната градоначалничка Виолета Аларова. Градежните работи се одвиваа дел по дел и траеја повеќе години, а изведувач беше „Гранит“. (М.Д.Т.)
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 10-May-2010 at 02:33

Штиклите не одат по расклатени плочки

Кафеанџиите се жалат дека кога локалните власти сакаат публицитет, им ги уриваат терасите, а кога треба да ги сменат плочките, никаде ги нема

На некогаш атрактивниот Кеј 13 Ноември годинава има се' помалку шетачи, минувачи и гости што седнуваат во кафулињата на кафе. Неговата примамливост се намали откако пред една и пол година половина од шеталиштето беше претворено во улица, по која возат камиони и други тешки градежни машини за потребите на приватен инвеститор, кој гради објект на плоштадот. Се затвори погледот кон Камениот мост и реката Вардар, просторот за шетање и за седење се стесни, а бројот на приоди се намали откако од страната на плоштадот беше наместен импровизиран мост.

Граѓаните се жалат дека освен градилиштето, им пречи и тоа што плочникот кај кафулињата е многу оштетен, односно плочките се расклатени и искршени на многу места. Кафеанџиите, пак, се жалат дека проблем се и бучавата од камионите и правта што ја креваат, затоа што на тој дел од шеталиштето плочките се одамна извадени, а се вози по гола земја.

- Не можам да поверувам дека само пред една година пред нашите кафулиња беше метеж од дотерани девојки и момчиња, кои „се тепаа“ за празно место. Сега, особено девојките со високи потпетици не сакаат да минуваат оттука зашто им се оштетуваат од плочките. Одат каде што е рамно. Не знам зошто локалните власти не го гледаат проблемот со шеталиштето. Кога сакаат публицитет, ни ги уриваат терасите, а сега кога треба да ги сменат плочките, никаде ги нема. Најверојатно кога го правеле шеталиштето не инвестирале во квалитет, затоа и за краток период сите плочки се расклатија - вели еден менаџер на кафуле.

Од Град Скопје одговараат дека годинава немаат намера да инвестираат во шеталиштето.

- Во програмата за работа на Град Скопје за годинава не е предвидено реконструирање на партерот на кејот, затоа што се во тек градежни работи на дел од шеталиштето. Град Скопје, за да го спречи неовластеното влегување на возилата, постави хидраулични столпчиња и преку нив ќе може да се влегува само со посебно одобрение издадено од Град Скопје. Одобрението важи само за дотур на стока. Сообраќајната полиција е должна да ги казнува тие што ќе го злоупотребат одобрението или ќе возат по Кејот без дозвола - велат во одделението за односи со јавноста.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7DE5B1E9FD4E3E4A9229908652F06594
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 58>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.301 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.