build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 44>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 29-Apr-2013 at 01:47
Убо ова. Добра минималистичкава фонтана. Мислам помала копија на една незнам во кој град беше... Туку што се оние метални црвено-зелени?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 29-Apr-2013 at 10:04
Спајалици на по нашки, спојки на по македонски Онака, украс, успат и паркинг за точаци.

Ама зошто ставиле тука мал зелен простор навистина не ми е јасно, одма зграда да се насади и да се руши местово! Ене ви го Водно, доста ви е!

Edited by гитардемон - 29-Apr-2013 at 10:07
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 08-May-2013 at 22:16
Максим Горки


Edited by HugoGoulding - 08-May-2013 at 22:16
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 22-May-2013 at 13:19
Отворање на првиот археолошки парк во Скопје
21.05.2013 - 08:26:00





Културното наследство - ѕидана кнежевска гробница од 5 век пред новата ера, раритет во Македонија, особено во скопската околина, речиси е подготвено за презентација

Прв археолошки парк во земјава подготвуваат група ентузијасти, археолози и еколози, на десетина километри од центарот на Скопје, кај селото Бразда, на подножјето на Скопска Црна Гора. Малкумина знаат дека тука се крие ретко културно наследство - ѕидана кнежевска гробница од 5 век пред новата ера, раритет во Македонија, особено во скопската околина.

Паркоте официјално ќе биде отворен за употреба денес во 13 часот.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1330667316/otvoranje-na-prviot-arheoloski-park-vo-skopje



Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 22-May-2013 at 13:23

Еве ја подетално веста:


Свечено отварање на "Архео Парк Бразда"
16.05.2013.

Здружението Археологика има чест да Ве покани на свеченото отварање на првиот археолошки парк во Македонија.





Тимот на Археологика со месеци работеше овој уникатен споменик на културата, кој беше запуштен и недостапен за посетители, да прерасне во една нова културно - туристичка атракција во непосредна близина на Скопје.







Проектот “Архео Парк Бразда” беше реализиран од тимот на Археологика со поддршка на АД ЕЛЕМ од програмата за општествена одговорност. Како помагатели учествуваа и Музеј на Македонија, Зелената Арка, САЗ Аксиос, Македонски шуми, Image Plus, локалното население и др.



Архео Паркот се наоѓа во подножјето на Скопска Црна Гора, локалитет Градиште, с.Бразда, општина Чучер Сандево. Мапа



На отварањето ќе се обратат :

Радомир Ивановиќ – Здружение “Археологика”
Горан Санев – Музеј на Македонија

Се очекува присуство на претставници од АД ЕЛЕМ, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, Музеј на Македонија Музеј на град Скопје, Филозофскиот Факултет и др.

Настанот ќе се одржи на 21 мај 2013 година (Вторник) на археолошкиот локалитет Градиште с.Бразда (Владетелската гробница) со почеток во 13 часот.

Повеќе информации на www.archaeologica.org.mk

http://www.archaeologica.org.mk/mk/aktivnost.php?id=40

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1903
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 20-Jun-2013 at 09:40
Четврток, 20 Јуни 2013 09:27

По завршувањето на спортските содржини, конструкцијата на малото фудбалско игргалиште со вештачка трева и на новото кошаркарско иргалиште, општина Штип ја реализира втората фаза од уредувањето на спортско-парковиот комплекс во „Автокоманда“. 

stip3

Изминатите денови интензивно се работеше на оформување на парковите, поставување на украсни елементи и конструкција на патеки, додека деновиве ќе се работи на хортикултурно заокружување на комплексот.

Се оформува сигурносниот појас околу фудбалското игралиште со вештачка трева каде е конструиран камен потпорен ѕид, се уредува пешачката патека над игралиштето како и летниковецот со сите придружни содржини. 

stip2

За време на празничниот викенд вниманиетo ќе биде концентрирано на хортикултурно уредување на просторот, кој од обична и непристапна површина прерасна во модерен спортско-парков комплекс.

stip

http://www.kurir.mk/republika/opstini/120328-FOTO-Stip-sekojdnevno-se-razubavuva

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 25-Jul-2013 at 11:58
Во недела свечено отварање на Паркот на бранителите во Драчево



Во недела во 20 часот и 30 минути свечено ќе биде отворен Паркот на бранителите во Драчево.

Изградбата на Паркот н а бранителите започна на почетокот на годинава, а со комплетирањето на фонтаната паркот доби ново руво. Се протега на површина од 1225 квадратни метри, а во централниот дел е изградена шестоаголна армирано-бетонска фонтана со дијаметар од 8 метри. Во централниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена скулптура излиена во бронза со висина од 3 метри, дело на академскиот скулптор Димитар Филиповски.

Општина Кисела Вода ќе им оддаде должна почит на шесте бранители од Општина Кисела Вода, кои ги положија своите млади животи во конфликтот во 2001 година со овој парк.

http://www.press24.mk/vo-nedela-svecheno-otvaranje-na-parkot-na-branitelite-vo-drachevo
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 29-Jul-2013 at 21:47




Teкст и слики на линкот http://www.skopjeinfo.mk/opstini/1123952583/foto-otvoren-parkot-na-branitelite-so-memorijalna-fontana-

Edited by Џоле - 29-Jul-2013 at 21:48
За сè има вторпат
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 29-Jul-2013 at 22:44
Отворен Паркот на бранителите во Драчево


Паркот на бранителите во Драчево чија изградба започна на почетокот на годинава, сношти беше свечено отворен во присуство на Јохан Тарчуловски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ. Паркот опфаќа површина од 1.225 квадратни метри со зеленило и партерно уредување, а во централниот дел е изградена шестоаголна фонтана со дијаметар од 8 метри. На секоја од шесте страни е поставена спомен – плоча со името на секој загинат бранител од Драчево.

Во средишниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена бронзена скулптура со висина од 3 метри. Скулптурата е фигура на војник – бранител кој ја симболизира храброста и решителноста за одбрана на својата татковина и е дело на скулпторот Димитар Филиповски. Димитар Филиповски е автор и на спомениците на Ченто и на Самоил од проектот Скопје 2014, како и на скулптурите „Шмизла“, „Заљубени“ и „Еј“.



1


2


3


4


5


6




http://www.build.mk/?p=27342
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 30-Jul-2013 at 02:43
споменикот не ми се допаѓа, со знамето повеќе личи како да освојува територија, отколку да брани и нема никакви емоции...
паркот од другата страна, е многу финои пристојно уреден

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 30-Jul-2013 at 07:18
Ах, пропорции !
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 13-Aug-2013 at 21:14
пешачка зона пред `Јадран`


Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 04-Sep-2013 at 17:14
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 04-Sep-2013 at 18:56
Сум поминал десетина пати одовде со велосипед, и секојпат плочките под мене се изместуваат, небаре не се добро наместени. Истото ми се случува на речиси сите неодамна реконструирани пешачки тротоари во Центар.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 04-Sep-2013 at 22:47
Originally posted by Џоле

Сум поминал десетина пати одовде со велосипед, и секојпат плочките под мене се изместуваат, небаре не се добро наместени. Истото ми се случува на речиси сите неодамна реконструирани пешачки тротоари во Центар.
нашиот најголем непријател, фушерајот... една работа ќе направат добра, и таа нема да ја направат како што треба
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 11-Sep-2013 at 10:46
За осветлување на два плоштада 55.000 евра

На плоштадот „Филип Втори“ ќе бидат поставени три столба високи 18 метри со 11 светилки

Град Скопје склучи договор со Друштвото за производство, услуги и трговија „Код инженеринг Стојко Стамболиски“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје за изградба на осветлување на плоштади кои се во негова надлежност. Оваа скопска фирма за речиси 3,4 милиони денари, односно околу 55.000 евра ќе треба да ги осветли двата новоизградени плоштади, плоштадот„Филип Втори“ (Карпошово востание) и „Пресвета Богородица“ пред истоимената црква.

Од Градот информираат дека според договорот изведувачот ќе треба да постави вкупно девет конусни столба во зелена боја со висина од 18 метри и тип на светилки „оникс 3“ со јачина од 600 вати. На плоштадот „Филип Втори“ ќе бидат поставени три столба со 11 светилки, додека на плоштадот „Пресвета Богородица“ шест столба со 21 светилка.

„Код инженеринг“ беше избрана преку електронска аукција на која учествувале три заинтересирани фирми. Главен критериум при изборот била најниската понудена цена.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=FC54C1A7E452204BA369C5976A1683D9
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 11-Sep-2013 at 10:47
Инаку, токму вчера поминав покрај плоштадот Филип Втори и видов еден од тие „зелени столбови со висина од 18 метри“ кој во тој простор воопшто не се вклопува. Не знам со кој памет ставаат осветлување кај ќе им текне.

Edited by Џоле - 11-Sep-2013 at 10:53
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 22-Nov-2013 at 10:27
Во Велес (не е пешачка зона или улица, но е сепак слична тема)

Поплочување на скали на улицата Димитар Влахов



Овие денови се врши поплочување со бетонски елементи на скали кои се наоѓаат на улицата Димитар Влахов. Со реализацијата на овој градежен зафат им се излегува во пресрет на потребите на граѓаните кои секојдневно се движат во овој дел на градот. Средствата за оваа намена се предвидено во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година а истите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес.







Edited by Џоле - 22-Nov-2013 at 10:28
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 26-Nov-2013 at 08:54
Започнаа градежните зафати за уредување на потегот кај „Долна Порта“

Деновиве Јавното претпријатие „Нискоградба“ ги започна градежните зафати за уредување на просторот кај поранешната градска библиотека.



Како што информира директорот на ова претпријатие, Никола Икономов, на овој потег е предвиден парк и низа попратни објекти, кои треба да ја разубават оваа локација во строгиот охридски центар.

„Добивме парцијално решение за оваа локација да биде исчистена.Потегот ќе биде хортикултурно уреден и соодветно поплочен со камени-плочки, а на оваа локација е предвиден мини-плоштад, фонтана и влез со степеници“ - информира Икономов.



Инаку, поради неповолните временски услови градежните зафати на овој потег во централното градско подрачје кај „Долна Порта“ продолжуваат и во текот на оваа седмица.

http://ohridnews.com/vesti/62800
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 21-Dec-2013 at 12:58
Не е пешачка зона, но е поврзано со пешачење...

Се монтира пешачкиот мост над велешката пруга

Денес (20.12.2013) од страна на стручните служби на фирмата изведувач ФЗЦ 11 Октомври а.д. од Куманово беше поставена металната конструкција на новиот пешачки мост кој ќе ги поврзува улиците Методија Андонов Ченто и Тодор Христов Офицерчето. Градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев, кои од лице место го следеа текот на изведувањето на градежните работи, изразија задоволство од досегашниот начин и интензитет на работа. Овој мост по неговата изградба која се очекува да биде наскоро, значително ќе го намали потребното време за пристигнување на граѓаните до општината, институциите и до своите домови. Предвидено е просторот дополнително партерно да се уреди, да се озелени, да се постави нова урбана опрема како и рампа која ќе овозможи движење на лицата со инвалидност.







За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 44>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.