build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 43>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 17-Jan-2008 at 02:32


Јас мислам дека не е исплатливо. Малку се добива а многу кошта. Не викам дека не е фино да се има пешачка зона до Музеј на Град Скопје, посебно ако навистина таму ја лоцираат станицата за хипотетичката жичара (иако реално незнам колку е тоа реално) то би било прекрасно финале. Ама...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 17-Jan-2008 at 02:44
pbanks, ова уопште не кошта, цело земјиште е државно, треба само асфалтот да се плати, а се работи за макс по 100 метра за двата крака.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Jan-2008 at 02:46
Извини грешка треба само да се исплатат тие двете зградички кај десниот крак ама тоа уопште не е проблем пошто ем се стари ем не е многу за откуп.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Jan-2008 at 02:51
@ lslcrew

Твојот план има добри страни, ама има и проблеми.

Како прво планов има доста за рушење. Кога тоа ќе го споредам со тоа што би го добиле, не сум сигурен дека вреди. За возврат би добиле минимално продолжување на пешачката улица, ама пак стара железничка останува отсечена, со што според мене се губи голем дел од логиката за продолжување на пешачката зона. Да можеше пешачката зона да завршува буквално со стара железничка, тоа би било веќе друга приказна.

Второ, онаа уличка што си ја испланирал кај зелено пазарче излегува во непосредна близина на постојната крстосница (и двете варијанти), што не е добро од сообраќаен аспект, затоа што со новата намена тоа веќе не би била обична сервисна уличка (како постоечката кај зелено пазарче на пример). Кога тука ќе се додаде и планираниот излезен крак од јужен булевар што треба да се интегрира во таа крстосница, тоа би бил прав хаос.
Еве некое вакво решение би било подобро во тој поглед, ама другите проблеми остануваат.




Трето, особен проблем за рушење би била градинката. Не само дека не е стара (Се слагам дека другите згради во твојот план се стари, а ионака не се вклопуваат. Може да се размислува за нивно рушење, ама сепак тоа е моментално научна фантастика и останува за некоја подалечна иднина. Момнтално не можеме да срушиме ни многу помали работи за многу поургентни проекти). Сепак побитно е дека друга градинка во огромен радиус нема. Нема ни локации кои би биле погодни за нова. Може евентуално да се сруши она старо училиште и на негово место да се изгради градинка. Училиштето е старо а ионака нема доволно простор според стандардите - скоро и да нема двор. Ама тогаш проблем ќе биде каде да се изгради ново основно училиште. Јас повторно не гледам прикладни локации во близина. Ваљда во некоја иднина ќе се реорганизира просторот кај зелено пазарче, па ваква рокада ќе биде изводлива. Таму има премногу стари згради и лошо вклопен пазар, кои зафаќаат премногу простор. Тој простор треба многу поубаво да се организира и среди. Да се надеваме дека добро ќе го испланираат за кога ќе дојде време таму да се руши старото и да се гради ново, да не не споебе урбана мафија или нешто слично... Но се оддалечив од темата.

Пак да резимирам - би било убаво и третиот дел од улица Македонија да биде пешачки, ама кога се ќе се извага не сум сигурен дека вреди на начинот на кој што опишуваш. Веројатно ќе имам друго мислење ако пешачката зона се испланира да биде буквално до самата стара железничка (со спуштање на М.Х.Јасмин испод ниво на тој дел), ама тоа е нова дополнителна компликација во целава приказна... Во тој случај не би морало ни да се прават нови спојки, затоа што и постоечкава спојка би била подземна (под улица Македонија), така што не би сметала на пешачката зона Thumbs%20Up Можеби еден убав  ден во подалечна иднина ќе дочекаме и нешто вакво Smile





Edited by Cloverstack - 17-Jan-2008 at 03:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 17-Jan-2008 at 02:57
Originally posted by pbanks


ОК сеа пак ти го прочитав постот и ти ја контам идејата јас кога мислам за тунелиран Димитрие Чуповски под ул. Македонија секогаш уствари мислам на подвозниче. Доколку би се реализирала варијанта каде Димитрија веќе би бил спуштен до Мекдоналдс и би искачач дури после Пелагонија тогаш се слагам и со тебе.


Не бе друже, какво подвозниче - цел потег од пелагонија до мекдоналдс под земја! Smile


Originally posted by lslcrew

Него шо мислите за сликата што ја турив горе. Може ли нешто вакво да се изведе?


Мислењето го кажав, али браво за трудот во врска со скицата. Дискусиите се многу покорисни и поинтересни со таков визуелен пристап Thumbs%20Up


Originally posted by lslcrew

Извини грешка треба само да се исплатат тие двете зградички кај десниот крак ама тоа уопште не е проблем пошто ем се стари ем не е многу за откуп.


Не би се сложил дека тоа е толку едноставно или ефтино. Како што кажав, ние моментално не можеме ни многу помали работи да отстраниме, а за многу поважни и поургентни проекти.

Ако веќе се оди на скапо решение, мислам дека она што го предложив (задебелениот дел од прошлиот пост) е најдобро.

Yes


Edited by Cloverstack - 17-Jan-2008 at 03:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 17-Jan-2008 at 02:59
Мислам дека не би сметал уличето што треба да едел од јужен. А може и една добра работа на пример да се денивелира Мито во потегот од едното уличе до другото и така да се продолжи Македомнија до с'м железничка. Многу јако би изглеало цел булевар денивелиран, а одозгоре пешачка зона.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 17-Jan-2008 at 03:06
Originally posted by lslcrew

Мислам дека не би сметал уличето што треба да едел од јужен. А може и една добра работа на пример да се денивелира Мито во потегот од едното уличе до другото и така да се продолжи Македомнија до с'м железничка. Многу јако би изглеало цел булевар денивелиран, а одозгоре пешачка зона.


Се лажеш за крстосницата и јужен. Ај наскоро ваљда ке најдам начин да го споделам со вас сообраќајниот ГУП што го имам, па ќе видиш и сам.

А ова за денивелацијава на М.Х.Јасмин, па тачно тоа се трудев да објаснам... Во тој случај нема никаква потреба од такви две нови спојки како што предлагаш. Пошто и Даме Груев и М.Х.Ј. би биле испод ниво, и спојката би била подземна (испод улица Македонија), така да горе би било компактна пешачка зона.


Edited by Cloverstack - 17-Jan-2008 at 03:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 17-Jan-2008 at 03:22
ДАААААААА БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ !!!!!!!!!!!!!!! па на исто ниво бееееее. ја па само што нацртав предлози и мислев сеа да ги уплоадирам. иначе идејава супер ејјјј.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Jan-2008 at 01:55

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=916&ArticleID=47995

Ќе се уредува Кејот кај “Дрводекор“
Годинава
Општина Центар годинава ќе го реновира кејот на Вардар на потегот од хотелот “Холидеј ин“ до раскрсницата пред Народна Банка. На овој потег комплетно ќе се уредат двата брега на реката. “Наскоро треба да распишеме тендер за избор на проектант кој ќе изработи идејно решение за уредување на кејот и од десната и од левата страна. Со идејниот проект треба да се види каде треба да се стави атмосферска канализација и како ќе изгледа кејот, кој сакаме да го направиме големо шеталиште и да се поврзе со делот кај ГТЦ“, вели Виолета Аларова, градоначалник на општина Центар. Со реализацијата на овој проект ќе се уреди просторот на некогашната селска автобуска станица на левиот брег на Вардар, а на десниот брег просторот кој на диво се користи како стојалиште за меѓународни автобуси. “Сега тој дел е целосно запуштен, а навечер е во мрак. Затоа решвме да го уредиме. Се надеваме дека до крајот на годината и овој дел од кејот ќе биде прекрасно шеталиште, каде скопјани ќе можат да се одмораат и рекреираат“, додава Аларова. Кејот ќе се поплочи со нови плочки и ќе се постави урбана опрема слична на онаа од улица Македонија. На крајот целиот дел и хортикултурно ќе се уреди. К.С.Т.



Edited by Cloverstack - 22-Jan-2008 at 19:50
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 22-Jan-2008 at 17:02
“Сега тој дел е целосно запуштен, а навечер е во мрак. Затоа решвме да го уредиме.


Убаво што приметивте дебили едни Wallbash


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 23-Jan-2008 at 00:26
Што мислите за ова? Мене у принцип не ми смета тоа „користење“ преку цела година, ама имам големи резерви ради сите лоши искуства со овие „кафанџии“. Ја упропастија целата таа зона со нивното однесување Bash

Пред се дали ќе биде правилно испланирано сето тоа. Второ, иако они викаат дека ќе направат сето тоа да изгледа убаво, не оставиле простор човек да им верува - до сега се понашаа како најпримитивни и најбезобзирни паразити, па не знам зошто да очекуваме некоја нагла промена кај нив. Прво ја искршија урбаната опрема што ја постави градот (за да се прошират) и никој не ги санкционираше.  После не почитуваа цел куп  одлуки што требаше да го зауздаат нивното дивеење. На крај предизвикаа и физички пресметки кога тие одлуки се спроведуваа. За сето тоа време не престанаа да ги заобиколуваат правилата на градот и интересот на мнозинството граѓани. Уште повеќе ме нервира што надлежните како повеќе да глумеа дека нешто превземаат отколку што навистина го правеа тоа.

Преку глава од овие битанги. Камо некој да беше исто толку гласен за поблагородни цели Roll%20eyes
Ама како што кажав немам ништо против кејот да функционира преку цела година, под услов некој конечно да стави ред таму:

1. Да се направи добар план како би се функционирал просторот, земајќи го во предвид пред се интересот на најголемиот дел од граѓаните, не само тие што киснат у кафичите.
2. Да не се отстапи преголема површина.
3. Да не им се дозволи да направат некои смешни крпеници таму, туку да им се наложи да вложат доволно во квалитетен и убав проект.
4. Постојано да се надгледуваат и при најмали заебанции најстрого да се казнуваат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=23C4F609D256D74F85AB5D6C8B48E854


Кафеанџиите бараат да го користат кејот преку цела година, а не само шест месеци

Аларова јавно ги поддржа барањата, бидејќи тоа ќе и' донесе на Општината дополнителни приходи

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Кафеанџиите на кејот „13 Ноември“ не отстапуваат од намерата да издејствуваат користење на пешачката зона преку цела година. Во зима тоа би го извеле со подвижни стакленици, а во лето би функционирале како и досега. Оваа нивна идеја, што беше актуелна и лани пред 1 април кога официјално почнува летната шема на кафулињата, повторно беше јавно презентирана на последната седница на Советот на Општина Центар. Иван Димитровски, сопственик на пицеријата „Ања“, побара дозвола од градоначалничката Виолета Аларова, потенцирајќи дека од тоа ќе имаат добивка и Општината и граѓаните, на кои кејот им е омилено место за релаксација.

„Зошто не можеме да го користиме кејот преку целата година? Вие ќе собирате дополнителни приходи, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во текот на сите 12 месеци, а ќе се исполнат и нашите барања. Нема да има потреба од уривања, па наместо непријатели - ќе станеме пријатели. Не измислуваме топла вода, таква шема веќе проверено функционира во повеќе европски градови“, потенцираше Димитровски, кој крајно некултурно им се обрати на новинарите и побара кафулињата да не ги нарекуваат најлон кафулиња, бидејќи всушност, локалите биле заградени со скап ПВЦ материјал кој чини 25 евра квадрат. Убедувајќи дека кејот ќе биде личен, Димитровски на советниците и на новинарите иронично им понуди прошетка до Солун за да добијат претстава дека барањето за годишно користење на кејот е сосема оправдано.

Кратко и јасно општинарите објаснија дека крајниот збор е во Градот, бидејќи Правилникот за користење јавна површина кој предвидува летните тераси да работат шест месеци, почнувајќи од 1 април, е устав за општинските правилници. Но, и покрај тоа, кафеанџиите добија јавна поддршка од градоначалничката Аларова. „Мислите ние не сакаме да ви помогнеме, ем вие ќе бидете задоволни, ем ние ќе земеме дополнителни приходи. Ете колку ние како општина, вие како кафеанџии и граѓаните кои го сакаат кејот за забава, губиме од небулозните одлуки на Градот. Поведете иницијатива за измена на Правилникот и јас прва ќе ве поддржам и ќе ви ставам потпис“, беше категорична Аларова, која смета дека Скопје ги заслужува кафеаните преку целата година, имајќи ја предвид климата што владее на ова подрачје.

Од Градот вчера немаа конкретен став во врска со старо-новото барање на кафеанџиите. Посочија дека лани била издејствувана измена на Правилникот кој стасал само до нацрт-верзија. Имено, градските власти во нацртот предвиделе функционирање на летните тераси преку целата година, но поради несогласувањата на некои општини кои имале спротивни мислења и во однос на поделбата на парите собрани од комуналната такса, тој не поминал. За новонастаната ситуација од Градот не можат да дадат конкретен одговор, бидејќи, поради измените на Законот за градење, најверојатно, наскоро ќе треба да се менува постојниот Правилник. Посочуваат дека неодамна бил усвоен амандман кој предвидува за површините за чие одржување се задолжени градските власти дозволите да ги издава Градот. Од тие причини постојниот Правилник ќе треба да се менува, бидејќи сега за кејот дозволите ги издава Општина Центар, иако станува збор за градска јавна површина. Надлежните се надеваат дека законските измени наскоро ќе бидат усвоени и Градот да има доволно време да го изготви новиот правилник за подготвено да се пречекала летната шема на кафулињата.

Во случај барањето на кафеанџиите да биде прифатено од Градот, Општината ќе треба да го менува постојниот ДУП за кејот, бидејќи тој не предвидува доградба на локалите, односно нивно застаклување. Тоа би значело изведување градежни активности, што пак, не е во согласност со Генералниот урбанистички план. Лани, кога кафеанџиите ја промовираа идејата за користење на кејот преку целата година, беше објаснето дека застаклувањето би се извршило со калено стакло и алуминиумски профили поставени на подвижни шини, со можност за нивна демонтажа во секое време. Тие предложија монтажните стакленици да се наоѓаат во првата зона од локалите, веднаш до излозите, а меѓу локалите да постои т.н. тампон-зона која би се уредила со зеленило. На просторот, пак, во линија на трите излези од ГТЦ кон кејот, за разлика од сега, би се забранило поставување инвентар.

Инаку, новонастанатата ситуација во ниту еден момент нема да изврши никакви промени во однос на цената на користење на јавните површини која е проектирана со Законот за комунална такса. Кафеанџиите и понатаму дневно за еден квадратен метар јавна површина ќе плаќаат само 15 денари.



Edited by Cloverstack - 23-Jan-2008 at 00:30
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 23-Jan-2008 at 00:51


јас повеќе влечам кон оригиналната замисла каде што масите на кафеаните требаше да бидат поставени до линијата на замислената траса каде што проаѓаат возилата за дотур на стока или ѓубреџиите (ваљда ја знаете мислам и дека е обележана). Значи не ми се свиѓа да го фатат средниот дел на кејот.

Од друга страна јасно ми е дека е скоро нереално средниот дел од кејот да остане празен, не се само кафеанџиите во прашање туку и нашата кафе култура. Тоа најубаво се гледа летно време. Затоа како што викаш ти, треба да се направи точен регулационен план кој простор смеат да го користат и како тоа треба да изгледа. Делот скорз до кејот треба да остане празен во секој случај (и тој знаеа да го узурпираат)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 23-Jan-2008 at 01:01
Абе вака едно 5 години уназад. Абе ни ли можеше толку време еден правилник да се изготви. Се нема воља бе. Вољата е сезонска исто како и масите. Е глејте се на пролет шо ќе биде, истото на есен, па па напролет и така у недоглед. Ја ги подржувам тие маси зашто преку лето се супер место за кафе и дружење. Тие маси му се потебни на Скопје. Ама не ли можеше да се направи ако не бар некоја такса од тоа па градот да земе некој кеш од тоа, па да биде за заеднички интере и на градот и на угостителите.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 23-Jan-2008 at 01:08
Originally posted by lslcrew

Абе вака едно 5 години уназад. Абе ни ли можеше толку време еден правилник да се изготви. Се нема воља бе. Вољата е сезонска исто како и масите. Е глејте се на пролет шо ќе биде, истото на есен, па па напролет и така у недоглед. Ја ги подржувам тие маси зашто преку лето се супер место за кафе и дружење. Тие маси му се потебни на Скопје. Ама не ли можеше да се направи ако не бар некоја такса од тоа па градот да земе некој кеш од тоа, па да биде за заеднички интере и на градот и на угостителите.


такса ама и точни спецификации што може што неможе. Неможе да ги кршат клупите, да ги бушат паверите и се друго што им текне. Во вакви зони во нормален свет обично стилот на тенди, маси итн е унифициран, има 2-3 варијации на тема меѓу кои кафанџиите може да одберат и толку. Последно еве во регионов ова се правеше во Сплит по реконструкцијата на ривата. Таму од прилике кафанскиот појас е со слична ширина како нашиот но има простор да стане многу поголем. Сепак никој не мрда од прописите ни во однос на зацртаната повшина која може да ја покриваат ни по однос на боите и опремата која може да ја користат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 23-Jan-2008 at 01:11
Originally posted by lslcrew

Абе вака едно 5 години уназад. Абе ни ли можеше толку време еден правилник да се изготви. Се нема воља бе. Вољата е сезонска исто како и масите. Е глејте се на пролет шо ќе биде, истото на есен, па па напролет и така у недоглед. Ја ги подржувам тие маси зашто преку лето се супер место за кафе и дружење. Тие маси му се потебни на Скопје. Ама не ли можеше да се направи ако не бар некоја такса од тоа па градот да земе некој кеш од тоа, па да биде за заеднички интере и на градот и на угостителите.


Па ти не читаш внимателно бе друже. Такса има (15ден за метар квадратен дневно). Ама изгледа е мала кога овие рипаат и изразуваат голема желба да ја плаќаат. Ама не е битно тоа. Битно е да се обмисли и уреди просторот да функционира сепак во интерес на поголемиот дел од граѓаните. И после тоа да се контролираат кафанџиите да не си тераат пак по свое. Само како што и самиот нагласи, главниот проблем е немање воља за тоа. А кога треба да се направи некоја глупост, сите имаат воља и елан колку сакаш Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 23-Jan-2008 at 01:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 23-Jan-2008 at 01:16
15 den?! Аман бе за што се тие 15 денара. Ќе може ли утре да се санира кејот со тие 15 ден. Тие што највеќе го уништуваат тие и треба да го плаќаат неговото реновирање. Таму мин 100 ден кирија за м^2.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 23-Jan-2008 at 14:21
И мене ми е перверзно ниска сумата од 15ден. за м2 дневно, кога тие м2 простор му носат профит на сопственикот барем 20.000 денари дневно
Се сложувам и со пбанкс. Треба општина центар или градот (кој и да е надлежен) да воведе унифициран изглед на терасите-тендите, можеби дури и да го изгради па потоа да го рента на кафанџиите по 100 ден м2 на ден. На тој начин точно би се знаело до каде е која зона, сите би биле унифицирани и целиот тој дел би изгледал далеку по урбано.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 23-Jan-2008 at 14:52
Па сега не би сакал тука да „одредувам“ точни цени од рукав, ама ако им се дозволи да изградат стакленици или што и да биде тоа, цената ќе мора значително да се корегира. Моменталната цена ми изгледа ниска дури и само за поставување маси (иако вие дечки ептен претеравте со тоа 100денари по метар квадратен дневно). Ама ако се примени концептов што го предлагаат кафанџииве, треба одма да си избијат од глава дека ќе ги чини исто колку и до сега. Па да ставиш маси е сосема различно од тоа сосема да го затвориш просторот.

Ама како што кажав тоа со цената е ирелевантно ако таму продолжи хаосот. Секогаш ќе се наплаќа помалце ако, некој си узурпира дополнителна површина од таа што е зацртана. Најбитно е да се воведе ред.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 23-Jan-2008 at 15:58
На Google Earth измерив колкава површина фаќа еден поголем кафич на кејот, мислам дека беше Инсомниа. Значи , ако предлагате цена од 100 денари по квадрат на ден:

             Површина од 16м х 21м = 336м2
             Цена за ден: 336 х 100 = 33600
             Годишно има 365 дена , значи:
            
             33600 * 365 = 12264000 денари годишно или 201049 евра ?!?!

Со 15 денари дневно пак плаќаат 30000 евра годишно.

Ова е груба проценка, ама имаме претстава колку пари инкасира општината. (ова е од само еден кафич), кај идат тие пари јас поима немам



Edited by La Linea - 23-Jan-2008 at 16:01
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 29-Jan-2008 at 21:41
Originally posted by pbanks

Originally posted by lslcrew

@pbanks извини не те сватив ај ако можеш слика или објасни кој дел е тоа што е оставено за тунел од 11 октомври.


Тунелот кој треба да проаѓа под центарот на Скопје почнувајќи некаде кај Соборна црква треба да има 2 крака. Едниот би излегувал пред Пелагонија (кај Блу Кафе негде) а другиот кај Народна Банка.
 
да се надеваме дека нема да го симнат од дуп овој проект како што сакаше едно време Аларова да ја симнеле Крушевска од дуп NutsNutsNutsWallbashWallbashNutsNutsNuts
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.