build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 21-Nov-2014 at 16:05
Се средија, останаа да се средат уште ВЕЌЕ СРЕДЕНИ површини.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 21-Nov-2014 at 16:45
За плоштадот кај пристаништето незнам но за онаа кај чинарот секогаш сум се прашувал како може во најтуристичкиот град во Македонија да има така мизерна и неугледна фонтаничка на толку битен дел од градот. Се надевам дека таму ќе се направи нешто атрактивно како фонтаната на Филип Втори во Битола или онаа во Гази Баба.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 22-Nov-2014 at 17:49
Ниедна од посочените не би ги опишал како атрактивни (бизарни можеби, особено битолската), но добро, секој со својот аршин.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 23-Nov-2014 at 03:20
Originally posted by kultuzin

За плоштадот кај пристаништето незнам но за онаа кај чинарот секогаш сум се прашувал како може во најтуристичкиот град во Македонија да има така мизерна и неугледна фонтаничка на толку битен дел од градот. Се надевам дека таму ќе се направи нешто атрактивно како фонтаната на Филип Втори во Битола или онаа во Гази Баба.
фонтана си е фонтана, основна намена и е освежување на просторот со вода, не мора да биде нешто спектакуларно, се додека е уредна и одржувана... а и како што кажа Фичо, НЛО-то во Битола не е баш најдобар пример за фонтана

мене искрено не ми се допаѓаат фонтани од времето на Тито со цевки кои се видливи, ама тоа не значи дека баш во моментов Охрид би требало да фрли пари на тоа


Edited by zabegan - 23-Nov-2014 at 03:22
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 25-Nov-2014 at 19:48
2.700 метри квадратни со коцки за скопските боеми

Општина Центар денеска го пушти во употреба делот од „Боемска улица" што е досега изграден, со вкупна површина од околу 2.700 метри квадратни.



На овој потег освен улицата „Ѓорги Пешков", која е 55 отсто од вкупната површина од проектот „Боемска улица", опфатени се и дел од тротоарите на улица „Орце Николов", спојот на улицата „Орце Николов" со улицата „Михаил Цоков" и тротоарот на улицата „Михаил Цоков" спроти општина Центар.

- Се работи за модерно решение, на едно ниво кое овозможува непречено движење на пешаци, инвалиди и велосипеди и со самото тоа придонесува за визуелна естетска целина, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.



Тој прецизира дека целиот коловоз е поплочен со коцки од природен гранит, со дебелина од 10 сантиметри, поставени се 15 нови декоративни канделабри, подземно се спуштени сите кабли од ЕВН и кабелските оператори, има нов дрворед и хортикултурно уредување на целиот потег, како и модерна урбана опрема.

http://vecer.mk/skopska/2700m2-so-kocki-za-skopskite-boemi
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 09-Dec-2014 at 00:22
Плоштадот и Kејот станаа улици и паркиралишта



Плоштадот Македонија и кејот 13 Ноември не се повеќе само шеталишта и пешачки зони - повторно масовно се користат како сообраќајници и јавни паркиралишта. Хаосот, кој почна откога стартуваа низа градежни работи на овие локации за разни проекти, не завршува само на плоштадот и кејот, туку продолжува и во мајор-коритото на реката Вардар, од двете страни - под катната гаража „Солунски конгрес“ и под новиот театар. Во реонот има паркинзи, тука е и катната гаража со над 200 места, а се подготвува и отворање на уште два подземни паркинг-простора со 700 места - под театарот и под Јавно обвинителство и МНР. Проблемот е што на несовесните возачи им е полесно да влезат кон плоштадот и преку тревник да завршат на некој плочник или шеталиште, наместо да се фатат за џеб...

целиот текст на: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=F7E239762D79AF48BC4BEB57C498B6A9

Edited by jyvation - 09-Dec-2014 at 00:23
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13066
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 10-Jan-2015 at 10:28
Во текстот се вели дека улицата ќе биде поплочена со дел од плочите што беа извадени од плоштад Македонија, но никаде не се споменува дали ќе биде пешачка улица. Од друга страна, да се дозволи сообраќај над такви плочи би било голема глупост.

ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ „КЕЈ ДИМИТАР ВЛАХОВ“ 800.000 ЕВРА

Улицата „Кеј Димитар Влахов“, на која некогаш беше лоцирана старата селска автобуска станица, годинава ќе добие нов лик. Градот веќе распиша тендер за избор на фирма изведувач, која старата калдрма ќе ја замени со дел од плочите што беа извадени од градскиот плоштад. Предвидено е реконструкција да го чини Градот 48 милиони денари, односно, околу 780.000 евра

Предмет на јавните набавки е реконструкција на улица „Кеј Димитар Влахов“, како дел од плоштадот „Пресвета Богородица“ во согласност со проектот за одржување на улицата „Димитар Влахов“ на потегот од булевар „Филип Втори Македонски“ до булевар „Крсте Мисирков“ .

Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 29 јануари во 10 часот во просториите на Град Скопје. (Сн.К.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=ED4C5147D3A352469B8A480A619696E0
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13066
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 18-Feb-2015 at 17:53
Какви ликови се градоначалници, просто човек жив да се изеде од мака!

Дебар го менува урбаниот лик на центарот

Центарот на Дебар ќе се поплочи со чист дебарски камен и градот ќе го добие потребниот изглед на класицизмот, а во другиот дел ќе го има и современиот изглед, вели градоначалникот Ружди Лата.



Градот Дебар по повеќе од шеесет години го менува урбаниот лик на централното градско подрачје. Централната улица која била реконструирана во педесетите години од минатиот век го има изгубено својот изглед и не е во тек со актуелните современи урбани решенија, велат во локалната власт и додаваат дека оваа стара градска населба има потреба од целосна реконструкција на центарот, а градот добива за прв пат и широко шеталиште.

„Дебар е единствен град на Балканот каде што се спојуваат културите на исток и запад. Врз основа на ова минато во Дебар продолжуваат овие култури да се спојуваат и со овој проект. Градиме нов центар на Дебар кој опфаќа 5 илјади метри квадратни површина. Ќе има современа инфраструктура со целосно подземно внесување на водоводната и канализациската мрежа, како и телефонските и електричните мрежи. Од друга страна, центарот да кажеме дека ќе се поплочи со чист дебарски камен и градот ќе го добие потребниот изглед на класицизмот, а во другиот дел ќе го има и современиот изглед на градба“, објаснува градоначалникот на општина Дебар Ружди Лата, кој воедно смета дека овој зафат е потреба на времето, бидејќи Дебар треба да биде во тек со современите урбанистички решенија, но имајќи во предвид и одредени свои карактеристики.

Проектот веќе стартуваше со сечењето на дрворедот засаден пред 65 години, кој веќе имаше големи оштетувања. Градскиот архитект Газменд Цами вели дека урбанистичкото решение е современо, но задржува и одредени карактеристики од минатото. Центарот добива шеталиште и нов изглед, додава тој.

„Со проектот за уредување на централното градско подрачје се предвидува дел од улицата „Братство Единство“ да биде поплочена со квалитетни камени плочи и тој дел ќе се прогласи за пешачка зона, во која ќе има и одреден режим на сообраќај. Вкупната должина на оваа улица – шеталиштето изнесува 270 метри а ширината изнесува од 11 до 18 метри во зависност од местото. Вкупната површина е 5 илјади квадратни метри. Со проектот се предвидува целосна реконструкција на подземните инсталации. Оваа улица ќе има и ново осветлување и поставување на декоративни дрвја“, вели Цами.

Проектот има целосна поддршка на сите членови на Советот, како и од страна на граѓаните. Како партнери во овој значаен урбанистички проект се и сопствениците на бизнис објектите во централната улица, потоа ЈКП „Стандард“ кое ќе врши уредување на водоводната мрежа и канализацијата во централното градско подрачје.

http://www.makdenes.org/content/article/26854025.html
За сè има вторпат
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 18-Feb-2015 at 19:27
ЉОЉ супер цитат дека дебар е единствен град на балканот каде се спојуваат народите.

Инаку ако стварно користат локален камен за изградба, барем тоа е за поздравување. Македонија има премногу луѓе што мислат дека се што е увезено е од повисок квалитет, а после се чудиме зашто стопанството не расте
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 19-Feb-2015 at 00:48
Френк Лојд Рајт инсистира на користење материјали од околината со што се добива една органска архитектура (градба во склоп со природата). Со ова се препишува едно од главните правила во архитектурата. Овој чекор е за поздрав. Камо ли сегде да се користеше низ државава...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 19-Feb-2015 at 01:31
Originally posted by Z|evzek

Френк Лојд Рајт инсистира на користење материјали од околината со што се добива една органска архитектура (градба во склоп со природата). Со ова се препишува едно од главните правила во архитектурата. Овој чекор е за поздрав. Камо ли сегде да се користеше низ државава...
добро, ова правило важи повеќе за амбиентот, а не за економијата (иако автоматски и неа ја опфаќа)... сепак не е каменоломот во сред град Big%20smile
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 19-Feb-2015 at 01:50
Originally posted by zabegan


Originally posted by Z|evzek

Френк Лојд Рајт инсистира на користење материјали од околината со што се добива една органска архитектура (градба во склоп со природата). Со ова се препишува едно од главните правила во архитектурата. Овој чекор е за поздрав. Камо ли сегде да се користеше низ државава...
добро, ова правило важи повеќе за амбиентот, а не за економијата (иако автоматски и неа ја опфаќа)... сепак не е каменоломот во сред град Big%20smile
Нигде не ја спомнав економијата. Сакам да потенцирам дека во државава не се следи ова правило како што се следело некогаш. Апсурдно е да садиш палми во град во кој што никогаш и немало. Или пак основен градежен материјал да ти е мермер, а во околината да нема каменолом. Низ историјата никогаш градежниот материјалот не се зимал од самото место на градот zabegan, туку од околината.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 19-Feb-2015 at 22:19
Originally posted by Z|evzek

  Низ историјата никогаш градежниот материјалот не се зимал од самото место на градот zabegan, туку од околината.


Мислам дека тоа било најмногу поради практичи причини. Тогаш немало машини или возила за транспорт така да транспортирањето на материјалите било ограничено од тие причини.
Но нејсе мене ми се допаѓа идеата барем дел од материјалите кои се користат за градба да бидат од околината а со тоа и автентични за тој предел.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 25-Feb-2015 at 17:59
ТРИМ-ПАТЕКА ОД 1 КИЛОМЕТАР ВО ПАРК-ШУМАТА ВО ГАЗИ БАБА

Предвидена е изградба и на летниковци, на три пункта со фитнес реквизити, поставување играчки за деца, фонтана за пиење вода, а покрај куќите треба да се направи патека од 700 метри, која ќе води до паркот

Парк-шумата Гази Баба ќе добие трим-патека, нови патеки за прошетка, клупи и летниковци. Градот Скопје, потпомогнат од јавните претпријатија од општините Гази Баба и Чаир, вчера почна со уредување на парк-шумата Гази Баба, зад Природно-математичкиот факултет.
"Ќе се направат патеки од песок и од дробен камен околу овој карактеристичен дел кој зафаќа простор од околу три хектари, онака како што е и во другиот дел од паркот, исто така, ќе има и летниковци, клупи, три пункта со фитнес реквизити, играчки за деца, фонтана за пиење вода, ќе се направи трим-патека, а покрај куќите ќе се направи патека од 700 метри, која ќе биде осветлена за подобар пристап кон парк-шумата", рече градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.



Според градоначалникот Трајановски, трим-патека ќе биде во должина од 1.100 метри, а ќе се протега од Природно-математичкиот факултет, кон населбата Железара, од страната на Чаир. Патеката ќе биде широка 3 метри, ќе биде посипана со тампон за да може да се користи и на дожд.
Уредувањето на парк-шумата ќе чини од 3 до 4 милиони денари, без осветлението, а средствата ќе бидат обезбедени од Град Скопје.
Според најавите на градоначалникот, Парламентот на Македонија, во соработка со општините Чаир, Гази Баба и со Градот Скопје, изработува закон парк-шумата Гази Баба да биде парк на природата, со што ќе добие повисоко ниво на заштита.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=331123C545E0AF4F8D7455017A1F457F
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 28-Feb-2015 at 22:24

Убаво се рашириле кафанџиите.


ФОТО: Боемска блесна со сиот сјај 

Објавено: 19:17, 28/02/2015 Прегледано: 2,056 пати.
Boemska%20ulica%20%284%29

;" class="stMainServices st-facebook-counter"> 401 ;" class="stMainServices st-twitter-counter"> 0

Убавото време и прекрасната атмосфера измамија денеска многу центарци, но и граѓани од цело Скопје да дојдат и да го минат претпладнето, дружејќи се во кафеаните на Боемската улица.

Boemska%20ulica%20%281%29

Трите угостителски објекти беа преполни, а сопствениците не го криеја задоволството, бидејќи по комплетната реконструкција на улицата Ѓорѓи Пешков и делот на Михаил Цоков, посетеноста и заработувачката неколкукратно е зголемена.
Од понеделник – уште една убава вест за граѓаните кои ќе посакаат денот и вечерта да ги минат не само во овие три, туку во сите тринаесет кафеани кои што се наоѓаат на потегот од Боемска, преку кужниот тек кај Идадија, се’ до влезот на градежниот факултет.

Boemska%20ulica%20%283%29

Од овој, па секој нареден понеделник, попустот на целото мени ќе биде 20%. Со ова треба да заживеат уште повеќе кафеаните во овој дел на Центар. Затоа годинава ќе се реализира и комплетниот проект “Боемски кварт“. Целиот потег ќе биде реконструиран со истиот квалитет како и улицата Ѓорги Пешков, а 4 пати годишно – општината и угостителите ќе ги организираат “Боемските Дебармаалски Денови“ со познати тамбураши, далматински клапи и староградска македонска музика.

Boemska%20ulica%20%282%29

http://a1on.mk/wordpress/archives/457729

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 01-Mar-2015 at 20:28
Реално Дебар Маалскиве кафани имаат напумпани цени.Ако ги намалат цените за 20% би добиле реални и разумни цени.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 01-Mar-2015 at 21:57
Originally posted by jyvation

Реално Дебар Маалскиве кафани имаат напумпани цени.Ако ги намалат цените за 20% би добиле реални и разумни цени.
зависи кај ќе седнеш, има многу што работат со поволни цени, со оглед на центарската алчност која креира нереални цени, во ред се
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 07-Mar-2015 at 14:57

муабетов бидна токму боемски таман нека наредат по цела улица маси и коњопои, ако е пешачка улица тогаш треба да се остави повеќе простор за пешаци, но и да се запази бар тоа минимумот за усогласени бои и висина на тенди [1]
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13066
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 16-Mar-2015 at 15:19
Во меѓувреме, низ Скопје се поставуваат оние жолти гуми за слепи лица, и погодете кој е исходот од импровизациите. Т.е. не мора да погодувате, уверете се и сами.

https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpf1/v/t1.0-9/10264653_10153708993576562_7485466444449612044_n.jpg?oh=0c058ec7dcba2f676d1136ff4ecf18b1&oe=5581C475&__gda__=1434669834_ab9d746464b18efb1bd20ae8007790d0

https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpf1/v/t1.0-9/10011523_10153708993776562_5156338697880354288_n.jpg?oh=e3108c914d1518d3e01f4e616aa2d192&oe=557D127C&__gda__=1437853955_fdbb766e36d618dad5fa07ea283590e4

https://scontent-fra.xx.fbcdn.net/hphotos-xpf1/v/t1.0-9/10408583_10153708993941562_5296464265831392436_n.jpg?oh=50609b3f7ab846dcc39ce4febe0ffc71&oe=55B2E36D

Мислам, колку грама мозок треба да има некој за да направи нешто вакво? Или не треба да има ни грам мозок? Не знам што да кажам, навистина не знам.

Edited by Џоле - 16-Mar-2015 at 15:20
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 16-Mar-2015 at 15:53
Во Германија има нешто што се вика проверка пред пуштање во употреба или кај нас познато како АТест или технички прием. Како што гледам во овој и во уште милион други случаи ова процедура не постои. Ваквите работи мора да се регулурат. Зошто во случај некој да се повреди на пример кој би бил виновен? Ова е еден мал пример за еден голем проблем кој час побрзо треба да биде решен.

Edited by kultuzin - 16-Mar-2015 at 22:41
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.265 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.