build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 43>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 24-Apr-2008 at 07:00
Сето ова е многу убаво, ама година за година се збори дека конечно ќе се воведе ред, а ситуацијата на терен го зборува спротивното. Ај да видиме што ќе донесе 2008-ма


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=221EFFB8455B504C9BDCF56649A10AAD

НАЈУЗУРПИРАНИТЕ ПОДРАЧЈА СО ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ПРИ ПОСТАВУВАЊЕТО УРБАНА ОПРЕМА

За пешаците повеќе место на шеталиштата

Движењето на пешаците на Кејот, плоштадот и на улицата Македонија ќе се уредува со посебни проекти за да им се врати на граѓаните просторот што им припаѓа

Движењето на пешаците на Кејот 13 Ноември, плоштадот и на улицата Македонија ќе се уредува со посебни проекти, кои ќе се изработуваат во рамките на новиот Правилник за користење јавни површини. Целта е на граѓаните да им се вратат шеталиштата, а на кафеанџиите да им се „скратат крилјата“ за да не ги узурпираат повеќе јавните површини со маси, столови, тенди и цврсти објекти. Ова вчера го предложи советничката Слободанка Ѓошева, како дополнение на Одлуката за користење на јавните површини, што ја усвои Советот на Град Скопје. Проектите за овие три специфични зони ќе мора да се донесат во рок од 30 дена од усвојувањето на одлуката. Ќе се изработуваат посебни проекти и за останатите специфични зони, како Матка, езерото Треска и Старата чаршија, но во рок од шест месеци - објасни Алјоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот.

САМО ЧАДОР ЌЕ ШТИТИ ОД СОНЦЕ

Новата одлука предвидува да се определат зони за движење на пешаците, како и да се исцртаат линии со кои ќе се означи до каде може да се поставува опрема, маси и столови. За заштита од сонце угостителите ќе може да поставуваат само чадори и ништо повеќе - вели Шопар.Градските власти ветуваат дека ќе ги отстранат бесправно поставените подлоги,разните шипки, тенди и натстрешници,со чија разнобојност и разноликост центарот личи на панаѓур.

ИНСПЕКТОРИТЕ ЌЕ КАЗНУВААТ

Нов момент во одлуката за користење на јавните површини е начинот на издавањето на одобренијата за вршење на дејноста и за поставување на урбаната опрема и привремените објекти. Дозволата за дејност ќе ја издава градоначалникот на Град Скопје, а за поставување урбана опрема градоначалникот на општината на чија територија е површината што се користи. За да им се олесни работата на граѓаните, градските власти планираат двете одобренија да бидат вадени на едно место, во Градот, но само доколку за тоа се договорат со општините.За тоа допрва треба да се склучат договори со градоначалниците, но претходно тоа треба да биде уредено со одлука на Градскиот совет -објаснија градските власти. Најважниот дел од одлуката е дејствувањето на инспекторите кон оние дуќанџии што немаат да ги почитуваат правилата. За разлика од порано, кога можност да казнуваат имаа само општинските инспектори, сега бесправно поставената опрема ќе може да ја собираат и градските. Од Градот најавија дека ќе бидат ригорозни, односно дека ќе мерат во милиметри дали фактичката состојба одговара на одобрението. Очекуваме во оваа сезона да се спречи узурпацијата на просторот и да се зголеми местото за минување на пешаците - вели советникот Коле Манев. Како што е познато, старата одлука на Градот за поставување урбана опрема не вроди со плод, односно кафеанџиите во текот на целата година имаа поставено тераси и тоа на поголем простор од дозволеното. Во спроведувањето на старата одлука во изминатиов период имаше недоразбирања меѓу општините и Градот, меѓу субјектите и инспекциските служби, како и меѓу Градот и општините, па дури и државните органи. Токму заради надминување на слабостите што произлегуваа од постојната одлука, се предложи нова регулатива, поставена на поправични основи и односи на заемно функционирање на Градот и општините. Новата одлука дава право на двојна контрола - објаснуваат од Градот.

Јорданка Ивановска
Фото: Бисера Станкоска





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=64D755B7DC64494BBD810F5507361911

За еден квадрат во центарот 400 денари

За да излезе надвор од објектот, дуќанџијата треба да добие одобрение од Градот

Сања Наумовска

Угостителите, трговците и занаетчиите кои сакаат да работат надвор од своите локали ќе треба да добијат одобрение за користење јавна површина од градоначалникот на Скопје. Ова е нова обврска што ја воведува Градот Скопје, а ја одобри Советот на вчерашната седница. Досега, за поставувањето маси и столчиња, фрижидери или тезги се добиваше дозвола за поставување урбана опрема од општините.

Идејата, според градската власт, е да се воведе повеќе ред во користењето на јавната површина, што во последните години, особено во централното подрачје, излезе од контрола. Сега, за да излезе надвор од деловниот објект, дуќанџијата прво треба да добие одобрение од Градот, дали и колкава јавна површина ќе користи, па дури потоа од општината за видот на урбаната опрема што ќе ја изнесе. За користењето ќе се плаќа закуп, а парите ќе ги делат пола-пола Градот и општината.

За користење на јавната површина во Малиот и во Големиот ринг и во Градскиот парк во текот на една сезона од седум месеци, угостителите и трговците ќе плаќаат 400 денари месечно за еден квадрат. Во другите делови на општината Центар, потоа во Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Старата чаршија, оваа цена е 200 денари, а во останатите градски зони 100 денари за квадрат. Предвидено е и краткотрајно користење до еден месец за манифестации и изложби, за што во центарот ќе се плаќа 300 денари дневно за еден квадрат, а изнајмување за еден ден ќе чини 500 денари.

За најжешките точки, улицата „Македонија“, кејот „13 Ноември“ и плоштадот, по барање на советничката Слободанка Гошева, градскиот Сектор за урбанизам доби задача во рок од 30 дена да изработи специфичен проект, во кој детално, со конкретни бројки до сантиметар, ќе се исцрта просторот во кој угостителите ќе можат да поставуваат маси и ќе се знае слободната површина што ќе биде оставена за пешаците. Според најавите од градските власти и според барањата на поголемиот дел од советниците, се очекува намалување на делот на кафеанџиите на сметка на просторот за слободно движење на граѓаните. Минималниот простор наменет за пешаци на пешачките улици е 2,5 метри, а на тротоарите 1,5, односно 2,5 метри во Малиот ринг. За останатите плоштади, за Калето, чаршијата, Матка, Треска, Водно и Гази Баба, овие елаборати ќе се подготват во рок од шест месеци.




Edited by Cloverstack - 24-Apr-2008 at 07:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 13-May-2008 at 18:02
Воопшто не ми се допаѓа ова со бетонски жардињери...  Се прашувам зошто е толку тешко доследно да се санкционираат тие што не би ја почитувале жолтата линија...

Не ми е ни јасно какви се овие жардињери... Ако поставуваат готови жардињери, тогаш тоа е пропадната работа затоа што за разлика од исцртана линија такви жардињери ќе можат да се поместуваат. Ако пак ги градат на лице место да бидат поврзани со подлогата, се раѓаат нови проблеми. Прво, прашање е како ќе се вклопат на плочникот. Второ, ако треба нешто да се преправа, ќе реба да се рушат, а со тоа и најверојатно да се оштети плочникот. Трето, кога ќе заврши сезоната тие ќе останат на сред улица (освен ако со ова не сакаат на мала врата да ја протнат кафанџиската заложба за „проширување“ на кафичите преку цела година...)

Глумењето лудило дека не можат да воведат основен ред кај кафанџиите и барем да го спречат нивното узурпирање на јавен простор во најстрогиот центар на градот е навистина смешно... Тоа се должи само на корупција и неодговорност, ништо друго...

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=22CA34888B7FA54A8A405367E1323E7D

ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ СО НОВИ МЕТОДИ ЌЕ ГИ ШТИТАТ ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Бетонски барикади за кафулињата

Градските власти размислуваат на Кејот и на улицата Македонија со бетонски жардиниери да го ограничат просторот до каде може да се поставуваат маси и столови

Кафеанџиите од Кејот 13 Ноември и од улицата Македонија ќе се дисциплинираат со поставување жардиниери, со кои ќе се ограничи до каде можат да се поставуваат маси и столови. Од Градот се' уште не решиле дали ова „бетонско“ решение е конечно, бидејќи имаат и втора опција, односно да ја обележат дозволената зона со жолта линија. Ова решение веќе беше применето пред неколку години на Кејот, но се покажа неефикасно. - Поставувањето жардиниери за нас во моментов е најприфатливо решение, имајќи предвид дека досегашната практика покажа оти угостителите ги злоупотребуваат издадените услови во одобрението за поставување урбана опрема - вели Александар Бошковиќ, градски комунален инспектор.

ЧИСТКА ДО КРАЈОТ НА МАЈ

Од Градот велат дека новиот Правилник за поставување урбана опрема на јавните површини стапи во сила на 23 април, веднаш по објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје“. Според Бошковиќ, оттогаш градската комунална инспекција излегува на терен и врши проверки низ целиот град, но се' уште не почнала да спроведува ред на Кејот 13 Ноември и на улицата Македонија. Тој најавува дека во следната недела, односно најдоцна до крајот на овој месец ќе имаат акција за отстранување на непрописно поставените летни тераси. Деновиве бевме во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. Таму имавме масовна акција, бидејќи состојбата исто така е критична. Некои угостители имаат дозвола за користење на 20 квадратни метри, но узурпираат уште 30 или 40 квадрати. Во врска со Кејот и улицата Македонија, како и со Старата чаршија, за нив се изготвуваат посебни проекти во кои ќе бидат одредени построги правила за користење на јавните површини и на пешачките зони - вели инспекторот Бошковиќ.


ПО ОДОБРОНИЈА ВО ГРАДОТ

Градските служби веќе имаат обрасци за издавање на одобренијата за вршење дејност, така што кафеанџиите знаат дека може да ги поднесуваат барањата. Според најновиот правилник, Градот ќе им издава на дуќанџиите одобрение за вршење дејност надвор од објектот, а општините - за поставување на урбаната опрема. Поради овие одредби, деновиве градската власт е во преговори со општинските градоначалници. Нивна намера е да се договорат двете одобренија да се издаваат на едно место, во градските служби, со цел на граѓаните да им се заштеди време. Надоместокот Градот потоа би го префрлал во општинските буџети. Општините релативно се согласуваат со нашиот предлог. Веќе имавме состанок со градоначалниците Џорџе Арсов и Коце Трајановски, а денеска ќе се состанеме со Виолета Аларова. Очекуваме позитивен исход од преговорите - велат градските инспектори. Новата Одлука за поставување урбана опрема, Советот на Град Скопје ја усвои во минатиот месец. Најважниот дел од неа се однесува на дејствувањето на инспекторите кон оние субјекти што нема да ги почитуваат правилата. За разлика од порано, кога дејствуваа само општинските инспектори, сега бесправно поставената опрема од јавните површини ќе можат да ја собираат и градските инспектори. Градската власт вети дека сега има овластувања, па сезонава ќе ги отстрани опремите на кафеанџиите од цврста градба како разни шипки, платформи и бесправно поставените натстрешници, кои со години го узурпираат јавниот простор.

Јорданка Ивановска
Фото: Чедомир Ненковиќ

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 13-May-2008 at 18:10
Тешка глупост, само уште еден израз на нивната неспособност да го одржуваат редот.

Освен ако не биде монолитна жардинерија висока барем 2 метри со електрифицирана бодликава жица на врвот незнам како ќе ги спречи кафанџиите да ги служат масите кои фино лепо ќе ги постават од другата страна на жардинериите.

Ако навистина ги постават за брзо време ќе имаме уште еден куп расфрлана, оштетена и демолирана опрема на главните пешачки улици во градот. Bash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Aug-2008 at 11:36
Ова е одлична идеја но незнам зошто хидрауликата би ги спречила говедата што ги демолираат и обичните столпчиња повторно да ги искршат Ohno

ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ОД СЕПТЕМВРИ
Плоштадот со хидраулични столпчиња ќе се брани од коли
Неделава треба да почне монтирањето на две хидраулични столпчиња, едното на влезот на плоштад Македонија кај "Блу кафе", а другото пред паркингот на хотелот "Холидеј ин"

Влезовите кон плоштад Македонија и кон Кеј 13 Ноември неделава треба да се затворат со хидраулични столпчиња за да се спречи влегување на возила на пешачката зона. Градските власти набавиле две хидраулични столпчиња, од кои едното неделава треба да се монтира на влезот на плоштадот кај "Блу кафе", а другото пред паркингот на хотелот "Холидеј ин".
Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во градот, вели дека со овие столпчиња сакаат да го спречат дивото и неовластено влегување на автомобили и мотори на плоштадот и кејот, каде што е дозволен влез само на возилата на полицијата, Брза помош, противпожарни возила, комунални возила, а од 5 до 9 часот наутро и за возила за дотур на стока.
Градските власти најавуваат дека од септември заедно со полицијата ќе прават засилени контроли на тоа кој и како влегува со возила на плоштадот и на кејот. Христовски вели дека не само што на диво се вози по пешачката зона, туку и оние што имаат дозволи ги злоупотребуваат. Кафеанџиите и дуќанџиите кои имаат дозвола за влез на возила за дотур на стока вршат дотур и по дозволениот термин.
"Во некои исклучителни случаи тој рок е пролонгиран до 10 часот наутро, но голем дел од нив ги злоупотребуваат дозволите и дотур на стока вршат напладне, или пак на плоштадот и на кејот влегуваат возила со недозволена тежина. На оние што нема да се придржуваат до правилата ќе им се одземе дозволата за влез на пешачката зона. Поефикасна контрола ќе имаме на тоа кој и кога влегува на плоштадот со електронски картички, кои наскоро ќе ги воведеме", вели Христовски.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155767&idg=8&idb=2452&rubrika=Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 18-Aug-2008 at 14:29
но незнам зошто хидрауликата би ги спречила говедата што ги демолираат и обичните столпчиња повторно да ги искршат
Барем на наведените локации имаат поголеми шанси да преживеат...


Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во градот, вели дека со овие столпчиња сакаат да го спречат дивото и неовластено влегување на автомобили и мотори на плоштадот и кејот


Question   WTF
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 04-Oct-2008 at 14:15
Еве уште едно дежа ву...   Roll%20eyes

Добро е што ги архивиравме статиите на овој начин,

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=54423394B3D0CE488598E16FDB3348C0


Хидраулични столпчиња ќе запрат возење на плоштад

Екипи од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ викендов ќе поставуваат хидраулични столпчиња на влезовите во градскиот плоштад Македонија за да се спречи дивото и неовластено влегување на автомобили и мотори во оваа пешачка зона. На Плоштадот и на Кејот е дозволен влез само на возилата на полицијата, брза помош, противпожарни возила, комунални возила, а од 5 до 9 часот наутро и за возила за дотур на стока.

Илија Мартиновски, директор на ЈП „Улици и патишта“, вели дека пристапот ќе се затвори со две столпчиња - кај „Блу кафе“ и пред паркингот на хотелот „Холидеј ин“.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 04-Oct-2008 at 14:17
LOL значи два месеци поминале од кога последен пат рекле

Originally posted by Vest 18.08.2007

Неделава треба да почне монтирањето на две хидраулични столпчиња, едното на влезот на плоштад Македонија кај "Блу кафе", а другото пред паркингот на хотелот "Холидеј ин"

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 04-Oct-2008 at 14:20
Ова заслужува да се најде во "ложата"под име Грандиозни Зафати!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Oct-2008 at 23:25

Камери ќе ги „ловат“ возилата што ќе поминуваат на плоштадот и на кејот

Ќе се монтираат хидраулични столпчиња на пристапот од кај „Блу кафе“ и пред паркингот на хотелот „Холидеј ин“

Деспина Трајковска

Видеокамери ќе ги снимаат кејот и плоштадот „Македонија“ со цел да бидат регистрирани сите возила кои неовластено возат по јавните површини. Со софтверско решение на надзорот ќе се обезбеди распознавање на табличките на возилата кои ќе поминуваат по пешачките зони, при што видеоснимката ќе може да се искористи како доказ против сторителите. Снимањето на пешачката зона и на плоштадот, всушност, ќе претставува осовременување на системот за спречување влез на возила на јавните површини.

Предвидено е екипи на ЈП „Улици и патишта“ да постават по едно хидраулично столпче на пристапот од кај „Блу кафе“ и пред паркингот на хотелот „Холидеј ин“. Дополнително, ќе се зголеми бројот и на постојните челични столпчиња, а ќе се постават и неколку жардиниери.

„Покрај овој сигурносен систем, паралелно работиме на проект за видеонадзор на плоштадот и на кејот, по примерот на Љубљана, Перуџа, Рим. Тој систем функционира беспрекорно и дава повратни резултати. Проектот е при крај, останува уште да се обезбедат средства за негова реализација“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Град Скопје, изразувајќи верување дека проектот ќе профункционира од идната година.

Според Христовски, хидрауличните столпчиња во комбинација со видеонадзорот на плоштадот и на кејот ќе бидат сигурен систем со кој ќе се спречи дивото и недозволено влегување на автомобили и мотори на јавните површини. Досега, признаваат од Градот, челичните столпчиња не беа доволни за дисциплинирање на несовесните граѓани, а доказ за тоа е и што градските власти досега четири пати поставувале нови обични столпчиња кои биле уништувани.

Инаку, како и досега, пристапот на кејот и на плоштадот ќе им биде дозволен единствено на полицијата, брзата помош, противпожарните и комуналните возила, а од 5 до 9 часот наутро преку пешачките зони ќе можат да минуваат возилата за дотур на стока на околните објекти.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9C6CC4A88A2E944E820714A69B877B34


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 29-Oct-2008 at 13:31

има некој слика од ул.МКД пред да ја реновираат?!

бидејќи нема сеуште посебна тема во проекти или урбанизам, нека оди тука офтопик муабетов:

чуден момент во СК е ул.МКД отсекогаш била невидливо шеталиште, ова е пред се заради пресеците од улици кои ја пркршуваат како баклава, интересна симболика: ТРГНИ-ЗАСТАНИ малку потаму заобиколи и ете не кај крајната цел застанатото време од земјотресот. логиката е сите улици да се соединат на плоштадот, но вака коцкасто скроен плоштадот ми делува повеќе на почетна станица а ако ја насадат жичарата кај рамстор, музејот и навистина ќе биде крајна цел, добро на слегување од водно може да се земе за почеток меѓутоа бидејќи е одсечен од ул.МКД почетокот повеќе ќе личи(симболизира): бркајте - кој пат сакате фатете LOL

за да се постигненекоја целина од ул.МКД мислам дека тука може да се удри со некое радикално решение како надземни пешачки премини, но во тој случај ќе биде премногускриен погледот кон плоштадот. затоа подобро би било да се оди со подвозници за улиците а ул.МКД од крај до крај да биде шеталиште, а кога веќе ја трасирале жичарницата да тргнува од кај рамстор нека ја поместат зад т.е. пред музеј на СК (мала станица) па со карикатури да се испраќаат и дочекуваат луѓето, иако галеријата на остен е заборавена и затворена, сепак има надеж да се рестартира доколку се удри на ваков потфат околу ул.МКД... ми боди очи и тоа кој се смее и што се смее да има на ул/МКД но тоа е веќе друг муабет кој треба да се регулира со некој градски правилник, кој би прецизирал кој се дејности, бои и улични уметници, може и треба да се појава на шеталиштето, така е во секоја метропола негледам зошто не би било и кај нас исто, исто треба некоја регулатива да се воведе за сите надвор што вадат звучници да имаат пуштено едно унифицирано радио, додека внатре секој нека си ја тера како што сака, па логично би било на секоја улица да вози една атмосфера а не илјада звуци, различни децибели, чадори во сите бои, телевизори за спортска итн. итн. 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 29-Oct-2008 at 13:43
Originally posted by beTon

има некој слика од ул.МКД пред да ја реновираат?!

бидејќи нема сеуште посебна тема во проекти или урбанизам, нека оди тука офтопик муабетов:

чуден момент во СК е ул.МКД отсекогаш била невидливо шеталиште, ова е пред се заради пресеците од улици кои ја пркршуваат како баклава, интересна симболика: ТРГНИ-ЗАСТАНИ малку потаму заобиколи и ете не кај крајната цел застанатото време од земјотресот. логиката е сите улици да се соединат на плоштадот, но вака коцкасто скроен плоштадот ми делува повеќе на почетна станица а ако ја насадат жичарата кај рамстор, музејот и навистина ќе биде крајна цел, добро на слегување од водно може да се земе за почеток меѓутоа бидејќи е одсечен од ул.МКД почетокот повеќе ќе личи(симболизира): бркајте - кој пат сакате фатете LOL

за да се постигненекоја целина од ул.МКД мислам дека тука може да се удри со некое радикално решение како надземни пешачки премини, но во тој случај ќе биде премногускриен погледот кон плоштадот. затоа подобро би било да се оди со подвозници за улиците а ул.МКД од крај до крај да биде шеталиште, а кога веќе ја трасирале жичарницата да тргнува од кај рамстор нека ја поместат зад т.е. пред музеј на СК (мала станица) па со карикатури да се испраќаат и дочекуваат луѓето, иако галеријата на остен е заборавена и затворена, сепак има надеж да се рестартира доколку се удри на ваков потфат околу ул.МКД... ми боди очи и тоа кој се смее и што се смее да има на ул/МКД но тоа е веќе друг муабет кој треба да се регулира со некој градски правилник, кој би прецизирал кој се дејности, бои и улични уметници, може и треба да се појава на шеталиштето, така е во секоја метропола негледам зошто не би било и кај нас исто, исто треба некоја регулатива да се воведе за сите надвор што вадат звучници да имаат пуштено едно унифицирано радио, додека внатре секој нека си ја тера како што сака, па логично би било на секоја улица да вози една атмосфера а не илјада звуци, различни децибели, чадори во сите бои, телевизори за спортска итн. итн. 



Ова го имаме дискутирано со ЛСЛ и Кловер (може и Линеа?) на широко уште кога почнуваше форумов само не ми текнува во која нишка. Визијата за ул. Македонија ни е иста со ова што го говориш ти. Уште да ја најдеме изворната дискусија за да ги префрлиме овие постови таму ќе биде супер (најдено префрлено)

Што се однесува до стариот лик на ул. Македонија. Јас имам налетано на интернет на една две слики пред реновирањето само да ги најдам кај ги имам забутано и ќе ги постирам.

Cheers


Edited by pbanks - 29-Oct-2008 at 13:46
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 29-Oct-2008 at 14:42

аха сега ми текна каде сум читал нешто за муабетов Shifty но еден памет, плус некако добив инспирација во фото ул.МКД па и некако таму ми бидна помелозвучно пенкалото, сепак место на постот му е тука. б

па кога веќе ја вративме топката да прашам имало некогаш некакви археолошки сонди на ул.МКД или тој луксуз ќе остане за некое подобро време кога на пример би се работело на денивелацијата на улиците што го сечат шеталиштето. нешто слично беше сторено во БТ но повеќе од безбедносен аспект заради расчистување на шеталиштето од бомби од првата светска војна, кои според муабетите на битолчани е невозможно сите да се исчистат зошто ги има премногу, тие се резултат на тригодишното контиунирано бомбардирање на Битола  во IWW со авиони и артилерија со напалм, разурнувачко и хемиско оружје(бомби) - порта на солунскиот(македонскиот) фронт... после вакво сознание дека шеталиштето никогаш целосно нема да биде изметено од неактивирани проектили шетањето по него е навистина предизвик за секој жив човек Smile а уште повеќе зошто истото шеталиште е и нај живописно и нај раздвижено во Македонија, мислам дека ваков податок е интерсна мамка за туристи кои бараат повеќе адреналин во прошетките LOL па уште да се направат и тури по линијата на фронтот и ете ти еден куп основа за воен туризам, т.е. сведоштво за опустошувањето на Македонија - Битола како дотогашен главен град на Битолскиот вилает...

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 29-Oct-2008 at 14:49
Не сум слушнал за археолошки сонди но ул. Македонија и денешниот центар на Скопје имаат помалку или повеќе никакво историско значење. Улицата е стара нешто повеќе од 100 години и причина зошто градот тргнал во тој правец е железницата. Историјата на Скопје е на други добро познати локации. 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 29-Oct-2008 at 15:05
абе нема врска дали во антиката било СК кај бардовци или во среден век кај кале, сепак во неолит секоја тумба имала живеалиште, а и цела околија има толку културолошки слоеви што не би ме чудело и под оваа улица да излезе нешто но сега е касно, за вакво нешто нормално се пушта да прошета длабински скенер па да се види што и какви слоеви има одоздола, не дека ќе најдеме катакомби или улици како во рим или париз но вреди да се испита бар преку скен сондажа...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 29-Oct-2008 at 15:11
Originally posted by beTon

абе нема врска дали во антиката било СК кај бардовци или во среден век кај кале, сепак во неолит секоја тумба имала живеалиште, а и цела околија има толку културолошки слоеви што не би ме чудело и под оваа улица да излезе нешто но сега е касно, за вакво нешто нормално се пушта да прошета длабински скенер па да се види што и какви слоеви има одоздола, не дека ќе најдеме катакомби или улици како во рим или париз но вреди да се испита бар преку скен сондажа...


те сфаќам ама во случајот барем колку што јас сум читал скопска историја, таму немало никакви живеалишта а и доколку имало тоа биле некои фавели. Градското јадро на Скопје се ширело спрема Чаир а не спрема Водно. Ни во Рим сигурно не прават сондажа на секое место каде што имало колипка, замисли тек на нив каде би им бил крајот со оглед на тоа дека Рим имал над милион жители.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 29-Oct-2008 at 16:47
@ beTon

Ако веќе се водиме по умот на Вангел Божиновски дека имаме 100000 археолошки наоѓалишта и дека тие се буквално на секој чекор, тогаш зошто едно такво евентуално наоѓалиште под улица Македонија би било толку значајно??? Што има да понуди таа евентуална неолитска населба во споредба со другите десетици илјади такви населби кои наводно ги има на територија на државава?


BTW, тој што ти кажал дека за време на првата светска војна Битола била бомбардирана со напалм, прашај го кога бил создаден напалмот Roll%20eyes
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 29-Oct-2008 at 19:31
Губење на време и пари, а и таква современа опрема немаме, освем копање дупки - сонди.
А и таму да има нешто, што не верувам бидејќи мислам дека некогаш коритото на Вардар било во тој реон, земајќи ја длабочината на шњунакот во тој правец, без некој значај
Партизанска беше полна со гробишта, сто се пред МГС и Алуминка

П.С. Напал во 1944 година


Edited by Vladimir P - 29-Oct-2008 at 19:33
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 29-Oct-2008 at 19:35

абе малку ја свртевме на математика, не треба ништо некој простор да нуди за да се испита, а дека во Македонија има археолошко наоѓалиште на секој чекор цел свет го признава тоа, па европската цивилизација е родена тука, нормално и сите поголеми светски војни и сите можни крвници поминале одтука па логично е сите тие да остават некаков белег макар било тоа чешел за коса, инаку дека водно не било активен простор демант е тврдината марково крувче(кули), значи дека од оваа страна на вардар ништо не се случувало воопшто не е точно имало и манастири имало и живот...

ова со ул.МКД го велам повеќе од маркетиншки муабет каде и железо да се констатира дека има под улицата ќе биде нешто како famous by... за рим pbanks мислам дека при секој градежен зафат прават сондажи, т.е. инвеститорот за да добие дозвола за градба треба да приложи доказ дека на местото нема нови неевидентирани остатоци од стариот рим(но ова ми е само начуено)... 

а кло за напалмот карикирав, тоа е цитат книга за БТ каде точната фраза гласи “Битола скоро секој ден била бомбардирана од авиони и артилерија со запаливи, разурнувачки и гасоотровни проектили“, па добро не сум ja врзал за срце историјата на оружјето, инаку напалм е кулминација на тие запаливи бомби кои се користеле во WWI(petrol spray being ignited by an incendiary bomb)...

@VP денес воопшто не се скапи скенерите, ем веќе америте мислам беа или французите им дадоа на археолозите мобилна лабораторија и скенер, па кога може секој втор копач на злато да има профи скенер, државата да не може да си дозволи и подобро и поскапи?!



Edited by beTon - 29-Oct-2008 at 19:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 25-Nov-2008 at 13:27
НОВ ОБИД НА ГРАДОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА

За возилата кои може да влегуваат на Плоштадот Градот ќе подели далечински управувачи за спуштање на столпчињата кои се веќе поставени кај "Холидеј ин" и кај "Лумикс"

Влегување со автомобил на Плоштад Македонија од следниот месец ќе биде можно само преку хидрауличните столпчиња, што Градот веќе ги постави во близина на хотелот "Холидеј ин" и кај новата зграда на "Лумикс". Колите ќе влегуваат само со помош на далечински управувачи со кои ќе се спуштаат столпчињата. Далечински управувачи градските власти ќе им поделат и на полицијата, Брза помош, на Противпожарната бригада и на ЈП"Комунална хигиена", чии возила единствено можат да поминуваат по Плоштадот. Далечински управувачи, како што велат од Градот, ќе им бидат поделени и на кафеанџиите и дуќанџиите, на кои им е дозволено од 5 до 9 часот наутро да вршат дотур на стока.
"При крај е набавката на далечински управувачи за спуштање на хидрауличните столпчиња, преку кои единствено ќе може да се влезе во пешачката зона. Далечински ќе им поделиме на полицијата, на Брза помош, на Противпожарната бригада, на ЈП"Комунална хигиена", а далечински ќе добијат и кафеанџиите и дуќанџиите на кои им е дозволено од 05 до 09 часот наутро да вршат дотур на стока", вели Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај во Градот.
Тој објаснува дека за да може да профункционира посебниот режим за движење на пешачката зона, покрај хидрауличните столпчиња треба да постават и метални столпчиња, за целосно физички да се оневозможи пристапот на возила.
"Метални столпчиња се веќе набавени и даден е налог на ЈП'Улици и патишта' да ги постави. Покрај столпчињата ќе поставиме уште по две бетонски жардиниери. Се надеваме дека конечно ќе ставиме крај на возењето по пешачката зона, бидејќи досега повеќе пати стававме метални столпчиња и разни препреки, но луѓето ги уриваа и повторно влегуваа со автомобили на Плоштадот", вели Христовски.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160080&idg=8&idb=2533&rubrika=Skopje


Очекувајте даљинска на аутопазар за 3 за 100 денара! Маде ин Тајван.

Уште еден патетичен проект! Ќе функционира малце и после ќе отиде у старо железо.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 25-Nov-2008 at 13:38
Абе во Љубљана ваквите столпчиња добро функционираат. Се се сведува на начинот на примена, одржување и казнување. Треба да биде казна за недозволено возење моторно возило на плоштад неколку илјади евра а за кршење и уништување на опремата парична и затворска казна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.