build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 09-Jun-2015 at 09:27
Беровското езеро со нова содржина – пешачка патека


Посетителите на Беровското езеро во иднина ќе можат да уживаат во своите прошетки на новоизградената пешачко – велосипедска патека. Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Берово инвестираа во изградба на патеката, која со својата должина од 1.680 метри го обиколува езерото на потегот од трупот на хидроакумулацијата до објектот на кајакарскиот клуб. Таа е со ширина од 2,5 до 3,5 метри, со осум проширени простори со настрешници, канделабри, павилјони за скара, корпи за отпадоци и клупи за одмор. Долж целата патека е поставено осветлување. Министерството од својот буџет за оваа намена издвои 16 милиони денари.



Градежните работи за изведба на пешачко – велосипедската патека ги реализираше фирмата „Стоименов“ од Кочани. Идејата за проектот беше обелоденета во првата половина од минатата година, а неговата реализација е во функција на натамошен развој на туризмот во беровскиот регион.

http://www.build.mk/?p=44751
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 09-Jun-2015 at 09:30







kurir.mk
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 09-Jun-2015 at 20:34
Кејот во струга (од фб)
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 10-Jun-2015 at 08:32
Општина Охрид сама ќе изработи идејно решение за Кејот „Македонија“

Локалната самоуправа од Охрид самата ќе го определи идниот изглед на Кејот „Македонија“, кој се протега во центарот на градот долж езерото. Неодамнешниот архитектонски Конкурс за избор на идејни решенија заврши неуспешно, a од општина Охрид образложуваат дека доставените авторски трудови од жири – комисијата се отфрлени како мегаломански. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека при изработката на идејното решение за Кејот „Македонија“ ќе се внимава за да не се наруши природниот еко – систем на Охридското езеро.



Од охридската локална самоуправа напоменуваат дека тие во моментов го изработуваат идејниот и основниот проект и по неговото завршување ќе се знае крајната цена на зафатот и кога ќе почне неговата реализација. Општина Охрид го објави Конкурсот за партерно и хортикултурно уредување на Кејот „Македонија“ кон крајот на октомври минатата година.

http://www.build.mk/?p=44785

Edited by jyvation - 10-Jun-2015 at 08:33
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13077
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 13-Jun-2015 at 10:24
Втора фаза од реконструкцијата на градскиот плоштад во Прилеп

Прилепската локална самоуправа склучи договор со фирмата „Кринг – КГ“ од Прилеп за изведба на втората фаза од архитектонското и партерното уредување на плоштадот Методија Андонов – Ченто во центарот на градот. Со целосното комплетирање на проектот се предвидува градскиот плоштад да заземе површина од 8.000 метри квадратни, во чии рамки ќе влезе нова и поголема зелена површина. Партерното уредување подразбира поставување на нови плочки, урбана опрема и осветлување на јавниот простор. Рокот за реализација е една година.



Од локалниот буџет за спроведување на втората фаза од реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов – Ченто се алоцирани 3.396.317 денари. Градежниот зафат за уредување на градскиот плоштад е инициран од општина Прилеп и истиот се одвива веќе речиси четири години.

http://www.build.mk/?p=44850
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 13-Jun-2015 at 16:32
Четирите плоштади ќе бидат готови до есен

Во текот на изминатиот месец градот почна со финалното партерно уредување на плоштадот пред црквата „Пресвета Богородица“



ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
За околу два месеца пред храмот „Пресвета Богородица“ скопјани ќе добијат уште еден уникатен урбан плоштад, каде што ќе можат да се рекреираат и да одмораат. Некогашното место, кое само асоцираше на руина, ќе стане плоштадна површина од околу 5.500 квадратни метри. Последниве месеци интензивно се работи на улицата пред црквата, која досега беше синоним за хаос и страв во ноќните часови.

СЀ ШТО Е ПОЧНАТО МОРА ДА СЕ ЗАВРШИ

Во текот на изминатиот месец градот почна со финално партерно уредување на плоштадот пред црквата „Пресвета Богородица“. Уште пред да почнат со работите беа отстранети некои од дотраените коцки на патот, кои ќе бидат заменети со нови.

- Со овој проект е предвидено да се уреди партерот пред црквата. Ќе се докомплетира урбаната опрема, како што се клупи за седење, канти за отпадоци, чешмички за вода, зеленилото и ќе се постават нова инсталација и осветлување - информираат од градот.

Проектот, во согласност со спроведената постапка за избор на изведувач, ќе го реализира фирмата „Урбанинвест“ и треба да заврши во рок од 60 календарски дена од денот на воведување на изведувачот во работите.

- Вкупната вредност на изведените работи изнесува 29 милиони денари плус данок на додадена вредност. Со реализацијата на овој проект ќе се добие нов плоштад, со површина од околу 5.500 квадратни метри - велат градските власти.

Додека едни со возбуда го очекуваат отворањето на новата урбана површина, други револтирано велат дека градежните работи што се одвиваат низ метрополата претставуваат само пречка за граѓаните што секојдневно брзаат да ги извршуваат своите активности.

Затворената улица кај црквата „Богородица“, според минувачите, го отежнува движењето на пешаците, но сепак велат дека добро е што конечно тој дел од градот ќе се уреди.

- И покрај тоа што целиот тој потег е раскопан, ние не се откажуваме, па минуваме низ правливата улица. Сепак кога веќе нешто е почнато, мора и да се заврши, па ќе бидеме трпеливи. Единствено позитивно е тоа што местото навистина ќе биде убаво уредено и ќе личи на едно посебно катче во центарот на градот - вели Данче Т., редовна посетителка на црквата.

СЕ РАБОТИ УШТЕ НА ТРИ ПЛОШТАДИ

Градежните работи што неколку месеци се одвиваат на плоштадот „Македонија“ сѐ уште се во тек. Изградбата на таканаречената „сува фонтана“, позната како „џампинг џет“, се реализира, а во моментов се работи на формирањето на партерната површина.

- Се работи и на фонтаната, која ќе биде со правоаголна форма, со димензии 20 на десет метри и ќе претставува вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито ќе биде изработена од светлосиви гранитни плочи, со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри - информираат од градот.

Што се однесува до партерот, неговата реконструкција ќе се одвива етапно за да се овозможи непречено движење на пешаците во текот на градежните работи.

- Фиксно оградено градилиште ќе се формира околу просторот за новата површинска фонтана, а другите делови ќе се обновуваат во фази. Покрај овие работи, ќе се работи и на инсталациите и осветлувањето на фонтаната и уредувањето на машинската хала за фонтаната - велат градските власти.

Овој проект чини околу 150 милиони денари, а градежните работи ќе завршат до крајот на летото.
Работите на плоштадот „ВМРО“ се реализираат во согласност со предвидената динамика. Во моментов паралелно се работи на уредувањето на партерот, изградбата на коритото за фонтаната, а ќе се почне и со уредувањето на сервисната сообраќајница, која ќе го поврзува плоштадот со главната улица.

- Улицата ќе има двоен карактер, како пешачки пристап, но ќе може да се пристапува и со моторни возила. Улицата ќе има површина од 1.300 квадратни метри и ќе оди од влезот кај „Палома Бјанка“ до плоштадот - велат од градот.

Градежните активности на плоштадот „Филип Втори“ исто така се во тек. Со проектот ќе се доуредува просторот околу црквата и Музејот на холокаустот на оваа локација.

- Со партерното уредување, целта е да се создаде осмислен отворен простор, оформен како локален плоштад, кој во себе ќе прими различни содржини и ќе стане дел од животите на луѓето што гравитираат во тој дел на градот - информираат градските власти.

Овој простор ќе има три дела. На околу 5.000 квадратни метри ќе се оформат партерни површини со пешачки патеки, ќе се направи зелена површина со ниски и високи садници и ќе има површина со клупи и канти за отпадоци. Целиот простор ќе биде осветлен со јавно осветлување, кое ќе се совпаѓа со осветлувањето на плоштадот „Филип Втори“.

- За овој градежен зафат, цената за изведба на дооформувањето на јавниот простор кај црквата „Св. Димитрија“ изнесува околу 16 милиони денари без данок на додадена вредност - додаваат оттаму.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61215100163&id=14&prilog=0&setIzdanie=23490
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 16-Jun-2015 at 21:46
Ќе се гради плоштад во Бардовци

Плоштад, детско игралиште, поставување урбана опрема и хортикултурно уредување на просторот меѓу улицата 12 и 18 во Бардовци ќе биде приоритетен проект на Општината Kарпош. Со овој проект, како и со уште два, еден за реконструкција на пет, а друг за уште седум улици во Бардовци, Општината ќе конкурира за добивање пари пред Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

- Огласот трае до 15 јуни и ако ни бидат одобрени средства, проектот ќе се реализира. Плоштадот ќе биде кај игралиштето во Бардовци и ќе биде наменет за собирање на жителите. Ќе биде поставена урбана опрема, клупи и чешма - објаснуваат од Општината Kарпош, потенцирајќи дека повеќе информации ќе кажат ако им бидат одобрени средствата.

- Се уште не можеме да дадеме детаљни информации за реконструкција на улиците и плоштадот во Бардовци. Ние аплицираме, а агенцијата потоа одлучува за висината на финансиите - велат од Kарпош.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1225826810/ke-se-gradi-plostad-vo-bardovci
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13077
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 17-Jun-2015 at 09:22
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ОД ВРУТОК ДО ГОСТИВАР



Во близина на болницата во Гостивар започна изградба на модерна пешачка патека која ќе ги направи изворите на Вардар подостапни за туристите.

Според предвиденото, новата патека ќе минува по течението на Вардар, од изворот па сe до градскиот парк со должина од близу десет километри.

Гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, денеска на свеченоста нагласи дека овој проект покрај туристичката компонента ќе им користи и на граѓаните кои се грижат за сопственото здравје.

- Овој проект во значителна мера ќе им помогне на граѓаните да поминуваат повеќе време во природа и да го подбруваат здравјето. Та се работи според високи европски стандарди и ќе биде многу значаен инфрструктурен проект, рече Невзат Бејта градоначалник на општина Гостивар.

Новиот инфраструктурен зафат е дел од првиот проект од ИПА фондовите за прекугранична соработка Македонија - Косово кој започна лани. Неговата вредност изнесува 276 илјади евра. Како партнер на општина Гостивар е косовската општина Драгаш.

Патеката ќе биде комплетно поплочена, со осветлување, одморалишта, видиковец, информативни табли кои ќе им бидат од корист на рекреативците и туристите.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=2756A868FC8CC24F8E6DFCD691470584
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 17-Jun-2015 at 10:35
Нигде не пишува дали патеката ке биде погодна и за велосипеди, што секако би било многу логично. Инаку секоја чест за идеата и почетокот на реализација на истата.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 23-Jun-2015 at 13:52
Кејот во струга при крај
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 28-Jun-2015 at 23:28
Почна санирањето на оштетените гранитни плочки



Почна санирањето на оштетените гранитни плочки. Денеска нови плочки на местото на искршените се поставуваа на улицата „Јосиф Јосифовски“. Со санацијата ќе бидат опфатени и делови со оштетени плочки на плоштадот „Гоце Делчев“.





strumicadenes.mk
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 02-Jul-2015 at 23:49
И во Охрид се следи стилот на „Скопје 2014“?

Декорирани канделабри во златна боја никнаа на новото шеталиште на брегот на Охридското езеро. Идентичното осветлување што се поставува на скопските плоштади изградени преку владиниот проект „Скопје 2014“ започна да се поставува и низ Охрид. Локалната самоуправа деновиве ја привршува изведбата на новата пешачка и велосипедска патека, на потегот од каналот Студенчишта до месноста „Свети Стефан“. Должината на новото шеталиште во моментов изнесува 210 метри, но општина Охрид во наредниот период планира истото да го продолжи кон некогашниот хотел „Парк“.



Новата охридска променада започна да се гради пред четири месеци. Градежните работи ги изведуваат фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевското село Длапкин дол. Општината за овој проект одвои 6.781.307 денари, односно околу 110 илјади евра. Покрај пешаците, идното шеталиште ќе можат да го користат велосипедисти и ролерџии. Деновиве ЈП „Нискоградба“ завршува со бојадисување на асфалтот што е предвиден за велосипедската патека, додека ЈП „Проаква“ ги монтира предвидените фонтани.

Со изведбата на шеталиштето се навлегува во територијата на Студенчишкото блато, кое со патеката физички се одвојува од самото езеро. Екологистите и невладините организации од земјава веќе неколку пати предупредија за опасноста од уништување на блатото со градежните проекти, што е предвидено допрва да се реализираат на овој терен. Имено, на просторот на Студенчишкото блато е зацртано да се гради марина, но и луксузна населба. За да се спречи ваквата изградба, еколошките организации во моментов собираат потписи на петицијата за спас на Охридското езеро.

http://www.build.mk/?p=45192
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 03-Jul-2015 at 08:44
Многу ме интересира како тоа поплочување на веќе постоечка патека (див паркинг) со бекатон, физички го одвојува блатото од езерото ?

Edited by mackomk - 03-Jul-2015 at 09:22
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 05-Jul-2015 at 12:23
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 05-Jul-2015 at 12:31
Originally posted by jyvation



I posle drzavata e kriva. Na vakov neciviliziran narod nisto ne e za pravenje. Ni eden den e e patekata a vednas motorcinja se vozat, pesacite kako zinaet da odat po velosipedskite pateki a velosipedistite po pesackite. CORA, KASHA, SLIKA i PRILIKA za nasiot mentalitet.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 08-Jul-2015 at 13:38
Ќе се менуваат плочките на патеките во Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве врши менување на плочките на патеките меѓу зградите на целата територија на општината, кои што им задаваа проблеми на граѓаните поради вдлабнатини и насобрана вода од дождовите.
-Исто така, на сите критични места како што се влезови во пешачка зона, пристап кон пешачки патеки, тротоари или јавно зеленило, ќе се постават заштитни столпчиња. На тој начин ќе се заштитат овие драгоцени зони за пешаците од непрописно паркирање на возила, а воедно и апелираме на поголема совесност од граѓаните во однос на ова прашање, се вели во соопштението на Општина Аеродром.

http://www.skopjeinfo.mk/opstini/52627289/ke-se-menuvaat-plockite-na-patekite-vo-opstina-aerodrom
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 10-Jul-2015 at 01:50
Ќе се градат уште 420 метри од пешачката патека кон Горица



Градежните зафати на пешачката патека која води до Горица во Охрид ќе продолжат по завршувањето на летната туристичка сезона.

Досега се изградени 210 метри, а од наесен е предвидено да се доизградат уште 420 метри, информира градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пишува OhridNews.

Две третини од средствата се обезбедени од општинскиот буџет, а останатиот дел преку гранд од ИПА програмата, односно проектот за прекугранична соработка .
Наредната година ќе се доизгради и останатиот дел од патеката чија вкупна должина ќе изнесува 1200 метри.

http://www.porta3.mk/kje-se-gradat-ushte-420-metri-od-peshachkata-pateka-kon-gorica/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 12-Jul-2015 at 19:38
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2173
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 17-Jul-2015 at 14:01
Originally posted by jyvation

Ќе се менуваат плочките на патеките во Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве врши менување на плочките на патеките меѓу зградите на целата територија на општината, кои што им задаваа проблеми на граѓаните поради вдлабнатини и насобрана вода од дождовите.
-Исто така, на сите критични места како што се влезови во пешачка зона, пристап кон пешачки патеки, тротоари или јавно зеленило, ќе се постават заштитни столпчиња. На тој начин ќе се заштитат овие драгоцени зони за пешаците од непрописно паркирање на возила, а воедно и апелираме на поголема совесност од граѓаните во однос на ова прашање, се вели во соопштението на Општина Аеродром.

http://www.skopjeinfo.mk/opstini/52627289/ke-se-menuvaat-plockite-na-patekite-vo-opstina-aerodrom


Да направиме некој протест или петиција да не стават сиво-розев(о-жолт) бекатон и тука?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 20-Jul-2015 at 16:09
Opstina Cair
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.