build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 414243
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #841 Posted: 24-Apr-2017 at 05:41
Едноставна, но поубава од предходната
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #842 Posted: 25-May-2017 at 16:08
Пешачка патека околу езерото Преспа. фото: Владо Мисајловски (фб)



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #843 Posted: 05-Jun-2017 at 16:09
ДУПКИ И ИСКРШЕНИ КОЦКИ НА ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ ВО ЦЕНТАР
На Јадран сквер се распаѓаат 500 илјади евра!

Пешачките патеки во строгиот центар на градот реновирани пред само неколку години со 500 илјади евра, пари од буџетот на Општина Центар, веќе се распаѓаат. Причината е во градежните активности што се одвиваат на овој простор. Од Општина Центар велат дека не е нивна туку е обврска на инвеститорот да ги врати во првобитната соостојба. Дотогаш граѓаните најмалку две години ќе пешачат по кал, дупки и по искршени коцки



Пешачките патеки во близина на скверот кај хотел "Јадран" познати и како Јадран сквер иако реновирани пред само неколку години веќе се во распаѓање. Вдлабнатини, дупки со вода, искршени коцки ваква е сликата од овој дел на градот кој се наоѓа во строгиот центар во непосредна близина на плоштад Македонија. Станува збор за две улици едната е "Никола Кљусев", а другата улица "Васил Главинов".



На овој потег се наоѓаат амбасадата на Кралство Шпанија и на Шведска и еден куп бизнис институции, банкари и туристички агенции. Сопствениците на бизнисите велат дека "Јадран сквер# ни одалеку не е повеќе она што беше кога првично се реновираше.

- Иако овој простор кога се реновираше почна да му доликува на централното подрачје за жал сегашнава слика покажува нешто сосема неубаво за гледање. Уличките веќе се вдлабнати, а има доста дупки со вода и изместени коцки. Сликата не е убава и нашите бизнис-партенри кога ги носиме го гледаат тоа, вели еден сопственик на агенција.

Од Општина Центар велат дека причината за вдлабнатините на пешачката зона Јадран сквер како и искршените коцки се градежните зафати што се прават на овој потег. Носејќи градежен материјал влегувајќи со камиони уличките се доведени во ваква состојба. Од општината посочуваат дека инвеститорот што градел и ги оштетил уличките е должен и да ја санира штетата.



- Според правилникот инвеститорот е должен да го врати објектот во правобитната состојба. Ако не ги вратат уличките во состојбата како што биле инвеститорите ќе плаќаат пенали. уште полоша е сликата со улицата кај Италијанска амбасада каде што поради изградба на хотел половина улица е уништена, велат од Општина Центар.

Сепак додека заврши изградбата на објектите граѓаните најмалку две до три години се движат по пропаднати улици, а не се знае и дали улиците ќе бидат вратени во истата состојба како што биле.



"Јадран сквер" беше реновиран во 2012 година во времето на поранешниот градоначалник на Центар. На вкупна површина од 6.000 метри квадратни коловозот беше заменет со коцки, беа изградени тротоари. На целиот сквер беше најавено дека ќе бидат поставени 77 големи мермерни жардиниери, 20 клупи со мали мермерни жардиниери, 54 светлечки столбови со зеленило. Хортикултурното уредување како што тогаш беше најавено опфати формирање на 96 дрвореди, цветни дрва со црвен цвет од видот лагерстроемиа.

Инаку, за реновирање на "Јадран сквер", Општина Центар од буџетот во 2012 година потрошени 32 милиони денари односно околу 520 илјади евра.

http://vecer.mk/skopska/na-jadran-skver-se-raspagjaat-500-iljadi-evra
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #844 Posted: 05-Jun-2017 at 17:35
Вечер? Или се сончогледи како брат им Сител или со ова сакаат да ја префрлат вината на Жерно, наместо на Тинекс во чие време беше изграден овој плоштад. Како и се` од Скопје 2014 и нему сродните проекти, и ова веќе се распаѓа. Барем не е преплатен и изгледа многу убаво, се надевам што поскоро ќе се среди.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11031
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #845 Posted: 05-Jun-2017 at 19:28
Иако „Вечер“ е крајно некредибилен медиум, фотографиите од статијата не се лажни, секој втор ден поминувам оттука и можам да потврдам дека целиот тој простор, што требаше да биде пешачки дел, е во катастрофална состојба.

Истото важи и за пешачката улица „Никола Вапцаров“ во Центар, која сега е претворена во приватен паркинг на неколку возила. И таа е уништена.

Можеби во најкритична состојба е плоштадот „Филип Втори/Карпошово востание“, ќе пробам да сликнам деновиве да видите колку е уништен по само неколку години од обновата.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #846 Posted: 05-Jun-2017 at 20:23
Не се ни посомневав дека се лажни. Обично не се фрлаат големи пари на поплочување „плоштад“ преку кој секојдневно поминуваат градежни возила. Тоа се прави отпосле.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #847 Posted: 05-Jun-2017 at 21:38
Originally posted by Џоле

Пешачка патека околу езерото Преспа. фото: Владо Мисајловски


Прилично фин потег.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 396
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #848 Posted: 12-Jun-2017 at 14:28
До сега требаше Дојран и Преспа да бидат тип-топ средени, а не да се влечат со еден проект многу години и тоа да го нарекуваат развој на туризмот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 644
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #849 Posted: 28-Aug-2017 at 16:30
Во центарот на Демир Капија се оформува нова пешачка зона и притоа се поставуваат нови светилки а се засадуваат и магнолии.Еве неколку фотки од пред 2 дена.





А еве како изгледа делот кој е скоро готов

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 414243

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.