build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 424344
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 52
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #861 Posted: 03-May-2019 at 12:16
Толку ќе биде од дрвава, очекувам да се исушат кога ќе ги вратат, не се пресадуваат дрва откако ќе раззеленат.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 494
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #862 Posted: 11-May-2019 at 19:00
Нови фотки од променадата во Охрид, овојпат преку Охридпрес.цом. Се чини подолга ќе е од тоа што мислев, ја извртија и покрај каналчето пред дискотека Парк.




Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #863 Posted: 12-May-2019 at 17:08
Кога летоска бев во Охрид, ова шеталиште беше доста користено, на моја радост, гледав многу луѓе на велосипеди, луѓе кои пешачеа, кои спортуваа (трчање и слично), така што продолжувањето на патеката дефинитивно е одличен потег.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 494
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #864 Posted: 12-May-2019 at 18:05
Ова шеталиште отсекогаш беше најрелаксирачко и најкористено место за Охриѓани (заедно со кејот). Со изградбата на променадата само се популаризира помеѓу туристите. Истото важи и за реконструкцијата на пешачката патека покрај каналот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2288
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #865 Posted: 31-May-2019 at 12:19
Нов парк во Карпош(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2288
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #866 Posted: 07-Jun-2019 at 07:34
Originally posted by ironm

Нови фотки од променадата во Охрид, овојпат преку Охридпрес.цом. Се чини подолга ќе е од тоа што мислев, ја извртија и покрај каналчето пред дискотека Парк.





од фб





Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #867 Posted: Today at 19:58
ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ЗА КОЛИ И ЌЕ БИДЕ ПЕШАЧКА ЗОНА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Низ центарот на Скопје од наредната година нема да се движат автомобили. Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека во моментов работат на проектот потегот од крстосницата кај Собранието до трговскиот центар „Палома бјанка“ да стане пешачка зона.

„Она што сега го работиме е догодина целосно да се затвори Мал ринг за возила и да стане пешачка зона, како што е секаде во светот. Тој дел ќе добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот ’Жена борец‘ ќе се прошири кон Собранието. Размислуваме единствено на тој простор да се движат автобусите од јавниот превоз. Паралелно ќе се работи на проширување на улицата Даме Груев во булевар. Проблемот со зградата на поранешен ’Макотекс‘ која се наоѓа на самата улица го решаваме. Градот ќе ја откупи зградата и ќе ја урне. Во тој дел ќе има простор и за парк кој ќе биде замена на паркот спроти Стара железничка станица, кој беше уништен заради изградба на зграда од проектот ’Скопје 2014‘“, вели Шилегов.

Есенва Град Скопје ќе почне со уредување на влезот кон Плоштадот Македонија кај триумфалната порта.

„Ќе влеземе во уредување на помали места за да го подигнеме квалитетот на јавниот простор. Влезот кон Плоштад сега е една асфалтна површина што на ништо не личи. До крајот на октомври ќе имаме нов изглед на овој простор кој ќе вклучува и зеленило“, вели Шилегов.

Град Скопје летово работи на реконструкција на десетина улици низ градот. За првпат, како што вели Шилегов, се работи навечер и градежните работи се изведуваат во рекорди рокови, што не било пракса во минатото. За ноќното работење на улиците не се наплаќа повеќе, туку во договорот со изведувачите е предвидено тие да работат 16 часа во текот на денот.

„Она што Градот го направи пред почетокот на оваа градежна сезона, кога ги спроведувавме постапките за јавни набавки, беше условување на изведувачите кои ќе ја добијат работат да се придружуваат на терминот за изведба и градежните работи да се одвиваат најмалку 16 часа. Тоа за прв пат е видливо во нашиот град. Со еден поинаков начин на менаџирање на буџетските средства ги решаваме проблемите на граѓаните. Често зборувам дека не знам што се работело изминатите 30 години, еве сега го повторувам тоа. Градот е финансиски стабилен, немаме нови кредитни задолжувања, а сепак успеваме да реализираме подобрување на инфраструктура. Ако се одвојат 15-20 отсто од буџетот, што е околу 10 милиони евра, се завршуваат голем број инфраструктурни проекти. Тогаш стварно се прашувам на што се трошеле парите порано?“, вели Шилегов.

СДК

Edited by <Fresno> - Today at 19:59
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 424344

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.