build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центар на Галичица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ски центар на Галичица
    Posted: 27-Mar-2012 at 01:09
Предходно дебитирана тема во други нишки.
Сега и официално стигна до влада.
Ако мислите дека не е содветно место за оваа тема преферлетеја не сум сигурен дека има нишка за овај проект.
 
Државата ќе ја поддржи иницијативата за изградба на ски центар на Галичица
Владата ќе ја поддржи иницијативата на Хотелската асоцијација на Македонија -ХОТАМ за изградба на скијачки центар на планината Галичица.



Според проектот за изградба на зимски туристички центар изготвен во 2006 година, почетната инвестиција изнесува 2,8 милиони евра, со која се предвидува изградба на прифатен скијачки центар со потребната инфраструктура, како и три монтажни ресторани.

Владата го задолжило Министерствиото за економија заедно со ХОТАМ да ги разгледа можностите за реализација на проектот, кој според проценките на експертите ќе ја продолжи туристичката сезона во Охрид за повеќе од два месеца. Дополнителен адут за изградба на ски центар на Галичица која располага со голем природен потенцијал, е и близината на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Во среда во Охрид ќе се одржи состанок на членовите на ХОТАМ, на кој ќе се разговара за проектот за изградба на ски центар на Галичица.

На планината Галичица во 70-те години од минатиот век постоеше стар сместувачки капацитет со околу 120 легла. Во тој период беа поставени два ски лифтови и беше изградена ски-патеката на која во викенди имаше и до илјада посетители. Кон крајот на седумдесетите години тогашните власти го одобриле Основниот урбанистички план за изградба на Спортско-рекреативен центар на Галичица, но иницијативата замре поради еден немил настан кога изгоре бараката на феријалниот сојуз.

Кон падините на Галичица каде е предвидено да се гради ски центарот води стар пат изграден во средината од минатиот век кој со децении не се одржува во зима.

OhridNews


Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Mar-2012 at 01:16

Реалност или пуста желба, ски центар на Галичица

20 Јануари 2012. Објавено во Охрид

np%20GalicicaОхридскиот градоначалник Александар Петрески не се откажува од идејата на Галичица да се изгради рекреативен зимски центар. Оваа идеја со години е само пуста желба на политичарите и охриѓани и никако да стане реалност.
Зимскиот центар на Галичица може многу лесно и брзо да се направи, вели Петрески. Општината нема ингеренции, ама верувам дека државата не би имала ништо против за 12 месеци туристичка сезона во Охрид. Од реализацијата на оваа дамнешна идеа, полза би имале сите субјекти, нагласува Петрески, и градот и државата.
np%20GalicicaЗа изградба на ски жичара, Петрески, покрај апелот до домашните фактори за реализација на оваа идеја, се повикува и на пријателите на градот, пред се на збратимените градови. Тој потсетува дека поминале повеќе години од зачетокот на оваа идеа ама се останало само на празни зборови.
„Можеби ќе поминат и 10 до 15 години, толку долго во јавноста се споменува изградба на ски центар на Галичица, но без ефект. Дојде и Бојан Крижај и други скијачки имиња ама се остана без реализација. Сето тоа може да го направиме со помош на збратимените градови Марибор од Словенија и Синаја од Романија кои имаат вакви центри и со заеднички проекти од Европската унија можат да ни помогнат да изградиме и ние ски центар“, вели Петрески.
Градоначалникот ги повикува ресорните министерства кои имаат ингеренции за спроведување на оваа идеа, истата конечно да стане реалност. Не е важно чија е идејата, важно е сите да имаат корист и да се отворат во градот што повеќе работни места, потенцира Петрески.

 
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Mar-2012 at 01:20
Иницијатива за современа жичарница на Галичица

Од хотелот Десарет до излетничкото место Корита на планината Галичица охридскиот градоначалник Петревски размислува да постави жичарница...

Жичарницата која би била со должина од 6 километри ќе биде донација од словенечкиот ски центар Марибор. Веќе се договорени и конкретни активности бидејќи Петревски за само две недели два пати беше во Марибор.

„Словенија, Швајцарија и Италија често ги менуваа жичарниците. На пример, исправна жичарница која е едносед ја менуваат за да постават двосед или тросед. Ние со помош на градот Марибор со заеднички таков проект планираме да донесеме исправна користена жичара која би служела 10-тина години додека не направиме друга, посовремена. Нам сега не ни треба толку современа жичара колку што е во Швајцарија, нам ни е важно жичарата да биде исправна и да може да функционира“, рече Петрески.

Добрите познавачи на состојбите велат дека на Галичица има услови за развој на зимскиот туризам. Снег на Галичица има од ноември до мај, а планината располага и со одлични скијачки патеки. Охриѓани во минатото овде редовно одеа на скијање сѐ до оној момент кога надлежните институции патот кој води кон планината почнаа да го затвораат во текот на зимата. Поради близината со градот и овдешните хотели, на Галичица нема потреба од изградба на сместувачки капацитети. Единствено со изградба на соодветна инфраструктура, во Охрид туристи ќе има преку цела година.

„Нам на Гличица не ни требаат градби како што се хотели и одморалишта, такви објекти имаме на крајбрежјето и истите ќе можат да се користат за сместување на туристите. На планина ќе треба да се изградат само неколку монтажни објекти, во кои ќе бидат сместени неколку простории за преслекување и угостителски објект, каде што ќе можат туристите да се напијат чај или да ручаат. Тука треба сите институции да настапиме. Интерес и на државата е да се направи на Галичица зимско рекреативен центар“, додава Петрески.

“Галичица е доста интересна. Но, има еден проблем бидеќи Галичица е Национален парк. Сите желби и интерси доаѓаат во директен судир бидејќи тоа е специфично подрачје. Мислам дека во догледно време нема да се најде некој соодветен инвеститор.Таму интересно е за забава рекреација и скијање. Но, патот е лош, нема жичарница, така што Галичица не може да оди напред“, смета Јонче Трајковски сопственик на агнеција за недвижности.

Португалската компанија ‘Аквапура’, која требаше да ја гради елитната туристичка наслеба во Отешево, најави дека ќе инвестира и во изградба на ски центар на Галичица, но за сега нема ништо од најавеното. Од министерството за економија пак, пред извесно време беше најавено дека државата има намера да ја реактивира Галичица, да се обноват скијачките центри и да се отвори можност за гостите од Преспа и од Охрид со организиран превоз да го посетуваат местото. За сега ниту од тоа нема ништо. Во делот кај Отешево пред три децении почнаа активности за поставување на ски лифт. Но, од таквите желби остана само железото.

Автор: М.Т.
Извор: АлСат-М
 
http://prespana.com.mk/prespa/turizam/1157-zicarnica-galicica.html


Edited by Goran - 27-Mar-2012 at 01:49
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Mar-2012 at 09:39
Сериозноста на овие најави паѓа во вода, кога ќе се слушне планираниот буџет. Со 2,8 милиони евра едвај ќе го средат патот, можеби 1 жичара и 1 стаза. Каде се ратраци, паркинг, резервоари за вода, ресторани....уште 8 жичари и 5 ски лифти. По мене ако имаат такви амбиции треба барем 10 пати да го зголемат планираниот буџет.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Mar-2012 at 12:28
Вајда затоа пишале „почетна инвестиција“.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Mar-2012 at 02:23
Обновено: ХОТАМ ја поддржа идејата за изградба на Ски центар на Галичица
Охридските хотелиери на состанокот што се одржа денеска во хотелот „Два Бисера“ ја поддржаа идејата за изградба на ски центар на планината Галичица.



По постигнувањето на консензусот за поддршка на идејата, следат активности околу самата реализција, за што неопходна е соработка со институциите.

Идејата, велат од ХОТАМ, е поддржана од страна на Владата, а комуникацијата се одвива преку Министерството за економија кое заедно со хотелиерите ќе ги разгледа можностите за реализација на проектот, кој според проценките на експертите ќе ја продолжи туристичката сезона во Охрид за повеќе од два месеца. Дополнителен адут за изградба на ски центар на Галичица, која располага со голем природен потенцијал, е и близината на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

- Заинтересирани сме за изградба на ски центар на Галичица, од што бенефит ќе имаат сите жители од Охридско-преспанскиот регион, а поддршка очекуваме и од општината Струга, која верувам ќе се приклучи кон иницијативата, истакна Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.

Проектот за изградба на ски центар на Галичица првично е изработен во седумдесетите години од минатиот век, а е реафирмиран од ХОТАМ во 2006 година. Со него се предвидува изградба на ски патеки во должина од околу 12 километри, ски лифтови, прифатен центар и неколку монтажни ресторани, без притоа да се загрози животната средина, односно бројните ендемски видови флора и фауна со кои изобилува Националниот парк Галичица.

Според најавите се очекува надлежните институција да изготват студија за влијанието на проектот врз животната средина, по што ќе биде распишан тендер за реализација на проектот, кој се проценува дека ќе чини повеќе милиони евра.

 

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=40440

Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 404
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Mar-2012 at 09:50
Vo postoeckive Ski Centri vo sred zima preku nedela nema zivo pile, noviov od kade ke donese skijaci ne e jasno. Bidejki e daleku od Skopje nema da ima nitu za vikendite posetiteli, a normalno sekoe gradce bi sakalo da ima turisti i da profitira od toa.
HOTAM hotejlerite planiraat hotelskite kapaciteti zimoska da ne im se prazni i od nivna gledna tocka super bi bilo , kolku luge da dojdat bolje nego ic. No za da nekoj ide na vikend skijanje vo Ohrid imajki Mavrovo, i Sapka tesko!!
ps: Letoska od Skopje mora da se patuva vo Ohrid bidejki nema drugo ezero poblisku, no zimoska da se patuva do ohrid potesko...

Edited by Portal - 29-Mar-2012 at 10:00
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 814
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Mar-2012 at 10:26
Originally posted by Portal

Vo postoeckive Ski Centri vo sred zima preku nedela nema zivo pile, noviov od kade ke donese skijaci ne e jasno. Bidejki e daleku od Skopje nema da ima nitu za vikendite posetiteli, a normalno sekoe gradce bi sakalo da ima turisti i da profitira od toa.
HOTAM hotejlerite planiraat hotelskite kapaciteti zimoska da ne im se prazni i od nivna gledna tocka super bi bilo , kolku luge da dojdat bolje nego ic. No za da nekoj ide na vikend skijanje vo Ohrid imajki Mavrovo, i Sapka tesko!!
ps: Letoska od Skopje mora da se patuva vo Ohrid bidejki nema drugo ezero poblisku, no zimoska da se patuva do ohrid potesko...


Башка што во зима до шапка нема превои, ни до маврово а до охрид два кои ако малку повече падне снег се затворени.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Mar-2012 at 10:59
Јас на хотелиерите не би им дозволил да градат ски-центар на Галичица, не им верувам, гледајќи какви хотелчиња испоградија на првата линија од брегот на езерото во Охрид, но и воопшто низ целиот Охрид, мене ме фаќа страв што ќе бидне со целокупната природа на ова место. Ако добро забележувате, над музејот на вода во Градиште веќе има испоградено викендички, замислете што би било тогаш со нив, со пештанци, кои и така имаат земјиште околу Градиште од минатото, па ќе сакаат и они да градат, а да не говориме за целокупната инфраструктура што ќе треба да се направи до самиот ски центар (пат, водовод, одвод, струја). Не мислам дека сето тоа не би остварило трага врз биодиверзитетот во националниот парк.
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Apr-2012 at 01:03
Ги оправија другите ски центри па сега нови ќе градат,оф мори мајкооооооо

Edited by Block - 01-Apr-2012 at 01:04
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Apr-2012 at 03:16

Овај прокет му давам добра тежина од економски аспект.

Но за највените инвестиции се многу малку за да се направи нешто на европски или регионален зимски туризам.
За да се оставари планираното треба многу поголема инвестицја него предходно најавената.
Како нај основно патот кон Св Наум целосно да се обновви . Патот кон Отешево преку Галицица да се прошири.
Да се изгради жичара слична како на водно поделена на два дела жичара од над Градиште до местото копанки од тука до поднозјето на скијачките патеки.
Исто на овие места да има големи паркингзи.
А од таму ски лифтови.
На копанки можи да се изгради мал луксузен хотел
А на подножјето од скијачките патеки мал хотел со придружни објекти ресторани кафетерии
А исто на врвот од скијачките патеки можи да има и неколку помали објекти во угостителска намена. 
Овие капацитети мозат да се искористат и на лето.
Луге би платиле пари за тој поглед и на лето и зима.
На лето ноќеваш на планина преку ден на плажа таква понуда никој нема низ европа
Од економски аспект хотелите ке работат преку цела година.
Лето летен туризам.
Пролет Есен планиски спортско рекративен и клутурно историски религиозен туризам.
На зима зимски.
Охридскиот аеродром е во близина .
Со ниско буѓетни комании можат да се нудат поволни аражмани.
Од економски аспект понудата можи да биди многу поконкуретна затоа што објектите нема да зивеат само од 60 дена туристичка сезона
Како секоје друго туристичко место во европа
Природата ни дала само да го знаеме да го искоритиме а во исто да го заштитиме.


Edited by Goran - 05-Apr-2012 at 03:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Apr-2012 at 00:18
Дали некој скијал, или знае нешто повеќе за постоечкиот ски-центар на Галичица, од страната на Отешево? Има ли тој некаков посериозен потенцијал?
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Aug-2012 at 05:55
Помрдната од мртва точка иницијативата за ски – центар на Галичица

Поглед%20на%20Галичица%20од%20Охридското%20езероМакедонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денеска објави оглас за избор на заинтересирани субјекти за изработка на физибилити студија и мастер план за развој и изградба на скијачки центар во Националниот парк Галичица. Преку подготовка на документите ќе се утврди можноста за реализација на долгонајавуваниот проект, како и потребните финансиски средства што ќе треба да се инвестираат во претворањето на Охрид во зимски туристички центар. За реализација на замислата од исклучително значење ќе биде студијата за оценување на влијанието врз животната средина, за чија изработка допрва треба да се објави тендер и со која ќе се определи степенот на опасност за ендемскиот растителен и животински свет при евентуалната изградба на ски – центарот.

Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) и охридскиот градоначалник Александар Петрески во неколку наврати излегоа со свои идеи и предлози за остварување на оваа инвестиција. Хотелиерите сметаат дека зимскиот туризам може да се развие преку изградба на скијачки центар со девет патеки за посетителите во должина од 12 километри, пет ски – лифта во должина од 4,5 километри и два објекти од цврста градба, при што во целокупниот зафат би се вложиле 2,86 милиони евра. Градоначалникот Петрески во текот на март годинава излезе во јавноста со иницијатива за изградба на жичарница од хотелот „Десарет“ до излетничкото место Корита во должина од 6 километри. Македонската влада се изјасни дека најпрвин треба да се изготви потребната документација за овој проект, а потоа да се избере најповолен понудувач кој би го градел ски – центарот.



#
Објавено на 07.08.2012 во категорија Вести.

Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Dec-2012 at 11:36
Хрвати и Канаѓани ќе не советуваат за ски – центарот Галичица

Долгогодишната иницијатива за изградба на скијачки центар на падините на планината Галичица повторно заживува. Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) склучи договор со хрватската „Хорват и Хорват Консалтинг“ (Horwath & Horwath Consulting) и со „Екосајн Маунтин Ризорт Планерс“ (Ecosign Mountain Resort Planners Ltd.) од Канада, за изработка на физибилити студија и на мастер план за развој и изградба на скијачки центар во Националниот парк „Галичица“. Загребските консултанти ќе работат на документацијата со која ќе се утврди можноста за реализација на идејата за ски – центар на Галичица и максимално искористување на хотелските капацитети долж охридското крајбрежје. Физибилити студијата ќе даде одговор на прашањето за висината на финансиските средства што треба да се вложат во проектот, но и на тоа дали истата би била исплатлива. Со овие неопходни документи ќе се утврди локацијата на идните скијачки патеки и најповолните опции за изградба на ски – лифтови.





Вредноста на потпишаниот договор со хрватските консултанти изнесува 14.151.150 денари или околу 230 илјади евра. За изготвување на физибилити студијата и на мастер планот ќе бидат потребни 18 месеци, а детални информации околу евентуалната изградба на скијачкиот центар би се знаеле најдоцна до почетокот на 2014 година. Досегашните идеи предвидуваа изведба на скијачки патеки на падините на планината, изградба на ски – лифтови за посетителите, но и на објекти од цврста градба, како што се ресторани и останати угостителски капацитети. Со остварувањето на проектот би се овозможил развиток на зимскиот туризам и продолжување на туристичката сезона во охридскиот регион. Од суштинска важност за неговата реализација ќе биде и проценката на влијанието на идниот ски – центар врз растителниот и животинскиот свет во Националниот парк „Галичица“.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Jul-2013 at 11:52
Во тек е изработка на физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица
Во тек е израбоотка на физибилити студија за можностите и потенцијалите за изградба на скијачки центар на планината Галичица, информира градоначалникот Никола Бакрачески.

Студијата е финансирана од страна на акционерското друштво МЕПСО, а се изработува од страна на консултантски куќи од Канада.

- Доколку физибилити студијата, односно мастер планот ,покаже дека  има економска оправданост ќе пристапиме кон реализација на овој проект, кој јас лично сметам дека револуционерно  ќе ја промени туристичката стратегија на градот Охрид не само во текот на летната сезона, туку и во  зимската сезона  и во текот на целата година, истакна градоначалникот Бакрачески.

Проектот за изградба на скијачки центар на Галичица беше на дневен ред и на втората седница на Локалниот економски совет. Како што рече градоначалникот Бакрачески, целта е да се чуе мислењето на членовите на советот околу развојот на мега проектот. 


http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=58134
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 29-Jan-2014 at 17:08

Над Градиште ќе се гради ски центарот на Галичица со 15 килиметри скијачки патеки

Просторот над Градиште ќе биде локацијата каде што ќе се гради Скијачкиот центар на Галичица. Од овде ќе тргнува и главната гондола, а ќе има и 15 километри скијачки патеки.

Заврши тендерот за изработка на физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица од страна на една од најреномираните куќи за изградба на ски центри Екосигн Маунтаин Рисорт Планерс од Канада, а канаѓаните имаат обврска да ја завршат и изработката на мастер планот до крајот на месец април потврди Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

„Таа студија покажа дека е изводливо да се изгради скијачки центар на Галичица. Беа посочени неколку локации по што се избра најдобрата локација каде би се изградиле скијачките патеки.Се пристапи кон изработка и на мастер план односно на основен проект кој го работи истата фирма“, рече Бакрачески.

Веќе е формиран тим кој ќе работи на промоција на овој скијачки центар и во исто време ќе ја следи целата реалзиација на овој проект. Тендерот за издавање на Галичица под концесија се очекува да биде објавен после месец јуни.

„Деновиве ќе биде објавен оглас за пројавување на јавен интерес за овој скијачи центар кој ќе трае до почетокот на месец јуни, по што ќе биде објавен и тендер за издавње под концесија на овој скијачки центар. Во неговата промоција ќе бидат вклучени и нашите еконосмки промотори низ целиот свет“, рече Бакрачески.

На Галичица во делот на Отешево се уште постојат остатоци од металните конструкции од жичарницата поставена во 80-те години но која никогаш не профункционирала. Но Охриѓани во тој период со задоволство оделе на Галичица на скијање пред се поради условите и долгиот период на задржување на снегот.

http://a1on.mk/wordpress/archives/274577

Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Jan-2014 at 19:06
Ме интересираше какви се тие остатоци од старата жичара, еве што најдов по интернетов.


извор:Глобус
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Jan-2014 at 22:12
Ова вака на прв поглед изгледа функционално.Треба едно фарбање и да се смени сајлата.

Edited by jyvation - 29-Jan-2014 at 22:15
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Jan-2014 at 23:04
Дај не зезај, 30 години е стара конструкцијава,којзнае дали сите стубови стојат, на вакво нешто макар и со нова сајла, јас не би се испробал
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Jan-2014 at 23:20


Пристапниот пат кон некогаш изградените објекти (имало и детско одморалиште тука и некаде над Трпејца) и негде во правец СЗ и планираната жичара.

Веројатно постојат услови и на двете страни од регионалниот пат - северно кон некогашниот план


и јужно, кон врвот Магаро
Извор:mkdmount.org

И една доста песимистичка прогноза од читател на ohridnews.com

•Отешево е скијачки центар изграден на планината Галичица на југо – источната падина кон врвот Лако Сигној, а другиот дел од овој ски центар е на спротивната страна или поточно на југо – западната падина кон врвот Томорос. На надморска висина на почетна точка од 1480 м и највисока завршна точка од 1900 м. Овој проект со ваква позиционираност на патеките е осуден на пропаст уште во самиот почеток. Некој ќе праша зошто? Затоа што, да се изгради скијачки центар на јужна падина која е изложена на сонце во текот на целиот ден е апсурд.

Еве ќе кажеме во ред, изграден е и ајде некако да смогнеме сили и да го вратиме во сиот свој сјај. Како? Кога планината Галичица по својот состав е варовничка планина на која има само неколку извори со вода кои се на растојание од 20 кл. За еден ски центар да функционира потребно е истиот да има соодветна водоводна и електрична инсталација. Дали сте се запрашале што се случува со електричната инсталација која го снабдува овој ски центар. Сите кабли, трансформатории, бандери, далеководи и сл. се оставени на милост и немилост на луѓето кои ги користат овие ресурси само за да стигнат до парче леб. Без водоводна инсталација, нема топови кои ќе произведуваат вештачки снег. Во овој дел повторно би ги напоменал и временските услови како клучен фактор за тие топови да можат да функционираат, потребни се минимални услови за работа: температура под -2 и нормално вода која на Галичица ја нема.

Ете затоа денес овој „ски центар“ може да послужи само како одпад во некој од откупните центри за старо железо.


                 
•Стрежево е скијачки центар изграден на планината Баба во близина на селото Нижеполе на југо – западната падина. На надморска висина на почетна точка од 1310 м и највисока завршна точка од 1600 м. Како и претходниот на Галичица така и овој ски центар е граден со иста цел.

За разлика од проектантите или консултантската куќа кои го работеле проектот за Галичица, овие кои го работеле овој проект за ски центарот на Стрежево се погрижиле и помислиле и на тоа дека потребна им е вода и струја. Но за жал временските услови, поточно сонцето си го прави своето.
Денес овој „ски центар“ со само два ски лифта ја има истата функција како и претходниот.
Во прилог и линк од видео на You tube за тоа како изгледа скијање на една од стазите во ски центарот – Стрежево. Ако ова за некој е скијање во скијачки центар!!!!! Жално

•Кожув е ски центар изграден како идеја на еден локалн бизнисмен од Гевгелија. Но за жал и таа идеја за ски центар, изграден на идеална падина, со идеални услови за градба на стази е изложен на пропаст. Огромни долгови кон ЕВН – Македонија и персоналот кој работи во ски Кожув.
Овој ски центар има се што е потребно за истиот да функционира: вода, нов пат, поволна клима, струја и одлично хотелско сместување во Гевгелија, од каде за максимум 1 час луѓето пристигаат до ски центарот. Но немањето на стратешки план, во кој точно ќе се знае каде и како ќе се трошат парите си го прави своето.

Излетничките места Корита и Коритски Рид /на(д) регионалниот пат Отешево - Трпејца) и Јадера (над Градиште)





Планинска куќа локалитет Асан Џура (1470мнв)


Ова е мапа на патеки за планински велосипедизам, обележани се и ‘ски терените‘
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.