build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центар на Галичица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Jan-2014 at 02:25
Една од најреномираните канадски куќи за градење скијачки центри ја изработи физибилити студијата за изводливост на изградба на скијачки центар на Галичица, кој освен во зима, би служел за сместување на голем број гости и во текот на летниот период.



Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека изработената студија покажала оправданост од реализацијата на проектот , при што меѓу неколкуте посочени соодветни локации за изградба бил избран просторот над Градиште, од каде би поаѓала главната гондола од жичарата. Пристапено е и кон изработка на основен проект кој според обврските од договорот, канадската компанија треба да го заврши до крајот на април. Во соработка со владата, формиран е и тим кој ќе работи на промоција на центарот и кој ќе ја следи реализицијата на проектот.



- Во моментов се работи на објавување на оглас за пројавување на јавен интерес при што ќе се вклучени и економските промотори на владата кои ќе вршат промоција на скијачкиот центар до потенцијалните инвеститори во светот. Огласот ќе трае до крајот на мај, односно почетокот на јуни годинава и веднаш потоа би требало да се распише тендер за издавање под концесија на зимскиот центар за оние кои ќе пројават јавен интерес да инвестираат, изјави градоначалникот.

Современиот скијачки центар ќе содржи 15 километри долги стази. Од локалната самоуправа изразуваат надеж дека со својата уникатна природа и условите што ќе ги нуди со поглед на двете езера, ќе биде еден од најатрактивните центри во регионот .


Т.К.
http://www.ohridnews.com/vesti/65254
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Jan-2014 at 15:01

Па нели некоја си реномирана канадска компанија ја правела студијата, би било неверојатно да не ги земала предвид сите овие факти (јужна страна, вода, струја и сл.), а да излезе со став дела проектот е изводлив.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-Feb-2014 at 01:10
Мислам дека доколку би се изградил, ски центарот Галичица би бил еден од поатрактивните на Балканот со оглед на близината на двете езера и градот Охрид.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Feb-2014 at 14:34
Super ideja, ski centar na prekrasna planina koj ke go zazivee ohrid I zime. Bravo
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 01-Feb-2014 at 23:57
Дали некој од вас го возел патот до Велестово и дали знаете каква руина е тое? Камо ли па до самиот врв. Па во последните педесте години не успејаа да изградат нормален пат до св. Наум, а камо ли до некојси илузорен скијачки центар (нешто од типот на Кожуф), илузија и фантазија за жал. Требаат околу 300 милион евра за вакво нешто.
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 02-Feb-2014 at 00:40
Previous Не е до патот, мене појќе ме интересираат природните услови ако се гради, надмораската висина на ски-центарот, преку зима колку снег врне, колку се задржува.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 404
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 02-Feb-2014 at 19:05
Originally posted by bob39

Дали некој од вас го возел патот до Велестово и дали знаете каква руина е тое? Камо ли па до самиот врв. Па во последните педесте години не успејаа да изградат нормален пат до св. Наум, а камо ли до некојси илузорен скијачки центар (нешто од типот на Кожуф), илузија и фантазија за жал. Требаат околу 300 милион евра за вакво нешто.


ne se problem parite, niF gi nemamee... sapka koja raboti maksimalno pa e raskantana so zargani zicari I tormozecki tanjiri ne uspevaat da napravat nisto a oni novi sFetski centri ke praeleee... mozat samo da pravat elaborate I da frlaat parii
ps: tolku im secee, samo nesto dase ukrade...
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 02-Feb-2014 at 19:17
Originally posted by bob39

Дали некој од вас го возел патот до Велестово и дали знаете каква руина е тое? Камо ли па до самиот врв. Па во последните педесте години не успејаа да изградат нормален пат до св. Наум, а камо ли до некојси илузорен скијачки центар (нешто од типот на Кожуф), илузија и фантазија за жал. Требаат околу 300 милион евра за вакво нешто.



Ако има гондола за нагоре што ќе трга од Градиште, патот за разлика од Кожуф нема да е проблем
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 12-Feb-2014 at 20:10
Originally posted by Dragan

Previous Не е до патот, мене појќе ме интересираат природните услови ако се гради, надмораската висина на ски-центарот, преку зима колку снег врне, колку се задржува.


Скоро редовно снегот е задржан од Ноември до Мај, со многу ретки исклучоци, климата е за 360 степени различна од Охрид и брегот.Поради ова и патот преку Галичица - спојот меѓу Преспанско и Охридско е затворен зза сообраќај.

Еве нешто свежо:



И едно ВИДЕО од викендов.Со забелешка дека ова е редок период со малку снег на Галичица.

Edited by Тркало - 12-Feb-2014 at 20:11
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-Feb-2014 at 09:11
Јас сум против да се гради зимски центар на Галичица. Снег нема од Ноември до Мај! Тоа не е снег за скијање, тоа е водест снег, тенок слој и во крпи. А во студии од некакви компании не верувам, нека се објави во јавноста па да видиме. со колкава посета они калкулираат, колку км патеки се проектирани, колкава сезона се очекува и тн? На Галичица имаше зимски центар, може секој да види каква е нивната судбина.... Нов центар само ќе ја уништи Галичица и нема да ја продолжи туристичката сезона во Охрид. Тоа е мит. Ако градоначалникот сака да го подобри туризмот нека се сврти на пример, кон здравствениот туризам, тој е во таа бранша, или религиозен има повеќе можности но зимски туризам во Охрид?
Дали Кораб на работи? И за тој центар се кажуваа прикаски, па на крај ништо. Јас го сакам Охрид, ја сакам Галичица, затоа НЕ за зимски центар
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Feb-2014 at 20:06
За квалитетот на снегот не знам, а дека е тука во тој период сигурно.На Галичица немало зимски центар, туку една жичара која не профункционирала нормално поради менталитет.
Секако дека се потребни бројки, ама реално во ова општество работите одат поинаку.Имаме сличен план и за Водно , а од друга страна и Кожуф каде почетокот не е ветувачки, поради инфраструктурата, ама потребна е некоја година да видиме како би било.Ако веќе запнале да градат, прво нека најдат озбилен инвеститор,а и да размислат за влијанието на живиот свет во националниот парк.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 14-Feb-2014 at 08:32
Обратно треба, прво да размислат за влијанието врз живиот свет, па после да планираат, па да најдат озбилен инвеститор, кого никогаш нема да го најдат, бидејќи оваа работа воопшто не е озбилна. Таа жичара на профукционира не заради “менталитетот“ туку заради тоа што не се исплати. За да успее овој “проект“ треба да се изградат уште патишта, да се изгради жичара, да се постават водени топови за вештачки снег, пошто без нив нема вистински ски центар, да се донесе струја, вода, да се купи ратрак, да се изградат хотелски капацитети (а верувам дека и зато се запнати да градат “скијачки центар“ - за да направат куќи и хациенди горе кои сега не можат пошто е заштитено подрачје). Од акде пари за таква инвестиција?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 17-Feb-2014 at 22:06
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 17-Feb-2014 at 23:26
Па овде имало бајаги за скијање... погледот од горе додека се спушташ е перверзија!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Feb-2014 at 23:52
Од тоа што го гледам од клипот врвот на кој скијат „плаче„ за скијачки центар. Со таков поглед не верувам дека има многу центри во светот. Згоре на се на пистите не им се потребни некој огромни зафати, а и супер би било ако се направи како што е најавено жичарницата да почнува од поднжието со што би се избегнал сообраќај и поголема врева на врвот.  Тие што се противат навистина не ми е јасно во што е проблемот, ако се знае дека на секаде во Европа има помали скијачки центри и тоа во национални паркови. За Шварцвалд во Германија можам да потврдам дека има на секое ќоше можности за скијање и тоа во делови каде што планината е национален парк. 
Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 18-Feb-2014 at 01:37
Mavrovo propadna,Sapka propadna,Kozuv uste neizgraden propadna,a ovde se diskutira za nov skijacki centar?Na Kutuzin ne mu e jasno kaj bil problemot?Problemot e sto imas pari za gumi,a sakas da kupis kola,toa e problemot.
Za da se napravi ski-centar e potrebna seriozna studija,minimum 15 godiniprateenje na sostojbite i vremenskite uslovi,samo nasive seljacista "gradat" od denes za utre.A nisto i ne gradat.Samo lupetaat i pravat planovi na koi se palat lekoverni i partiski vojnici.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 18-Feb-2014 at 02:49
Спиридон намали малку со хејтањето гледам дека сите постови вечерва ти се такви.

Него ај кажи како пропаднале и зашто ?

Да се дискутира за нов скијачки центар бидејќи има потреба ,гледам земји низ светот со по 2 планини што имаат се прават ски нации а ние со толку можности и толку планини имаме 3 бедни ски центри кој нивните власти не ги одржуваат и сакаат да работат перфектно.
Јас сум на исто ниво со Култизин, треба да се градат нови ски центри ,а особено на Галичица (по можност патеки да има на двете страни на планината и кон Охридско езеро и кон Преспанско ако мене ме прашуваат). Прво тоа е добро за општеството за кое ќе се отворат нови работни места и ќе има каде да оди на рекреација и каде што ќе може да се учат зимски спортови , друго тоа е позитивно за економијата и туризмот бидејќи сите околу нас имаат ски центри и ние сите одиме на скијање таму, а вака ќе може да понудиме свое и дома да ги задржиме тие луѓе.

Инаку статистики за временски услови имаме ,нема потреба од пратење ,доколку се пратеа како ти што викаш по 15 години пола Европа сега ќе градеше Ски центри а не пред половина век.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Feb-2014 at 03:11
значи да се разбереме, под скијачки центар или ски резорт не се подразбира еден терен со една траса, туку цел локалитет со капацитети за престој и рекреација (не мора само да се скија), повеќе патеки со неколку нивоа на тежина, патеки за повеќе видови на спортови, скилифтови, широка палета на машини за одржување и персонал за се

Галичица може да профитира само „дива“ патека  засега и да се вади на шарм од природата и да биде обезбедена и одржувана од ски-патрола и планинарски дом (чудо е кај нас колку планинарски домови фалат)... да ја имаме на карта и промоција како терен за екстремни зимски спортови (и теренот не е баш лесен)... а подоцна, во зависност од заинтересираноста, ќе видиме за друго


Edited by zabegan - 19-Feb-2014 at 00:22
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 18-Feb-2014 at 08:40
Ги читам постовиве кои се за “Ски центар“ и не ми се верува. Вие дечки живеете во фантазии, дај малку слезете во реалноста. КОлку пари треба да се направи тоа? Никој за ота не размислува. Вели Даци92 ќе се отворат работни места? Колку работни места? илјада, две? Сите имале скијачки центри. Па ено го Пелистаер на 80 км, кој забранува таму да се учат зимски споротви? лесно ќе беше да е само до скијачки центар.
Се солгасувам со забеган, на Галичица има само една патека, и не вреди да се уништи паркот заради неа.
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 18-Feb-2014 at 08:54
Колку пари треба ? Никој не рече дека тоа ќе биде светски скијачки центар со 100 км стази, најавата е за мал скијачки центар, со неколку ски-лифта и жичара. Како скијач немам ама баш никаква потреба од 10 стази кои ќе бидат пократки од 500 метра, подобро да е една стаза доволно долга, ова од видеото ми се виде сосема коректно. Близината на Охрид како туристичко место според мене е гаранција дека нема да го снајде истата судбина како Кожуф.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.