build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центар на Галичица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 18-Feb-2014 at 12:38
Ненад, тоа не е битно колку пари бидејќи најмалку што верувам е дека градот Охрид или државата би го градела тој проект.
Ти да не мислиш дека ние зборуваме за скијачки центар од типот на Аспен ?
Тука не се зборува 15 хотели и 150 км стази да градат туку мал скијачки центар , хотели веќе има низ охрид доволно па затоа е потребно само да се направи жичара која би ги водела луѓето од некоја блиска точка до врвот на патеката.

Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 18-Feb-2014 at 15:28
Јас мислам дека баш градот и Републиката ќе го градат а индиректно сите ние, и народот на крајот сето тоа ќе го позлати. Јас ви велам, целата работа е некој да направи објекти на тоа место. Ја знам Галичица како мојот џеб, таа не може да истрпи зимски центар, нема економска оправданост, тоа снег што се гледа во Мај на Магаро не е снег за скијање. Знам дека погледот на двете езера е прекрасен, затоа кога можам одам таму и уживам. Но не со кола туку пешки. Затоа и се стресувам кога само ќе замислам што ќе стане. И таа една стаза нека биде, која ќе работи 1 месец, ќе донесе уште илјадници викендици на луѓе кои не можат да го мрдант задникот 500 метри без својот џип.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 18-Feb-2014 at 16:17
И тука си во право ,нашите новопечени богаташи неможат ни до продавница да мрднат без својата кола, но ако добро се осмисли проектот и добро се изведе, а воедно се воведат и ограничувања тогаш нема потреба да стравуваме од викендици и џипови ,но сето тоа зависи од политичката волја во државата и градот која засега гледаме дека не е на ниво бидејќи се максимално алчни за пари (односно сите кај нас ,па и народот.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Feb-2014 at 16:46
нема шанси проектот добро да се осмисли (т.е. ќе го осмислат по свој терк) и да се водедат ограничувања. Дали полоштадот во Скопје можеби добро се осмисли? Знаеш во каква држава живееме, затоа јас и стравувам. ова ќе стане бетер од Шапка и Маврово. едина шанса воопшто да не почне да се гради.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 19-Feb-2014 at 00:32
значи повторно си патиме како и секогаш, од комплекси на пониска вредност и упорно не сака никој да се спушти на земја... пред да се расфрлате со понуди за тоа какви скијачки центри треба да има на Галичица, напрајте си прво еден просторен план
навистина не знам зошто се фаќате на предизборно оро полно со разни глупости од кои најпрво немаме потреба, а потоа немаме ни услови, нити пак си имаме појма што правиме, на што сме и што сакаме да постигнеме со тоа

стварно ли секоја активност во земјава намеравате да продолжи со маркирање на одредена територија и лупање најрандом проект на неа, без никаква основа, кој завршува како тотална дупка секогаш... барем од искуство да се учеше
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 21-Feb-2014 at 01:00








Edited by Goran - 21-Feb-2014 at 01:11
Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 25-Feb-2014 at 23:37
Originally posted by daci92

Спиридон намали малку со хејтањето гледам дека сите постови вечерва ти се такви.Него ај кажи како пропаднале и зашто ?Да се дискутира за нов скијачки центар бидејќи има потреба ,гледам земји низ светот со по 2 планини што имаат се прават ски нации а ние со толку можности и толку планини имаме 3 бедни ски центри кој нивните власти не ги одржуваат и сакаат да работат перфектно. Јас сум на исто ниво со Култизин, треба да се градат нови ски центри ,а особено на Галичица (по можност патеки да има на двете страни на планината и кон Охридско езеро и кон Преспанско ако мене ме прашуваат). Прво тоа е добро за општеството за кое ќе се отворат нови работни места и ќе има каде да оди на рекреација и каде што ќе може да се учат зимски спортови , друго тоа е позитивно за економијата и туризмот бидејќи сите околу нас имаат ски центри и ние сите одиме на скијање таму, а вака ќе може да понудиме свое и дома да ги задржиме тие луѓе.Инаку статистики за временски услови имаме ,нема потреба од пратење ,доколку се пратеа како ти што викаш по 15 години пола Европа сега ќе градеше Ски центри а не пред половина век.



Valjda ona '92 znaci deka si roden toghas.Pa zar ne ti e nezgodno da pisuvas vakvi raboti,a vozrasno momce si.
Ke sme gradele nov ski centar radi vrabotuvanja???Pozitivno bilo za turizmot?(za koj turizam,ovde ne postoi takva rabota)?Nemalo potreba od pratenje na vremenskite uslovi za izgradba na ski-centar?Hmmm.
Pokazuvas ELEMENTARNI nepoznavanja od oblasta za koja zboris,verovatno na skii ne si se ni kacil.Na prasanjava stvarno ne znam kako da ti odgovoram,logikata sama zboruva.Ne e poentata da gradis novi ski-centri koga i segasnite sto gi imas se propadnati.A Ohrigjani i ne se tolku golemi skijaci,pa da tolku im treba nov ski centar,ene go Mavrovo,stoi prazno,zivo pile nema,a blisku im e.Na lugjeto od Skopje blisku im e i Sapka i Mavrovo.Sto ke ni novi ,a polovni ski centri so 2 pateki?Potegot Skopje-Tetovo-Gostivar e "majka" na skijanjeto vo Makedonija.Ako nekoj ima odvisok pari neka vlozi vo Sapka i Mavrovo,se' drugo e mlatenje prazna slama i zabava za prost narod.
Kako propadnale i zosto,prasuvas?Ednostavno.Ponuda-pobaruvacka,ceni,kvalitet...Ne samo sto propadnaa tuku nikogas nema ni da se povratat,tuka e Bansko,ne mozat da mu priparat.Lugjeto vlozuvaat milijardi,nie ne mozeme pat da napravime(Kozuf).Isto e i vo leto.Zosto nikoj ne e budala da odi i arci pari vo Ohrid(Ohrid nacisto propadna),a site odat vo Grcija,Bugarija,CG ili Albanija?Mnogu e poevtino,poubavo,more...
Pa onoj Kozuf dobi pat od DRZAVNI PARI,8 miliona EUR se frleni tamu,a za sto?Da prodava vikendici nekoj vo nasa planina?Za 5=6 godini ne moze patot da go iscisti,koga ke se pojavi vo Vecer mi se temni,a ti prasuvas zosto da ne gradime novi ski-centri?Ednpstavno,zatoa STO NE NI TREBAAT.I ovie ni se mnogu,a i tie propagjaat zatopa sto nisto ne nudat a se poskapi od Avstrija i Italija.


Edited by Spiridon - 25-Feb-2014 at 23:45
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 26-Feb-2014 at 00:41
Конкуренција руши цена, конкуренција нуди квалитет тоа ако не го разбереш тогаш што е поентата.
Со Маврово и Кожув стопанисуваат приватни лица колку што јас знам ,тоа значи дека тие приватни лица се виновни што скијачките центри се такви. Шапка повторно се обновува ,се работи на се околу самиот ски центар и тоа АД ЕЛЕМ вложува во тоа бидејќи они се сопственици на ски центарот.
Во право си не сум се качил на скии ,не од друго туку од што се многу скапи ски центрите кај нас и што ми се малку далеку (иако викаш дека се блиску не се баш кога ќе размислиш дека немам возило).
Околу вработувањата и туризмот е малку комплесна работата , тие се заемно поврзани , а тоа што ти мислиш дека во Македонија и Охрид особено не постои таква работа како туризам тоа не можам да ти се мешам.
Ее тука е проблемот ,они вложуваат а ние си играме бајрам на паметот.
За лето и Охрид не зборуваме но еве сепак ќе кажам и да одат на море во право се луѓето , понудата на цена/квалитет во Охрид е катастрофална ,уште цените до небо набиени... Јас лично 2 пати имам одено Охрид на одмор и веќе не одам ,ако сакам да одам на Охридско Езеро во Струга би заминал ,таму сум бил 3-4 пати и сум многу задоволен.

Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 26-Feb-2014 at 01:07
Kozuf e daden na privatno lice,a drzavata vlozi ogromni pari koi otidoa vo veter.Toa bi trebalo da zavrsi na sud.
Mavrovo go zema nekoj privatnik,ne go biva za nisto,Mavrovo propadna.
Popova Sapka-Ne si vo pravo,veruj mi cesto odam tamu,leto-zima,tamu nisto ne se vlozuva.Kakov Elem,kakvi bakraci,mlatenje prazna slama,se' si stoi vo mesto.Se' sto e izgradeno vo socijalizmot funkcionira i sega(sem zicarata Tetovo-Sapka koja se unisti 2001).So 2 poluraspadnati hoteli ne se pravi turizam.A Sar Planina e mozebi i najubava planina na Balkanov i mozebi ima najdobri uslovi za skijanje.Samo malku da se vlozi...
E sega doagjame do ona za koe zboruvame.Znaci ovie 2 ski centri(Kozuf ne go racunam vo nisto) propaqgjaat,nema vlozuvanja,a nema ni lugje,a nekoj bi pravel nov ski-centar?Zosto i za kogo,prasuvam.Nema za kogo.Onoj nas gradonacalnik sakase i na Vodno da gradi ski-centar,a blage veze nema od taa problematika.Znaci nie po taa logika mozeme da napravime 10 ski centri,ama ke nema skijaci,zasto site ke odat za Bansko . Raka na srce Bansko(pa i Borovec) e mnogu podobar od nasive.Konj i magare ne se sporeduvaat(nasive ne se ni magarinja).
Zatoa da ne se zanesuvame so nekakvi proekti koi nikogas nema da se ostvarat,tuku ako mozeme da go sredime ona sto go imame.Da gi namalime cenite i da gi pustime decinjata vo planina da sportuvaat,a ne izgubenion "gazda" na Mavrovo da bara 20 EUR na den za ski-karta.Da ne zboram za cenite na onie 4-5 hoteli koi se non-stop prazni.
I da se razbereme,pak,duri i da se sredat toa bi bile prosecni ski-centri,za seriozen turizam ne stanuva zbor.Tuka i Kosovo so Brezovica ne' sie.

Edited by Spiridon - 26-Feb-2014 at 01:09
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 26-Feb-2014 at 01:17
Не се мешам за тоа кој и како треба да заврши на суд, мене ако ме прашуваш за политичарите би кажал нешто друго но тоа не е за тука.
Маврово пропаѓа поради несериозноста и незнаењето не од друго. Конкретно во Словачка во добри ски центри цената на дневна карта беше од 14 до 20 евра зависи каде, а ноќна беше нешто поефтина, со тоа што ски лифтовите можеш да ги користиш колку сакаш. Цените за престој се од 10 евра па нагоре за ден ,но сето тоа зависи во што ќе престојуваш, а имаш избор на велико.
Шапка незнам лично ,но доста мој пријатели одат и кажуваат дека во последниве година-две се средувало полека полека ,а сега гледаме и најави за нови патеки, средување на постоечките и нови лифтови. Токму на форумов беа пренесени вестите за тоа.
Повторно ќе кажам ,подржувам мали ски центри изградени од приватни инвестиции  кој ќе бидат од локален карактер и можеби еден голем ски центар во источна Македонија, но мислам дека ова нема да се оствари поради Банско.
Тие мали ски центри се градат најчесто за локалното население.
Остај го ти Коце ,тој забега со тој ски центар на Водно ,а не го доврши најисплатливиот проект досега - жичарата.
Доколку се направат мали ски центри мислам дека она локално население кое неможе да си го дозволи Банско или некој друг ски центар ќе може да си дозволи бар неколку пати во зимата да замине на скијање ,а и младите би имале поголем интерес да научат да скијаат па и скијачки спортови.
Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 26-Feb-2014 at 01:46
Aj da ostavam zaklucok,spored mene...Makedonija e mala zemja,ski centri ima dovolno,a i Bansko e blizu.Za novi proekti nema nikakvo opravduvanje,srekja pa toa se nekakvi predizborni budalastini,inaku do sega Makedonija ke bese Avstrija.Prvo sreduvanje na ova sto go imame,a za novo ako ima potreba i pari.Sega za sega,nema potreba,a ni pari.
Zosto se tolku pusti nasive ski centri se pricina i parite.Ne zboram za spienje po hoteli tuku za ona staro dobro sabajle odis-navecer doma.E duri ni za toa nemame pari,standardov ni otide skroz u qrac.Stanavme beda,siromastija,na nikogo ne mu e dojdeno do skijanje koga nema plateno struja.A ovie sto digaat spomenici i pravat planovi za novi ski centri,tie struja ne ni plakjaat.
@Daci92 Edinstveno sto pravat na Sapka e sto menuvaat strafovi vo leto.Nema novi zicari,nema novi ski-liftovi,nema NISTO NOVO.Neka gi smenat prvo ona korpite sto stojat na dvosedot od 1980 god,pa moze ke im poveruvam nesto.Na takvi muabeti-"se planira,se najavuva"...ja mnogu odamna ne veruvam.A pogotovo ne na izgradba na novi ski-centri.Na nekoj sto ne znae da iskreci zgrada ne mu veruvam deka znae zgrada da napravi.
Pozdrav.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 26-Feb-2014 at 07:45
go zaboravivte Pelister!!!1
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 09-Mar-2014 at 17:23
Денес



















Edited by Тркало - 09-Mar-2014 at 18:00
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 09-Mar-2014 at 19:51
Одлично, браво момци, тоа е уживање. Јас мислам дека е подобро вака да се истражува Галичица отколку да се комерцијалиѕира и иѕгради ски центар или слична будалаштина
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 04-Jun-2014 at 20:06

Изработен е Мастер планот за Галичица, МЕПСО бара инвеститор за нов ски центар

  • Печати
  • Е-пошта
Создадено на Среда, 04 Јуни 2014 19:25
Датум на објавување
Посети: 230

galicicaski1АД МЕПСО објави Покана за пројавување на интерес, во име на Владата на Република Македонија и во својство на одговорна фирма за имплементација на проектот, со којa се бара реномирана компанија која ќе инвестира во развојот и изградбата и ќе стопанисува со ски центарот и одмаралиштето „Галичица“.

Агенцијата за имплементација (АД МЕПСО) изработи Физибилити студија и Мастер план за изградба на ски центар и одмаралиштa во НП „Галичица“. Проектот е во неколку фази и опфаќа две гондоли за осум патници, седум ски лифтови од кои два до три четворосед жичници, ски лифтови тип сидро и подвижни ленти кои се високо безбедни и наменети најмногу за деца и почетници.

galicicaski5

Една гондола треба да поаѓа од регионот над селото Пештани на базна станица од 840 метри со една меѓу станица на 1.580 метри и крајна станица на 1.890 метри, а втората гондола (опционална во Мастерпланот) која би требало да се гради во последната фаза, треба да го конектира преспанскиот дел, преку туристичката населба Отешево до платото на Суво Поле на висина од 1.480 метри каде што се наоѓа базата на постоечкиот ски центар кој не работи подолго време.

galicicaski2

Според проектот, ски центарот „Галичица“ се планира да биде центар од средна големина со капацитет да прими околу 3.500 скијачи дневно, капацитет на ски лифтовите 8.800 скијачи /час и околу 12 км должина на ски патеки. Во рамките на центарот се планира вештачка акумулација, систем од снежни топови за правење на снег, специјални ратрак машини кои покрај основната опременост ќе мора да имаат и дополнителна опрема, витло за совладување на стрмни нагиби и над 70%.

galicicaski3

Низ целиот комплекс предвидени се и дополнителни помали туристички објекти, ресторани, хотели и забавни содржини плански организирани и корисни во текот на целата година (карпи за качување, патеки за велосипедизам). Покрај патеките за алпско скијање, предвидена е патека за нордиско скијање, а целиот ски комплекс ќе се протега на висина од 1.580 до 1.930 метри.

galicicaski4

При анализата на планинскиот терен, земен е во предвид и јужниот дел попознат како Стара Галичица каде се наоѓаат и највисоките врвови Магаро 2.252 метри и Кота Ф10 2.265 метри, која според анализите нуди многу поволни ски услови имајќи во предвид дека тој дел од Галичица е свртен кон север, северо-исток,  со големи долини и теренски нагиб од 40-70% и ниска сончева изложеност, каде снегот се задржува подолг период. Но сепак не е опфатена со моменталниот проектот за развој на инфраструктурата во рамките на ски центарот.

Супер радио

извор: http://skimacedonia.mk/

Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 08-Jun-2014 at 09:07
dali nekoj moze da mi pomogne, se otepav od guglanje ne uspeav da pronajdam. Kolku se kartite za vlez na Galicica. Nacionalniot park ako veke naplaka mozese da gi stavi cenite na nivniot sajt. Amateri!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 08-Jun-2014 at 10:10
Originally posted by nenad

dali nekoj moze da mi pomogne, se otepav od guglanje ne uspeav da pronajdam. Kolku se kartite za vlez na Galicica. Nacionalniot park ako veke naplaka mozese da gi stavi cenite na nivniot sajt. Amateri!

За еднодневен престој по човек се наплаќа по 30 денари, за автомобил по 50 денари, а за комби и мини-бус по 80 денари.

За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град на Преспанското Езеро влезницата чини 200 денари за посетител.

Како што објавивме и вчера, 30 минутен параглајдерски лет чини 300 денари, а целодневно полетување чини 1000 денари.

Од јуни се наплаќа и користење на природните убавини за комерцијални цели. Дневно снимање за фотографии ќе се наплаќа по 10.000 денари, додека за снимање од воздух ќе се наплаќа 20.000 денари.

Влезници ќе се купуваат во Инфо центрите во Охрид и во Стење.

http://libertas.mk/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B7-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8/


Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Jun-2014 at 10:15
fala, Kultuzin
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 20-Jul-2014 at 19:01
Објавена покана за инвестирање во изградба на ски центар на Галичица



Во име на владата и во својство на Агенција за имплементација, АД МЕПСО објави Покана за пројавување на интерес, со која се бара реномирана компанија која ќе инвестира во развојот и изградбата и ќе стопанисува со најавениот ски центар и одмаралиште на „Галичица“. За таа цел од страна на Агенцијата за имплементација (АД МЕПСО) е изработена Физибилити студија и Мастер план. Се покануваат сите заинтересирани страни да поднесат писмо за пројавување на интерес.

Во поканата се наведува дека Охриското Езеро кое е во близина на проектот, е најголемата туристичка атракција во Македонија, прогласено за светско наследство на UNESCO и изобилува со многу природни, историски и културни локалитети...

http://www.ohridnews.com/vesti/72748
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 25-Jul-2014 at 11:55
НОВ ТУРИСТИЧKИ РЕСОРТ НАД ОХРИДСKОТО ЕЗЕРО

СЕ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИ ЗА ИЗГРАДБА НА СКИ-ЦЕНТАРОТ НА ГАЛИЧИЦА



Се бараат домашни или странски компании заинтересирани да го изградат и да стопанисуваат со скијачкиот центар и со туристичкиот комплекс на Галичица од страната над Охридското Езеро. Владата и МЕПСО, кои минатиот месец објавија јавна покана до инвеститори од земјава и од странство да вложат во проектот, чекаат позитивен сигнал.

Заинтересираните инвеститори треба да го испратат својот предлог за ски-центарот и за туристичкиот ресорт до 1 септември, по што избраните во средината на септември ќе треба и јавно да го презентираат. Kомпаниите што ќе влезат во најтесниот избор и ќе можат да учествуваат на тендерот ќе бидат објавени кон крајот на септември.

При објавувањето на плановите за изградба на ски-центарот и туристичкиот комплекс и бизнисмени од Охрид и од Преспа најавија дека се заинтересирани да се вклучат во целиот проект, со оглед на тоа дека ќе има големо значење за развојот на туризмот во овој регион. Но, досега с` уште нема конкретни понуди.

- Од објавувањето на поканата за пројавување интерес, кон средината на јуни до денес, немаме комуникација во смисла поставени прашања, барања за информации и слично. Но тоа не значи дека интерес и не постои, со оглед на тоа што многу детални информации се дадени на линковите на веб-страницата на МЕПСО, односно комплетните мастер и бизнис-планови се поставени таму - велат од МЕПСО.

На заинтересираните инвеститори ќе им бидат понудени два пакета. Првиот пакет се однесува на изградба и водење на ски-центарот и на комплексот на Галичица од страната на Охридското Езеро, а вториот е за изградба на туристички комплекс и од преспанската страна.

Според мастер-планот, што го изработија странски консултанти, ски-центарот на Галичица треба да се гради северно од врвот Kрле Гола Бука на надморска височина од 1.985 метри. До него ќе се стасува и со гондола, чија почетна станица ќе биде над селото Пештани, на надморска височина од 840 метри. Планирано е овој ски-центар да биде со среден капацитет, односно дневно да може да прими околу 3.000 посетители. На скијачите на располагање ќе им бидат 15 километри ски-патеки, две четириседни жичници, два големи ски-лифта и една лента на ски-лифтот. Треба да има и неколку патеки за сноуборд, како и снежни тобогани за деца. Освен патеките за алпско скијање, предвидена е и патека за норидско скијање. Освен патеките, комплексот треба да содржи хотели, ресторани и други туристички објекти, како и карпи за качување и патеки за велоспиедизам.

Мастер-планот предвидува овој центар преку уште една гондола да се поврзе со преспанскиот дел. Гондолата ќе се движи преку Галичица до постојниот скијачки центар над Преспанското Езеро, кој со години е надвор од употреба.

Според студиите, се очекува целиот комплекс да биде комплетиран по речиси 8 години од почетокот на градежните работи.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B9882C501479C443A307CDF562E3035A
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.