build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 10-Sep-2013 at 16:12
Back to Top
Gogomk View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Gogomk Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 17-Sep-2013 at 21:02
Pocituvani arheolozi i arheologistki (taka li se vika zenski rod od arheolog ?
Ja prvpat pisuvam na ovaa tema od forumov, a arheologijata mi e favourite od odamna, iako ne sum strucen od ovaa oblast (lekar sum)...

Za pocetok
dali nekoj znae na Internetov kade ima detalna arheoloska mapa na Makedonija?

A ponatamu bi pisuval na tema Justiniana prima i sl...

Pozdrav
Mayor of the Lazy Town
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 17-Sep-2013 at 22:16
[
Originally posted by Gogomk

Pocituvani arheolozi i arheologistki (taka li se vika zenski rod od arheolog ?
Ja prvpat pisuvam na ovaa tema od forumov, a arheologijata mi e favourite od odamna, iako ne sum strucen od ovaa oblast (lekar sum)...

Za pocetok
dali nekoj znae na Internetov kade ima detalna arheoloska mapa na Makedonija?

A ponatamu bi pisuval na tema Justiniana prima i sl...

Pozdrav


Ај види овде шо можеш да најдеш:


http://porta-archaeologica.com/index.php?lang=mk

и овде:

http://www.archaeologica.org.mk/


За Јустиниана и другите археолошки градови и локации во Македонија со задоволство би прочитал нешто ново.

Back to Top
Gogomk View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Gogomk Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 19-Sep-2013 at 23:10
Фала за линковите. Ги видов сајтовите, ОК се, но што се однесува до археолошка мапа на Македонија, не е баш доволно.

За Јустиниана прима...
Јас немам ништо посебно ново, сакав само да разбудам интерес кај вас и кај археолошката јавност воопшто. Би требало веќе еднаш да се засукаат ракавите и државата сериозно да почне да го „бара“ овој "lost city".
Работата е јасна и е речиси на дофат:
Имено , Прокопиј, дечкото, у неговата книга „За градбите“, фино си кажал кај се наоѓа овој град. Ги имаме Тауресиум, Бадеријана, аквадуктот...сите се спомнати во неговиот текст (го најдов ова дело во превод на англиски на Интернет, го имам како .doc). Незнам што се чека уште. Па и археологот што го истражувал Тауресиум (Ристов мислам дека се викаше) даде изјава дека при копање на темели на некои градби во Стара чаршија се пронаоѓале некакви големи обработени камења и сл.
Па, ако некој од вас е археолог и има некакво влијание, би требало да се образложи сето ова на соодветните одговорни лица и веќе еднаш да се почне со сериозно истражување.
Mayor of the Lazy Town
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1820
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 02-Nov-2013 at 19:33
Сабота, 02 Ноември 2013 16:21

Локалитетот Кокино интензивно ќе се промовира, а надлежните институции ќе направат програма и акциски план, најави денеска министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска при посетата на локалитетот Татиќев камен.

kokinooo500

Локалитетот, кој потекнува од бронзеното време, ќе биде означаен со табли, патеки, патокази за туристите да добијат детални информации за него. Планирано е да бидат поставени сувенирници, бараки и куќички за водичите и чуварите.

-Оваа година како што ме информираа, откриени се голем број наоди кои што ќе бидат презентирани пред јавноста на крајот од годината на изложба во Музејот на Македонија, рече министерката.

Следната година Кокино ќе биде ставено на приоритетната листа за истражување.

-Имаме голем број локалитети кои ни се во приоритет. Таа листа за идната година ќе се намали, но во листата ќе биде ставено Кокино, вели министерката.

Додаде дека  целта е да се завршат значајните работи како што е целосната кознервација на потпорниот ѕид кој е откриен со археолошките истражувања.

Кумановскиот Музеј ќе треба да направи  пресметка за изработка на табли кои ќе го означат движењето и за делот и на опсерваторијата и за археологијата, бидејќи како што потенцира Канческа-Милевска локалитетот редовно го посетуваат туристи.

-За следната година покрај оваа што ќе го завршиме се планира и да се огради, што ќе помогне за влегување на туристите за добивање информации до самата институција кој сака да го посети локалитетот, водич и пропратни активности, иинформира министерката.

Министерството и Управата за заштита на културното наследство ќе ја изработат програмата и акциониот план.  

-Патот кој води до локалитет е приватен дел, така што тука ќе мора да се вклучат и други ресорни институции и министертва, но со изготвувањето на акциониот план зашто ќе преземам обврска да ја информирам Владата, точно ќе се знае што и како треба да се преземе во тој останат друг дел кој е надвор од надлежност на Министертвото за култура, рече министерката додавајќи дека локалитетот ќе добие на значење за развој накултурниот туризам и за Куманово, Македонија и регионот.

Министерката потсети дека апликацијата се подготвува до УНЕСКО. -Она што беше неопходно е овој дел што е истражен да се конзеврира, интензивно се работи во таа насока, вели министерката.

Археологот Јовица Станковски објаснува дека локалитетот Кокино континуирано се истражува од 2001 година и оти завршија археолошките истражувања во делот кој припаѓа на светиот простор каде се изведувани обредите. Станковски додаде дека во идно време ќе продолжат истражувањата подалеку од врвот на локалитетот кој е предмет и на заштита и со кој се аплицира и пред УНЕСКО.

-Она што како содржина треба да го имаме и во апликациите до УНЕСКО е завршено со истражувањата, следува кратка фаза на конзервација на она што е истражено, а потоа и уредување на инфсратруктурата, пристапни патеки, информативни табли, вели Станковски.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилчиќ ќе го преземе делот на заштитата на овој споменик на културата што и досега се заштитувал.

-По фази се изработени, главно северозападниот ѕид, каде што е заштитена една долга тераса. Управата ќе помогне во доменот на оградувањето на овој споменик на културата што е и обврска за сите локалитети кои над 50 или 80% се ископани, вели Лилчиќ.

Локалитетот Татиќев Камен Кокино е откриен 2001 година и со првите истражувања е утврдено дека станува збор за богато археолошко наоѓалиште од периодот на бронзеното време. Истражувата со кои раководи Станковски укажуваат дека се работи за планинско светилиште на бронзенодопските жители на кои тие ги изведувале дел од своите обреди. Откриени се керамички садови кои праисториските жители ги оставале како дар за мајката Богинка, олицетворена преку карпестиот рид. Мерењата на астрономите ја потврдиле претпоставката дека врвот на локалитетот е користен за набљудување на движењето на Сонцето и Месечината.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/135866-Lokalitetot-Kokino-intenzivno-ke-se-promovira

Интересно ,а воедно и мислам дека заслужува ова културно и историско наследство да биде ставено под заштита на УНЕСКО како и многу други во Македонија кој сеуште не се ни доистражени.

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1820
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 07-Nov-2013 at 22:41

Значајни археолошки објекти откриени кај Љубаништа

Остатоци од средновековна црква, изградена од камен и варов малтер, како и уште еден објект на ранохристијанска базилика се откриени на локалитетот "Рајца Манастирите" во атарот на охридското село Љубаништа.

Како што појаснуваат од Заводот за заштита на спомениците на културата Охрид, остатоците ги пронашле стручни екипи на Заводот, при последните археолошки истражувања на локалитетот во Љубанишко Поле.

Станува збор за знајачни наоди, делови од градежните структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква, со димензии 12 метри должина и 7 метри широчина.

Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика изграден од камен, малтер и редови тули. Објектот е со широчина од 13 метри, а во тек е истражувањето на должината за која се претпоставува дека е над 17 метри. За време на сондирањето, констатирано е добро зачуван мозаичен под кој е високо технички и уметнички изведен, со фитоморфна орнаментика. Исто така на самите ѕидови откриени се и фрески.

Истовремено, во текот на истражувањето пронајдени се и повеќе елементи од камена пластика, а во моментов се работи на откривање на западниот ѕид.

На втората локација за време на истражувањата откриен е дел од еден поголем, комплексен објект, кој според претпоставките на археолозите, е од профан карактер. Според одредени показатели, објектот временски припаѓа на доцната антика и најверојатно станува збор за цивилна градба.

Планирано е археолошките активности за 2013 година да завршат до почетокот на декември, со што ќе бидат утврдени границите на локалитетот за да се изготват заштитно конзерваторските основи. За наредната година предвидено е доистражување, конзервација и финална презентација.

Локалитетот Рајцаа се наоѓа во Љубанишко Поле, во западното подножје од ридот на кој се наоѓа селото, веднаш до патот за авто кампот "Љубаништа"

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D3EE3C3EC27CA84B9414C17865D2A174

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1820
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 06-Dec-2013 at 16:31

Во Штип откриена античка камена гробница

пред 23 часа 0
Коментари: 0

На локалитетот Беш Тепе Анче, во близина на Карбинци, штипските археолози открија античка камена гробница, единствена од ваков вид во Македонија.

grobnica-500

Слична гробница е пронајдена во југо-источна Бугарија. Археологот Митко Штерјов вели дека името на топонимот говори дека овде имало пет тепиња, односно могили, од кои останале три, а  во една од нив е пронајдена гробницата која датира од првиот до третиот век од нашата ера.

- Се работи за ѕидана гробница со речен камен со дијаметар 6 метри и висина од 2,5 метри. Самото тоа укажува дека се работи за некоја позначајна личност од аристократија во римското време или некој од владетелите на овие простори, рече Штерјов.

Понатамошните истражувања и артефактите ќе ги дадат и деталите за начинот на погребувањето и точното датирање на гробницата. Беш Тепе Анче е локалитет за чие истражување средства одвои министерството за култура во рамките на програмата за финасирање на проекти од национално значење.

http://denesen.mk/web/2013/12/05/vo-stip-otkriena-anticka-kamena-grobnica/

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 18-Apr-2018 at 12:28

5 години не ет ажурирана нишкава, навистина особено чувство е да ја освежам!

има ли некој пристап до пописот на македонски артефакти низ светските музеи, и колку од нив сме успеале да вратиме назад!?

https://vk.com/club137150245



во описот вели 14th century drinking cup from Stobi, Macedonia. но како во антички локалитет средновековен артефакт, иако претставата на исправени лавови може го потрдува датирањето ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.