build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Dec-2008 at 23:57
Македонија има што да покаже пред очите на светот


Во текот на 2009 година целосно ќе бидат истражени локалитетите Марвинци, Хераклеја и Скопското кале, а во период од три години и Стоби.
Оваа археолошка офанзива ја најави вчера Паско Кузман, на отворањето на "Археолошка изложба", во Музеј на Македонија.

Сега, на едно место, може да се видат капиталните дела како Дедал или "Човекот со крила" од Плаошник, статуата на божицата Венера ископана кај Скупи, и многу други пронајдоци од сите активни археолошки локалитети во Македонија.

Изложбата за отворена ја прогласи премиерот Никола Груевски.
- Сведоци сме на огромното богатство кое говори за илјадници години старата цивилизација на овие простори. Нашата археологија потврди дека Македонија има што да покаже пред очите на светот, рече Груевски, додавајќи дека со резултатите од овие истражувања се отсликуваат составните делови на идентитетот на македонскиот народ, и другите етнички заедници во Македонија.

- За нас овие артефакти имаат непроценлива вредност бидејќи даваат белег на македонската култура и идентитет. Секој изложен експонат го открива духот на нашето минато, но најмногу говори за историјата, длабоката традиција и спецификите на овие простори, рече Груевски, нагласувајќи дека преку збогатените витрини на македонските музеи, Македонија ќе има и поголеми можности да се презентира пред светот и да се промовира како нова и атрактивна туристичка дестинација.

На изложбата се презентирани откриените материјали на локалитетите Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелена, некрополите на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, Виничко Кале, Исарот - Штип, Баргала, кастелот кај Кожле и Тетовското Кале.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4BFDF54A04669D449A8956C662FA2211
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Dec-2008 at 09:53
Значењето на овој артефакт е објаснет во овој пост.

Откриени праисториски артефакти

Капак од глинен сад со траги од старомакедонско писмо, стар 4000 години и дел од карпа со испишани знаци, стара 32.000 години, беа презентирани на вчерашната прес-конференција во Штип што ја одржаа претставници на Светската академија за карпеста уметност (САКУ).

- Глинениот капак е откриен неодамна во централна Македонија. Тоа е исклучително вреден артефакт изработен кон крајот на бронзеното време, на кој е испишано првобитното, најстарото име на божицата на огништето Веста, односно Бсефа, како што било нејзиното првобитно име. Артефактот е прв од ваков вид во светски рамки, која ја содржи најстарата писмена трага на старомакедонското писмо - рече Душко Алексовски, основач на САКУ. Вториот артефакт бил откриен пред една година на Беласица, но, како што беше речено, вчера првпат бил презентиран. Алексовски и Кукубајска најавија дека ќе се поведе иницијатива во Штип да се изгради музеј на карпеста уметност, со која Македонија била водечка во светски рамки.

(Љ.Ш.)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CB9257C74BE03F48B766A6384672D8D4

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 07-Feb-2009 at 02:22

Почнува големото истражување на Хераклеја

Битола - Комплетното истражувања на античкиот град Хераклеја Линкестис, што Владата го најави, ќе започне кон крајот на овој месец , потврдуваат од битолскиот Завод и музеј. Новите истражувања ќе ги финансира Министерството за култура, но засега не се открива колкава ќе биде сумата, која ќе биде потреба за реализација на овој проект.

Според директорот на Завод и Музеј Битола, Зоран Николовски проектот е ,,се уште во фаза на средување во областа на административните обврски кон Управата за културно наследство , потоа изработката на проекти за стратегијата на ископувањата на локалитетот итн. Иако почнувањето на работите зависи од временските услови сепак планираме со истражувањето да започнеме на 25 овој месец, вели Николовски.

Според него, „ископувањата ќе се вршат во четири до пет сектори, на одредени делови ќе се доистражува во заградениот дел на локалитетот, но планирани се и сондажни ископувања како и истражувања во околните ниви кои своевремено биле откупени од сопствениците.“ Во иднина се планира и ископување на плацеви, кои се во фаза на експропријација, но тоа е во надлежност на министерството за култура и кога сето тоа ќе се заврши ќе знаеме до каде би се вршеле новите истражувања надвор од физичката ограда.“-вели Николовски .

Досега од античкиот локалитет Хераклеја Линкестис откриени и истражени се околу 3 хектари од земјиштето што според претпоставките претставува само 8 до 10 проценти од целиот антички град. (А. Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24BEF4B29105CB45A9494BD1601FFEC5





Edited by La Linea - 07-Feb-2009 at 02:24
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Feb-2009 at 22:51

Kамени плочи од четврти век

На само неколку метри пред влезот на Долна порта во Охрид, при поставувањето на подземна инсталација на улицата Самуилова, работниците што работеле на тој дел наишле на четири големи камени плочи. Стручњаците од Завод и Музеј во Охрид, при увидот констатирале дека се работи за камени плочи од четврти век од римскиот период. Првите нивни процени се дека се работи за археолошки наод со голема културна и историска вредност. Случајното откривање на овие плочи за стручњаците во Заводот и Музеј во Охрид претставуваат голем предизвик,

...бидејќи даваат одредени податоци за основата на Долна порта, еден од влезовите во Лихнидос, античкото име на Охрид, за материјалот од кој е граден постаментот.

Веднаш по откривањето се констатира дека се работи за масивни камени плочи кои потекнуваат од четвртиот век, односно од римскиот период. Во овој момент може да се претпостави дека тие се дел од основата на која е поставена Долна порта, а понатамошните истражувања очекуваат да дадат поголеми сознанија за овој дел на градот. На камените плочи нема текст, меѓутоа самиот факт што тие се откриени на длабочина од 1,20 см. нам овозможува да се добиат повеќе информации за периодот кога се градени, кој материјал е користен, нивната основна намена и функција. Камените плочи и просторот околу нив се документирани. Во иделани услови постои можност овој дел пред Долна порта да биде заштитен, а од горната страна да се постави посебно стакло, со што камените плочи би им биле достапни на многубројните посетители на Охрид. Меѓутоа, бидејќи за тоа сега нема услови, плочите ќе  бидат покриени со песок, а врз нив  е поставена подземната инсталација на улицата Самуилова. На тој начин, овој мини-археолошки локалитет ќе биде конзервиран и заштитен за некои идни истражувања.

http://www.kralemarko.org.mk

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Feb-2009 at 08:26
Во Стоби ќе се живее и ќе се истражува


Кон крајот на месецот ќе започне тригодишниот проект за целосно истражување, конзервација и презентација на локалитетот пред домашната и странската јавност. Неодамна заврши и неговата регистрација во национална установа


-Градот Стоби, кој својот најголем подем го доживеа во римско време, има огромен потенцијал, одлично сочувани градби, многу движен материјал и богата приказна за неговата историја, што овозможува реализација на крајната цел-негово самофинансирање. За потребите на овој археолошки локалитет се очекува да бидат вработени 28 археолози, конзерватори, чувари и водичи, од кои дел ќе бидат преземени од Националниот конзерваторски центар, вели Силвана Блажевска, архелог под чија надлежност годинава ќе се работи во Стоби.

Таа потенцира дека годинешниве истражувања ќе го опфатат просторот покрај портата Хераклеа, главниот влез во градот, кој исто така ќе се реконструира. Ќе се работи и спроти епископската базилика каде е откриен полукружен плоштад, па се до бедемот, каде се очекува откривање на доцна античка архитектура од 4 до 6 век. Ќе се доистражува и просторот покрај западниот бедем кон театарот чија реконструкција е исто така во план. Ископувања ќе има и наспроти театарот каде минатата година е откриена градба со засводени подземни простории, кои најверојатно имале култна намена, а која има многу сличности со храмот во Марвинци... На локалитетот се откриени и многу предмети, поради што според Блажевска на Стоби му е неопходен музеј.
- Сите артефакти во моментот лежат во депото во старата зграда на железничката станица, во несоодветни услови. Сметав дека од другата страна на реката Црна би можело да се изгради објект, реконструкција на Теодосијанската палата, чии темели се гледаат на локалитетот. Ова е една од најубавите доцноримски куќи во Стоби, во која се смета дека престојувал и Теодосиј Први во 388 година. Тоа е куќа со внатрешен двор и повеќе простории во кои би можеле да се изложат пронајдените предмети.

Во Стоби ќе се живее
Успехот на истражувањата на локалитетот би требало да го гарантира и самата намера на вработените таму да живеат. Идејата за формирање населба во непосредна близина на локалитетот, според Блажевска е всушност работа која била поврзана и со другите археолошки локалитети, како што е пример со Вергина во Грција, град кој бил формиран 70-те години и кој и денеска функционира.

За локалитетот
Во 7 и 6 век пр.н.е. Стоби бил мала пајонска населба. Градот почнал да се формира на највисокото ритче во време на Филип 5, но вистинскиот подем се случил во римско време. Според општествениот статус тоа бил единствениот муниципиум во Македонија, а во ранохристијанскиот период епископско седиште, што го потврдуваат пишаните извори и голем број откриени цркви од тоа време.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B7B49E2D22B269499998C1BBC577E5E3
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Feb-2009 at 21:34
Повеќе од 500 луѓе ќе копаат во Хераклеа Линкестис
Петок, 20 Февруари 2009 18:22
CVETANKA%20herakleja%20sl%20001За една недела треба да започнат големите ископувања во археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Во овој локалитет со владина поддршка ќе се истражува подолго:

 Со археолошки ископувања ќе се започне веднаш штом временските услови тоа ќе го дозволат, инаку ориентационо и начелно е предвидено да се започне на 25 ти овој месец. Сепак, динамиката на ископување ќе зависи најповеќе од временските прилики, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГ

Планираните ископувања бараат и повеќе работна сила. Покрај стручни ќе се ангажираат и други лица:

 Оваа година заради големината на настанот, сиот тој проект во археолошките истражувања во Хераклеа Линкестис се предвидуваат голем број на ангажирани луѓе кои што ќе го изведуваат овој проект. Значи, зборуваме за стручен кадар, археолози и физички работници кои што ќе го вршат самото ископување на локалитетот. Сигурно ќе биде голема бројката, претпоставувам дека ќе биде преку 500 ангажирани луѓе кои што тоа ќе го прават таму на локалитетот, а мал дел од обврските од минатата година кои не се дозавршени заради временските услови, сега на почеток ќе се дозавршат и ќе се почне ориентационо на крајот на овој месец или почетокот на наредниот со активното истражување на локалитетот, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГCVETANKA%20herakleja%20sl%20003

Ќе бидат опфатени повеќе делови од локалитетот каде се претпоставува дека антиката оставила печат:

 Најповеќе ќе бидат концентрирани истражувањата во оној физички дел што е заграден со оградата, сектор запад. Во тој дел и во оној дел кога доаѓате до локалитетот со автомобил од левата страна каде што сега се лозја и со нив е завршена постапката со експропријација со поранешните сопственици, тука во тој дел ќе се истражуваат два сектори за кои се претпоставува, односно со сигурност се тврди дека се дел од античкиот локалитет, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГ

Проектот за големите ископувања во Хераклеа Линкестис е предвиден врз основа на стручни размислувања и стратешки анализи. Крајна цел е да се доистражи античкиот град, од кој се претпоставува дека до сега се откриени 80%, а се верува дека постои уште многу движен и недвижен имот.



http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=4493:--500------&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Feb-2009 at 12:53
На кафе по Виа Ингација PDF Печати Е-пошта
Напишано од Дивна Грданова Караџовска   
Сабота, 21 Февруари 2009 07:54

               

                Проектот за ревитализација на древниот пат Виа Игнација беше денеска промовиран во Битола. Зад него стојат фондацијата „Виа Игнација“ и Холандската амбасада во Македонија.   

                 Виа Игнација треба да се поправи. Тоа како во древните времиња ќе значи трговско, културно, човечко поврзување. Проектот го промовира холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини.

 

„Како амбасада го подржуваме овој проект. Денеска е првата конференција која го означуива почеокотна проектот. Овде се претствници на земјите кои се долж Виа Игнација. Ние сметаме дека ќе успееме денес , утре и задутре да овозможиме една прекрасна соработка, дека патот ќе значи поврзување на овие земји , привлекување на западните туристи кои ќе сакаат да имаат туристички тури долж овој пат, да се возат со своите велосипеди, да јаваат со своите коњи на патот, да пијат кафе на Виа Игнација„

 

                Битола, преку проектот културно наследство на Македонија, исто така го подржува проектот. Најмногу поради тоа што патот што ги поврзува Албанија, Македонија, Грција и Турција е културно наследство како цивилизациско достигнување, а не еднонационален имот.

 

„Мислам дека идејата е прекрасна затоа што има за цел да ги собере луѓето, да укаже а вредностите, да ги поттикне луѓето да размислуваат за големите  културни вредности. “= изјави битолскиот градоначалник Владими Талески.

 

                Оваа инцијатива потекна од психологот и антрополог Мариета ван Атекум, по нејзините прошетки по Балканските земји, нејзината воодушевеност од богатството на археолошки сведоци за минатото и негативните впечатоци за економскиот амбиент што ги опкружува овие артефакти. Надежите се дека економското и културното поврзување, туризмот  ќе го надмине политизирањето на овој проект во зачеток, но подготвена е да на сите можни притисоци.

 

„Јас сум свесна дека, да употребам еден холандски израз, патот Виа Игнација не минува низ градини од ружи, но идејата ни е да го почнеме проектот како една  општествена размена меѓу научници, меѓу луѓе коипрофесионално се заинтересриани за патот, да избегнеме да се сфатина политички начин. Но подготвени сме и со политичките аспекти, но несакаме така да го започнеме проектот. “ – изјави ван Атекум .

 

                Ревитализацијата на Виа Игнација сеуште финансиски не е комплетно позната, но се претпоставува бенефитот.

 

„Секако ова ќе чини поприлично, а по оваа првична конференција ќе има повеќе трошоци. Организациите кои се вклучени во протектот веќе аплицираа за средства оред Еропскта културна фондација и се надеваме дека ќе ги добијат тие средства, барем во првата фаза на проектот. Се разбира, како што понатаму ќе расте проектот на сите тие што се вклучени во

Него се надеваме дека ќе има и многу други кои ќе сакаат и финансиски да влеза во проеткто, па на крај и владите на државите кои се засегнати, бидејќи се надевам дека ќе го видат и тоа што е придонес од поектот.

 

Денешната прва конференција на која не пристигна само албанската делегација, значеше размена на иформации од научни истражувања за балкланскиот културен идентитет.

 

 

 

 

 

Сите пак кои сакаат да се приклучат на оваа инцијатива, може најпрвин да се приклучат кон караванот од Албанија, преку Македонија, до Грција кој ќе се одржи во мај годинава.



http://174.133.138.86/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=4521:2009-02-21-07-54-02&catid=41:kultura&Itemid=2
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Feb-2009 at 00:31

Дури 20 милиони евра за четири локалитети

Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман


Деновиве ќе почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале

Околу 20 милиони евра од буџетот годинава ќе бидат потрошени за ископувања на четири археолошки локалитети во земјава, информираат од Управата за заштита на културното наследство. Како дел од капиталните проекти на Владата деновиве треба да почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале, на античките градови Стоби кај Градско, Хераклеја Линкестис кај Битола и големата некропола Исар кај валандовското село Марвинци. Според Паско Кузман, директор на Управата, ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со толку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство.

- Тешко е да се процени колку пари ќе чинат ископувањата на четирите археолошки локалитети. Но, ветено ми е дека со ребалансот на буџетот ќе ги добиеме сите пари што се предвидени. Според акционите планови, потребни се 300 милиони денари за да се истражи целосно скопската тврдина. Ќе ангажираме илјади луѓе, не само археолози. Годинава ќе има работа за многу невработени што на ископувањата ќе може да работат како физички работници. За секој од четирите локалитети се предвидени меѓу 250 и 300 милиони денари - вели Кузман.

Тој додава дека ова е единствениот начин целосно да ги истражиме локалитетите кои со децении не биле сериозно истражувани. Во меѓувреме ќе продолжат помалите проекти што исто така се дел од капиталните проекти на Владата. Со по 2-3 милиони денари ќе продолжат ископувањата на 15 локалитети меѓу кои Скупи, Тетовски кале, Енгелана кај Охрид, кастелот кај Кожле, Цареви кули кај Струмица, Исар и Баргала кај Штип, Виничко кале, Таор кај Скопје, Стибера кај Прилеп.

ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ

Парите нема да бидат искористени само за да се обезбедат метлички, лопати, копачи и колички. Ќе мора да се решаваат и имотно-правни проблеми. Веќе пред една година е поведена постапка за експропријација на земјиштето на скопското Кале, на местото на кое се наоѓа ресторанот.

- Не можеме да се справиме со нашите институции. За оваа работа е надлежно Јавното правобранителство, а кај нив се чека со векови. Важно е дека сме договорени со сопственикот. Тој нема да прави проблеми. Државата ќе го решава случајот и се' ќе биде чесно бидејќи кога ќе дојде време, нему ќе му биде исплатена отштета - објаснува Кузман.

Под раководство на професорот Драги Митревски, археолозите ќе истражуваат внатре, во бедемите на Калето. Целиот простор ќе биде поделен на истражувачки полиња, сектори, сонди и квадрати. На прашањето дали ќе се конзервира т.н. киклопскиот ѕид (внатрешната тврдина) на Калето, Кузман вели:

- Не можеме да правиме проект за заштита без да видиме дали е болна киклопската тврдина долу во коренот. Тоа е опасно. Може да ја копаме, да ја потпираме, но мора да видиме дали е болна во темелот. Мора да имаме дијагноза. Годинава ќе истражуваме археолошки и ќе се обидеме да направиме проект за да може идната година повеќе да се посветиме на конзервацијата - вели тој.
Вториот истражувачки пункт ќе биде Стоби. Истражувањата ќе траат три години и ќе се одвиваат во рамките на бедемите на античкиот град. Археолозите ќе копаат до здравица, до последниот слој земја.

ИНФРАСТРУКТУ

РА ВО СТОБИ

И на Стоби паралелно ќе работи екипа која ќе подготвува проекти за конзервација на објектите што ќе ги истражуваат археолозите.

- Се надевам дека ќе успееме да завршиме се', зашто ова е огромна работа. Многу сум возбуден, но сметам дека ова е голем предизвик што ќе го решиме заедно - вели Кузман.

Ископувањата се во надлежност на новоформираната институција „Стоби“, а раководител на тимот е директорката на институцијата, археологот Силвана Блажевска. Според Кузман, се планира да се направи музеј на Стоби, сувенирски центар, инфраструктура која ќе биде привлечна за посетителите. И на Хераклеја објектите ќе бидат истражувани до последниот културен слој. Археолозите ќе работат на пунктовите што досега не биле чепкани. Веќе истражените објекти, како двете базилики, ќе бидат целосно конзервирани.

- И таму треба да се средат имотно-правните работи, но ќе гледаме да ги решаваме во од - вели Кузман.Со ископувањата ќе раководат археолозите од битолскиот Завод и музеј, Аница Ѓорѓиевска и Енгин Насух. Нивниот колега Златко Видески од Музејот на Македонија ќе раководи со истражувачкиот тим на Исар-Марвинци. Годинава треба да биде истражена целата некропола која со години беше цел на диви ископувања. Таму имотно-правните работи ќе бидат решени со временска експропријација.

- Сопственикот ќе каже колку чини да не ја копа нивата годинава. Ќе му платиме, ќе ги ископаме гробовите, ќе ги документираме, ќе ги земеме гробните прилози, а потоа ќе ја вратиме нивата во првобитната состојба - објаснува Кузман.

Грчки научници на македонските локалитети

Грчки научници ќе го ископуваат македонското културно наследство, заедно со колегите од соседството, ако ја прифатат поканата од Управата за заштита на културното наследство да ни помогнат во обемните ископувања.

- Ќе треба целокупната археолошка сила во Македонија да ја поделиме на четирите големи пунктови. За се' ќе има пари, но мислам дека тешко ќе излеземе на крај со стручни екипи. Веќе размислуваме како да побараме помош од нашите соседи, од Србија, Бугарија, Албанија, Грција за да ги составиме екипите. Од Управата ќе поведам иницијатива да се обратиме до сите соседи. Свесен сум дека нашиот стручен потенцијал нема да биде доволен за да се реализираат сите овие проекти - вели Кузман.

ИНФО-Милионска инвестиција

Околу 20 милиони евра од буџетот ќе бидат потрошени за ископувања на скопското Кале, Стоби, Хераклеја Линкестис и Исар-Марвинци.За секој локалитет ќе бидат одвоени од 250 до 300 милиони денари. Нема само да се ископува, ќе мора да се решаваат и имотно-правни проблеми.Археолозите ќе копаат до здравица, до последниот слој земја. Управата за заштита на културното наследство ќе побара стручна помош од археолозите од Србија, Бугарија, Албанија и од Грција зашто ќе недостига кадар.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A700D4F62B448E4C828906228EF5A217
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Feb-2009 at 17:33
Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман
Stern%20Smile

Да не претервам со моите остри коментари да не одам во Јужна Америка, Средна Америка и Африките, па ајде ни Азија Турција, да кажам за Грција, да не мисли дека Вергина, Пела и уште 40 други објекти бесплатно биле ископани?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Mar-2009 at 03:10

Нов мозаик откриен на Хераклеја

Археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од локалитетот

Археолози открија мало парче од нов мозаик, кој допрва ќе се истражува, во рамките на големиот истражувачки поход што го најави Министерството за култура на Хераклеја. Се' уште не се знае во каква состојба е.

- Се' додека не го откриеме комплетно, не можам ништо попрецизно да кажам. Во еден период времињата биле немирни кога доаѓале разни варварски племиња и уништувале. Ние наидовме на мозаик, но се' уште не знаеме во каква состојба е - изјави археологот Аница Ѓоргиевска. Годинава археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од сегашните граници на локалитетот. Ќе бидат ангажирани околу 500 работници и стручни кадри - археолози, конзерватори, историчари на уметноста.

- Македонскиот период досега е истражен колку што можеше. Лани имавме материјал од тој период, но, за жал, од 1959 до 1974 година тука истражуваше Југословенскиот институт од Белград и добар дел од документацијата е таму. Сепак, има доволно податоци за да можеме да тврдиме дека ова е град на Филип Втори Македонски, дека тука има и постари слоеви дури од праисторијата - додаде Ѓоргиевска. Во тек се и преговорите со Народниот музеј во Белград за отстапување дел од документацијата за истражувањата на Хераклеја.

- За два месеца ќе отпатуваме и тогаш ќе можам да кажам што е она што ни го отстапуваат како документација. Сигурно нема да бидат оригинали, зашто ниедна држава не може да си дозволи да ги изнесе во јавноста кога еднаш дошле кај нив. Но, добро е да добиеме податоци, фотографии, пишани документи - вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј од Битола. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за почеток ќе се интервенира на четирите локалитети со повеќе од 180 сонди.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3831C100B53E4B4EA7C4224B562686CD
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Mar-2009 at 03:10

Почна капиталното истражување на Хераклеја

Во големиот зафат се планира да се интервенира на 17 истражувачки полиња во кои ќе има над 180 сонди

 

Битола - Започна целосното истражување на античкиот град крај Битола - Хераклеја Линкестис. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија без ограничување на средствата. Во исто време започнуваат капиталните истражувања и на некрополите во Исар Марвинци и Скопската тврдина кои што заедно со Хераклеја треба да бидат завршени до крајот на оваа година. За Стоби активностите ќе траат во наредните три години.

Паско Кузман смета дека целосното истражување на античките локалитети треба да се подразбере како стандард со намера да се воздигне македонското културно наследство. „Ако немате целосно истражени локалитети имате само мртви капитали. Сакаме тие мртви капитали да бидат живи и да бидат корисни за луѓето и сега. Ако Хераклеја заживее и се ревитализира тој илјадагодишен град ќе стане град за сегашноста и иднината“, потенцираше Кузман објаснувајќи го потегот на Владата зошто од парите на граѓаните се зафатиле за еден ваков голем проект.

Во големиот зафат во Хераклеја се планира да се интервенира на 17 истражувачки полиња во кои што ќе има над 180 сонди, ќе бидат ангажирани 400 стручни лица, археолози, конзерватори, архитекти, историчари, етнолози, а ќе бидат вклучени и 500 физички работници.

,,Хераклеја е град кој што е подигнат на принципот на општини. За почеток ќе гледаме да го истражиме централното градско јадро, но не значи дека нема да се движиме пошироко. Голема среќа е за нас што минатата година имавме едно откритие кое што ни го покажа патот и на идните истражувања, а тоа е бедемот, лоциран на јужната страна на Хераклеја. Тоа ќе биде единствената насока по која ќе се движиме на потегот исток запад“.- рече Аница Ѓеоргиевска, археолог во Завод и музеј Битола.

Во ова истражување ќе бидат опфатени и просторите кои сега се надвор од физичката ограда на локалитетот. Со комплетното истражување на Хералеја ќе се гради и стратегија за валоризација на културното богатство.

,,Со откривањето на овој град ќе следат и конзерваторски интервенции на објектите, со што веќе имаме производ кој што ќе им го понудиме на туристичките работници. Нашата статистика покажува дека во период кога комплетно се отворени мозаиците во Хераклеја посетата е многу поголема отколку обратно. Значи секој што ќе дојде сака да види нешто конкретно да го допре и да ја слушне приказната“, вели Ѓоргиевска. (А.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A2D77A1E2E47484098253C26EBA55B2D

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 09-Mar-2009 at 03:43
малку ме чуди оваа офанзива, баш кога сме кај мозаиците колку што ми е познато веќе откриените старите се во многу лоша состојба бидејќи немало средства квалитетно да се конзервираат па истите претежно се покриени со песок, иако тоа и треба да е нормално за во зима, кај нас ова е случај през цела година. да нема забуна информацијава ми е стара, незнам дали во меѓувреме се квалитетно конзервирни веќе откриените мозаици во хераклеа линкестис!? 

Edited by beTon - 09-Mar-2009 at 03:43
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 09-Mar-2009 at 17:35
Нови 3 милиони денари за истражување на Цареви кули



Автор:  Снежана Џорлева
Култура
Владата ќе додели дополнителни 3 милиони денари за истражување на локалитетот Цареви кули во Струмица. Истражувањата ќе почнат за десетина дена, соопшти Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, при обиколката на локалитетот викендов.

- Истражувањата што се вршеа лани, продолжуваат и годинава до крајот на јуни. Потоа се надеваме дека ќе добиеме дополнителна поддршка од Владата, за истражувањата да се интензивираат. Тие се неопходни за подготовка на Кулите за реставрација, конзервација и, на крајот, за ревитализација, која ќе му даде живот на овој локалитетот - изјави Паско Кузман.

На истражувањата дополнително ќе се ангажираат околу 110 стручни лица.

- Досега на овој и на другите четири локалитети во земјата, кои се истражуваат, се ангажирани од 800 до 1.000 стручни лица - објави Кузман.

Оваа година на сите локалитети претежно ќе се вршат конзерваторско-реставраторски работи, за да може понатаму сите тие да бидат ставени во функција на туризмот и науката.

Во програмата за истражување на Царевите кули, покрај Владата, пари обезбеди и локалната самоуправа, преку меѓународната соработка со Петрич во Бугарија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=336&ArticleID=19821
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 11-Mar-2009 at 18:12
Нов мозаик откриен на Хераклеја
Археолози открија мало парче од нов мозаик, кој допрва ќе се истражува, во рамките на големиот истражувачки поход што го најави Министерството за култура на Хераклеја. Се' уште не се знае во каква состојба е. 
  - Се' додека не го откриеме комплетно, не можам ништо попрецизно да кажам. Во еден период времињата биле немирни кога доаѓале разни варварски племиња и уништувале. Ние наидовме на мозаик, но се' уште не знаеме во каква состојба е - изјави археологот Аница Ѓоргиевска. Годинава археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од сегашните граници на локалитетот. Ќе бидат ангажирани околу 500 работници и стручни кадри - археолози, конзерватори, историчари на уметноста. 
 
 - Македонскиот период досега е истражен колку што можеше. Лани имавме материјал од тој период, но, за жал, од 1959 до 1974 година тука истражуваше Југословенскиот институт од Белград и добар дел од документацијата е таму. Сепак, има доволно податоци за да можеме да тврдиме дека ова е град на Филип Втори Македонски, дека тука има и постари слоеви дури од праисторијата - додаде Ѓоргиевска. Во тек се и преговорите со Народниот музеј во Белград за отстапување дел од документацијата за истражувањата на Хераклеја.  
 
 - За два месеца ќе отпатуваме и тогаш ќе можам да кажам што е она што ни го отстапуваат како документација. Сигурно нема да бидат оригинали, зашто ниедна држава не може да си дозволи да ги изнесе во јавноста кога еднаш дошле кај нив. Но, добро е да добиеме податоци, фотографии, пишани документи - вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј од Битола. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за почеток ќе се интервенира на четирите локалитети со повеќе од 180 сонди.


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=821:2009-03-10-23-26-12&catid=14:vesti&Itemid=26
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 21-Apr-2009 at 00:48
Монети со ликот на Филип Втори Македонски пронајдени на Цареви Кули


Покрај монетите, ископани се и амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, керамика, фигури од малоазиски тип...


Македонските археолози открија наоди од македонско-хеленистичкиот период, на локалитетот Цареви Кули над Струмица. Се работи за монети со ликот на Филип Втори Македонски, потоа амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, керамика, фигури од малоазиски тип... Сите овие артефакти укажуваат на фактот дека струмичката тврдина била населена кон крајот на четврти век пред нашата ера.

"Секоја година Цареви Кули не изненадуваат со нови и нови податоци, а лани добивме одредени сознанија кои говорат дека можно е да имаме материјални остатоци и од петти, односно од четврти век, од времето на Филип Втори. Истражувањата покажаа дека во четврти век на Цареви Кули имало одредена активност, најверојатно имало и населба, а некои податоци, пред се садовата керамика, укажуваат на петти век пред нашата ера. Повеќето од јамите се всушност од четврти век пред нашата ера, датирани со монети на Филип втори", рече археологот Зоран Рујак, кој раководи со истражувањата на локалитетот.

Локалитетот Цареви Кули во различни периоди од историјата се користел за различни намени, а досегашните откритија само го покажуваат континуитетот во културата на Струмица. Зоран Рујак вели дека Струмица како град, заедно со својата околина, има континуитет во културата веќе 7000 години.

Оваа година истражувањата на Цареви Кули се финансирани од страна на Владата на Македонија, и претставуваа дел од нејзините капитални проекти. За оваа намена годинава се одобрени околу 3 милиони денари. Доколку се продолжи со вакви успешни наоди, најавена е поддршка од Министерството за култура со најмалку уште толку средства за завршување на започнатите работи, кои ќе траат до крајот на годината.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D9DC694FB0DB404DBD4224A916192536
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 27-Apr-2009 at 18:34

Пронајдени 15 килограми византиски монети

Монетите се наоѓале во ќупови, а датираат од втората половина на 12 век

Околу 15 килограми византиски монети од периодот на втората половина на 12 век се пронајдени при археолошките истражувања на Цареви кули во Струмица.
Станува збор за 4.300 монети кои според археолозите, служеле како платежно средство во градот Цареви кули во времето на првиот самостоен господар на Струмица Добромир Хрст. Монетите се пронајдени во два купа на платото на тврдината.
"Ова претставува една од најголемата оставина на монети што се пронајдени на македонска почва. Истите го потврдуваат владеењето на самостојниот господар Добромир Хрст со Цареви кули во нестабилно време, бидејќи тогаш номадите го заземаат Солун односно се формира второто бугарско царство", вели Зоран Рујак раководител на археолошките истражувања на Цареви кули.
Пред една недела на овој локалитет беа пронајдени монети од времето на Филип Втори. Археолошкиот локалитет Цареви кули интензивно се истражува веќе две години.
Таму со пронајдената праисториска населба од лани и сите докази укажуваат дека на овој локалитет имало цивилизација цели 7.000 години поради што за археолозите, Цареви кули и понатаму претставува голема мистерија.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=1E4FDAF535310346AC183B8C13177B47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 05-May-2009 at 17:37
Славе Македонски е најстариот скелет во Југоисточна Европа

вторник, 05 мај 2009
 
Скелетот Славе Македонски, кој беше пронајден на локалитетот „Гранчарица“ во близина на штипското село Крупиште има 6.745 години и живеел во раниот неолит
 
 
 
 
Директорот на Музеј на град Штип Зоран Читкушев изјави дека радиокарбонатниот сертификат, направен на унизверитетот во Глазгов-Шкотска покажа дека скелетот Славе Македонски е најстариот во Југоисточна Европа.

- Направените анализи од примероците испратени на универзитетот во Шкотска можат да отстапуваат во годините на скелетот со плус или минус 30 години, рече Читкушев. Тој додава дека локалитетот„Гранчарица“ според овие анализи за скелетот Славе Македонски е од раниот неолит и е најстариот во Југоисточна Европа.

Во штипскиот музеј скелетот Славе Македонски ќе биде изложен заедно со трите печки на 18- ти мај на Денот на музеите, а локалитетот „Гранчарица“ ќе се претвори во туристичка атракција.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=24977
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 05-May-2009 at 18:04
ете колку сме стари, а се фатиле сите за Ацета LOL
инаку мене многу повеќе ме фасцинираат пронајдоци од праисторијата, одколку од стариот век, многу ми е мило што имаме локации како Кокино или други ископини како Гранчарица
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 05-May-2009 at 19:16
Дечки, во последниве 2 часа веќе три коментари отстранив од нишкава кои немаа врска со археологија. Ве молам воздржете се од непотребни дофрлања.


Edited by Cloverstack - 05-May-2009 at 19:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 09-May-2009 at 19:16
Под штипскиот Исар откриен тунел долг 200 метри и темели на црквата свети Власиј од 14- от век
Ако гуските го спасиле Рим, шатките го предале Штип. Вака гласи почетокот на преданието за освојување на тврдината стара 14 векови која се наоѓа на врвот од ридот Исар кај Штип. Легендата вели, опсадата на тврдината ќе завршела неуспешно доколку шатки не им го откриле на освојувачите влезот од тајниот тунел долг 200 метри и висина во внатрешноста од два метри, а бил врска помеѓу тврдината и коритото на реката Брегалница.

- Откриениот влез во тунел иницира дека внатрешноста не е природно дело но човечко, вели за Канал 5 археологот од Народниот музеј во Штип Звонко Белдедовски. Тунелот се спомнува и во записите на патеписецот Евлија Челебија од 17-тиот век, дополнува Белдедовски.

Во близина на тунелот при орање случајно се откриени и темели на црква.

- Досега ги пронајдовме ѕидините од црквата кои се дел од некогашен манастирски комплекс на црква посветена на светецот Власиј од 14 век вели раководителот на ископувањата археологот од штипскиот Народен Музеј, Зоран Николов.

Во меѓувреме на врвот од Исарот интензивно се расчистува теренот околу остатоците од древната тврдина.

- Сега ги расчистуваме двете цистерни кои служеле како резервоари за вода за време на опсади, но работата оди тешко бидејќи наидуваме на сплет од громобрански оловни ленти од придружните ТВ репетитори кои се наоѓаат во кругот на тврдината на врвот од возвишението Исар, објаснува археологот Мите Стерјов.

Археолозите внимателно ги откриваат деталите од тајниот тунел. Пукнатините во истрошените карпи над влезот од тунелот ја намалува сигурноста во истражувачките работи. Геолози од Рударско Геолошкиот Факултет за Канал 5 најавија за в понеделник нивно детално испитување.

Тврдината на Исарот ќе блесне во својот сјај за една година за колку во Народниот Музеј се надеваат да завршат конзерваторските работи. Сепак, за да се доживее убава глетка на панорамата на Штип, посетителот ќе мора прво да ги совлада 300-те скалила кои водат до тврдината, а патот до нив како и обично го покажуваат шатките од Брегалница.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=51866&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.