build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 10-May-2009 at 23:28
Осумдесетина сребрени венецијански монети пронајдени кај Струмица


Монетите кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, говорат дека населението имало живи трговски врски со Венецијанската република


Осумдесетина сребрени венецијански монети, или таканаречени "матапани", кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, се пронајдени од археолозите, кај Струмица.
Првичните сознанија говорат дека во оваа тврдина постоел интензивен живот низ вековите, и дека овдешното население имало живи трговски врски со Венецијанската република, особено по падот на Константинопол во 1204 г., и со формирањето на латински царства во византиската империја.

Пролетва струмичките археолози открија и групни наоѓалишта од околу 4.300 византиски монети од времето на династијата комнени и десетина монети со ликот на Филип Втори Македонски од четвртиот век пред нашата ера.
Освен монети на овој археолошки локалитет досега се пронајдени и низа други вредни артефакти, како и праисториска населба која сведочи за постоењето на живот на овие простори во период од околу седум милениуми.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=651BA8D7BF36034FB424847893B089C6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-May-2009 at 09:23
Археологијата - најработодавна гранка
Култура
Две илјади и осумстотини работници во моментов се ангажирани на археолошките локалитети низ Македонија, правејќи од археологијата актуелно најработодавна гранка во земјата.

- Нема археолог, студент по археологија или волонтер што покажал желба да биде вклучен во истражувањата а да не е на локалитетите низ Македонија - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на спомениците на културата.

На официјалниот список на МАНД (Македонско археолошко научно друштво) има околу 110 члена.
- Колегите од другите градови ме информираат дека сите се ангажирани - невработените дипломирани археолози и студентите по археологија. За нас, вработените не правиме муабет, вели Марина Ончевска - Тодоровска, археолог во Музејот на градот Скопје, раководител на истражувањата на Скупи и претседателка на МАНД.

Статистиката покажува дека бројот на стручните лица вклучени во тековниве истражувања е поголем - ангажирани се 480 стручњаци, главно археолози но и луѓе од области сродни на археологијата како конзерватори, историчари на уметноста, нумизматичари и сл.

По долги години игнорирање и несоодветен третман, археологијата во последниве неколку години доживува вистинска ренесанса. Проектите за целосно доистражување и опремување за туристичка експлоатација на Стоби, Хераклеја, Исар Марвинци, скопско Кале и на уште десетина локалитети низ земјава ангажираат приближно 3.000 работници на терените.

- Помножете го тоа со 4, колку што е просечно македонско семејство и ќе видите колку семејства во моментов живеат од археологија - вели Силвана Блажевска, главен раководител на истражувањето на Стоби.

Погледнат од автопатот Велес - Прилеп, локалитетот Стоби изгледа како мравјалник.
- Така е затоа што голем дел од работите се сконцентрирани на бедемот, кој е видлив од автопатот. Но, во ова најголемо досега истражување на Стоби се работи на девет истражувачки полиња, секое со површина од 50 на 50 метри. Ги вршиме најголемите истражувачки работи на овој локалитет по шестмесечните истражувања направени пред изградбата на автопатот што минува крај него - вели Блажевска.

На Стоби во моментов се ангажирани 560 луѓе, од кои 40-ина се професионални археолози.
- Ова е златно време за археологијата кај нас. Сите ја оценуваме крајно позитивно одлуката на Владата да се вложи во оваа дејност, која досега беше запоставувана. Сега се дадени многу пари, но многу и се доби - вели Ончевска - Тодоровска.

На Исар Марвинци во овој истражувачки циклус, кој започна во март и ќе трае до јули, работат 40 археолози и 500 работници.
- Од она што досега го откривме можеме само да видиме што сè сме изгубиле во годините кога не сме работеле на Марвинци, вели Златко Видевски, раководител на истражувањето на локалитетот, најчесто напаѓан од диви копачи.

Интензитетот на работите во археологијата и годинава продолжува со позитивниот тренд, кој го отвори оваа владина гарнитура.
- Ако 2007-та ја паметиме како почеток на ренесансата во археологијата и заштитата на културното наследство во модерното време, во 2008-та ренесансата доживеа процут. Тој процес продолжува и годинава - вели Кузман.

Неподелената поддршка за археологијата на крајот на годинава ја објави и премиерот Груевски, кој при отворањето на изложбата „Македонската археологија 2008“ рече:
- Владата ќе продолжи силно да ја поддржува културата, вклучувајќи ги и проектите за археолошките ископувања во државата. За 2009 година предвидено е да се работи на 15-тина локалитети, од кои целосно треба да бидат завршени локалитетите Марвинци, Хераклеја и Скопското кале, а во период од три години и Стоби - најавува Груевски.

Процесот на археолошките истражувања е долг и макотрпен и не завршува со вадењето на движните и недвижните наоди на површината. Следува кабинетска работа на евидентирање, конзервација, реставрација и, конечно, на претставување.
- Ни недостигаат конзерваторски центри кајшто младите археолози и конзерватори ќе ја продолжат работата на наодите по завршувањето на теренските истражувања - вели Ончевска - Тодоровска, сугерирајќи ги суптилно следните зафати за кои би требало да се размислува во иднина.

За многумина ова е непродуктивна инвестиција. Но, долгорочно гледано, уредувањето и истражувањето на археолошките локалитети е двострано корисна инвестиција - како стопанска дејност што од локалитетите во перспектива ќе направи одржливи единици што сами ќе си обезбедат пари за одржување и како влог во иднината - зашто, филозофски речено, секоја иднина си ги осветлува перспективите со светлините од минатото.
- Долг е патот до самоодржливост на локалитетите и за тоа е неопходно извршувањето на уште низа други активности, кои посредно или непосредно кореспондираат со археологијата, од инфраструктура до туризам. Во моментов, дури и Стоби како најдолго истражуван и најобработуван локалитет, кој згора на сè се наоѓа и на претпоставено фреквентна делница кон Грција, сè уште не може да работи на принцип на самоодржливост. Но, тоа се долгорочни процеси и добро е што се започнати - вели Ончевска - Тодоровска.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=389&ArticleID=24204
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 16-May-2009 at 00:12

Истражувања на Стибера

Прилепските археолози годинава ќего истражуваат центарот на античкиот град Стибера. Со стручната екипа од Заводот за заштита на спомениците и музеј од Прилеп ќе раководат археолозите Лилјана и Костадин Кепески. Тие ќе работат речиси три месеци.

- Ќе ископуваме во централниот дел, западно од Хероонот и ќе го доотвориме објектот со култна намена што го откривме лани - вели Кепеска.Археолозите лани открија значајни скулптури на Стибера, меѓу кои три мермерни глави, скулптура на божицата Ника, портретот на младо момче Ефеб и помала скулптура од млада жена, без глава и нозе.

На локалитетот досега се откриени 28 споменици со натписи и 27 статуи. Истражувањата почнале во 1924 година, а со нив раководел српскиот археолог Никола Вулиќ. Античкиот град Стибера бил формиран во 4 век пред новата ера и доживеал процут во 2 век.

Истражувањата на античкиот град се дел од капиталните проекти на Владата. За годинашните истражувања се издвоени околу три милиони денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E56377B4BD8819469DE84BBC4302A65F
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 17-May-2009 at 19:05

Караванот на „Виа Игнација“ пристигна во Битола
Недела, 17 Мај 2009 18:02

MAJA_via_ignatia_sl_001

Фондацијата „Виа Игнација" од Холандија, основана во 2007 за ревитализација на античкиот пат Виа Игнација го започна својот караван од Драч, Албанија пред две недели, а крајната цел им е Истанбул каде завршувал патот преку Македонија и Грција. Во Македонија ги посетија Струга, Охрид, а вчера пристигнаа во Битола. За овие две недели испешачија 250 километри.

MAJA_via_ignatia_marieta

-Идејата беше моја, а целта да го ревитализираме патот Виа Игнација којшто ги поврзува луѓето од различни култури кои живеат во овој регион, рече Мариета Ван Антекун од фондацијата „Виа Игнација".

Како дел од фондацијата се група луѓе ентузијасти, антрополози, историчари на уметноста, археолози кои се заинтересирани за Балканот.

MAJA_via_ignatia_kristiona

-Посебно ако сте заинтересирани за историјата и случувањата на Балканот, ние веруваме дека на овој простор има повеќе што обединува отколку што разединува. Сакавме да направиме нешто хумано, поврзано со уметноста, а не со политиката.
-Учествувам затоа што мислам дека е добра идеја фактот што луѓе надвор од Балканот сакаат да ја вратат идејата за поврзување на луѓето, вели Кристина Контакси од Грција.

MAJA_via_ignatia_sl_002

Носат позитивни импресии од досегашното патување и гостопримливоста на луѓето.

-Најдовме многу заеднички песни кои и ние веќе ги знаевме и можевме заедно со локалното население да ги пееме, во Албанија, Македонија, а се надевам и во Грција. Сретнавме многу луѓе, има голема интеркултурна разлика, се сретнавме со стари луѓе кои ни кажуваат историски настани, ние им даваме часови по англиски, изјави Мариета.

Но негативна импресија имаат од загадувањето на животната средина.

-Земјата е прекрасна, но ако сакате да развивате туризам мора да водите грижа за заштита на животната средина.

Утре заминуваат за Грција.

-Во понеделник тргнуваме од Хераклеја, ќе се движиме до грчката граница, каде ќе има песни, културни активности, рече Мариета.

За утрешната м,анифестација на Меџитлија најавуваат присуство на видни гости.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7864&Itemid=106

Веројатно ова е археологија, на некој начин
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 18-May-2009 at 01:46
Архитектурата од 4 до 6 век на виделина

На наоѓалиштето излегуваат на виделина живеалишта од доцна антика, поплочани улици, плоштади и куќи за живеење со целиот распоред, кујни, складишта и внатрешни дворови...


На археолошката локација Стоби кај Градско, деновиве се откриваат фрагменти од архитектурата од 4 до 6 век. Според археологот Силвана Блажевска, на наоѓалиштето излегуваат на виделина живеалишта од доцна антика, поплочани улици, плоштади и куќи за живеење со целиот распоред, кујни, складишта и внатрешни дворови.
- Оваа архитектура ја наоѓаме на локацијата над театарот, а потекнува од периодот кога овој објект излегува од употреба. Се отвора и просторот над полукружниот плоштад наспроти Епископската базилика, па се до северниот бедем каде се открива исто така доцноантичка архитектура. Колегите го доистражуваат и римскиот форум. Таму се откриени исто така фрагменти од скулптури, но вградени во бедем. Имаме откриено и глава од скулптура, но дури за две недели ќе се знае од кој период потекнува и што претставува, вели Блажевска.

Во северозападниот дел на Стоби, пак се отркриени пет метри квадратни кули. Инаку, откритија според Блажевска има и на западната некропола. Пронајдени се и голем број керамички садови, монети од 4 до 6 век и раноримски. Се отвара и делот од патот кој од Стоби води кон Хераклеа, а се истражува и покрај градбата со засводени подземни простории, која е откриена минатата година.

Инаку Стоби во 7 и 6 век п.не.е бил мала пајонска населба. Почнал да се развива во време на Филип Петти, но највисок подем доживеал во Римско време.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=487ADCC782B82144AE4E949EF275CE66
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 28-May-2009 at 22:01
За вакви слични случаеви имам слушано доста. Еден од оние поголеми случаеви е наводното ископување огромна количина злато при изградбата на булеварот на потегот од мостоt Гоце Делчев до судска палата, под стоковна куќа во непосредна близина на Кале и Чаршија каде наводно златото завршило во Белград. Има уште доста слични приказни. А најновата е од Струмица, од Беласица. Сега за сега со статус на шпекулација додека не се потврди....




Edited by lslcrew - 28-May-2009 at 22:02
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 28-May-2009 at 22:12
Тауресиум ќе се презентира пред јавност


На археолошкиот локалитет кај скопското село Таор, родното место на големиот император Јустинијан Први, Тауресиум, кој владеел со источно римско царство од 527 до 565 година, за посетителите ќе бидат поставени табли со објаснување на неговата историја, како и на поединостите за пронајдите предмети. Според археологот Кире Ристов, кој е и раководител на истражувањата, од април кога започнаа активностите на теренот до сега, пронајдени се повеќе објекти од јавен карактер, 6 индивидуални станбени објекти, како и многу фрагменти од керамички садови и метални наоди.
-Истражувањата ќе продолжат до крајот на идниот месец, со оглед дека до тогаш имаме обезбедени средства од ресорното министерство. Целта ни е во овој период да го доведеме во состојба на јавна презентација, иако локалитетот е веќе влезен во туристичките карти на Македонија. Во тек е и решавање на имотно-правните односи бидејќи локалитетот доби јавен карактер, објаснува Ристов.

Таблите кои треба да бидат поставени од Град Скопје, ќе ги откријат пред посетителите тајните на Јустинијана Прима, град-седиште на архиепископијата на императорот .
Инаку сите откриени предмети и градби зборуваат дека во периодот на доцната антика од 5 до 10 век, населението на овие простори имало активен општествен живот. На локалитетот, пронајдени се и населби од бронзено време, од 2200 до 1800 година пр.н.е.
Инаку досега е откриен дел од бедемот кој ја обиколувал населбата, а за позначаен наод се смета и откривањето на монограмот, печат на Јустинијан Први, врз венецот од ќуп "питос".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8D91886C002744429A48A568A4A5942F
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 29-May-2009 at 03:14
за прикзните со заборавено или загинато злато во МКД има колку сакаш човек да се изнаслуша претежно бадијала! но ова со багер и ќуп комбинацијава е една од поинтересните комбинации! мене како највпечатлива ми има останато кратовската ризница во глава.
при изградба на водовод, багер заачил голем питос златници, јасно веднаш кај локалниот стопан, кој во тоа време во осумдесетите не бил нешто особено моќен, за веќе по оваа дешавка пополека но сигурно ѕинго да крене и економски и политички, некој вели наишле на повеќе полни питоси, некој вели дека станувало збор за ризница. битно е јавноста ваквите работи не треба да ги знае, но ете луѓе сме па и ги дознаваме т.е. пренесуваме па веднаш се втурнуваат авантуристи во разно разни потраги нанесувајќи си сетне пред се себе штета но и на секој можен локалитет на кој ќе наидат!

е сега ајде малку метафизика   нека ме исправи некој, но јас имам чуено за проклето злато, а всушност проклетството е физика, науката вели самото злтато има радиоактивни изотопи, па претпоставувам се насобира радијација додека самото злато стои во земјата, за кога ќе се откопа да ја испушти, затоа и луѓе умираат кога по ископувањето ќе дојдат во контакт со него, ова би требало да е врзано и за други појави како концентрација на големо количевство на јони во самата дупка, но во принцип дивите копачи имаат пракса да го откопаат и 24 часа да го остават, така речи да се излуфтира за дури утредента да го соберат...

другата претпоставка е од духовен карактер! се што е закопано не го откопувај, бидејќи со него ги вадиш сите негови енергии позитивни или негативни, ова претежно се однесува на предмети и градби, а бидејќи златото обично во минатото било врзано или за војска или за разбојници аналогно истото сосебе влече и негативен духовен набој...

и во двата случаи копачите го извлекуваат подебелиот крај, и физички и духовно, единствено во меѓувреме се прокнижува некој денар доколку сакаат легално да тера ваквото откритие, 20% задржуваат тие а 80% оди за државата. според оваа математика наводно имало и од турција луѓе кои доаѓале со карти и досега еднаш или двапати делеле поголемо количевство алтани со државата, откривајќи каде аскерот при повлекувањето по балканските војни, што заради напад што заради немоќ да го пренесат, криеле по планините големи количевства злато...

колку лажен сјај има овој метал тоа е едно чудо, го врзува срцето на човека за земјата за навек, та нели е речено еден од најголемите гревови е злато-среброљубието, чим човек почне да робува на материјалното тешко дека ќе разбере за духовното, зошто среброљубието е корен на секакви зла од гнев до завидливост. во пракса под среброљубие потпаѓа секоја желба за поседување материјално богатсво како имот, пари и моќ, па лековерниот човек бидејќи незаситлив станува роб на овие желби или страсти, дури и кога имама повеќе од доволно за комфорен живот! пример е рокфелер првиот милијардер во светот кој кога го прашале што ви треба сега после милијардата одговорил само уште еден долар! саде најдобро филмски отсликана особина во ликот на смигол...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 12-Jun-2009 at 00:06

Епископски центар под темелите на Јени-џамија

Црквата „Св. Ѓорѓи“, најверојатно, била епископски центар на царството на Гаврило Радомир, син на Самуил

Битола - Црквата „Св. Ѓорѓи“, чии остатоци од темелите се пронајдени при ископувањата во Јени-џамија во Битола, најверојано, била епископски центар на царството на Гаврило Радомир. Ова го претпоставуваат битолските археолози кои веќе неколку години ги истражуваат темелите на џамијата лоцирана во строгиот центар на Битола. Со истражувањата во Јени-џамија се пронајдени два оловни печата, едниот со претстава на „Св. Ѓорги“, за кој се претпоставува дека го користеле наследниците на царот Самуил при нивните преписки.

Според историчарите, првородениот син на царот Самуил, Гаврило Радомир, бил крунисан во Битола и тука била неговата престолнина со која управувал речиси една година по смртта на татка си во 1014 година, се додека неговиот братучед Јован Владислав не решил да му пресуди и да го заземе неговото царство.

„При ископувањата во Јени-џамија пронајдени се два печати од писма. Преписка која се одвивала овде во 11 век. За еден од нив на кој има претстава од ’Св. Ѓорги‘ веруваме дека им припаѓал на следбениците на династијата на царот Самуил, или на Гаврило Радомир, или на Јован Владислав. Така што, иако смело, но може да се претпостави дека црквата ’Св. Ѓорѓи‘ била епископски центар на Самуиловото царство“, вели археологот Гордана Филиповска-Лазаревска, виш кустос во Завод и музеј Битола. За Лазаревска е неспорно дека и по пропаста на Самуиловото царство во 10, односно 11 век, просторот кај сегашната Јени-џамија бил епископски центар кој продолжил да живее и потоа.

Во изминатите години на оваа локација археолозите наидоа на остатоци од 4 цркви, токму едната од нив се смета дека била катедрална, изградена со црвен хидроуличен малтер.

„Со минатогодишните истражувања ја добивме ширината на објектот. Тој е со димензии од 14 метри ширина. Ако истата димензија ја потврдиме и во рамките на тремот, тогаш ќе знаеме дека таа била направена како крст впишан во квадрат. Најстариот објект со сигурност е катедрален, бидејќи во близина не се најдени гробови. Тоа е вообичаено за катедралните цркви. Некрополите што ги најдовме на оваа локација датираат од неколку векови додоцна“, вели Лазаревска.

Пронајдени се и голем број на движни предмети. Како позначајна се издвојува иконата приврзок која најверојатво му припаѓала на некој црковен великодостојник. Токму поради големото значење на пронајдените артефакти за македонската наука и култура и годинава продолжуваат истражувања во Јени-џамија.

Новина е што по планираните ископувања во западниот дел од џамијата истражувањата ќе бидат поместени и надвор од објектот. Продолжувањето на ископувањата во Јени-џамија и годинава е поддржано од Министерството за култура со сума од 400 илјади денари. Локалната самоуправа од Битола ќе бара помошод Владата за презентација на богатото културно наследство на Битола надвор од нашите граници.

„Укажуваме до Владата дека во Битола треба повеќе да се инвестира бидејќи секоја педа земја во градот е големо културно наследство. Така е со Хераклеја, така е и со истражувањата во Јени-џамија“, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=25BBC2394420C2498924D9DF2AB8AD4E
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 17-Jun-2009 at 01:20

На штипски „Исар“ откриена тајна чувана над 700 години

На штипската средновековна тврдина е откриен тунел широк два метра и со исто толкава височина

Иван Бојаџиски

Штип - Тајна чувана над седум века, која постоеше само во легендите, е откриена на штипската средновековна тврдина Исар. Станува збор за тунел широк два метра и со исто толкава височина, со должина над стотина метри, кој започнува од врвот на тврдината и завршува непосредно до коритото на реката Брегалница, но неколку метри под нивото на нејзините води. Археолозите кои на тунелот работат од минатата година само ја потврдија легендата за начинот на кој населението што живеело во добро утврдената крепост, се снабдувало со вода за пиење во време кога средновековниот град бил под голема опсада на турскиот аскер, а горе, на самата тврдина, постоеле само две цистерни за дождовница кои се откриени со последните археолошки истражувања.

„Со копањето почнавме одоздола нагоре, бидејќи така полесно се одвиваат работите. Ископавме над триесет метри, со што јасно се докажа вистинитоста на легендата, за која во своите патеписи во 17 век пишува и познатиот турски патеписец Евлија Челебија. Во досега истражениот дел наидовме на одморалишта низ тунелот во кој засега имаме регистрирано 32 скалила и вентилациони окна. Веќе нема сомневање дека станува збор за исклучително интересна градба која на подолг рок му овозможила живот на античкиот град Астибо, бидејќи преку тунелот жителите на овој град се обезбедувале со вода“, вели Ѕвонко Белдедовски, архитект-советник кој раководи со истражувањата на Исарот.



Но, што вели легендата за овој тунел?

Како и сите средновековни градови, и Астибо бил тежок за освојување. Во 14 век Турците, не можејќи да го освојат градот, се залогориле во подножјето на тврдината мислејќи дека населението без вода нема да може да издржи долго. Тие ги блокирале сите пристапи до реката Брегалница која тече токму под самата тврдина. Феудален господар на средновековниот град бил Оливер. Во еден момент Турците забележале како шатки излегуваат од под една карпа. Поставиле стража на тоа место и подоцна забележале како луѓе излегуваат од под земја, земаат вода и пак ги снемува. Турците ја откриле тајната и преку тунелот, во 1385 година, го освоиле градот. Првата поконкретна потврда за постоењето на тунелот е добиена во 1986 година кога овој дел бил миниран за потребите на изградбата на колекторскиот систем и кога било регистрирано неговото постоење.

Белдедовски вели дека е реална претпоставката тунелот да бил граден уште во античко време, иако засега со сигурност се знае дека бил употребуван во средниот век. „При празнењето на тунелот, покрај средновековната, наидовме и на античка керамика. Тоа ја прави реална претпоставката дека тунелот постоел уште во античко време. На овој терен сме од ланската пролет, а се' досега интензивно работиме на археолошките истражувања на тврдината. На локацијата Стара Кланица откривме основа на мала црква и наша претпоставка е дека се работи за ’Св. Власие‘, околу која откривме гробни места кои се во тек на истражување. Во гробовите најдовме човечки коски и обетки карактеристични за времето од 11 до 15 век. Откривме и добро зачуван мермерен капител, а неговиот тип ни укажува дека е од античко време, односно тој се употребувал до вториот век од нашата ера. Сето ова ни открива дека на ова место постоел антички храм во состав на античкиот град Астибо, по кој Штип, во модерната историја на градот, го има добиено своето име“, потенцира Белдедовски.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4F7E125038152748AD4A8999DA4D0E96
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 17-Jun-2009 at 13:19
ИСТРАЖУВАЧИТЕ НА НЕОЛИТСКАТА АРХИТЕКТУРА СО НОВИ ОТКРИТИЈА
Шестметарска Голема Мајка на Цоцев Камен

Монументална скулптура од камен со претстава на Големата Мајка, лоцирана околу 6.500 години пр.н.е е пронајдена на археолошкиот локалитет Цоцев Камен, Кратовско, тврди Вангел Божиноски, соработник на МАНУ за проектот “Неолитска архитектура“. Станува збор за единствена грамадна претстава на Големата Мајка кај нас, изделкана во вулканска карпа со висина од шест метри и широчина од три метри, тврди архитектот Божиноски, кој прв ја препознал фигурата во купот обраснати камења на локалитетот.
Претстави на оваа праисториска божица се пронајдени на повеќе наши локалитети, но со мали димензии, од по неколку десетици сантиметри, бидејќи фигурините најчесто биле дел од ентериерот на неолитските домови. Големата скулптура од Цоцев Камен има стилизирано тело, глава на која се издлабени очи, птичји нос и коса, слична на светските фигури со претстави на оваа божица, како онаа од Малта, која е висока само еден и пол метар.
Божиноски вели дека ова е голем пронајдок, кој ја потврдува широката распространетост на култот на Големата Мајка на наша територија. -Скулптурата е исправена и стои во центарот на светилиштето. Веројатно локалното население се собирало околу неа правејќи ги ритуалите за плодност и благосостојба, кои се одржувале во нејзина чест - вели Божиноски.
Археолозите, пак, како и досега, се резервирани во однос на откритијата за Цоцев Камен од страна на луѓе што не се во археолошката фела, сметајќи ги за контроверзни, најмногу затоа што локалитетот е археолошки неистражен, иако многумина претпоставуваат дека бил дрвено светилиште и праисториска опсерваторија.
Локалитетот најмногу го истражувал Душко Алексовски, претседателот на македонскиот Центар за карпеста уметност, кој минатата година ги сумираше своите истражувања во книжевно издание. Археологот Паско Кузман се оградува од анализите на Цоцев Камен велејќи дека, како археолог, не може да анализира сознанија до кои е дојдено по неархеолошки методи.
- Не можам да ги коментирам сознанијата на луѓето од интердисциплинарните науки. Тие се служат со поинакви методи на истражувања, кои се спротивни на археолошката методологија - вели Кузман.
За време на истражувањата на Алексовски на Цоцев Камен е откриена и мала фигура со претстава на божицата мајка (од 30 сантиметри), што ја потврдува нејзината популарност во регионот. Таа, како и нејзините двојнички, има нагласени женски облини, а на главата доминираат очи и нос. Како и во другите примери, таа нема уста, додека екстремитетите се стилизирани.
Дека Големата Мајка, како серодителка и како извор на животот, се почитувала во Македонија, покажуваат и малите скулптури и жртвеници со нејзиниот лик најдени во скопските села Говрлево и Тумба Маџари. Таа се претставува како заштитничка на домот и на семејството, мајка-хранителка, и како мајка регенератор, која го реинкарнира телото на покојникот. Таа е отелотворување на женскиот принцип, на плодноста, раѓањето и на создавањето.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1733&ArticleID=115910
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 17-Jun-2009 at 13:24
Не знам колку откритиево има кредибилитет со Вангел , шала на страна, интересна локација е ова цоцев Камен. Сеуште е рано за било каква потврда пошто релативно краток период се истражува локацијава, но увек ме фасцинирал овој период на карпеста уметност. Овие предели се доста богати со ваква карпеста уметност, баш тој Душко Поповски што се споменува во текстот на една емисија скоро викаше. Македонија има карпеста уметност колку што има низ цела Европа, а пак Кратово и околината има колку што има низ цела Македонија. Особено ме фасцинираат текстуалните записи и обидиите да се прочитаат, а чат пат и по некоја фраза што е останата до ден денес. Некоја слична категорија локалитет е како кокино, мислам од тој период.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 17-Jun-2009 at 13:36
Не е веројатно за тука муабетот, ако не преместете го во меана попосле, но кога спомна фрази останати до денес, навистина не можам да сфатам како во грчкиот ги имаат 95% истите фрази што ги имаме и ние. Да не почнам да набројувам, ама „да не видиш бел ден“, „душата ми излезе“ и уште преку 100 други се користат баш исто вака буквално преведени на грчки. Сум слушнал за balkansprachbund, ама тоа нема баш многу врска со ова, туку повеќе има врска со археологијата и античките народи. Интересно навистина што сè останало од тогаш.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 17-Jun-2009 at 13:44
Пардон не фрази, зборови. Ееве на пример зборовите ЗЕТ и НЕВЕСТА биле владетелите во тоа време. Владетелот бил ЗЕТ, а жена му невеста. Па после тоа традицијата навела да младоженците бидат крунисувани како ЗЕТ и невеста, односно како господари на своето ново царство (фамилијата). Гледал народот зет па и младожењата си го крунисувалке како зет. А зачудува и тоа што голем дел од буквите уште од тоа време се влечат до денес. Балканов е преплавен со ваква уметност може да се најдат по нет едно чудо матерјали.....да не скенирам сега списанија.

А тоа што спомна со фразите на грчки интересно. Да не беше последниов век и политиката така тектонски да ја помести насилно границата меѓу словенското (македонско) и ахајското (данајско) население сигурен сум дека областите од халкидики према запад, под олимп и натака епир ќе беа многу интересни како мешавина на две култури и ќе беше жив музеј да се гледа преодот на две макрокултури со сите свои ора, обичаи и дијалекти.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 17-Jun-2009 at 13:52


ЛСЛ тој преод се гледа и денеска. Ако ги изземеме политичките фрустрации на страна (и јазикот), Грците се можеби наш најблизок народ по толку многу параметри. Барем според мене.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 17-Jun-2009 at 14:00

Апсолутно е така, од лично искуство тврдам. Да поживеете тука само неколку месеци, ќе сфатите веднаш (политики и глупости настрана). А за јазикот, само вокабулар ви треба и тоа е. Сè буквално си преведуваш од македонски и инстантно зборуваш правилен грчки.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 17-Jun-2009 at 14:15
Да да и јас го имам приметено делумно тоа во грчки јазик, со моето супермаркетско познавање. Буквално да преведеш, а и да утнеш ќе те разберат, што не е е случај со други јазици и звучи аспсурдно. Можеме да извадиме еден список зборови со исто значење каде што само префиксот/суфиксот е рудиментиран поради различното говорно подрачје (што чак е случај и во рамките на еден јазик, а не па различни јазици).

Инаку тој преод што е дене, не е тој оригиналниот. Денешниов преод е генериран од некоја форма на ново-хеленизирани македонци па да речеме Пуштено оро еволуира во Левентикос па нешто е доизменето попримено од потемпераментните грчки ора и слично. Да не збориме за големиот број доселеници од Анатоли што со себе во мираз пак си имаат доснесено плус културни моменти, па да речеме нивното влијание доста се приметува во музиката со сите тие иснтрументи што додека не запее мислиш дека си во Багдат. Ама пак не е тој оригиналниот преод којшто денеска највеќе се заприметува во носиите за разлика од лингвистиката и музиката каде што е доста поместен северно. Мислам конкретно за она што е од Костур каде што се осеќа влијанието, па надоле се до Гревена, но збориме до пред сто години. Стварно, немојте погрешно да ме сватите не ми е до политики, чисто сакав да околу културниов момент да се пишеме.


Edited by lslcrew - 17-Jun-2009 at 14:16
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Jun-2009 at 14:19


ama lsl ne treba da baras preod vo nosii ili ora ili takvi raboti. Pogledni gi lugjeto. Od slengot i frazeologijata (za koja zboruvame deka e identicna koga kje se prevde) do smisolot na humor, zivotniot stil, nacionalnata kujna, navikite, vrednostite itn.... Slicnosta e ogromna. Ne deka ne sme strasno slicni i so drugite sosedi (so nekoi sme fakticki maltene isti narodi kako sto diskutiravme pred nekoj den) no vo realnosta ako gi zememe site parametri na kup, mislam deka grcite se perfect match.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Jun-2009 at 14:24
Па добро бе Џуро нормално, јас само навлегов у по ситници. Нормално дека во пооштата слика сме слични, па до пред сто години тука немаше ќорава граница, како да не бидеме слични.

Само што грците имаат една маана што никаде ја немам видено, освен у Грција! На улица ако треба и сто метра и двеста метра , гајле немааат, викаат еден по друг. Телефон у никој случај! LOL  Cheers

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 17-Jun-2009 at 14:57
Tauresium (Таор) -  Скопско, родното село на Јустинијан I.

01.


02.


03.


04.


МИА-ФОТО www.mia.com.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.