build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 26-Jun-2009 at 18:21
Прес СВР - Битола
Петок, 26 Јуни 2009 17:38

GOKO%20STREZOVSKI%203

По претходно добиени оперативни сознанија и по изведена наредба од Истражен судија, од старна на полициски службеници од СВР Битола , извршен е претрес во неговиот дом ,при што е констатирано дека:

Пријавениот со намера противправно да присвои ископини односно предмети од археолошки ископувања, без да поседува дозвола за тоа од надлежен орган ,во својот дом чувал осум бронзени монети и тоа пет бронзени монети кои што припаѓаат на македонскиот период од времето на владетелите Аминта и Филип втори, со датација од 5 от до 2 от векпред нашата ера,една римска бронзена монета и една венецијанска бронзена монета и една монета од периодот меѓу 18от и 19 от век.Предметниот материјал е одземен и испратен на вештачење во Заводот и музеј Битола , од каде е потврдено дека се работи за монети кои што претставуваат значаен дел од историјата на нашето подрачје и се дел од нашето културно наследство.

GOKO%20STREZOVSKI%202

Исто така при извршениот пресрет е констатирано дека дека пријавениот подолг временски период во својот дом изработувал и држел оружје и муниција.Пронајдени се и одземени две пушки, два револвери, преправана воздушна пушка , пушка од непозната марка,цевка за пушкомитралез,два затворачи за оружје, рачно изработен пригушувач, дваесет парчиња ловечка муниција, 46 парчиња малокалибарски куршуми и еден куршум калибар 7,62 милиметри.

Пронајденото оружје, деловите од оружје и муницијата се одземени и испратени на вештачење

GOKO%20STREZOVSKI%201

во секторот за криминална техника при Министерството за вантрешни работи на РМ ,од каде што е добиен наод и мислење дека по превземените пробни манипулативни дејствија со склоповите од доставените инпровизирани и рачно изработени огнени оружја , истите испарвно функционираат.идејќо истите се рачно изработени ,тие не се безбдени за употреба.Според сето наведено, утврдено е дека постојат основи за сомнение дека пријавениот ги сторил претходно споменатите кривични дела."- вели Ѓоко Стрезовски- портпарол на СВР Битола



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9488&Itemid=106

Ај го фатиле, а јас што имам другарка што ја има пола Хераклеја дома? И 1/4 од Стоби Сериозно, па ич око не им трепнува.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 27-Jun-2009 at 00:05

Откриен апсидален објект на Стибера

На античкиот локалитет Стибера, во близина на Прилеп, при истражувањата е откриен нов импозантен објект со апсидална форма и епиграфски споменик. Тие фрлаат нова светлина за животот во античкиот град.

- Новата градба е во продолжение на објектот со култна намена, кој лани беше откриен. Претпоставуваме дека објектот не бил посветен само на култот на императорот, туку и на некои од божествата што биле заштитници на градот. Ова се првични претпоставки. Очекуваме до крајот на ископувањата да се добие појасна слика за што служела градбата - вели археологот Лилјана Кепеска, раководител на проектот.Епиграфски споменик „табула ансата“ што е откриен е со натпис во повеќе редови.

- Споменикот треба да се прочита. Со читањето ќе добиеме одговори на повеќе прашања - додава Кепеска.Со ископувањата се појавил нов културен слој, кој, според надлежните, давал индиции дека во античка Стибера имало градба и во 4 век.Стибера како град бил формиран во четврти - трети век пред наша ера.Опстојувал до трети век. Во досегашните истражувања откриени се повеќе мермерни скулптури, статуетки и друг движен материјал.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EABDBCF8C119D54D8DBC25C6E1BC881E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 18-Jul-2009 at 03:58

Археолошките ископувања чекаат ребаланс

Големите археолошки ископувања во земјава сопреа, иако почнаа со најава дека истражувачите ќе бидат на локалитетите до Нова година. Рецесијата не е причина за паузата, тврди Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство која ги координира проектите што ги финансира Владата. Според него, на повеќе локалитети работата е веќе завршена. На четирите големи наоѓалишта, некрополата кај валандовското село Марвинци, античките градови Стоби кај Градско и Хераклеја Линкестис кај Битола и скопското Кале ќе продолжат со наредниот ребаланс на буџетот. Сепак, додава Кузман, одморот на сите им бил добредојден.

- Рецесијата не влијаеше на археолошките ископувања, освен можеби на едно од нив. Сепак, не може да се нарече намерно скусување на буџетот. До јуни не успеавме да направиме целосна реконструкција на трпезаријата на Тетовското кале. Имаше многу повторувања на тендери, па од 18 милиони денари што ни беа доделени за таа намена Министерството за финансии ни повлече 10 милиони денари. Генерално, работиме следејќи го темпото на ребалансите на буџетот. Со ребалансите добивам пари за ископувањата - вели Кузман.

НЕОПХОДЕН ОДМОР

Според него, веќе се реализирани помалку обемните ископувања на 16-те локалитети низ земјава. Екипите работат уште на Енгелана (киклопските ѕидини пред Охрид) и Стибера кај Прилеп. Кузман посочува неколку причини зашто наеднаш запреа ископувањата на четирите капитални локалитети на кои работеа повеќе од 2.000 луѓе.

- Рецесијата не е ниту една од нив. Прво, сите веќе се „гроги“. Луѓето се на терен од март. Им требаше одмор. Сите бараа да здивнат. Ние секако ќе имавме одмор во август, само што сега почна малку порано - вели тој.Сепак, стручните тимови се' уште се на терен. Тие ги документираат и ги инвентаризираат наодите. Кузман вели дека секое археолошко ископување е жива и динамична работа и никогаш не може темпото строго да се зацрта.

- Излегоа толку многу движни наоди и од некрополата на Марвинци и од Стоби, што почна да ни се заканува опасност да се изгубат податоците. И да работат по 24 часа на ден, луѓето нема да стигнат да ја евидентираат и да ја документираат секоја ситуација што се појавила при ископувањето. Затоа паузава добро им дојде и на археолозите за да го средат материјалот - објаснува Кузман.

НА КАЛЕ СЕ РАБОТИ

Годинава на археолозите не им се погоди многу времето за работа. Кузман вели дека секое попладне врне на терените, не може земјата да се исуши за да продолжат со нормално темпо на работа.

- Само на скопското Кале се обидуваат по секоја цена да завршат затоа што таму динамиката на работа е поспецифична. Брзаат зашто наесен треба да почнат подготовките за конзервација - објаснува тој.Од ребалансот на буџетот зависи кога ќе продолжат ископувањата. Можеби наесен, можеби порано.

На четирите капитални проекти работеа најголеми екипи. На Исар-Марвинци имаше 600 луѓе, а Стоби го истражуваше тим од 580 луѓе. На Хераклеја беа концентрирани 400 стручњаци и работници, а на скопското Кале - 470 луѓе. Истражувањата ги координира Управата, а ги спроведуваат Музејот на Македонија, Заводот и музеј од Битола, Музејот на град Скопје и новоформираната институција Стоби. Сите ископувања почнаа на почетокот на март. Иако на почетокот беше најавено дека за целосно да се истражат, за секој од четирите локалитети ќе бидат потребни околу 250 до 300 милиони денари, во ископувањата веројатно ќе биде вложено помалку.

Пајонски гроб на Плаошник

Гроб богат со пајонски бронзи пронашле археолозите деновиве на Плаошник во Охрид, вели Кузман.  Покојникот имаше цела појасна гарнитура и многу македонски или пајонски бронзи. Тие се многу значајни за нас. На Плаошник има многу наоди. Таму работите воопшто не запреле. Брзаме поради изградбата на Светиклиментовиот универзитет. И таму имаме проблем со инвентаризација бидејќи има многу наоди - вели тој. Кузман вели дека е апсолутно задоволен од резултатите, како што се и сите археолози вклучени во ископувањата. На локалитетите, вели, има суперинтересни наоди. На Марвинци се пронајдени многу црно-фигурални и црвено-фигурални вази, златни предмети што се многу важни за раната антика. На Стоби излегол гроб со стотина теракоти, една Афродита - прекрасно изработена.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A780360697954A4CB9DD14008EEDB489
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 18-Jul-2009 at 17:49

Охрид: Вредни златни предмети откопани крај Горна порта

18/07/2009 16:36:00

Златни предмети, пари и други значајни артефакти кој според првичните впечатоци потекнуваат  од 4 и 5 век пред нашата ера открија денеска група археолози во близината на Горна порта во стариот дел на Охрид.

Засега нема официјални информации за што точно станува збор. На локалитетот Горна порта на кон истражувањата започнаа пред неколку месеци се наоѓа бројна аргхеолошка екипа, предводена од Директорот на националната Управа за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман.

Дека кај Горна порта е пронајдено нешто многу значајно говори и пoдатокот дека локалитетот
попладнево го посети и претседателот на државата Ѓорге Иванов кој го прекина следењето на охридскиот пливачки маратон.

За новите археолошки наоди веднаш била информирана и министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска,и премиерот Никола Груевски. Археолошките истражувања се уште се во тек и очекуваме потврда на информацијата што точно е пронајдено.
 
Пронајдените вредни археолошки наоди на локалитетие во Охрид само го потврдуваат континуитетот на живеењето и развојот на цивилизацијата на овие простори. Наши извори од Управата за културно и историско наследство велат помеѓу откриените предмети највреден бил златениот гердан со должина помегу 40 и 50 сантиметри.

Директорот Кузман не сакаше да даде никаква изјава. Само потврди дека станува збор за повеќе од вредно откритие и дека во моментов интезивно се работи на утврдување на неговата вредност како и од кој период точно потекнува по што во деновиве ќе има официјална информација.

Денешнава вести предизвика големо внимание во Охрид помеѓу граѓаните и туристите кои се упатуваат кон самото место каде не беше дозволено снимање и фотографирање.

http://alsat-m.tv/mk/vesti/kultura/15295.html

Охрид- ново вредно археолошко откритие

сабота, 18 јули 2009, 18:28

Вредно археолошко откритие е откопано кај локалитетот Горна порта во Охрид.
На местото каде што се смета дека е пронајден значаен артефакт присутна е бројна археолошка екипа која ја предводи директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. На локалитетот беше и претседателот Ѓорѓе Иванов.
Засега не се соопштува за каков пронајдок се работи, детали се најавени за утре.  Неофицијално се говори дека е пронајдена е гробница од 4 или 5 век со многу прилози од разновиден материјал од злато, бронза и сребро. Карактеристикитe покажуваат дека  припаѓале на најстариот древномакедонски етнос.

Во непсоредна близина на локалитетот, во 2002 година беше отриена златната маска. Археолозите велат дека според засега откриените артефакти, гробницата е скоро идентична на оваа во која беше пронајдена златната маска.


http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=10470



Edited by lslcrew - 18-Jul-2009 at 17:50
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 18-Jul-2009 at 19:16
Сега ли копаат во Охрид, за викенд, во сред сезона!?

Многу се посветени на работава, ќе се утепам од смеење Владава ако во потрагата по гробот на Александар, по грешка го најде Џими Хофа или Хитлер Nuts...глуп муабет!!!


MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 18-Jul-2009 at 20:32
Далеку од тоа дека се бара гробот на Александар меѓу некои куѓи во "горна порта"! Теренски активности обично не познаваат викенд! Ако ти кажам дека сега моментално се враќам од велосипедска патека и на трибината се работеше масивно дали ќе ти биде иста реакцијата!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 19-Jul-2009 at 10:33
Originally posted by lslcrew

Далеку од тоа дека се бара гробот на Александар меѓу некои куѓи во "горна порта"! Теренски активности обично не познаваат викенд! Ако ти кажам дека сега моментално се враќам од велосипедска патека и на трибината се работеше масивно дали ќе ти биде иста реакцијата!

Добро со стадионот познато е дека го бркаат рокот. Дури и очекувам после рокот да не видиме работник таму во наредните 10 години, ама тоа е друг муабет...
Има нешто со археологијава, ништо не е случајно, само ќе премине во политика темава...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 24-Jul-2009 at 02:59

Податоци за литургија откриени во црква од 6 век во Коњух

Во апсидата, како и во Филипи, откриена е база за амвон

Катерина Богоева

Црква од времето на Јустинијан I, од 6 век, откриена минатата година на локалитетот Големо Градиште - Коњух, за чија големина и значење говори и зачуваната репрезентативна камена пластика, открива нови моменти од својата историја. Во нејзината внатрешност се наоѓаат и бази од два амвона, што засега се среќаваат само во Филипи, Грција. На ова, но и на други моменти од значењето и вредноста на локалитетот, укажуваат археолозите од македонско-американскиот тим што работат на северното плато, околу кое минува Крива Река. Локалитетот се истражува од 1998 година, од кога се' до 2004 година се истражувал просторот на ридот, акрополата на градиштето каде што е констатирано постоење тврдина од истиот век. Веќе пет години се работи на долниот дел, на откривање на градот кој се смета дека бил подигнат во 5, а постоел до крајот на 6 век. Според сегашните процени, се протегал на површина од 4 до 5 хектари, а освен црквата, се откриени и станбени објекти, улици, како и различен вид мали керамички предмети, но и големи питоси што се чуваат во музејот во Кратово.

Археолозите долго време ја барале црквата, нејзината можна локација била забележана дури во 1938 година, а три години се истражувало околу неа. Раководителот на тековниот проект, археологот виш кустос Горан Санев од Музејот на Македонија, деновиве на самото место, меѓу откриените делови од црквата, со задоволство потенцира дека континуирано се открива вистински урбанизиран, доцноантички град, со многу сложен систем на улици, на патеки, со многу кривини како во своевиден лавиринт. „Мислиме дека во овој рударски крај, на тој начин градот ги заштитувал своите производи од крадци. Се претпоставува врз основа на старите историски извори дека е еден од четирите града, што во овој регион ги подигнал императорот Јустинијан I. Како можен се споменува градот Транупара, но сеуште не е пронајден никаков натпис за да може да се говори со сигурност. Другите три града не се познати, бидејќи овој североисточен крај на Македонија не е ни посебно истражуван. Тоа е проблем во нашата археологија, имаме сознанија за многу од градовите, од градиштата, за населбите, локалитетите кои се евидентирани во регистрите, но малубројни и без континуитет се истражувањата за да се извлечат повеќе податоци. За среќа, овој локалитет континуирано се истражува, а долниот дел каде работиме, бил навистина погоден за живеење, иако не се наоѓа на јужна страна како и што е вообичаено. Претпоставуваме дека целата населба засега зафаќа околу 17 хектари и ги опфаќа двете градишта, но се' уште не знаеме каде се наоѓа некрополата“.

Во откриените објекти во долниот дел од градиштето, особено во црквата се констатирани посебни градежни фази, а се претпоставува дека под неа се крие и друга, постара. Се смета дека животот во градот замрел по некој голем земјотрес.

На просторот на откриената црква, вниманието на прв поглед го привлекува добро изработената камена пластика со резба, но сеуште не се пронајдени мозаични или поплочени подови, што говори за нејзино големо оштетување. Археолозите утврдиле и дека во различни периоди, била прекопувана и од диви копачи.

“Во олтарниот дел, во близина на апсидата најдовме многу животински коски. Оние кои таму прекопувале барајќи најверојатно реликвии, оставиле вистински хаос. Додека таму луѓето нешто јаделе, мислам дека се случил или пожар или некоја друга непогода. Кровот на црквата се срушил, откако материјалот од подот бил однесен, а накрај се срушиле и ѕидовите“, посочи археологот Каролин Снајвли (професор на колеџ во Гетизбург, Пенсилванија, која го истражува локалитетот Коњух од 1998 година), покажувајќи ни ги рабовите на ѕидовите и видливите камења, а под нив и зачуваните ќерамиди. Не' информираше и дека селаните од околината отворено говорат каков материјал од локалитетот е изнесуван. „Видовме вградени два столба во балкон од една куќа во близината, а луѓето овде барале и цигли. Всушност, имавме среќа црквата да биде добро зачувана, бидејќи овде било многу пати копано во потрага по цигли, по столбови... Среќа е што се зачувани и податоци за одржување литургиите. Пронајдовме што е навистина голема реткост, една мала во олтарниот дел, и една надвор од него, две бази за амвон, мали платформи каде што свештеникот или епископот стоел додека пеел, читал или им се обраќал на луѓето. Јас таков пример досега сум сретнала само во Филипи, во Грција. Градов што го истражуваме се наоѓал во римската провинција Дарданија, а досега немавме многу податоци за црквите во неа. Во околината, се наоѓа и познатата чудна, црква, познатата во науката ротонда, која има одредени сличности со црквата која лани ја откривме, слична е и по камената пластика. Баргала е најблискиот град во околината, што датира од тој временски период“. Археолозите досега во долниот дел од градиштето откриле многу работи, ги документираат, и повторно ги затрупуваат со земја. Снајвли смета дека градот кој се открива, повторно бил обновен, во четвртината од 6 век кога на ридот била подигната тврдината. Претпоставува и дека некаде во втората половина на шестиот век, луѓето напуштиле еден негов дел бегајќи во горниот дел од градиштето. „Знаеме дека горе на ридот на крајот на шестиот или почетокот на седмиот век, се случувало нешто драматично, што го означило и крајот на живеењето на луѓето“.


Археологот Каролин Снајвли стои на една од двете бази за амвон, на кои стоеле свештениците

Михаил Стојаноски, кустос во Музејот на Македонија е еден од истражувачите на локалитетот, кој посочува на откриените градби на кои деновиве се работи, но и на цел станбен комплекс кој од под земја излегол при истражувањата што траеле од 2004 до 2006 година. „Се работи за комплекс со многу простории, што се доградувани и преградувани во повеќе фази. Овој град е многу е поразличен, не може да се споредува ниту со Стоби, ниту со било кој посилните доцно антички градови. Но, иако многу поскромен во градбата и во другите елементи, во него е откриен и водоводен систем, детектирани се и улици, станбените комплекси за живеење, црквата, административни згради... Сега за сега, парцијално го фаќаме, но потребно е подолг период и понатаму да се работи, доколку постојат финансиски средства сето тоа и да се конзервира, да се ревалоризира, до него да се направи пат и се разбира да и се презентира на јавноста“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CF54D185AE49F941A62B57F4170C64CA
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 31-Jul-2009 at 19:08

Ново е-списание „Македонски археолошки вести“

Управата за заштита на културното наследство во соработка со Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан ќе го издава електронското списание „Македонски археолошки вести“ на веб-страниците www.mav.mk и на www.man.mk


%20
Првиот број на списанието, кое ќе биде достапно од 2 август, содржи текстови и ексклузивни фотографии за најновото археолошко откритие од Горна Порта во Охрид, како и наоди од Исар Марвинци, Стоби и од археолошките локалитети Била Зора, Хераклеја Линкестис и Скопската тврдина.

Списанието ќе има функција да ги запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања што се преземаат на територијата на Македонија.

- Македонскиот археолошки весник еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период. Дел од мисијата на списанието ќе биде да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност – велат од Управата за заштита на културното наследство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73191013337&id=16&prilog=0&setIzdanie=21752
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 04-Aug-2009 at 02:00

Билазора била главен штит на Македонија

Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар

Многу години очекувавме откривање и дефинитивно потврдување на локацијата на Билазора, еден од најголемите градови во пајонско-македонското време. По двегодишни систематски археолошки истражувања, сега, конечно, со сигурност може да соопштиме дека Билазора, главниот штит на Македонија од тоа време, била овде, на локалитетот Градиште, кај село Кнежје, на четири километри од Свети Николе.

Ова на презентацијата на резултатите од двегодишните ископувања на локалитетот Градиште, го истакна раководителот на проектот, археологот Стефан Данев. Истражувањата биле со поддршка од 500.000 денари од Владата, а значителна помош даде и Американската фондација за археолошки и историски истражувања од Тексас, преку која во истражувањето во Кнежје се вклучени и триесетина археолози, студенти и професори од десетина земји, кои со голем интерес и возбуда работат на овој проект.

- Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар. Материјалните докази што ги откривме сведочат за една многу богата историја меѓу овие вредни ѕидови што траела од 7 до 2 век пр.н.е., односно од 167 година пр.н.е., кога градот бил разурнат, по што и на овие простори дошло време на римската империја - рече Данев. Во истражувањата на импозантниот град, за кој се претпоставува дека се протега на површина од 20 хектари, досега се откриени ѕидовите на бедемот на акрополата, одбранбени кули, влезната порта, градскиот плоштад, храм, вреден движен материјал.

На презентацијата присуствуваше и пензионираниот долгогодишен професор на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Иван Микулчиќ, кој пред три децении прв ја објавил предлог-тезата за местоположбата на Билазора на локалитетот Градиште кај Свети Николе.

- Мило ми е што сега се потврдија тие претпоставки. Уште тогаш дојдов до заклучок дека ова е најголемата утврдена населба во тој период на подрачјето на некогашната Пајонија, за која грчкиот историчар Полибиј запишал дека се вика Билазора и оти тоа бил најголемиот пајонски град изграден на идеално место за одбрана на Пајонија, а подоцна и на Македонија, од упадите на Дарданите од Скопско-кумановскиот регион. Пајонците со време сосема се зближиле со Македонците, а во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата држава. Значи, Пајонците, кои долго биле самостојни, на крајот се претопиле во големата македонска држава и станале најсеверно македонско племе. Своевремено некои европски историчари претпоставуваа дека Билазора веројатно треба да се бара кај Велес, но истражувањето јасно покажа дека тоа не е точно - објаснува д-р Микулчиќ. Бидејќи се работи за големо откритие, археолозите се категорични дека истражувањата на Билазора мора да продолжат и тоа со зголемен интензитет, за што ќе бараат поголема поддршка од Владата и од Министерството за култура.

- Овој локалитет, како еден од приоритетните, се' уште не е влезен во капиталната програма на Владата. Но, верувам дека тоа ќе се случи уште во следната година, со што ќе се добијат повеќе пари за истражување. Колегите-археолози ја погодија вистинската позиција, вистинското место што возбудува и убеден сум дека овде наскоро ќе доаѓаат многу туристи за да ја видат најсеверната одбранбена точка на Македонија - изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија.

Кралевите ги крунисувале во Брегалница

Според археолозите, Пајонците своите кралеви ги крунисувале во реката Астибо, денешна Брегалница, во близина на нејзинот влез во Аксиос (Вардар). Потоа церемонијата продолжувала во Билазора.

По пропаѓањето на Билазора, на триесетина километри од неа никнал градот Астибо, денешен Штип. Реката Астибо подоцна била преименувана во Брегалница, најверојатно според тогашниот антички град - Баргала.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B74B15DFB9ECEB4DBC67CF5F9ECFA0F1

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 05-Aug-2009 at 22:06
Ќе се истражуваат Латински гробишта и Кале


Во септември археолозите ќе ги продолжат минатогодишните ископувања на локалитетот Кале кај селото Згрополци. Стручњаците веруваат дека во овој локалитет, кој е од македонско-хелинистичкиот период и кој се наоѓа на десетина километри од античкиот град Стоби, ќе откријат поголем број непознатици за животот и културата на жителите кои живееле во него


Археолози од Народниот музеј од Велес и оваа година ќе ги продолжат ископувањата во античките локалитети "Латински гробишта", недалеку од селото Раштани и "Кале" во близина на селото Згрополци.

На локалитетот Латински гробишта археолозите ќе вршат ископувања на станбен објект, кој што во 2006 година, случајно беше откриен, при извршување на градежни работи на новите велешки градски гробишта.

Локалитетот, според раководителот на проектот, археологот Анита Василкова Мидоска, е од древниот антички период. Во наредните триесетина денови тројца археолози и петнаесет работници планираат да извршат целосно истражување на објектот, да ја откријат неговата намена и секако да пронајдат предмети и накит со што ќе можат да ја заокружат целината и хронологијата на овој локалитет во кој се уште се кријат многу тајни.

"При ископувањата во 2006 година откривме 21 гробница со инхуминирани покојници со ориентација запад-исток, што е ретко и што го нема во други локалитети. Во гробовите не пронајдовме никаков накит или предмети што јасно ни кажува дека локалитетот е од доцниот антички период", ни рече археологот Василкова.

По завршувањето на истражувањата на овој локалитет во текот на септември археолозите од Народниот музеј од Велес ќе ги продолжат минатогодишните ископувања во локалитетот Кале кај селото Згрополци. Стручњаците веруваат дека во овој локалитет, кој е од македонско-хелинистичкиот период и кој се наоѓа на десетина километри од античкиот град Стоби, ќе откријат поголем број непознатици за животот и културата на жителите кои живееле во него.
Средствата за продолжување на истражувањата во локалитетот Латински гробишта ги обезбеди општина Велес, додека Министерството за култура за локалитетот Кале обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=11DACECE3B24F746A0FADD052A04A763
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 07-Aug-2009 at 14:49
еве им нов сајт на археолозиве наши...не знам некако лошо ми изгледа мене лично али ете да го евидентираме

http://www.mav.mk
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 11-Aug-2009 at 04:29

Во Црквиште се санираат штети од дивите копања


Локалитетот Црквиште, с. Мородвис, Кочанско

Од локалитетот во с. Мородвис, кој е на европската листа на културно наследство, однесени се и значајни парчиња

Катерина Богоева

Археолошкиот локалитет Црквиште, во кочанското село Мородвис, кој досега повеќе пати, особено во 2003 и 2004 година, беше изложен на големи насилни оштетувања од страна на дивите копачи, деновиве повторно е во фокусот на интерес на археолозите од Музејот на Македонија. Со финансиски средства од 250.000 денари, археолошкиот тим кој го чинат и млади археолози, предводен од кустосот - советник Кирил Трајковски, работи на санирање на штетите на овој споменик на културата кој има висока вредност и е вброен во македонската листа на Регионалната програма за културното и природното наследство на Југоисточна Европа.

„Во завршна фаза се започнатите хемиски и физички анализи, кои се потребни за понатамошната, планирана конзервација, санација и реконструкција на една од четирите цркви. Иако овој црковен комплекс ги исполнува сите критериуми за влегување на европската листа за заштита на културните вредности, тој сеуште се соочува со нерешени имотноправни проблеми, но и со проблеми за негова целосна безбедност“, вели Трајковски.

Напоменува дека годинава на археолозите од Македонија, но и од три соседни земји, ќе им бидат пренесувани искуствата за примена на недеструктивни методи во археолошките истражувања, кои не се користат во земјава. Планирани се и аероархеолошки испитувања во функција на дигитална компарација со досега добиените резултати.


Дел од впечатливата камена пластика

Како истражувач на доцноантичкиот и средновековен археолошки локалитет од 1980 година, Кирил Трајковски посочува дека историјата на градската населба почнува во 4 век, продолжува во петтиот, кога е изградена ранохристијанската базилика и гробницата. На крајот на 9 век, на веќе срушената црква била изградена нова, поврзана со Брегалничката мисија, за во 11 век да стане епископски, владички центар, кој во следниот век ќе биде и разрушен. Кон крајот на 13 век, е подигната нова, скромна, помала, но со многу оригинален план, четврта црква. Најголема штета досега претрпела гробницата, а од црквите во изминатите 10 години биле однесени и многу примероци на камена пластика.

„Се' е документирано, се надевам дека во иднина однесените вредности ќе може да ги ставиме на Интернет и да бараме да се вратат назад“, вели тој.

За најатрактивен архитектонски споменик на локалитетот Црквиште се смета епископската базиликална црква, седиштето на епископијата Мородвис, чија внатрешност била организирана и украсена во духот на 11 век, со доградби и преправки во следните два века.

Поради потврдените високи вредности, како и што стои во направената проценка за влез во Регионалната програма за културното и природното наследство на Југоисточна Европа, се очекува да пополни дел од синџирот археолошки локалитети што се од интерес на туристите, како и на студентите /професионалци и да поттикне скромна економска подршка на генерално сиромашната земјоделска општина.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=61DC680EC395714E95266BBFBDBF9374

Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 02-Sep-2009 at 14:27
 
ОТКРИЕН ТАЈНИОТ ТУНЕЛ ПРЕКУ КОЈ ТУРЦИТЕ ГО ОСВОИЛЕ ШТИП



     Археолозите го потврдија најраскажуваното народно предание во Штип и Штипско, легендата за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој во 17 век пишувал и турскиот патописец Евлија Челебија. Истражувачите од штипскиот Завод и музеј деновиве открија 30 метри од тунелот што води од реката Брегалница до врвот на утврдениот град на Исарот, возвишение што е на 150 метри над нивото од реката.

- Ретко кога една легенда може да се докаже. Оваа, дефинитивно, се покажа точна. Тајниот тунел, кој служел за воени цели и за носење вода од Брегалница во тврдините е висок од два до 2,5 метра и широк од 1,5 до два метра. Има и проширувања, кои служат како одморалишта, како и мали вентилациски отвори. Во првите триесетина метри што ги откривме, откопавме и 32, одлично исклесани скалила, кои водат кон врвот на Исарот. Според керамиката и другите предмети што ги најдовме, тунелот најверојатно е граден во античкиот, а е користен и приспособуван и во средновековниот период - вели Ѕвонко Белдедовски, археолог во штипскиот Завод и музеј.

ЛЕГЕНДАРНИОТ ТУНЕЛ

Тунелот под Исарот одамна беше негова преокупација. Отворот на тајниот тунел во коритото на Брегалница од страната на Ново Село случајно беше откопан при поставувањето колекторска мрежа на периферијата од градот во 1986 година. Тогаш Белдедовски запиша дека има големи шанси тоа да е легендарниот тунел. Но, предупреди и дека мора да се извршат археолошки ископувања, бидејќи било можно да се работи за некоја стара рударска јама. За жал, тогаш тунелот беше затворен.

Археолошките истражувања што почнаа пред месец и половина сега потврдија дека се работи за тунелот опишан во легендата. Преку него, Османлиите го освоиле утврдениот град околу 1385 година. Члебија пишува дека голема војска на султанот Мурат Први долго, безуспешно ја држела под опсада и се обидувала да ја освои тврдината. Еден ден Турците забележале како под тврдината од речното корито излегуваат патки, а потоа и неколкумина бранители на градот. Заробените бранители ја откриле тајната на тунелот, па Турците лесно го освоиле добро утврдениот град.

ИСТРАЖУВАЊАТА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

Археолошките истражувања на тврдината Исар, изградена како дел од средновековниот град Штип, врз темелите на античкиот Астибо и на византискиот Стипион, почнаа лани. За нив Владата издвои три милиони денари. Лани, во првата фаза, се истражуваше највисокиот акрополен дел од цитаделата. Археолозите открија стара црква, внатрешна кула (за која дотогаш не се знаеше), две цистерни за вода, јужната одбрамбена кула и керамика од доцноантичкиот до раноосманлискиот период. Истражувачите пронајдоа и ретко оружје - железни стрели, ѓулиња и катапулти, со кои била бранета тврдината. Втората фаза од ископувањата во која се вклучени десетина стручњаци и стотина работници, почна пред 1,5 месец и ќе трае до крајот на јули. Покрај тунелот, археолозите ја открија старата црква „Свети Власие“, керамика, накит и добро сочуван мермерен капител во коринтски стил.

Заводот и музеј планира да продолжат истражувањата. Целта е да се изврши конзервација и реконструкција на тврдината, која до крајот на 2011 година треба да биде осветлена. Така Исарот, гордоста на Штип, ќе блесне над градот. Тајниот тунел, особено ако целосно биде истражен, ќе биде посебна мамка за туристите.

- Ќе продолжиме да работиме и да истражуваме. Тунелот е долг неколку стотици метри. Поради повеќевековната ерозија на земјиштето, тешко ќе биде целиот да се пробие. Но, вреди да се проба за вакво интересно и вредно откритие - истакнува Белдедовски.


Edited by igorius - 02-Sep-2009 at 14:32
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 02-Sep-2009 at 14:29
НА БАЛТЕПЕ – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛЕТНИОТ КОНАК

Трпезаријата од летниот конак на Абдул Рахман паша, на археолошкиот локалитет Балтепе - тетовското кале, ќе биде реставрирана и конзервирана. Според директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехиџудин Шехапи, целта е овој монументален објект од 18 век да биде заштитен, со што градот ќе добие атрактивен објект за туристите. Тврдината ја сочинуваат повеќе објекти: сарај, трпезарија, касарна, конак, стражарница, затвор и подземен тунел. Активностите ќе траат во наредната половина година, а ќе бидат потрошени 18 милиони денари. Објектот ќе биде адаптиран во музејски изложбен простор. Кон крајот на годинава или идната ќе продолжат и археолошките истражувања.
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 02-Sep-2009 at 14:29

ОТКРИЕНА ГРОБНИЦА ОД 5 ВЕК ПРЕД ХРИСТА


Гробница со артефакти со непроценлива вредност, меѓу кои и исклучителни златни примероци на накит од 5 век пред. н.е. беше откриена во саботата во Охрид, како дел од веќе пронајдените седумнаесет гробови, до кои археолошките тимови стигнаа со истражување на просторот од Горна порта до црквата „Света Богородица Перивлепта“. И оваа гробница. како и најголем дел од споменатите гробови, датира од македонско - хеленистичкиот период, од кога потекнува и познатата Златна маска, откриена во близина на истражуваниот простор, во 2002 година.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство. Паско Кузман, на денот на откривањето му ја покажа гробницата на самото место на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, а утредента информираше дека во неа со богати гробни прилози била погребана млада жена, благородничка. Археолозите откриле дека нејзиното лице било маскирано со златна фолија на местото на нејзините очи, на устата како и со еден златен пикторал на местото каде се наоѓало срцето. Ваквиот начин на маскирање со златните предмети се смета за прв таков пример во археологијата на Балканот. Во гробот се пронајдени и други украсни предмети со симболично значење, меѓу кои и златен колан и долга златна лента. Во новооткриената гробница на младата благородничка се откриени и украсни предмети од килибар, кои, според Кузман, нудат нови сознанија за трговијата со северните земји во петтиот век пред н.ера.

Најновото археолошко откритие во Охрид, Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска го посочува како потврда на идентитетот, историјата и културата, најавувајќи дека и во иднина Владата и Министерството ќе продолжат со поддршка на истражување на археолошките локалитети и со заштитата на културното наследство.

Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 02-Sep-2009 at 14:30
БИЛАЗОРА БИЛА ГЛАВЕН ШТИТ НА МАКЕДОНИЈА


Многу години очекувавме откривање и дефинитивно потврдување на локацијата на Билазора, еден од најголемите градови во пајонско-македонското време. По двегодишни систематски археолошки истражувања, сега, конечно, со сигурност може да соопштиме дека Билазора, главниот штит на Македонија од тоа време, била овде, на локалитетот Градиште, кај село Кнежје, на четири километри од Свети Николе.

Ова на презентацијата на резултатите од двегодишните ископувања на локалитетот Градиште, го истакна раководителот на проектот, археологот Стефан Данев. Истражувањата биле со поддршка од 500.000 денари од Владата, а значителна помош даде и Американската фондација за археолошки и историски истражувања од Тексас, преку која во истражувањето во Кнежје се вклучени и триесетина археолози, студенти и професори од десетина земји, кои со голем интерес и возбуда работат на овој проект.

- Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар. Материјалните докази што ги откривме сведочат за една многу богата историја меѓу овие вредни ѕидови што траела од 7 до 2 век пр.н.е., односно од 167 година пр.н.е., кога градот бил разурнат, по што и на овие простори дошло време на римската империја - рече Данев. Во истражувањата на импозантниот град, за кој се претпоставува дека се протега на површина од 20 хектари, досега се откриени ѕидовите на бедемот на акрополата, одбранбени кули, влезната порта, градскиот плоштад, храм, вреден движен материјал.

На презентацијата присуствуваше и пензионираниот долгогодишен професор на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Иван Микулчиќ, кој пред три децении прв ја објавил предлог-тезата за местоположбата на Билазора на локалитетот Градиште кај Свети Николе.

- Мило ми е што сега се потврдија тие претпоставки. Уште тогаш дојдов до заклучок дека ова е најголемата утврдена населба во тој период на подрачјето на некогашната Пајонија, за која грчкиот историчар Полибиј запишал дека се вика Билазора и оти тоа бил најголемиот пајонски град изграден на идеално место за одбрана на Пајонија, а подоцна и на Македонија, од упадите на Дарданите од Скопско-кумановскиот регион. Пајонците со време сосема се зближиле со Македонците, а во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата држава. Значи, Пајонците, кои долго биле самостојни, на крајот се претопиле во големата македонска држава и станале најсеверно македонско племе. Своевремено некои европски историчари претпоставуваа дека Билазора веројатно треба да се бара кај Велес, но истражувањето јасно покажа дека тоа не е точно - објаснува д-р Микулчиќ. Бидејќи се работи за големо откритие, археолозите се категорични дека истражувањата на Билазора мора да продолжат и тоа со зголемен интензитет, за што ќе бараат поголема поддршка од Владата и од Министерството за култура.

- Овој локалитет, како еден од приоритетните, се' уште не е влезен во капиталната програма на Владата. Но, верувам дека тоа ќе се случи уште во следната година, со што ќе се добијат повеќе пари за истражување. Колегите-археолози ја погодија вистинската позиција, вистинското место што возбудува и убеден сум дека овде наскоро ќе доаѓаат многу туристи за да ја видат најсеверната одбранбена точка на Македонија - изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија.

Кралевите ги крунисувале во Брегалница

Според археолозите, Пајонците своите кралеви ги крунисувале во реката Астибо, денешна Брегалница, во близина на нејзинот влез во Аксиос (Вардар). Потоа церемонијата продолжувала во Билазора.

По пропаѓањето на Билазора, на триесетина километри од неа никнал градот Астибо, денешен Штип. Реката Астибо подоцна била преименувана во Брегалница, најверојатно според тогашниот антички град - Баргала.

Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 02-Sep-2009 at 14:33

НА СТРУМИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ЦАРЕВИ КУЛИ - СЕ ИСТРАЖУВААТ СЕДУМ ИЛЈАДИ АРХЕОЛОШКИ ГОДИНИ



Досегашните истражувањата на локалитетот Цареви кули над Струмица ги надминаа очекувањата на археолозите. Меѓу другото, откриени се интересни наоди и елементи од периодот на владеењето на Филип Втори Македонски. Пронајдени се монети со неговиот лик, амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, црнофиносувана керамика, фигури од малоазиски тип и друго, што укажува на фактот дека струмичката твдина била населена кон крајот на четвртиот век пред нашата ера.

Во рамките на програмата финансирана од Министерството за култура, Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Струмица и годинава интензивно работеше на овој локалитет, продолжувајќи го континуитетот од минатогодишните археолошки ископувања.
- Откривме прекрасен материјал од крајот на петтиот и од четвртиот век, попрецизно од македонско-хеленистичкиот период, датиран со монети на Филип Втори. Исто така, дефиниран е и доцноантичкиот бедем на оваа тврдина, при што се откриени и две кули од тој период, изјави археологот Зоран Рујак, раководител на овој истражувачки проект.

Според него, сите досегашни наоди, заедно со праисториската населба, недвосмислено укажуваат дека на овој локалитет опстојувале разни цивилизации во еден растеглив временски период - од праисторијата до средниот век, односно во период од околу седум илјади години.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 07-Sep-2009 at 11:56

Базилика, откриена на Зрзе, доказ за раното христијанство

Ранохристијанска трикорабна базилика со крстилница, со две етапи на живот - првата од 5 до 6 век, втората од 9 до 15 век, е откриена при годинашните археолошки истражувања во манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Зрзе

%20
 Базиликата е паралелен објект на монашкиот комплекс откриен минатата година. Се наоѓа на стотина метри северно од манастирот. Нејзиното откривање фрла нова светлина врз почетоците на христијанството во Македонија.

- Базиликата е комплетно истражена. Во неа се откриени камени пластики, натпис што датира од 487 или 512 година, кој допрва ќе се дешифрира. Има и гробници со повеќе гробови од 5 до 6 век и од 9 до 15 век, во кои се пронајдени повеќе движни наоди со делови од облека - раскажува археологот Бранислав Ристески, раководител на обемните истражувања на локалитетот Зрзе.Овие нови податоци, вели Ристески, покажуваат дека монашката населба, откриена со ланските истражувања, се базира на ранохристијански корени.

- Со новите факти се поместуваат податоците за почетоците на христијанството на овие простори. Мислевме дека се проширило подоцна, но сега со факти се потврдува дека почетоците се од 5 век - вели Ристески.

Тој посочува дека годинава целосно е доистражена јужната половина од карпата.

- Откривме десетина нови испосници и уште една монашка црква, која според наодите датирала од 9 до 15 век. Со тоа практично е заокружен целиот монашки комплекс. Се потврдува дека Зрзе како локалитет има универзални вредности од аспект на историјата на религијата и на културата во пошироки рамки - објаснува археологот Ристески.

Во досегашните истражувања се откриени педесетина монашки ќелии на седум нивоа, црква со значаен натпис и други движни наоди, важни од археолошки, историски и културен аспект.

Манастирскиот комплекс Зрзе се наоѓа на 25 километри од Прилеп, под планината Даутица, на плато од кое пука поглед низ Пелагониската рамнина. „Свето Преображение“ е седиште на епископот хераклејски Климент, кој вели дека тука живееле луѓе со високоразвиена монашка свест.

- Зрзе содржи регионална и универзална димензија. Се радувам што со истражувањата таа димензија станува видлива. Како монашка заедница во 21 век сме достојни на она што ни е оставено во наследство, кое како културен слој полека си доаѓа на виделина - вели епископот Климент.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=979941521&id=16&prilog=0&setIzdanie=21782
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 12-Sep-2009 at 15:14

ЗНАЧАЈНИ ОТКРИТИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА СТАРИОТ ГРАД

Црква откриена на штипски Исар

Кулата на јужниот бедем на средновековниот град-тврдина се наоѓа под антенскиот столб на Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат големи маки при истражувањето


Средновековната тврдина на централното возвишение над Штип, Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот

Стара црква, внатрешна кула за која досега не се знаело, јужната одбранбена кула на тврдината, керамика од доцноантичкиот до раноосманлискиот период и влез во тврдината открија археолозите истражувајќи го средновековниот град-тврдина Исар кај Штип. Пронајдено е ретко оружје: стрели, железни стрели и разни видови ѓулиња, меѓу кои и за катапулти со кои луѓето ја бранеле тврдината.

Археолошките истражувања на Исар, како дел од средновековниот град Штип, почнаа во средината на август. За оваа акција Владата одвои 3 милиони денари. Првата фаза од истражувањата ќе трае до декември. Археолозите напролет ќе продолжат со ископувањата.

Целта е да се дооткријат неистражените делови на тврдината. Потоа ќе биде изработен проект за реконструкција и конзервација, по што средновековната тврдина што се протега на 16.600 квадратни метри на централното возвишение над Штип, Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот.

ИЗГРАДЕН ВРЗ АНТИЧКИОТ АСТИБО

На истражувањата работат 10 археолози и 70 работници.

- Резултатите од првите два месеца од истражувањето ги надминаа нашите очекувања. Веќе ги откривме трасите на сите ѕидови, со кои од сите четири страни била опколена тврдината. За централната внатрешна кула не знаевме дека постои. Таа, всушност, ја делела тврдината на два дела. Не знаевме ни дека под тврдината има црква. Според првичниот увид, таа веројатно е изградена веднаш по освојувањето на тврдината од османлиите.

Но, ќе продолжиме со истражувањата и на црквата и на гробовите околу неа, па наскоро попрецизно ќе го утврдиме периодот на нејзината изградба. Пронајденото ретко оружје и керамиката од пред османлискиот, но и од доцноантичкиот период потврдуваат за континуитетот на цивилизациите на овој простор кај средновековниот град Штип, изграден врз темелите на античкиот Астибо и на византискиот Скипион - вели раководителот на проектот, Звонко Белдедовски, археолог во Заводот и музеј во Штип.

Интересно е што кулата на јужниот одбранбен бедем на градот-тврдина е откриена точно под антенскиот столб на Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат сериозни проблеми во истражувањето. На Исарот има и други антенски столбови, кои ќе мора да се дислоцираат, ако градот-тврдина ја добие планираната функција и изглед.

ОТКРИЕН ТАЕН ТУНЕЛ

Во втората фаза од истражувањето ќе се вршат ископувања на другите делови од утврдениот град, кои ќе бидат многу полесни, бидејќи поголемиот дел од работата е завршен. Археолозите ќе го лоцираат и дооткријат тунелот што води од речното корито на Брегалница кај Ново Село до врвот на тврдината. Според легендите и записите на патописецот Евлија Челебија, османлиите околу 1385 година, по долга опсада, успеале преку тој тунел да го освојат градот. Наводно тогаш Турците случајно виделе како од тунелот излегуваат патки, но и неколку бранители на градот. Го искористиле тоа за да го освојат градот. Во 1986 година, при изградбата на градскиот колектор, градежната механизација открила дел од тунелот.

По досегашните, археолозите се надеваат и на нови откритија во и околу средината на Исарот. Ако работите се одвиваат според планот и ако се обезбедат дополнителни средства за реконструкцијата и конзервацијата, средновековниот Штип ќе блесне над денешниот до крајот на 2011 година.

Љупчо Шатевски

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=CED83C019E26CD4DBAAFE9FA41F04223&arc=1

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.120 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.