build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 15-Sep-2009 at 17:42

Откриени мермерни глави во Стибера

Две женски глави од мермер, садови и епиграфи пронајдоа археолозите на локалитетот Стибера кај Прилеп. Артефактите сведочат дека луѓето во античкиот град живееле во текот на целиот 4 век. Според археолозите, со тоа се поместува животот во градот, кој траел шест века.

- Во одводен канал откривме две мермерни глави на жени, високи 31, односно 23 сантиметри. Наодите потврдуваат дека Стибера бил економски моќен град, во кој жените имале значајно место - вели археологот Лилјана Кепеска.

При ископувањата е откриен поголем објект со полукружна апсида од римскиот период, поврзана со почитувањето на култот на императорот. Тој се користел во втората половина на 4 век. Најдени се четири фрагменти од мермерни плочи со натписи (епиграфи). Тие го потврдуваат значењето на Стибера во рамките на провинцијата Македонија. (Љ.М.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6D490E6EA3A2364F8638BB21AF9782ED


Пронајдени фигурини, камени алатки и коски, керамика...


Артефакти карактеристични за периодот на енеолитот, и тоа керамика со врежување и графитно сликање, фигурини, камени алатки и коски, се пронајдени на археолошкиот локалитет "Св. Атанасиј" недалеку од селото Спанчево.

Ова е резултат на сондажните истражувања започнати минатата година, кога на овој локалитет беше пронајдена фигура на машка глава од периодот на енеолитот, редок археолошки предмет во овој дел на Македонија, па и пошироко.

Според изјавата на археологот Илинка Атанасова, во изминатите триесетина дена се работеше на два сектора - северен и јужен, со цел да се определат просторните рамки на наоѓалиштето кај Спанчево.

Во северниот сектор се отворени две сонди во продолжение на минатогодишните. Во јужниот сектор е откриен еден култен објект, кој е отворен во кружна основа со дијаметар од 18 метри од кој засега е откриен надворешниот простор на неговата јужна половина. Аналогни такви објекти во најблиското опкружување се откриени во кумановскиот регион на локалитетите Пелинце и Татиќев Камен.

Годинешните истражувања на локалитетот "Св. Атанасиј" се финансиски поддржани од Министерството за култура, додека целокупната реализација на проектот е на Музејскиот оддел при Јавната општинска установа библиотека "Искра" од Кочани.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A9A43B95775F9241A459B067DDCAB054
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 27-Sep-2009 at 22:30
Кај Зрзе откриени црква-базилика од 5. и гроб на маченик од 4. век


Црква-базилика од 5. век и гроб на анонимен маченик од 4. век се новите откритија во истражувањата кај манастирот "Свето Преображение" - Зрзе што викендот беа презентирани во јавноста.

Според археологот Бранко Ристески, кој ги води археолошките истражувања, тие ги потврдуваат фактите дека не само што под манастирот имало монашки живот од 9 век паралелно со Охридската школа, туку и дека според новите наоди христијанството на овие простори постоело уште од 4 век, со официјалното негово признавање како религија.
Откриената базилика во периодите по 5 век била надградувана - посебно од 9. до 15. век. Моштите на анонимен маченик - локален светец од 4. век лежат во гробницата во основата на црквата,.

Според археологот и раководител на веќе двегодишните истражувања Бранко Ристески, со најновите наоди се зацврстуваат досегашните навестувања дека кај манастирот Зрзе имало епископско седиште.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C52E1A25E1901746891871449D6CEB3A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 20-Nov-2009 at 16:48

Откриени чевли од 2 век

Покрај чевлите и дрвените садови стари 18 века, во гробницата во Конче се пронајдени и садови и други предмети од бронза, стакло и од керамика и еден чифт налани

Два чифта женски кожени чевли од римско време открија археолозите завчера истражувајќи гробница на археолошкиот локалитет Грајнов Дол, оддалечен два-три километри од селото Конче во истоимената општина. Археолозите од штипскиот Завод и музеј и нивните колеги од другите градови, што учествуваат во истражувањето, велат дека гробницата, според првичниот увид, најверојатно потекнува од 2 век. Покрај чевлите и дрвените садови стари 18 века, во гробницата се пронајдени и садови и други предмети од бронза, стакло и од керамика и еден чифт налани. Научниците пронајдоа и тоалетно ковчеже, обвиткано со бронзено синџирче, во кое има три мали шишиња. Археолозите претпоставуваат дека во гробницата била погребана жена, најверојатно тогашна великодостојничка.

- Откриените садови од дрво од овој период се најверојатно први во Македонија, можеби и на Балканот. Дрвото е органски материјал и тешко опстојува подолг период. Ете, имавме среќа. Ретки се и чевлите кои се вонредно убаво изработени, со повеќе декорации и за тоа време со многу високо технологија. Веројатно биле многу модерни и скапи. Колку што знам, од овој период во земјава досега се пронајдени само еден чифт обувки и тоа сандали, при ископувањето на западната некропола на Стоби во 1992 година - изјави раководителот на проектот, Трајче Нацев, археолог од штипскиот Завод и музеј.

Лани во подножјето на истиот локалитет беше откриена вредна ритуална погребна кочија. Годинава археолозите продолжија да го истражуваат наоѓалиштето. Ископувањата почнаа пред еден и пол месец. По ископани повеќе од 900 кубни метри земја, археолозите завчера стигнаа до вредното откритие. Станува збор за специфична катна гробница со ѕидана основа од непечени тули.

- Копавме 45 дена и почнавме да губиме надеж. Сосема на крајот наидовме на овој вистински мал археолошки бисер. Секој археолог би посакал ваков наод барем еднаш во својот живот. Содржината на гробницата ги надмина сите наши очекувања - рече струмичкиот археолог Ване П. Секулов.

Археолозите завчера попладне почнаа да ги вадат вредните предмети од гробницата. Тие се предадени на конзервација. Истражувачите вчера ги вадеа и коските на покојничката, кои ќе бидат однесени на антрополошка анализа. Теренот на археолошкиот локалитет кај Конче деноноќно е обезбедуван.

- Ова е значајно археолошко откритие од 2 век, со многу ексклузивни наоди. Затоа и ние сме многу често присутни овде, уште од ланското ископување на ритуалната кочија. Во соработка со МВР ги презедовме сите безбедносни мерки за заштита на локалитетот - истакна археологот Звонимир Николовски, инспектор за заштита во Управата за заштита на културното наследство.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=840776CC5D5AD6408E907B5143C324F8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 06-Dec-2009 at 23:41
Ohno
Уништен археолошкиот локалитет Градиште кај Граиште, Демир Хисарско


И по три месеци откако беше опустошен археолошкиот локалитет Граиште кај Демир Хисар не се знае кој ја направи штетата која е ненадоместлива – обвинуваат археолозите кои ја открија веста за уништувањето на културното богатство, а која канал пет прв ја објави. 

“Иако беше ветувано надлежните институции ниту преземаат одговорност, ниту се гонат сторителите, ниту се опоравуваат штетите”– пишува во својот блог археологот Василка Димитровска. 

Две третини од локалитетот беа уништени. Багерот кои копаше ров за заземјување на антени за мобилните оператори зад себе остави расфрлани парчиња керамика и садови. Комплетно беше уништено и обзидувањето. 

Тогаш археолозите молеа брзо да се реагира за да се сопре понатамошното уништување локалитетот кој потекнува од раноантичко време и да се казнат сторителите. 

- Според наодите во антиката се наоѓал градот Брианион споменат од римски историчари и географот Страбон. Пронајдените археолошки предмети се во музеите во Битола и Прилеп 

Канал 5 и пред три месеци ги постави прашањата зошто е дозволено со механизација да се уништи културно добро? Кој ја издал и потпишал дозволата која значела деструкција на градиште? Се префрлуваше вината од локалната власта на градежната фирма. Едните тврдеа дека не дале дозвола, другите дека ги имаат потребните документи. Од управата за заштита на културно наследство тврдеа дека ќе биде поднесена кривична пријава. Археолозите тврдат дека епилог од ветувањата се уште нема. 

Ова не е прв пат небрежноста на институциите да загрозува археолошки локалитети. При поставувањето на цевководот за „Злетовица“ инвеститорот оштети неколку локалитети. Подоцна археолошките ископувања на еден од нив познат како Грнчарица го дадoa првиот скелетен остаток од раниот неолит наречен Славе. Овој пат археолошките остатоци ја немаа таа среќа. Неповратно се загубени информациите кои ги содржел – пишува Димитровска во својот блог.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=55878


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 09-Jan-2010 at 06:34

На Плаошник откриени 1.500 квадратни метри мозаици

Никола Упевче, академски сликар, конзерватор и реставратор

Плаошник би го вброил меѓу најзначајните и најатрактивните локалитети на оваа територија

Симон Илиески

Археолшките ископувања на Плаошник беа големо искуство за младиот академски сликар,конзерватор и реставратор Никола Упевче, кој се определи да му се посвети на мозаикот, да ја почувствува возбудата на откривањето и потоа грижливо да го реставрира и да го врати на местото каде што бил со векови?

Во текот на деветгодишните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник, во Охрид беа извршени систематски археолошки истражувања кои дадоа исклучителни резултати по обемот и квалитетот на откриените остатоци од претходните култури, како на движни археолошки наоди така и за докомплетирање на сликата за ранохристијанскиот и античкиот период (богат со мозаични декоративни површини). Претставува особен предизвик и чест, овие културни остатоци квалитетно да се документираат, конзервираат, реставрираат и презентираат пред пошироката публика и стручната јавност. Во минатите години се извршија третмани над околу 1500м2 мозаични површини, а дел од нив веќе можат и да се видат.


Што е најзначајното нешто што го пронајдовте на Плаошник и каде би го лоцирале во вкупните археолошки вредности во Македонија?

Од досегашните наоди тешко и неблагодарно би било да се одвои некој од нив зошто секој фрагмент или секоја зачувана целина со своите особености преставува непроценливо богатство и алка од културниот континуитет, кој со генерации оставал траги во овој богат реон. Траги на културни остатоци и симболи на престиж, како и траги на деструкција и уништување на се она што било дотогаш, за одново, дури некогаш со истиот материјал да се обноват, преосмислат и одново да се изградат.



Охрид, не случајно е најден на листата на УНЕСКО, како светско културно и природно наследство, признание но воедно и нешто што бара нега, грижа и неприкосновено зачувување и презентација.

Секако, Плаошник би го вброил меѓу најзначајните и најатрактивните локалитети на оваа територија, заради својата природна поставеност, богатството на наоди, а овде би требало да се истакне и една интересна ситуација, досега за прв пат сретната не само на територијата на Република Македонија туку и во светот, каде што по отстранувањето на мозаичниот под од анексот на ранохристијанската поликонхална базилика, се наиде на комплетно зачувана бања со ѕидови висински зачувани до 3м и одлично зачуван монохромен мозаичен под работен во стилот на добро познатите бањи од Херкуланум и Помпеи.



Мора да се признае дека Никола Упевче е еден од ретките, кој она што неколку години го работи, го презентира по меѓународни собири. Што всушност е промоција на македонското културно наследство?

Во текот на 2008 година учествував во работата на X Конгрес на Интернационалниот Комитет за Конзервација на Мозаик во Палермо, Сицилија, Италија; на кој се претставив со „Конзерваторско реставраторските третмани на крстилницата ’Четири рајски реки‘ и „Можностите за унапредување и обука на конзерватори од југоисточна Европа“. А минатата 2009 година во Равена, Италија, на конгресот Ravenna Musiva настапив со „Презентација на мозаичните површини на повеќеслојниот локалитет Плаошник, Охрид, Република Македонија“ со посебен осврт на ситуацијата од погоре споменатиот анекс и бања. Истите се публикуванини во аналите на овие собири.



Учеството на меѓународни собири, посветени на мозаиците и нивната конзервација се место за размена на искуства и осознавање на современи и ефикасни техники. Лесно ли е тие да се применат на нашите простори?

Покрај повеќето обуки, работата во Атељето за реставрација на антички мозаик во Арл, Франција, учеството на повеќе семинари, работилници и други собири во републиката и странство се стекнав со значајни искуства и пријателства. Реставрацијата, иако се однесува на материјали и технологии кои се употребувале во минатото доживува несомнен процвет последниве дваесетина години, со примена на современи софтверски решенија, високо прецизни алати и продукти кои значително ја подобруваат документацијата и состојбата на културните добра. Стекнатите искуства се применуваат и кај нас. Моментално се привршува работата на еден интересен мозаик, од село Октиси, со површина од 16 м2 поставен на девет подвижни алуминиумски панели, истиот сега, е добро заштитен и е подготвен да биде презентиран на разни тематски изложби во земјава и странство.



Каде би ги лоцирале македонските искуства во споредба со другите земји, особено оние од подрачјето на Медитеранот?

Целокупниот Медитеран или реонот околу Средоземното море изобилува со остатоци и градби од антиката, богато декорани со мозаични подови и ѕидови, фрески, штукатури, натписи, рељефи и скулптури, разни движни наоди од секојдневниот живот... се ова претставува убава можност и поле за размена на искуства, соработка и обука на идните заштитари. Југословенските искуства на македонска почва, последните педесетина години се доста значајни и забележителни, со примената на технологиите на Милорад Медиќ, во областа на мозаикот, чистењето на фреските од Богородица Перивлептос од Здравко Блажиќ, смелите подвизи на архитектот Борис Чипан и соработката со врвни италијански експерти, Институтот за земјотресно инженерство, како и многу други интервенции ги претставуваат пионерските дострели во ова поле. Со осамостојувањето на Република Македонија, а особено последниве десеттина години се извршија доста смели зафати и на огромни површини. Истите се препознаени од повеќе ценети светски експерти.



Многумина упатени во оваа област велат дека на пронаоѓањето на археолошки предмети во јавноста им се посветува многу поголемо внимание отколку на мозаиците?

Секое едно нешто, кога се исполнува и е, го заслужува вниманието на внимателните сетила. Во времето на транзиција и заматувањето на вистинските вредности и дострели, само внимателните можат да ги препознаат, да се воодушевуваат и да ги истражуваат вредностите.



Споредбено со другите земји, дали македонските заводи за заштита на културните споменици и дирекциите за заштита на културното наследство имаат доволно стручни кадри и дали има позитивна атмосфера за постојано ангажирање на млади стручни кадри?

Секако дека има! Најважно од се е да се сака, да се истрае, да се истражува, да се соработува и дели, а и да се поддржува. Ова е прекрасна прилика за нашата земја и убаво поле за натамошни соработки и истражувања.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=27A46D3EC64B00449BC4C53089372A77
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 09-Jan-2010 at 18:19

Црква од 6 век во тетовскиот „Стар манастир“ (14.06.2008)

На локалитетот Лешочко Кале започнуваат археолошки истражувања на стар манастирски комплекс од пред повеќе векови. Истрагите што ги иницираше Музејот на тетовски крај, а се реализираат преку Националниот конзерваторски центар, финансирани од Министерството за култура, се насочуваат кон објекти што во 14 век претставувале епископски центар, но истовремено црквата на свети Атанасиј која сѐ уште опстојува, ќе се утврдува дали била градена на стар црковен објект од 6 век. Подготовките за почеток на археолошките истражувања веќе се завршени, па според најавите од Националниот конзерваторски центар наскоро ќе започнат. Годинава се планирани сондажни истражувања кои ќе траат околу еден месец. Во наредни фази кои според проектот би се одвивале од наредната година, ќе се пристапи кон конзервација. На овој комплекс забележани биле и поранешни истражувања во два-три наврати, а тогашните и сегашните наоди ќе послужат за поставување сонди до самата здравица, заради заштита и создавање услови на некогаш подигнатите објекти.

Со организираните археолошки истражувања ќе се стави крај и на беснеењето на дивите копачи од кои една група откриени минатата година, им беше судено и им беа изречени затворски казни.

Манастирскиот комплекс „Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година. Јеромонахот Јоаникиј како единствен ктитор најнапред ја подигнал манастирската црква со пари, што ги обезбедил продавајќи го целиот имот на својот татко. Црквата била подигната на стари темели и градба од 6 век, што е потврдено со пронаосот, на кој на десниот ѕид до неодамна биле видливи фреските. Во двориштето Јоаникиј изградил и конаци, келии и други објекти, а манастирот на свети Атанасиј останал седиште на Полошката епископија како управен, духовен и културен центар на 14 век под јурисдикција на Охридската Архиепископија. Создадени биле услови за живот на монаси и членови на манастирското братство, но и како место каде се школувале свештеници. Манастирскиот комплекс под разни влијанија неколку пати бил разурнуван, а најмногу последици имал во наездата на турските башибозуци во 1689 година. Први ископини биле вршени во 1927 година, кога биле откриени остатоци од разурнатата црква, три саркофази од кои еден бил на јеромонахот Јоаникиј, осамен гроб, две гробници и други објекти.

Од фрескоживописот очигледни биле делови на свети маченици, свети војници како и фреската насловена како „Угостувањето на праведниот Аврам“, но и делумни истраги биле вршени во 1981 година.
Меѓутоа, очигледно е дека целиот простор бил оставен и запуштен, објектите оштетувани и од луѓе, но и од забот на времето, а свое влијание извршиле и дивите копачи кои во потрага по закопаното благо, нанеле огромни штети на просторот.

Ovoa e stara vest neznam dali ja ima na forumot, ako ja ima izbrišete ja.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 11-Jan-2010 at 17:30

НА ЛОКАЛИТЕТОТ ГАБАВСКИ РИД НА ВЛЕЗОТ ВО ОХРИД

Се разоткрива тврдината на Филип Втори Македонски

На излезот од Охрид, од правец на Струга, на локалитетот Габавски Рид од март ќе започне интензивно разоткривање на тврдината која се смета дека е изградена во времето на Филип Втори Македонски. Средства се обезбедени, а овој зафат е влезен во 18-те културно-историски локалитети кои годинава ќе ги финансира Министерството за култура.
"На Габавски Рид работиме веќе втора година, но интензивните археолошки истражувања ќе ги започнеме во март или во април. Сметаме дека таму има значајни археолошки вредности кои ќе ги реставрираме, конзервираме, а потоа и ќе ги презентираме. Оваа фаза треба да започне до крајот на годинава или на почетокот на 2011 година. Според проектот кој е изработен, до тврдината од подножјето на ридот ќе се стигнува со жичарница, која ќе биде посебна атракција за посетителите на Охрид и на овој археолошки локалитет", вели директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.
Според Кузман, претпоставка е дека кога на овој простор некаде во 358 година пред новата ера поминувал Филип Втори Македонски, дал заповед токму на Габавски Рид да се изгради силна тврдина. Големиот војсководец не одлучил да гради тврдина на охридскиот рид каде што сега е Самуиловата крепост туку токму на Габавскиот Рид, бидејќи сметал дека стратешки оваа локација била подобра.Тврдината била изградена во негово време, а поради огромните камени блокови кои се користеле во градбата, го добила името Киклопски ѕидини.

http://vest.com.mk/?ItemID=C1D81E4CA51DD34B82B1B972BFA45A5C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 09-Feb-2010 at 23:20
Пронајден фосил од палеориба од пред 2 до 5 милиони години


НУ Завод и музеј - Битола вчера презентираше два артефакти од пред два до пет милиони години што биле пронајдени при ископините во РЕК Битола.
- Првиот артефакт, фосил, е пронајден во површинскиот коп Суводол и е со плиоцентска старост. Фосилот кој припаѓа на класата риби, е со висок степен на сочуваност на градбените структури, посочи Љупчо Петревски, главен инженер-геолог во РЕК Битола, при вчерашното примопредавање на пронајдокот во НУ Завод и Музеј - Битола.

Според геолозите од РЕК Битола фосилите од фауна се многу ретки, но не е исклучена можноста да бидат пронајдени и други риби од времето на плиоцентското езеро или артефакти лушпи од школки какви што вчера, исто така, му беа предадени на Музејот. Пред неколку години во ископините на РЕК Битола беа пронајдени заби од праисториското животно мастадон, кои сега се изложени во трајната поставка на НУ Завод и музеј - Битола.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3ED070D7F094BF45BA7CF4612B0B4D24


МИА-фото
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 09-Mar-2010 at 12:53
СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ НА ИСАР МАРВИНЦИ, ХЕРАКЛЕЈА, СТОБИ
Нови големи археолошки ископувања

Кате Антевска

Обемни археолошки истражувања ќе почнат од следната недела на наоѓалиштата низ цела Македонија. На списокот се и капиталните археолошки зафати во Исар Марвинци, Хераклеја, Стоби, скопско Кале и на Зрзе. Од Управата за заштита на културното наследство велат дека оваа година од буџетот на Владата се издвоени најмногу пари за оваа сфера, по 15 до 20 милиони денари за секое од големите наоѓалишта, односно речиси 350.000 евра по локалитет. - Ова е највисока сума досега одвоена за ископувања на еден археолошки локалитет - вели Паско Кузман, додавајќи дека речиси три милиони денари се резервирани за помалите наоѓалишта. Археолозите во помал обем ќе истражуваат и на Цареви кули во Струмица, на островот Голем Град во Преспа, на локалитетите Големо Градиште во Неготино, Тумба Маџари во Скопје, Баба и Трештна Стена во Прилеп, потоа во Кнежевски манастир во Кичевско, а ќе се засилат и конзерваторските и реставраторските зафати на Горна Порта во Охрид, на бедемите од Баргала, на Вардарски Рид и на други места. Очекувањата на експертите од годинешната археолошка акција се големи, а зафатот, судејќи според обемноста на најавените проекти, веројатно ќе биде во центарот на културните случувања, впрочем како и во минатите години на интензивни археолошки истражувања. Златко Видевски, раководителот на ископувањата на локалитетот Исар Марвинци, каде што лани беа пронајдени најмногу предмети со високо уметничко значење, очекува слични резултати и оваа година. - Ископувања ќе се прават на три некрополи на површина од 28.000 квадратни метри. Некрополите се од рана антика, од римско време и од праисторискиот период. Таму лани наидовме на навистина вредни наоди, како црвенофигуралните и црнофигуралните фазни, потоа златниот накит, многу бронзени апликации со претстави на божества и друго. Годинава ќе се прави доистражување на гробниците, па очекуваме богати прилози - вели Видевски. Тој објаснува на Исар Марвинци најмногу ќе се ископува во раноантичката некропола бидејќи токму таму се открија највредните парчиња со потекло од 1 до 6 век пр. н. е, каков златниот накит. Гробните прилози од тоа време, вели тој, се прилично богати и укажуваат на богат статус на луѓето што се погребувале. Инаку, на Исар Марвинци ќе работи стручна екипа од 50 луѓе и 500 работници, студенти и други соработници. Ланските пронајдоци на Хераклеја, пак, ја урнаа старата теорија за потеклото на ова наоѓалиште, која вели дека тоа датира од 2 век пр. н. е. Една монета со ликот на Касандер, војсководец и пријател на Александар Трети Македонски, што беше најдена во јужниот бедем на локалитетот, покажа дека Хераклеја живеела и во 4 век пр. н. е, во времето на Александар Македонски, велат археолозите. - Ќе истражуваме таму каде што застанавме: во новата базилика, во Гимназионот и на театарскиот плоштад од македонско хеленистичкиот период. Никогаш не се знае што кријат подолните слоеви од овие објекти - вели Аница Георгиева, раководителката на ископувањата на Хераклеја Линкестис. Предизвикот да се истражува Хераклеја е голем, коментира таа, токму поради тоа што лани се утврдило дека ова наоѓалиште живеело и во период од 7 до 9 век, факт кој беше непознат во науката.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1962&ArticleID=135780
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 02-Apr-2010 at 23:39
МАКЕДОНИЈА НАСПРОТИ ДИГИТАЛИЗИРАНАТА СВЕТСКА ПРАКТИКА ВО ОТКРИВАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ СЛОЕВИ
Со мотики до археолошкото благо

Кате Антевска


Интензивните археолошките ископувања, кои се во ек во земјава последниве години, се прават со примитивни алатки - мотики, копачи, мерни лента, компаси и детектори за железо, кои одамна не се употребуваат за ваков вид истражувања во развиените земји, велат нашите археолози. Нивните колеги низ светот се служат со геоскенери, односно дигитални апарати што помагаат во лесно откривање подземна архитектура, керамиката, железо и други неподвижни наоди. Археолозите велат дека се потпираат на старите алатки бидејќи тие се најсигурни, иако со нив работата е макотрпна и трае подолго, но дека многу би им помогнале и современи технолошки помагала, кои се идеални за случаите кога треба да се лоцира дотогаш непознато археолошко наоѓалиште, на пример. А, во Македонија има многу неистражени локалитети, регистрирани се илјадници наоѓалишта, кои допрва треба да се истражуваат, да се обележат нивните граници и структура. - Немаме апарати за брза идентификација на локалитетите, а кај нас има наоѓалишта во огромен број и од различни епохи. Во моментов јас истражувам на сто локалитети, каде што претпоставувам дека има стари градови, а тоа го правам со лента и со детектор за метал, што ми одзема многу време. Да имав геоскенер многу брзо ќе ги лоцирав границите на локалитетот, положбата на евентуалната архитектура и друго - вели археологот Виктор Лилчиќ, соопштувајќи дека деновиве открил град со потекло од 4 до 6 век во селото Држант, Радовиш, токму со стари алатки.
Во светот е одамна доминантен моделот на таканаречената недеструктивна археологија, односно испитување на теренот со специјални машини. Се користат геоскенери, уреди со чијашто помош се регистрираат контурите од стара архитектура во длабочина од половина метар. Со нивна помош дигитално се документира вертикалниот и хоризонталниот план на теренот, се исцртува релјефот, а со тоа археолозите лесно одредуваат што треба да се истражува. Во употреба се и ГПС-уреди и геоексплорери, кои имаат слична намена. - Апсолутно ни требаат современи технолошки помагала, најмногу во првичните истражувања на едно наоѓалиште. Така побрзо би дознале каква е архитектурата на теренот. Така се штеди и време. Меѓутоа, на крајот пак мора да се истражува по стариот начин. Наодите се откриваат со мотики, се документираат, се цртаат, се зема примерок од земјата - вели Зоран Рујак, раководител на ископувањата на локалитетот Цареви кули во Струмица, каде што е во тек истражување на некропола.


Модерната опрема е скапа за нас


Археологот Паско Кузман и неговите колеги се согласуваат дека е убаво културните институции да се подноват со современи машини за ископување, но нагласуваат дека се скапи за наши услови. Нивните цени се движат од 10 до 15 илјади евра, а искуствата велат дека се прилично несигурни во лоцирање на археолошките наоди.
- Планираме да купиме геоскенер од некоја од западноевропските земји, но претходно сакаме да испробаме како работи. Не можеме да ризикуваме да дадеме пари, а да немаме никаква добивка од тоа - вели Кузман.


Предностите и маните на геоскенерот


Геоскениерите се ефикасни во брзо лоцирање археолошки локалитет, но на места каде што е веќе познат распоредот на објекти тие се речиси непотребни, велат археолозите. Геоскенерот може да открие културно наследство во длабочина од неколку сантиметри, кое потекнува од една историска епоха, додека другите културни слоеви, кои како што се оди во длабочина се се постари, остануваат непрепознаени.
За македонската почва, пак, е познато дека крие повеќе културни слоеви од различни епохи, понекогаш од параисторија до денес, што, според археолозите, дефинитивно бара класични методи на откривање - со стари алатки.
- Класичните методи на истражување се најсигурни. Што ќе ни е геоскенер за истражување на некрополата на Исар Марвинци, на пример, кога се знае до каде се простира таа. Некои романтичари, кои по професија не се археолози, а кои ја љубат археологијата, имаат купено вакви машини мислејќи дека со нив ќе откријат злато или други богатства. Се сеќавам дека еден таков ентузијаст одеше од место на место со мисла дека ќе открие вредно богатство, но место, тоа, најде железна прачка - вели Паско Кузман.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 09-Apr-2010 at 23:06

Штипските археолози почнаа со истражување на тврдината Исар

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип почнаа со археолошките истражувања на тврдината Исар.

Директорот на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип Зоран Читкушев истакна дека истражувањата ќе се одвиваат во наредните два и пол месеци.

„На тврдината Исар ќе се работи на три пункта - на акрополот, тунелот и на црквата ’Св. Власие‘. Со овие истражувања очекуваме да направиме и активности за изготвување на проект за конзервација на тврдината“, рече Читкушев.

Тој додава дека во акцијата, што е финансирана од Министерството за култура и од Управата за заштита на културно наследство, се вклучени 10 археолози и 40 теренски работници. Штипските археолози за половина месец ќе почнат и со истражувањата на локалитетот Баргала. „На овој локалитет ќе се работи меѓу бедемот и градската базилика, потоа североисточниот бедем заедно со влезот, исто така, ќе работиме и на конзервација“, вели Читкушев.

Во тек се и истражувања на археолошкиот локалитет во селото Радање. (К.Р.)                                                                                                                                                     http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=01ECC2C934B2D748968C03C867C674D9 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 16-Apr-2010 at 17:27
Дел од скулптура од рано римскиот период пронајдена на локалитетот Стоби

Велес, 16 април 2010 (МИА) - Одлично зачувана мермерна глава, дел од скулптура од рано римскиот период и мало торзо се пронајдени денеска на локалитетот Стоби, кој го посети премиерот Никола Груевски придружуван од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.

Според Силвана Блажевска, директор на Националната установа Стоби, станува збор за склуптура со која според карактеристиките, обично се претставувале императори и видни граѓани од првиот и вториот век од новата ера, а била дел од храм, кој бил ограбуван по неговото разурнување уште во античкиот период.

- Сводот во едната просторија имаше дупка. Кога ја најдовме руската копејка од 1863 на едно од подните нивоа си рековме за жал храмот е ограбен и тоа повеќе пати меѓутоа среќа е што тие не стигнале до првото подно ниво каде се наоѓаат склуптурите. Очекуваме за една недела да го рачистиме подното ниво и да видиме за што се работи, рече Блажевска. 

Министерката Канческа-Милевска истакна дека вкупно 180 милиони денари  изнесува буџетот за годинашниве активности на 20 археолошки локалитети кои се наоѓаат на приоритетната листа на Управата за заштита на културното наследство.

Таа посочи дека од особено значење е што овој локалитет на кој работите оваа сезона почнаа пред три недели, прерасна во Национална установа со што се овозможува државата во континуитет да се грижи за него, а не еднократно додека траат истражувањата.

- Многу е важно што овој локалитет прерасна во Национална установа со вработени чиј број понатаму ќе се зголемува, а се со цел тој да биде достапен и како туристичка атракција и за промоција на културното наследство, рече Канческа-Милевска.

Според Кузман, за разлика од минатата година кога работеа 700 лица, на локалитетот Стоби годинава се ангажирани 400 лица од кои 65-члена стручна екипа.

- Интензивно се фокусираме на локалитетот во истражувачка смисла да го завршиме што побрзо, а за конзерваторските и другите работи ќе треба подолго време и покрај тоа што во овој момент работиме и конзерваторски проекти, рече Кузман посочувајќи дека издвоените средства од буџетот за археолошките истражувања ќе бидат доволни. ва/рп/16:27

 

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73153208&lId=1&pmId=505
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 24-Apr-2010 at 16:22
На „Цареви кули“ пронајден накит со ликот на Александар Македонски
 
Сузана Тасева

Археолозите ги збогатија историските страници на Струмица. Ламба со претстава на Александар Македонски е пронајдена во некрополата на јужниот рид на локалитетот Цареви Кули, која потекнува од доцно античкиот период.

„Засега е уникатен ваков примерок не сум видел на другите места, претпоставувам дека се работи за наод односно сад за ламба која што е од работилницата во Солун или можеби во соседството“, рече Зоран Рујак, археолог.

Покрај ламбите е пронајден и вреден златен накит, обетки и прстени.

„Кој што укажуваат на тоа дека дека во 2 век п.н.е. Струмица односно најверојатно тогашен Астраион, бил развиен трговски центар, дека имало богата популација и дека комуницирал со работилниците во Солун и со градовите во соседството“, додаде Рујак.

На Цареви Кули кој е еден од поголемите археолошки локалитети во Македонија, интензивно се истражува од 2007 година, а дотогаш тој беше мета на дивите копачи.



Edited by Buliwyf - 24-Apr-2010 at 16:26
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 28-Apr-2010 at 07:05

Почнаа истражувањата на локалитетот „Баргала“

Штип, 27 април 2010 (МИА) - Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип денеска почнаа со истражувањата на локалитетот „Баргала“.

Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Зоран Читкушев информира дека археолозите продолжуваат со истржувањата на овој локалитет каде што застанале минатата година.

- Со средствата од Министерството за култура, археолозите продолжуваат на потегот на североисточниот бедем, влезот и базиликата од петиот и шестиот век, изјави Читкушев.

Тој изрази надеж дека истражувањата на археолозите на локалитетот „Баргала“ и оваа година ќе бидат успешни.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73429985&lId=1&pmId=501
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 01-May-2010 at 20:52

Во ископините на Кале најдени бомби од Втората светска војна

01.05.2010 - 19:37 |

Археолошките екипи кои работат на локалитетот на тврдината Кале, при ископувањата пронашле рачна бомба и околу илјада парчиња боеви куршуми од различен калибар од Втората светска војна.

Во атарот на село Далбеговци, општина Новаци, се пронајдени, како што наведува ЦУК, три неексплодирани средства.
 
За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, од каде се преземени мерки за нивно безбедно складирање.
 
 
вау, колку е раскопано калево
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 01-May-2010 at 22:10
За кое кале се работи? Ме збунува ова ДЗС од Битола.

Ќе направам една мала дигресија, ме потсети ова со бомбиве. Пред некоја година имаше некои археолошки истражувања на тетовското кале и бе пронајдени некои бомби од војната 2001-ва, па ми дојде на памет една изјава од Паско, "пронајдено е оружје од почетокот на третиот милениум од нашата ера". Nuts
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 05-May-2010 at 22:03

На Балтепе се копа во историјата

Педесетина работници се ангажирани на ископувањата и археолошките истражувања на Тетовското кале, каде што независно од овој проект се врши и обнова на црквата „Св. Атанасиј“, која беше оштетена во конфликтот од 2001 година

Тетовското кале деновиве личи на големо градилиште на кое се работи на секој агол. Од пред некој ден продолжија археолошките истражувања на тврдината, а паралелно се вршат и градежните работи на црквата „Св. Атанасиј“ на Балтепе. Двете активности, истражувањето на тврдината од османлиски период и санацијата на црквата не се поврзани, но се одвиваат паралелно. Археолошките и конзерваторските зафати се дел од проектот на Министерството за култура за истражување на локалитетот. Активностите започнаа во 2008, а ќе траат до 2012 година. Тука од пред некој ден, по неколкумесечна пауза, повторно се истражува. Сега се работи и на црквата на која се обновува нејзината надворешност, а се санираат скалите и ѕидовите, кои беа оштетени во војната од 2001 година.

Според раководителот на проектот за истражување на археолошкиот локалитет Тетовско кале на Балтепе, Љулјета Абази, оваа година приоритет ќе им се даде на археолошките истражувања.

- Годинава имаме три милиони денари за работа. Ќе се концентрираме на откривање на објектите кои се под земја, сондажни истражувања за да видиме дали има траги од постари, предосманлиски, културни остатоци и на ископување на гробовите што се наоѓаат во околината на тврдината - рече Абази. На археолошките истражувања се ангажирани педесетина работници. Дел од стручниот тим е од Косово, тројца археолози и еден конзерватор. На локалитетот ќе се работи до крајот на јуни.

Стручниот соработник Ирена Колиштркоска-Настева, од Музејот на Македонија, која е вклучена во проектот, вели дека на калето му се случила хаварија од негрижа изминативе 200 години.

- Калето е изградено во периодот кога османлиската архитектура била во најголем подем. Од него може многу да се научи за тој период. По целосната конзервација и реставрација, калето би требало да прерасне во туристичка атракција - рече Колиштркоска-Настева.

Тврдината е од 18 век и ја сочинуваат повеќе објекти, главно со војничка намена, сарај, трпезарија, касарна, конак, стражарница, затвор, подземен тунел. Дел од објектите целосно се покриени со земја. Лани откако беше откопана трпезаријата, таа беше реставрирана. Се планира да прерасне во изложбена просторија или угостителски објект.

Од пред некој ден почнаа и работите на црквата „Св. Атанасиј“. Црковниот одбор со помош од неколку донатори започна да ја реновира црквата, која се наоѓа во внатрешноста на тврдината и која беше запоставена.

- Потребно е да се уреди и внатрешноста. Многу икони се оштетени, уништен е фрескоживописот. Ако има донатори, ние ќе продолжиме и понатаму да работиме. Сега се ангажирани седум лица и сите работиме без надомест. Од 2001 година досега имало околу пет кражби - рече Трпе Ѓорѓевски, домар на црквата.

Таа е изградена во 1922 година врз темелите на црква од 13 век.

Калето е изградено во 1820 година од Абдурахман-паша како стратегиски објект, но никогаш не било вселено. Со него се врзани неколку легенди. Во истиот момент кога турската војска дошла по Абдурахман-паша и го протерала во Истанбул, до калето дотекла и водата од водоводот што го направил пашата. Во таа пригода тој рекол: „Ти, водо, дојде, а јас отидов“. Исто така се верува дека еден од трите тунели за бегство од калето води директно до центарот на градот во непосредна близина на старото медицинско училиште. Другите водат до блиското село Лавце и до горниот дел од Тетово во близина на реката Пена.

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 11-May-2010 at 23:04

Ќуп со злато откриен на скопското Кале

Златните монети се од 13 век од никејскиот цар Јован III Дука, а има и венецијански сребреници

Катерина Богоева


Ќуп со 46 византиски златни монети ковани околу 1250 година од никејскиот цар Јован III Дука и 77 сребрени монети ковани од различни венецијански владетели во периодот од втората половина на 13 век, заклучно со 1280 година, е откриено во изминатите неколку дена на тврдината Кале, во рамките на тековните археолошки истражувања раководени од археологот, Драги Митревски.

„Тоа е периодот во кој откриеното богатството било и закопано, а неговото откривање е од големо значење, бидејќи го илустрира последниот период на животот во византискиот град, урнат со доаѓањето на Србите, по што ќе следува период на интензивна градежна активност од нивна страна на овој, и во просторот на скопската околина. Во тој мирен период за Скопје се изградени и најрепрезентативните градби,чии остатоци сега ги откриваме со истражувањата што продолжуваат да се реализираат на ударниот просторот, под познатата бина на Калето.

Годинава го дозаокружуваме претходно парцијално истражуваниот простор, ги дооткриваме остатоците од градби што веруваме дека ќе бидат интересни за натамошна конзервација и реставрација. Очекуваме да се појават убави градби кои на Калето му го даваат неговото административно, политичко и културно значење во средновековниот период, од 10 до 15 век, во времето на владеењето на царот Самоил до доаѓањето на Турците. Со новите откритија добиваме појасна слика за тоа што во тој период се случувало тука, се откриваат и остатоци од царскиот дворец почнувајќи од времето на царот Милутин, но и други градби подигнати за време на српското владеење до 1392 година“, ни изјави вчера Митревски.

Годинешните истражувања течат веќе трет месец, а заедно ги реализираат Институтот за Историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултетот во Скопје и Музејот на град Скопје.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 25-May-2010 at 15:35

Откриена вековната тајна, античкиот град Равен-лулката на словенската азбука?!

Дали во нивите кои се на само стотина метри од штипското село Крупиште, се наоѓа долго бараниот град, односно епископијата каде според историчарите, солунските брака ја напишале Азбуката. Археолозите од штипскиот музеј оптимисти.

Се смета дека и Кирил, неговиот брат, тука ги напишал 32-те букви од азбуката, тврди во своите претпоставки археологот од штипскиот музеј м-р Миланчо Миленковски.

Ископините од темели на цркви современици на светите Кирил и Методиј, како и вградените симболи во сегашните храмови кои биле дел од урнатите цркви за археолозите се непобитен аргумент.


Надежта кај нив дополнително се подгрева со зачестените жалби на крупиштани за маката во орање на земјата.


„На 20 до 30 сантиметри од земјата излегуваат камења и тоа големи, па често ги кршиме плуговите. Воопшто многу е тешко за орање“- се жали Блашка Трајчева, од Крупиште.

Во нивата на 60г. Блашка освен жито, се изродија и темелите на така наречената Црвена црква, една од можните храмови каде според археолозите, светите словенски брака ја напишале азбуката.

Претпоставка е дека на неполн половина метар под плодната почва се кријат темели на 10 до 13 цркви, како и вечните почивалишта на пет од 15 свети тивериополски маченици.

Кога доаѓа тука св.Климент за епископ, тука се пренесени пет од 15 те струмички маченици и со истражувањата од 1985-86 та година, од страна на академик Блага Алексова, токму тука е утврдено местото каде треба да наоѓаат гробовите на мачениците, но и останатите аргументи и артефакти за дејноста на светите словенски просветители“- вели за Канал 5, м-р Миленковски.

На 200 хектари крупишки ораници, старите записи сведочат за интензивен живот во првите столетија од доаѓањето на Словените. За жал како што често само нам ни се случува, немањето пари е главната пречка за откривање на вековната тајна, дали градот на Кирил и Методиј бил тука или не. Равен името на мистичниот град е еднаков на равенката без непознати. Ископувања ќе има кога ќе има и пари.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60833
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 25-May-2010 at 18:20
Кокино апликант за УНЕСКО



 
Група археолози овој месец интензивно работат на процесот на конзервација на камените ѕидови, кои ја опкружуваат мегалитската опсерваторија Кокино која се подготвува да стане споменик на светското културно наследство на УНЕСКО  

 
%20  
- Кокино освен по астрономските маркери, ќе биде препознатливо и по оградата на светиот простор - вели Јовица Станковски, директор на кумановскиот музеј.

Инаку, овој локалитет е исклучително богат со предмети од бронзеното време, разни фигурини, мелници за жито, керамични садови. Дел од пронајдените јагленосани парчиња се испраќаат на испитување во институтот во Стара Загора во Бугарија, каде што со методот ц-14 може да се допрецизира годината на нивното потекло.

Кокино се смета за еден од најинтересните локалитети во Европа, бидејќи станува збор за праисториска опсерваторија со најголем број маркери, кои на луѓето од тоа време им помагале во сметањето на времето и во изработката на календари.

Мегалитската опсерваторија која датира од 1800 година п.н.е. беше откриена во 2001 година, а во 2002 се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=525101020131&id=16&prilog=0&setIzdanie=21990

Edited by Cloverstack - 25-May-2010 at 18:20
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.