build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 25-May-2010 at 20:37
Се интензивираат археолошките истражувања во Хераклеја

Битола, 25 мај 2010 (МИА) - Стручни тимови на НУ Завод и Музеј-Битола и логистика со повеќе од 300 лица, продолжија со интензивните археолошки истражувања и ископувања во античкиот локалитет „Хераклека Линкестис“.

- Во моментов се работи во делот околу амфитеатарот, кај јужниот бедем и уште на неколку пунктови. Се обработуваат движните материјали и се изработуваат елаборати за конзервирање на археолошките наоди, посочи Зоран Николовски, директор на НУ Завод и Музеј-Битола.

Експертите од оваа национална установа очекуваат годинава да биде завршен објектот гимназион и да биде истражен театарскиот плоштад

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=74163097&lId=1&pmId=505
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 30-May-2010 at 01:58
ВО АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА ТЕТОВСКОТО КАЛЕ
 

Откриени три подземни тунели кон Тетово

Три тунели, подземни ходници кои ги поврзувале, како и покриен и летен сарај - ова се само дел од објектите кои се откриени со археолошките истражувања на ридот Балтепе над Тетово, на кој Абдурахман-паша ја изградил монументалната тврдина - Калето, во периодот на турското владеење. Во археолошките ископувања, започнати во 2008 година, кои ќе се вршат до 2012 година со учество на археолози од Македонија и од Косово, откриени се значајни наоди. Според раководителот на проектот Љуљета Абази, инаку виш кустос во Музејот на тетовскиот крај, најголемото изненадување било откривањето два објекта, еден до друг, во средишниот дел на Балтепе, во непосредна близина на црквата "Свети Атанасиј". Утврдено е дека трите подземни тунели ги градел Абдурахман - паша околу 1820 година. Откриени се нивните излези од Калето - едниот води удолу, сè до градот, а другите два кон селото Лавце и реката Пена.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 01-Jun-2010 at 18:35

На Таор пронајдени шлемови од петтиот и шести век

Зошто Македонија и по деценија од пронаоѓањето се уште срамежливо го крие местото каде бил роден последниот римски и првиот византиски владетел - Јустинијан. Освен реткото споменување по историските учебници, уште по ретко скопски Таор се промовира како туристички локалитет.

Во десетте години интензивни археолошки истражувања почвата оддаде јавни градби но и приватни куќи, бедеми, помали археолошки наоди. А минатата седмица откриени се и три значајни шлемови и елементи од воена опрема.

- Мошне се ретки на Балканот такви шлемови што датираат од петтиот и шестиот век се откриени два во Србија и во Бугарија. Севкупно такви шлемови од целото римско царство има дваесетина – вели Киро Ристов – раководител на истражувањето.

И додека Македонија мирува српски „Нин“ веќе ја објави сторијата како не Таор туку Јустинијана прима е родното место на Јустинијан.

- За тоа не информира неговиот биограф Прокопиус Таурисиус во близина на Бадеријана. Проверката лежи само во спротивставување на ставовите – рече Ристов.

Доцната античка населба веќе го добива својот лик. Работно ја нарекуваат куќата на рибарот – во неа пронајдено е цело депо на јадици. Најмалата од еден сантиметар, харпуни. Другата куќа ја нарекуваат куќата на свештеникот . Во неа се криеле два крста и кандило. Откриени помеѓу 1200 и 1300 ситни археолошки наоди меѓу кои копја, стрели, прстенчиња, обетки, брошови.

Христена Антовска Јованчева

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=61157




"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 03-Jun-2010 at 08:03
Запрени ископувањата на речиси сите археолошки локалитети
Мишко Иванов    


02.06.2010 19:22



Со работа запираат речиси сите археолошки локалитети во земјата. Првиот човек на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман денеска во изјава за А1 потврди дека во буџетот веќе нема пари за оваа намена.

Ископувањата кои особено се засилија во последните години и кои за многумина беа потрага по потврда на античките корени, засега ќе се одвиваат само на три локалитети: на скопската тврдина Кале, ќе се работи и на Плаошник, а ќе се работи и на музејот на вода во Охрид. Сепак и ова ќе трае само до крајот на месецов.

Се прекинува работата на сите археолошки локалитети во Македонија. Државата нема повеќе пари да ги финансира проектите. Единствено сега ќе се работи само на три локалитети: Скопската тврдина Кале, Плаошник и Музејот на вода во Охрид.

Ова за А1 го потврди и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, кој рече „дека ова се прави поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа државата и тоа претставувало мерка за справување со економската криза“. Археолозите на локалитетите, како на пример Стибера кај Прилеп, кои денеска го расчистуваа теренот, биле известени дека работите се прекинуваат се до ребалансот на буџетот, од што ќе зависел понатамошниот тек на работите.

„Тие прекини на работите беа и очекувани затоа што ние сме поврзани со средства од буџетот на Република Македонија и нашите почетоци и завршувања се врзани со средствата од буџетот. И сега дали ќе продолжат работите или не ќе зависи од ребалансот на буџетот“, изјави Лилјана Кепеска, Раководител на истражувањата „Стибера“ Прилеп.


Паско Кузман

Инаку според извори на А1 се уште доцни исплатата на парите за работниците на локалитетите за месец април. Парите за март беа исплатени по сторијата на А1 за Трајче Ристов од селото Смоквица, кој беше избркан од работа бидејќи јавно проговори за доцнењето на исплатата на парите.

Археолозите велат дека веќе ги доставиле списоците за плати и се надеваат дека работниците ќе ги добијат парите во најскоро време.

Беспарицата за луѓето кои работат на археолошките локалитети, А1 ја регистрираше уште пред две недели. Како што видовме и во прилогот. Еве ги изјавите на копачите во Марвинци.

„Ми викаат да си одам, да не доаѓам воопшто на работа и тоа само заради тоа што викнав телевизија да снима да покажеме за финансиските средства. Поминаа два месеца изработени се уште нема пари, а плус тоа кога бараме пари они викаат работете за доброто на Македонија“, Трајче Ристов.

„Купуваат споменици од 6 милиони евра, нека дојде овде премиерот Груевски да види, ај што не даваат пари па не ви дадоа ни на вас да снимате горе, како горе да се прави нуклеарна бомба, а не народ што копа коски за дневница од 400 денари“, Драган Петровиќ.

Но, не е овој единствениот економски проблем со кој се соочува Македонија. Иако, властите најавија дека земјата е излезена од рецесија, сепак последиците од кризата како допрва да почнуваат да се чувствуваат.

Пари според информациите нема и за породилно боледување веќе неколку месеци. Минатата недела опозицијата обвини дека 32 милиони евра не се исплатени на компаниите за поврат на ДДВ, а државата според обвинувањата должи и на градежните компании.

Како и од што ќе скуси државата, останува да се види со ребалансот на буџетот, кој веќе се подготвува и во собрание треба да влезе за една недела.

„Нашата ориентација е ниеден проект да не биде целосно прекинат, туку да видиме кај има согласно динамиката на досегашна реализација на прогресот во реализацијата каде има простор да се промени динамиката и средствата да се распределат дел оваа година дел следната“, изјави Зоран Ставрески.

Експертската јавност сугерираше дека буџетот треба да се скуси меѓу 70 и 100 милиони евра. Очигледно прва жртва на ребалансот се археолошките ископувања.



Извор
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 04-Jun-2010 at 03:11
Не се разбирам во археологија, но се си мислам дека единствена логика прави да се изберат приоритетни локации за истражување (и во размер со реалните ресурси кои стојат на располагање), да се истражуваат темелно, и кога некаде процесот ќе заврши локалитетот да се конзервира и заштити.

А да се раскопаат 200 локалитети па да се баталат на пола пат, тоа е крајно несериозно и неодговорно. Претпоставувам дивите копачи сега тријат раце - еден куп локалитети баш им ги припремија за да улетаат и да направат 'ршум  Ohno
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 04-Jun-2010 at 11:51

Во струшко Ташмаруништа откриени вредни предмети од 6 и 7 век п.н.е

04.06.2010 - 09:15

При археолошки ископувања во некропола која потекнува од 6 и 7 век пред нашата ера во струшкото село Ташмаруништа пронајдени се гробни прилози, копја, белегзии и керамички предмети на припадници на војничкиот сталеж од архајскиот период.

Според Сашо Цветкоски, директорот на Националната установа „Др. Никола Незлобински“ од Струга, карактеристично за овој период бил начинот на погребување, со т.н. тумоли односно радијално поставување на камења врз претходно погребан покојник. 

Тој информира дека ова е доказ за континуирано постоење на цивилизации на овие простори почнувајќи од хеленизмот, римскиот и ранохристијанскиот период.

Струшкото село Ташмаруништа е познато и по вредните црковни храмови како што се црквата Св. Архангел Михаел стара повеќе од 150 години и Ранохристијанската базилика Света Мартинија.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 10-Jun-2010 at 16:04
 Дома > Македонија < name="txtBaraj" id="txtBaraj" size="30" maxlength="70" ="text"> < ="if ofPage_ClientValidate == '' Page_ClientValidate''; " name="ctl04" value="Барај" style="font-family: Verdana; font-size: 10px; font-weight: bold;" ="submit">

Американски грант за истражување на локалитетот Стоби

Александра Бубевска Коментари (0)   
10.06.2010 16:23
Филип Рикер

 

Во Македонија културата е жива и се развива. Најголем дел од тоа се одвива без поддршката на амбасадите и министерствата.

Имате земја со разнолики култури и мислам дека треба да бидете горди на тој факт, рече американскиот амбасадор Филип Рикер вчера на забавата во чест на Македонската Филхармонија.

„Друга област која ја прославуваме е и чувањето на културното наследство. Синоќа ги пречекавме добитниците на наградите за наследство. Нив ги додели американскиот фонд за сочувување на културата, во присуство на претседателот Иванов.

Беше доделена најголем грант за црквата Перивлепта во Охрид. Тоа е всушност најголемата грант доделена во Европа од програмата на Стејт департментот. Многу сме горди на тоа.

Сакам да објавам дека, благодарение на одличната соработка со културните организации во Македонија и вредните наоѓалишта во земјата, нашата амбасада, ќе додели уште еден грант за сочувување на културата. Ќе го поддржиме проектот за сочувување на раните византиски фрески од базиликата во Стоби“, изјави Рикер.

Голем број музичари, уметници, министерката Канчева Милевска, директори на културни институции се дружеа во градината на резиденцијата на амбасадорот Рикер.

Македонската филхармонија чиј што верни проследувачи се амбасадорот и неговата сопруга, својата сезона ја завршува во среда со традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“.

„Благодарност за амбасадорот Рикер кој е голем пријател, голем фан на оркестарот на Македонската филхармонија, наш пријател, слободно можам да кажам, кој се дружи во текот на целата сезона со нашиот оркестар, бидејќи е очигледно е најчест посетител на нашите концерти“, вели Маја Чаначевиќ.

Директорката на филхармонија му заблагодари на амбасадорот Рикер и му подари слика од Мирослав Масин.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124115

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 21-Jun-2010 at 17:34
Добро што е па сега ова??? Нели во цела држава се стопирани започнатите археолошки истражувања поради кратење на средства, а ваму се почнува ново Confused

Почнаа археолошките истражувања на локалитетот Баба



 
Прилепскиот Завод и музеј почна со годинашните археолошки истражувања на локалитетот Баба, зад Маркови кули  

 
%20  
Отворена е нова сонда над платото, северно од претходните две ископувања. Истражувањата се вршат со цел да се потврдат досегашните сознанија дека локалитетот Баба датира од енеолитот, македонско-римскиот период до византискиот.

- Првпат годинава отворивме сонда со која ќе се истражува дел од одбранбениот ѕид на утврдувањето, кое се претпоставува дека имало воен карактер - вели археологот Душко Темелкоски, раководител на проектот.

Министерството за култура, за истражувањата одвои 200 илјади денари. Локалитетот Баба е откриен пред десетина години.

- Во досегашните две кампањи за ископување откривме два типа на градби, една од македонски период - втор век п.н.е. и една од рановизантиски период, односно од 6 век. Пронајдовме и уникатен рановизантиски железен крст од шестиот век, малтешка варијанта, досега непозната појава на македонските простори, кој е со големина од 14 сантиметри и должина на краците од 11 сантиметри - објаснува Темелкоски.
 
   
Автор: Ка.М.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62110105549&id=16&prilog=0&setIzdanie=22013

Edited by Cloverstack - 21-Jun-2010 at 17:34
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 25-Jun-2010 at 15:53
Пронајдени некрополи од третиот век на Тумбе-кафе во Битола

Битола, 25 јуни 2010 (МИА) - Стручни лица на Завод и Музеј-Битола заедно со група работници кои деновиве ја прекопуваат и уредуваат рекреативната зона Тумбе-кафе, пронајдоа некрополи за кои се претпоставува дека потекнуваат од третиот век.

- Донесовме одлука да се запрат сите градежни активности со цел да се истражат пронајдоците. Скелетите упатуваат дека станува збор за христијани, но може да се и пагани. Претпоставка е дека некрополите потекнуваат од третиот век, бидејќи дотогаш покојниците биле спалувани во урни, а од третиот век почнува погребување со закопување во земја, посочи Гордана Филиповска-Лазаровска, археолог од НУ Завод и Музеј-Битола.

Битолските археолози сметаат дека во рекретаивната зона Тумбе кафе „се кријат“ и други потенцијални пронајдоци и затоа ќе побараат помош и поддршка на национално ниво со цел разоткривање на овој атрактивен терен во Битола.

- Во близина на некрополите се наоѓа една тврдина, како и т.н. објект „Стража-1“ со седум полукружни кули како тврдина од дефанзивен тип. Овие и други податоци секако дека се важни за културно-историското минато на Битола, појасни археологот Филиповска-Лазаровска.

Општина Битола на Тумбе-кафе планира реактивирање на трим-патеката, оформување на просторот за престој, видиковец и други содржини за што се обезбедени средства од локалниот буџет, како и меѓународна донација, но по откривањето на некрополите градежните активности се запрени. мт/хс/11:07

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=75020374&lId=1&pmId=505
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 30-Jun-2010 at 05:32

Лозјата лежат врз античка населба

Лозјата во кавадаречката месност Белград лежат врз античка населба. Се чека да почне копањето на лозовите насади, кои се стари над 50 години, за да почнат активности за испитување на теренот, информира Музејот на Кавадарци.

Пред десетина години бил истражен мал дел од античките гробови на овој археолошки локалитет, кога се вршеле длабински орања заради подигање млади лозја во овој дел од Тиквешијата. Биле пронајдени повеќе од 30 антички плочи на кои биле испишани и македонски имиња.

Директорот на Музејот, Петре Камчевски, вели дека трактористите, надевајќи се дека ќе најдат злато, напречно ги орале површините и гробовите.

Според Камчевски, се претпоставува дека под лозјата се крие античка населба со голема површина од 1 век пред новата ера, а добар дел од археолошкиот материјал пронајден на овој дел во минатото е однесен во музеи во странство.

Уште во 1916 година тогашниот директор на археолошкиот музеј во Софија, Богдан Филов, доаѓал во Кавадарци и, како што и самиот запишал, богат археолошки материјал изнел од овде.

Месноста Белград е една од најпознатите лозарско-винарски региони во земјава каде што се произведува најквалитетното трпезно грозје. Во овој дел е пронајдено огромно корито, тешко околу 20 тони, изделкано во камен, кое во минатото се користело за газење на набраното грозје. Пронајдената винска чаша во еден од античките гробови ги потврдува литературните записи дека античките македонски војници имале желба во гробот, заедно со нив, да биде ставена и нивната омилена чаша за вино.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=50884C8B6C68DC46AFC10DCC55B0A648
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 24-Aug-2010 at 03:13

ВО СТРУМИЦА


Ископувања на Големата Трпеза


На археолошкиот локалитет Големата Трпеза кај населеното место Старо Коњарево, во близина на македонско-бугарската граница, деновиве започнаа истражувања. Тие се организираат за првпат и ги изведува десетчлена екипа која на терен ќе работи во наредните неколку месеци.
- Нашите сознанија се дека станува збор за праисториски локалитет кај селото Старо Коњарево во општина Ново Село, каде што очекуваме да откриеме значајни артефакти. За нас се мошне актуелни и праисториските локалитети на Цареви Кули и кај населеното место Ангелци. Со завршувањето на ископувањата во трите локалитети планираме да го заокружиме праисторискиот период во Струмичко, велат од Заводот-Музеј во Струмица.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E43268B77CF43749A90DF71BFDEF4723
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 06-Sep-2010 at 14:07

Откриена праисториска населба на локалитетот „Голема трпеза“

Сузана Тасева Коментари (2)   
06.09.2010 12:24
 

 

Праисториска населба е откриена на локалитетот Голема трпеза кај Ново Коњарево, село во Струмица оддалечена околу 200 метри од македонско-бугарската граница.

Според археолозите станува збор за култура стара околу 7 илјади години.

Пронајдените елементи сведочат за животот во доцниот Неолит, по течението на реката Струмица.

„Меѓу другото пронајдовме и неколку садови, потоа женски фигуринки, нешто од алатките, ношчиња пред се, кремени, глачени сеќирки и некој други работи кој што се специфични за доцниот Неолит во долината на реката Струмица“, рече Зоран Рујак, археолог.

За прв пат струмичките археолози работат на овој локалитет иако од порано имале сознанија за неговото значење. Големата трпеза е втор локалитет што се истражува од праисториската епоха, прв таков бил истражуван во 1985-та година во селото Ангелци.

Откриената култура на овие две места во Македонија е карактеристична и за околината на градовите Петрич, Сандански и Благоевград во Република Бугарија. Покрај ресорното министерство овој проект го подржаа и локалните власти на општините Струмица, Василево и Ново Село.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127107
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 10-Sep-2010 at 03:37

ВО КОЧАНСКО


Светилиште старо 7 милениуми


Кај кочанското село Спанчево, на локалитетот "Св. Атанасиј" археолозите од Музејот на Македонија работат на откривање на светилиште од перидот на енеолитот 5.000 години пред нашата ера. Во изминатите десетина дена, од движен материјал откриени се поголем број на примероци од керамика со врежување и со графитно сликарство, како и кремени ножеви, коскени алатки и култна пластика изработена од керамика со антропоморфни и зооморфни престави.
Најинтересна е фигурата на машка глава која е реткост од овој период на археологијата кај нас. Истражувањата продолжуваат и во наредните петнаесетина дена, а потоа следува презентација на досегашниот откриен материјал.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=EF7E3D5A1A4D15468E51C4F7BC39251B

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 20-Sep-2010 at 16:10

5 000 години е стара фигурината ископана во Кочанско

Кочанската дама е стара е над 5000 години. Ова се однесува на фигурината со женско тело ископана од кочанските археолози на остатоци од енеолитско светилиште во атарот на кочанското село Спанчево.

- Најголем дел од пронајдениот материјал, и од она што го пронајдовме при ископувањето недвосмилсено укажува на фактот дека тука имало древно светилиште, тврди археологот Илинка Атанасова, која и раководи со истражните работи .

До откритието се дошло случајно кога при орање, на површина излегле првите докази дека и во близина на Кочани, пред толку милениуми цветала човечка цивилизација...

- Помеѓу артефактите кои се изработени од керамика, пронајдовме остатоци од згура- односно остаток од обработен метал. Ова укажува дека уште тогаш оние кои живееле тука пред повеке од пет милениуми, ја знаеле методата на обработка на металот констатира Атанасова.


Голем број примероци од керамика со врежување и со графитно сликарство. Камени ножеви, коскени алатки и култна пластика изработена од керамика со антропоморфни и зооморфни претстави, како на пример фигурина на животинска глава, за археолозите е вистинска реткост кога во прашање е култура стара повеќе илјади години.

Впрочем, на неколку километри од овој локалитет, во правец кон Штип кај селото Крупиште во реонот на Грнчарица, пред две години при копање на канал, откриена е една од најстарите населби во Македонија и Балканот, но и најстарите човечки остатоци. Се работи за човечки коски стари седум илјади години, за што со методата на радиокативен јаглерод це-14 староста ја потврди и антрополошката лабораторија при универзитетот во Шкотска. Единствена е оценката, штипско-кочанскиот регион по течението на реката Брегалница, заштитен со планински масиви, бил доста примамлив како убаво место за живот на тогашните доселеници од онаа страна на Карпатите и Кавказот.

Дејан Ефремов
19.09.2010, 12:31

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=64981
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 28-Sep-2010 at 13:38

Спас за кревката убавина на најстарите фрески во Македонија

Стоби е археолошко и културно богатство и извонредно сведоштво за богатата историја на Македонија и за сите оние што во изминатите векови биле овде пред нас. Зачувувањето на фреските во базиликата ќе ја спаси кревката убавина на овие стари христијански фрески, рече американскиот амбасадор Филип Рикер, на вчерашното потпишување на грантот вреден 72.600 долари на Амбасадата на САД





Со овој грант уште денеска ќе почне реставрација и конзервација на фреските од базиликата во Стоби, кои датираат од 4 век и се најстари во Македонија. Конзервацијата ќе ја врши тим од Националниот конзерваторски центар. Се очекува таа да заврши напролет.

Договорот вчера го потпишаа Рикер и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во присуство на стручни лица и археолози, меѓу кои беа и Американците Џим Вајсмен и Елизабет Гебхард, кои во 1970-тите години го истражувале локалитетот.

%20Министерката истакна дека со систематските археолошки истражувања во изминатите две години во Стоби биле пронајдени нови објекти и илјадници наоди движно културно наследство со што, како што рече, му се вратил сјајот на овој антички и ранохристијански град.

- Фреските се многу оштетени и најприоритетни за заштита. Потоа ќе преминеме на мозаичните подови, на архитектурата. Верувам дека за неколку години сето тоа ќе се врати назад. Нашиот план е да ги вратиме и фреските на ѕидовите и мозаиците на подовите и да направиме нова покривна конструкција и базиликата да е спремна за презентација - рече директорката на националната установа „Стоби“, Силвана Блажевска.

Најсочуваниот дел од фреските се наоѓа на јужната страна на базиликата, кој е изложен на временски непогоди, додека северната страна целосно и сериозно е оштетена. Конзервираните фрески ќе бидат поставени на подлога што ќе ги штити од натамошни оштетувања.

Домаќин и помагател на вчерашниот настан, како поддржувач на културното наследство на Стоби, беше бизнисменот Минчо Јорданов.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92810104837&id=16&prilog=0&setIzdanie=22094
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 29-Sep-2010 at 20:06

Киклопските ѕидини над Св. Еразмо нова туристичка атракција

Извор: Охрид њуз

Археолошкиот локалитет Киклопски ѕидини – Енгелана, кој се наоѓа веднаш над црквата Св. Еразмо на влезот во Охрид, открива значајни научни сознанија за периодот на владеење на македонските кралеви и има потенцијал да прерасне во нова туристичка дестинација. Пренесува Охридњуз.

„Таму е најдено значајно археолошко богатство и податоци за времето на Филип Втори и подоцнежните македонски кралеви, од периодот на третиот и вториот век пред нашата ера. Се работи за еден археолошки монумент што ако целосно го истражиме, конзервираме, реставрираме и презентираме, ќе имаме една прекрасна туристичка дестинација и многу научни резултати“ - вели Паско Кузман директор на Управата за заштита на културното наследство.

На киклопските ѕидини во тек се интензивни истражувања на просторот, по што ќе се изврши конзервација и реставрација на пронајденото. Во план е да се направи презентативна тврдина, која се очекува да биде значајна дестинација за туристите, бидејќи е во близина на патот Охрид – Кичево – Скопје, додава Кузман.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 02-Oct-2010 at 14:21

В понеделник истражувања на просторот во Струга каде вчера беа откриени темели од црква

По вчерашното откривање на темели од црква во центарот на Струга наспроти т.н женска плажа, археолошките активности за до истражување на просторот ќе продолжат од понеделник.

- Очекуваме наредната недела да пристигнат екипи на Управата за културно и историско наследство од Скопје и директорот Паско Кузман, изјави директорот на Музејот во Струга, Сашо Цветковски.

Сега овој простор е заграден и заштитен од евентуално оштетување.

- Со настанот кој случајно се случи вчера, се потврдија нашите сознанија дека на тој простор се наоѓа црква. Најверојатно тоа е црквата „Света Богородица“ од 15 век иако не се исклучува можноста тоа да биде и црквата „Свети Никола Дримени“. Според одредени записи со кои располагаме во непосредна близина на оваа црква се наоѓала црквата „Света Варвара“, а помеѓи нив некогаш постоеле машките конаци од Манастирот „Света Богородица“ во село Калишта, рече Цветковски.

Тој посочи дека 50-те години на минатиот век според кажувањата на постарите стружани, изведувачите при изградбата на улицата „15-ти Корпус“ наишле на зид од сакрален обејкт, а тогашниот градски архитект дал наредба улицата да се помести за 100 метри за да не се оштети ѕидот.

Местото каде се откриени темелите помеѓу стружани е познато како Тумба.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/v-ponedelnik-istrazuvanja-na-prostorot-vo-struga-kade-vchera-bea-otkrieni-temeli-
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 04-Oct-2010 at 12:18

Управата ќе истражува која црква е откриена во Струга

Денеска продолжуваат археолошките активности за доистражување на просторот во центарот на Струга, каде што викендов беа откриени темели од црква. Во моментов просторот е заграден и заштитен од евентуално оштетување. Се очекува на местото денеска да пристигне екипа од Управата за заштита на културно наследство




- Најверојатно станува збор за црквата „Света Богородица“ од 15 век, иако не се исклучува можноста тоа да биде и црквата „Свети Никола Дримени“. Според одредени записи со кои располагаме, во непосредна близина на оваа црква се наоѓала и црквата „Света Варвара“, а помеѓу нив некогаш постоеле машките конаци од манастирот „Света Богородица“ во село Калишта - вели директорот на Музејот во Струга, Сашо Цветковски.

Тој посочува дека во 50-тите години од минатиот век, според кажувањата на постарите стружани, изведувачите при изградбата на улицата 15-ти Корпус наишле на ѕид од сакрален објект, а тогашниот градски архитект дал наредба улицата да се помести за сто метри за да не се оштети ѕидот.

Местото каде што се откриени темелите помеѓу стружани е познато како Тумба.

Темелите беа пронајдени во обид да се ископаат дупки со багер, каде што требало да бидат поставени два билборда.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10410113643&id=16&prilog=0&setIzdanie=22099
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-Oct-2010 at 15:17

Откриени средновековни гробови и цистерна кај „Перивлепта“

Наодите, според Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство,не се многу значајни, ни атрактивни. Целта на археолошките истражувања е да се открие изворот на влага




Средновековни гробови и гробови од поново време, монети од 13 век и неколку други движни наоди, како и цистерна за собирање вода се откопани при археолошките истражувања околу охридската црква „Богородица Перивлепта“, кои се дел од подготвителните активности за реставрација и конзервација на фрескописот со американскиот грант. Целта на овие истражувања е да се видат темелните партии на црквата, заради детектирање на влагата што се појавува во црквата и го уништува вредниот фрескоживопис.

- Наодите не се многу значајни, ни атрактивни. И на некои стари фотографии може да се видат гробови околу црквата, но тие се без некое посебно значење. Има многу ископани коски, гробни конструкции, по некоја монета...Но тоа се нормални појави. За мене поинтересна е цистерната, објект што го најдовме во југозападниот дел на црквата. Цистерната е од понов период, 19 век, можеби, а некои мештани и ја паметат - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство.

По завршувањето на археолошките истражувања, со американскиот грант е предвидено да се изврши и зафат врз живописот, но ќе се работи и на архитектонските вредности на црквата, камбанаријата и на северниот конак.

Геомагнетното снимање на просторот од страна на експертите е завршено. Моментално се изработува и документацијата на фрескоживописот, а се работи и на пресеците на објектот за да се санираат сите оштетувања.

Во овој зафат, освен што се вклучени експерти од Македонија, ќе бидат вклучени и експерти по препорака на УНЕСКО.

Обновувањето на охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, чиј фрескоживопис одамна очекува интервенција изграден е во 1295 година, фрескоживописот е првото документирано дело на Михајло и Ефтихиј, чие творештво се вбројува меѓу најзначајните достигнувања на таканаречената Ренесанса на палеолозите.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=105101025477&id=16&prilog=0&setIzdanie=22100
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 06-Oct-2010 at 16:12

ОТКРИЕН ВОЕН ЛОГОР ОД 13 ВЕК КАЈ БИТОЛСКИ БАИР

slika

Стручен тим на НУ Завод и Музеј-Битола под водство на археологот Гордана Филипоска-Лазаревска откри ново археолошко откритие во околината на градот, во месноста викана Баир.

- Станува збор за помошно утврдување или воен логор наменет за обезбедување и чување на преминот на реката Драгор. Откритијата се во пределот на Битолско Кале каде се наоѓа и Катедрална црква, и тука деновиве пронајдовме остатоци од колиби и шатори во кои се живеело во периодот меѓу 13-ти и 19 век, посочи археологот Филиповска-Лазаревска.

Експертите претпоставуваат дека утврдувањето датира од средниот век а се  темели на фактот дека во историската карта  направена кон крајот на 19-ти и почетокот на 20 век  немало никакви забелешки или запишани сознанија дека на оваа локација некогаш нешто постоело.

- Се спомнува дека во 17 век тука имало некропола-гробиште. Најдовме машки скелети во 2007-ма, а и годинава. Некои се постари а другите помлади, со раце прекрстени преку стомакот и се вкопани директно во земјата. Пронајдовме и остатоци од мали јами или складишта во кои се чувала храна, за да не се расипе, истакна Филиповска-Лазаревска.

На битолскиот Баир сега се истражува бедемот од југоисточната страна каде што се пронајдени воените ровови со цел да се истражи дали потекнуваат од периодот во 1912 година кога Битола ја напуштале османлиските војски или тие се од времето на Првата светска војна.

При ископувањата на овој терен бил пронајден занаетчиски печат со арапски текст кој се уште целосно не е дешифриран, како и некои метални парчиња за украсување на ремен, потврдуваат од НУ Завод и Музеј-Битола.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.174 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.