build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 01-Feb-2011 at 21:16

Откриени стари надгробни плочи

Шест надгробни плочи од османлискиот период беа пронајдени изминатиов викенд во близината на старата библиотека, на улицата Тодор Ципоски-Мерџан во Тетово.

Шесте надгробни плочи се откриени додека се вршел ископ за приклучок кон градската канализациска мрежа. Веднаш биле предупредени верските службеници, тетовскиот музеј и полицијата. Извршен е увид. Вредноста на овие обележја и штетата што е направена при нивното нестручно ископување дополнително ќе се утврдува.

Според информациите од тетовскиот музеј, текстот на плочите бил испишан на арапски јазик. По дешифрирањето на содржината ќе се знае точно периодот од кога потекнуваат и за кого биле поставени. Пронајдените гробни обележја се пренесени во блиската Саат-џамија.

Според информациите од Музејот, на ова место се наоѓала џамија, во чиј двор и биле поставени гробовите

01.09.2010 http://www.dnevnik.com.mk
http://www.gavro.com.mk/vesti/news_nd1283454702566.aspx


Edited by Makedonij - 01-Feb-2011 at 21:16
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 04-Feb-2011 at 17:24

Археолозите ќе копаат на локалитети во Тетовско

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетите Градиште кај Стенче, Ќелија над Теарце и Тумба кај Брвеница

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Оваа година археолозите ќе копаат во Тетовско во потрага по недооткриени објекти и артефакти што ќе помогнат во препознавањето на минатото. Со финансиска поддршка на Министерството за култура ќе продолжат истражувањата на локалитетите Градиште кај Стенче, Ќелија над Теарце и Тумба кај Брвеница.

Среќко Јовановски, директор на Музејот за тетовскиот крај, вели дека Градиште е истражувано четири пати. „Откриени се базилика и крстилници. На десниот брег на Вардар под селото Стенче се кријат и други вредности“, вели Јовановски. Дека станува збор за локалитет што постоел пред неколку илјади години, потврдуваат пронајдените предмети.

Почетни ископувања има и во месноста Ќелија над селото Теарце. Таму постои црква посветена на Богородица, а секоја година, на патрониот празник, се одржуваат црковно-народни собири. Јовановски најавува дека Тетовскиот музеј со екипа на Институтот за археологија, предводена од д-р Виктор Вилчиќ, ќе продолжи да истражува. Овој локалитет бил верско училиште каде што посетителите препишувале книги. Жители на Теарце тврдат дека на просторот до црквата „Св. Ѓорѓија“ биле пронаоѓани чудни предмети, а и сега можел да се најде камен во вид на крст. Што ќе биде откриено на Ќелија, допрва ќе се види.

Голем предизвик за истражувачите е и Тумба во близина на селото Брвеница. Оваа месност се наоѓа на левиот брег на Вардар, на сливот на реката Темишница. Директорот на Музејот на тетовскиот крај вели дека внимателно ќе се истражува, бидејќи и површински биле пронаоѓани, пред се', керамички предмети.

Ќе се работи и на Калето каде што се пронајдени објекти од османлискиот период. Потоа на комплексот Арабати-баба Теќе, каде што се планира доизградба на оградниот ѕид во автентичен изглед. Преку Националниот конзерваторски центар се очекуваат зафати и на неколку постари верски и други објекти, како што се црквите „Св. Архангел Михаил“ во Непроштено, „Св. Никола“ во Челопек, „Св. Петка“ во Сириќино, Старата џамија во Теарце. Нема да бидат запоставени ниту археолошките локалитети Црница и Два Бреста кај Лешок. Во план е да се реализира и проектот за конзервација на куќата на улицата „К. Ј. Питу“ бр. 130 во Тетово.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6EF1C1173305684EBC418E2BAE476C15
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 08-Jul-2011 at 20:41
Денес поминав низ момин поток скопско ,видов дека на една нива имаше некакви ареолошки активности, знае ли некој за што се работи? сигурно е приватен имот, али при ископ на темели е пронајден некој антички град.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 08-Jul-2011 at 21:07
moze koordinati ?
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 09-Jul-2011 at 20:31
42.014372 21.39899
Али изгледа е дел од Скупи...
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 09-Jul-2011 at 20:50
pa ne e bas skupi, ako gledas ubavo na google map skupi se naoga edno 200-250m levo od ovoj lokalitet...
ja sum ubeden deka vo cel toj reon ima arheoloshki lokaliteti duri i pod nekoj veke novo izgradeni avto saloni
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 10-Jul-2011 at 09:49
Во близина на археолошки локалитети, пред да се гради задолжително мора да се направи археолошко испитување, мислам дека постои и законска обврска за тоа. Конкретно на посочената локација ќе се гради авто салон за Пежо (Еуроимпекс) и пред да почне со градба мора да се истражи дали има некакви остатоци од Скупи. (ова го имам слушнато од луѓе што пред некое време вршеа испитување таму) Трошоците за археолошките ископувања ги сноси идниот сопственик на земјиштето а негови луѓе учествуваат и во надзорот на работата (за да не забушаваат копачите како во случај кога државата е нарачател на истражувањето) Сигурен сум дека и кај авто салоните што веќе постојат е направено истражување дали има остатоци од Скупи пред да им дадат дозвола за градба
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 10-Jul-2011 at 11:42
spaceman@ Скупи не било толку мал град,неговите граници не биле 250 метри сигурно ,околу градот постоела тврдина со палата ,и тврдина за заштита на околните куќи значи,Скупи се протега дури до злокуќани.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 10-Jul-2011 at 11:49
Не мор да значи дека не е Скупи, лани бев и сликав, првото што можете да го видите е дека Скупи делот кој е заграден не е истражен и ископан, а сигурно не е само она што е заградено. Делот што се предвидува да биде Салон за ПЕЖО е премногу блиску до стариот град, и не е исклучена никаква можност да бил/е дел од Скупи.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 10-Jul-2011 at 13:06
dobro na kartava se poznava mnogu ubavo del od skupi(ili nekoj drug arheoloshki lokalitet)
sega zarem sepak ovie od pezo ke gradat tuka avto salon ?

Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 10-Jul-2011 at 14:39
Па, ако се утврди дека има остатоци од Скупи кои се од големо значење сигурно нема да им се додели дозвола да градат на тоа место. Затоа и се вршат ископувањата
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 12-Jul-2011 at 00:52
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=15F11C6B3320924EA733BF90502AE9B9


Дел од римски храм пронајден кај Демир Капија

Дел од римски храм изработен од мермер е пронајден на археолошкиот локалитет Варница кај Демир Капија, каде што се во тек археолошки ископувања. Истражувањата ги спроведуваат демиркапискиот Музеј и Катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Истражувачите велат дека регионот изобилува со артефакти од изминатите три милениуми, а Демир Капија е депо на историски и на археолошки артефакти за чие истражување се потребни години. Досега бил истражуван само 5 отсто од просторот.
- Истражувањата ќе траат до крајот на месецот. Кон крајот на август со колеги од Хрватска планираме да направиме едно поголемо георадарско снимање на целиот локалитет - вели археологот Антонио Јакимовски од Филозофскиот факултет, раководител на проектот.
Археолозите пронашле монети од 4 век, а претпоставуваат дека животот во населбата згаснал во 6 век. Истражувањата ги финансира Министерството за култура со 300 илјади денари.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 13-Jul-2011 at 11:45
Za ova pogore - Skupi, toa kolku sto mozev da vidam se samo grobovi
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 13-Jul-2011 at 20:32
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=627153A4E6E33B48BF1D5812F4516F58

Македонија да се отвори за странски експедиции



Македонија мора да се отвори за странски археолошки експедиции. Тоа е единствениот начин светот да дознае каде е Македонија, каква е историјата на оваа почва, што оставиле цивилизациите кои со милениуми ја неселувале земјава.

Овие совети ги даваат странските археолози што ја посетиле Македонија и имале можност да работат тука. За жал, ретки се странските истражувачи кои со сопствени пари и тимови доаѓаат да ги истражуваат археолошките локалитети во Македонија.

Не е комплицирана процедурата да се добие дозвола за археолошко истражување, велат странците. Проблем е што не ги познаваат македонските археолози.

- Странците не ја познаваат Македонија. Не знаат ништо за неа. Можеби треба повеќе да се посегне кон надворешниот свет. Археолозите треба да одат на меѓународни конференции, да среќаваат луѓе. Така ќе воспостават врски и луѓето ќе дојдат, бидејќи Македонија е одлично место за работа - вели Јула Метјуз, археолог од САД и директор на Тексашката фондација за историски и археолошки истражувања.

Фондацијата во деведесеттите години го истражуваше старомакедонскиот град на Вардарски Рид кај Гевгелија, а веќе четири години врши ископувања на локалитетот кај светиниколското село Кнежје. Метјуз вели дека Македонија е многу отворена за соработка. Процесот за добивање дозвола не е тежок. Ја обезбедува наш музеј, надлежен за одреден археолошки локалитет. Странските тимови се партнери на нашите археолози и заедно ги спроведуваат истражувањата.

Публицитет од странство



Д-р Рамадан Б. Хусеин, археолог и главен извршен директор во министерство за антиквитети на Египет, пред неколку месеци ја посети Македонија. Во интервју за „Дневник“ тој посочи дека мора да ја отвориме земјата и да им дозволиме на странците да дојдат и да го истражуваат културното наследство на Македонија.

- Тоа ќе заврши многу голема работа во обучувањето на македонските археолози и научници. Ќе го добиете неопходниот публицитет во странство - изјави Хусеин.

Според Илија Стоилев, директор на Народниот музеј на Свети Николе, на Македонија ~ е предодредено да соработува со земјите од странство поради скромните буџети со кои располагаат домашните институции.

- Има големи инвестиции во археолошки истражувања и заштита на културното наследство, но мора да привлечеме внимание и да ги афирмираме нашите археолошки локалитети. Имаме богатство кое сигурно ќе го привлече вниманието на странските донатори да вложуваат во Македонија - вели Стоилев.

Народниот музеј од Свети Николе веќе четири години соработува со Фондацијата од Тексас. Нивните ингеренции се регулирани со договор што го потпишале со Музејот - носител на проектот и на дозволата за работа.

Археолозите мора да патуваат

Висока делегација од Естонија, директори на институции и археолози-професори, месецов ќе посети повеќе археолошки локалитети во Македонија. Тие ќе бидат гости на Завод и Музеј од Штип. Според Зоран Читкушев, директор на институцијата, ќе разговараат и за размена на македонски и естонски археолози. Преговараат да дојдат двајца конзерватори од Израел бидејќи се конзервираат еврејските гробишта во Штип. И со нив ќе разговараат за размена на археолози.

Заводот и музеј деновиве доби донација од 110.000 евра за осветлување на античкиот град Баргала и за реновирање на објектите каде што престојувале нашите и американските археолози за време на истражувањата на Баргала во 1969 година.

- Досега немаше услови за работа. Сега веќе може да размислуваме да поканиме странски екипи. Тоа е еден од начините да се афирмира нашето културно наследство - вели Читкушев.

Тој додава дека размената на луѓе е многу важна бидејќи и нашите археолози се стручни колку и странските. Треба да се охрабруваат овие контакти не само заради економскиот бенефит, туку и за можноста за стручно усовршување.

- Странците малку знаат за Македонија и за нашето културно наследство. Кога ќе се оствари комуникација меѓу луѓето, лесно е да се договориш на институционално ниво. За жал, немаме пари да ги испраќаме нашите археолози на усовршување во странство или на конференции каде што се остваруваат контактите - вели Читкушев.

Евтина и атрактивна

Македонија не е скапа, а има многу да се работи, вели Јула Метјуз, археолог од САД.

- Сум работела во Грција и во Турција, каде што е многу скапо да работите. Во Македонија не е скапо, а е атрактивно. Но нема силни лични контакти и луѓето не ги познаваат добро македонските археолози. Веројатно зашто не се во состојба многу да патуваат на меѓународни конференции. Тешко е да ги запознаете македонските археолози - вели Метјуз.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 20-Jul-2011 at 16:44

Завршија археолошките истражувања на локалитетот Локубија во Кочани

Музејот на Македонија оваа година го продолжи истражувањето на локалитетот Локубија кај Кочани што го почна лани со средства од Министерството за култура.

Тимот археолози  од Кочани и други стручни лица оваа година  отворија контролен ров и уште пет контролни сонди, односно 12  со минатогодишните седум.

- Пронајдениот археолошки материјал укажува дека некрополата опстојува долг период. Најстариот материјал  откриен во 2006 година датира од помладо железно време, изјави  Илинка Атанасова, археолог, кустос-советник во Музејот на Македонија, Музејска збирка Кочани.

Таа додаде дека првичните резултати укажуваат на некропола со неколку видови  гробни конструкции. Првиот ред погребувања се наоѓа на надворешната страна од сувоѕидината  во должина од 15 метри во правец кон црквата Свети Ѓорѓи во Кочани.

Локалитетот Локубија во стручната литература   првпат се споменува како археолошко наоѓалиште во 1934 година од археологот  Никола Вулиќ. Во  1996 година  Живоин Винчиќ повторно го спомнува  како римска некропола.

Извор: МРТ
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 23-Jul-2011 at 22:06

На Стоби под вршник се конзервира IV век

Катерина Богоева

На археолошкиот локалитет летово се истражува и се конзервираат најстарите фрески во Македонија


Во средината на минатата недела, во најжешкото, при посетата на археолошкиот локалитетот Стоби, уште еднаш се соочивме со тоа што значи да се биде на сонце како под вршник. Пространиот локалитет, чија трева одамна е пожолтена, не' пречека со очекуваната тишина, нарушена од гласовите на дел од петтемина ангажирани водичи, од групите туристи, како и од археолозите, кои без разлика на високите температури си работеа полека на отворено. А покрај Црна, под настрешница се конзервираа најстарите фрески откриени во Македонија, датирани во 4 век, извадени од Епископската базилика.

Археолозите го истражуваат триклиниумот - трпезаријата на палата Перистерија, од каде што се извадени мозаиците во меѓувреме додека нивните колеги-конзерватори ја чистат реверсната страна од стариот малтер на кој стоеле шарените камчиња.

Тоа се воедно и првите археолошки истражувања на тој простор каде што претходно стоел мозаикот што ќе и' биде вратен по конзервацијата. Истражуваат дел од вработените археолози во Националната институција „Стоби“, чиј вкупен број од формирањето во 2008 година до денес достигна 14 лица. Шестмина од нив се од Скопје, Гевгелија, Прилеп, а единствената нумизматичарка е од Стојаково. Живеат преку недела тука, некои патуваат дома секој ден, а другите само за викенд. Минатата година тука се евидентирани 12.000 посетители, а годинава 5.000.

Со истражувањето се проверуваат сите постари културни слоеви под подот на мозаикот во куќата, а планирана е и конзервација и делумна реконструкција на претходно откриените остатоци од фонтана, откриена во нејзиниот централен дел.

„Такви фонтани“, напоменува археологот Силвана Блажевска, директорка на „Стоби“, се среќаваат тука и во други објекти, поради што и има елементи за реконструкција. Мозаикот во триклиниумот во палатата Перистерија, која е откриена меѓу двете светски војни, не беше отворен 40 години. Песокот со кој беше покриен се претворил во земја, беше никната трева, а сите камчиња практично беа подигнати од подлогата. Годинава ќе го вратиме по претходна конзервација под раководство на конзерваторот Драги Верговски-Алпи од Националниот конзерваторски центар. Тој заедно со колегите и со дипломирани студенти од Факултетот за ликовна уметност од Скопје до 22 август ќе работи на завршната фаза на конзервацијата на фреските од 4 век, со средства од амбасадорскиот грант на амбасадата на САД во Македонија“, рече таа.

Ги затекнавме најстарите фрески поставени на нови носачи додека се чистеше нивната предна страна. Ни беше посочено дека доколку е потребно, тие делумно и се ретушираат. Не' фасцинира сознанието дека и по толку векови, нивните бои се зачувани, но и дека може да се видат или препознаат насликаните претстави.

„Многу голема е разликата меѓу оние фрески што се откопани минатата година и истовремено се конзервирани и оние што биле откопани претходно. Тие што стоеле на северниот ѕид на Епископската базилика, кој долги години бил без заштита, се многу повеќе уништени, иако истовремено се создавани со останатите од јужниот ѕид.

Мозаикот од Перистериевата палата, чија површина била 70 квадрати, беше многу оштетен, но и компликуван за работа“, потенцираше Верговски.

Имавме ретка можност да ги видиме и последните три фрески што стоеле на отворено во Епископската базилика, што биле извадени во текот на јуни и конзервирани во текот на одржувањето на годинешната Летната школа за конзервација на фрески. На неа, како и на Школата за документација на римската и доцноантичката керамика, водена од стручни лица, учествувале луѓе од различни профили и возрасти од Европа и од САД. Ни беше посочено дека меѓу најстарите бил и еден Британец на возраст од 70-ина години, кој како и останатите, стекнал нови знаења и искуство, за што платил 1.200 евра. Ни беа покажани и два дела од фреска со претстава на Христос меѓу две јагниња. Двете јагниња беа видливи, а делот каде што треба се појави претставата на Христос беше особено оштетен. Конзерваторите и историчарите на уметноста очекуваат по финалното чистење, тој и да се појави.

„Школата е организирана во соработка со фондацијата ’Балканско наследство‘ од Стара Загора, Бугарија, а во август е планирано одржување и школа за археолошки истражувања на која се пријавиле 40 учесници. Ова е прво презентирање на локалитетот преку учество на студенти од сродни факултети што поминуваат теренска практика и на ваков начин и го презентираат Стоби во светот. А важно е, се разбира, и од економски аспект, бидејќи собраните средства можат повторно да се употребат“, напоменува директорката Блажевска.

Силвана Блажевска, која, како и нејзините вработени колеги на локалитетот, во изминатите години живее на релација Стоби - Скопје, потенцира дека големата и пространа Епископска базилика, на која првенствено засега асоцира познатата крстилница со прекрасните мозаици, во иднина се планира да биде клучен објект за презентација на локалитетот. На нејзиниот јужен ѕид, под земја има уште 8 метри фрески .

„Конзервираните фрески средени ќе чекаат да се вратат во базиликата, но само откако претходно ќе се создадат неопходните услови за тоа. Годинава нема да ги вратиме, затоа што тоа за нив би било погубно, бидејќи е несоодветен начинот на кој се презентира овој објект. Приодот не е многу безбеден, а објектот целосно и не може се да се види. Проф. Блага Алексова го истражи целиот централен брод на новата Епископска базилика за да стигне до старата, но сега зјае една голема дупка. Гледате објект горе, објект долу, но не се гледа дека имало две базилики една врз друга, на растојание од четири и пол метри. Најпрвин мора да се среди старата базилика, да се вратат мозаиците, фреските, потоа да се постави плоча на која ќе стои подот на горната базилика. Треба и да видиме колку од тие мозаици се зачувани и колку од нив ќе можеме да реконструираме. Објектот ќе треба и да се покрие“, рече таа.

Напомена и дека еден ден пред нашето доаѓање локалитетот го посетил новиот директор на УСАИД, но и дека досегашниот амбасадор на САД, Филип Рикер, кој важи за голем обожавател на Стоби, редовно користел прилика да го посети.

Досега локалитетот во најголем дел го финансира државата, а винарската визба „Стоби“ засега е единствената од претпоставените, поддржувачи на неговиот развој, која значајно соработува со новоформираната институција.

„Имаме заеднички интерес од промоцијата. Тие го зедоа името од локалитетот, користат мотиви од него во комерцијални цели, а ние добиваме спонзорство за тоа. Отворени се за соработка и надвор од договореното. За локалитетот е малку проблематично што сме на тромеѓе меѓу Градско, Неготино, а дел од нашата некропола спаѓа под општината Росоман, односно Кавадарци. Досега општините не покажале некаков поголем интерес. Градско понекогаш ни помага со луѓе за косење трева, со песок за покривање мозаици. За сите административни работи треба да одиме во Велес. На луѓето во околината им требаше подолго време за да разберат што се случува тука. Дека за разлика од претходно, сега тука постојано има луѓе, но и дека сме институција што се грижи за локалитетот. Но, нема друг начин ако сакаме тој и да заживее. Така е, впрочем, на 90 проценти од големите локалитети кои се далеку од населено место“, вели Блажевска.

Таа најавува дека наскоро треба да започне и конзервација и на архитектурата со учество на стручни лица и од Националниот конзерваторски центар и од Заводот и музеј од Штип. „Годинава, како и секаде, намалени се средствата за капиталните проекти и ние се фокусиравме на конзервација. Правиме напори да ја вратиме документацијата од Стоби тука. Дел и вративме, а онаа што тука ја најдовме ја дигитализиравме. Планираме да ги вратиме и предметите што се однесени во други музеи, во конзерваторски центри, бидејќи е важно да направиме детален попис, евиденција и ревалоризација на музејската збирка.

Допрва во Стоби ќе се формираат музејски збирки. Музејчето што постоеше веќе не функционира, не ги задоволува потребите за изложување на она што го има Стоби како подвижно културно наследство. А сега може да се види она што се наоѓа во депото, а тоа не е малку“, изјави директорката.

Во овој период од годината Стоби привлекува и друг вид публика, посетителите на истоимениот Фестивал на античка драма. Тие доаѓаат да ги гледаат претставите што се одржуваат ноќе на амфитеатарот. Но, бидејќи на голем дел од локалитетот поради истражувањата има и дупки, направена е строго одредена патека за влегување и за излегување од амфитеатарот.

„Досега нема никаков проблем, но за мене од аспект на археолог и некој што треба да се грижи за локалитетот, во овој момент одржувањето што било во театарот претставува мал ризик. Тој е откриен во 30-тите години на минатиот век и му треба конзервација. Фестивалот има долга традиција, а доколку идната година продолжи тука да се реализира капитален проект, би сакале да продолжиме со доистражувањата на амфитеатарот и со конзервација на она што го отворивме досега. Потоа може да се прават секакви манифестации“, рече директорката на „Стоби“, која очекува во иднина да ги реализира предвидените планови, меѓу кои е и изградба на музеј и кафетерија преку реката Црна, кој би бил поврзан со мост.

На таков начин, смета таа, посетителите прво би морале да прошетаат низ локалитетот, а дури потоа да седнат на кафе и да купат сувенири. А не како што имаше примери досега, симнувајќи се од автопатот за Грција многумина само да седнат во ресторанчето-сувенирница пред влезот( што сега и не работи) и да не ни дознаат што се крие зад старите камени ѕидови.

Извор: Утрински Весник

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3897
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 23-Jul-2011 at 22:36
Eve edna slika od lokalitetot skupi



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 28-Jul-2011 at 14:46

Странски археолози ја истражуваат Хераклеја

Експерти по археологија од САД, Канада, Австралија и други земји четврта година со ред доаѓаат за да истражуваат во античкиот локалитет Хераклеја.

Во организација на МКЦ-Битола со поддршка на Фондацијата Балканско Наследство од Бугарија и НУ Завод и музеј – Битола, триесеттина странски археолози, млади истражувачи и експерти по археологија од САД, Канада, Австралија и други земји четврта година со ред доаѓаат за да истражуваат во античкиот локалитет Хераклеја.

,,Овде во битолска Хераклеја ги учат методите на архелогијата,,-изјави денеска Лилјана Христова, директор на Завод и Музеј - Битола.

Странските истражувачи велат дека Хераклеја е вистински истражувачки предизвик.

,,Хераклеја претставува една многу погодна локација не само заради културно историското и археолошко наследство, туку и заради близината со Битола што е особено важно за логистиката на проектот,,-изјави Ангела Пенчева, раководител на проектот ,,Хераклеја Линкестис,,.

Истражувачкиот проект по археологија
„Хераклеја Линкестис 2011“ се реализира во две двонеделни сесии во текот на месец јули.

,,Учесниците покрај тоа што работат на ископувања на локалитетот имаат и едукативен дел со предавања на експерти од НУ Завод и музеј – Битола,, - вели Ивона Талевска, МКЦ Битола.

На овој начин арехеолозите учат и за историјата на овој регион

,,Тие со многу големи впчеатоци си заминуваат во своите земји,,- изјави Аница Ѓоргиевска, арехеолог.

По Битола, археолозите ќе продолжат со истражувања во локалитетот Стоби.

Анета Шијакова

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=78196
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 02-Aug-2011 at 13:22

ОД ЧЕТВРТИ ВЕК ПРЕД НАША ЕРА


Македонска кралска гробница откриена во Прилепско


Гробницата е со дијаметар од околу 30 метри, изградена е со прстен од монолитни камени блокови тешки и до два тона, кои, иако стари 2,5 милениуми, се неоштетени. Има отвор издлабен во карпа со засилен покриен грамос и комора, а во гробницата се пронајдени и антички гробови.
Според археолозите, оваа гробница засега е единствена на Балканот и му припаѓала на голем владетел. Се претпоставува дека се работи за пелагонската кралска династија, а за кој крал станува збор, најверојатно ќе се открие од некој наод или натпис


Во локалитетот наречен Павла Чука, меѓу прилепските села Бонче и Подмол, е откриена монументална македонска кралска гробница во кружна форма, од четвртиот век пред нашата ера.

Гробницата е со дијаметар од околу 30 метри, изградена е со прстен од монолитни камени блокови тешки и до два тона, кои, иако стари 2,5 милениуми, се неоштетени. Има отвор издлабен во карпа со засилен покриен грамос и комора, а во гробницата се пронајдени и антички гробови.

Според археолозите, оваа гробница засега е единствена на Балканот и му припаѓала на голем владетел.

Откривањето на гробницата е дело на тригодишните истражувања на професорот Виктор Лилчиќ од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет, кој претпоставува дека се работи за пелагонската кралска династија, а за кој крал станува збор, ќе се открие од некој наод или натпис.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, кој вчера попладнето го посети комплексот, изјави дека е потребно да се изгради соодветна инфраструктура за да се стигне до праисторијата. Тој најави реставрација, конзервација и заштита на локалитетот.
- За македонската археологија ова е од исклучително значење бидејќи вакви монументални објекти се ретки и на Балканот. Ќе привлекува огромно внимание во научните археолошки кругови, рече Кузман.

Архелошките истражувања ќе продолжат и в година со поддршка на Министерството за култура, а теренските истражувања ги водат Антонио Јакимовски од Институтот за археологија и археологот Душко Темелкоски од прилепскиот Завод и музеј.
Овој археолошки комплекс ќе биде ставен на туристичката мапа на Прилеп и на Македонија за да привлекува домашни и странски туристи.

Извор: Вечер

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 07-Aug-2011 at 15:20

Почнаа подготовките за археолошките истражувања на „Боров дол“


Почнаа подготовителните активности за археолошките истражувања на локалитетот „Боров дол“ на барање на рудникот за бакар и злато „Бучим“-Радовиш.

borov-dol-240
Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Зоран Читкушев вели дека во моментов се пробиваат два пристапни патишта до локалитетот „Боров дол“.

- Значи се пробиваат патишта од селото Дамјан и од езерото Мантово, а со цел да се обезбеди пристап и транспорт на работници и на археолози и други стручни лица, кои ќе работат на истражување на локалитетот, вели Читкушев.

Тој додаде дека на „Боров дол“ треба да се изградат и објекти каде што ќе се сместат археолозите и другите стручни лица, кои ќе работат на истражување на вкупно четири археолошки локалитети.

Во акцијата ќе бидат ангажирани 15 археолози и стручни лица од Штип и соседните градови. Рудникот „Бучим“ издвои 60.000 евра за археолошките истражувања на „Боров дол“, бидејќи на оваа локација се претпоставува дека се наоѓа главното рудно тело на новиот рудник, кој ќе се отвори во 2018 година. Новиот рудник за бакар и злато „Боров дол“ се наоѓа на територијата на општините Штип и Конче.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.