build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 12-Aug-2011 at 12:04

петок, 12 август 2011, 12:46

Се истражува локалитетот „Пирго“ кај село Мокриево, општина Ново Село

Се%20истражува%20локалитетот%20„Пирго“%20кај%20село%20Мокриево,%20општина%20Ново%20Село%20
Започнаа археолошките истражувања на локалитетот „Пирго“ кај селото Мокриево, во општина Ново Село, кој од поодамна е интересен за струмичките археолози, затоа што се поврзува со Самоиловиот период и дава многу сознанија за македонската историја и археологија.

- Се надеваме дека со истражувањата на овој локалитет ќе добиеме значајни потврди за Самоиловиот период, затоа што овој локалитет се споменува во повеќе научни трудови на нашите еминентни историчари Бранко Панов и Стјепан Врдољак. Тие овој локалитет го поврзуваат со битката на Беласица, односно попатните рушења по оваа битка од страна на Василиј Втори, рече Зоран Рујак, археолог во музејот во Струмица.

Иницијативата за археолошките истражувања на познатата кула на овој локалитет е на локалната самоуправа на Ново Село, а се реализираат со финансиска помош од универзитетот во Чикаго.

- Истражувањата на овој локалитет се во контекст на големиот јубилеј што треба да го одбележиме во 2014 година, а тоа е илјада години од Беласичката битка, најголемата битка во историјата на македонскиот народ, која се случила токму тука на овие простори. Поголем дел од територијата на општина Ново Село се наоѓа во подножјето на планината Беласица и ние како аманет од нашите предци мораме да ја чествуваме таа битка и во тој контекст се и овие истражувања, но и претходните уредувања што ги направивме на локалитетот „Пирго“, изјави градоначалникот на Ново Село, Петар Спасов.

чесниците во истражувањата сметаат дека со овој локалитет, покрај природните убавини, овој регион ќе добие уште една атрактивна локација, бидејќи тука поминува патот кој ги поврзува Смоларскиот и Колешинските водопади со што ќе се придонесе за позабрзан развој на локалниот туризам.

http://www.mrt.com.mk/mk/vesti/makedonija/22619/se_istrazhuva_lokalitetot_%E2%80%9Epirgo%E2%80%9C_kaj_selo_mokrievo,_opshtina_novo_selo.aspx
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Sep-2011 at 13:22

АРХЕОЛОШКИ истражувања во истоЧна македониЈа

Откриени древни населби во Штипско-радовишко

Археолозите на локалитетот Плоча го потврдија постоењето на утврдена населба, на Пилав Тепе е пронајден материјал кој можеби потекнува од градот Астраион, а во Боров Дол се очекува потврда за постоење повеќе рударски населби

На тромеѓата меѓу општините Штип, Конче и Радовиш имало живот и повеќе населби со векови, почнувајќи од неолитот, околу 5.000 години пред новата ера, потоа македонскиот период, хеленизмот, доцната антика, раниот среден век, а можеби таму се наоѓал и значајниот град Астраион. Археолозите годинава почнаа да вршат заштитни археолошки истражувања. Во јуни и во јули беа спроведени на археолошкиот локалитет Плоча, а деновиве почнаа и во Боров Дол.

Најинтересното на крај

На археолошкиот локалитет Плоча, кај штипското село Брест, е потврдено постоењето на средновековна утврдена населба, хронолошки лоцирана во периодот од 12 до 14 век, која зафаќа површина помеѓу два и три хектари. Двомесечните ископувања претежно биле лоцирани на акрополниот дел и на одбранбениот ѕид. Во последната фаза од истражувањето археолозите од штипскиот Завод и музеј откриле дел од просторија, вкопана 60 до 70 сантиметри во карпа, фрагменти од плитар - слама, кал и прачки, со кои тогаш се градело, а покривот веројатно бил од трска.

Во просторијата биле пронајдени печка за храна изградена од плитар, копје, метално ноже, керамички садови и керамички пршлени. Археолозите велат дека тоа било кујна на куќата или економија на станбениот дел од населбата.

- И на ова, како и на речиси секое друго археолошко ископување, најинтересното дојде на крајот. За жал, се работи за заштитно истражување, со ограничени средства, па не продолживме. Ќе конкурираме за средства до Министерството за култура за следната година. Па веруваме дека тогаш ќе продолжи истражувањето на Плоча. Бедемот има големи оштетувања од ерозијата. И тој припаѓа на типот на средновековните утврдувања од тој период, како Исарот кај Штип, Цареви Кули кај Струмица, Маркови Кули кај Прилеп - вели археологот Трајче Нацев.

Заштитно истражување на Пилав Тепе

Заштитно археолошко истражување се очекува да има и за локалитетот Пилав Тепе, кој е на околу 500 метри од Плоча, покрај патот Штип - Радовиш, а кон крајот на минатата година бил оштетен од сопственикот на парцелата, кој со градежна механизација го порамнувал теренот. Работите беа прекинати по налог на градежната инспекција, а на терен излегоа археолози од штипскиот Завод и музеј. Потоа, увид извршила и Управата за заштита на културното наследство.

На теренот биле пронајдени керамички садови, керамички тегови, еден целосно зачуван и неколку фрагменти од питуси, а се гледале и остатоци од ѕидови.

- Управата направи записник, па очекуваме да има заштитно истражување и на Пилав Тепе, локалитет на кој има и неолитска населба. Можеби на Пилав Тепе се наоѓа и многу значајниот град Астраион, кој временски се лоцира од 4 до 2 век пр.н.е. И сега откриениот движен материјал, според првичните сознанија, потекнува од тој период. Но на тој простор има културни хоризонти и имало живот и со векови подоцна - истакнува Нацев.

Во Боров Дол заштитното ископување почна деновиве, а археолозите од Штип, заедно со нивни колеги од други градови, истражуваат три археолошки локалитети - Врчва, Камено и Падарница.

Според досегашните сознанија и наоди на теренот, локалитетот Врчва веројатно потекнува од доцната антика, во кој живот можеби имало до раниот среден век.

Во Падарница, пак, била пронајдена згура, па се очекува сега да бидат најдени и печки за топење руда.

извор: Дневник

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 24-Sep-2011 at 12:53

Пронајдени остатоци од античка кула


Остатоци од кула за набљудување што датира од доцноантичкиот период се пронајдени на локалитетот Пирго, во селото Мокриево, Струмичко, каде што годинава првпат имаше археолошки истражувања

 

 
%20  
Според археологот Зоран Рујак, раководител на истражувањето, карактеристиките на кулата покажале дека таа датира од периодот од 4 до 6 век, а нејзината употреба продолжила до 14 век.

- Кулата за набљудување сигурно имала големо значење за заштитата на патните комуникации што се одвивале меѓу Струмица - Серез или Струмица - Петрич - Мелник. Од кулата, која се претпоставува дека била висока најмалку 10 метри, имало одлична прегледност на патните комуникации, а и одлична видливост кон локалитетот Цареви кули. Несомнено е дека таа за време на Самуиловите војни одиграла одредена улога, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на Клучката клисура, каде што во 1014 година се одвивала познатата битка помеѓу Самуил и Василиј Втори - вели Рујак.

Од артефактите на локалитетот Пирго засега е откриена керамика што датира од 14 век.

Извор: нова македонија
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 01-Oct-2011 at 14:54
Археолошки истражувања во близина на Виница

Истражувањата на археолошкиот локалитет во виничкото село Кршла почнаа денеска археолози од Музејот „Теракота“ од Виница.

Според сознанијата локалитетот потекнува од железното доба. На овој локалитет првите сондажни истражувања се вршени во 1981 година кога се откриени четри тумули и значаен движен материјал кој укажува на тој период.

Со средства од Министерството за култура Музејот „Теракота“ од Виница во наредните триесетина дена преку стручни екипи ќе работи на документирање на откриениот материјал.

Голем дел од значајните археолошки предмети се уништуваат во процесот на обработка на обработливото земјиште што се наоѓа во тој реон.



Edited by Danielbtmk - 01-Oct-2011 at 14:55
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 01-Dec-2011 at 17:02

Значајни артефакти откриени кај Кочанско

На археолошкиот локалитет „Св.Атанасиј“ кај кочанското село Спанчево, екипа предводена од археологот Ирена Колиштроска Настева откри значајни артефакти кои потекнуваат од енеолитскиот период, 4.000 години пред нашата ера.

eneolit.jpg240
Според Колиштроска Настева, откриени се наоди од скулптурална пластика изработена во глина, женски фигури во глина со тетоважа на своите тела и со шари кои се украс на нивното живеење.

- Покрај ова, откриени се значајни делови од зооморни и антропоморфни фигури кои даваат дополнителни сознанија и факти за животот во енеолитот по течението на реката Брегалница, изјави Колиштроска Настева.

Археолошките истражувања се финансирани со средства од Министерството за култура на Република македонија.

http://kurir.mk/republika/opstini/51921-Znacajni-artefakti-otkrieni-kaj-Kocansko

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 06-Dec-2011 at 13:29

Значајни артефакти и наоди пронајдени во Виничко

При арехеолошките истражувања на локалитетот „ Коколов руд“ во Виница,  пронајдени се артефакти и наоди кои откриваат несекојдневни погребувања од 6 и 7 век пред нашата ера.

kokolov.rud240
Истражени се 4 гроба од железното време и пронајдени се керамички форми на садови кои ги среќаваме како ритуални и како надгробни прилози. Има значајни наоди од метал,особено преовладува накитот,фибули,огрлици,белегзии,прстени.

- Со овие истражувања го надополнуваме перидот кој претставуваше празнина на овие простори,железното време по течението на реката Брегалница, истакнува Јулијана Иванова, директор на Музејот „Теракота“ од Виница.

Пронајдена е и монета од Римско време втори век од нашата ера.

- Вакви предмети досега се откриени и на локалитетот Кршљански гумења, истакнува Цоне Крстевски,археолог-кустос во Музејот на Македонија додавајќи дека истражувањата на овие тунмули се значајни за археолошката наука и откриваат нови сознанија за тумуларните погребувања на просторот на Источна Македонија.

Истражувањата ги реализита Музејот „Теракота“ од Виница со финансиска подршка на Министертсвото за култура на Македонија.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/52437-Znacajni-artefakti-i-naodi-pronajdeni-vo-Vinicko
Back to Top
systema View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Dec-2011
Location: veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote systema Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 23-Dec-2011 at 03:47
Дали некој може да ми каже дали знае некој нумизматичар или пак кај се наоѓа нумизматичкото здружение во Скопје....Фала однапред Поздрав
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 23-Dec-2011 at 09:38
Паионон - Здружение на нумизматичари, Ул. Димитрија Чуповски, Скопје. Тел: (02) 3241351
Back to Top
systema View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Dec-2011
Location: veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote systema Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 24-Dec-2011 at 12:05
Провав неколкупати да звонам да ги побарам но никој не одговара на телефонот нешто мајл за порака да им пишам или пак ако знаете точно кај се наоѓа и од колку до колку е отворено....поЗ
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 24-Dec-2011 at 14:45
Претседателот на здружението е малку постар човек и не знам дали воопшто има електронска пошта. Ти останува повторно да се обидеш телефонски. Исто би можел да го контактираш/посетиш Нумизматичкиот музеј на Народна банка на РМ.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 30-Dec-2011 at 01:05
МОЖНОСТИ ЗА МАKЕДОНИЈА ДА ГО ВРАТИ ВРЕДНИОТ ЕKСПОНАТ ДОМА

Ќе се бориме за двојна сопственост врз кратерот



Постои двојство во чувањето такви вредности. Три години да биде изложен во колекцијата „Леви/Вајт“, три години да биде на местото каде што е пронајден кратерот. Да го имаме на располагање толку време, и со тоа би бил пресреќен, вели Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство

Три години во Соединетите Американски Држави, па три години во Македонија може да биде изложен бронзениот кратер од демиркапиското село Kорешница, кој бил диво ископан и изнесен од земјава пред петнаесетина години, а денес се наоѓа во приватната колекција „Леви/Вајт“ во Њујорк. Ова е една од можностите што може да се разгледува ако Македонија не успее да го врати вредниот експонат од 5 век пред новата ера дома, информираат експертите за заштита на културното наследство. Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Kузман има контакт со адвокати од Италија што добиле неколку судски спора за спорни артефакти од истата колекција. Неколку од нив ~ биле вратени на Италија. Сепак, поизвесно е дека првиот чекор на Македонија до Шелби Вајт, сопственичка на кратерот, ќе биде пријателски.

- Никогаш не сме добиле некој предмет на реституција. Но, постои двојство во чувањето такви вредности. Три години да биде изложен во колекцијата „Леви/Вајт“, три години да го даде на местото каде што е пронајден кратерот. Да го имаме на располагање толку време, и со тоа би бил пресреќен - вели Kузман.

„Дневник“ го истражува случајот со вредниот артефакт од архајски период за кој јавноста пред неколку години дозна дека е пронајден во Kорешница и по тајни канали е пренесен во Белград, па во Швајцарија, каде што неофицијално бил „испран“. „Дневник“ објави како се одвивал патот до Белград, но нејасно е на кој начин предметот добил документи и бил продаден во приватната колекција во САД.



Странците се информирани

за случајот

Kузман повеќе се надева на варијантата двојна сопственост. Ако Американците го купиле кратерот неколку милиони долари, тешко е дека лесно ќе го отстапат.

- Да го имаме кратерот три години во Археолошкиот музеј... тоа е фантазија! Ќе го видат сите, потоа три години нека биде во САД и таму ќе го гледаат. Не е ништо страшно, туку е една прекрасна соработка. Таа форма на двојна сопственост со добра волја може да се реализира. Најдобро е прво пријателски да се пристапи - вели Kузман.

Првпат слушнал за кратерот пред околу пет години кога бил назначен за директор на Управата. Го посетиле двајца струмичани кои детаљно го информирале за ограбувањето на гробницата во Kорешница. Десетина дена подоцна му се јавил човек од Лондон, по потекло од Холандија, кој тврдел дека знае каде е кратерот и дека има намера да работи на негово враќање во нашата земја.

- Ме заинтересира целата работа. Почнаа археолошки ископувања, беа откриени фантастични предмети што останале таму - вели Kузман.



Има уште гробници

Случајот со кратерот е пријавен во нашата канцеларија на Интерпол во Скопје, за да бидат во тек и да знаат за што се работи. Тие лани доставиле допис дека кратерот е вратен во Грција.

- Тоа беше погрешна информација. На Грција ~ беа вратени два други картера. Во Солун се, ги видов неодамна. Ниту еден од нив не е кратерот од Kорешница - вели Kузман.

По археолошките ископувања Управата за заштита ангажирала фирма од Охрид кои направиле длабински истражувања со недеструктивни, геомагнетни методи, за да ги детектираат промените на релјефот.

- Доставија податоци за четири гробници на истиот простор. Бев таму и археолозите работеа на посочените места. Немаше ништо, секаде стигнуваа до здравица, наидоа само на еден средновековен гроб - раскажува Kузман.

Годинава на локацијата работеше и фирмата „Геоархео“ од Хрватска. Според Kузман, тие мереле до 1,5 метар длабочина, а кратерот бил 3 метри длабоко закопан во земјата.

- Нивната работа е добра за ископување на археолозите, но подлабоки истражувања тешко може да се направат со таква опрема - вели Kузман.

Весна И. Илиевска
http://www.time.mk/read/NONE/830457b80c/index.html
Back to Top
kiroo View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kiroo Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 01-Jan-2012 at 03:19

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 01-Jan-2012 at 14:39
Овој шлем кај нас ли е пронајден? 
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
kiroo View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kiroo Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 01-Jan-2012 at 20:34
 Да во Охрид Самуилова трвдина. Шлемот е бронзен од 4-ти век п.н.е.

Edited by kiroo - 01-Jan-2012 at 20:40
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 20-Apr-2012 at 21:56
Скулптура стара 19 века откриена во Стоби
Петок, 20 Април 2012 16:00
Сподели
291

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Националната установа Стоби известува дека изминатава седмица во рамките на археолошките истражувања на храмот во Стоби е откриена мермерна скулптура од 2-от век н.е. со претстава на божицата Изида.

Скулптурата со височина од преку 2 метри е ремек дело на античката уметност, но нејзиното значење е уште поголемо поради фактот што конечно после четири години истражувања, со сигурност е определено божеството на кого му бил посветен сакралниот објект. За постоењето на храм на Изида во Стоби сведочеше еден натпис, откриен во 1977 година, но се до 2008 година не беше позната неговата локација.

Изида е египетско божество чиј култ се проширува во Македонија и Медитеранот во текот на хеленистичкиот период и е актуелен до почетокот на доцната антика и доминацијата на христијанството. Во хеленистичкиот и римскиот период нејзиниот мистериски култ е синкретички и вклучува елементи и атрибути од други познати божици во грчко-римскиот пантеон. Таа најчесто е почитувана заедно со богот Серапис како мајка на целата природа, божица на небото, морето и подземјето. Култот на Серапис е исто така потврден во Стоби.

Досега во Р. Македонија се познати две мермерни скулптури на Изида, откриени во Охрид. Храмот во Стоби е единствениот истражуван објект во Република Македонија во кој бил негуван култот на оваа божица.

Археолошките доистражувања на храмот и конзерваторските зафати се финансирани од Министерство за култура во рамки на годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2012 година.

http://www.kurir.mk/makedonija/kultura/68405-Skulptura-stara-19-veka-otkriena-vo-Stobi
Back to Top
stobi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Jun-2011
Location: ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote stobi Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 22-Apr-2012 at 16:55
PreviousApplause
Makedonija
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 18-May-2012 at 14:04
ФОТО: Фрескоживописот од базиликата во Стоби изложен во НБРМ
Петок, 18 Мај 2012 14:15
Сподели

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Во Народната банка на Република Македонија денеска беше отворена изложба на која првпат пред јавноста се претставени 20 уникатни фрагменти од 4 век од нашата ера, кои биле дел од внатрешните ѕидови од епископската базилика во Стоби. Тоа е најстар зачуван фрескоживопис во Македонија и меѓу најстарите во светот.


За зачувување на фреските во најстарото христијанско светилиште во Македонија, во базиликата во античкиот римски град Стоби, Амбасадата на САД обезбеди 72.600 долари преку Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство од посебната програма на Стејт департментот. Со помошта на САД фреските беа конзервирани и делумно реставрирани.

Отворајќи ја изложбата со наслов „Ранохристијанското ѕидно сликарство од Епископската базилика во Стоби“, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека во изминатите неколку години интензивно и систематски се истражувал археолошкиот локалитет и дека се откриени остатоци од храмови и илјадници движни предмети.

- Посебно богатство на локалитетот Стоби се фреските од фрескоживописот кој ги красел ѕидовите на базиликата и крстилницата, како и фрагментите од подниот мозаик и прекрасниот мермерен кантарос во кој во текот на 6 век било вршено крштавање. Уште од времето на нивното откривање од американскиот професор, археологот Џејмс Вајсман во 1970-тите години, па се до денес, со своето непроценливо значење овие фрески и нивните делови кои чудесно опстанале под пластовите на земјата одолевајќи му на времето цели 17 векови, се предмет на научен интерес на многу македонски и странски истражувачи, истакна Канческа-Милевска.

Американскиот амбасадор Пол Волерс рече дека Стоби е пример за богатата историја и култура на Македонија, за чие зачувување Амбасадата на САД во Скопје обезбеди два гранта преку Американскиот фонд за заштита на културното наследство. Покрај овој за базиликата, во 2003-та беше финансирано и ископувањето на Римскиот форум во Стоби.

- САД се гордеат со партнерството што го имаме со Македонија за зачувување и заштита на културното богатство, какво што е ова, бидејќи имаме заедничка цел, а тоа е да им овозможиме на идните генерации од целиот свет да ја ценат нивната убавина и историја, рече Волерс.

Гувернерот Димитар Богов истакна дека преку работата на својот музеј Народната банка на РМ, по примерот на централните банки во светот, постепено се етаблира и како значаен трезор на нумизматичката културна оставнина на цивилизациите што егзистирале на оваа почва. За изложениот фрескоживопис од Стоби, пак, рече дека историјата на уметноста ги смета за ексклузивитет од огромно значење и оти овој вид уметничко творештво го нема во поширокиот ареал на европското копно.

- Народната банка е почестена од укажаната доверба да биде домаќин на оваа изложба која, се надевам, во текот на следниот месец ќе претставува интригантен културен настан за пошироката јавност, рече Богов.

Изложбата е отворена на Светскиот ден на музеите - 18 Мај, а галеријата во НБРМ е избрана за нејзин простор поради 20 години од монетарното осамостојување на државата. Токму фрагмент од локалитетот Стоби - паунот на подниот мозаик - е претставен на банкнотата од 10 денари, дизајнирана од уметницата Билјана Унковска. НБРМ е поврзана со Стоби и по тоа што на локалитетот е откриена и најстарата ковачница на пари во регионот.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/71394-FOTO-Freskozivopisot-od-bazilikata-vo-Stobi-izlozen-vo-NBRM
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 18-May-2012 at 16:20
Ќе издвојам две реченици..

„..Тоа е најстар зачуван фрескоживопис во Македонија и меѓу најстарите во светот..“

„..Амбасадата на САД обезбеди 72.600 долари преку Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство..“

Кога ќе погледнеме колку пари се рафрлаат на „градење на идентитет“, последно нешто што треба да го дозволиме е ова да го плаќа некој друг. Затоа и не треба да протестираме кога тој другиот прават некакви други кампањи од типот „ти не си прасе“..

Edited by mladen_s - 18-May-2012 at 16:21
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 26-Jul-2012 at 18:36
Струшкиот Музеј пронајде 25 вековна некропола во Ташмаруништа
Четврток, 26 Јули 2012 17:39

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Природнонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга изминатите два месеца интензивно работи на археолошкиот локалитет во селото Ташмаруништа.

Истражувањата, според директорот на Музејот Сашо Цветковски, покажале дека се работи за некропола која датира од VII, односно VI век пред нашата ера, која е распространета на местата на сегашните приватни имоти.

-Оваа година ја завршивме целината на некрополата. Тоа е голема некропола која со тек на времето се декомпозирала, во смисла на тоа што луѓето ги изнесувале камењата, зошто се работи за приватни дворови, односно парцели и незнаејќи ги ваделе и ги фрлале. Сега, факт е целината, а пред се обемот и периметарот останаа проблематични, истакна Цветковски.

Првичните податоци од истражувањата, рече, ги потврдуваат претпоставките на археолошкото одделение на Струшкиот музеј дека овој локалитет континуирано опстојувал речиси дваесет и пет века.

-Наодите потврдуваат еден континуитет од седмиот век. Тоа се многу реалистични и убави наоди кои говорат дека тука се опстојувало повеќе векови, информира директорот на Музејот во Струга.

Тој додаде дека жители на селото Ташмаруништа пројавиле голем интерес за анимација на овој интересен археолошки локалитет.

http://kurir.mk/republika/opstini/79205-Struskiot-Muzej-pronajde-25-vekovna-nekropola-vo-Tasmarunista
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 13-Sep-2012 at 20:21
Конзервација на мегалитската опсерваторија Кокино
Четврток, 13 Септември 2012 19:18

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Идната недела ќе почне археолошко истражување, а потоа до крајот на октомври и конзервација на светилиштето на Мегалитската опсерваторија Кокино, информираа надлежните од Музејот Куманово.


- Конзервацијата го опфаќа светилиштето и ѕидот кој него го опркужува. Овој простор треба да се подигне на околу еден метар за да биде видлив за посетителите. Ќе ги конзервираме и неколкуте кружни форми каде што биле поставувани заветни дарови, изјави Јовица Станковски, директор на музејот.

Надлежните инфромираат дека ќе се конзервира и платформата од која се набљудуваат соѕвездијата. Конзервацијата која се спроведува со финансиска поддршка на Министертвото за култура се очекува да заврши до крајот на октомври.
http://kurir.mk/republika/opstini/84398-Konzervacija-na-megalitskata-opservatorija-Kokino-
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.