build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 01-Nov-2008 at 21:30


Тоа е нешто што може да го дискутираме. Дали Мал Ринг 1997 бил добар или лош (иако не гледам што има врска Сталин со него). Но две лоша не прават едно добро посебно ако ова второто е далеку полошо од првото. Јас од сите објекти кои ги наброја имам проблем со еден а имам говорено нашироко зошто ги имам тие проблеми со него. И никој неможе да ме убеди дека тој објект е креирање вредности.

Во секој случај отидовме офтопик во нишкава ако дискусијава продолжува нека продолжи во нишката за Мал Ринг.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 01-Nov-2008 at 21:39
затоа и велам претходно дека треба да се удри на овој дуп по смело и да се почне скроз од ново со издржана дебата и проекции, навистина се надевам дека цел муабет ќе падне на суд, па одговорните да засукаат ракави како што треба и од СК да направат метропола достојна за Македонија а не киоск за лижавчиња... види воопшто не е офтопик тоталниот аутизам на СК администрацијата што е дојдено до цел овој хаос, ова само кажува дека сите туркаат како ветерот дува и додека се на власт владеат сталинистички, како пример затоа и го наведов Грчев...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 01-Nov-2008 at 21:41
Originally posted by beTon

кло колку што знам ако измените паднат паѓа и дупот и се враќаме на оној стариот од 1997, не можат само измените да се укинат, но ајде шим ти велиш дека  не е така нека ти биде, времето ќе каже може и ќе бидеш во право.
Ќе се вратиме на ДУП каде што маркицата за банката е вцртана и не е спорна. Дури и да се вратиме на 1997, пак иста приказна:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132

Ама поинтересно ти е бесцелно да спориш со „идеолошките противници“, отколку да пробаш правилно да се информираш. Roll%20eyes



за ракавиците можам да кажам само дека и да имало некое мое пуштање вода, тоа небило како водопад како што е случај со другите ракавици кои претежно се фрлаат од немање аргументи или разбирање за поинаков агол на гледање на некој гостин! што значи потребното ниво на форумот треба пред се да го запазуваат домакините... и негледам несериозна дискусија кога на несериозен блеф од типот на: Како ја сфаќаш таа „флексибилност“? Веројатно за да се менува токму така како што тебе би ти било по ќејф. Како на пример за таа невклоплива црква на плоштад што викаш дека била повисока цел. ќе одговорам со образложен пристап за флексибилноста, наместо да спамирам со изјави како “идентитетот не е кашкавал“ или “Идентитетот е трајна вредност, а лумикс печурка по дожд“. можеби таквиот пристап би бил поприкладен?!
Тука поприлично ги изврте работите. Дискусиите се тука, секој може да прочита кој што кажал и дали држи ова што го викаш.


ако сакаш некој нешто да разјасни или научи, немора да го маршираш како трујач на нишките,
А што да правиме кога некој очигледно нема таква желба, туку сака (најчесто од идеолошки и политички причини) да мижи и пред очигледни работи и навистина ги труе нишките (тера бесконечна безпредметна и неприкладна дискусија, пласира бесмислици и дезинформации без резерва настапувајќи како познавач со проверени информации, а соочен со јасни факти само ги умножува дубиозите до бесвест)


нивото на дискусија е една работа, а сосем друга е потребата од истата. според тебе би требало нивото да биде луѓе бујрум кажете што мислите, но пазете што ќе кажете зошто форумов е прирачник за урбанисти....
Овој и следниот цитат требаше да ми ги пратиш по Private Message, но кога веќе јавно ме прозиваш јавно и ќе ти одговорам.

Никој не брани мислење, но мислењето треба да бидеш спремен да ти биде подвргнато на контра-мислење.

Сепак мислење е едно, а искривување и неприфаќање на факти сосема друго. Си постирал премногу небулози, а си ги претставувал како сигурни информаци, не како обично мислење. Кога некој ќе им се спротиставел на таквите тези, обично дискусијата одела вон колосек затоа што во одбрана на тезата најчесто продолжуваш во ист стил до бескрај, без разлика со какви аргументи си соочен. Таа појава се случува премногу често за да може туку-така да се игнорора.


да не ме разбереш погрешно јас имам таков впечаток што немора да значи дека е така, па слободно дели жолти картони доколку сметаш дека мојот агол на видик е искривен или некого му ги искривува убедувањата Thumbs%20Up опуштено малку, не сум ниту градоначалник ниту советник на градоначалник.
Зарем тоа е целта? Каде треба да не одведе, до црвен картон?

Целта е да имаме квалитетен форум каде што ќе може да се прочитаат точни информациии и издржани размислувања, а нишките да бидат on-topic и неоптеретени со рециклирана беспредметна дискусија.

Па сто пати е кажано (со тебе и договорено) бе бетон, вака испаѓа дека повеќе тактизираш отколку што навистина си спремен да го почитуваш тоа. Џабе континуирано ставаш замерка на тоа како е поставен форумов, таа работа нема да се менува!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 01-Nov-2008 at 21:44
Originally posted by beTon

затоа и велам претходно дека треба да се удри на овој дуп по смело и да се почне скроз од ново со издржана дебата и проекции, навистина се надевам дека цел муабет ќе падне на суд, па одговорните да засукаат ракави како што треба и од СК да направат метропола достојна за Македонија а не киоск за лижавчиња... види воопшто не е офтопик тоталниот аутизам на СК администрацијата што е дојдено до цел овој хаос, ова само кажува дека сите туркаат како ветерот дува и додека се на власт владеат сталинистички, како пример затоа и го наведов Грчев...


Што има Грчев врска со Сталин човече? Дај малку елаборација кога веќе делиш вакви тешки квалификации.

Исто така. Ајде те молам елаборирај ми како ти би го решил центарот на Скопје. Која е твојата визија. Батали го Мал Ринг на момент, да речеме дека не постои. Наративно (или ако не те мрзи скицирај ) ако можеш дај ми опис, секако во некои разумни реални рамки (на пример решение не е ај да срушиме пола центар, ТИПО, Пошта, Палата МАкедонија и Градски Ѕид па од поново туку работи со ова што го имаме).

Баш ме интересира ова и воопшто е интересна дискусија доколку и другите имаат некоја своја варијанта.


Edited by pbanks - 02-Nov-2008 at 01:15
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 01-Nov-2008 at 23:00

абе кло нема врска нека биде како ќе кажеш, само знај дека стојам исклучиво зад зачувување и форсирање на идентитетот како нешто живо кое ќе го живееме, не сум експерт и не се правам премногу паметен доколку пробувам да дадат или посочам некои решенија кои би можеле да се разгледаат, не реков дека моето е последно ниту пак дека нечие нечини, не сечам со сатар ако некој има различно мислење од моето. воопшто не ми е јасно од кај извлече заклучок дека муабетите ми се надвор од темата, можеби ти пречи тоа што гледам од сите страни кон муабетите, па веруваш дека таквиот начин на изразување ги оптеретува нишките, еве за да бидам подобен, отсега ќе гледам да не реплицирам на ракавиците или забуните кои се јавуваат како причината од невнимателно читање на постовите! а за квалитетот ќе кажам дека ќе си дојде кога ќе се убацат на форумов инжинери, кои нема како мене да ги почнуваат постовите со “мислам дека ова може да помине“ туку ќе пукаат со “ова мора да помине“ што е до проектите, само незнам дали квалитетот пак ќе биде по твој вкус?!

pbanks па мислам дека ги болдирав сино, сталинистичките методи на Грчев

Originally posted by beTon

Мирослав Грчев, во 1997 година, кога се прават измените на детаљниот урбанистички план за централното градско подрачје, се појавува истовремено и како градоначалник и како проектант и како предлагач и како потписник на измените
што е до моето разбирање за плоштадот мислам дека кажав дека треба урбанистите да се посмели т.е. источната страна на плоштадот треба да е една целина, пр. со византиска архитектура до камен мост и типо  каде би можело да префли кон една летечка куќа(еркери) кај фуфо па да се направи претоп кон средината каде ја имаме ристиќева како арт нуво, за веќе западната страна да префрли на модернизам и постмодернизам(пошта). можам да прифатам и варијанта како Цркавата да биде до Камен мост од спротива Џамијата а се друго модернизам, но ристиќева ќе штрчи во тој случај, евентуално соменикот би ја направил конекцијата со првите редови(Црквата и Џамијата) кои добро би се надоврзале на камениот мост итн. но најдобро решение би било центарот целосно да се сврти кон византиски и арт нуво стилови а цел модернизам да се префрли маџир маало како што му е планот на кензо па се тука наоколу нас.пролет и ново маало да е модернизам, стакларници и кули... за ова е веќе касно евентуално може само во источниот дел од плоштадот да се интервенира но доколку не падне дупот и ова е неизводливо, па макар Грчев пак да стане градоначалник LOL иако можеби решение е Црквата да биде до мостот да си остане офицерски но оригинален како што е предвиден, на плоштадот фонтана да има а на Аце споменикот да оди на кале нормално во поголеми димензии, а останатиот дел околу плоштадот да е модернизам кој питомо би се претопил со ристиќева, или може и комбинацијата со споменикот да ја поврзе пак со прв ред но спорно е дали Црквата ќе се има волја да се дислоцира до мостот заради естетика, бидејќи до сега главен момент беше возобновувањето на истата!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 01-Nov-2008 at 23:10


Дека конфликтот на интереси во времето на Грчев е јасен и дека постои потенцијална коруптивна нишка во позадина тука нема муабет. Е сега да го наречеме тоа сталинистички Question Тогаш што е ова што го имаме денеска, хитлеровски?

Туку да го оставиме тоа... Мал Ринг не ограничува ништо (помалку или повеќе) во оваа твоја визија за центарот на Скопје. Тој го дефинира просторното планирање, маркиците, локациите, висинските коти, намената на објектите..... но не говори за тоа во кој стил треба да бидат градени. Затоа повторно не ми е јасно. Што е проблемот со Мал Ринг (ако го изоставиме она од првиот пасус for the sake of the discussion)? Спрема мене тоа е едно пристојно решение за центарот на градот иако има одредени позиции каде може да биде подобро.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 01-Nov-2008 at 23:29
па затоа и велам предходно дека дупот е недопрецизиран, еве маркиците нека стојат какви што се кој ќе го натера некого каква треба да биде фасадата и компонентите, нормално е дека секој ќе си тера како што му чини само висината и евентуално бојата ако ја усогласат но и за тоа сум скептичен. веќе друга работа е ако се редефинираат маркиците јас лично би ја заменил маркицата на Црквата со онаа на екс-трезорот, типо би го стокмил како нешто налик ановите со кула в среде и тоа да биде музеј-галерија додека на местото на маркица на Црквата би дошла поголема изворна куќа како летечките од ОХ која би била пр. Градска куќа и спомен место за мајка Тереза, како би се направил некој континуитет во архитектонската традиција во Македонија. ова сега како што е предвидено се сложувам навистина ќе биде естетски аут само заради недореченостите во законот или подобро речено кратковидоста на СК урбанистите...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 01-Nov-2008 at 23:33
Originally posted by beTon

па затоа и велам предходно дека дупот е недопрецизиран, еве маркиците нека стојат какви што се кој ќе го натера некого каква треба да биде фасадата и компонентите, нормално е дека секој ќе си тера како што му чини само висината и евентуално бојата ако ја усогласат но и за тоа сум скептичен. веќе друга работа е ако се редефинираат маркиците јас лично би ја заменил маркицата на Црквата со онаа на екс-трезорот, типо би го стокмил како нешто налик ановите со кула в среде и тоа да биде музеј-галерија додека на местото на маркица на Црквата би дошла поголема изворна куќа како летечките од ОХ која би била пр. Градска куќа и спомен место за мајка Тереза, како би се направил некој континуитет во архитектонската традиција во Македонија. ова сега како што е предвидено се сложувам навистина ќе биде естетски аут само заради недореченостите во законот или подобро речено кратковидоста на СК урбанистите...


Е тука сме веќе на иста фреквенција. Можеби не треба конкурс за Мал Ринг но дефинитивно треба конкурс за двата плоштади каде ќе биде дефиниран секој детал. Но мислам она што би се добило на еден ваков конкурс би било нешто сосема различно од ДУП, повеќе би било како прилог на ДУПот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 01-Nov-2008 at 23:55
па види мислам дека регулативата постоечка има сила само да наметне да не штрчат боите и ништо повеќе - што е добро, но не и доволно. сепак ако не се менува дупот и дозволат тоа искарикираниот екс-трезор да се насади до мостот не ни гине кич на плоштад, затоа и ќе констатирам дека воопшто не е мегаломанија што вели лсл да се размислува за плоштадот како место каде градбите би се доживувале како историски скулптури кои ќе имаат што да кажат во еден контиунитет од симболика и функционалност, нешто како МКД во мало од каде тргнуваат или се вкрстуваат сите патишта на нашата земја-идентитет... мегаломанија би било доколку на функционалноста на плоштадот не се гледа во однос со(на) културата туку во однос со потрошувачкото општество како лајт мотив и идеологија кон која се стремиме во 21век редејќи стоковни куќи на самиот плоштад. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 02-Nov-2008 at 00:03
Бетон ај те молам цитирај ме за која реченица точно мислиш, пошто не си ми малку јасен.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 02-Nov-2008 at 00:48

абе батали нема врска, да не ја тераме пинг-понг натака, мислам дека повеќе од доволно кажавме. инаку се однесува за онаму каде велиш дека Православните не треба да се мегаломани, со што се сложувам, но не е мегаломанија доколку се направи некаков ред од страна на градските власти, кои освен за скицирање на маркици немаат време за да промучкаат глава околу суштината и вредноста на тие најатрактивни маркици во Македонија...

туку дај кажи што вели pbanks како би го стокмил ти плоштадот доколку имаш одврзани раце и бришан простор! или што може да се оправи од даденава ситуација а да добиеме некаква културна вредност и симболика од плоштадот...



Edited by beTon - 02-Nov-2008 at 00:54
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 04-Nov-2008 at 20:30

Отворен ден на општина Карпош

Општина Карпош денеска, го организира својот прв “Отворен Ден на Општина Карпош - Ден на Идеи и Проекти“. Отворениот ден ќе се одржи во период од 12 до 20 часот.

На овој ден сите заинтересирани граѓани на општината ќе можат пред в.д. градоначалникот Сашо Димиќ и пред раководителите на секторите во Општината да ги презентираат своите идеи и проекти. Секој предлог проект и идеја ќе бидат разгледани од соодветниот сектор и ќе им биде дадено должно внимание, се вели во соопштението од општината.

Нетпрес - 25.10.2008

Градоначалник без намус и перде

(Повод: „Ден за презентација на идеи во Карпош“, „Дневник“, 25 октомври)

Помина и тој ден. „Низа“жители од Карпош се„туркаа“пред општинските простории со цел да му посочат на градоначалникот што се' треба да направи во неговиот мандатен период - долг само неколку месеци. Граѓаните дојдоа и сугерираа. Ревносно беа бележени нивните укажувања. Уште повпечатливо и широкоградо беа давани ветувања дека нивните барања ќе се реализираат. Не кажувајќи им притоа кога. Каква хипокризија.

Зошто на градоначалникот му беше потребен овој ден? Зошто општината потроши толку пари по медиумите за рекламирање на овој „значен“ градоначалнички зафат? Јас не знам. (Веројатно тоа е барање на неговите ментори со цел да им ја покажат на граѓаните својата загриженост за нивната идна благосостојба, бидејќи досега само трпеа). Меѓутоа, знам дека пред нецели две години, општината Карпош, во зимскиот центар Маврово, организираше тркалезна (несвојствен термин во нашиот јазик и неприемчив за мене) маса на која учество зедоа повеќето од половината советници на Советот. Од таа половина, половината беа токму претставници на постојната владејачка општинска гарнитура. Меѓу нив и актуелниот в.д. градоначалник на Карпош.

Разгледуваната тема беше именувана како „Подготовка на стратешки и акционен план за општина Карпош“. Презентирана од стручно лице, реализирана по некоја нова методологија, покрај другото, секој учесник мораше да даде свое видување за иднината на Карпош. По таквите предлози се развиваше и дискусија во која ставовите или се охрабруваа или отфрлаа.

Престојот на советниците (и останатите учесници, а ги имаше триесетина) во хотелот беше во целост подмирен од страна на општинската каса за сите три дена. Општината го одврза ќесето, дури и за вечерните дружења и забави. Но, што се случи. Актуелниов в.д. градоначалник, кој сега го повикува народот да му даде идеи, заедно со уште двајца негови истомисленици и една истомисленичка, едноставно ја напуштија „масата“ и си заминаа пред да се дефинира „стратешкиот акционен план на Општината.

По враќањето во Скопје, веќе на првата наредна седница, „избеглиците“, меѓу кои и в.д. градоначалникот, го поставија и барањето за исплата на дневници за деновите во Маврово. Законски им следувале. Зошто им е важна иднината на Карпош. Дневницата од 160 (и со букви сто и шеесет) денари е атрактивна за сиромашни души. Во секој патен налог постои и простор, во кој се опишува работата што е извршена. Јас барав да ми се каже што напишал Сашо Димиќ. Молк.

Сега, користејќи друга зборовна верзија од онаа во насловот, го поставувам прашањето: Со каква доблест и дигнитет (терминологија на новопеченци) им се претставуваше в.д. градоначалникот на граѓаните во денот за презентацијата на идеи. Дали можеби се исмеваше самиот себе или сакаше да ги „вози“ граѓаните, во смисла на онаа народната „Гледај те ме, чудете се“. Почитувани граѓани и треба да се чудите за тоа кој се' може да ги претставува вашите интереси. Во оваа состојба, тоа што за мене е најсимптоматично, е молкот на довчерашните позиционери во Советот, кои сега, како риби во мрежа се прпелаат, настојувајќи да ја вратат општината, а молчат.

Дневник - Славчо Филипчев, советник од ЛП - 04.11.2008

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 05-Nov-2008 at 00:16

Џафери: Нема измени на Законот за Скопје

„Не се планираат измени на Законот за град Скопје и на други закони поврзани со локалната самоуправа пред изборите за градоначалници и советници во 2009 година“. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, на вчерашната прес-конференција. Тој појасни дека времето до локалните избори е премногу кусо за да се поминат сите процедури, а моментно Владата имала други приоритети. Тој избегна директен одговор на прашањето дали Владата го отворила прашањето за идниот статус на главниот град и за промена на постојните територијални граници. Тоа е суштината во иницијативата на скопскиот градоначалник Трифун Костовски за корекции на Законот за Скопје. Џафери вчера информира дека 66 општини и Скопје како посебна единица на локалната самоуправа се влезени во фискална децентрализација. (К.Ч.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C9D1F081944C8F489BFD874FB82DB957




Edited by lslcrew - 05-Nov-2008 at 00:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 09-Jan-2009 at 00:34
Нека седи тука во целост интервјуво....поголемиот дел е за територијалните прашања!
Ѓорче Петров ќе се развива само ако се оддели од Скопје

Голем дел од средствата сега завршуваат во градскиот буџет, а не можеме многу да ги користиме ниту фондовите бидејќи не сме самостојни, вели Митровски

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, планира повторно да се кандидира на локалните избори во март. Вели дека таква одлука произлегла од партнерството и довербата што ја изградил со граѓаните во изминативе четири години. Смета дека многу придонел за општината, за разлика од неговите претходници, а главна цел на овој генерал во пензија е во вториот мандат да ги заврши сите проекти што ги почнал.

* Сметате ли дека придонесовте за менување на ликот на општината?

Општината ја затекнав неопремена, со малку кадар. Сега, со двојно побројна и постручна екипа се стремиме да се менува ликот на општината. Реконструирани се повеќе од 12 улици, со Фондот за патишта се договоривме да додадеме уште две клучки на обиколницата за да ги поврземе населените места. Моментно работиме на експропријација на земјиште. Отворени се две спортски сали, 15 терени за мал фудбал, кошарка, одбојка, детски игралишта, во училиштата игралиштата се обновени и осветлени. Го реконструиравме и општинскиот парк, па сега е централно собиралиште.

* Што мислите за предлогот на градоначалникот Трифун Костовски за нова територијална поделба на Скопје, односно за отцепување на некои општини, меѓу кои и на Ѓорче Петров?

- Сегашната територијална поделба ја унакажа општината. Направен е еден неприроден клин од страна на Општина Карпош. Природните граници, реките Вардар и Лепенец, треба да се почитуваат и делот кој и' беше одземен треба да и' се врати. Мостот Обединети нации и оној кај Злокуќани треба да бидат влезови во неа. Сакаме да се одвоиме и поради тоа што сега 60 отсто од парите за комуналии завршуваат во градскиот буџет. Јавните претпријатија не функционираат на цела територија. „Комунална хигиена“, на пример, чисти само 50 отсто од општината, затоа што немала интерес да го опслужува руралниот дел, па мора сами да бараме други фирми. Немаме членови во управните одбори, па немаме никакво влијание врз одлуките на јавните градски претпријатија. Ѓорче Петров има своја историја и своја душа. 

* Мислите ли дека ќе можете да опстоите како самостојна општина?

Општината не само што ќе опстои туку мислам дека и многу подобро ќе се развива. Сега не' третираат како урбана, а ние повеќе од половина сме рурална општина. Многу фондови што ги користат општините што се самостојни ние не можеме да ги користиме. Од распределбата на ДДВ примаме само 0,5 отсто. На пример, Општината Штип, која има приближно исто жители како Ѓорче Петров, прима 50 милиона денари, а ние само пет милиона. Ние сме и гранична општина, но сме оневозможени да црпиме пари и од фондови наменети за такви општини.

* Дали ги исполнивте ветувањата од почетокот на мандатот и зошто сметате дека имате право на втор мандат?

- Сите проекти што ги почнав се оживотворени. Тоа што го ветив во предизборната кампања во голема мера е реализирано. Можам да кажам дека е направено и повеќе од тоа. Обврска ми беше да ја приближам Ѓорче Петров до градските општини, до Карпош и до Центар. Во изминативе 30-40 години во неа е многу малку инвестирано од страна на моите претходници, но и од Градот Скопје. Мојата кандидатура е врзана за големи проекти, поточно од животно значење за општината. Основно беше да обезбедам секаде здрава вода за пиење зашто во неколку села и реони ја немаше. Успеавме да направиме и автономен водовод во Кучково, обезбедивме вода во Никиштани, Орман, во Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански Двор. Најголем дел од средствата беа обезбедени со КАРДС-програмата и од Светската банка. 

* Со што ќе се гордеете најмногу во урбанизмот?

Еден од најкапиталните проекти ми беше подземната инфраструктура - водоводот. Треба да се работи на тоа да се зголеми водниот притисок, но и да се смени целата водоводна мрежа. Градена е пред четири децении кога во Ѓорче Петров имало 13.000 жители, а сега има околу 50.000. Втор важен капитален проект за општината, но и за градот, е изградбата на фекална канализација во Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука и во други села. Спроведовме референдум, разговаравме со граѓаните за средства, сакав да видам дали е можно такво нешто со нивно учество. Инвестицијата е 15 милиони евра.

 Почнавме со помош од невладини организации, министерства, Градот, но и со општински средства. За година и пол реализирани се 20 километри од фекалната канализација, изграден е колектор, секундарна мрежа во должина од 15 километри во други населени места. Министерството за животна средина обезбеди финансиска конструкција со партнер од Словенија за пречистителната станица, која ќе биде една од најголемите во Македонија. За неа ќе се потрошат седум милиони евра, а во моментов се чека да се распише меѓународен конкурс за нејзина изградба.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=051D01333769844D837176B2964FDE90
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 09-Jan-2009 at 04:37


Јас бев против двоење на Ѓорче, но ако веќе они така сакаат нека повелат (нормално треба да се направи дистинкција помеѓу градоначалникот и жителите).
Ама она со проширувањето на границите не верувам дека ќе пројде. Оние во Влае ни за жива глава нема да се сложат да бидат под Ѓ.П. иако лично сметам дека навистина требаше да се почитуваат природните граници што ги спомна Сокол.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 15-Jan-2009 at 08:33
ВИОЛЕТА АЛАРОВА - Партиска кампања ми го изгради лошиот имиџ

Градоначалничката на Општина Центар вели дека деновиве е ослободена од сите обвинувања и дека се сопрени сите кривични гонења против неа

Единствената градоначалничка во Македонија, Виолета Аларова, за која се врзуваат многу афери, го турка и вториот мандат како прв човек на Општина Центар. За трет мандат не ни помислува.. Во разговорот за „Дневник“ вели дека зад себе остава успешни проекти, но жали за неколку што не ги спровела. По истекот на оваа функција планира да му се посвети на семејството, но и да ја продолжи нејзината кариера како новинар.

* Девет години сте на чело на општината Центар. Во каква состојба ја затекнавте и во каква ќе ја оставите?

- Нормално е во девет години да се случат позитивни нешта. Кога првпат влегов во општинската зграда, првиот впечаток што го добив беа нетранспарентноста и затвореноста. Се разбира, за тоа придонесуваше и тогашниот Закон за локалната самоуправа. Затекнав неколку детаљни урбанистички планови и неколку инфраструктурни проекти кои беа почнати, а јас ги довршив. На пример, целосно ја обновив на улицата Максим Горки, поставив нова фекална и атмосферска и водоводна канализација се' до плоштадот Македонија. Сакав да ја хуманизирам општината, па затоа поставив 2.000 нови клупи за да може луѓето да седнат да си поприкажат. Почнавме со целосна реконструкција на уличното осветление. Прва цел ми беше Центар да биде безбеден, да е осветлен, со асфалтирани улици. Во првиот мандат од 4 години донесов околу 45 урбанистички плана. Останаа само Маџир Маало и Крњево, поради тоа што планот го враќаат од Министерството за транспорт и врски. Но, јавната анкета е завршена и би требало Советот на општината да ги усвои најдоцна до февруари. Го реконструирав Урбан паркот, кој беше небезбедно место и неосветлено, но сега е катче за уживање и се надевам дека убаво ќе се вклопи кога во околината ќе се изградат новите згради. Ми пречи кога се носат новите детаљни планови, а не се води сметка за зеленилото. Порано со закон беше точно определено на колку жители колку квадратни метри зеленило треба да има. Но, сето тоа се изгуби во некои правилници од Министерството за транспорт и врски.

* По што ќе го паметите Вашиот мандат?

- По улицата Македонија и по тоа што најмалку ми помогнаа луѓето од кои очекував најголема поддршка, моите колеги - новинарите. Единствено жалам што во општината нема лојалност и дека работев со кадар што го затекнав, кој во просек има 55 години, а не знаат да направат ниту електронска набавка.

* Во јавноста често се дебатираше како работите, дека имате селективен однос. Ве нарекуваат градоначалник Доларова! Зошто сте им оставиле таков впечаток?

- Најверојатно затоа што бев успешна. Направив многу зафати и затоа можеби сметаа дека се вложени многу пари. Но, резултатите што ги постигнавме не зависат од големината од буџетот, туку од домаќинско работење. Можеби таквиот впечаток е производ на партиска кампања. Сакам да кажам дека деновиве сум ослободена од сите обвинувања. Докажав дека станот за кој ме обвинуваа е на син ми, како што тврдев уште од самиот почеток. Сопрени се сите кривични гонења против мене. Тоа беше тежок период, кој мораше да се преживее.

* Дали во време на светска економска криза е оправдано да се потрошат девет милиони евра за изградба на споменици?

- Никогаш нема да одбијам донација, која ќе и' помогне на општината. Јас сум среќна што Министерството за култура токму во мојата општина сака да донира пари за културно издигнување.
Парите не се одвоени во време на рецесија, туку беа претходно предвидени во буџетот. Општината Центар е безлична и тие споменици и' се потребни. Кога ќе дојде гостин, нема каде да го прошетате, нема ниту пред што да се сликате. Центарот на главниот град зборува за целата држава. Ќе имаме прекрасна музичка фонтана во сите бои, вода во млазови од над 15 метри и чудесен мозаик во фонтаната.

* Со скопскиот градоначалник Трифун Костовски не се согласувате за ниту еден план или проект кој е од капитално значење за градот и за граѓаните. Зошто?

- Имаме многу добри меѓусебни односи. Недоразбирањата се должат на лошиот Закон за град Скопје. Според овој Закон, не се знае што е надлежност на општината, а што на Градот. Не може на една територија да има двајца газди. Ние имаме една замисла, а тие друга за иста територија. Костовски подигна нов мост кој се коси со булеварот Крушевска Република. Големата инвестиција - клучката кај „Континентал“ - е дивоградба и не се совпаѓа со генералниот урбанистички план. Но, вербално го поддржав и дозволив да се гради. Истото се случува и со проширувањето на улица Илинденска. Не можам да му издадам дозвола, бидејќи тоа не е предвидено во ГУП. Ако се смени детаљниот план, ќе дозволам да се гради.

* Да имавте на располагање девет милиони евра без обврска да ги потрошите за изградба на споменици, во кој дел од општината ќе ги инвестиравте?

- Пак ќе градев споменици. Жалам само за еден проект што не можев на го спроведам, а тоа е да го уредам кејот од „Холидеј ин“ до Комплексот банки кој сега е во очајна состојба, а може да биде стимул за економски развој. Културниот и уметничкиот живот на скопјани треба да се пресели на Кејот, кој треба да се отвори со повеќе скалила кон долниот дел од коритото. Тоа би било идеално место за фонтани, детски игралишта, два-три угостителски објекти со огромни кирии за да може просторот околу нив да се уредува. И просторот кај црквата „Пресвета Богородица“ може поинаку да се уреди. Долу на Кејот може да се изградат ресторанчиња по примерот на белградска Скадарлија. Тој дел би изгледал како од бајки. Предвидена е и изградба на мост со стаклено дно за граѓаните да можат да ја гледаат реката под своите нозе.

* Дали ќе се кандидирате за уште еден мандат за градоначалничка?

- Нема да бидам кандидат за градоначалник на Општина Центар. Дадов максимум, а на идниот градоначалникот му посакувам да продолжи со истото темпо со кое работев. Можеби повторно ќе се вратам на новинарството. Ја напишав својата трета книга, која во следните три месеци ќе излезе од печат. За човек што пишува нема пензија. Сега сум поискусна и имам храброст да пишувам за многу работи.

Дневник - Марија Тасев - 13.01.2009

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 15-Jan-2009 at 08:36
Ни оваа незнае што збори! Од каде мостот дивоградба кога е согласно со гуп.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 15-Jan-2009 at 08:44
интересно е колку добро звучи текстов, сепак морам да кажам дека сите обвинувања досега односно се за што е самата градоначалничка обвинета мислам дека ниедно не е докажано, тука освен криминалните обвинувања мислам и на обвинувањата за неагилноста на општина центар да го среди центарот на нашава ни метропола. можеби секој може да гледа позитивно или негативно на нејзините одлуки и досегашното работење, но факт е дека жената успеа да куртули покрај толку многу волци кои ја опкружуваа! незнам зошто толку фама се крена околу неа а пак луѓето и по втор пат гласаа за неа, но како би рекле ЕО "како бубањ каже" а бубањот односно медиумите ја истаманија небаре заради неа скопје е сеуште заглавено во дваесетиот век. немам некои посебни симпатии кон дотичната градоначалничка, но како прва жена градоначалник во Македонија сепак мислам дека е ред достојно да се испрати од една од нај опасните позиции за градење позитивен имиџ во животот Smile 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 15-Jan-2009 at 08:46
Ја мислам дека ќе ја лежат и нејзе. Ќе и намигне и нејзе некое змиско око!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 15-Jan-2009 at 09:03
па ако вели дека паднала тужбата за станот незнам за што друго можат да и врзат машна, можеби за тоа што парафирала дупови по волјата на централната власт LOL или пак што терала инает со Трифун за потеклото на чакалот во вардар!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.