build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 02-Mar-2009 at 13:24

Карпош, пример за успешна и модерна општина - 26.12.2008
Општината Карпош може да се пофали дека е една од најмодерните општини во државата. Како потврда за тоа е и денешниот прес на в.д. градоначалникот Сашо Димиќ кој пред новинарите ги презентираше преземените активности на општината во моментов.
 Градоначалникот Сашо Димиќ најави дека општината од денеска добива нова бесплатна телефонска линија 0800 111 22 на која граѓаните ќе можат кога сакаат да се јавуваат и да ги пријавуваат комуналните проблеми, а општината ќе биде задолжена во рок од 48 часови од моментот на пријавување истите да ги реши.
“ Со оваа линија сакаме да започнеме еден нов систем на работа во општината наречен ФХ 48. Тоа значи дека од моментот на пријавувањето на било каков комунален проблем од страна на граѓаните, било да се работи за прегорена сијалица, скршена канделабра, ударна дупка, градежен шут, општината во рок од 48 часа ќе го отстрани тој проблем. На истата линија ќе може да се пријавува и корупција. Телефонските повици ќе бидат анонимни.
Димиќ потенцираше дека ваков принцип на работа има само во општината Инџија во Србија која неколку години по ред е прогласувана за најдобра општина. Овој начин на работа е преземен од американската држава Балтимор, а општината Карпош е втората општина во Европа која ќе го применува истиот.
Од наредната година општината Карпош во соработка со пензионерското друштво “Карпош“ го започнуваат проектот “Безбедност на децата во сообраќајот“ кој предвидува на сите пристапи до училиштата и градинките да има по еден јасно означен пензионер и по еден полицаец кој ќе се грижат за безбедно движење на децата.
“Проектот е подржан од локалниот совет за превенција, МВР, ОБСЕ, Јавниот обвинител и голем број на невладини организации како и од советот на општината“, рече Димиќ.
Уште еден проект на општината Карпош е изградбата на црквата во реонот на Карпош 3. По тој повод денеска градоначалникот Димиќ одржа работна средба со архиепископот г.г.Стефан.
“На денешната средба со архиепископот г.г. Стефан ги договоривме наредните чекори кои треба да се преземат, за во недела договориме формирање на црковен, управен и надзорен одбор, кои треба да се формираат до нова година а веднаш потоа започнува изработката на сите потребни документи за градбата. Планираме до крајот на јануари да започнеме со изградбата на камен темелникот, изјави Димиќ.
Покрај овие проекти општина работи и на многу други проекти. За издвојување се затварањето на сите ударни дупки на главните улици низ целата територија на општината, потоа спремноста на општината во поглед на зимската служба, тие се прва општина во Скопје кои имаат набавено доволни количини на сол за зимската службата, а обезбедена е и потребна механизација, потоа ќе се продолжи со изградбата на 11 паркинзи во Карпош 3 каде има најголем градски метеж, чистење на општината секој викенд.

НетПрес - 26.12.2008

Почитувани  сограѓани,

Брзината и ефикасноста во решавањето на проблемите била постојана потреба на граѓаните на Општина Карпош.

Проектот “ЕФЕКТ 48“ значи одговор на овие потреби.

Проблемите од областа на урбанизмот, екологијата, јавната чистота, дивите депонии, осветлувањето, основното образование, административните работи, односот на општинската администрација, мито и корупција во општината, сметаме дека не трпат одлагање. Со јавување на бесплатната телефонска линија 0800 111 22, секој од Вас може да извести за проблем кој е под надлежност на општината, а ние се обврзуваме да интервенираме и одговориме во рок од 48 часа.

За проекти за кои е потребен поголем временски период, ќе Ви биде даден одговор за динамиката со која Општина Карпош планира да го реши пријавениот проблем. Доколку се утврди дека пријавениот проблем не е под ингеренција на Општина Карпош, нашите служби ќе ве упатат на вистинската адреса.

„ЕФЕКТ 48“ е систем кој успешно функционира во неколку општини во САД и ЕУ. Овој систем означува директен, транспарентен и ефикасен начин на комуникација помеѓу Вас и Општината Карпош. Во насока на поубаво и поквалитетно живеење на нашата Општина, Ве охрабруваме да го користите овој начин на комуникација.
 
ОПШТИНА КАРПОШ

в.д. Градоначалник
Сашо Димиќ

www.karpos.gov.mk/pnews.htm

НетПрес - 28.02.2009  

Кол центарот во општина Карпош почна да функционира со нова опрема - 13.02.2009

Со денешното завршување на инсталација на софтверското и хардверско решение проектот “ЕФЕКТ 48“, ги доби своите контури. Инсталирани се мастер телефони, централа и софтверски решенија. Со самото ова од денес сите процеси се во целост покриени со што и водењето на внатрешните процеси е целосно компјутеризирано.

Според в.д. градоначалникот Сашо Димиќ “со ова решение системот на превземање на повиците е во целост компјутеризиран, со што постигнуваме високо ниво на функционирање на овој кол центар“.

“Самото отворање на оваа бесплатна линија 0800 111 22 и големиот број на јавувања секој ден, покажува дека интерес на сите граѓаните на општина Карпош е да живеат во подобра средина и да се грижат за неа“, изјави градоначалникот Димиќ.

Кол Центарот работи секој ден од 08.00 до 20.00.

Нетпрес - 13.02.2009

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 07-Mar-2009 at 15:16

Originally posted by lslcrew

Pushtete na telma ima soochuvanje na 6 kandidati za gradonachalnik na skopje!

ова е репризата од сношти! патем со вакви емисии од еден два саати нема абер, треба турбо емисија со некои 5-6 саати каде ќе се разглоби колку толку се, а и тоа е малку со оглед дека реално би требало да земат учетво пример и експерти или самите граѓани, затоа најдобро е некоја трибина да се организира која ќе ја покрива некој медиум!

доколку вака завршува се тргни застани со недоречености и никакви поенти не само што нема ефект од емисииве туку само забуна внесуваат, на крај незнаеш кој  за што се залага или пак што оправдува и подржува а со што не се сложува. фактички ова е некој вид празно соочување каде само можат да се чујат нечии позиции, но не и да се истера издржана дебата! можеби и до водителката е но попрво мислам дека за вакво нешто самиот град треба да е најповикан, да ги собере сите кандидати на трибина и да се отворат сите карти и да се соочат сите кандидати.

џабе ова емисииве од саат време! сакам кажам незнам речам, сеир и теории на млака вода!     

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 07-Mar-2009 at 15:37
У право си бетон! Башка ќе те надополнам. Мене ми е чудно со која леснотија и ладнокрвност се разговара за теми како црква на плоштад и двокатни! Еднава од кандидатките почна да го тупи нешто околу секуларност а и сама незнае што е тоа, а другиве по нејзе "да да стварно...." како првачиња, а третиот па новодно смирува страсти и ја правда владата во идејата! Со двокатниве такоѓер. Ми фати око и разговорот околу "тарамвајот". И во разговорот еден од кандидатитепротажирајќи се дека е со "високи стандарди" рече дека ќе се залагал дури и за изградба на железница (лесна, лрт). Незнам они сите тамо дали знаат дека уствари во Скопје не се гради трамвај него ЛРТ?! Исто така примедба имам и на новинарката што незнае да створи дебата, него ова личи на некоја приспивна ноќна емисија!

Кандидативе се.....

Сите до еден!!! Јас стварно досега немам капацитети од ваков избор да го извлечам најдоброто! седнале цреп до цреп у студио и само сеир да гледаш!


Edited by lslcrew - 07-Mar-2009 at 15:39
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 07-Mar-2009 at 16:08

во случајов од сите на маса како најагилни ми делуваат Коце и Лазо, со оглед дека како личности и донекаде се имаат докажано, едниов во зелс и гази баба, а другиов со успешната имплементацијата на воени стандарди.

е сега кој и да дојде со постојниов закон ќе мора како што кажа Коце турбо да се посвети на работата, во смисла постојано да ги пегла со општините иницијативите и проектите, што значи егото под маса а на маса рамноправен однос кон другите градоначалници. доколку идниот градоначалник се однесува како Трифун сакајќи да се наметне над сите останати како газда, тогаш повторно нема да имаме функционален град.

но она што велиш за човекот, да тој треба да е некој што имал искуство или знае за што се кандидирал, но уште повеќе е битно со какви луѓе ќе биде опкружен, не е возможно да се успее во намерите  и градот да профункционира, доколку нема построг систем на елиминација и награда, каде штом некаде некој потфрла или не дава резултати истиот до себе  ќе има спремна замена, ова мислам административно пред се!

исто она со инспекциите мора да подлежи на сличен третман, па дури и построго, пример да им се наметне норма која мораат да ја исполнат во одреден рок, слично како кај сообраќајците а и да има повеќе ревизии или нешто налик за иста работа да контролираат повеќе различни инспекции  и од државата и од градот особено за хтз, хтп  и комунална,  кои иако постојат сега и на државно и на локално ниво, истите не само што не се усогласени и самите себе да се ревидираат, туку и како механизам немаат право да издадат мандатна казна, можат само пријави да пишуваат кои јасно е на крај каде и како завршуваат...         

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 07-Mar-2009 at 18:56
Поопсежен текст што ни промакна минатиот понеделник...

ОБЕЗЛИЧЕНА МАКЕДОНСКА МЕТРОПОЛА

Скопје го загуби градот

И покрај предупредувањата дека е дојдено до критичната точка во фрагментизацијата и обезличувањето на градот како целина, барањата за негова единствена организација не се прифаќаат


Експертите сметаат дека Скопје не е толку голем град за да мора да се дели на десет општини

Може да смени улична светилка на „Партизанска“, но не и пред влезот во некоја зграда, залудно да направи главна водоводна цевка, а водата преку споредните сепак да не стаса до домовите на граѓаните, може само да протестира кога на главниот градски плоштад другите решиле да ставаат споменици и да подигаат цркви. Во ваква апсурдна позиција ќе биде и новиот градоначалник по изборите во март поради системот на организацијата на Скопје, кое со децении претставува хибрид меѓу општините и градот.

Да биде град со пет, седум, десет општини или град без селски населби, град како една целина, со квартови, со силни или послаби градоначалници... се' уште е неразрешлива дилема која од година в година носи тешки последици за развојот и изгледот на македонската метропола. Урбанистичките експерти, поранешните градоначалници, граѓаните, укажуваат дека е дојдено до критичната точка во фрагментизацијата на градот и во неговото обезличување како целина.

- Смешно ми е кога треба да земам прирачник за да сфатам кој е одговорен зошто во мојата улица не е исчистен сметот, што има многу дупки, што не знам каде да се паркирам, што се исушило зеленилото. Знам дека има некаква поделба на надлежности меѓу скопскиот и општинскиот градоначалник, но тоа не ме интересира. Еднаш се собраа градоначалниците на Скопје Трифун Костовски и на Општина Центар Виолета Аларова за да ни ја поправат улицата, но улицата се' уште не е ни чепната. Сакам да знам која е вистинската адреса на која треба да се обратиме за нашите проблеми - вели Тодор Димовски, жител на улицата „50. дивизија“ во општина Центар.

МОЌТА Е ВО ОПШТИНИТЕ

Во последниве шест децении во Скопје се смениле неколку системи во организацијата на градот. Пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година, градот беше поделен на четири општини - Саат-кула, Кале, Бирарија и Идадија, за потоа се' до 1976 година да функционира како една градска заедница. Потоа градот е поделен на пет општини - Центар, Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба, а во 1996 година добива уште две нови - Ѓорче Петров и Шуто Оризари. Поделбата на рекордни 10 општини е направена пред четири години, од кога во рамките на градот се и општините Бутел, Аеродром и Сарај со свои градоначалници и градоначалник на Скопје, кои имаат измешани надлежности. Истовремено, државата на главниот град му обезбедуваше недоволни средства за развојот. Со 248 евра приходи по жител Скопје минатата година беше најсиромашната метропола во Југоисточната Европа. Има големи проблеми во градскиот сообраќај, хигиената, урбанизмот...

На истекот од мандатот, скопскиот градоначалник Трифун Костовски предлага посебен закон за Скопје според кој градот би бил организиран како една општина со квартови, дистрикти или месни заедници под јурисдикцијата на градот. Тој бара Скопје да има буџет што нема да биде помал од 30 отсто од државниот буџет, што би се направило преку зголемување на приходите од персоналниот данок и од ДДВ.

- Скопје има само виртуелна димензија на главен град. Поефикасно ќе биде ако тој биде само една општина. Од него да се одвојат руралните средини, кои подобро ќе се развиваат самостојно, а градот да се организира по квартови. Без ова, изборот на новиот градоначалник нема никакво значење - предупредува тој.Во изминативе месеци Костовски неколкупати дојде во судир со општински градоначалници околу поставувањето споменици, оградување на паркиралиштата и други комунални проекти. Тој има и сосема поинакво мислење од Владата, која планира да ја плати набавката на стотина двокатни автобуси за јавниот превоз во градот.

Законските прописи на градоначалникот на Скопје му овозможуваат да се грижи само за „магистралните“ сообраќајници, осветлението и зеленилото на јавните површини. Општините што имаат многубројна сопствена администрација, пак, се надлежни за грижата за проблемите на граѓаните по населбите. Гордана Силјановска, експерт за локална самоуправа, укажува дека има многу малку градови во Европа кои се поделени на општини. И таму општините ги немаат истите надлежности како главниот град.

- Скопје нема своја територија, туку се протега на териториите на општините. Градот е жив организам и претставува една целина во секој поглед, економски, урбанистички, бизнис, културен, еколошки. Ако продолжи вака и ништо не се смени, од метропола ќе се претвори во некропола - изјави неодамна Силјановска.Ристо Пенов, поранешен скопски градоначалник смета дека лидерите на најголемите партии не ги дозволуваат промените во главниот град за да нема уште една силна функција која можеби не ќе може да ја контролираат.

- Општините се тие што имаат урбанистичка моќ, тие издаваат маркички, дозволи за градба. Скопје има само формална сила со носењето на главниот урбанистички план. Потребни се измени со кои општините ќе се подредат под скопскиот градоначалник. Оти инаку ќе се случува тоа што се случува, да речеме, во Кучевишка Бара, скопскиот градоначалник да ја направи главната водоводна мрежа, а од страна на општински градоначалник со години да не се прави секундарна мрежа. Последиците се јасни: големите пари се залудно фрлени, а граѓаните немаат вода - вели тој.И Јове Кекеновски, универзитетски професор и поранешен градоначалник на Скопје, смета дека првиот човек на метрополата треба да има поголеми овластувања во однос на општинските.

- Вака, тој е осамен наспроти десетте општински градоначалници. Ако не им се разграничат надлежностите, повторно ќе се случуваат конфликти и опструкции - проценува Кекеновски.

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА РЕЗ

Најголемото раситнување на Скопје се случи во 2005 година кога градот е поделен на десет општини како последица на спроведувањето на новата територијална поделба на земјата по Охридскиот договор. Најконтроверзно беше исцртувањето на општинските граници на општина Чаир, како и приклучувањето на општина Сарај со Кондово, по што во градот официјално е воведена двојазичност. Во предлогот на Костовски се предвидува и во услови на нова организација Скопје да си ја задржи официјалната двојазичност во употребата на македонскиот и на албанскиот јазик.

Професорот од Институтот за географија Благоја Марковски укажува дека територијалната организација на Скопје мора да биде сменета.

- Мора да се знае што е градско, а што приградско и селско подрачје. Во потесното градско подрачје што, на пример, би го сочинувале населбите Чаир, Железарница, Автокоманда, Аеродром, Кисела Вода, Центар, Карпош, градоначалникот мора да има посилни ингеренции. Околните населби можат посебно да се организираат. Градот или е град или не е тоа - наведува Марковски.

Извесно е дека статусот и организацијата на Скопје ќе станат тема на предизборните дуели во пресрет на локалните избори. Коце Трајановски, градоначалник на Гази Баба, претседател на ЗЕЛС и кандидат за градоначалник на град Скопје од владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека општините во Скопје треба да останат такви какви што се сега.

- Но, Законот за градот Скопје треба да се додефинира за да ги принуди на поголема координација општинските со скопскиот градоначалник. Тоа ќе ја запре појавата повремено градоначалниците да се игнорираат меѓу себе што е штетно за Скопје. Голем рез со укинување на општините сега не е потребен, оти не се искористени сите средства за да профункционираме како еден организам. Ако и евентуалните нови законски додефинирања не вродат со плод, дури тогаш треба да се размислува за други решенија - смета Трајановски.Тој го наведува примерот со Софија која во минатото имаше систем како нашиот.

- Таму пред неколку години го укинаа тој систем и воведоа квартови. Меѓутоа, од последните локални избори повторно се вратија на општините и непосредно избраните градоначалници. И Белград има слично решение како нашето - објаснува Трајановски.

Неговиот противкандидат Тито Петковски, меѓутоа, силно ја поддржува опцијата Скопје да стане единствена целина.

- Скопје не може да биде метропола ако е поделено на десет општини. Едноставно, еден град не може така да функционира. Проект над проектите е на градот да му се смени организацијата и тој да добие единствена централна управа - објаснува Петковски.

Државните власти досега не гледаа благонаклоно на иницијативата за укинување на скопските општини. Министерот за локална самоуправа Муса Џафери неодамна изјави дека тоа би претставувало грешка.

- Одвојувањето од урбаната средина нема да им помогне на руралните општини. Напротив, ќе ги изолира. Сметам дека ова прашање не треба да се наметнува зашто ќе отвори и многу други теми - изјави тогаш Џафери.Изет Меџити, градоначалник на скопската општина Чаир, смета дека сега е приоритет општините да се зајакнат финансиски.

- Тоа значи во општинските каси, наместо досегашните три отсто, од главните даноци да се издвојуваат десет отсто. Нема потреба да се менуваат границите на градот. Може да се дебатира за тоа, но во никој случај нема да прифатиме да се загрози употребата на албанскиот јазик - истакна Меџити.

Метрополата како заложник

Професорот на скопскиот Архитектонски факултет Минас Бакалчев укажува дека Скопје сега е претворено во нефункционален град.

- Скопје едноставно е ставено во позиција на град-заложник. Тој не е толку голем град за да не може да биде единствена целина. Сега имаме ситуација во која тој не функционира, се растура во себе, со општините што стануваат самодоволни и на свој начин решаваат за многу нешта. Следниот чекор може да биде поставување ѕидови како во Никозија. Се игнорира целината на градот која неповратно тоне - предупредува Бакалчев.

ИНФО-Збир без целина

Педесетина години не може да се дефинира концептот врз кој треба да се базира територијалната организација на главниот град на земјава. Градот во досегашната историја функционираше како единствена целина, а во последните педесетина години како збир на пет, седум и, сега, на десет општини. Сега се предлага тој да биде организиран како единствена целина без општини и ослободен од руралните средини. Се предлага и поинаков начин на негово финансирање. Меѓутоа, ваквите барања со кои треба да се запре неговата фаргментизација се' уште не се прифаќаат.



Извор: Дневник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 08-Mar-2009 at 00:01
Иако силно подржувам промена на моделот на функционирање на Скопје, не би го напуштил бирањето на локалните челници на непосредни избори, без разлика дали ќе останат општините или би еволуирале и би се прекрпеле во нешто друго.

Она што е потребно е значително засилување и допрецизирање на ингеренциите на градот (со сведување на минимум на можноста за упад и политички влијанија од други центри), а нормално со тоа и значително зајакнување на финансиите. Градот треба да гради и одржува инфраструктура, да диктира и да координира активности помеѓу општините, да има реално владение над најзначајните простори како плоштадот Македонија, калето и слични... Улогата на општините во состав на градот треба значително да се намали и тие да се занимаваат со поспоредните локални работи кои лошо се управуваат централизирано, но како што кажав, непосредното бирање на локалните претставници мора да се задржи.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 08-Mar-2009 at 01:47


Која е целта да се бираат локалните челници непосредно?

Јас улогата на скопските општини би ја свел на ниво на експозитури на централната градска власт. Не гледам логика град со големина на Скопје да има толку локални моќници макар и ингеренциите биле кристално јасни.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 08-Mar-2009 at 02:05


Затоа што поставување клупи и корпи за отпадоци во Лисиче тешко се менаџира од некоја идна градска куќа, а доколку локалната „експозитура“ потфрли, на избори да можат да се казнат токму оние кои потфрлиле, а не градоначалникот доколку тој ја завршил добро крупната работа како инфраструктурата (затоа што да бидеме реални, не може еден градоначалник да постигне да се занимава со сите проблеми во сите скопски општини, тој треба да се занимава со крупните работи и оние работи кои преминуваат границите на поединечни општини). Или пак обратно, зошто на избори да не може да се казни скопскиот градоначалник, а истовремено да се награди некој општински градоначалник доколку првиот потфрлил, а вториот добро си ја завршил својата работа? Едноставно мислам дека може добро да се издиференцираат надлежностите во два прецизни пакети од кој што едниот подобро се менаџира централно, а другиот подобро се менаџира децентрализирано и секој субјект да си ја брка својата работа, а за тоа секој посебно да биде оценет на избори, а не во пакет.

Поентата ми е дека со јасни и логично ограничени ингеренции на локално ниво не би се работело за моќници како што викаш, туку тие општински татковци и нивните администрации (сведени на разумно ниво) ќе бидат што повеќе во вистинска служба на граѓаните очекувајќи оценка за својата работа на избори, наместо да бидат посредно делегирани или не дај боже перманентно вработени во некаков инертен бирократски апарат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 08-Mar-2009 at 03:46
Идејата за избор на локалните раководители преку избори е интересна, но тие да бидат само една раковдона личност како досега градоначалникот и неколку локални советници, ане како до сега толку голем број локални советници. И ако се иде со кавртови треба да имаме некоја бројка од 20-30 квартови кои би биле еднакви на две до три сегашни урбани заедници. Исто така тие локални раководители би сочинувале некој градски совет. Треба сепак да се изнајде некој начин на ефикасно раководење колку тоа и да изгледа чудно, ново и невидено во нашата држава! Немора ние да измислуваме нишпто ново, доволно е да прекопираме некој пример од сличен град во светот, а примери има многу.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 08-Mar-2009 at 04:28
Јас да се поправам околу методот кој го наметнав. Ваков имамвме сличен парламентарен модел којсе покажа како неуспешен па моравме да го промениме. Очигледно најдобро ќе биде градски совет да ги бидеа двотретински локалните кметови па така нужно ќе биде пре-договор околу целата листа која после би требало да има можност да се гласа у пакет!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 08-Mar-2009 at 04:35

досега не ни пробавме да видиме каков ефект има од посстојниов закон, бидејќи досегашниот градоначалник не ни најде време истиот да го разработи.  во моментов  градот не е блокиран од инаетот на општините, туку  од ароганцијата на градскиот татко, несакајќи да се посвети на пеглањето на разликите и наоѓањето заеднички јазик со останатите. можеби измени треба на законов односно допрецизирање на недореченостите како што е повлекување јасни црти околу надлежностите, но целосно централизирање никако...

главниот проблем според мене кај новава промена што ја бара Трифун е кршењето на законот за рамноправна застапеност ова дефакто ќе внесе хаос во ионака кревкиот рамковен договор, па преку мала врата истиот ќе се отвори можност да биде утре заобиколуван и на други нивоа!!!

инаку еве и малку појасна табела од истиот текст од дневник погоре, за надлежностите на локално ниво во СК, од неа јасно се извлекува заклучок дека постојниов закон е прилично функционален.

 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 08-Mar-2009 at 04:47
Ај бетон и ти сега, законов бил функционален ама трифун не чини!!! Моменталниот метод си нема везе. Факт е дека нема никаква функционалност, само уште една мала група граѓани би го компензирале функционирањрто на градот ви замена за некакви технички прашања кои се идеологизирани. Не е проблемот во Трифин во законот е! Еве ај сега ќе видиме од април како ќе течат работите. Пак исто. Единсвено овој закон може да функционира во делови каде што и двакцата градоначалници се од иста партија, па ај да речеме дека ингеренциите се на купче, ама пак градот неможе да функционира нормално. Па неможе еџксклузивитет на плоштадот да има само еден дел од градот односно општина центар, или па ексклузивцитет врз чаршијата да има друг дел, а градот како институција да има врзани раце.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 08-Mar-2009 at 05:22

 јасно дека и градот треба да има право на глас, но тоа не мора да значи централизирање на власта, а дека за функционалност треба едноумие тоа не е точно, треба компромис, па зар денес не живееме во демократија. 

инаку за ингеренциите треба јасно допрецизирање на законот, најпрво треба да се повикаат тие што го сработиле и да се види до кај им бил паметот кога предлагале матни ингеренции, дали можеби тоа го направиле намерно изрешетан со дупки законот за да може истиот да се злоупотребува или пак навистина имале добри намери но во брзање им излетале некоја попрлично запирки и извичници!?

инаку нормалното функционариње ќе биде резултат на поголема фискална децентрализација, а не централизирање на власта!               

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 08-Mar-2009 at 05:43


Од Трифун ми се повраќа, ама далеку од тоа дека он ги креираше проблемите и предусловите за лошо функционирање на градов.

И со кого побргу градоначалникот на Скопје треба да прави компромис околу плоштадот на пример? Со општина центар или со централната власт? Јасно е таму кој ги има и кој треба да ги има ингеренциите. Не ќе да е вината до Трифун, како и во многу други ситуации на релативизирање на градот. Јасно е кој ја замеша таа манџа!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 08-Mar-2009 at 06:01

па добро комбинаториките можат и обратно да одат, односно што ако централната власт во тој случај го има градоначалникот!?

но поентата е како преку постојниов закон да се успее да се истераат капиталните проекти, тоа е возможно само со поголема фискална децентрализација и јасно со компромис односно заеднички со останатите засегнати општини.

инаку и Трифун не е крив што не му објасниле појасно во што се впушта и како треба да се однесува во рамките на ова што го има на маса во моментов како закон. човекот потфрли само заради немањето грб, ниту се сложи со опозицијата ниту со власта, а капак сакаше да остави свој печат, но освен слики по весниците и телевизиите не остана нешто многу зад него. 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 08-Mar-2009 at 13:45
Не се слагам со вас. Како што реков локалните градоначалници може да останат во некоја друга форма со локални обврски и ингеренции (примерот со клупите во Лисиче на Кловер) но истите исклучиво да ги прават со амин на централната градска власт. Нивната функција може да биде и да ги документираат потенцијалните проекти и да ги приложуваат на централнта градска власт со цел да бидат одобрени и да се одобрат финансии, но не повеќе од тоа.

По логиката на непосредно гласање може да гласаме и за директор на ЈСП и на Водовод. Зошто ако некој добро го работел Водовод да го казниме на сметка на тој што лошо го работел ЈСП и обратно.

На крајот на краиштата тоа се наши буџетски пари. 11 совета, градоначалници и администрации плус специјален тим на преведувачи за општина аеродром за да сајтот им биде на 6 јазици. Сето ова може да се оптимизира многу подобро и парите се усмерат во битни проекти.


Edited by pbanks - 08-Mar-2009 at 14:46
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 08-Mar-2009 at 14:43
Џуро добар ти е примеров со директотриве. Така уствари би имале 20-30 локални директори кои би биле исто назначени како и овие сега. Ќе раководат некои општински служби и ќе документираат проблеми. Нормално тие директори може да може да се бираат во пакет со цел да ја направиме побезболна процедурата. Пошто ако се иде со еден по еден тогаш си знаеме у какво нискосовесно општество ме, вака во пакет барем знаеме дека така однапред се договраат партиите па после гласањето на советите е формалност, а и треба да биде.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 08-Mar-2009 at 14:49
Originally posted by lslcrew

Џуро добар ти е примеров со директотриве. Така уствари би имале 20-30 локални директори кои би биле исто назначени како и овие сега. Ќе раководат некои општински служби и ќе документираат проблеми. Нормално тие директори може да може да се бираат во пакет со цел да ја направиме побезболна процедурата. Пошто ако се иде со еден по еден тогаш си знаеме у какво нискосовесно општество ме, вака во пакет барем знаеме дека така однапред се договраат партиите па после гласањето на советите е формалност, а и треба да биде.


Не сум сигурен дека добро се разбравме а и гледам дека прилично нејасно сум го напишал претходниот пост бидејќи го пишував некако на брзање.

Во кратко. Мислам дека треба да гласаме само за централна градска власта а од таму да се врши делегацијата на локалните власти кои би биле далеку порационализирани од овие сега и би биле исклучиво експозитури на централната градска власт.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 08-Mar-2009 at 14:55
Да да точно и мене ми беше тоа идеја. Да бираме само градска власт, а птоа малку го разгледував методот како да се ибираат локалните кметови ама тоа да биде безболно и без страв дека ќе има тензиччно надглласување и дека ќе настанат "губење населби". Крај крајева више преку таквото од толку пазење, ова е нешто што треба што поскоро да се истера како проект! И да се надополнам од прееска, може да речеме кале, чаршија и слично да имаат посебди раководители и да функционираат како нешто што е комплетно под капа на градот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 08-Mar-2009 at 14:58
Originally posted by lslcrew

Да да точно и мене ми беше тоа идеја. Да бираме само градска власт, а птоа малку го разгледував методот како да се ибираат локалните кметови ама тоа да биде безболно и без страв дека ќе има тензиччно надглласување и дека ќе настанат "губење населби". Крај крајева више преку таквото од толку пазење, ова е нешто што треба што поскоро да се истера како проект! И да се надополнам од прееска, може да речеме кале, чаршија и слично да имаат посебди раководители и да функционираат како нешто што е комплетно под капа на градот.


Се сложувам. Се оглед на нашата партиска некултура вака ќе се гарантира и понормално водење на градот бидејќи нема да го има конфликтот општина-град ако се различни партии на власт.

За турска чаршија. Пред се е битно законски да се дефинира посебно тој простор. Најчевска од кандидативе има таква идеја колку што разбрав и тоа е за поздравување.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.158 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.