build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 25-Jun-2009 at 11:18

Урбанистичките планови главен приоритет на Скопскиот плански регион

Изработка на поголем број детални урбанистички планови, развој на комуналната, транспортната и енергетската инфраструктура, на земјоделството и руралниот развој, на економскиот пораст, како и на заштитата на животната средина


%20
Ова се приоритетните предлози за надминување на проблемите во Скопскиот плански регион, кои беа презентирани на вчерашната седница на советот за развој на овој регион, а технички беа поддржани од УСАИД-проектот за локален економски развој.

Во Скопскиот плански регион има 18 општини заедно со градот, а преку изработката на заедничките проекти на две или повеќе општини и со нивно решавање ќе се овозможи обединување на градоначалниците во овој регион.

Тони Трајковски, претседателот на регионот и градоначалник на општината Гази Баба, вчера ја отвори и канцеларијата на Центарот за развој на овој регион, која ќе има оперативна цел и преку неа ќе се подготвуваат планираните проекти.

- Оваа канцеларија е сместена во просториите на ПСМ-фондацијата во Гази Баба, која е најголемата општина во скопскиот регион, а со тоа и јас како градоначалник сум назначен за претседател. Овој регион е последен по формирање, бидејќи во изминатиот период имавме проблем со општината Петровец. Ќе се направи екипирање на Центарот со двајца соработници и еден раководител, кој ќе се избере на јавен конкурс - објасни Трајковски. Како што нагласија градоначалниците од скопскиот регион, секоја општина се соочува со различни проблеми, бидејќи постои голема разлика меѓу урбаните и руралните делови, со што ќе се нагласуваат различни приоритети за решавање на проблемите.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62591041413&id=14&prilog=0&setIzdanie=21721
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 11-Jul-2009 at 14:11

Државата ги осиромаши јавните претпријатија, па сега ќе ги закрепнува

Шесте градски комунални претпријатија насобрале долг од 12 до 15 милиони евра за пет години, откога им се укина повластената стапка на ДДВ, па од градот најавуваат дека заедно со централната власт ќе бараат решение

%20
Градската управа заедно со Владата, Министерството за финансии и со Управата за јавни приходи ќе бара решенија за да се растоварат шесте градски јавни претпријатија од долгот што го насобрале за неплатен данок на додадена вредност во изминативе години, најавуваат од градот. Градоначалникот Коце Трајановски неодамна истакна дека овие долгови, кои достигнуваат од 12 до 15 милиони евра, ги оневозможуваат претпријатијата да ги извршуваат своите обврски со полн капацитет. Според него, овие наследени обврски се главната причина за лошата финансиска состојба во градот.

Данокот на додадена вредност се воведе од 1 април 2000 година, но тогаш, додека за сите даночната стапка беше 19 отсто, за јавните претпријатија имаше повластена од пет отсто. Сепак, од 1 април 2003 година Министерството за финансии подготви законски измени со кои се воведе линеарна стапка од 18 отсто за сите, вклучувајќи ги и јавните услуги. Оттогаш почнал да се собира долгот кај речиси сите претпријатија. Тие не биле во можност редовно да ги плаќаат високите давачки, бидејќи своите услуги ги наплаќаат одложено и во помал процент отколку што им фактурираат на корисниците. Поради ненавременото плаќање на обврските, како што истакнуваат од градот, долгот на претпријатијата се зголемувал со каматирањето на основниот долг. Иако Владата во 2007 година го намали данокот на додадена вредност на пет отсто за јавните дејности, во рамките на европските препораки, сепак високите долгови и понатаму останале.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ има најголем долг за ДДВ, од седум милиони евра, а по него следуваат „Комунална хигиена“, со околу четири милиони евра, и „Улици и патишта“ со долг од повеќе од еден милион евра.

Од ЈСП велат дека неможноста редовно да го отплаќаат данокот на додадена вредност се провлекува неколку години, а се надеваат дека ќе им биде отпишан.

- Долгот на претпријатието за ДДВ изнесува 7,3 милиони евра. Немаме резервни фондови за да можеме да ги исплаќаме каматите, бидејќи корисниците на нашите услуги се единствениот извор за приходи. Позитивното салдо за минатата година беше поради субвенциите кои ни ги додели градот. Се надевам дека Владата ќе се обиде да најде решение за нашиот проблем и ќе ни го отпише долгот, како што тоа го направи со јавното претпријатие „Македонски шуми“ - објасни Александар Бошковиќ, директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Од кабинетот на градоначалникот Трајановски велат дека овој проблем на претпријатијата не бил случајно истакнат, бидејќи заостанатиот долг за ДДВ на претпријатијата го отежнува нивното функционирање, а со тоа и квалитетот на услугите на граѓаните.

Според европската регулатива, се предвидува јавните претпријатија да бидат ослободени од плаќање данок или тој да биде со повластена стапка.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7119101158&id=14&prilog=0&setIzdanie=21735
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 13-Jul-2009 at 23:20

Сто дена чистење депонии и паркови

Следната недела градоначалникот Трајановски ќе ги наброи проектите сработени во Скопје

Сања Наумовска

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, следната недела ќе ги соопшти резултатите од својата работа во првите 100 дена на градоначалничката позиција. Од кабинетот на Трајановски соопштуваат дека реализацијата на 30 проценти од програмата, која првиот човек на Скопје ја презентираше пред два дена, се однесува на сите градоначалници на неговата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Следната недела, велат во кабинетот, ќе се прецизираат проектите сработени во Скопје, со акцент на програмата на Трајановски, без да се споменуваат оние чија реализација тече, односно кои беа започнати од неговиот претходник Трифун Костовски. Во Градот Скопје не објаснија дали Трајановски само ќе ги наброи своите активности во изминатите три месеци или, пак, ќе се издвојат проектите со поголема тежина.

Најголемиот дел од времето во изминативе три месеци, новиот градоначалник на Скопје се занимаваше со расчистување на депонии и со слични комунални акции, но не започна ниту еден капитален проект. Напротив, со последниот ребаланс на буџетот се скастрија парите за поголемиот дел од важните сообраќајни проекти кои беа зацртани подолго време во плановите на градските власти. Трајановски настрана го тргна проектот за трамвајот, што заедно со последното поништување на тендерот за набавка на двокатни автобуси за скопјани значи простување со надежите за подобар јавен превоз.

Пари нема ниту за проширувањето на „Илинденска“ и „Гологанов“ се стопираат и проекти кои ги најавуваше и самиот тој, како што се кружниот тек кај Католичката црква, „Македонска војска“, како и изградбата на плоштад на кејот „Димитар Влахов“. Пари ќе има само за улицата „Благој Стевковски“ во Гази Баба. Иако дополу завршени, запре и поставувањето на жардиниерите на средишното зеленило на булеварите. Од проектите што се реализираат подолго време продолжуваат само „Видое Смилевски-Бато“ и клучката „Бит-пазар“.

Во меѓувреме, при секое излегување во јавноста, се добива впечаток дека градските власти најчесто се дружат со греблото и лопатата. Се реализираше акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“, која траеше по два дена во секоја општина и која ни оддалеку не ги реши комуналните проблеми со кои со години живеат скопјани. Се чистеа депонии и се закрпија дупки, а деновиве, заедно со Владата започна и акцијата за чистење на речните корита. Се уредува и Градскиот парк, исчистени се езерцата, поставени се нови кошници за отпадоци, а деновиве се подновуваат и пешачките патеки. Трајановски ги посети и месните заедници на кои се изнаслуша за проблемите на граѓаните, а во меѓувреме започна да ги поправа и пешачките патеки на мостовите кај „Александар палас“ и Обединети нации. Во првите 100 дена од владеењето со главниот град, Трајановски беше дел од скандалот со обвинувањата на невладините организации за наводно труење на кучињата-скитници во стационарот во Вардариште, како и несоодветната достава на решенијата за данок на имот кои се делеа на импровизирани камперски масички.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D5916C0C63D8064683A1AF2B3F8843D6
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 14-Jul-2009 at 16:54
За 100 дена 30% од програмата!? Значи во текот на мандатот со ова темпо ќе реализирате 1500%.
Де бре, аман немојте толку ефикасно, да не ни се слоши  Crazy

Инаку од она што што го гледам со свои очи, речиси ништо не се работи. Фактот што дури и жардињерите се заглавени доволно зборува за ситуацијата.
Би апелирал помалку да работите на невидливи проекти, а повеќе на видливи. Трифке бар лажеше дека работел под земја, па затоа не се гледале грандиозните зафати што ги реализирал со неговиот тим. Но вие не само што поставивте нови стандарди за потценување на нашата интелегенција, вие се однесувате како сите ние да сме слепи или хипнотизирани.


Edited by Cloverstack - 14-Jul-2009 at 16:55
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 13-Aug-2009 at 00:22

Уставен ќе ги разграничи Гази Баба и Чаир

Иницијативата до судот ја поднела општината Гази Баба, која смета дека Општината Чаир со урбанистичкиот план за Лирија 2 навлегла околу пет хектари во нејзината територија и зафатила дел од заштитениот зелен појас

Уставниот суд ќе ги разграничи општините Гази Баба и Чаир. Двете општини ќе мора да ја почекаат одлуката на највисоката судска институција пред да продолжат со донесувањето и реализацијата на урбанистичките документи. Иницијативата до судот ја поднела Општина Гази Баба, која смета дека Општина Чаир со донесувањето на детаљниот урбанистички план за локалитетот Лирија 2 навлегла околу пет хектари во нејзината територија и зафатила дел од заштитениот зелен појас.

- Заедно со Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам поднесовме иницијатива до Уставниот суд за да се преиспита донесувањето на Детаљниот урбанистички план за локалитетот Лирија 2, со кој Општина Чаир има навлезено во нашата територија - вели градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.Тој објасни дека претходно се обратиле и до Агенцијата за катастар на недвижности, со цел оваа институција да ја одреди границата меѓу Општината Гази Баба и Чаир во пределот на парк-шумата Гази Баба.

- Од Катастар ни одговорија со констатација дека постои неусогласеност меѓу законите за територијална организација и за град Скопје. Во двата закона се наведени две различни гранични линии меѓу општините Гази Баба и Чаир. Поради тоа, тие предупредија да се запре донесувањето на планската документација - истакна Трајковски.Истото го потврдуваат и во Агенцијата за катастар на недвижности.

- Границата на единиците на локалната самоуправа е дефинирана со Законот за Град Скопје од 2004 година. Но, поради нееднаквост на описите на границите помеѓу општините Чаир, Гази Баба и Бутел, препорачавме да се запрат сите активности околу донесувањето на урбанистичко-планската документација додека тие не се утврдат прецизно. Штом тоа ќе биде завршено, ние ќе подготвиме скици и описи на границите - вели Валентина Христова, портпарол во Агенцијата за катастар на недвижности.

Според Општина Гази Баба, проблемот е во тоа што и покрај овие предупредувања, Општина Чаир на крајот на минатата година го донела планот за Лирија 2, кој предвидува изградба на индивидуални куќи и зафаќа дел од зелениот појас. Државниот градежен инспекторат побара да се запре со извршувањето на планот, бидејќи е донесен спротивно со Законот за просторното и урбанистичко планирање.Од Општина Чаир велат дека се' уште чекаат на одговор од Уставниот суд.

- Уставниот суд го зеде ДУП „Лирија 2“ за да ја преиспитаат уставноста и законитоста на постапката при неговото донесување. Сметам дека тоа е само губење време, бидејќи сосема законски го изработивме планот, според подлога за планирање што ја добивме од Катастар и со согласност и од Градот и од Министерството за транспорт и врски. Поради стопирањето ние сме попречени во издавањето на локации и дозволи за градба, а со тоа во општинската каса не се слеваат пари за комуналии - вели Омерфејзи Билали, раководител на Секторот за урбанизам во Чаир.

Тој негира дека планот зафаќа дел од зелената зона на парк-шумата Гази Баба.  Планот има опфат од околу седум хектари и се однесува на делот од раскрсницата на „Џон Кенеди“ до Станицата за дератизација во Бутел на север, а на североисток и исток до Гази Баба. Тој е во согласност со Генералниот урбанистички план и не може да се ревидира. Сепак, ќе треба да се утврди кому му припаѓаат спорните неколку хектари, за кои Гази Баба тврди дека се нејзини - вели Билали.

Од Уставниот суд не добивме одговор до каде е постапката за овој случај, бидејќи се на колективен годишен одмор до септември.

Зелениот појас Гази Баба во 1963 година е прогласен за парк-шума и оттогаш се користи како природен еколошки, зелен и рекреативен објект. Во 1998 година Советот на Град Скопје местото го прогласи за карактеристичен пејзаж. Проблемот со изградбата на објекти во заштитеното подрачје почна во 2002 година, кога во урбанистичките планови се внесени денационализирни парцели на северната страна на парк-шумата, на територијата на Гази Баба. Поради изградбата на објекти во зелениот појас, во 2005 година протестираа Здружението на граѓани на населбата Железара и еколошкото друштво „Екомисија“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=86FFB34FDE206049807632C4AAA5E8B9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 27-Aug-2009 at 13:59

И новиот градски совет сака да биде на телевизија

Советникот Зоран Шапуриќ на вчерашната седница повторно ја актуализира старата идеја на Благој Чоревски, поранешниот претседател на советот, но овој пат градоначалникот Коце Трајановски рече дека веќе се прават напори таа да се оствари

%20
Седниците на градскиот совет треба директно да се пренесуваат на телевизија, порача на вчерашната седница Зоран Шапуриќ, советник од ЛДП. Тој вели дека кога можеле да се пренесуваат седниците на Владата и на други општини низ земјава, тоа може да се прави и со советот на главниот град.

- Градот треба да склучи договор со некоја телевизија за да се врши директен пренос од нашите седници. Со тоа ќе им се овозможи на граѓаните подобро да се запознаат со нашата работа и да бидат поблиску до информациите и до случувањата во советот. Ова веќе се спроведува во повеќе општини низ земјава, како Гевгелија, Битола, Охрид и други. А Скопје е главен град и ние треба да бидеме транспарентни - рече Шапуриќ.

Со тоа тој ја обнови иницијативата на поранешниот претседател на советот Благој Чоревски, кој уште во почетокот на својот мандат во мај 2005 година се заложи дека ќе стори сé за да го стави советот на телевизија, исто како што го има и парламентот, и сметаше дека најдобро е тоа да се договори со некоја локална телевизиска станица што емитува програма само на градското подрачје и во околината. Сепак, тој ја раководеше оваа институција повеќе од две години и не успеа да ја смести на малите екрани низ директни преноси.

Но сето тоа сега би можело да се смени ако се остварат најавите на градоначалникот Коце Трајановски, кој одговори дека веќе се разгледувала можноста да се пренесуваат седниците во живо и дека тоа наскоро ќе се реализира.

Вчера во советот се одржа првата седница наменета за советнички прашања, на која Трајановски се соочи со советниците. Тој одговараше пред сé на теми што се постојано актуелни во последниов период, како проширувањето на улицата Илинденска, за реконструкцијата на Градскиот парк, за измените во Генералниот урбанистички план, како и за цените за паркирање во центарот, за кои рече дека мора да бидат високи за да се воведе ред во сообраќајот. Некои поставуваа и општи прашања, како колку средни училишта има во Скопје, како се одвива распределбата на бесплатните учебници или колкави проценти од даноците добива градот. Советниците-Албанци и на новиот градоначалник му ги повторија барањата да се вработат повеќе луѓе од оваа етничка заедница во градската администрација, заради правичната застапеност.

- Сега се соочуваме со превработеност, така што ова прашање ќе се решава во иднина. Правиме студија за да ги исполниме тие обврски. Но во некои јавни претпријатија веќе има многу повеќе Албанци од минимумот потребен за правичната застапеност - одговори тој.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8269194114&id=14&prilog=0&setIzdanie=21774
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 04-Feb-2010 at 03:07

Водно и Гази Баба ќе добијат граници

Границите на парк-шумите Водно и Гази Баба прв пат по три децении од нивното прогласување за парк-шуми физички ќе се обележуваат за да се спречи понатамошното дивеење на падините од легални и од диви градби. Тоа ќе се случи годинава, за среќа на зелените површини на овие два локалитета и на сите граѓани што во изминатите години реагираа и протестираа поради бездушното уништување на „белите дробови“ на Скопје со изградба на ниски објекти, но и со масивни висококатници. Конечно ќе се знае до каде е градот, а од каде почнуваат шумите.

Урбанистичката инвазија на шумите придонесе за поместување на границите на градежниот реон. Поради необележаните граници на заштитениот зелен појас на планината Водно, општините Центар, Карпош и Кисела Вода усвојуваа детаљни планови по мерка на инвеститорите, а потоа градоначалниците имаа алиби да ги покријат фирмите со целосни документации. Карактеристичниот пејзаж Гази Баба, пак, е погоден од градење на диво, кое никој не го спречи. Неофицијално, повеќе од 20 дивоградби се навлезени во парк-шумата Гази Баба.

Физичкото обележување, велат градските власти, е планирано да се реализира годинава, за што веќе се издвоени еден милион денари во Буџетот на Град Скопје.

- Целта е просторно и јасно дефинирани граници на локалитетите заради нивна заштита. Поради својата близина до градот, локалитетите се често подложени на узурпација, односно се градат објекти што навлегуваат во заштитените простори - објаснуваат градските власти.

Надлежните велат дека границите на заштитените зони ќе бидат обележани со репери. Портпаролот во Градот, Неделчо Крстевски, изјави дека ќе одберат изведувач на јавен повик, односно експерти кои подоцна ќе кажат на кој начин шумите ќе бидат обележани, но во секој случај тоа ќе биде со физички видливи знаци.

Парк-шумите Водно и Гази Баба се локалитети заштитени со соодветна одлука од страна на Градот Скопје. Сепак, во изминатите 15 години шумата се сечеше безмилосно, а ридовите се рамнеа за нови станбени зони, кои се видливи најмногу над хотелот „Панорама“. Тие градби беа подигнати во времето на Виолета Аларова, а голем дел од елитните диви куќи над Нерези и над Жданец - во времето на Андреј Петров. Во делот на шумата што и' припаѓа на Кисела Вода, дивоградењето почна за време на мандатот на Љупчо Димов, а продолжи во времето на Џорџе Арсов.

Според податоци од монографиите за Скопје, Водно до пред Втората светска војна било голо брдо со камења. По војната, илјадници работници, пионери и затвореници, со магариња и со коњи носеле земја и ја пошумувале планината.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B7AB37FE32E1944DB4DFEA7FE9D48C10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 17-Jun-2010 at 23:16

Меѓуопштински спор околу парк шумата „Гази Баба“

Општините Чаир и Гази Баба стасаа до суд заради парче од заштитеното подрачје

Сања Наумовска


Градот Скопје минатата недела поднесе иницијатива до Републичкото Собрание за измена на Законот за Град Скопје, со што, дефинитивно, ќе се утврдат границите меѓу општините. Со тоа, конечно, ќе се реши и спорот на тромеѓето на Гази Баба, Чаир и Бутел. Станува збор за дел од парк-шумата „Гази Баба“.

Општина Чаир спорното подрачје го има имплементирано во Деталниот урбанистички план „Лирија 2“, според кој, се предвидува урбанизација на парк-шумата. Планот, на иницијатива на Општината Гази Баба, пак, која смета дека заштитеното подрачје треба да влезе во нејзината територија, е оспорен пред Уставен суд. Со одлука на судот, како и на Државниот инспекторат за урбанизам, реализацијата на планот е стопирана, а неговата судбина ќе зависи од Собранието, кое, конечно, ќе треба да ги расчисти дилемите околу границите меѓу општините.

Според важечкиот Закон за Град Скопје, кој со член 8 ги утврдува меѓите меѓу сите десет скопски општини, се јавува нејаснотија за една локација во парк-шумата „Гази Баба“. Во неколку ставови од членот има различни описи на границите, со што, практично, општините не знаат до каде им е територијата. Ова внесува забуна и проблеми во работењето на општините во рамките на нивните надлежности, како што е примерот со донесувањето на конкретниот детален план.

Врз основа на контрадикторното објаснување во ставовите на законот, по барање на Општина Гази Баба пред неколку години, Катастарот издал два различни нацрта за границите со Чаир, што за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, е недозволиво.

„Сакаме прецизно да се утврдат границите на парк-шумата, бидејќи тоа е заштитено подрачје. Сметаме дека спорната локација е дел од нашата општина и не се согласуваме со урбанизирање“, вели градоначалникот Трајковски.

Познавачите на проблематиката објаснуваат дека доколку наскоро прецизно не се утврдат границите на општините, Уставен суд може по иницијатива на засегнатите страни, да одлучи дека членот 8 е неуставен, со што практично ќе се избришат сите граници меѓу единиците на локална самоуправа во Скопје. Тоа, велат тие, би можело да стане повод повеќе општини да „стават рака“ на територии, кои сметаат дека им припаѓаат или, пак, некогаш им припаѓале, па преминале во соседните општини.

И во Градот Скопје сметаат дека единственото решение е во измената на законот и прецизирање на одредбите во членот.

„Заради расчистување на ситуацијата што подолго време создава проблеми, поднесовме иницијатива до Собранието да го допрецизира член 8 од Законот, со што ќе се надминат сите отворени прашања. Дотогаш во сила ќе биде одлуката на Уставен суд за стопирање на реализацијата на Деталниот план на Општината Чаир“, вели градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој нагласува дека општините заедно со уште неколку надлежни институции долго време дискутирале за состојбата, но само Собранието има надлежност да ја реши.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=723E298F8BB30F49A97289A982136EEC
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 17-Jun-2010 at 23:27
На какво банално маргинално прашање се кршат копја и се троши непотребна енергија. Очигледно создадовме полиси во 2004-та што треба да се смени што побрзо. Па уште има сомнеж дека "ќе стават рака" врз други општина. На вакви слаби општини и со ингеренции и со средства се случуваат средновековни работи, па што треба да помислиме како ќе се однесуваат општините ако им се предадат и некои клучни ингеренции како пример државно земјиште или некои слични работи. После вакво проблем каде што се покажуваат роговите на многу инстанци дефинитивно сум против било какво наредно предавање ингеренции на локално ниво. Сеуште не им "легнал материјалот" и не ги научиле лекциите општините и за ова што сега го работат. А раководењево на град Скопје што повеќе треба да се коментира. Второ најлошо во Европа после Сараево кое лежи во две федерални единици. Во свет има и поспецифични случаи па тоа течно функционира. Видете го само ова ( 51°26'32.81"N  4°55'48.49"E) и како тоа функционира, па после лесно ќе се увиди хегемонизмот на скопските општини. Под итно Скопје мора да се централизира и општинските одлуки во многу домени да бидат одобрувани и од скопкиот совет, а и градот да може да одзема ингеренции на општини како што тоа го можат министерствата, односно Град Скопје да биде степен измеѓу министерствата и општините. Ќе залечи огромен дел од тоа што е пропуштено и унаказаено.

Edited by lslcrew - 17-Jun-2010 at 23:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 19-Jun-2010 at 03:51

Собранието ќе ги разграничи Гази Баба, Чаир и Бутел

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски поднесе иницијатива до Собранието на Република Македонија за измени и дополнувања на Законот за Град Скопје, конкретно за утврдување на границите меѓу општините Бутел, Гази Баба и Чаир. Причина за оваа иницијатива е членот 8 од Законот за Град Скопје, каде што постои непрецизност и неусогласеност во однос на утврдувањето на општинските граници.

Градоначалникот Трајановски објаснува дека според дадените описи на границите, постои простор за кој не може со сигурност да се утврди на која општина и' припаѓа. Имено, според ставовите 2 и 3 од членот 8, со кои се утврдени границите на Бутел и на Гази Баба, спорниот простор и' припаѓа на Општина Чаир, а според ставот 9, со кој е утврдена границата на Чаир, спорниот простор и' припаѓа на Гази Баба. На тој начин, се вели во иницијативата, доаѓа до преклопување на општинските граници, што пак води кон правна несигурност и повреда на начелото на владеење на правото.

Станува збор за дел од парк-шумата Гази Баба, кој е вметнат во детаљниот урбанистички план „Лирија 2“ што лани го донесе Општина Чаир. Пред повеќе месеци Општина Гази Баба покрена иницијатива пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на овој детален план, затоа што сметаа дека дел од територијата што е опфатена со него и' припаѓа на Гази Баба и е дел од заштитеното зелено подрачје. Тогаш Уставниот суд и Државниот инспекторат за градежништво го стопираа извршувањето на планот.

- Спорна е тромеѓата на општините, но не и целата должина на границите. Ова создава проблеми во примената на Законот и овозможува повреда на територијалниот принцип на надлежност на општините. Затоа, единствено решение за овој проблем е изменување и дополнување на Законот за Град Скопје, на начин со кој ќе се прецизираат границите на општините и ќе се отстранат констатираните недоследности и неусогласености - вели градоначалникот Трајановски.

Тој посочува дека при утврдувањето на границите мора да се води сметка за целокупноста на содржината на членот 8, а не само на негови одделни ставови кои си противречат еден на друг.

Од Општина Бутел потврдуваат дека постои проблем со границите меѓу трите општини.

- Границите не се правилно и прецизно дефинирани меѓу трите општини, со тоа што поизразен е проблемот меѓу општините Чаир и Гази Баба. Кај нас е спорна само тромеѓата, која се наоѓа под парк-шумата Гази Баба во насока од Железара кон Бутел. Ја поддржуваме иницијативата на градоначалникот Коце Трајановски - дека треба да се направи прецизно разграничување на тромеѓата - изјави Снежана Клинчарова, портпарол во Општината Бутел.

Таа информираше дека оваа општина има уште еден сличен проблем, но со соседната Општина Чучер Сандево, кој е евидентиран како техничка грешка при донесување на Законот за територијалната поделба во 2005 година.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, вели дека во целава работа најголемиот проблем всушност го имаат тие и Чаир.

- Станува збор за границата меѓу нашата и општината Чаир, која минува низ парк-шумата. Општина Чаир го донесе ДУП „Лирија 2“, со што сметаме дека навлегува во нашата територија. Проблеми со утврдувањето на границите има и меѓу останатите општини, но тие се незначителни, бидејќи станува збор за делови што се ливади и што не создаваат недоразбирања. Кај нас се работи за парк-шумата, за која со детаљниот план на Чаир постои тенденција да биде узурпирана, иако е законски заштитена. Токму затоа треба добро да се дефинира границата - дециден е Трајковски.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџети, пак, вели дека делот од парк-шумата кој е спорен поради непрецизираните граници во никој случај не може да биде на Гази Баба.

- Ние ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд да не се реализира ДУП „Лирија 2“. Точно е дека имаше иницијатива од Општина Гази Баба за преиспитување на дел од парк-шумата, но во никој случај тоа не е на Гази Баба. Спорно е дали е на Бутел или на Чаир, бидејќи таму е тромеѓето. Јас мислам дека тоа е територија на Чаир. Од Агенцијата за катастар на недвижности ни презентираа скица според која таа територија е на нашата општина. Затоа и го донесовме планот „Лирија 2“, а за него добивме согласност и од Градот и од Министерството за транспорт и врски. Тој легално и законски е донесен - објаснува Меџити.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A9B74EB390BDFA46B0DEF9D82CCE7FCD
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 02-Jul-2010 at 16:01

Нова граница меѓу Бутел, Чаир и Гази Баба

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски изминатиот месец до Собранието поднесе иницијатива за донесување на изменување и дополнување на Законот за градот

Во членот 8, од Законот за град Скопје, во кој се прецизираат границите на градските општини постои непрецизност и меѓусебна неусогласеност во поглед на утврдените меѓи помеѓу скопските локални самоуправи, се вели во иницијативата. Ова особено се однесува на ставовите 2, 3 и 9 од спорниот член во кои е даден описот на границите помеѓу општините Бутел, Чаир и Гази Баба. Поточно се работи за просторот на тромеѓата меѓу овие три општини, за кој со сигурност не може да се утврди кому припаѓа. Според ставовите 2 и 3 од членот 8, со кои се утврдени границите помеѓу општините Бутел и Гази Баба, спорниот простор фактички и припаѓа на општината Чаир, а според ставот 9, со кој се третираат границите на Чаир, тој и припаѓа на Гази Баба. Ваквата непрецизност не само што создава проблеми во примената на овој закон, туку и на надлежните од Министерствата за транспорт и врски, за локална самоуправа и за правда, Државниот инспекторат за градежништво, Агенцијата за катастар на недвижностите.

- Иницијативата е поднесена со цел децидно бележење на границите меѓу трите општини, поради постојните проблеми со катастарските парцели, деталните урбанистички планови и разграничувањето на локалните самоуправи - накусо објаснуваат од градскиот сектор за односи со јавност.

При утврдување на границите на општините мора да се води сметка за севкупноста на членот 8, а не само на одделни ставови, кои сега си противречат едни со други и доведуваат до преклопување на границите на општините.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7210103869&id=14&prilog=0&setIzdanie=22023
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 23-Aug-2010 at 17:13

Жителите на Кучевишка ни ваму ни таму и без водовод

Од кого жителите на Кучевишка бара да бараат изградба на селски водовод.

Без водовод во 21 век, на само неколку километри од центарот на Скопје живеат жителите на Кучевишка Бара. Единствен спас од летните горештини за нив се селските бунари.

Од нив, тие пијат вода, одржуваат хигиена и ги наводнуваат нивите. До сега, повеќе од 30 години никој не го проверил квалитетот на водата, а поради конфигурацијата на теренот, до речи си секој бунар, има по една септичка јама.

Решението на проблемот е изградба на водовод, но мештаните не знаат од која локална власт да побараат помош.

Гласаат во Бутел, а данок плаќаат во општината Чучер Сандево.

За надминување на ситуацијата, тие се обратиле и во двете општини, но до денеска, во нивните домови, се уште не тече питка вода.

- Ние не знаеме каде да се обратиме. Гласаме во Бутел, а данок и комуналии плаќаме во Чучер Сандево. Во Бутел ни велат, да се обратиме во Чучер Сандево. Во Чучер, локалната власт ни вика дека решение за нашиот проблем треба да најде општина Бутел. Ние, веќе не знаеме што да правиме - вели една жителка на Кучевишка бара.

- Не знаеме под која општина сме. На едно место гласаме, од друго место ни собираат даноци. Во личната карта ми пишува Бутел, а јас сум бил од Чучер Сандево - реагираат граѓаните.

За  Бутел жителите на Кучевишка бара се дел од општината Чучер Сандево, иако на последните избори, тие гласале во нивната општина.

Велат, станувало збор за проблеми со избирачкиот список кој не бил добро прочистен иако останаа без конкретен одговор, зошто во личните карти на овие луѓе, во графата живеалиште стои општина Бутел.

Тие прашуваат, како да бараат решение за проблемите од општинската власт на Чучер, кога во нејзиниот избор, тие воопшто не учествувале.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/zitelite-na-kuchevishka-ni-vamu-ni-tamu-i-bez-vodovod

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 18-May-2011 at 14:48

Границите на шумата Гази Баба ќе се цртаат по изборите

Неутврдените граници придонесоа и многу урбанистички планови да се најдат пред Уставниот суд за да се преиспита нивната уставност и законитост

По изборите, секоја од општините Гази Баба, Бутел, и Чаир ќе си го добие делот од парк-шумата Гази Баба кој урбанистички ~ припаѓа. По девет години хаос и недоразбирања, градоначалниците на Гази Баба, Чаир и Бутел, заедно со Агенцијата за катастар, постигнаа договор за прецизирање на спорните граници на тромеѓата на шумата. Нескроениот реон, сиве овие години, придонесе диво градење неконтролирано да ја уништува шумата, а да се толерира поради непрецизни ингеренции и надлежности меѓу градоначалниците.

Предвидено е границите да се оформат, но откако ќе се усвои предлог-законот за измена и дополнување на Законот за Градот. За таа цел градоначалниците Изет Меџити од Чаир, Петре Латиновски од Бутел и Тони Трајковски од Гази Баба, потпишаа иницијатива која веќе е доставена до Собранието и Владата на Република Македонија. Одредени членови од законот придонесуваат за преклопување на границите на општините и притоа води кон правна несигурност и повреда на начелото на владеење на правото .

- На првата работна седница по парламентарните избори, по предлог на овластен предлагач, очекуваме Собранието да го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за Градот Скопје и со ова да се надмине еден проблем кој може да го блокира целиот град и општините на градот да ги остави без граници - изјави Тодор Петров, помошник на градоначалникот на Гази Баба.

Неутврдените граници придонесоа и многу урбанистички планови да се најдат пред Уставниот суд за да се преиспита нивната уставност и законитост. Таков беше примерот со „Лирија 2“, усвоен од Советот на Чаир. Тој не стапи во сила бидејќи Уставниот суд го запре. Притоа упати на договор меѓу засегнатите страни заради прецизирање на границата меѓу сите нив. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9DD2DBF3908D154FA9A8AD8053D206D6
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 19-May-2011 at 06:18
Оваа шумата никогаш не беше разграничена или некој му се присака па си ја присвои кон својата општина?
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 19-May-2011 at 11:13
Ја збркале работата (дали случајно се разбира не знам). Границата е дефинирана, ама контрадикторно во два различни членови на законот за град Скопје. Барем тоа се вели во статиите на оваа тема.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 19-May-2011 at 15:54
Границата е дефинирана со опис дека парк жумата припаќа на општина Гази баба, ама каде е границат ана парк шумата не е дефинирано и тука општина Чаир се прави наудрена и глуми полис а не општина. Лесно е кај другите општини каде што се разграничува со улица булевар и други објекти. Катастар сега ќе даде описна граница по координати или слични технички дефиниции каде точната линија ќе се знае, за да нема повторно збрки.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 21-Oct-2011 at 00:27
Тромеѓето во Чаир ќе добие стопан


Пратениците од ДПА, пак велат дека ќе го оспорат разграничувањето и најавија амандмани со кои ќе бараат потпаѓање на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и Железничката станица под општина Чаир


Спорната локација на крајот од парк-шумата Гази Баба кон Бутел, која не беше прецизирано дали се наоѓа во општина Бутел, Гази Баба или Чаир конечно ќе добие стопан. Со прифатените измени и дополнувања на Законот за Град Скопје кое ги прифати мнозинството пратеници од македонското собрание, ќе се направи прецизирање на границите. Проблемите се направени со територијалната поделба во 2004 година кога границите не се прецизно уредени и оваа територија припаѓа на три општини.
- Дополнувањето и измените се во интерес на граѓаните со цел да нема пречки кога општините ќе направат предподготовки на деталните урбанистички планови, истакна министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.

Пратениците од ДПА, пак велат дека ќе го оспорат и разграничувањето со кое Гази Баба отстапува дел на Чаир. Тие најавија амандмани со кои ќе бараат природна територијална поделба, како и потпаѓање на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и Железничката станица под општина Чаир.

Пратениците од опозицијата прашаа зошто се брза со измените, кога е почната постапката за измена на Генералниот урбанистички план и оти има потреба од промени на Законот за Град Скопје во целост, на што позицијата има сосема спротивен одговор.
- Со оглед на тоа дека законот е донесен во 2004 година, измените се успорени, се чека повеќе од шест години, истакна Спасеновски. За предлогот измените да се донесат откако ќе се донесе Генералниот урбанистички план на Град Скопје, оцени оти ГУП-от треба да се донесе согласно Законот за Град Скопје, а не обратно, рече Александар Спасеновски.

Имплементирањето на законот за територијалната организација на Град Скопје, според пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, покажа дека има конфликт, односно оти границата меѓу општините Чаир, Бутел и Гази Баба на терен била извор на недоразбирања меѓу локалните власти што, како што рече, се одразувало директно врз интересите на граѓаните. Тој смета дека е добро што е постигнат договор од градоначалниците на трите општини, кој нуди решение во интерес на граѓаните.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6F54A615532C5F4489FD4C3A3E83EAD2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 21-Oct-2011 at 00:35
Тоа што се работи за така благо речено, политичко барање може да се одговори со аргументи. Природната граница меѓу Центар и Чаир е северниот булевар па тоа не е проблем границата да биде спикана меѓу факултетот и амбулантата, меѓу пазарот и Мустафа-Пашина џамија и Свети Спас црквата, меѓу Кале и каде се не по некои сокаци, па каде и воопшто нема ни пешачки коридори само заради таа политичка неприродна административна поделба што сега ете како така некако едвај функционира на терен, дури и во услови кога и тие веќе утврдени граници за Плоштадот Скендербег пак се прерипаа. Ова со Гази Баба исто така е политички решено и мене ми е до некаде мило што ете се најде решение, колку е квалитетно и како ќе се покаже ќе видиме. Веќе може да се претпостави, не сакам да прејудицирам, но она што е припаднато во општина Чаир веќе може да се очекува да биде второто Водно. Насилна урбанизација не му бега. Такви најави веќе и на неколку пати практично најавени беа.

http://sobranie.mk/ext/exporteddocumentdownloadwindow.aspx?Id=b2a74264-23b9-4f83-88f5-1380289273bc&t=pdf

Јас ќе ве замолам да се воздржите од коментари на етничка основа, да се држиме во рамки на урбанизмот, парк шумата и општините.


Edited by lslcrew - 21-Oct-2011 at 00:47
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 21-Oct-2011 at 08:31
Originally posted by lslcrew

Јас ќе ве замолам да се воздржите од коментари на етничка основа, да се држиме во рамки на урбанизмот, парк шумата и општините.
Може и подобро да не се дискутира на темата. Општината Чаир е најнеприродниот дериват од скопските општини Центар и Бутел (не се сеќавам дали чепнаа и од другите, Гази Баба можеби) и понатаму не знам што би се анализирало. Дури и урбанизација на парк-шумата наведува дека само уште повеќе насилно ќе се зголемува бројот на „такви“ жители какви и се потребни на општина Чаир за да изгледа дека е реална, на крај краева тие ја покренуваат иницијативата и се' се гледа од авион...
И ова што го напишав може има доза на непотребни содржини, па не се лутам ако лета од овде, ама стварно мислам дека теоретизирање и наоѓање какви било оправдувања за овие чекори нема друга основа освен етничко-националистичка...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 21-Oct-2011 at 08:43
Мене не ми е јасно, на која Железничка станица претендираат да биде дел од Чаир? Транспортен центар или таа во Скопје-Север?
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.