build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административно раководење на Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 01-Oct-2008 at 21:48

Clover, Nikade ne spomna deka Trifun e dobar gradonachalnik zatoa i te prashav.

Trifun kazha deka ako se gradelo spomenik na Aleksandar Veliki ke moralo da ide preku referendum, pa toa nema da se gradi kaj nego doma u dvor ke se gradi na drzhavno zemjishte.

За финансиите... Веќе искоментираа луѓево, но јас тоа би го сублимирал вака: парите не доаѓаат од владата и владата не ги поклонува, туку владата треба принципиелно и продуктивно да ги распредели, а тоа во моментов не е случај.


Epa taka treba da bide ali ne e taka, za da bide taka mora da ima sorabotka ali site znaeme deka taa sorabotka ne postoi barem dur e Trifun Gradonachalnik. Ne treba da bide vladata envolvirana vo site gradski proekti ali toa e sea sto da se pravi mozheme da diskutirame samo kako shto se pravi a ne kako shto treba da se pravi.

Klover, Koja e realnata suma shto treba gradot da ja dobiva? Jas veke go dadov svoeto mislenje dali mislis deka e dobra cifra ili ne se soglasuvas??



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 02-Oct-2008 at 09:32
Originally posted by Plugger


pBanks, Pa jasno deka sekoj plaka i jas se soglasuvam so tebe ali koa Vladata i Gradonacalnikot ne mozhat da se dogovorat togash sto mozheme da pravime nie?? Ti vikash deka treba da ima referendum i za toa se soglasuvam ali pa referendum za eden Spomenik?? Pa Aerodromot veke ni se vika Aleksandar Veliki zoshto da nema spomenik??

Dali se praveshe referendum koga Albancite napravija spomenik na Skenderbeg??

Ps, ne mi kazha sto ti znachi toa p to BowDunno


Мораш малце потемелно да пристапиш кон овие дискусии. Градоначалникот е избран од народот исто како и владата. И тој и владата си имаат свои зацртани ингеренции. Во тој контекст многу е јасно кој на кого му се меша. Никој не спори дека Трифун беше исклучително лош градоначелник, мислам дека за тоа имаме прилично широк консензус овдека. Незнам кој е крив што Трифка и владата не можат да се договорат за некои работи. Можеби е стварно тој крив незнам. Но упадот во одредени сфери од централна на локална власт е едноставно недозволив.

Што се однесува до споменикот и разните преименувања. Да за тие работи треба многу поширок консензус и подршка. Немора да биде тоа референдум но неможе да биде ни едноставен политички декрет. Скендербег навистина не ме интересира. Јас не гледам Албанци и Македонци јас ја гледам Македонија. Ако се направи огромен технички пропуст со Скендербег (велам технички бидејќи градба на таков споменик беше усвоена само не се почитуваа процедурите) не значи дека сеа треба тоа да го искористиме како алиби за да правиме и понатака уште повеќе глупости. Напротив тоа треба да ни биде коректор.

p од pbanks е симетрија на b. pbanks.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 02-Oct-2008 at 23:40
Pbanks, Blagodaram na odgovorot.

Skenderbeg bese daden samo kako primer nema veze makedonci albanci tuku ist princip e.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 06-Oct-2008 at 11:18
Костовски ќе го образложува својот предлог за закон за Скопје



Градоначалникот Трифун Костовски денеска ќе ја промовира иницијативата за измени во законите што ја регулираат локалната самоуправа, соопштија од градската управа.
Градот веќе подолго време подготвуваше нови законски решенија со кои треба да се утврди како ќе функционира Скопје како целина, колку пари треба да добива од јавните давачки и слично. Според идејата на градоначалникот, Скопје треба да се организира како една општина со повеќе кварта, кои ќе бидат под управа на градот. Исто така, градот треба да се ограничи на урбаните делови и од неговите граници да се отстранат руралните средини, затоа што тие имаат сосема поинакви потреби.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=200&top=1&ArticleID=8545


Се надевам дека лесно ќе дојдеме до еден примерок од законов во електронска верзија. Ако Трифка бара поддршка би било во ред во јавното презентирање да ги опфати и интернет корисниците.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 06-Oct-2008 at 11:48
Прес-конференцијата е одложена не неодредено време така да денеска нема да ги дознаеме планираните измени.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 11-Oct-2008 at 11:39
Се бара поддршка од Црвенковски за Законот за Скопје



Градоначалникот Трифун Костовски вчера се сретнал со претседателот Бранко Црвенковски за да го информира за подготовките на иницијативата за измени во Законот за градот Скопје.

Од Кабинетот на Костовски соопштуваат дека градоначалникот за оваа тема веќе се сретнал со Муса Џафери, министерот за локална самоуправа, како и дека биле побарани средби и со премиерот Никола Груевски и со други надлежни министри. Идејата на градските власти е да се поттикне поширока политичка дебата за иницијативата.

Според предлог-законот што го подготвуваа во градот, треба да се направат суштински измени во уредувањето на Скопје, односно тоа да стане една општина, која ќе биде поделена на квартови. На тој начин, според градските власти, ќе се подобрат управувањето и финансирањето на работата на локалната самоуправа во Скопје и ќе се избегнат проблемите со општините, како двојните надлежности, неусогласените активности, блокадите и слично.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=205&ArticleID=9003

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 11-Oct-2008 at 16:07
абе ова трифун навистина знае да направи шпанска серија од секоја негова реакција или иницијатива, па најде каде да оди за подршка за предлог измените, демек без амин од папата кој и го донесене законот за децентрализација неможе да се мрдне, само не размислил дека на таков начин ги негира експертите и другарите на папата кои застанаа зад денешниов постоечки закон! понекогаш мислам човек за да се оправда ќе скока по сите столици во системот, незнам само дали со некоја ќе успее да се оправда, но најверојатно и онаа што му е засега најцврста “влезот во вардар“ нема да може да ја испегла неговата неспретност за политика и раководење со градот, па во цел нормален свет човек логично е да оди на компромис и додворување кај мнозинството а батево ко за инат верува дека преку опозицијата ќе ги истера сопствените идеи. ова неговово личи повеќе на билдање маркетинг за престојните претседателски избори, на кои не би ме зачудило и тој да се кандидира иако реално тоа е невозможно, но месони и се е можно!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 11-Oct-2008 at 16:22
Бетон, ова е една, а можеби и најпетна работа на трифун во неговите 3ипол години владеење. Трифун се обидува да добие подрршка од сите инстанци кои се релеванти при носење на еден закон. Не гледам никаков маркетинг во ова. Не е точно дека сака преку опозиција да истурка закони, пошто имаше средби со министерот Џафери, претседателот, а се спомнува средба и со премиерот. Овие средби не се џабе него се наменети да се усогласи законот пред да иде на гласање, а се со цел да не падне у собрание. Нормално доколку се усогласи и лесно ќе биде изгласан.

п.с. Се сллужиш со изрази како "папата", "другарите на папата", "батево", "масони". Ќе те молам да ја задржиме дискусијата на ниво. Нема потреби од навредување на претседателот. Каков таков претседател ни е, башка и ќе си оди за некој месец. А од друга страна па величање на владата и како сака она да се потрруди да го растерети Скопје што ти го кажа во една друга нишка, а на терен се дешава токму спротивното.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 12-Oct-2008 at 03:35

не велам дека не е паметна работа, но ако очекува дека дуи ќе прифати трифка да има овластување над чаир се излажал уште кога помислил дека вакво нешто ќе помине, а и на сдс и на вмро нема да им одговара таквиот момент бидејќи доколку го немаат градскиот татко сигурно ќе имаат некоја општина за докажување на своите капацитети ивредности како партии, па така или е навистина шпанец или ова го прави од маркетинг. вака како стојат работите го разбирам човекот навистина е фрустрирачки за се да си крив а рацете да ти се врзани од сите страни, па и од советот на СК малтене оваа функција ваква каква што е наликува единствено на маскота, нешто сличен момент е и функцијата претседател на државата, ги контролираш само комуналец и инспекциите - војската и агенцијата за разузнување. многу тешко дека ваков предлог ќе помине кај кого било од главучите!

инаку за етикетирање не измислив топла вода ниту сакав некого да навредам, овие прекари им се толку залепени во сите можни весници што дефинитивно самите тие  веќе и ги сметаат за комплименти и папата и гвујо! незнам дали трифка ќе се лути или не но човекот и јавно се декларира како месон, па одтаму негледам и во тој контекст навреда, а владата дека не ја таманам тоа не е точно само верувам дека имаат далеку повеќе направено од сите влади заедно досега што сме ги имале, иако се доста преокупирани со шминка и посткомунистички методи на масовна контрола на рајата сепак доста работи одзатнаа како институционално така и законски но кај и да е ќе почнат од внатре да се клеветат бидејќи старите вмровци се тотално заборавени и ставени пострана, не оние на љубчо туку баш старите кои беа на самиот браник уште од почетокот на партијата...            

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 12-Oct-2008 at 04:36
Крај на муабетов. Последниов пост ти е каша попара меѓу ингеренции, партии, надимаци, свашта. Иди кај миленко или кајгана, па тамо објасни се. Незнам што да кажам повеќе!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 20-Oct-2008 at 19:34

Костовски бара измени во законот за град Скопје

Да се направи нова територијална поделба на Скопје. Градот да биде една општина, составена само од урбаните населби. Шуто Оризари, Сарај и Ѓорче Петров да бидат посебни општини. Ова се дел од измените на законот за град Скопје кои ги бара градската власт.

Со виски и пура ги промовираше денеска градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

„Сакам да ги промовирам тие две, да не кажам, маани, како што се пушењето и пиењето, дека не сум идеален, али дека лажам, не лажам“, рече Трифун Костовски, градоначалник на Скопје.

Една од најголемите измени кои ги бара градоначалникот е финансирањето на Скопје. Според него, буџетот на метрополата треба да претставува една третина од буџетот на републиката.

„Ние предвидовме 60% од персоналниот данок да оди во касата на Градот. Говориме за персонален данок остварен во градот Скопје. Десет проценти од ДДВ да завршат во градската каса и секако, разговори да се водат на тема блок дотации од централно на градско ниво“, вели Костовски.

На половина година пред локалните избори, имало доволно време да се донесе нов закон за Скопје. Досегашниот закон бил причина за пропустите на градот.

Измените се доставени до министерот за транспорт Миле Јанакиески, кој од Владата бил назначен да решава за предлогот на Градот. Од Министерството велат дека ќе ги разгледаат измените и согласно законските процедури ќе го дадат своето мислење.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99096
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 20-Oct-2008 at 19:41
За Сарај да се сложувам. За Шуто Оризари не баш, ама би прогледал, но за Ѓорче воопшто не би прогледал. Ѓорче е споено со градот, нема причина да го делиме сега. Ај ваљда ќе се исправи тоа понатака во другите фази од законот. Не верувам дека луѓето од ѓорче ќе дозволат вакво нешто.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 20-Oct-2008 at 19:45
Originally posted by lslcrew

За Сарај да се сложувам. За Шуто Оризари не баш, ама би прогледал, но за Ѓорче воопшто не би прогледал. Ѓорче е споено со градот, нема причина да го делиме сега. Ај ваљда ќе се исправи тоа понатака во другите фази од законот. Не верувам дека луѓето од ѓорче ќе дозволат вакво нешто.


Па и Сарај (селото) е споено и апсолутно се квалификува... Мора да најдат начин да ги разграничат административните граници кои си имаат своја функција од урбаните граници.

Иналу јас мислам дека сето ова е празен муабет и нема ништо да биде.



Edited by pbanks - 20-Oct-2008 at 19:46
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 20-Oct-2008 at 19:53
Originally posted by pbanks

Па и Сарај (селото) е споено и апсолутно се квалификува... Мора да најдат начин да ги разграничат административните граници кои си имаат своја функција од урбаните граници.
Апсолутно се слагам, градските граници не мора да одат идентично по општинските!
Инаку во она со Шутка и со Ѓорче гледам само повторување на истите грешки - етничко балансирање на нешто каде што таков критериум не смее да има. Ми изгледа дека се вртиме во круг. Етничките проблеми нека ги решаваат на други начини, а не со хендикепирање на главниот град.


Иналу јас мислам дека сето ова е празен муабет и нема ништо да биде.
Да се надеваме дека грешиш, затоа што вака градот е тотално дисфункционален.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 20-Oct-2008 at 19:54
Па колку што можам да заклучам од вестиве околу новиот закон никаде не се споменува степена поделба. Да речеме за рурално подграчје, градско подрачје и централно градско јадро. Никаде ги нема тие квалификации, доколку ги имаше ке ги најавеа до сега. А којзнае, може би и ќе ги има. Овие 3 степена неможе да плаќаат исто данок, неможе да влечат исто данок за капитални инвестиции. Мене ми мириса дека сепак ќе се само со квартови и никаква степена поделба. Доколку има степени тогаш не е проблем и за селата околу скопје. Воопшто не се осеќам инфраструктурно загрозен доколку некоја населба влезе или излезе од скопје, нормално доколку градот се раководи совесно. А во врска со етничкото балансирање не би коментирал повеќе, доволно го имам искоментирано во нишкава, само на кратко ќе кажам дека мојот предлог (а и на повеќе мои истомисленици) е да се утврди двојазичност без разлика на проценти.

Доста изнапишав, а сеуште го немам прочитано предлог законот. Ај да го прочитам прво па после ќе збориме. Сепак ова е само предлог, да се надеваме дека ќе се исправат  недоследностите.


Edited by lslcrew - 20-Oct-2008 at 20:00
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 20-Oct-2008 at 23:28
За развој се потребни 800 милиони евра


Или околу 30 отсто од буџетот на РМ, а не како досега минимални еден отсто или 27-28 милиони евра. Ова, заедно со загарантираната двојазичност на цела територија на Град Скопјe и стеснување на територијалните граници само во урбаните квартови, се дел од предлозите на градската администрација кои ќе бидат дадени на експертиза во неколку министерства


За урбан, економски и социјален развој на Град Скопје потребно е 60 отсто од персоналниот данок и 10 отсто ДДВ да се слева во градската каса, а централната власт да обезбеди блок дотации за реализација на капитални проекти. Тоа во бројки би изнесувало околу 700-800 милиони евра или околу 30 отсто од буџетот на РМ, а не како досега минимални еден отсто или 27-28 милиони евра. Ова, заедно со загарантираната двојазичност на цела територија на Град Скопје и стеснување на територијалните граници само во урбаните квартови, се дел од предлог-измените на Законот за Град Скопје кои од вчера се доставени на разгледување во Министерството за транспорт и врски.

Официјалното предавање на пакет-документот го изврши скопскиот градоначалник Трифун Костовски, кој по вчерашната средба со министерот Миле Јанакиески изјави дека добил уверување од министерот дека предлог-измените многу студиозно ќе се разгледуваат во неколку ресорни министерства и резултатите ќе бидат познати во најскоро време. Костовски најави дека за новите законски измени ќе се организира и јавна расправа.
- Наш предлог е Скопје да биде една општина, а не како денеска расчеречен меѓу општините и Градот со не додефинирани и јасни ингеренции во поглед на правата и надлежностите а и обврските. Да биде направена територијална промена на Градот во кој ќе влезат само урбаните делови: Карпош, Центар, Чаир, Аеродром до Лисиче, дел од Кисела Вода, посебни општини да бидат Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Сарај да бидат самостојни општини. Само на тој начин и порационална организација на администрацијата на локално ниво, би се одбегнала потребата од создавање на нови јавни претпријатија, а ќе се избегне и судирот на надлежности од сите сфери-вели Костовски.

Актуелниот Закон за Град Скопје во пракса се покажа како исклучително непродуктивен и неефикасен. Без прецизно дефинирани надлежности и одговорности меѓу главниот град како посебна единица на локалната самоуправа и десетте скопски општини, како и начинот на финансирање. Градоначалникот Трифун Костовски во неколку наврати се жалеше на притисок и на преземање на надлежностите од страна на централната власт. Очекува измените на Законот да се донесат пред локалните избори и неговото заминување од градоначалничката функција.

http://vecer.com.mk/?ItemID=FC098C2177BE8540ACF5434A2F6EEC84


Ако се исполнат најавите во релативно висок процент ќе се исполнат потребите на Скопје. Трифка стварно бара премногу пари што не верувам дека ќе ги добие. За двојазичноста се согласувам, едноставно и брзо решение без многу мука и демонстрирање триумфализам и за едните и за другите. Верувам дека со ова ршение ќе се елиминира жртвувањето на Скопје. Околу територијаната поделба на квартови и општини не ми се јасни термините "посебни" и "самостојни". Дали се мисли на истото или се тоа два различни статуса?!


Edited by lslcrew - 20-Oct-2008 at 23:29
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 21-Oct-2008 at 10:27
Скопје со 30 пати поголем буџет и без селски општини

Костовски истакна дека законот го подготвувале веќе една година и дека изнеле неколку главни цели.

Потребни се територијални промени во Скопје, односно во подрачјето што ќе го управува градот да влезат сите урбани општини како Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром до Лисиче, а Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај и Бутел да се водат како општини надвор од градот, односно приградски. Со тоа, нема да има мешање на селски и градски општини и ќе можеме да се посветиме на решавањето на вистинските проблеми - објасни градоначалникот Костовски.

Тој додаде дека клучно за градот е неговото финансирање и дека тој треба да добива 60 отсто од персоналниот данок, 10 отсто од данокот на додадена вредност, блок дотации, а со градежното земјиште во целост да владеат општините и парите да се префрлуваат на сметката на Скопје за да може тие да се користат за градењето на целата градска инфраструктура.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=213&top=1&ArticleID=9728


Тоа што законот се работел една година, покажува дека се темели на изјавите на Трифка од тоа време.

Сега па овие избагираните новинари прв пат пренесуваат околу некакви "пригратски општини". Ваква категорија до сега немавме прочитано. Сега го слушаме и Бутел, а предходниве денови го немаше.

Ова со градежново земјиште не ми игзледа баш како најпаметно. Страв ми е да не се подели целото земјиште по братучеди и пријатели преку фиктивни тендери, па најатрактивните локации од општините да ги заземат копуци, а за инвеститорите да остане по некое ќоше. Не дека нешто преку министерство е све чисто и нема вакви работи, него тамо сепак ми е некако поозбилна работава.


Edited by lslcrew - 21-Oct-2008 at 10:30
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 22-Oct-2008 at 01:34
Министерството за локална самоуправа тргнато од проектот за Скопје

Во Министерството немаа никаков коментар околу иницијативата на градоначалникот Трифун Костовски

Министерството за локална самоуправа на чуден и нелогичен начин е тргнато од проектот што се однесува на иницијатива на градоначалникот Трифун Костовски за корекции во Законот за Скопје. За главен координатор во постапката за измени на Законот за метрополата и за своевиден контакт-мост на релација централна и локална власт Владата го ангажира министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Имено, токму Јанакиески го прими предлогот на Костовски на кој се работело цела година, а подразбира многу суштински, сериозни измени, како во територијалната организација, така и во начинот на финансирањето.

Во Министерството за локална самоуправа вчера немаа никаков коментар околу иницијативата на градоначалникот Трифун Костовски.

"Предлогот не е стигнат кај нас. Ќе се произнесеме откако ќе го добиеме", беше кусата изјава од МЛС, каде што и во изминатиот период, за време на некои поранешни министри имало слични идеи чија заедничка цел била измени на Законот за градот Скопје.

Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, вчера беше на седница на Владата, така што не можевме да добиеме директен одговор околу ситуацијата со неговото прескокнување во случајот со иницијативата.

"Владата го назначи министерот Миле Јанакиески да ги води контактите меѓу централната и локалната власт што се однесуваа на измените на Законот за градот Скопје", изјави владиниот портпарол, Шефик Дураки. Тој немаше одговор зошто Владата одлучила наместо министер за локална самоуправа координатор да биде министер за транспорт и врски. Контактирав и со министерот Муса Џафери, но тој не сака ништо да коментира", додаде портпаролот на Владата, Дураки.

Ваквата ситуација со проект што е првенствено надлежност на локалната самоуправа може да се објасни на неколку начини. Не е никаква тајна тоа што ресорот локална самоуправа отсекогаш бил маргинализиран. Имено, во барабанот секогаш стоел на располагање само за да задоволи нечии партиски апетити за министерска фотелја. Така било, и веројатно и во иднина локалната самоуправа ќе остане монета за поткусурување меѓу коалициските партнери во Владата.

Може да се објасни и зошто Јанакиески, а не Џафери ја доби довербата на преговарач за локалната сфера. На првата отворена владина седница нетрпеливоста на премиерот Никола Груевски спрема членот на Кабинетот, Муса Џафери, беше повеќе од очигледна. Груевски буквално го замолча Џафери и не му дозволи да каже ништо повеќе од она што тој го замислил за финансирањето на општините.

Едноставно, се чувствува во воздух како ќе заврши иницијативата на скопскиот градоначалник. Ако владејачката гарнитура замислила Скопје да функционира како што е тоа сега, тогаш предлогот и да е најквалитетен ќе се изгуби низ сложените процедурални лавиринти и никогаш нема да види бел ден. Дали е тоа интерес на Скопје и на скопјани? Одговорот го знаат Владата и премиерот Никола Груевски.

Градоначалникот Трифун Костовски во неколку наврати се жалеше на притисок и на преземање на ингеренциите од централната власт.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=789E035471554447BD6209BA06C64A58



Edited by lslcrew - 22-Oct-2008 at 01:35
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 22-Oct-2008 at 18:01

Originally posted by lslcrew

Едноставно, се чувствува во воздух како ќе заврши иницијативата на скопскиот градоначалник.
Crazy па добро ова новинариве или се премногу утописти или навистина веруваат дека вакво нешто ќе помине, па го сведуваат муабетот на чувствување, мислам дека СЕ ЗНАЕ како ќе заврши иницијативава.

колку и да држи вода муабетот на трифка нема да види бел ден, затоа и се чудам од каде му дојде потреба на мајоро скопски да си го губи времето по медиуми и кафе муабети,  како што кажав и претходно или човеков ептен има потреба да се правда или се кандидира за претседател, но најверојатно е првото бидејќи ова со функцијава сигурно ја смета за промашување во своето битисување. а и да се земе во предвид ова што трифун го зборува па каде беше кога законот го носеа, а сигурно бар прател што се случува и се подготвувал за кандидатурата за СК мајор, колку што знам одлуката да се подели скопје е од практичен аспект како би се унапредиле заборавените скопски села кои пополека веќе влегуваат како едно со градот, а додека пред тоа беа тотално заборавени па имавме слика за урбан развој и рурален заборавен свет на само 10 минути раздалеченост, а од друга страна сакаме да се претставиме како напреден град. трифун ги поставува работите наопаку, доколку сака средства за градот треба да ги вклучи тука општините кои би ги финасирале сите проекти околу гупот на своја територија со 60/70% од потребните средства а градот само треба да ги координира општините меѓусебно како би се завршиле работите подмачкано, така сите ќе бидат на своето а и градот ќе ги добие бараните средства, а вака демек градот ако ги зема парите се ќе се заврши брзо и чисто, како да треба да имаме закон за централизација а не за децентрализација, нека најде еден пример во европа како неговиот па нека зборува, сигурно урнекот за законот што е сега во функција е копија баш од европа бидејќи колку што знам кога се носеше тоа беше истакнувано како една од главните предности на законот, целосна усогласеност со европските закони....   

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 22-Oct-2008 at 18:27
му дојде потреба на мајоро скопски да си го губи времето по медиуми и кафе муабети

Не гледам никаде губење време. Законот му е потребен на Скопје, а мајоро е најповикан да ја покрене иницијативата.
како да треба да имаме закон за централизација а не за децентрализација

Добро бе децентрализација, ама Скопје е една целина, ај сега тебе дома станот у катастар да ти го заведат секоја соба посебно. Паралелава може би не е правилн, ама Скопје е еден град и како еден треба да функционира.
нека најде еден пример во европа како неговиот па нека зборува, сигурно урнекот за законот што е сега во функција е копија баш од европа бидејќи колку што знам кога се носеше тоа беше истакнувано како една од главните предности на законот, целосна усогласеност со европските закони

Не само еден него може да најде колку сака, зашто сите големи градови функционираат како една целина. Полоша поделба и раководење од Скопје во европа има само Сараево. Проверена информација!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.