build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 30>
Poll Question: Врска: бул. АВНОЈ - бул. Гоце Делчев?
Poll Choice Votes Poll Statistics
32 [96.97%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
1 [3.03%]
You can not vote in this poll

Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Templar7 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Mar-2024
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Templar7 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)
    Posted: 22-Mar-2024 at 13:46
Според мои информации за 2024 нема планирано пари за тој дел таму од страна на градот. Фирмите сами се имаат понудено да ја изградат пристапната улица до комплексот од мостот затоа што продажбата на станови не е на задоволително ниво и целиот комплекс е во стагнација, веројатно и тоа било одбиено.
Едноставно решение би било да седне власта да ги договири инвеститорите и локалните жители кои имаат имот на делот од трасата да им се овозможи по поволни цени да откупат стан во новите згради, или во планираните за градба. Со тоа локалците би добиле нормални живеалишта, а инвеститорите би продолжиле со градба и урбанизација на тој дел таму. Бидејки како што гледам не се работи за голем број на живеалишта на делот од трасата.
Само проблемот кај нас е што целата политика на властите е сведена на PR сликање по социјални мрежи и не работење.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 528
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Mar-2024 at 10:50
Моја претпоставка е дека Трим Љум и Саник ќе ургираат да се направи сегментот од улицата покрај кејот од раскрсницата до нивниот комплекс, за да ја користат како пристапна улица. Овој зафат ќе добие приоритет од властите и можеби ќе се изведе и пред да заврши експропријацијата за булеварот. Мостот први ќе си го користат новите станари на овие згради.
Back to Top
Templar7 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Mar-2024
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Templar7 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Mar-2024 at 04:31
Јас како што гледам на катастар рутата кај што треба да поминува булеварот низ Керамидница има мах 30 куќи што треба да урнат. Ја слушав градоначалничката пред извесно време спомна дека треба да се направи експропријација на 280 објекти. Не ми е јасно за какви објекти снатува збор, веројатно за кокошарници.

Друго гледам дека треба од мостот да има улица према комплексот Космос ул. Индустриска, исто треба да се направи споредна улица кај комплексот згради на Саник и Трим Лум која се спојува со улицата што поминува кај ТЕ-ТО и продолжува покрај Санос. Зарем не е паметно во меѓувреме да се средат тие улици додека трае експропријацијата за булеварот, ем мостот ке добие некаква функција и плус локалните жители на Керамидница со тоа би добиле барем некој нормален пристап, да не живеат во 21 век како во 19ти.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Nov-2023 at 18:11
Мостот кај Ќерамидница сè уште не води никаде – не се знае кога ќе ги поврзе Гази Баба со Аеродром



Изграден за да го забрза сообраќајното поврзување меѓу Аеродром и Автокоманда, мостот Михајло Апостолски се уште останува сообраќајно решение кое не води никаде.

Го изгради претходниот градоначалник Петре Шилегов, а Данела Арсовска требаше да ја заврши експропријацијата и да изгради булевар кој ќе води до Ист Гејт.

Првично рече дека овој мост ќе им служи само на рибарите, но потоа даде ветување дека ќе го заврши проектот на својот претходник.

-Тендерирањето на последната фаза, во делот кај Ќерамидница, тоа е она што досега не било почнато како постапка да се работи, ќе се спроведе до крајот на оваа година и тоа веднаш по разрешувањето на сите овие проблеми со експропријациите коишто беа наследени, а коишто, доколку имало соодветно планирање немало ни да се почнат и да бидат во ваква фаза и граѓаните овде да живеат вака како што живеат во овој момент, рече градоначалничката Арсовска во мај минатата година.

Година и половина подоцна – сликата е речиси иста. Мостот се уште води во дворови и куќи, а Град Скопје е далеку од завршување на процесот за експропријација.

Бетонските блокови се поставени за да ги спречат возилата да го поминуваат мостот Михајло Апостолски. Овој прелаз е единственото место коешто граѓаните го користат за пешки или со велосипед или моторче да поминат од другата страна на Вардар, кон Аеродром.

Поминавме неколку дена во Ќерамидница и разгоравме со повеќе локални жители чии имоти се опфатени во проектот и треба да бидат срушени за да се изгради булеварот.

Голем дел од нив не сакаа да говорат јавно бидејќи случаите им се во судска постапка, но велат дека не се задоволни со парите кои Град Скопје ги нуди.

Перо Андев првата понуда ја добил во 2019 година. Град Скопје тогаш му понудил 350 евра за квадрат за неговите две куќи со вкупна површина од 104 квадрати. Не се согласил и барал размена – квадрат за квадрат. По промената на градската администрација добил нова понуда, но не знае дали е направена нова проценка.

-Во меѓувреме становите од 800-900 евра дојдоа до 1.500 евра, а понудата од 350 дојде до 520 евра. Па удрете која е разликата, вели Андев.

Со ваква понуда тој стравува за иднината на своето семејство.

-104 квадрати куќа имам. Со 520 евра не можат да земам ниту 55.000 евра. Во оваа куќа живееме две фамилии. Сега, едната ќе живее во стан, или гарсоњера, бидејќи толку има пари со таа понуда што ја даваат. Другата фамилија треба да бидат бездоници, вели Андев.

Андев вели дека ваква понуда не прифаќа и од градот ќе бара најмалку 1.000 евра за квадратен метар за неговото семејство да има кров над главата.

-Само што тоа тие не го земаат во обѕир. Еве сега рекоа дека следен пат ќе ме повикаат уште еднаш за да ми достават решение. Ако не се согласам ќе ме дадат на суд, вели Андев.

Од Град Скопје велат дека предлозите се изработуваат согласно Законот за експропријација.

-Во постапката секоја институција е обврзана да ангажира овластен проценител кој врз основа на законски утврдена Методологија за процена на пазарна вредност на недвижност ја формира проценетата цена. Методологијата за проценка на пазарната вредност ја утврдува централната власт и сè додека не се смени истата, независните проценители за експропријации предлозите ги изготвуваат врз таа основа, се вели во единствениот одговор кој го добивме од Град Скопје.

Согласно Законот, проценка се врши според пазарните цени. Репер за тоа се трансакциите кои се направени годината претходно во одредено населено место.

-Ако нема трансакции на тоа подрачје кадешто се врши процената потребно е да се земе одредена друга локација, најблиска локација која има слични или исти карактеристики за проценување, вели проценувачот Антонио Георгиев.

Во изминатиот период цените на недвижностите скокнаа драстично, а растот во понудите на Град Скопје не е ни приближно до растот на пазарните цени.

-Согласно Закон за процена, процената важи една година. Тоа значи дека вредноста во таа година би требало да се движи во тие рамки. Свесни сме дека градежните материјали во последниот период се покачија значајно и има значајно покачување на недвижниот имот и на недвожнистите на територија на Република Македонија и во регионот. Тоа значи дека претходно вршени процени во моментот, ако е поминато година дена, тие веќе немаат важност, вели проценувачот Георгиев.

Поради тоа што последните години пазарот на недвижности покажа дека може да има големи промени, можни се и разлики помеѓу реалната и проценетата вредност.

-Разликата која може да се појави може да биде 10 до 15, максимум 20% согласно сите промени што се случуваат на пазарот.

Јасно е дека Град Скопје пред себе има уште многу работа за да почне да го гради булеварот кој ќе ги поврзе Аеродром и Гази Баба. Колку време ќе му биде потребно на Градот за да го заврши овој проект, и колку пари тоа ќе ги чини скопјани никој не знае.

Побаравме градоначалничката, но и раководителот на Секторот за планирање во камера да објаснат до каде е целиот процес и кои се плановите на Градот, но не добивме ниту писмен одговор.

Наши извори од Град Скопје велат дека остануваат уште 90 нерешени случаи за експропријација. 10 од нив се повикани на разговор, а 80 остануваат нечепнати. Во потрага по одговори од градските советници дознавме и дека раководителите на секторите имаат забрана да комуницираат со нив, па ниту тие не можат да добијат информации за плановите на Арсовска.

Од теренската проверка добивам впечаток дека Ќерамидница не е заборавена од градската администрација, но работите се одвиваат многу бавно. Останува и нејасно кога мостот Михајло Апостолски целосно ќе ги поврзе Аеродром и Гази Баба и колку пари ќе чини целиот проект.

https://sitel.com.mk/mostot-kaj-kjeramidnica-se-ushte-ne-vodi-nikade-ne-se-znae-koga-kje-gi-povrze-gazi-baba-so-aerodrom?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 01-Sep-2023 at 16:58
Арсовска не кажува кога ќе се догради мостот на булевар АСНОМ

Од Град Скопје нема информација дали ќе продолжи изградбата на мостот на булевар АСНОМ кој се уште не е довршен. Неговата изградба почна во преме на поранешниот градоначалник Петре Шилегов и повеќе од половина е завршен, а требаше да го олесни поврзувањео на општините Аеродром и Гази Баба.

По стапувањето на функцијата градоначалничката на Скопје Данела Арсовска првично рече дека нема да го догради мостот и тој ќе служи само за фаќање риба, а потоа се премисли и рече дека ќе биде довршен овој проект.

Арсовска тогаш изјави дека за довршување на овој проект проблем е експропријацијата на околните куќи каде треба да се гради и дека штом завршат со тоа ќе продолжат со работа.

Но градежни активности таму нема. а досега нема информација дали е направена експропријацијата и кога ќе се доврши мосот.

Освен што не е довршен овој мост, надвор од употреба е и мостот Беласица, кој беше затворен по штетите предизвикани од пожарот. Со тоа луѓето кои секојдневно патуваат од Аеродром до Гази баба имаат проблеми во секојдневното функционирање.

https://fokus.mk/arsovska-ne-kazhuva-koga-ke-se-dogradi-mostot-na-bulevar-asnom/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Aug-2023 at 21:54

ова навистина како ја запуши ПетреШ чиниш и кај Љубљанска тоа ни е судбина, на полпат сме со нашава реалност, јасно собраќајна, до одзатнуење проток!, Но, може чаре ет исто ко кај ЛиМаК да се оди со Згради на столбои на булеварот т.е. се вцртат маркички и се најде инветитор волен за таков проект кој би јавнал булеварот а тоа не мора ни да биде нешто грандиозно, дури и самиот Град би можел да инвестира во такво нешто имајќи предвид дека потенцијално бар пола инвестиција ќе се врати та да стори некој комплекс од деловни центри над булевар и станбени кули покрај пат ...
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Aug-2023 at 12:40
Originally posted by stef4o

Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години



чунки инспирација за побрзо тргнуење
хм за оние кои не се блиску до изворнио мелоек со својта Душа
занив може ко алопоетична подлошка да легне д'К-овата ШаС'ШаГ



~


но колку побргу ќе се стигнуе доколку не се сторат клучки кај 1. Саем и 2. Мавровка ем денивелирање на 3. Илинденска, чунки ако се денивелира таму ем сторат клучки кај 4. НоМа 5. Соборна ем мост кај Влада а потоа наместо тунел под Кале проширување на Цар Самоил со клучка кај 6. Ам.Ам. за да се стори непречен проток од Џон Кенеди до Водњанска, чунки така и ќе станат Скотјани токму Скопјани!?, нормал ем клучки 7. кај Рампа и 8. Земјоделски та и навистина да се офајди циркулацијата на Градо, дури во меѓувреме е дозапушена со каков и да е ФастФуд транспорт [1]

логикава за инвентивно комплетирање на примарната сообраќајна мрежа чинам добро легнует во нишкава, и не за да се сопне некој од ваквата вронгтопик дигресија, туку во контекст видео скриншот за постојното запушено конектирање на правецот ВМРО~АСНОМ ко и не толку трагично во однос Биг Пикчр артеросклерозата на скопскио асфалтен проток!, на што единствена утеха ет дека судбински тргни застани ни се многу процеси од поодамна та бидејќи свикнати фино би било Народ да не се тревожи ами смируе со идни возможни глобални ризици апропо патничкиот транспорт налик астрономски цени на нафтени деривати заради икс причини илити емф-ворфер пржавка исто заради икс причини при што меин транспортен мод ќе бидна двоцикл и четирицикл со корпи дисаѓи и/или приколки!, нормал за кои постојната сообраќајна скотска мрежа и таква каква ет сега ќе биде повеќе од доволна, којзнае може и со чунои по Вардар ќе вози низводно Народ во такви околности
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Aug-2023 at 16:54
Реконструиран булеварот АСНОМ во Ново Лисиче

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на завршената реконструкција на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче.

Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна површина од 9750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници.




https://www.facebook.com/CityofSkopje
За сè има вторпат
Back to Top
zlate676 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Aug-2019
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote zlate676 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Jul-2023 at 20:06
Голем пропуст е што само се гребе асвалт нема тротоар од двете страни. Барем на терен е таква состојбата не се гледа дека се прави пешачка патека кај ФФМ страната.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Jun-2023 at 18:00
Се подига зелен коридор, а се градат и летниковци

Фирмата „Бауер“ интензивно работи на реконструкција на булеварот „АСНОМ“, на површина од 9.750 квадратни метри, со нови рабници и тротоари во должина од 1.100 метри. Притоа, предвидено е и нивелирање на шахтите и на сливниците. И додека се изведуваат градежните активности, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ работи на подигање ново зеленило, а се градат и летниковци, и тоа на потегот од мостот „Близнак“ до последна „петка“. Како што може да се види на терен, еден од летниковците веќе е готов, додека вториот се монтира. Од претпријатието потврдија дека нивни екипи работат на реализација на зелениот коридор на булеварот „АСНОМ“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Србија“ до раскрсницата со улицата „Февруарски поход“. Од Град Скопје, пак, неодамна информираа дека освен реконструкција на коловозот на булеварот „АСНОМ“, за граѓаните од овој дел на градот ќе има и ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување на површина од 27.000 квадратни метри



https://www.vecer.press/се-подига-зелен-коридор-а-се-градат-и-л/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Jun-2023 at 12:57
Реконструкцијата на „АСНОМ“ најавена во февруари, денеска е речиси на почеток

Најавената реконструкција на булеварот „АСНОМ“, што се случи на 15 февруари годинава, далеку е од привршување. Работите се на почеток, може да се заклучи од она што може да се види на терен. Дел од едната лента е со изгребан асфалт, а по него стои тешка механизација, но жителите на населбата, кои секојдневно поминуваат од таму сведочат дека ретко нешто се работи.

Затоа пак, денеска, претставници на Град Скопје, на чело со градоначалничката Данела Арсовска, беа на увид на работите. Се собраа и неколку работници, се прошетаа, се фотографираа и повторно пласираа непотполни информации.
– Со целосна реконструкција на булеварот „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“. Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9750м2, со нови рабници и тротоари во должина 1.100 метри, предвидено е нивелирање на шахти и сливници. За граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување на 27.000 метри квадратни – кусо соопштија од Градот.

Секако, во соопштението, ниту во февруари, ниту сега не стои кој ја изведува реконструкцијата, колку време ќе трае обновувањето на коловозот и колку чини овој зафат.

https://nezavisen.mk/rekonstrukcijata-na-asnom-najavena-vo-fevruari-deneska-e-rechisi-na-pochetok/
Carpe diem
Back to Top
krle.dr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Feb-2023
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote krle.dr Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Jun-2023 at 12:02
Убаво ќе беше да изведеа булеварско решение, за 200 метри да го решеа за подолг временски период....
Back to Top
krle.dr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Feb-2023
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote krle.dr Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Jun-2023 at 11:52


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Mar-2023 at 18:09
И јас го помислив истото, зашто фриленсерите да се секогаш трн во око на оние со помали примања, за разлика од директните дотации од странство. Овие барем нешто сработиле, створиле некаков welfare во светската економија. Нема потреба од љубомора кон ИТ светот, само го дигаат заедничиот стандард, отвораат работни места, индиректно влијаат на другите сектори и тамо да се качи стандардот.

Мене примерот ми беше исклучиво на следнава насока. Имаш куќа која нема документи, која немора да значи дека во моментот на градење прекршила урбаниситчки план. Значи имаш дивоградба на државно земјиште многу години, заради некаква неприлика дали пожар, земјотрес, од застареност се урнала, не е важно, во следниот момент ја немаш. Значи се враќаме на основната ситуација од пред многу години, кадешто практично дефакто на терен постои само државно земјиште без никаков објект на него. Епа во тој случај по кој основ некој поранешен сопственик на некогашна дивоградба може да очекува побарувања по основ на екпропријација.

Градот/институциите се доведуваат до апсурдна ситуација, гасејќи пожар или на друг начин помагајќи го и пролонгирајќи го постоењето на одреден објект, практично се доведуваат во ситуација да бидат оштетената страна кога тој објект ќе му дојде време за екпропријација. Уште па повеќе што таквите објекти се и основ за бенифициран откуп на државно земјиште под зграда, кое па понатаму бива злоупотребено за градење неколкуспратни згради.



Edited by user8642 - 28-Mar-2023 at 18:11
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 325
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Mar-2023 at 09:34
Со user8642 се согласувам, со alexend се согласувам за се освен за делот со фриленсери каде би рекол дека лош пример е наведен. Многу мал дел држи, повеќето не... Прво стаж не тече и на невработени, тоа што не му тече стаж негов проблем утре за пензија (освен секако ако не си уплаќа или не си има полиса во трет столб). Второ... фразата не плаќаат даноци звучи моќно ама фискалниот систем во Македонија во делот на даноците генерално е ориентиран на оданочување на потрошувачката. Што сакап да кажеш не плаќаат ДДВ (број еден даночна ставка за прилив во буџетот), не плаќаат акциза за гориво, цигари, други енергенси, не плаќаат режиски трошоци (каде што повторно има ДДВ), не плаќаат данок на имот, регистрации за возила, патарини, фиксни надоместоци за било каква услуга.. Едноставно кажано се плаќаат освен нормално данокот на доход за плата (10% од нето платата). Зошто, затоа што УЈП нема директен механизам за тоа, може роднини од Германија да ми пратат пари и тие ќе ги даночат?!? Едноставно, бидејќи државата живее од даноци и мора да постојат истите, истата таа држава треба да си наплати дополнително пари од крупниот капитал и од имот (кој има повеќе од 3 стана мора да си плати), данок на луксуз и овој што го збореа данок на екстра профит е добар чекор во таа насока ако истиот помине. Сакав само да ја разголам тезата која не држи. Даночниот систем во македонија во 80% од случаите ја оданочува потрошувачката и услугата, така е конципиран.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Mar-2023 at 21:21
Тоа е исто како на фриленсери на кои не им тече стаж и не плаѓаат даноци на државата да не им се пружи помош од страна на полиција или брза помош
Фер ама не етички.

Инаку ако не постапи пожарна, ќе им се уништи домот и после ќе станат терет на социјални служби, значи повторно терет на државата.
+пријава во стразбур за непочитување на човекови права.


Ај овие имаат некакви куќи на територија кога кога биле изградени можеби не било во рамки на градот, па со ширење на општини станале дел и настанал хаос. Но знаеш дека има фамилии кои живеат во рамки на фабриката Треска, во строг центар на Скопје...некој решил дека тука ќе живее!


Голем проблем е попуштање на властите и законот од време на груевски за легализација за 1 евро.
Еве еден пример од прва рака:
Локација бул.Теодосиј Гологанов (несакам да потенцирам точна локација)
Од кога знам за себе постоеше една трошна куќа на место кое беше логично да биде само мал парк за околните згради. Куќа во која никој не живее но е дадена на користење од "широкоградост и филантропија", читај претприемништво, на неколку ромски семејства (колку да се држи населена)...
Во повеќе наврати во разговор со вистинскиот сопственик околу куќата постојано ни велеше "тука ќе градам зграда", а куќата дивоградба. Сите се смеевме затоа што здрав разум тоа не го дозволуваше на никој начин + шанси финансиски за инвестирање на ликот 0.
Сплет на околности, среќа, господ, вмро...како год, се носи закон за легализација за 1евро, човекот легализира за ич пари и денес драги мои на таа локација има голема зграда за чие место типот добива станови што нема да може во фер услови да ги заработи за 3 животи.
Зошто?
*Затоа што институциите/локална власт дозволиле изградба на дивоградба
*Затоа што потоа не ја рушат куќата која е дивоградба
*Затоа што му даваат панси да легализира 1.000+м2 за исто толку евра.
*Затоа што наместо да му дадат маркица за м2 колку била куќата (100), добива за еден куп катови со сигурно 500м2+ од кат.


Овакви ситуации има сигурно мал милион во Скопје и затоа градот е таков каков што е. Неплански хаос.
Ако веќе си му легализирал иако е нефер спрема сите будали кои плаќале по правило, тогаш барем си можел да го ограничиш на П+2 и тогаш никој нема да има интерес за бизнис туку ќе биде исклучиво за фамилијата.

И после ние ќе коментираме тука дека фасадата била грда...




Инаку мостот ќе профункционира милион % прашање на време.

Edited by alexsend - 27-Mar-2023 at 21:22
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Mar-2023 at 19:08
Originally posted by user8642

Што мислите, дали би било фер и соодветно доколку Град Скопје едноставно реши на пример да не интервенира по пријава за пожар во дивоизграден објект? ОД пријава додека дојде пожарна, паралелно некој да утврди дека е дивоградба и да си се врати назад камионот, или да ги штити само легалните објекти. Па тоа има Градот многу лесно и едноставно да се ослободи од долги правни постапки за некои шупи и гаражи, кадешто што самите правни постапки чинат многу повеќе од вредноста на колибиве за експорпријација.
Divogradbite ne se vo nadleznost na Gradot. Za zal nefunkcionalnosta na drzavnite organi doveduvaat do krajno zapletkuvacki situacii no toa e makedonskata realnost. Sepak predlogot so pozarnata e krajno neseriozen. Pozarot e opsta opasnost za site i mora itno da se reagira bez bilo kakvi egzibicii.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 27-Mar-2023 at 18:23
Што мислите, дали би било фер и соодветно доколку Град Скопје едноставно реши на пример да не интервенира по пријава за пожар во дивоизграден објект? ОД пријава додека дојде пожарна, паралелно некој да утврди дека е дивоградба и да си се врати назад камионот, или да ги штити само легалните објекти. Па тоа има Градот многу лесно и едноставно да се ослободи од долги правни постапки за некои шупи и гаражи, кадешто што самите правни постапки чинат многу повеќе од вредноста на колибиве за експорпријација.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Mar-2023 at 15:52
Originally posted by stef4o

Багерите забревтаа – се уриваат куќи во Ќерамидница!



Багерите забревтаа во населбата Ќерамидница. Се уриваат објекти кои се на трасата на булеварот АСНОМ, кој треба да се пробие низ населбата со ниски куќички што е на само десетина минути од центарот на Скопје и каде што сè уште се одвива маалски живот.



Екипа на весникот ВЕЧЕР беше на самото место, каде што затече механизација на ЈП „Улици и патишта“, која, по налог на Град Скопје, ги урива објектите со кои градоначалничката Данела Арсовска постигнала договор за експропријација. Беа урнати неколку куќи, една на десетина метри од мостот „Михајло Апостолски“, а други две што се залепени до неа, се целосно испразнети. Другите куќи се урнати во центарот на Ќерамидница, кај некои целосно е отстранет шутот од приватна фирма ангажирана да го носи на депонијата „Дрисла“.

Забележавме дека една куќа речиси целата е урната, освен ѕидот што е залепен до друга куќа, чиј сопственик сè уште не постигнал договор за обесштетување со градските власти. Надлежниот од ЈП „Улици и патишта“ ни рече дека доколку пристапат кон уривање на ѕидот, можно е да дојде до оштетување на другата куќа и затоа, засега, ќе го остават.



Инаку, по планираната траса на булеварот АСНОМ, сопствениците на објектите што се спогодиле, ги празнат објектите и се иселуваат. Велат дека Градот им дал рок – некому од 20 дена, некому месец или месец и пол – да заминат. Не се задоволни од цената што ја добиле. Велат дека 400-450 евра за квадратен метар станбена површина е премалку, а за дворовите не им се исплаќа ни денар, бидејќи објектите им се изградени на државно земјиште.

Една жителка вели дека нејзината куќа има 40 квадрати во приземниот дел и исто толку на катот, но Градот ѝ исплаќа само за приземјето, односно 16.000 евра. Таа се чуди што може да купи со тие пари, веројатно, една соба. За споредба, ексградоначалникот Петре Шилегов, кој во својот мандат го почна овој проект за пробивање на булеварот АСНОМ во Ќерамидница и изградба на новиот мост, на жителите им нудеше двојно повисока цена за обесштетување на нивните објекти. Сите тие најавуваат судски постапки против Градот.

Трасата поминува и покрај црквичето во средината на Ќерамидница и не се знае судбината на овој верски објект.

За да ја забрза реализацијата на проектот, Град Скопје за краток период реши многу спорови. Вкупно треба да се решат 275 постапки за експропријација, осум од нив се на суд. Жителите што сè уште се во разговори со Градот, велат дека не се согласувале со првата понуда од 450 евра за квадрат пред три години. Зависно од куќата и колку е инвестирано, средната цена што била понудена е 800-ини евра за квадрат. И Арсовска неодамна истакна дека се преговара со секој посебно со цел да се најде решение.



– Од 2018 година, кога е започнат проектот, имало 139 парцели и 136 објекти што треба да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години, успеале да решат 31 предмет, а за осум влегле во постапка на спор. Завршивме голем дел од објектите за кои требаше да се направи експропријација, меѓутоа таму проблемот е што имотноправните односи не се само во делот експропријацијата туку има и голем број судски спорови меѓу роднини. Се надеваме дека во најбрз рок ќе се завршат – истакна Арсовска.

Дополнителен проблем, според градските власти, се јавува и поради фактот што на терен се случува една иста парцела да биде во сопственост на повеќе лица, а се случува и за даден имот да има одредени спорови меѓу сопствениците, поради што дополнително се усложнува целосната постапка.

Инаку, мостот е комплетно изграден и е подготвен да се пушти во сообраќај. Асфалтиран е просторот по мостот, сè до оградите на дворовите на првите куќи што ќе се уриваат.



Жителите на скопските општини Аеродром, Гази Баба и Центар веќе шеста година откако започна да се реализира проектот за нивно поврзување, не се во можност по скратен пат да преминуваат од една во друга општина.

Причина за тоа е бавното решавање на имотноправните работи со граѓаните што имаат свои имоти во Ќерамидница, односно на потегот од мостот „Михајло Апостолски“, кој е целосно изграден, до делот од булеварот АСНОМ што треба да води до раскрсницата на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Весникот ВЕЧЕР објави дека на булеварот „Александар Македонски“ ќе се прави кружен тек. Овој булевар е еден од најоптоварените, бидејќи е источна влезна порта во Скопје и поради тоа, често пати има застој во сообраќајот. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, потврди дека станува збор за таков проект за кој надлежен е Град Скопје. Тој информираше дека друг кружен тек, според ДУП, е предвиден и кај седиштето на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Додека во населбата Ќерамидница, каде што треба да се пробие новиот булевар како продолжение на булеварот АСНОМ во Аеродром, ќе има раскрсница. На овој начин, новоизградениот мост „Михајло Апостолски“, кој во моментов е затворен за сообраќај, ќе стане функционален и населбата Аеродром ќе се поврзе со Автокоманда.

https://www.vecer.press/багерите-забревтаа-се-уриваат-куќи/

Добро, дали е во ред цел град да биде блокиран заради имотно-правни односи помеѓу роднини и сл.?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Mar-2023 at 13:50
Багерите забревтаа – се уриваат куќи во Ќерамидница!



Багерите забревтаа во населбата Ќерамидница. Се уриваат објекти кои се на трасата на булеварот АСНОМ, кој треба да се пробие низ населбата со ниски куќички што е на само десетина минути од центарот на Скопје и каде што сè уште се одвива маалски живот.



Екипа на весникот ВЕЧЕР беше на самото место, каде што затече механизација на ЈП „Улици и патишта“, која, по налог на Град Скопје, ги урива објектите со кои градоначалничката Данела Арсовска постигнала договор за експропријација. Беа урнати неколку куќи, една на десетина метри од мостот „Михајло Апостолски“, а други две што се залепени до неа, се целосно испразнети. Другите куќи се урнати во центарот на Ќерамидница, кај некои целосно е отстранет шутот од приватна фирма ангажирана да го носи на депонијата „Дрисла“.

Забележавме дека една куќа речиси целата е урната, освен ѕидот што е залепен до друга куќа, чиј сопственик сè уште не постигнал договор за обесштетување со градските власти. Надлежниот од ЈП „Улици и патишта“ ни рече дека доколку пристапат кон уривање на ѕидот, можно е да дојде до оштетување на другата куќа и затоа, засега, ќе го остават.



Инаку, по планираната траса на булеварот АСНОМ, сопствениците на објектите што се спогодиле, ги празнат објектите и се иселуваат. Велат дека Градот им дал рок – некому од 20 дена, некому месец или месец и пол – да заминат. Не се задоволни од цената што ја добиле. Велат дека 400-450 евра за квадратен метар станбена површина е премалку, а за дворовите не им се исплаќа ни денар, бидејќи објектите им се изградени на државно земјиште.

Една жителка вели дека нејзината куќа има 40 квадрати во приземниот дел и исто толку на катот, но Градот ѝ исплаќа само за приземјето, односно 16.000 евра. Таа се чуди што може да купи со тие пари, веројатно, една соба. За споредба, ексградоначалникот Петре Шилегов, кој во својот мандат го почна овој проект за пробивање на булеварот АСНОМ во Ќерамидница и изградба на новиот мост, на жителите им нудеше двојно повисока цена за обесштетување на нивните објекти. Сите тие најавуваат судски постапки против Градот.

Трасата поминува и покрај црквичето во средината на Ќерамидница и не се знае судбината на овој верски објект.

За да ја забрза реализацијата на проектот, Град Скопје за краток период реши многу спорови. Вкупно треба да се решат 275 постапки за експропријација, осум од нив се на суд. Жителите што сè уште се во разговори со Градот, велат дека не се согласувале со првата понуда од 450 евра за квадрат пред три години. Зависно од куќата и колку е инвестирано, средната цена што била понудена е 800-ини евра за квадрат. И Арсовска неодамна истакна дека се преговара со секој посебно со цел да се најде решение.



– Од 2018 година, кога е започнат проектот, имало 139 парцели и 136 објекти што треба да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години, успеале да решат 31 предмет, а за осум влегле во постапка на спор. Завршивме голем дел од објектите за кои требаше да се направи експропријација, меѓутоа таму проблемот е што имотноправните односи не се само во делот експропријацијата туку има и голем број судски спорови меѓу роднини. Се надеваме дека во најбрз рок ќе се завршат – истакна Арсовска.

Дополнителен проблем, според градските власти, се јавува и поради фактот што на терен се случува една иста парцела да биде во сопственост на повеќе лица, а се случува и за даден имот да има одредени спорови меѓу сопствениците, поради што дополнително се усложнува целосната постапка.

Инаку, мостот е комплетно изграден и е подготвен да се пушти во сообраќај. Асфалтиран е просторот по мостот, сè до оградите на дворовите на првите куќи што ќе се уриваат.



Жителите на скопските општини Аеродром, Гази Баба и Центар веќе шеста година откако започна да се реализира проектот за нивно поврзување, не се во можност по скратен пат да преминуваат од една во друга општина.

Причина за тоа е бавното решавање на имотноправните работи со граѓаните што имаат свои имоти во Ќерамидница, односно на потегот од мостот „Михајло Апостолски“, кој е целосно изграден, до делот од булеварот АСНОМ што треба да води до раскрсницата на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Весникот ВЕЧЕР објави дека на булеварот „Александар Македонски“ ќе се прави кружен тек. Овој булевар е еден од најоптоварените, бидејќи е источна влезна порта во Скопје и поради тоа, често пати има застој во сообраќајот. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, потврди дека станува збор за таков проект за кој надлежен е Град Скопје. Тој информираше дека друг кружен тек, според ДУП, е предвиден и кај седиштето на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Додека во населбата Ќерамидница, каде што треба да се пробие новиот булевар како продолжение на булеварот АСНОМ во Аеродром, ќе има раскрсница. На овој начин, новоизградениот мост „Михајло Апостолски“, кој во моментов е затворен за сообраќај, ќе стане функционален и населбата Аеродром ќе се поврзе со Автокоманда.

https://www.vecer.press/багерите-забревтаа-се-уриваат-куќи/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.191 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.