build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар АСНОМ / АВНОЈ
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар АСНОМ / АВНОЈ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Poll Question: Врска: бул. АВНОЈ - бул. Гоце Делчев?
Poll Choice Votes Poll Statistics
22 [95.65%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
1 [4.35%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1562
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 14-Jan-2020 at 23:28
А да, ги заборавив излезите од паркинзите. Евентуално да се забрани вртење лево, па на паркинзите да може да се влезе и излезе само од/кон насока запад-исток, а раскрсницата АСНОМ-Србија/Глигоров да прерасне во кружен тек, или пак семафори да има само на излезот кај Хилтон.


(Заборавив да ставам жолто крукче-семафор кај раскрсницата АСНОМ-Србија/Глигоров)


Може и вториов излез да прерасне во кружен тек, ама ме мрзи да цртам.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4692
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 18-Jan-2020 at 16:35
По тоа што јас гледам ќе има 4 раскрсници. И кај двата влеза на паркинзите по тоа што гледам ќе има лента да вртење лево. Ќе биде како на Јане Сандански.

Инаку го вадат асфалтот на стариот коловоз. По новиот се вози.во насока кон СЦ Јане Сандански.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1924
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 19-Jan-2020 at 14:20
Веќе ги припремаат раскрсниците да бидат семафорски, се поставуваат кабли и бетонски основи, така да сонот наречен кружни текови може да ги заборавиме во скоро време.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12052
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 19-Jan-2020 at 15:27
Нема доволно простор за да се изведат кружни текови. Паралелната улица од страната на Вардар е толку блиску што не може да се изведе спојка. Нема доволно простор ни за асална крстосница (сегментот ќе може да прими максимум 2 возила, или ако е долг автобус или камион со приколка/полуприколка тогаш нема да може ниту 1 такво возило добро да се постави на крстосницата од таа страна). За вакво катастрофално планирање треба да се губи лиценца, но ваква очигледна и груба грешка се провлекува и низ други ДУП-ови.

Од другата страна (од кај станбената населба) има за нијанса повеќе простор, но исто така сосема недоволно, во суштина проблемот ќе биде само малку помалце изразен.

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 564
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-Jan-2020 at 15:01
Проблемот со преблиску поставени сервисни улици до главни булевари е низ цел Аеродром, Реонски и Ново Лисиче. Секојдневен хаос е поради немање простор за возилата што чекаат семафор и останатите што доаѓаат. Иста ситуација ќе биде и тука.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 20-Jan-2020 at 15:14
Кружен треба и кај Хилтон, неподнослива гужва е во правец према ФОН/Бриколаж! А да потсетам градоначалникот планира тука да пренасочи сообраќај кога би се изградила во продолжние Хрватска...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12052
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 20-Jan-2020 at 17:08
Originally posted by <Fresno>

Проблемот со преблиску поставени сервисни улици до главни булевари е низ цел Аеродром
Точно, со тоа што кај оваа сервисна улица ситуацијата е најекстремна. Замисли колкав огромен наплив на возила ќе се случува во кратки временски периоди поради настани во објекти како СЦ Јане Сандански, Хилтон (а и други објекти ќе се градат на тој простор), а улицата е практично залепена до булеварот. Тоа се вкупно три крстосници, од кои едната е точно кај салата Јане Сандански и булеварот Васко Карангелески. Совршен рецепт за хаос и сообраќаен колапс, на место кадешето инаку можело без никакви проблеми да се зацртаат поинакви решенија кои ќе функционираа одлично, а за кои би се инвестирале истите пари. Проблем креиран од никаде.

Другите постари спојки низ Аеродром, Н.Л. и Реонски колку и да се кратки и неадекватни, сепак се премија во споредба со тоа што е вцртано во оваа катастрофа од ДУП „Аеродром урбана единица Г“. Особено затоа што веќе долго го имаме лошото искуство во пракса секој ден и ваљда требаше нешто да се научи од тоа.

Мислам редно е да се почне јавно да се прозиваат „планерите“, особено што повеќето од овие фаци се среќаваат премногу често на секакви помии од ДУП-ови, вклучувајќи и ДУП-ови поврзани со Ск2014, ДУП-ови кои ги уништуваат предусловите за клучни сообраќајни решенија, ДУП-ови кои резултираат со хаотични збиени населби без решенија за базични предизвици и проблеми... Еве ја екипата што го скрои оригиналниот ДУП „Аеродром урбана единица Г“ со такви сообраќајни изуми:

Изработено од:
ИНПУМА

Планер потписник:
Благоја Тагасовски

Планери:
Силвана Вановска
Лидија Андреевска
Блажунка Трпковска

Соработници:
Николина Шандевска
Ана Петровска
Ивица Стоиловски

Управител:
Борислав Јосифов


Еве ја на пример скоро истата екипа, вклучена и во криминални манипулации на ДУП „Мал Ринг“:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=123220#123220






------------------------------------------------------------------


Конкретниов проблем освен во Аеродром го има и на други локации во градов. Во моментов ми текнуваат Тинексот на бул. Борис Трајковски и Тинексот на 3-та Македонска Бригада, а исто така и излезот од паркингот кај Зоолошката Градина.

Жално е што наместо да се работи на тоа да се реши или ублажи проблемот на постоечките најкритични точки, грешката се продлабочува и изминативе години проблемот го реплицираат во уште поекстремна форма на нови локации.



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12052
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 22-Jan-2020 at 16:41

Сега забележав, баш кај спојката на сервисната улица со булеварот, некој одобрил да има и излез од подземен паркинг.
Каква неписмена стока!


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3508
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 14-Feb-2020 at 13:27
Згради потонати во облаци прав





Повеќе од половина година некои од аеродромци што живеат во близината на булеварот АСНОМ се задушуваат во прашината што ја создаваат градежниците, кои работат на оваа сообраќајница. Граѓаните се жалат дека покрај загадениот воздух цела зима голтаат и прашина. Камионите што разнесуваат градежен материјал, постојано истураат, а од фирмите никој ниту чисти ниту мие по нив. Од правот што се крева често не се гледаат станбените згради, како што е близу последната автобуската станица на линијата со бројот 5, а станарите не можат да отворат прозорец за да ги проветрат своите домови.

Со секој ветер се разнесува насобраната прашина по уличките, паркинзите и тротоарите по целата должина на изведбените работи од хотелот „Русија“ до последната станица на автобуската линија со бројот 5 и завршува на терасите на зградите близу булеварот. На целиот тој потег со месеци се копа и никако да завршат започнатите градежни работи. Облаци прав се креваат по секое возило што ќе помине на тој дел од населбата Аеродром, а полни со прав се и нивните автомобили оставени на блиските паркиралишта. Никој ниту ги чисти ниту ги мие улиците кога се изведуваат вакви градежни активности. Поради градежните зафати на булеварот АСНОМ, по изменети траси возат и автобусите на ЈСП на линиите со броевите 3 и 23, а тоа им прави дополнителна нервоза на сите што користат јавен градски транспорт.
Револтирани аеродромци прашуваат каде се комуналните инспектори да излезат на терен или, пак, чекаат граѓаните да им пратат дојава за ваквите состојби. На прашањето дали улиците на кои има градилишта треба почесто да се мијат или, пак, тоа треба да го побараат граѓаните, од градот се децидни дека граѓаните што ќе забележат ваква појава можат да ја пријават во Инспекторатот на градот Скопје.

– Ова е навистина нехумано, се наголтавме прашина, па барем комуналците да дојдат со цистерни да ги измијат јавните површини. Голтаме прашина од дома до паркиралиштата, а на нив си ги наоѓаме полни со прав и автомобилите. Попусто даваме пари по пералници. Зошто фирмите што инвестираат немаат обврска да внимаваат на хигиената, да прскаат, да не истураат градежен материјал. Ги контролира ли некој воопшто овие состојби, каде се комуналните инспектори, инспекциските служби да ги опоменат, да ги казнат за ваквото неодговорно однесување – изјавува револтирана жителка на Аеродром.

Од градот топ не ги бие, го даваат стандардниот одговор и образложение дека во однос на условите што треба да се испочитуваат во градилиштата, тие се повеќе опфатени во Законот за градење и за нивна контрола се задолжени градежните инспекции на општините.

– Градот Скопје, преку ЈП „Комунална хигиена“, во континуитет работи на миење на улиците, кое го врши со девет специјални возила, во согласност со динамиката и приоритетите што се утврдени од страна на претпријатието. „Комунална хигиена“ има надлежност машинското миење со автоцистерни да го извршува само на главните сообраќајници и булевари. За другите улици се надлежни општините. Од аспект за хигиената и работата на градилиштата, Инспекторатот на градот Скопје има надлежност да ги контролира градилиштата во однос на излегување камиони и други градежни машини од градилиштата на улица со валкани тркала и непокриени со поклопец – церада (во согласност со Законот за јавна чистота). Овие контроли се вршат секојдневно и против сите прекршители се поднесува соодветна пријава – тврдат од градот Скопје.

Се поставува прашање, ако се казнуваат прекршителите, зошто тогаш и понатаму не ги почитуваат правилата, дали казните се благи или можеби не се реализираат. Од ЈП „Комунална хигиена“ акцентираат дека не е нивна обврска да ги посетуваат и мијат сите улици каде што има градилишта. На терен треба да бидат инспекциските служби. Во овој период не го прават тоа ниту на улиците за кои се задолжени поради мрзнење.

– Секоја фирма што гради треба да си обезбеди своја цистерна и со неа да прска, да ја одржува хигиената, да не дозволи да се создаваат облаци од прав, тоа е нивна законска обврска. Според програмата за работа, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје стандардно спроведува машинско миење со автоцистерни само во периодот од април до октомври. Се случувало да чистиме или миеме улици по налог на градот или општината, но главно градилиштата треба да ја одржуваат хигиената. Исто така, по налог на градот сме подигале отпад што го оставила некоја градежна фирма и ние сме го носеле на „Дрисла“, што е обврска на фирмите. Оние градежни фирми, кои создаваат прашина на улиците или истураат песок, земја што и да е, го прекршиле Законот за животна средина, Законот за јавна чистота, комуналните инспектори можат да ги казнат – велат од ЈП „Комунална хигиена“.

А граѓаните не бараат ништо повеќе, туку секој да си ја заврши својата работа за да имаат почиста животна околина.

Општината Аеродром имала инспекциски контроли на терен
Од општината Аеродром потврдија дека граѓаните се пожалиле и кај нив на прашината од градежните активности на булеварот АСНОМ, за што надлежните тврдат дека интервенирале на терен.
– Станува збор за обемни градежни активности на потегот од хотелот „Русија“ до последната станица на линијата со бројот 5 во Ново Лисиче. На тој дел се гради булеварот АСНОМ, како и нова пешачка и велосипедска патека, како и пречистителна станица во близината на последната автобуска постојка. Досега имало повеќе жалби од граѓани во однос на ова прашање, поради што инспекциските служби на општината Аеродром редовно интервенираат на терен и им наложуваат на изведувачите да ги мијат тркалата од возилата за да се намали разнесувањето на прашината – велат од општината Аеродром.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/згради-потонати-во-облаци-прав/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12540
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 18-Feb-2020 at 19:52
Сликав додека возев точак, така што ќе ми простите за квалитетот









За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3508
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #131 Posted: Yesterday at 16:34
Гранит“ ќе го гради пробивањето на булеварот АСНОМ и мостот кон Керамидница

Градот Скопје ја избра компанијата „Гранит“ за пробивањето на булеварот АСНОМ кон населбата Керамидница и за изградба на новиот мост на реката Вардар. Станува збор за втора фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, со која се предвидува изведба на трасата во должина од 400 метри, вклучувајќи го и мостот што ќе биде долг 120 метри.

Идниот мост ќе има по три коловозни ленти во секој правец, со велосипедски и пешачки патеки. Капиталниот зафат опфаќа и изведба на јавното осветлување, водоводната и канализационата мрежа.

Градежната оператива ќе има рок од 550 дена за да ја изгради трасата на потегот од улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром до улицата „Индустриска 1“ во Керамидница. Изведбата на втората фаза на проектот ќе чини над 5,9 милиони евра, се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки. Градските власти треба допрва да го официјализираат почетокот на изградбата на новиот мост на реката Вардар.

Во меѓувреме, на терен привршуваат активностите за реконструкција и проширување на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со улица „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром. Проширената сообраќајница во должина од 850 метри ќе има три коловозни ленти во секој правец.

Со изведбата на сите три фази, булеварот АСНОМ треба да се пробие како нова траса низ населбата Керамидница, со која ќе се изврши спојување на раскрсницата кај некогашниот Скопски саем со булеварот АСНОМ кај хотел „Русија“. Последната фаза од овој проект вклучува експропријација на земјиште и уривање на 180 објекти во населбата Керамидница за да се изгради самиот булевар.

https://meta.mk/granit-ќe-go-gradi-probivaњeto-na-bulevarot-asnom-i-mostot-kon-keramidnicza/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=granit-%25d1%259ce-go-gradi-probiva%25d1%259aeto-na-bulevarot-asnom-i-mostot-kon-keramidnicza
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #132 Posted: Yesterday at 21:58
Рок од година и пол, а тече од?
Ајде со среќа нека ни е!

Да се запомни само "по 3 ленти во секој правец" + велосипедска и пешачка патека.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3508
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #133 Posted: Yesterday at 22:10
Moment koj najmnogu me plaši se 180-te objekti koi ke treba da se urnat za izvedba na drugiot del potočno tretata faza,da ne ispadne na kraj da dobieme most koj nema da vodi nigde...iskreno bi bil iznenaden dokolku nema nitu eden sporen imot vo site tie 180(kako što beše so peralnata na 3-ta Makedonska Brigada)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.