build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар АСНОМ / АВНОЈ
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар АСНОМ / АВНОЈ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Poll Question: Врска: бул. АВНОЈ - бул. Гоце Делчев?
Poll Choice Votes Poll Statistics
22 [95.65%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
1 [4.35%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 04-Mar-2020 at 21:01
Originally posted by гитардемон



Линк некој?

Оди кај Шилегов на фб-страната.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 04-Mar-2020 at 21:09
Originally posted by гитардемон



Линк некој?


Јас читав на официјалниот ФБ профил на Град Скопје, еве линк до тој пост:

https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/2933924949987031




Edited by Cloverstack - 04-Mar-2020 at 21:09
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 04-Mar-2020 at 21:31

незнам што очекувате на ФБ можеби експертски премер а дека секој си е во право, во право си е! па дури и Градо кога си верва дека на војаерска мрежа му е тамам да си промовира проекти! не им текна да направат Блог ако не еФорум на својта официјална страна па сега Народ е крив, иако вака на ФБ од прва може да чуе и локален сеир!

а од она на прва што читнав од коментари грото може да се релативизираат лесно, пр. доколку паркот се компензира, доколку вело-патеките се премостат со привремени монтажни мостови по насипите, а за тајмингот дефинитивно чаре ет сите позиции да се на ачик за изведбено-пенолошки не ја главиме во недоглед, но и тоа како абер ако го пуштаат на ФБ, освен денгуба ништо друго нема да видиме од чешлање резонирање тревожење!

мене ме чуди како не му текна на ЗлаткоМ, и така ветуваше предизборно дека маркичката за парцелата кај Мајчин Дом ќе ја избрише, да го кандиса Инвеститор да му трампаат старата за нова тука некаде од спроти Хотел Русија та и одма до Кеј, чинам каде каде поатрактивна ќе му беше таква локација него сега она упадот кај Мајчин Дом, иако веројатно ќе мораа да одат и со тејк ит ор ливит по цена и на тужба, арно ама кој ни е крив кога и старата и новата локална гарнитура во ОА си заклучиле одаи и’ за Граѓански Надзор а не пак меѓусебен Јавен Партиски Чешел, просто околност налик самобендисан арестед девелопмент на кој сега му фали уште ко во случајот на Куќата кај Транспортен некој да го стопира бул.АСНОМ во Керамидница уште десетина години потоа, евентуално да ги заобиколуваат штопните со слалом додека не се испазарат натака ... инаку поентата со инвестициите кај Саем му држи на Народ како акција-реакција, само заборава дека се’ поголеми гужви ќе има во иднина доколку најитно оваа траса не се комплетира! за мене единствено дискутабилно е зошто Шилегов да не остави тро поширок Мост за евентуално утре да се пушти в среде понего BRT или LRT траса та дури и еднонасочно ако не поинаку [1]   


Edited by Zelenikovo - 04-Mar-2020 at 21:51
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 04-Mar-2020 at 21:54
Samo me interesira zošto seušte nema ni renderi nitu negde podetalno e prikažan proektot ima samo vizuelen prikaz kade treba da minuva trasata i ništo poveke. Patem ova ke bide vtora faza a klučniot moment za funkcionalnosta na celiot proekt ke bide tretata faza koja predviduva rušenje na 150 objekti,spored napisite dosega se rešeni 50 objekti se nadevam nema da zaglavat so ostatokot...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 593
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 06-Mar-2020 at 00:19
Дека парк се уништува - не се уништува. Грда ливада е просторот по кој плачат некои. Аарно ама, не можам да го разберам ни фетишот по асфалт. Зошто толку радост за секоја лента плус. Трета лента во населено место треба да се забрани со закон.
Можеби Кензо проектирал градски автопати, ама тоа било пред 60 години. Денес живееме во држава во која имаме 4 дизели од ‘97ма по глава на жител. Транспортните навики во едно тупо општество не можат за се сменат освен на сила и радикално. Движењето со автомобил низ град треба да се направи максимално непријатно искуство, тоа е најефикасен начин да се дестимулира неговата употреба (се разбира во комбинација со нудење адекватна алтернатива).
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 06-Mar-2020 at 02:08

од секогаш Прва Лента била само за Автобуси и принудно запирање, а кога ја обележаа и како Жолта си доби чинам таквиот стандард и хоризонтална сигнализација, незнам колку истиот урбано како еу регулатива е во сила [1] треба некој сега да тарашка но веројатно се подразбира и за во и за вон урбано место ...

инаку урбаните автопати не се толкав проблем колку екологијата, а таа има начини како да се стимулира, можеби ко што велам со покачени давачки за регистрација за секое второ возило [1][1][1] но ова без алтернатива како Бесплатен Јавен или бар таков засебен BRT транспорт ем секојдневно LRT од Транспортен Центар до ТИРЗ и Аеродром нема да заживее и Народ попрво би плаќал дупло него да си мачи глава која му е алтернатива ... впрочем ако движењето е непријатно и Економија и Квалитет на Живеење ќе бидат непријатни ...

а дека Парк ќе се уништува ќе се уништува, ако знаеш колку време и средства се одвоени (1 мил. евра) посекако тоа е зијан иако во случајов неопходен и не толку проблематичен како компензацијата за Легалните Објекти кои се наоѓаат попатно по трасата денес во нас.Керамидница, се на се арестед девелопмент парексаланс како си функционира двопартискиов затворен систем и како мува не ги лази постојните удбалитичарски мастадонти да се реформираат, бреј структурни реформи биле норма за поуспешен развој во општеството, но во нивниот случај тоа ќе да не важи/важело, во спротивно постојано ќе си прочешлуваа партиски то проектната ефикасност и структурната агилност, ама не се ни тие криви што имаме Научна Фела која само на пуш’д’батн реагира и тоа стрикно по вертикален притисок од власта, па ако не самите некој поумен да ги засрами, за жал сега тоа го чинат најчесто Нелиценцирани Граѓани, веројатно оние ко мене кои нема со што зачаурените да ги уценат освен да ги сеират онака чопорски!
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 06-Mar-2020 at 03:00
Originally posted by hcitrS

Дека парк се уништува - не се уништува. Грда ливада е просторот по кој плачат некои. Аарно ама, не можам да го разберам ни фетишот по асфалт. Зошто толку радост за секоја лента плус. Трета лента во населено место треба да се забрани со закон.
Можеби Кензо проектирал градски автопати, ама тоа било пред 60 години. Денес живееме во држава во која имаме 4 дизели од ‘97ма по глава на жител. Транспортните навики во едно тупо општество не можат за се сменат освен на сила и радикално. Движењето со автомобил низ град треба да се направи максимално непријатно искуство, тоа е најефикасен начин да се дестимулира неговата употреба (се разбира во комбинација со нудење адекватна алтернатива).

Па во конкретниов случај е добро што се има лента плус. Ќе се добие целина со останатиот дел од булеварот, а не, три ленти, па на мостот две, па пак три. Плус ова ќе биде на некој начин една од три главни влез-излез булевари на Аеродром кон Центар, така што и те како е потребна уште една лента.

Според мене, проблемот лежи во големата ширина на лентите. Енормно широки се сообраќајните ленти насекаде низ градот. Ако се намалат ќе се добие дополнителен простор на вистински начин да се развива велосипедската инфраструктура.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 14-Mar-2020 at 11:36
На терен засега нема значајни активности освен што дел од трасата(паркот и реквизитите околу кои се прави голем проблем бидејќи ќе бидат уништени со изградбата на мостот) се оградени и дел од плочките на пешачката патека се извадени.









https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/

Edited by stef4o - 14-Mar-2020 at 11:41
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 15-Mar-2020 at 11:56


https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12621
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 17-Mar-2020 at 18:59
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2438
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 20-Mar-2020 at 17:42
Кејот од денес е затворен со тараби.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 24-Mar-2020 at 08:16
Тарабите за новиот мост ја прекинаа вело-патеката кај салата „Јане Сандански“



Иницијативата на НаТочак реагира на прекинот на вело-патеката на кеј, во непосредна близина на салата „Јане Сандански“ во Аеродром, откако пред неколу дена целиот простор беше ограден за почеток на изградба на нов мост кој треба да го поврзе Аеродром со населбара Керамицница, во Општина Гази Баба.

Од иницијативата наведуваат дека Град Скопје, кој стои зад проектот, со овој чин покажал непочитување на точка 2.1.4 од Планот за унапредување на велосипедски сообраќај кој Советот на Градот го усвои во септември минатата година, при изведување на градежните работи за мостот на булевар АСНОМ. Точката гласи: Воведување на обврска за задолжително обезбедување на алтернативни површини за пешачење и возење на велосипед при изведување на градежни работи на пешачки и велосипедски површини.

„Бараме според зацртаните планови на Градот, во овој и во сите идни проекти, да не смеат да се прекинат велосипедски патеки, да не смеат да започнат градежни работи од изведувачите додека навремено не се обезбеди известување со соодветна сигнализација за насоки на движење, како и изведено безбедно заобиколување“, стои во дописот на иницијативата до Градот.

Од НаТочак бараат додека се уште не се започнати градежните работи, да се тргнат тарабите до моментот на обезбедување рампи и безбедно и означено заобиколување за велосипеди и пешаци.

„Доколку се започнати градежните работи, бараме итно делување со поставување рампи за туркање на велосипеди и соодветна привремена сигнализација и насочување, а во догледно време (наредниве месеци) и подобро пофункционално решение со возливи рампи, бидејќи велосипедскиот сообраќај и кејот не смеат да страдаат во наредните години додека се вршат градежните работи како што беше случајот (и се уште е) со прекинот кој го направи мостот за Панорамското тркало и сите останати мостови во проектот Скопје 2014“, додаваат од иницијативата.

Од групата потсетуваат дека и во време кога е неопходна социјална дистанца поради коронавирусот, има луѓе кои мора да отидат на работа и во овој период, а со тоа што користат точак ослободуваат и место во јавниот превоз.

https://www.radiomof.mk/tarabite-za-noviot-most-ja-prekinaa-velo-patekata-kaj-salata-jane-sandanski/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 24-Mar-2020 at 14:31

уште да имаше законски механизам да мораат при гласањето и спроведувањето на законите и проектите во 30% да зависат и од Гласот на Граѓанските Здруженија а за да не си заминат одтука и оние кои спортуваат професионално или рекреативно а за кои не само во Скопје туку и водругите градови нема никаков еко-простор каде спортските и вонспортски активности би ги сториле и вон Спортска Сала, а со ваков институционален механизам на Директна Непосредна Демократија ова аплузов ќе биде и пекарски, онака да ги месат како тесто тие своите народни избраници а тие нив!

во однос рампите, хм тоа е благо речено чинам, нели, некој тоа може тоа да си го разбере само како кревање скеле, а всушнст може да се случи Маса од Народ таму да врви, значи мора да се потенцира дека неопходни се привремени рампа-мостови, на страна што мора да се издебатира со Градо Изведувачо и Сообраќајна Полиција како истите е најпаметно да се стокмат, дали истите да се над самото градилиште затворени, дали да има еден за пешаци и оние кои туркаат точак и еден монтажен вело-мост за оние кои би го извозеле тој сегмент, односно тоа може да е една поширока платформа поделена на два соодветно и за пешаци и за велосипедисти!

Итно Делување од страна на Градо, кој како раководство (и совет) заради политичка склоност дo/кон одредена партија која брка предизборни поени, во најдобар случај ќе заврши со почекајте да најдеме градски буџетски средства за пренамена, ниваму нитаму одговор ќе им биде ни треба ребаланс на градскио буџет, а во најлош случај може да попјат сеир картон налик кога вие ќе бидете градоначалници елате прајте си како ви драго! заради што освен Јавни Пораки веројатно НаТочак ќе мора да протестира, а што во вакви пандемиски ковид-19 околности, дури и кога ќе заврши пандемијата може брзо да се надмине problemov и се натераат градските власти на компромис, за почеток и’ само со Предупредување дека ќе се организира Протест што за почеток може симболично да се најави со Вело-Графит по Тараби, а доколку надежните се паметни ќе седнат зад тастатура и еве комотно ако немаат другде би им предложил тука на Билд да си побараат (одма ќе добијат) засебна Нишка во Подфорумов каде официјално само со Спортски Граѓански Здруженија ќе го издебатираат проблемов > а за да не се случи Вело-Протест на кој сите велосипедисти од Скопје би излегле, како конечно НаТочак би станала официјална вело-организација преку која ќе мораат народните избраници да комуницираат со Велосипедисти Сограѓани ... ова претходнава последна реченица намерно не е болдирана бидејќи ако ко Здружение на Граѓани не извадат Се’ на Ачик на Свој Вело еФорум утре лесно може да се случи некој да ја купи невладината и пак работите да си тераат по старо!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 28-Mar-2020 at 18:47


https://www.facebook.com/gamagradba.mk/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.