build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Poll Question: Врска: бул. АВНОЈ - бул. Гоце Делчев?
Poll Choice Votes Poll Statistics
26 [96.30%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
1 [3.70%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 16-May-2020 at 16:52
Денес се завршува со изградба првата фаза на новиот булевар АСНОМ во општина Аеродром. Со велосипедски патеки и тротоари. Со централно и странично булеварско зеленило.















https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 18-May-2020 at 19:36
Се експропреира по ГУП, полн профил, се гледа некаде поклопување на ново создадени катастарски парцели направени со расцепкување на старите со намера експропријација и тоа баш по ГУП, по линиите на опфат на проектираната траса на булеварот. Ама иде многу споро.

Предизборно граѓаните се лажени дека би добиле повеќе обештетување во иднина и стои работата, а исто така преизборно по нови политички "правила" не смее да се исплаќаат вакви спогодби за да нема злоуптореби со намера купување гласови и

...јпг се влече, до кога експропријација на склонопадни куќи ќе биде политичка тема у мк, тоа никој незнае


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12106
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 19-May-2020 at 02:05
Originally posted by user8642

се гледа некаде поклопување на ново создадени катастарски парцели направени со расцепкување на старите со намера експропријација и тоа баш по ГУП, по линиите на опфат на проектираната траса на булеварот


Одличен hack, драгоцен      
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 21-May-2020 at 20:42












https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4606
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 22-May-2020 at 10:54
Еднаш му искоментирав на сликите ама не добив одговор. Нели дронот беше за ловење на загадувачи, не за сликање? Океј е во слободно време да го користат за вакви активности, ама нешто слабо со загадувачите во последно?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 22-May-2020 at 19:07
Нека ангажираат административци како редари на дивите депонии. Со дронот се испофалија на почетокот, ама не им стави крај на депониите.

Го разгледав катастарот, плацовите воглавно се на Република Македонија, ваљда газдите не ги откупиле што додатно ја комплицира работата. Од куќите и остатокот од плацовите, помал дел се на Република Северна Македонија (која ретко ја има на катастар и што значи дека државата се стекнала со право на сопственост по промената на името во февруари лани), другите на физички лица.

Споро оди експропријацијата, многу се ценкаат. Треба промена на низа закони, па ако јавниот орган (централно или локално ниво) и сопствениците на имот којшто треба да се откупи не се договорат во рок од шест месеци, тогаш со одлука на Советот на Општината за локално, или Собранието на Републиката за централно ниво, а по претходно добиени мислења од повеќе органи и разговори со сопствениците имотот да се откупи по највисоката проценета цена согласно платениот данок на имот во последните 5 години. За подобра заштита, може да се бара и републичкото Собрание, а на барање на заинтересираниот јавен орган, да прогласува проекти од големо значење за Републиката и одлучува по нив, и само за тие да важи наведеното решавање проблеми со експропријација. Така нема со години да се влечкаат автопати и булевари кои веќе се подготвени за изградба и нема да имаме перални сред нив, ниту пак државата ќе троши еден куп пари за нереално висока цена на експропријација.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 22-May-2020 at 19:25
Многу го имаш политички опишано, а не е ова до толку политичко прашање, иако го прават такво партиите. Мене од секогаш ме, како да кажам, вознемирувало тоа што ова е така тешко прашање за Македонија и што тие постапки се водат вечно, а некаде за жал на многу примери во Скопје и неславно властите дигаат раце или се прилагодуваат на поединци кои треба во нормални услови да влезат во институционална немилост, у некоја база каде што кај да мрдне на проблеми ќе наиде, ќе биде малтретиран за лични документи, за прости работи маткан по институции, ќе биде општествено шиканиран, ќе бидат бојкотирани бизниси на такви адреси во нормално општество, пожарна да не интервенира на дивоградби, нелегални објекти и вакви објекти. На памет ми оди оној со куќата кај мостот кај транспортен центар. Кај ја злоупотреби позицијата, па уште заработува пари од билборд на куќата диектно со реклама врз мостот. Тоа бре не треба да може државна работа да најде, да неможе лична карта да извади, а не па уште пари да заработува од таквата злоупотребена позиција, ама тоа е, останатиот колективитет општествен наместо да биде свесен за ова, јавноста уште па обратно, сочуствува со ваквите случаеви. Да не зборувам за куќата на Водњанска, авто-сервисите на Првомајска, дуќаните на Пластичарска и ЦветанДимов, деловниот објект на ДамеГруев кај Бристол. Мора да има некоја форма на crowd-sourced бојкот и јавен блам на таквите бизниси, јавноста да биде свесна дека тој и тој поединец на некој начин го оштетува колективниот интерес и да сноси јавен срам за тоа. Треба јавен бојкот на целокупно стопанство у такви објекти.


Во прилог правилник за утврдување на цена на вакви имоти, можда е постара верзија, огласен на стариот портал на Град Скопје:
http://starportal.skopje.gov.mk/uploads/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B8/Metodologija%20za%20procena%20na%20%20pazarnata%20vrednost%20na%20nedvizen%20imot.pdf

Edited by user8642 - 22-May-2020 at 19:47
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 22-May-2020 at 20:09
Тенкс за правилникот.

Комунизмот заврши, сега сме либерална демократија и мора да се почитува правото на лична сопственост. Не може да дојде градоначалникот, да каже дека од утре ќе праат булевар таму, да остави вреќа со 80.000 евра, џапне имотниот лист и утредента да прати багери да рушат (хиперболизирам, не велам дека ова е твојот предлог). Но, треба да се изнајде решние со газдите кои се алчат или политички саботираат проекти - најочигледен пример е Беласица.

И за дивоградбите и урбаната мафија имаш креативни идеи. Имајќи предвид дека е веќе прераспространета појава, требаше да се легализираат, но со плаќање комуналии и исполнување некои услови.

Edited by Staro Skopje - 22-May-2020 at 20:11
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 22-May-2020 at 20:47

Можда неможе градоначалникот да го направи тоа, ама параполитички структури наместо да се користат за деконструктивна дејност (лажење граѓани дека они кога ќе дојдат на власт ќе им дадат повеќе), може од другата партија "добронамерни бизнисмени" да го прават тоа. Кога веќе институционалниот пат не дава резултати, или па дава многу споро. Мора да се биде креативен. Јас стварно го поздравувам таквиот начин на решавање на тревникот кај Шпански Скали. Да не збориме дека една форма на вакво делување дава одлични резултати во Кавадарци, каде градоначлникот на сосема позитивен начин изнудува резултати за некои ситуации, дали тоа било лични донации за инфраструктурни проекти кога веќе буџетски преку општина неможе да ги реализира или па и за случаеви кои воопшто и не ги знаеме јавно, а знам како пизитивно се завршени. Што да праи, да плаче по телевизија за ингереции до кај му биле и да објаснуе на просто население за физибилити студии и ебрд грејс период?! Не, напротив конкретна акција на терен. Да не збориме и за многуте позитивни примери во руралните средини низ Македонија, претежно Албански каде има локална организација за оние улици од бекатон што ги гледаме насекаде, тоа сигурно не е општински проект, ама резултати дава. Експропријацијата е типичен пример кајшто многу лесно може да навлезе вакво делување, ако не во Скопје ќе се појави на друго место. Ако институциите не ги убрзаат постапките, едноставно немаме ние 100 животи за да чекаме некој "стар скопјанец" да обезбеди 7 стана за цело поколение до 3то колено, и све тоа на сметка на гулабарник у маџар маало, како оние што јавно прокламираа дека "нејќеле булевар, сакале станови за децата". Ова мора да се прекрати у корен! Во Ќерамидница колку што знам, им се нуди 800евра по станбен простор плус дворно земјиште за она што е приватно. Епа сега незнам што повеќе, јебига има Ѓорче, има Маџари има Бутел има Илинден каде е поефтин квадрат. Сосема разбирам дека некаде не е доволно една станбена единица да биде заемената за една и тоа треба да биде на разбирање на градските власт, ама само 1/3 спогодби е премал одзив.

Edited by user8642 - 22-May-2020 at 20:54
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 23-May-2020 at 01:34
Што точно прави Јанчев во Кавадарци?

Сепак подобро е да има правна сигурност и институционално да се решаваат работите. Не може „бизнисмени од Серава блиски до СДСМ“ да викаат дека ќе им дадат многу пари на луѓето за згради ако дозволат експропријација како одговор на „активисти од Маџари блиски до ВМРО“ кои дрндаат дека они поише пари ќе им дале ако дошле на власт (хипотетичко сценарио кое е возможно да е вистинито).

Отприлика еве го статусот: со зелено се парцели во сопственост на Република Северна Македонија и парцели во сопственост на Република Македонија кои совршено го следат ГУП-от или се очигледен јавен имот, со жолто парцели на Република Македонија за кои не сум сигурен дали се дефинитивно државни или се неприватизирани, со црвено приватни парцели. Фалат уште 3-4, воглавно улици. Има и некои каде што плацот е на РСМ, а куќите на физички лица, па можеби ќе се договорат брзо.

(отвори го url-то и избриши ја буквата h пред .png за целосна резолуција)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 23-May-2020 at 01:50
Јанчев преку сопствените компании на своја сметка работеше на почетокот на мандатот некои инфрастурктурни проекти, патот за Конопиште и мостот нов уште пред манадатот. Ок ова е малку настрана од темата

Во однос намапава што е "неприватизирани парцели"? Зарем се дозволува сеуште да приватизира некој во среде експропријација повикувајќи се на некое стекнато право со куќа што лежи на булевар?? Државата ќе му дозволи да го откупи и веднаш потоа да го продава назад по поголема цена, кое е тоа пукање во нога од институциите??

Мислам дека мапава не е нешто ажурна, има парцели кои се државни а се бележани со црвено.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 23-May-2020 at 01:54
Неприватизираните парцели си имаат вистински газди, не може да им ги украде Град Скопје, ниту пак да им го ускрати правото на приватизација.

Мапата е ажурна онолку колку што е Катастарот, освен ако не сум утнал некоја парцела. Кажи кои не се точни.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 23-May-2020 at 02:06
За приватизацијата многу пати досега истекоа роковите и колку што знам не се дозволуваше ниту приватизација ниту денационализација особено за она што лежеше на траса на булевари туку во случаевите на денационализација на пример парично обештетуваа. Не ми е јасно од каде сега ова прави "сосптсвеници", кога никогаш немале тие парцели. Тоа што успеале своевремено да узурпираат кој до каде стигнал како на диви запад, не ги менува фактите дека и после децении земјиштето е сеуште државно. По кој основ трае приватизација на траса за булевар по ГУП, не ми е јасно, и ако се дозволувало минатите години приватизација на некое од дворовите. Тоа едноставно требало, и така и беше, да си висат ни вамо ни тамо во некоја нејасна лимбо зона случаевите додека дојде моментот за реализација на булеварите. Освен ако па некој има решение некакво старо за некоја парцела па да не е прокнижено низ катастар.

Стварно не сакам да мешам како сакам да биде и како е, ако имаш информации за такви комлицирани случаеви те молам сподели.

Еве на пример најголемата парцела одма ми одзема внимание, веднаш испод 1741 на мапата, тоа е цело државно според катастар. Одма првата кај тебе е жолта и следната црвена, а двете се сега државни, само на едната има објект, на друга нема.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 23-May-2020 at 03:27
Катастар вика инаку. Зелено државна, жолто приватна сопственост или мешовита државно-приватна. Објектите друг ден, на друга мапа.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 23-May-2020 at 19:24
Ако објектите не се откупени, цела парцела ја сметам за „црвена“ оти очигледно таму не е завршена постапката за експропријација.

Да не трошам пост во Скопски сообраќај, колку што гледам многу мал дел од трасата, ако не и ич, за Љубљанска е откупен, иако некаде се гледаат парцели формирани според ГУП-от.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 24-May-2020 at 00:40
Мапата со објектите, многу мал дел само се државни. Претпоставувам после изборите кога ќе може да се вршат исплати за експорпријација ќе се формализираат многу од договорените спогодби и со правосилни решенија ќе се внесат во катастар.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 24-May-2020 at 00:43
Шо стискаш за ова? Или сам боеше?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 24-May-2020 at 01:01
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 25-May-2020 at 10:46












https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 25-May-2020 at 13:38
ОД УТРЕ СКОПЈАНИ ЌЕ ВОЗАТ ПО НОВИОТ БУЛЕВАР АСНОМ

Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре граѓаните ќе возат по новиот проширен булевар. Град Скопје викендов ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак.

Проширениот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем.

Само пред неполн месец, по отварањето на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел и булеварот Никола Карев (познат како Пластичарска), за кратко време ова е веќе трета нова сообраќајница за развој на Скопје. Важно е да се напомене дека во моментот се работи и на четврт булевар, односно на втората фаза од изградбата на новиот булевар Босна и Хецеговина.







https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.