build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 9101112>
Poll Question: Врска: бул. АВНОЈ - бул. Гоце Делчев?
Poll Choice Votes Poll Statistics
27 [96.43%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
1 [3.57%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 25-May-2020 at 13:59
ГОТОВА ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД БУЛЕВАРОТ АСНОМ ВО АЕРОДРОМ, ПРЕКУ НОВИОТ МОСТ КОЈ СЕ ГРАДИ ЌЕ ИЗЛЕГУВА КАЈ СКОПСКИ САЕМ

Град Скопје заврши со проширувањето на улицата АСНОМ во булевар, како дел од проектот за поврзување на општините Аеродром и Гази Баба со нов мост преку Вардар. Реконструиран е потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак. Булеварот има по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и средишно зеленило.

„По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Керамидница во Oпштина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем“, велат од Град Скопје.

Во коритото на реката Вардар во моментов се работи на поставување на темелите за мостот кон Керамидница. Со градежна механизација се копаат ископи со поставување на темели за мостот кој ќе биде долг 150 метри и ќе има 6 коловозни ленти, по три во двата правци.

Изградбата на мостот чини 6 милиони евра, а вкупно вредноста на проектот е 16 милиони евра, бидејќи околу 8 милиони евра се потребни за експропријација на куќите кои се наоѓаат на трасата во населбата Керамидница.

По изградбата на овој мост и пробивањето на новиот коридор, од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнува за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. Од Градот врлат дека граѓаните на овие три општини можат да заштедат и до 20 минути од времето поминато во сообраќај доколку ја изберат оваа рута.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gotova-prvata-delnitsa-od-bulevarot-asnom-vo-aerodrom-preku-noviot-most-koj-se-gradi-ke-izleguva-kaj-skopski-saem/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 25-May-2020 at 16:36
Каде се велосипедските патеки на булеварот? Или пак ќе има некоја импровизација? Цццц...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 25-May-2020 at 19:28
„Останува да се довршат вело патеките и да се постават семафори на раскрсницата. Средишното и странично зеленило, мислам дека се подразбираат.“

Чисто од идеолошко-стремешки причини (кои би можеле да потпаднат и под популизам) - поставување на инфраструктурата по принципот пешак > велосипед > јавен превоз > автомобил, мислам дека најдобро би било булеварите официјално да се пуштаат во употреба кога и пешачките и велосипедските патеки ќе бидат сосема готови, а градоначалникот, соработниците, работниците итн. да го пропешачат или повозат велосипед наместо да возат кола. Новите улици (по кои и онака веќе се вози и пред да бидат пуштени во употреба) да се „сефтосаат“ пешки и на точак, а дури потоа со кола.

Градоначалникот вика при крај е делот во Ново Лисиче; многу се развлечка колекторот таму. Готово ли е на терен?

Бидејќи не може да се оправат излезите од паркинзите, треба да биде обележан некојси ред на чекање и да се тргнат средишно паркираните возила веднаш до влезовите/излезите.

facebook.com/petreshilegov
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 26-May-2020 at 13:11
7 ленти за возила, (дали) пола лента за сите пешаци, велосипеди, колички и др. кои ќе се затекнат во средина на булеварот.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 26-May-2020 at 16:03
Овде требаше да се изведат велосипедски ленти, значи да има посебен дел на коловозот за велосипедите, а не патеки, кои се и те како полоши, ако се сака да се развива велосипедскиот сообраќај во градот.

И го гледам ова и после некој паметен од удобноста на неговиот автомобил ќе ми мафта зашто јас возам по коловоз, а на многу булевари или не постои патеки, или е во исклучително лоша состојба, или има милион препреки (што и со луѓе), или последен пат била чиста кога се ставал асфалтот.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 26-May-2020 at 19:08
Пак подигнати се рабниците...
А и нормално дека ќе бидат, и веќе со години на секоја нова улица, кога тие што одлучуваат се возат во автомобили, а не со велосипеди, па да знаат дека е голем проблем на секоја нова раскрсница да има подигнат рабник на велосипедската патека (а од друга страна, толку е просто да бидат на исто ниво како и улицата/булеварот само да се физички раздалечени со некоја преграда, како во Холандија, на пример).
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 26-May-2020 at 20:35
Откако конечно си најдов паркинг во фирмата кај што работам (т.е. во самата канцеларија) и веќе една година се движам со роуд бајк низ Скопјево до работа и назад. Сум одел и зимоска кога беше мраз ладно, кога врнело, кога било изгор жешко. Генерално се движам по Партизанска и Илинденска, улици/булевари што демек имаат најдобри патеки.

Дискриминации и подреденост на велосипедистот во сообраќајот се видливи за ние што возиме точаци, за другите сме: „абе ова контејнеров ти смета“, „де билборд имало, голема работа“, „ќе скокнеш на тоа рабникот, за што ти е точакот, што го штедиш“, итн. Сигурно и во Град Скопје вака размислуваат.

Не е тема овде, ама еве ќе споделам оценка на овие две „најдобри патеки“:

1. Партизанска (насока кружен тек Порта Влае-Центар), си почнува со контејнери и автобуска на сред патека, па следува уште една автобуска за загревање. Следува мостот Обединети нации, на кој реално нема патека, имаш тумби-румби на простор од 1 метар на кој се движи секој. Потоа мостот имаш борба со коли кои си ја користат патеката, бидејќи на Стефчо му текна зграда да си направи на средина. Од Карпош 4 до Сити Мол, патеката беше добра, арно ама на Град Скопје им текна да стават знак за пешачки премин и нормално столбот го ставија на сред велосипедска патека. По автобуската кај Сити Мол, искрено мислам дека некој ќе ме собере некоја кола што врти во десно, бидејќи нормално патеката врти исто така малку надесно, а колите не те ни гледаат и ова е можеби најопасното нешто со велосипедските патеки. Делот до факултетот за туризам е можеби најбезбедниот дел од целата патека. Делот кај ГУЦ е добар. Делот после ГУЦ е хаос, бидејќи автобуската е една од најфреквентните, а нормално нема како да ја заобиколиш и буквално е на милост-немилост помеѓу тој што вози и тие што стојат и чекаат автобуси, па се бориш дали автобусот ќе отвори врата, дали ќе се симне некој, дали ќе претрча некој и слично. Воедно, асфалтот до Симпо е во очајна состојба и е целосно набабрен. Делот после Симпо беше одличен, се до моментот на поставувањето на контејнерите, па сега тоа е најнебезбедниот дел на патеката.

2. Илинденска (насока Центар-Карпош 4), реално јас најпрвин фаќам Орце Николов кај што си се движам по улица до Општина Центар, каде се приклучувам на патеката. Реално оваа патека (бидејќи е внатрешно поставена) е сосем добра и навистина немам поплаки, освен редовните пешаци и слично на сред патека, ама тоа со ѕвонче се решава Како што спомнав и во претходните, опасни се деловите кога патеката сече улица или се приклучува на улица, па така оваа патека со семафорот кај Машински, тоа до негде е решено и те гледаат колите, додека на улиците пред и после Сити Мол ми се имаат случувано моменти на раб на сообраќајка, бидејќи ниту тој те гледа, ниту мисли дека ќе дојде некој од десно, бидејќи сите возачи гледаат од лево кога се приклучуваат Илинденска (поради тоа патеките се лоши од лентите).

Да не зборувам за моменти како вртење во лево на раскрсници. Ако не велосипедисти не им овозможиш да свртат лево со еден потег, наместо чекање на два семафори за да ја преминат, тогаш не можеш да зборуваш за Велоград и точка. Две канти боја на патеките кои одвај и ги има не се Велоград.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 26-May-2020 at 21:59
Originally posted by ehrlich

А најинтересното е што и двете градски администрации (и поранешната и оваа) веќе постоечки патеки ги рекламираат како нови велосипедски патеки иако се само обележани со боја. Не е важен квалитетот на асфалтот. Уствари, квалитетот е важен според следниот редослед:
1. Автомобили
2. Пешаци
(намерно оставено место)
3. Велосипеди

Смешно е да се збори за велоград, да. А интересен, добар пример, е кај Макпетрол бензинската кога се оди кон мостот „Обединети нации“, од страна на Хром, е таму има кај една улица каде што не е подигнат рабникот, но секако тоа е заради случајност, а не дека на некого му текнало.
За мостот „Обединети нации“ истото би го искоментирал. Тој мост е страшно небезбеден за пешаци и велосипедисти (еве едно прашање што може новинарите да го постават на Град Скопје или градоначалникот). Па зарем толку има проблем Град Скопје, па дури и специјален мост за пешаци и велосипеди да се направи таму, и онака има место. Зарем до толку е проблем, барем да се размисли за тој проблем...
Да не зборувам за тоа смешно растојание од крајот на вело-патеката по Вардар (во Карпош 4) до булеварот, каде што има една тесна уличка на која има паркирани автомобили, се движат пешаци и велосипеди, и дополнително има цела удолнина кон паркингот на трите кули, но секако за ова да се среди да личи на нешто и да биде безбедно е научна фантастика.
Исто така, кога веќе имаш спомнато за различни делови од „велосипедските патеки“ по булеварите:
- На пример по булеварот К.Ј.Питу, кај уличката кај Спортлајф, од едната страна рабникот е подигнат, а од другата не е (секако, очигледно по случајност). Ама затоа се обележани патеките, ради реда...

Не им е гајле на градоначалниците, они си возат автомобили, па дури и некој пат да возат велосипед и да им попречуваат подигнатите рабници, контејнерите, знаците, канделабрите, лошата безбедност итн., не е ништо страшно, следниот ден може да употребат автомобил.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 27-May-2020 at 08:00
Шо да кажеме ние што секој ден транзитираме со велосипед на Јадранска Магистрала до Словенечка....... велоград???
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 02-Jun-2020 at 11:59
Булварот е готов но има сеуште работа на средување на околните патеки

https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 02-Jun-2020 at 13:14
(Претпоследна слика)
Како е нацртан преминот за велосипеди во однос на тоа како завршува патеката на крајот...................
Добро бе, тие што работат или тие што се одговорни за изведувањето што прават!?
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 03-Jun-2020 at 07:06
Originally posted by skopskodete

(Претпоследна слика)
Како е нацртан преминот за велосипеди во однос на тоа како завршува патеката на крајот...................
Добро бе, тие што работат или тие што се одговорни за изведувањето што прават!?

Како да се ужива да се прави фушерај, не дека сме единствени во светот ама па толку слепци Bash
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie

Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 03-Jun-2020 at 13:09
Ova za vo rubrikata "You had one job"
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 03-Jun-2020 at 13:53
Срамота е да се фалат со вакви „велосипедски“ патеки.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 03-Jun-2020 at 14:33
Aman te luge sto ste negativci, bitno se gradi

Edited by Denko - 03-Jun-2020 at 14:33
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 03-Jun-2020 at 15:23
Originally posted by Denko

Aman te luge sto ste negativci, bitno se gradi

Па не е проблем, во иднина пак ќе се раскопа уште еднаш. Битно да се гради, да.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 04-Jun-2020 at 02:07
Слики од МИА од 16ти мај.

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 06-Jun-2020 at 12:08
Originally posted by ehrlich

Откако конечно си најдов паркинг во фирмата кај што работам (т.е. во самата канцеларија) и веќе една година се движам со роуд бајк низ Скопјево до работа и назад. Сум одел и зимоска кога беше мраз ладно, кога врнело, кога било изгор жешко. Генерално се движам по Партизанска и Илинденска, улици/булевари што демек имаат најдобри патеки.

Дискриминации и подреденост на велосипедистот во сообраќајот се видливи за ние што возиме точаци, за другите сме: „абе ова контејнеров ти смета“, „де билборд имало, голема работа“, „ќе скокнеш на тоа рабникот, за што ти е точакот, што го штедиш“, итн. Сигурно и во Град Скопје вака размислуваат.

Не е тема овде, ама еве ќе споделам оценка на овие две „најдобри патеки“:

1. Партизанска (насока кружен тек Порта Влае-Центар), си почнува со контејнери и автобуска на сред патека, па следува уште една автобуска за загревање. Следува мостот Обединети нации, на кој реално нема патека, имаш тумби-румби на простор од 1 метар на кој се движи секој. Потоа мостот имаш борба со коли кои си ја користат патеката, бидејќи на Стефчо му текна зграда да си направи на средина. Од Карпош 4 до Сити Мол, патеката беше добра, арно ама на Град Скопје им текна да стават знак за пешачки премин и нормално столбот го ставија на сред велосипедска патека. По автобуската кај Сити Мол, искрено мислам дека некој ќе ме собере некоја кола што врти во десно, бидејќи нормално патеката врти исто така малку надесно, а колите не те ни гледаат и ова е можеби најопасното нешто со велосипедските патеки. Делот до факултетот за туризам е можеби најбезбедниот дел од целата патека. Делот кај ГУЦ е добар. Делот после ГУЦ е хаос, бидејќи автобуската е една од најфреквентните, а нормално нема како да ја заобиколиш и буквално е на милост-немилост помеѓу тој што вози и тие што стојат и чекаат автобуси, па се бориш дали автобусот ќе отвори врата, дали ќе се симне некој, дали ќе претрча некој и слично. Воедно, асфалтот до Симпо е во очајна состојба и е целосно набабрен. Делот после Симпо беше одличен, се до моментот на поставувањето на контејнерите, па сега тоа е најнебезбедниот дел на патеката.

2. Илинденска (насока Центар-Карпош 4), реално јас најпрвин фаќам Орце Николов кај што си се движам по улица до Општина Центар, каде се приклучувам на патеката. Реално оваа патека (бидејќи е внатрешно поставена) е сосем добра и навистина немам поплаки, освен редовните пешаци и слично на сред патека, ама тоа со ѕвонче се решава Како што спомнав и во претходните, опасни се деловите кога патеката сече улица или се приклучува на улица, па така оваа патека со семафорот кај Машински, тоа до негде е решено и те гледаат колите, додека на улиците пред и после Сити Мол ми се имаат случувано моменти на раб на сообраќајка, бидејќи ниту тој те гледа, ниту мисли дека ќе дојде некој од десно, бидејќи сите возачи гледаат од лево кога се приклучуваат Илинденска (поради тоа патеките се лоши од лентите).

Да не зборувам за моменти како вртење во лево на раскрсници. Ако не велосипедисти не им овозможиш да свртат лево со еден потег, наместо чекање на два семафори за да ја преминат, тогаш не можеш да зборуваш за Велоград и точка. Две канти боја на патеките кои одвај и ги има не се Велоград.

Потпис. Кога работев на другиот крај на градот почесто одев кон центар по Илинденска (и мислам дека сум еден од ретките кој го почитува тоа дека во таа насока треба да се вози по патеката покрај коловозот), нема толку сообраќај, пешаци, постојки.. многу е пораат отколку возење по Партизанска. Сега кога сум во Центар некако ми се чини отпат па одам често по Женевска-Дрезденска до Рузвелтова а од таму кон Народен фронт. Некогаш Прашка-Гагарин-Нар.Фронт. Се само да ја избегнам Партизанска.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 06-Jun-2020 at 14:47
Име на Договор:
Изградба на бул. АСНОМ – Втора фаза: од ул. „Васко Карангелевски“ до ул. „Индустриска 1“ од km 0+834,69 до km 1+233,94

Договор на работодавач:
Град Скопје

Вредност на Договор:
5.945.212 Евра

Рок на изведба:
10.09.2021 година

https://www.granit.com.mk/mk/изградба-на-бул-асном/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 08-Jun-2020 at 00:00
Originally posted by user8642

Катастар вика инаку. Зелено државна, жолто приватна сопственост или мешовита државно-приватна. Објектите друг ден, на друга мапа.

Офф малку,

А за ова шо кликате? Само ви вади на катастар бои, што е државно а што приватно? Како?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 9101112>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.