build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627>
Poll Question: Врска: бул. АВНОЈ - бул. Гоце Делчев?
Poll Choice Votes Poll Statistics
32 [96.97%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
1 [3.03%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 15-Feb-2022 at 16:10
Пред неколку дена се прошетав низ булеварот. Отидов од самиот почеток до самиот мост. Подолу имам доста слики што ги сликав, можете да погледнете во каква состојба е целата траса се до мостот. Ќе објаснам исто така и подолу што воочив јас, мое мислење, други работи кои што треба да се знаат и неколку прашања.






























































































































Edited by stef4o - 15-Feb-2022 at 18:00
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 15-Feb-2022 at 16:35
Епа вака сега. Самиот почеток на булеварот е малце чуден. Има еден дел направено со 4 ленти булевар раздвоен со зеленило. На тоа место ми се допаѓа делот со пешачката и велосипедската патека. Има доста простор, поголема ширина, и повеќе простор за зеленило. Ова е сличен формат на булеварот Кузман Јосифовски Питу и на Булеварот Јане Сандански. Така треба сите булевари да ги градиме, а не нешто со смешни 3 метри патека за пешаци и велосипедисти...

Одејки понатаму булеварот завршува и се стеснува во една чудна улица со 1+2 / 2+1 формација. Незнам зошто кога го проширувале и граделе булеварот таму не им текнало целосно да го прошират. Простор има, ама стварно незнам на која будала му текнало така само еден мал дел да се среди... Се надевам новиот градоначалник на Аеродром ќе ја среди оваа ситуација. Ако не се реновира и прошири тој дел од булеварот кога ќе се заврши мостот и се останато, ќе биде исконтактирана и известена општината за овој проблем...

Самиот пат после булеварот е во лоша и очајна ситуација. Има далеку повеќе сообраќај од што самата улица може да поддржи. И само од едната страна има соодветен простор за безбедно пешачење и возење велосипед, иако нема многу простор сепак има нешто... Од другата страна (страната кај ФФМ) неможе да се оди, треба да се гази по трева. А за возење велосипед да не зборувам...

Само бидете ги шахтите и одводите за канализација како се направени... Хаос. Простор за проширување има, и ако се проширува тој дел треба да се направи како што е направено на самиот почеток од булеварот. Ако не се прошири тој дел тогаш овој булевар нема да биде завршен, и да се заврши се останато... Мора и овој дел да се среди. Незнам што очекуваат, мислат ние глупи сме и ќе заборавиме дека фали еден дел кој што не е проширен и е во очајна состојба.

Одејки понатаму патот се шири, и се продолжува према новиот дел од булеварот кој што е 6 ленти. Тој дел е океј, релативно добро изведен но има мали фалинки, проблеми.

Како прво од страната на хотелот хилтон можеле малку повеќе простор да направат. Па пред да се изгради хотелот требале да воведат и да направат да неможе самиот хотел толку блиску до булеварот да е. Сигурен сум дека знаеле, и тоа многу убаво. Вакви проблеми има насекаде низ Скопје. Знаат дека некоја улица или булевар треба да поминува, и намерно ќе начукаат објекти и после имаш тротоар за пешачење од 3-4 метри...

Овде може да видите и колку квалитетни им се држачите за стеблата на дрвјата... Квалитет, контрола слабо... Важно пари да се лапнат.

И незнам јас за новите автобуски станици како ќе бидат. Не гледам многу простор како би можеле да се направат, а баш таму поминува и велосипедска патека. Едино да ги тргнат / исечат дрвјата па да се стави простор за седење. Освен едино ако не планираат ништо, и само едноставно да се стои на отворен простор да се чека автобус... Хаос. Ова незнам какво планирање е... no comment.

Одејки понатаму каде што завршува сегашниот булевар пред самиот мост, се гледа дека ги имаат прецртувано тие линии, оние кои што ги мереа и кажаа дека не биле во склоп со широчина за стандард на булевар. Најверојатно сега ги имаат проширено? Барем така ми се чини мене.

Делот подолу е делот према мостот. Продолжив понатаму, и нели како што беше напишано овде мостот бил отворен за пешаци и велосипедисти.

Епа лажна вест е дека мостот бил отворен за пешаци.

Кога пробав да отидам накај мостот, бев сопрен од обезбедување, и ми беше кажано дека мостот не е прооден, и дека се работи сеуште на него. Вие пак верувајте на тоа што пишуваат веб - порталите и на политичарите...

Е сега на самиот мост се работеше нешто. Како што видов, работеа и го асфалтираа делот за пешаци и велосипедисти.
Самиот булевар беше асфалтиран, само баш на самиот почеток веднаш кај Хотел Русија фалат едно 2 слоја асфалт ама тоа дали е помалце од 70 метри...

Од другата страна на самиот мост, нешто се работеше. Незнам до каде се со куќите, како и што планираат да тераат.

И тоа е тоа генерално.

Подоцна ќе објавам што мислам за целиот проект и од политички аспект исто така.

Edit:
Неколку прашања.
Знае некој што е со црквата до хотел Русија? Што ќе се прави со таа црква? Знам едно време се градеше ама престанаа. На местото на црквата едно време имаше неколку перални.

И, гледам после Хотел Хилтон има доста диви и недоградени објекти. Ќе се рушат тие?
Може да приметите и на сликите погоре дека на неколку места има доста смет, расфрлано земја и песок. Тимчо и Данела на почетокот се сликаа како демек средувале диви депонии. Каде се сега и овие делови да се средат?...

Edited by The Wild Boy - 15-Feb-2022 at 17:03
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15977
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 15-Feb-2022 at 18:08
Originally posted by The Wild Boy



Edit:
Неколку прашања.
Знае некој што е со црквата до хотел Русија? Што ќе се прави со таа црква? Знам едно време се градеше ама престанаа. На местото на црквата едно време имаше неколку перални.

И, гледам после Хотел Хилтон има доста диви и недоградени објекти. Ќе се рушат тие?
Може да приметите и на сликите погоре дека на неколку места има доста смет, расфрлано земја и песок. Тимчо и Данела на почетокот се сликаа како демек средувале диви депонии. Каде се сега и овие делови да се средат?...


Во врска со црквата,во догледно време се чини нема да се прави ништо.Инвеститор беше Самсоненко но откако се повлече од Вардар и тука престанаа било какви активности.Инаку да порано имаше перални кои беа срушени пред почетокот на градбата.Да беше во некоја понапредна фаза можеби и некој ќе се нафатеше да ја доврши или преку донации но црквата има сеуште армирачко-бетонски работи така да ќе почека подобри времиња.

Потегот меѓу Хотел Русија и Хилтон е мешана сопственост дел приватно дел државно и колку што знам тука треба да никне комплекс на МОК(Македонски Олимписки Комитет) Олимписки Дом погледни нишка во Спортски објекти за таа намена.Инаку точно е дека има доста обрасната вегетација и шут и отпад но ете никој не се нафатил да го среди тоа парче.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15977
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 15-Feb-2022 at 18:09
Се асфалтира булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт

Екипите на Град Скопје почнаа со финално асфалтирање на булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт. Овие градежни активности се дел од проектот за изградба и пробивање на булеварот АСНОМ низ Керамидница кон Аеродром.
Со овој инфраструктурен зафат ќе се реши проблемот со коловозот кој претходно беше во лоша состојба. Поради градежните активности, сообраќајот ќе се одвива отежнато, за што замолуваме за трпение и поголемо внимание од страна на учесниците во сообраќајот.



https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 15-Feb-2022 at 21:34
Дали тоа мостот ја прекинува патеката на кеј?
Изгледа ќе ја спуштаат долу и ќе поминува под мостот. Што можеби е и подобро решение отколку пешачки премин, но цело време мислев дека ќе биде макар на приближно исто ниво коловозот со патеката и ќе нема потреба од менување нивоа.
Целиот булевар е нешто повисоко и тоа можеби не е некој проблем, но оградата спречува пристап до тротоарот за пешаци, би било многу непрактично ако нема повеќе пристапи, барем од другата страна, од кај паркот.

Originally posted by The Wild Boy


Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 16-Feb-2022 at 12:34
Originally posted by The Wild Boy



Одејки понатаму булеварот завршува и се стеснува во една чудна улица со 1+2 / 2+1 формација. Незнам зошто кога го проширувале и граделе булеварот таму не им текнало целосно да го прошират. Простор има, ама стварно незнам на која будала му текнало така само еден мал дел да се среди... Се надевам новиот градоначалник на Аеродром ќе ја среди оваа ситуација. Ако не се реновира и прошири тој дел од булеварот кога ќе се заврши мостот и се останато, ќе биде исконтактирана и известена општината за овој проблем...

 


Ок репортажа само целиот булевар е во надлежност на Град Скопје. Општина Аеродром ниту има право да го реконструира ниту да го проширува.
Или со други зборови, бидејќи за градоначалник имаме личност која стопираше и ги забави до  максимум и почнатите проекти, НИШТО нема да се случи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15977
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 16-Feb-2022 at 18:00
Сите лица на булеварот „АСНОМ“



Булеварот „АСНОМ“ е една од ретките сообраќајници во градот кои имаат почеток и крај, ама немаат средина. Почнува од улицата „Беласица“ кај „Ист гејт мол“ и треба да се пробие покрај „Каросерија“ на ФАС „11 Октомври“ и низ населбата Керамидница, преку новиот мост на Вардар „Михајло Апостолски“, треба да се спои со булеварот „Васко Карангелески“ кај салата „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ и потоа да води до последна „5“ и улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче.

Оваа е трасата на овој булевар предвидена со урбанистичките планови и треба да биде нова сообраќајна порта за Општина Аеродром кон центарот на Скопје. Но, состојбата на терен не е таква.

Во моментов, се асфалтира булеварот „АСНОМ“ на потегот кај „Ист гејт“ до „ФАС 11 Октомври“, во должина од 200 до 250 метри и со финиширањето на овие градежни активности, тој практично ќе заврши до влезната порта на поранешната фабрика за автобуси. За понатаму, треба да се пробие низ Керамидница кон новиот мост кон Аеродром, што значи дека ќе треба да се експроприраат повеќе куќи, гаражи и дворни места.

– Со овој инфраструктурен зафат, ќе се реши проблемот со коловозот, кој претходно беше во лоша состојба. Поради градежните активности, сообраќајот ќе се одвива отежнато, за што замолуваме за трпение и за поголемо внимание од учесниците во сообраќајот – информираа од Град Скопје без да посочат што понатаму со булеварот.

Скопјани со нетрпение го очекуваа завршувањето на новиот мост, кој треба да поврзе две населби и три општини во метрополата. Од едната страна е населбата Јане Сандански во Општина Аеродром, а од другата Керамидница во Гази Баба, но мостот ќе има исклучително значење и за Општина Центар, бидејќи значително ќе го скрати патувањето и ќе ги намали тесните сообраќајни грла што постојат сега.

Поточно, со овој важен инфраструктурен проект, кога целосно ќе биде финализиран, ќе се поврзат булеварите „АСНОМ“ и „Васко Карангелески“ во Аеродром со „Гоце Делчев“ и „Беласица“ во Центар, како и со „Никола Карев“ и „Александар Македонски“ во Гази Баба.

Но, како што сега стојат работите, скопјани ќе се изначекаат. Мостот е во финално асфалтирање на коловозните ленти, на велопатеките и на пешачките патеки, но од страната на Керамидница завршува буквално никаде. Жители на Керамидница велат дека без разлика што мостов извесно време ќе биде road to nowhere, сепак, предлагаат да се направи крстосница и десниот крак би одел покрај Вардар и би излегол во близина на мостот „Близнак“.

Тоа е лесно изводливо, бидејќи земјиштето е државно, нема пречки десниот крак за три-четири месеци отсега да биде во функција. Велат и дека ќе може да се користи веќе постоечката улична мрежа во населбата, иако тие улички се тесни, но ретко кој би се решил преку нив да оди во големиот шпиц наутро. Сметаат дека кејот треба да се отвори порано од булеварот и нема причина да биде затворен ако целосно се заврши и асфалтира мостот.

Инаку, булеварот „АСНОМ“ од мостот до хотелот „Русија“ е веќе асфалтиран (фалат уште десетина метри за до крстосницата со булеварот „Васко Карангелески“). Понатаму „АСНОМ“ е веќе модерен булевар до крстосницата со булеварот „Србија“ кај хотелот „Хилтон“, но од таа раскрсница до последната автобуска линија „5“ треба да се реновира и да се прошири.

Во моментов, овој потег е во лоша и очајна состојба. Има сообраќај повеќе отколку што може да го поддржи самата улица. И само од едната страна има простор за безбедно пешачење и возење велосипед, од другата страна (страната кај ФФМ) не може да се оди, треба да се гази по трева, а за возење велосипед и не станува збор. Треба да се поправат и да се наместат шахтите и одводите на овој потег, а има и простор за проширување на булеварот.

https://www.vecer.press/сите-лица-на-булеварот-асном/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4033
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 20-Feb-2022 at 02:07
Преземени од macedonia from above (screenshot)




Edited by my Macedonia - 20-Feb-2022 at 02:10
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15977
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 25-Mar-2022 at 14:00
Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години



Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес на прес конференција за мостот АСНОМ сподели со јавноста кои се спорните предмети коишто треба да се решат за проектот да може во целост да се реализира, односно посочи дека несоодветното планирање на сите фази на проектот се главната причина за моменталните состојби за кои сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување.
Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно една фаза од проектот, или еден дел и тука е застанато. Нема еден проект што е оставен без проблеми, односно овие проекти се започнати на брзина без соодветно планирање.
“Оние кои опструираат и пласираат неточни информации дека проекти се стопирани и од ова место ќе ги демантитрами ќе повторам уште еднаш како многу пати досега дека ниту еден проект што е добар за скопјани и кој е започнат во нивен интерес нема да биде прекинат.Овој проект е од исклучително значење на граѓаните од Аеродром и Гази Баба и ќе се спроведе до крај, иако тука и самите гледате дека тој што го почнал ни самиот немал однапред соодветно планирано како ќе го заврши затоа што од почеток воопшто не се испланирани соодветно сите фази.”, изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција.
Арсовска истакна дека најголемиот проблем во овој проект се ескпропријациите.
“Од 2018 година кога е започнат проектот имало 139 парцели и 136 објекти што треба да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години успеале да решат 31 предмет, a за 8 влегле во постапка на спор. Ние само за четири месеци решивме 82 предмети.”, додаде градоначалничката Арсовска.
Досега на делот на мостот од ноември до денеска спроведени се градежни активности за асфалтирање на мостот и на дел од улицата, дозатегнување на кабли за преднапрегање на мостот, поставување на осветлување и канделабри, поставување на ограда на мостот и тоа заштитна ограда и еластична ограда, се реши проблемот со регулација на речното корито, се поставија дилатации на мостот, се извршија испитувања за статички и динамички влијанија на мостот, се обложија столбовите со гранитни плочи и од страната на Керамидница се завршени земјени работи, насипување и горен строј. Сите активности поврзани со овој дел на мостот се завршуваат до 10 април годинава точно според предвидената динамика.
“Во делот кај Ист Гејт од ноември месец наваму е извршено поврзување на водоводната мрежа, поврзување на крак 1 и крак 2 од атмосферската мрежа, комплетно е изработен северниот коловоз заедно со пешачката и велосипедската патека освен во делот на затекнати неразрешени имотно правни односи, изработени се сите основни елементи за новото осветлување на булеварот и со изведбата на булеварот овозможено е на кабелските оператори и ЕВН да извршат реконструкција и поставување на инсталации”, истакна Арсовска.
Тендерирање на последна фаза во делот кај Ќерамидница, ќе се спроведе кон крајот на оваа година. Финалното завршување на бул. АСНОМ со сите три фази се очекува откако ќе ги решиме сите затекнати проблеми, и истиот да биде пуштен во во употреба во втората половина на следната година.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15977
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 25-Mar-2022 at 17:51
Следната година преку нов мост ќе се стигнува од Аеродром до Центар



Се уште трае процесот во преговарање на сопствениците на куќите за експропријација. 82 куќи се решени да се урнат во населбата Ќерамидница во општина Гази Баба за само четири месеци, вели Градоначалничката на Скопје Данела Арсоваска.

Дел од куќите веќе се уриваат од како склучиле спогода со Град Скопје. Арсовска вели дека има надеж бидејќи за краток период решили многу спорови, а претходно за три години биле решени само 31 предмет. Вкупно треба да се решат 275 постапки за експропријација, осум од нив се на суд.

Жителите кои се уште се во разговори со градот велат дека не се согласувале со првата понуда од 450 евра по квадарат пред три години. Зависно од куќата и колку е инвестирано среданата цена која што била понудена е 800-тини евра по квадрат. И Арсовска вели дека се преговара со секој посебно со цел да се најде решение.

Арсовска посочи дека сите активности поврзани само со мостот во делот на градежни активности ќе бидат завршени до 10 април.

https://kanal5.com.mk/slednata-godina-preku-nov-most-kje-se-stignuva-od-aerodrom-do-centar/a522657
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 25-Mar-2022 at 18:20
Значи сепак чинел булеваров?! Нормално дека ќе "мрдне" експропријацијата, кога само бројат спогодби за кои практично све беше завршено и испреговарано, и беше останато да се администрираат и запишат во катастар, а останатиот дел секако дека ќе биде полесен кога се останатаи вмровски инаетлии на кои им беше намигнато од месен комитет да не се договараат ни по никоја цена.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 971
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 25-Mar-2022 at 18:27
Да да, се било завршено, а мостот е готов нели од јуни 2021, само не знаеме 🤡.

Доста со овие партиски бљувотини веќе.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 25-Mar-2022 at 21:00
Originally posted by <Fresno>

Да да, се било завршено, а мостот е готов нели од јуни 2021, само не знаеме 🤡.

Доста со овие партиски бљувотини веќе.


Хахахах, целиот овој циркуз е за да се прикаже дека она наводно го откочила проектот и пред неа не се знаело зошто се прави, ете се почнало колку да се рече дека нешто се гради. Сите кои имаме таму и познаници, и кои сме на овој дел од Скопје, и по упатени добро знаеме за целиот циркуз кој почна во советот на општина Гази Баба а кулминираше со најнеспособниот градоначалник до сега. 6 месеци заглавени Михајло Апостолски, булевар АСНОМ, краците кон Космос/ФОН и Дојрана, клучката Момин Поток. За тоа како се развлече реконструкцијата на Киро Глигоров за 4 додатни месеци па да не правиме муабет...
Пак ќе повторам ако некој не сака да чита погоре.. Кон ФОН веднаш после мостот има крак и улицата треба да излегува кај ФОН, готов проект, нема приватна сопственост ама улицата не е направена. Се работи за крајна неспособност на актуелната градоначалничка и тенденција да се прикаже дека мостот се изградил во нејзино време. Фала богу постојат слики, каква беше состојбата во Ноември, таква е и сега со тоа што се офарбаа оградите и се асфалтираа 10 метри каде што немаше асфалт...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 25-Mar-2022 at 21:08
Originally posted by <Fresno>

Доста со овие партиски бљувотини веќе.
У случајов, данела и ефтиниве финти околу мостот се најголемата партиска бљувотина!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 26-Mar-2022 at 00:12
Neli ribarski ke bese mostot!? Partiski bljuvotini, no podobar tretman i ne zasluzuvaat graganite... Kako i da e bulevarot ke se kompletira i Skopje ke dobie nova kriticna tocka, raskrsnicata "Bulevar Goce Delcev - Belasica". Dobro, ke se seti li nekoj deka postojat raskrsnici ka dva nivoa?
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 26-Mar-2022 at 00:45
Се претвори форумов во партиски штаб на СДС.

Се чуствувам како да слушам партиски членови како разговараат пред кооперација со исецкана посебна и вегета, и по некое ѕидарско пиво, на тоа ниво се сведе, се со навреди, плукање и речник што не доликува, барем според мене.

Во неколку години што го пратам форумов и пробувам да сум колку толку активен, прват немам желба воопшто да проверам со денови што има постирано.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 26-Mar-2022 at 11:28
Originally posted by Phiko

Се претвори форумов во партиски штаб на СДС.

Се чуствувам како да слушам партиски членови како разговараат пред кооперација со исецкана посебна и вегета, и по некое ѕидарско пиво, на тоа ниво се сведе, се со навреди, плукање и речник што не доликува, барем според мене.

Во неколку години што го пратам форумов и пробувам да сум колку толку активен, прват немам желба воопшто да проверам со денови што има постирано.
Aj, koga veke pisuvas, namesto fraziologija bidi malku pokonkreten sto e toa Sdsmovskoto. Ete jas npr. sum alergicen na SDSM-kominternovska i DPMNE-komunisticka i bas me interesira koj toa ovde go pretvara forumov vo partiski stab na SDSM!?    
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 971
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 26-Mar-2022 at 11:34
Нема модерирање и затоа се претвара во твитер стил дискусија. Не може да сфатат дека има луѓе што се среќни за секој добар проект во Скопје и гајле им е кој ќе има заслуга како градоначалник.

Така да браво за Шилегов што почна неколку крупни проекти. Но неколку факти:

- Лажеше дека мостот ќе се пушти во јуни и дека булеваров до крај на година ќе биде комплетиран. Очигледно за предизборни цели, како и да е, непотребно. Дури едно обично гребење на асфалт на Киро Глигоров се развлечка со месеци, не па проектов.
- Огромен број нерешени имоти на трасата. Колку биле решени, колку остануваат еве Данела дава некои бројки. Битно е да оди процесот, но тешко дека годинава сите ќе се решат.
- Данела рече дека сите проекти ќе ги направи (освен БРТ, таму е нејасно), за тоа и се предвидени средства во буџет. Се друго се партиски муабети.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 26-Mar-2022 at 12:12
Се согласувам со Denko, мислам дека никој тука нема за цел да промовира или брани партии и не може да се гледа низ таква перспектива. Во поглед на тоа што го кажа Fresno, дел е точно, дел не. Шилегов вистина е дека кажуваше дека мостот ќе бил приклучен на секундарна и терцијална мрежа низ Ќерамидница, а дека ќе работел на улица Индустриска (веднаш после мостот десно, пред Космос, па се до ФОН и Мерцедес). Не е китка за мирисање никој, па ни тој посебно во делот на некои изјави и тн. ама проблемот искрено е малце подлабок затоа што политиката вмеша прсти уште пред 3-4 години а додатно беше зачинет проблемот прво со лукративни интереси на дел од сопствениците а подоцна и лични хирови на новата администрација. Е сега некој знам дека ќе рече, што треба луѓето за 500-600 евра од квадрат да го дадат, ќе речам не, ама според планот на Шилегов идејата беше варијантата каде што ќе се рушеа 27 објекти, што во советот на Гази Баба беше одбиено и се отиде на втората варјанта која предвидува уривање на околу 110 објекти. Луѓето секако треба да бидат фер обешететени, ама мислам дека ако не се лажам user 8642 совршено ја објасни постапката и дека само 10 до 15% би завршиле на суд сето друго во управна постапка од 2-3 месеци си се решава. Убеден сум и секако има недвосмислени индиции дека интенцијата овој период беше со изјави и не чинење, условно кажано подстопирање на проектот да се креира јавно мислење дека мостот е почнат да се гради не земајќи во предвид ништо, без идеја ете колку да се рече дека се гради некој капитален проект и дека оваа градска администрација ќе го изгради. И секој може слободно да си каже став и мислење, без притоа да биде напаѓан дека е политички експонент на некој, ако за овој проект конкретно некој е блиску до стојалиште на некоја групација или партија не кажува ништо тоа, ете за други проекти надвор од Скопје па можеби се има став спротивен на ставот на таа партија. Мислам дека јавниот интерес на сите нас во случајот е ова да се реши, да се изградат и крацијте кон Дојрана (Автокоманда) и ФОН (бул. Киро Глигоров), да се реконструкира Киро Глигоров, делот кај ФФМ е во ОЧАЈНА состојба, и да се размисли за мостот кај Лајка / Последна 5ка кој е запишан во ГУП.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 26-Mar-2022 at 12:49
Само што отворив еве да проверам во катастар колку од имотите се дополнително завршени со постапка, од последен пат кога сум проверувал. Буквално не е мрднато ниту еден објект, нема нов внесено како сопствено на Р.С.М. Значи ни тоа не се движи, ниту "решените" 80+ комада не се процесираат. Значи џабе збориме тука, ситуацијата со експропријацијата е на исто ниво како кога сме биле до 8-ма страна на темава.

Да се разбереме, ниту централната власт не е цвеќе за мирисиње во ситуацијава. Ги има апсолутно сите механизми на располагање некој прокет до го протурка, ако некој од градоначалниците не си ја врши работата. Може да му одземат ингеренции за проектов и да го доменаџираат. Ама очигледно полесно е само да се јаде бабури дека друг не го довршува проектот, отколку да се постапи така. Да, не е стнадарден начин на решавање на работите, но постои како механизам, и треба д се користи кога апсолутно треба како тука. Исто така првостепената и второстепената комисија се под владата, управен суд и виш управен суд се третата власт, немаат општините ингеренција да вршат притисок кон нив за побрзо завршување на споровите.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.