build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Когенеративни електрани (Термоелектрани-Топлани)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 27-Dec-2011 at 00:22
централата ТЕ-ТО в среда ќе почне со прототипно и пробно производство што ќе заврши во јануари, а потоа ќе може активно да се вклучи во енергетскиот систем на државата.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0CB57D2382793B40B17282B2BB6D74B7
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 29-Dec-2011 at 02:57

Парното можеби ќе поевтини, ама догодина?!

28.12.11 / 09:49


На почетокот на 2012 ќе почне со работа новата комбинирана гасна централа ТЕ-ТО, која ќе произведува околу 1.800 киловат часови.


Ова ќе ги задоволи потребите за струја на Скопје, кој повеќе нема да мора да користи енергија од РЕК Битола.


Со ова, како што наведуваат експертите, ќе се создаде и вишок на енергија, која Македонија ќе може да и ја продава на Грција.


Освен електрична енергија ТЕ-ТО ќе произведува и топлинска енергија која ќе се добива од ладењето на генераторите.. Тоа е околу 50% од денешното производство на Топлификација.


Топлината што ТЕ-То ќе ја продава на Топлификација ќе биде со цена пет проценти пониска од сегашната цена на парното.


Но корисниците ова можеби ќе го почувствуваат следната зима бидејќи регулаторите новите цени ќе ги прават во јуни. /крај/еР/мс

http://daily.mk/cluster3/4138242157ea6678b98defe828741386/1070707/golmanot-na-juventus-troshi-200-000-evra-na-oblozhuvanje

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 03-Jan-2012 at 16:22

Онака рандом две фотки од електранава.

Back to Top
CicaMaca View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote CicaMaca Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 17-Jan-2012 at 13:02

ТЕ-ТО - еден куршум петнаесет зајаци

Други вести
%20
Највести
%20
Коментари и дебати
Наташа Бошковска -Златкова
До наредната акција на Никола Спилберг Тодоров
Министерот пошол во акција и фатил недисциплинирани лекари, па таа вест беше многу поинтересна од онаа претходната, дека Фондот нема да има пари за повеќе лекови и услуги. Имаше ли режија во редењето на настаните тој ден? Можеме ...
 
Љупчо Гаштеовски
ТЕ-ТО - еден куршум петнаесет зајаци
Сето она што е направено од РЕК „Битола“ наваму ќе му вика „бате“ на ТЕ-ТО, најсреќната енергетска инвестиција во Македонија ...
 
Кирчо Арсовски
Слики и карактери
Најголемото богатство сме ние - граѓаните. Ако не им ги платиш сметките на институциите, веднаш те исклучуваат од системот, и тоа без да размислуваат или да се колебаат. Те даваат на суд, те затвораат ...
 
%20
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Сето она што е направено од РЕК „Битола“ наваму ќе му вика „бате“ на ТЕ-ТО, најсреќната енергетска инвестиција во Македонија

 
 
%20  

Што значи ТЕ-ТО? Мене најпрвин ме асоцираше на кратенка за Тетово! Но, да не ти било така! Тоа е когенеративна термоцентрала-топлана, која произведува и струја и топлина. Најефикасен електротермообјект, каде што топлината, по струјата, не се исфрла во реципиентот, реките (Неготино) или воздухот преку ладилните кули (Битола), туку се користи за греење или за други потреби. ТЕ-ТО има енергетска ефикасност до 81 отсто. За споредба, ТЕЦ „Неготино“ на мазут е со 31 отсто, а РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ уште пониско.

Една народна вели: „Кога не знаеш што да работиш, гледај другите што прават“. На глобалната енергетска сцена подолго време се случуваат неколку работи. Цените на енергентите вртоглаво растат и енергетските извори „демократски“ се отимаат. Се инвестира во огромни гасоводи и во моментов над сто нуклеарни електроцентрали се во градба или во подготовка за градба. Значи, во светската енергетиката се пласираат инвестиции од илјадници милијарди евра. Такви силни пари не се фрлаат од денес за утре, па предзаклучок е дека и гасоводите и нуклеарките ќе траат со децении. Колку и да сме нефамилијарни со проблематиката, комотно можеме да заклучиме дека енергенти на 21 век ќе бидат природниот гас и ураниумот за нуклеарките, а според процените на светските аналитичари и новите обновливи енергетски извори, по 60-тите години или подоцна во овој век.

Наравоучение: кој навреме закупи траси со „Сибир“, за него ќе нема зима. Тоа меѓу првите го направи канцеларот Шредер во договор со Путин, за градба на двата подбалтички гасоводи и за Германија повеќе одработи со пенкало, отколку Хитлер со тенкови.
А што се случува во Македонија? Енергетски сме увозно зависни! Тешко и нашето да си го чуваме, а камоли и да отимаме. Првиот премиер ни направи гасовод, ама некаде го забатали тестаментот, та сега синовите се караат кому му припаѓа. Јаглените во Битола и во Осломеј се догоруваат, а новите лежишта се посиромашни и понеквалитетни. Нови истражувања речиси нема. Во Македонија ќе мора да се преживува, а без енергија сигурно ќе е бедно и невозможно. Спасот на Македонија од овој 30-годишен енергетски процеп ќе го премости ТЕ-ТО, кое по децениски проодени маки е во погон. Со тоа и гасоводот ќе се одзатне, конечно.

Еве дел од објавата до јавноста: „Во акционерското друштво ТЕ-ТО, ‘Топлификација‘ поседува 20 отсто, а рускиот партнер СИНТЕЗ 80 отсто од акциите. Вкупната вредност на проектот ‘клуч на рака‘ е 136 милиони евра. ‘Топлификација‘ вложила 27,2 милиони евра (8 милиони евра од продажба на акции и 19 милиони евра кредит). Како хипотека е користен уделот од имотот на ‘Топлификација‘ во ТЕ-ТО, заложени акции на 100 акционери и управната зграда. За потребните дополнителни ситни вложувања користен е мал дел од амортизацијата“.
Акционери заложиле свои акции за да градат нов најголем енергетски објект во Македонија за последните три декади? Да беше таква приватизацијата! Фирмите да им се дадеа без пари на менаџерските тимови, под услов во хипотека да го заложат севкупниот имот од прадедо до правнуци, тогаш сите ќе сакаа најспособните кадри да ги водат компаниите и немаше толку да се запустиме.
ТЕ-ТО има електрична моќност од 227 мегавати и 160 топлинска моќност и е најсреќната енергетска инвестиција во Македонија затоа што:

1. Ќе обезбеди одлични предуслови за старт на ГАМА, која децении неупотребувана пропаѓа; 2. Со 350 милиони кубици годишна потрошувачка на гас ќе ги поевтини транспортните трошоци за гасот; 3. Со таква голема потрошувачка на гас ќе ги подобри преговарачките позиции на државата за обезбедување гас; 4. Руските партнери на наш терен обезбедуваат како да се нивните гасни извори во Македонија; 5. Ќе изврши релаксација на домашните скромни енергетски извори, за нивно позабавено истоштување, за да оставиме нешто и за потомството; 6. Со електричниот дел ќе обезбеди нови 1,3-1,8 милијарда киловат-часа, 30 отсто од досегашното производство, и тоа среде центарот на конзумот; 7. Ќе ги релаксира електропреносните системи и ќе ги намали загубите на пренос, на годишно ниво еднакви на половина производството на ХЕЦ „Козјак“; 8. Со топлинскиот дел ќе обезбеди нов независен топлински извор на 350 милиони киловат-часа, речиси половина од досегашното производство; 9. Производство на поевтина топлинска енергија; 10. Странска инвестиција за ангажирање на градежништвото и кооперантите; 11. Отворање нови работни места; 12. Не толку актуелен или минимизиран еколошки проблем; 13. Прв приватен пазарно ориентиран електроенергетски објект во регионот; 14. По 30 години најголем домашен електропроизводител, пуштен во работа во најкритичниот момент за регионот; 15. Порака до сериозните странски инвеститори дека во Македонија можат да реализираат сериозен електроенергетски објект како „гринфилд-инвестиција“, што до овој момент не беше случај во сите земји во регионот.

Авторот е енергетичар-екологист

 
   
Автор: Љупчо Гаштеовски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=117121039436&id=13&prilog=0&setIzdanie=22482
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 13-Feb-2012 at 15:21
Во меѓувреме, од кога ситгна одлуката дека владата прогласува енергетска криза и забзрана на извозот, српските медиуми ја смируваат јавноста дека струјата ја обезбедиле од Македонија. Бошков од МЕПСО ја потврди информациијата и изјави дека од ТЕТО извршиле извоз, но дека станува збор за приватна компанија.

http://www.time.mk/read/4d5d82538b/401ccb44ba/index.html
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 14-Feb-2012 at 11:32
Originally posted by axel

Во меѓувреме, од кога ситгна одлуката дека владата прогласува енергетска
криза и забзрана на извозот, српските медиуми ја смируваат јавноста
дека струјата ја обезбедиле од Македонија. Бошков од МЕПСО ја потврди
информациијата и изјави дека од ТЕТО извршиле извоз, но дека станува
збор за приватна компанија.http://www.time.mk/read/4d5d82538b/401ccb44ba/index.html



Мислам дека Те-То можеше да проработи и за македонскиот електроенергетски систем, би сакал некој да објасни дали воопшто Те-То е вклучен да произведува електрична енергија, бидејќи имаше спротивставени информации во јавноста. Не би сакал да излезе, овој енергетски објект да произведува струја за извоз, а ние да чекаме некоја соседна земја да продава енергија и во меѓувреме вештачки да си создаваме криза.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 14-Feb-2012 at 13:10
Previous
 
Затоа што Те-То е создадена за перење пари, нема да навлегувам во детали, но од еден пријател кој работеше, а мислам дека и сеуште работи таму (претпоставувам, бидејќи не сум го видел со месеци), а знам дека знае што зборува, не верувам дека измислува, дознав дека во Те-То се инвестирани грдни пари од кои фајде виделе криминални структури блиски до актуелната власт и тука ќе завршам, нема да навлегувам повеќе во детали.
 
Како и да е, ве советувам да заборавите дека Те-То постои како електрана, бидејќи првичната цел на таа инвестиција е да биде машина за перење на пари, а не електрана за производство на електрична и топлинска енергија.


Edited by Dexter26 - 14-Feb-2012 at 13:20
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 14-Feb-2012 at 13:19
Декстер, разговорот твој ми личи на добро познагите чаршиски теории на заговор. И да речеме дека има дел вистина, зошт да не може да се произведува огромно количество ел и топлинска енергија? Па турбините се поставени, ги носеа со недели од дојран до Скопје. Кој би се мачел за пералница на пари да го прави сето тоа. Дека има матни зделки, ти верувам, но дека нема да видиме струја или топлинска енергија, се надевам деновиве ќе бидеш демантиран, бидејќи се работи за исклучително голем и значаен енергетски капацитет, кој би произведувал струја колку 1,5 блока од РЕК Битола.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 14-Feb-2012 at 13:22
Previous
 
Од твоја уста во Божји уши !!!
 
И јас сакам да се покаже и докаже на дело дека грешам и дека Те-То ќе проработи, исто како што сакам електричната и топлинската енергија кои што Те-То ќе ги произведува да се наменат првично и исклучиво за македонскиот пазар, па дури потоа за странските пазари.
 
А за странските пазари, тука им е ТЕЦ Неготино, странците нека плаќаат за нејзино вклучување и работење.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 14-Feb-2012 at 13:36
Ако треба и нека извезува струја, сето тоа е секундарно. Најважно е да работи. Како и да е, времето ќе покаже.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 14-Feb-2012 at 17:46
мене не ми се верува во ова од Декстер,ако оваа влада некого шиканира и прогонува тоа е Велија и газдата на Топлификација и ТЕ-ТО:хаџимишев.нема теорија да се заеднпов о бизнис.Гледајте го само латас(владин човек) што зборува за топлификација и каква хајка води против нив.Па на крај на краева сакаат да им ја експропираат фирмата а не уште да перат пари заедно.нема смисла
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 14-Feb-2012 at 18:44
Ниту јас не би се сложил со Декстер, нема логика Топлификација и владата да соработуваат до толку блиску, барем гледајќи ги нивните односи во јавноста. Да соработуваа, до сега овој објект масовно ќе беше експлоатиран од страна на државниве енергетски компании преку откуп на струга, навистина нема логика.

Има ли некој дефинитивна информација дали Те-То почна нормално да работи, да не речам „официјално пуштање во употреба“? Тука мене ми лежи главниот сомнеж, зошто се одолжува работата, а и Топлификација што имаат „ефикасна служба“ за односи со јавност, но тоа е друга тема.
Back to Top
sosed View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sosed Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 16-Feb-2012 at 23:31
 До горе наведениот господин така нарецениот екологист Љупчо Гаштеовски нека дојде кај мене дома да поседи малку па кога ке се врати кај него дома ке му свират ушите уште едно две недели.И покрај тие петнаесет зајци  што ќе ги утепа со еден куршум ,постепено ќе убива 100 тина фамилии кои што живеат во близина на централата (кинеска смрт но на друг начин). Но тоа нее битно, битно е дека Те-То ке произведува и продава струја ,ќе прави милионски профити , па може и на неговите подржувачи ќе им даде поефтина струја , или пак ќе им даде од профитот.Бучавата од Те-То убива!! Предходно знам дека нема да ме сватите. Па затоа за опсто добро треба да се направат вакви центали и кај бисер во Аеродром , во Каропш, Во Тавталиџе, а во Острово и Скопјанка не им треба зосто буцавата до таму се слуша .Поздрав!!!

Back to Top
sosed View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sosed Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 16-Feb-2012 at 23:38
A da zaboraviv Te-To rabototi na veliko, A kotlite na toplifikacija se iskluceni 90% od denot, ja zimaat toplata voda od Te-To (odnosno kako sto ke kazat ja kupuvaat) ja distibuiraat niz graganskite cevovodi, a od seto toa namaluvanje na parnoto nama, kako sto kazav oni ke se vadat so toa deka ja kupivaat toplinata od te-to malku poeftino od toa sto oni sami bi ja proizvele.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 23-Feb-2012 at 23:32
interesen moment bas toa sto go zboruva dexter deka te to e sozdadena za perenje pari eve sea toa go slusam na tv navodno 1 mwh od te to cinel 78 evra mislam deka bese  elem ja zema tokmu od niv a ne od uvoz kako so kazuvaat i toa  uvoznata cena e 160 evra,a za 15 dena elem ke uveze 28 000 mwh znaci ne mozeme da bideme voopsto sigurni vo ova ama bas se sovpadna so tvrenjeto na dexter
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 24-Feb-2012 at 00:03
ако успеале тајно да бркаат бизниси,а ваму преку медиуми да се шиканираат,секоја им чест,што да се каже тогаш незнам.да се остави време сигурно ќе се знае подобро
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 25-Feb-2012 at 14:19
Originally posted by gjoko

ако успеале тајно да бркаат бизниси,а ваму преку медиуми да се шиканираат,секоја им чест,што да се каже тогаш незнам.

Па не е нешто ново тоа... се вика „замајување на јавноста“ и кај нас трае веќе 20 години
Нема воопшто да ме изненади ова да е точно.
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 28-Feb-2012 at 04:28
Па незнам колку сте запознаени ама бидејќи пазарот за струја е либерализиран и се вртат големи пари, а сигурно и по некоја провизија, истата струја што е произвдена од ТЕ-ТО може да биде купена од трговци со струја по некоја цена и потоа нашите да ја купат истата струја по друга поголема цена место да ја купат директно од ТЕ ТО. Ама тука се вртат големи пари и на некој тој начин на купување му е баш како што треба.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 28-Feb-2012 at 13:11
tuvok pazarot za struja e delumno liberaliziran,znaci liberaliziran e za golemite kompanii a za malite i srednite pretprijatija i za domakinstvata ne e 
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 28-Feb-2012 at 17:47
имам разговарано(пред5-6 години) со еден бизнисмен од Македонија кој работи во странска фирма која едина работа им е да купуваат и продаваат струја на берза по негово кажување за многу мали разлики ама на многу Mwh се добива добра сума.чист бизнис на берза кој како ќе се снајде.

опасно е ако се продуцираат намерни испади на блокови за некој да ја препродаде странската или предвреме договорената струја.тоа е криминал кој многу тешко се докажува
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.