build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Константин и Елена - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 25-Aug-2016 at 07:00
Ikonostasot velat deka ke bide kombinacija od mermer i drvo. Inaku tenderot neznam koj go dobil samo znam deka zoografite se od Ukraina. Tie rabotat na freskite. No i tie nemozat da preciziraat koga ke bidat gotovi bidejki vo vnatresnosta imalo uste mnogu rabota.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 25-Aug-2016 at 12:34
Најверојатно уште една година и половина ќе се довршува црквата „Свети Kонстантин и Елена“ што се гради на улицата Македонија веднаш до Домот на АРМ.



Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија велат дека е неблагодарно да се каже со сигурност кога ќе биде готов храмот бидејќи се одвиваат специјални уметничко-занаетчиски работи што не може да се предвидат со конкретен рок.

Моментно таму се слика фрескоживописот.

Бобан Митевски, презвитер во кабинетот на архиепископот Стефан вели дека фрескописот го работат тајфа зоографи од Украина и тој е веќе 50 проценти поставен.

- Фрескописот се работи во византиски стил и е според македонската школа. Проучуван е фрескописот во византискиот период преку нашите најрепрезентативни споменици, како што се храмовите „Свети Пантелејмон“ во Нерези, „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричино - објасни Митевски.

Во подрумскиот дел на црквата се предвидува амфитеатар, простории за функционирање на храмот (свештенички и административни канцеларии), крстилница и еден помал параклис.

На камбанаријата на „Свети Kонстантин и Елена“ се поставени 12 ѕвона, што според презвитер Митевски е најголем спој на камбани забележани во Македонија, освен во Бигорскиот манастир. Тие ќе одекнуваат кога црквата комплетно ќе се заврши.

Ѕвоната, кои се изработени во Австрија, ќе продуцираат тонови во три октави. Проектот за ѕвоната го изработија архитектите Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“, кои го изработија и идејното решение и основниот проект за изградбата на храмот, а рускиот проектант Марк Галтерин го изработи проектот за звучниот сет.

Централното ѕвоно е тешко 8,3 тони и е најголемото ѕвоно на Балканот. Второто по големина е тешко 3,5 тони, а третото 2,3 тона. Сите 12 ѕвона ќе бидат наместени да произведуваат различни мелодии. Една мелодија ќе се произведува за големите празници, а друга ќе биде за во неделите.

http://vesti.mk/read/news/10198478/3574963/najgolemoto-dzvono-na-balkanot-ke-odekne-od-centarot-na-skopje
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 25-Aug-2016 at 13:01
aha uste godina ipol, ke vidis kako ke ja zavrsat pred izbori
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3831
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 25-Aug-2016 at 14:28
Хаха тоа е нормално. Гога народот е глуп нека си играт.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 17-Nov-2016 at 15:13








Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Doni View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote Doni Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 17-Nov-2016 at 15:30
Можело и да се помачат малку и да внимаваат на детали а ? Чудо не го одбрале полесниот и поефтин пат да налепат стиропор на црквава
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 17-Nov-2016 at 15:47
Стварно е иронично дека објектот со најконзервативна намена во Ск14, има најубава и најсовремена фасада. Пак ќе наведам дека не сум фан на локацијата, ама многу ми се допаѓа фасадата и нејзината изведба.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 17-Nov-2016 at 15:58
Иначе не знам колку се гледа на сликиве, али некои од плочите имаат да ги речам „пукнатини, одронувања, дупки“, кои се намерни... и на тоа место има позлатеност... На првата и третата слика се гледа најдобро.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Калоян View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Sep-2015
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote Калоян Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 27-Dec-2016 at 13:57
Тоа е ефектот на каменот, мислам дека станува збор за травертин,прочитав некаде погоре. Сум видел на подови во општествени објекти и на фасади, секаде има такви “одронувања“ кои се површински и не влијаат на монолитноста и долголетието на материјалот како цело а на објектот му даваат автентичност, во случајов е одличен избор бидејќи се работи за неовизантијски стил. Убаво е.
Back to Top
Понтифик View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Mar-2017
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Понтифик Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 28-Sep-2017 at 23:03
Има ли нешто ново при објектов? Фотографија, некој?
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12190
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 06-Oct-2017 at 16:50
Нема големи промени, мислам дека се работи само на камбанаријата и на внатрешно живописување, однадвор е вака веќе цела година...

Skopje by Chang Ju Wu, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 30-Dec-2017 at 13:34
Овде веќе подолго време имам впечаток дека не се работи.Еве една денешна фотка од камбанаријата чија фасада сеуште не е почната да се прави.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 26-Nov-2018 at 08:43
Црквата „Свети Константин и Елена“ чека молитви од Синодот за да биде завршена



Лимените тараби околу градбата на црквата „Свети Константин и Елена“ се уште стојат и одземаат речиси третина од улицата „Македонија“ во нејзиниот централен дел. Така е веќе шеста година откако во ноември 2012 година, почна нејзината изградба. Најголемиот дел од овој храм со кој ќе се обнови некогашната позната истоимена црква која беше урната по оштетувањето во скопскиот земјотрес, е веќе завршен. Но, сега откако работите се доближија до крај никако и да завршат. На ограденото градилиште со месеци нема никој, не се работи, така што се поставува прашање дали и кога скопјани ќе ја добијат обновената црква.
Градилиштето, кое што го обиколивме деновиве, е целосно затворено, а оградата служи како место за лепење на плакати што создава и грда слика. Однадвор се гледа дека надворешниот дел од црквата е речиси завршен. Над влезот се поставени и два клима уреди кои што го нагрдуваат впечатокот за убавиот храм бидејќи таму воопшто не им е место. Незавршена е камбанаријата висока околу триесетина метри и на неа ќе треба уште да се работи. Според поранешните најави од Скопската епархија новата црква веќе требаше да биде завршена, но…
– Поминаа цели шест години откако почнаа да ја градат. Сигурно причината е во тоа што се нема доволно пари. Синодот би требало повеќе да се ангажира околу тоа за да не се случи направеното да пропадне. Сега е зима и ладното време може да оштети нешто. И крајно време е улицата да се ослободи, просторот да се уреди и да биде убаво за поминување, ни вели скопјанецот Страхил Николовски.
Објектот досега е граден со донациите од граѓаните и фирми. Се одржаа три донаторски средби на кои што се собраа најголемиот дел од парите со кои се стаса до оваа фаза во изградбата. Сега нема најави дека ќе се одржи некој нов собир на донаторите што значи дека пари тешко ќе се обезбедат. Со тоа постои и опасност и ова црква – заедно со незавршената Градска куќа и хотелот на плоштадот како и фасадите на зградите на ЕЛЕМ/ЕВН и на ГП „Пелагонија“ – да останат долго време такви. Со тоа плоштадот и главната улица „Македонија“ да не го добијат замислениот лик во кој би уживале граѓаните и туристите.
Новата црква, познато е, првично беше планирана да се прави на централниот градски плоштад во непосредна близина на поранешниот храм кој беше урнат, а на негово место изграден Градски трговски центар . Но, по отпорoт во јавноста, пред се албанската, надлежните решија да ја префлат нејзината локација на пешачката улица. Оваа црква е специфична и по тоа што е меѓу ретките чија фасада е изработена од резбан травертин, а специфични се и куполите што се направени од инокс во златна боја.

12 камбани чекаат да удрат
За потребите на црквата биле изработени 12 камбани, направени во фабриката „Грасмаер“ од Инсбрук, од кои, најголемата камбана е со тежина од 8,3 тони, а втората и третата камбана тежат 3,5 и 2,3 тони. Ова ќе биде најголем спој на камбани забележани во Македонија, со исклучок на оние во Бигорскиот манастир.

http://skopskoeho.mk/tsrkvata-sveti-konstantin-i-elena-cheka-molitvi-od-sinodot-za-da-bide-zavrshena/?fbclid=IwAR14ilXYrBDT1C3B9s2PzRO_ESa05kE5MtdG3EXh4OPlyETFTYRR0pzDig8
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 18-Jul-2019 at 18:20
Стопираното може да се тргне изградбата продолжува,во текстов покрај за оваа има и за останатите цркви кои се градат низ Скопје и кога би можело да се очекува да бидат готови.Секој дел од текстот е распореден во соодветната нишка
-----------------------------------------------------------------------------
Отец Ванчо од Скопската епархија уверува дека за четири години ќе бидат изградени сите започнати храмови. Во црквата „Свети Константин и Елена“ што се наоѓа до Домот на АРМ се работи на фрескоживописот, а во наредните четири години ќе се прави иконостасот и ќе се цртаат иконите.


Иако досега требаше да биде осветена црквата „Свети Константин и Елена“ што се наоѓа до Домот на АРМ, отец Ванчо вели дека ќе бидат потребни околу четири години таа комплетно да се заврши и да биде осветена.

Пред еден месец започнаа работите на фрескоживописот. Тој е голем и потребно е внимание и посветеност, а со тоа и подолг временски период. Засега 50 до 60 проценти од него се завршени. Освен тоа, треба да се работи и на иконостасот, да се исцртаат иконите и затоа се потребни три до четири години за да се заврши комплетно и да се освети – информираше отец Ванчо.

Оваа црква започна да се гради на 11 ноември 2012 година кога беше извршено осветувањето на темелите, лично од поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Идејното решение и основниот проект на црквата се изработени од архитектите Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“, додека за изградбата беше задолжена градежната фирма „Бетон“. Инвеститор на изградбата на храмот е МПЦ кој за таа цел ја основа Фондацијата „Свети цар Константин“. За да собере пари за изградба на црквата, фондацијата одржа три донаторски конференции.

https://www.vecer.press/политичарите-ги-предадоа-на-верницит/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.