build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Св. Константин и Елена - Центар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Константин и Елена - Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 18192021>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 23-Jul-2020 at 11:54
Се надевам климите дека се само привремено решение за да се одржува потребната температура во внатрешноста но тука чинам воопшто нема активности не сум приметил некој да влегува на градилиште...
од фб

Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 05-Oct-2020 at 19:39
На Фејбук страната „Патувања низ Македонија“ (патем строго ви ја препорачувам за следење на манастирите/црквите) се зборува за евентуално собирање на пари-донација за оваа црква. На постот беше коментирала една од архитектите на црквата која рече дека имале некаков правен проблем. Жално е што ваквите храмови како овој, оној во Струмица и оној во Битола се оставени така, а во моментот се прават многу помали црквички.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 03-Nov-2020 at 10:58
Црквата “Св. Константин и Елена” на чекор да стане стечајна маса, Минчо Јорданов побара банкрот поради долг од 1,1 милион евра



Стотици фирми и граѓани донираа пари за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Црквата се уште не е изградена, а фондацијата „Св. Цар Константин“ преку која се собираа парите е пред стечај. Постапка за стечај поднесе изведувачот, градежната фирма Бетон од Скопје на бизнисменот Минчо Јорданов, поради неисплатен долг од 1,1 милион евра.

Пред точно осум години во центарот на Скопје, на улицата „Македонија“ беа удрени темелите на црквата Св. Константин и Елена. Со амин на Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и со првата лопата на тогашниот премиер Никола Груевски. Црквата требаше да биде изградена за три години. Но, и натаму земјиштето е оградено со тараби, а изведувачот градежната фирма А.Д. Бетон од Скопје побара стечај за фондацијата Св. Цар Константин која ја финансираше градбата.

Фондацијата на Бетон му должи 1.098.000 евра за градежни работи на верскиот објект. Барањето за отворање стечај е поднесено во септември, назначен е стечаен управник, а судско рочиште е закажано на 11 ноември.

„Основ за поведувањето на постапката е неспособност за плаќање – неликвидност на должникот Фондација Св. Цар Константин Скопје. Долгот на должникот спрема доверителот предлагач е од нотарски платен налог кој е правосилен и е во фаза на извршување, а износот на долгот е 67.570.171 денари“, велат за ИРЛ од Основниот суд Скопје 2.

Судот оценил дека се исполнети условите за отворање на стечајна постапка и донел решение за замрзнување на имотот и сметките на фондацијата. ИРЛ остана без коментар од сите инволвирани страни: МПЦ како сопственик и должник, Фондацијата како инвеститор и Бетон како изведувач на градежните работи.

Ова е прв случај во кој МПЦ се јавува како должник во стечајна постака, а неизградената црква и земјиштето ќе влезат во стечајна маса.

Желбата на Никола Груевски

Црквата беше идеја и желба на поранешниот премиер Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Уште пред да се издаде дозволата за градба беа задушени протестите на граѓаните кои сметаа дека не треба да се гради црквата.

Сопственик на земјиштето на кое се гради црквата е МПЦ. Станува збор за 2.230 метри квадратни во строгиот центар на главниот град, кои во 2012 година МПЦ ги купила со непосредна спогодба од државата. Земјиштето го платила по 1.800 денари за метар квадратен или вкупно 65.268 евра.

Дозвола за отуѓување на земјиштето по оваа екстремно ниска цена дало Јавното правобранителство, а договорот е склучен со Министерството за транспорт и врски и тогашниот министер Миле Јанакиески. Црквата беше впишана во Детален урбанистички план кој го донесе општината Центар во време на Владимир Тодоровиќ.

Откако земјиштето е префрлено на име на МПЦ, со потпис на г.г. Стефан се формира фондацијата Св. Цар Константин, а како основачки влог е ставено земјиштето.
Во име на Бога или во име на партијата

Првата донација на фондацијата е од МПЦ која на сметката на фондацијата префрлила 1 милион евра. А, за да се соберат потребните пари за изградба на црквата беа организирани три донаторски конференции. Првата во декември 2012, потоа пролетта 2013 и последната во декември 2014 година. Настаните се пренесуваа во живо на телевиите како добротворен чин кој се прави во име на Бога и на верата. Присуствуваа луѓе од бизнис елитата, банкари, политичари и свештеници од врвот на МПЦ, а преку овие донаторски конференции се собраа околу 2 милиони евра.

Во прилог целата листа на донатори која ИРЛ ја доби од Министерството за правда

Од годишните сметки на фондацијата „Св. Цар Константин“ доставени до Централниот регистар на РМ може да се види дека во 2012 година единствени приходи се милион евра кои како донација ги уплатила МПЦ. Во 2013 година фондацијата има приходи од 1.650.000 евра, во 2014 – 700.000 евра приходи. Како што опаѓа моќта на ВМРО-ДПМНЕ, така се намалуваат и донациите. Во 2015 година нема донаторски конференции и има 280.000 евра приходи. Во 2016 година се пријавени 28.000 евра, а во 2017 година 160 евра. Последната година за која што фондацијата поднела финансиски извештај е 2018 година, кога има приходи од само 32 евра.

ИРЛ објави истражување како МПЦ со партиска поддршка собра 2 милиона евра за црквата на улица „Македонија“. На списокот на донатори се вкупно 440, меѓу кои најголемиот е ЕВН, со 500,000 евра. Од нив 258 се од приватни фирми, шест донатори се државни институции и 176 се физички лица.

Донаторските конференции се организираа во хотелот „Александар Палас“. Според сведоштво на еден од бизнисмените, во организацијата помагале Стопанските комори, а целата „донаторска“ операција била водена од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. На донаторските вечери на масата пред секој гостин бил поставен готов договор за донација, во кој бизнисменот требал само да ја впише сумата.

Најголем донатор од градежниците е градежната компанија „Гранит“ која шти дала 244.000 евра донација. „Трансмет“ на бизнисменот Сеад Кочан издвоила 128.500 евра. Компанијата “Бетон“ на Минчо Јорданов, која што воедно и ја гради црквата, уплатила 95.000 евра. Познатата фирма „Бауер БГ“ која изгради десетици згради од проектот Скопје 2014 донирала 85.000 евра. „Жикол“ донирал 37.700 евра. Сега притворениот бизнисмен Орце Камчев, дал повеќе донации од различни фирми во кои што во тоа време компании кои се дел од холдингот „Орка“ во негова сопственост: млекарницата „Здравје Радово“, „Жито полог“ Тетово, болницата „Аџибаден Систина“, Земојделскиот комбинат „Пелагонија“ – Битола, „Орка холдинг,“, Градежното претпријатије „Бетон“ – Штип, сите зеадно со вкупно 58.000 евра.

Државни институции кои донирале се: АД МЕПСО 66.000 евра, потоа ЈП Јасен со 3.200 евра, Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи – 2.800 евра, Совет за унапредување и надзор на ревизијата – 600 евра, Институт за земјоделско инженерство и инженерска сеизмологија 500 евра и државната агенција МИА донирала 100 евра.

Меѓу донаторите од оваа група се и лица кои важеа за блиски во круговите на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков. Компанијата „Пелистерка“ на Цветин Панделески кој што во моментов е во притвор за случајот „Империја“, донирала 10.000 евра. Компанијата„Дивелоп груп“ во тоа време во сопственост на бизнисменот Александар Ивановски којшто едно време беше и ортак во хотелот „Мериот“ со Мијалков, дал исто толку пари. „Тинекс“ на Владимир Тодоровиќ.

https://irl.mk/tsrkvata-sv-konstantin-i-elena-na-chekor-da-stane-stechana-masa-mincho-ordanov-pobara-bankrot-poradi-dolg-od-1-1-milion-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 03-Nov-2020 at 18:05
Недоградената црква на ул. „Македонија“ оди под стечај!?



https://kanal5.com.mk/nedogradenata-crkva-na-ul-makedonija-odi-pod-stechaj/a446324
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 03-Nov-2020 at 18:07
Пак ја означувам како стопирана изградбата бидејќи изгледа и целиот овој период воопшто немало никакво помрднување во активностите,жално е ова што се случува истото важи и за црквите почнати низ Аеродром кои стојат недовршени само оваа се издвојува со тоа што е прва црква во стечај.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 03-Nov-2020 at 18:25
Ова мислам дека е за категоријата „верувале или не“
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 03-Nov-2020 at 20:53
Некој од МПЦ да продаде некој џип (од тие што им се tax free) и да донира некој денар за да се доврши?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 07-Jan-2021 at 18:18
North Macedonia Fugitive PM’s Pious Project Ends in Bankruptcy





Nikola Gruevski intended a grandiose church in the centre of Skopje to showcase his power and piety – but now he is a fugitive in Hungary and his abandoned church is the subject of bankruptcy proceedings.

Exactly eight years after its construction started in 2012, the Macedonian Orthodox church of Sts Constantine and Helena, which was originally planned to be finished in three years, in the heart of North Macedonia’s capital, Skopje, remains incomplete.

In contrast to the political and ethnic furore it generated in the past, the construction site now lies silent and abandoned.

Promoted with much pomp to showcase the piety of the now fugitive prime minister, Nikola Gruevski, and his socially conservative VMRO DPMNE party, the church, nicknamed “Gruevski’s Church”, may soon become the first religious object in the country ever to become part of bankruptcy proceedings.

It would also be the first time the Macedonian Orthodox Church has appeared in the role of debtor in a bankruptcy procedure sought by the construction firm, Beton, which built it and now wants its 1.1 million euros’ payment.

Harbinger of city’s divisive makeover
The erection of the controversial church foreshadowed the bigger and much more divisive government project to revamp the entire capital in classical style, known as “Skopje 2014”, which was first revealed in CGI in a government video in 2010.

Although the church controversy predates “Skopje 2014” by some years, the building was included in the “Skopje 2014” promotional video, so becoming an informal part of it.

The row began in 2009, when the VMRO DPMNE-led government first revealed the plans to build a big church on Skopje’s main square.

Despite bearing no resemblance to it, it was presented as a renewal of an old church of the same name that had existed nearby but which was demolished in 1970s, after being damaged in the massive 1964 earthquake.

In March 2009, architecture students protested against the plan to put up a new church on the square, where it would obstruct pedestrian traffic. In violent scenes, a large crowd of church supporters carrying flags and crosses attacked the protesters.

Soon after, the country’s second largest faith group, the Islamic Religious Community, also cried foul, demanding that the state also help rebuild an old mosque that had also lain near the main square in Ottoman times.

Following the prime minister’s insistence that the church would be built no matter what, it was initially referred to as “Gruevski’s Church”.

As friction mounted between the Orthodox Church and mainly Albanian Muslims, and as arguments about government interference in religious matters failed to subside, the government compromised.

To avoid further uproar, that year the authorities donated the site to the Macedonian Orthodox Church, so that it, not the state, would appear formally as the investor.

In another compromise made in 2012, the location of the church was shifted several hundred metres from the main square to its current location, in what was previously a small park near the main pedestrian thoroughfare, Macedonia Street, metres from parliament.

In 2013, the church was again at the centre of violence when an angry pro-government mob attacked the premises of the municipality of Centar, which had just elected a new mayor from the ranks of the then opposition, and who was a strong critic of the Skopje 2014 project.

Mayor Andrej Zernovski barely escaped with his life from the angry mob, which was convinced he was about the scrap construction of the church – which he denied.

A court in September this year sentenced ex-PM Gruevski to a year-and-a half in jail for inciting the mob attack under a false pretext.

Construction of the church then began in the presence of Gruevski himself in 2014, amid many still unanswered questions about its cost and the source of financing.

Backed politically – and shrouded in secrecy
Strongly backed by the then main ruling party, albeit in an informal manner, the project gained traction.

In 2012, the Transport Ministry sold the new site to the Macedonian Orthodox Church for a bargain price. It paid only 65,000 euros for 2,230 square metres on which the park was formerly located.

The Church then formed a foundation that was formally tasked with gathering donations and overseeing construction.

MPs that year donated a million euros to the foundation to start the preparations.

As construction began in 2014, media sought any information they could get regarding its cost and funding.

But the government insisted it had nothing to do with the project, while the Macedonian Orthodox Church redirected inquiries back to the foundation, which proved extremely hard to reach.

Despite all of this, things moved on. The first donation of a million euros came from the Macedonian Orthodox Church itself, and three consecutive donor conferences, broadcasted live on TV, in 2012, 2013 and 2014, raised more funds.

Incentivised by the then ruling party, which seemed to be gaining in popularity, the business sector also flocked to help.

The list of donors obtained in 2018 by the Investigative Reporting Lab Macedonia, IRL, from the Justice Ministry, one year after VMRO DPMNE was ousted, showed that almost all the top businesses had donated cash, amounting to some 2 million euros.

Even state-owned institutions and enterprises donated. The state-owned electricity transmission system operator, MEPSO, donated 66,000 euros, and the state-owned forest reserve gave another 3,200 euros, data obtained by IRL showed. Even the state-owned news agency, MIA, donated a modest 100 euros.

Records from the Revenue Office show that in 2012 the foundation received only the million euros had received from the Macedonian Orthodox Church. In 2013, it gathered 1.65 million euros and in 2014, 700,000 euros.

But as the country plunged into a political crisis sparked by Gruevski’s authoritarian ways, and as his once tight grip on power weakened, donations for the church fell sharply.

In 2015, as the political crisis deepened, the foundation received only 280,000 euros, and in 2016 this fell again to 28,000 euros and by 2017, one year before Gruevski was toppled, donations amounted to a tiny 160 euros.

Silence broken finally by court demand
For a long time, the church fell out of the public focus. The silence was only interrupted in November, when media reported that the company hired to construct the church, Beton, from Skopje, had filed a demand to the Skopje Basic Court for a bankruptcy procedure, citing unpaid debts of 1.1 million euros.

The demand was filed in September and the court had already appointed a bankruptcy trustee, the court revealed. Beton had asked for the church as well as the land on which it is built to be part of the bankruptcy estate.

The court hearing at which the fate of the church would be decided was initially set for November 11. But this was later postponed, as has happened frequently during this year of health crises. The hearing will now have to wait for 2021.

The construction site has been practically dormant since 2017. Externally, the lavish façade seems almost finished and its almost 50-meter bell tower dominates the surrounding area. But the entire site is off limits to the public, as it is fenced off.

“It may seem almost finished but there are many fine details inside that still need to be done, like the frescoes, the floor and all sorts of installations. The bell tower needs more work as well,” one Macedonian Orthodox Church employee, who was a former member of the foundation that built the church, told BIRN under condition of anonymity. He insisted he had not played a big role in it and no longer wants to be associated with the project. He defended it, however.

“Everything was transparent. We worked in a legal manner and were driven by the wish to see the church done,” the source insisted, asked why the now practically defunct foundation was so secretive.

“We did not want to expose ourselves too much as the Macedonian Orthodox Church was in charge of that part. That was not our job. We had a different task to do, so we focused on that,” he explained.

He added that he did not know the total cost of the current build, but his estimate was that “it would take 2 to 3 million euros minimum to complete it”.

Back when construction started, the secretive foundation mainly comprised civilians, including lawyers and small businessmen who were not very prominent publicly, as well as several priests and Church employees. Then, as now, most of them were hard to reach for information.

The Macedonian Orthodox Church has also offered no comment about its plans for the church or the bankruptcy procedure it is now involved in.

“Perhaps the whole thing was overly politicized. It should have been left to people’s good will to donate,” said the only source who was involved that BIRN could reach.

“Gruevski wanted to do something good and leave some heritage behind, as many did before him, but the Macedonian Orthodox Church should have relied more on itself, not on the politicians who are changeable, for help.

“In typical Macedonian fashion, we started something and failed to finish it.”

Neither the city of Skopje nor the Centar municipality seem to have much of a plan for the future. Both said they could not comment on court matters that concern private property.

Tightly linked in a negative way with Gruevski, who now has political asylum in Hungary, the current Social Democrat-led government is unlikely to wish to stick its fingers into this complex affair either.

https://balkaninsight.com/2021/01/06/north-macedonian-fugitive-pms-pious-project-ends-in-bankruptcy/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 03-Jun-2021 at 17:39


https://www.facebook.com/Studio-lelelele
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 27-Sep-2021 at 07:19
РЕ-МЕДИКА ќе стане „газда“ на црквата Св. Константин и Елена: „Бетон“ и го префрла долгот од 4,4 милиони евра



Градежната компанија „Бетон“ ќе го исчисти долгот кој кон компанијата го имаат Фондацијата Св. Цар Константин и Македонската православна црква (МПЦ ОА) и ќе го префрли кон Приватната здравствена установа Ре-медика. Оваа одлука треба да ја усвојат акционерите на градежната компанија на вонредното акционерско собрание кое е закажано за 18 октомври. Кога ќе се усвои, точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра) долг од фондацијата и МПЦ ќе бидат отстапени како побарување кон Ре-медика. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. Овој долг, како што знае јавноста е за изградбата на црквата Свети Цар Константин и Елена која „Бетон“ ја градеше во центарот на град Скопје.

„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница РЕ – МЕДИКА Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар КОнстантин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година, стои во предлог одлуката.

Фактор дознава дека отстапувањето на побарувањето на ПЗУ РЕ – МЕДИКА Скопје треба да се изврши без дисконт на вредноста, односно со исплата на вкупниот износ што Фондацијата и МПЦ му го должат на „Бетон“.

Лани во ноември „Бетон“ побара да се отвори стечајна постапка затоа што не можеше да наплати 1,1 милион евра од фондацијата.

Во декември 2014 година тогашната Влада предводена од екс премиерот Никола Груевски објави дека политичари, стопанственици, владици од Македонската православна црква – ОА, учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, чие возобновување со повторна изградба почнало во 2012 година

Апел за донации со кои требаше да се комплетира храмот на конференцијата упатија Груевски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

- Да ја продолжиме убавата градителска традиција во Македонија. Да го продолжиме она што го правеле нашите предци и да го дозавршиме она што го почнавме во 2012 година, истакна во обраќањето Груевски.

Поглаварот на МПЦ-ОА нагласи дека споменот по урнатите храмови и мислите и желбата за нивна обнова никогаш не се престанати.

- Самиот, пак, храм од аспект на архитектурата со предвиденото внатрешно и надворешно уредување ќе биде храм за ремек-дело во современото сакрално градежништво во која до детали е запазена православната традиција и веруваме дека ќе биде храм гордост на Скопје и на цела Македонија, ќе биде споменик на верата кој ќе сведочи дека овде отсекогаш и се сакало и се знаело како да се гради за Бога и за неговите свети, рече г.г. Стефан.

Инаку, црквата Св. Константин и Елена беше повод и за протести во главниот град.

За престојното акционерско собрание на „Бетон“ предвидено е да се донесат одлуки за продажба на недоградениот хотел во центарот на Скопје и за продажба на други два хотели, едниот во Дојран, другиот во Охрид.

Постапките за чистење на компанијата некои познавачи ги толкуваат како обид компанијата да стане поконкурентна и покомпетитивна.

https://faktor.mk/re-medika-kje-stane-gazda-na-crkvata-sv-konstantin-i-elena-beton-i-go-prefrla-dolgot-od-44-milioni-evra
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 27-Sep-2021 at 09:33

Good old fashioned предизборен рекет. МПЦ за грев нема пари, РЕ-МЕДИКА ќе гради црква
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 27-Sep-2021 at 20:24
Ми се мешат сега тро брзините. Ова што е досега изградено коштало 4.4 милиони? А што е тогаш 1.1 милион?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 27-Sep-2021 at 20:32
Сумљиво 100%....
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 27-Sep-2021 at 22:12
Секаква правна вратоломија, што ќе ги тргне тие тараби од тамо и ќе придонесе да се овој објект стави базично во функција, е добредојдена. Ова е најглупиот можен начин на политичко размислување, но за жал единствен што во ова општество moves thing forward.

Е сега кои се технички детаљи околу "зделката", интересно е д се дознае. Претпоставувам дека Минчо е натеран да се откаже од долгови, а него ионака му е јасно дека од држава никогаш нема да земе ама барем да извади некој поен па да се појави како ктитор. Така барем ми изгледа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 28-Sep-2021 at 16:12
Јорданова за „Св. Константин и Елена“: Си купувам црква и ќе си палам свеќи за здравје

Директорката на болницата Ре-медика и сопруга на бизнисменот Минчо Јорданов, Елица Јорданова, во изјава за Телма околу префрлањето на долгот за изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ од Бетон во болницата, вели дека „си купува црква и ќе си пали свеќи за здравје“.

Јорданова го коментираше преземањето на долгот од 4,4 милиони евра на Фондацијата „Св. Цар Константин“ и МПЦ кон Бетон, натрупан низ годините во кои се градеше храмот во центарот на Скопје, кој и натаму стои недовршен. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ, со што ќе стане доверител во стечајната постапка за Фондацијата, која беше отворена лани. Одлуката за преземањето на долгот треба да ја усвојат акционерите на Бетон на вонредното собрание на 18 октомври.

Досега Бетон требаше да ја продаде, а не да ја моли црквата да си ги плати долговите. Дали некој досега се запраша дали споменикот на Мајка Тереза е платен како и други објекти од „Скопје 2014“. Тој што ги нарачал тие инвестиции требало да ги плати, не е во ред со години да должат. Бетон треба да си ги наплати долговите“, вели Јорданова во изјавата за Телма.

Црквата „Св. Константин и Елена“ требаше да почне да се гради во 2009-тата година, кога тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ го претстави планот таа да биде подигната на Плоштадот „Македонија“. По реакциите во јавноста, протестите и барањата за реципрочна изградба на џамија на скопскиот плоштад, беше предложена актуелната локација на црквата, во дворот на Домот на Арм.

Изградбата почна во 2012 година, но запре откако почнаа да се таложат долговите. Во декември 2014-тата, тогашната Влада објави дека политичари, стопанственици и владици од Македонската православна црква – ОА, учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата.

https://www.slobodenpecat.mk/jordanova-si-kupuvam-crkva-i-kje-si-palam-svekji-za-zdravje/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 29-Sep-2021 at 15:35

Originally posted by stef4o

Досега Бетон требаше да ја продаде, а не да ја моли црквата да си ги плати долговите. Дали некој досега се запраша дали споменикот на Мајка Тереза е платен како и други објекти од „Скопје 2014“. Тој што ги нарачал тие инвестиции требало да ги плати, не е во ред со години да должат. Бетон треба да си ги наплати долговите“, вели Јорданова во изјавата за Телма.


Кога се правеа криминални шеми за Ск2014, тогаш Јорданови со Бетон се испотепаа да се напикаат во секое ќоше.

Сега нека сркаат тоа што си надробиле
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14971
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 19-Oct-2021 at 17:03
АКЦИОНЕРИТЕ НА БЕТОН ГЛАСАА ЗА: Црквата Св. Константин и Елена оди кај Ре-Медика

Акционерите на градежната компанија „Бетон“ ја усвоија одлуката за префлување на долгот за црквата Св. Цар Константин и Елена во центарот на Скопје кон приватната здравствена установа Ре-медика. На вчерашното собрание гласаа за оваа одлука со што, сега оваа црква веќе ќе и припаѓа на болницата. Станува збор за долг кој кон Бетон го имаат фондацијата Св. Константин и Македонската православна црква (МПЦ) од точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра). Како ќе се отстапи долгот така и сопственота на црквата ќе се префрли од Бетон кон Ре-медика. Сега по усвјувањето на одлуката таа ќе треба да се спроведе односно болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. Овој долг, како што знае јавноста е за изградбата на црквата Свети Цар Константин и Елена која „Бетон“ ја градеше во центарот на град Скопје.

„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница РЕ – МЕДИКА Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар КОнстантин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година, стои во одлуката.

Фактор дозна дека само една рата им платиле на „Бетон“ фондацијата Св. Цар Константин и Македонската православа црква (МПЦ) за црквата која недоградена стои во центарот на Скопје и до ден денешен упорно тврделе дека немаат пари за да ја платат. Менаџментот на градежната компанија, како што веќе објавивме, во безизлезната ситуација, а во обид да ги исчисти долговите, сега ова побарување го префрлува на поврзаната фирма ПЗУ Ре-Медика.


Елица Јорданова, управител на Ре-медика за Фактор минатиот месец не даде подетално објаснување за случајот. Потврди само дека има одлука за префрлање на долгот од Бетон кон Ре медика и дека се додека долгот не се исплати тие ќе бидат сопственици на црквата.

„Така е Ре-медика си купи црква. Бетон требаше да ја продаде таа црква а не да ги моли да плаќаат, вели Јорданова за Фактор.

Лани во ноември „Бетон“ побара да се отвори стечајна постапка затоа што не можеше да наплати 1,1 милион евра од фондацијата.

Во декември 2014 година тогашната Влада предводена од екс премиерот Никола Груевски објави дека политичари, стопанственици, владици од Македонската православна црква – ОА, учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, чие возобновување со повторна изградба почнало во 2012 година

На акционерското собрание усвоени се и другите одлуки. Меѓу нив продажбата на Хотелот на Бетон во Дојран на Репро 21 ДООЕЛ за 1,3 милиони евра.

Постапките за чистење на компанијата некои познавачи ги толкуваат како обид компанијата да стане поконкурентна и покомпетитивна.

https://faktor.mk/akcionerite-na-beton-glasaa-za-crkvata-sv-konstatnin-i-elena-odi-kaj-re-medika
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 88
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 20-Oct-2021 at 12:33
Некој да ми објасни „како да имам 5 години“ која е поентата на ова со Бетон и Ремедика? Зошто Ремедика би ја купиле црквата? Ништо не ми е јасно
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 20-Oct-2021 at 21:55
Ja nigde ne procitav dali ke se dogradi uopste i koga
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 477
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 20-Oct-2021 at 23:51
Зошто не се среди ул Македонија и оваа црква, заедно со музејот на град Скопје, дом на АРМ, просторот позади собрание???
Никој не зборува од кандидатите за ова а сите гледаме дека ситуацијата е благо речено катастрофа.
И молот треба да се отвори за неколку години, сигурно музејот нема да се остави таков? Ама пак се ежам од помислата дека можат да му стават бели пвц прозорци ако го реконструираат неспособни кретени. Ви текнува на буквите кои ги ставија?


Edited by FT - 20-Oct-2021 at 23:53
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 18192021>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.