build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Константин и Елена - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 07-Aug-2011 at 01:42
не само таа локацја,сите слободни локации во центарот со тек на време ги чека иста судбина,ако не сега,за некое време некоја друга гарнитура со други моќни луѓе,со тек на време све ќе се завземи од страна на урбаната мафија.Да се зачува ако се можи градскиот парк и тоа е тоа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 07-Aug-2011 at 02:45
Што и јас се расправам, а здравје времето ќе ги зациментира ионака потврдените позитивни придобивки на целиот проект.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 07-Aug-2011 at 02:49
Originally posted by lslcrew

Што и јас се расправам, а здравје времето ќе ги зациментира ионака потврдените позитивни придобивки на целиот проект.
а тие придобивки се? а и кога беа потврдени?
LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 07-Aug-2011 at 16:14
@ kultuzin

Се спомнуваше висина од 30 метри, но не се сеќавам дека беа објавени бројки за површината на црквата што се планираше на плоштадот. Од она што се обидов да пресметам, квадратот во кој ќе беше сместена основата на црквата е со површина од 576 квадрати. Помеѓу Типо и Пелистер има 43 метри, а во ДУП-от се предвидени пролази покрај црквата од 9 и 10 метри... (43-9-10)^2=576


Originally posted by gjoko

не само таа локацја,сите слободни локации во центарот со тек на време ги чека иста судбина,ако не сега,за некое време некоја друга гарнитура со други моќни луѓе,со тек на време све ќе се завземи од страна на урбаната мафија.Да се зачува ако се можи градскиот парк и тоа е тоа.
Ваков развој на настаните не смее да се дозволи. Ако граѓаните излезат од состојба на ступор и почнат од владеачките елити јасно и цврсто да бараат да се повлечат црвени линии во таа сфера, тогаш овие вториве сакале-нејќеле ќе се прилагодат.

А ако продолжиме вака, нема што да го спаси ниту градскиот парк. Почетните метастази се ионака веќе пуштени, така да ако не се случат радикални промени во оваа сфера, судбината на градскиот парк исто така не е воопшто сјајна, односно нема граница која урбаната мафија нема да ја премине.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 07-Aug-2011 at 18:28
Мислам дека добро стоиме со проценката, неофицијално дознав дека се работи за основа 25 со 25 метри или околу 600 метри квадратни. Со што дефинитино добро би се вклопила во околината со можност боровите од страната на улица Македонија да „преживеат„ што секако би било пожелно.
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 07-Aug-2011 at 20:03
Ako ne se izgradi crkvata na plostad , ke bide sramno i glupo
Back to Top
strajk View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 19-Mar-2011
Location: Skopyeah
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote strajk Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 07-Aug-2011 at 20:27
Originally posted by antiuser

Ako ne se izgradi crkvata na plostad , ke bide sramno i glupo

Taka e !!!
ФК Вардар гордоста на Скопје
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Aug-2011 at 05:52
Еве според сликите опд пред некој ден што е за ориентација 25х25. Како тоа на терен прилега.


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Aug-2011 at 16:50
Originally posted by antiuser

Ako ne se izgradi crkvata na plostad , ke bide sramno i glupo
сеуште не ја разбрав опсесијата на целиов народ со плоштадот... нема никаква разлика дали црквата ќе биде на плоштад или на ул. Македонија, локациите имаат потполно иста големина и значење...

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Aug-2011 at 19:12
Originally posted by antiuser

Ako ne se izgradi crkvata na plostad , ke bide sramno i glupo

Ај вакви „длабоки“ постови ако може, малку поубаво да ги елаборирате и да не ги пишувате овде како Господ што му ги дал заповедите на Мојсеј во кратки црти, туку убаво да си дадете ставот - еве мене баш ме интересира ЗОШТО????

Малку ќе допрат реченициве во политика, ама ќе се обидам да го спакувам помалку болно тоа - Ова дека на сите други места ја изгубивме борбата, па ова мора да се прогура!?

Кај ви е паметот бе!? Не гледате дека работата е „не може на магарето, па удри на самарот“...и доста глумите патриоти и христијани со вакви малоумни изјави - гледајте каде се обидуваат да ја „спикаат“ црквата - па ЦРКВА НЕ СЕ СПИКУВА И ПРОБУТКУВА, туку се наоѓа соодветно место, кое ќе биде прво достојно за нејзе и за луѓето што ќе одат во неа и ќе може да ја истакне и грандиозноста и убавината на објектот, а не меѓу ѕидови од трговски центри и станбени згради!? Како може да доживувате нешто херојски и патриотски, нешто што се гради навечер, нешто за кое ДУП-от се менува на „тајна вечера“ - тоа ли е патриотизам, „мажишта“!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
kitkiritki1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki1 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Aug-2011 at 02:58
за lslcrew View%20Drop%20Down

Ептен ме инпирира еден реферат од контрапост да ти вратам, но
Cloverstack доволно ти возврати, па може само да му се приклучам кон оценките за твоите крајно тврдоглави постови  и да додадам неколку реченици

Архитектурата е за сите, сите имаат право да ја коментираат, но нема место да ја проектира било кој....посебно не урбанизмот....... Твојата навидум воздржана подршка на Скопје 2014, кажува само за политичко размислување, а ни приближно став за околу работите и случувањата.... т.е твојата политичка обоеност, што веќе ти излегува на површина....... Немам против политички обоените.. али слепо тегнење на ставови... скоро слепа партиска послушност, не води кон дискусија со плод......  А инаку извини што ти ги разиграв комплексите за твоето непознавање на архитектурата и урбанизмот, и тотален естетски безвкус, па така јадно се истопори со муабетот = да се пратат скопјани во гасна комора, и со макрадули ставот од еднооки,, е ми е гајле, ќе се гради и готово.. колку емо потег  .... Најискрено жалам за твојот потенцијал, али ако не си го исклучиш тоа едноумието... . компатибилна емисија за тебе би била Урбани вести на МТМ и ти преостанува во иднина да станеш дел од калапот партиски градоначалници...........   

За било кој проект во Скопје 2014, како не ја препознавате грешката што ја повторуваме во континуитет....... по земјотресот, грешката беше што се прегази преку стариот град..... сега повторно грешка, газење на новиот град.... Токму денес, ваквиот потег е фашизам, а не стручните дискусии и контраставови...... Проектов има идеолошка вредност, но за жал заради вака поставените работи- утната архитектура, урбанизам и газење на постојниот идентит на градот, иде во прилог на сите од надвор што си играат мајтап со македонскиот народ.......... незрелост е токму ова, а таа незрелост ќе потрае изгледа уште долго, бидејќи постојат млади луѓе како тебе 
lslcrew View%20Drop%20Down  кој очигледно играат само со лажни теории за демократија и напредок.............. а еве и една лукава од мене за тебе......пак ќе те вратам во ординацијата......... ти во болницава си само оној што работи на рецепција и се нафурал да оперира после некоја година....... или да ти преведам, многу гледаш телевизија и читаш  вкикипедиа....     Никој дипломата не си ја венча со катастарот, многу далеку од тоа... многу лошо ја искористуваш јавноста на професијата..... си ја превел одлуката за општествената архитектура, како да јавноста е племенски совет....   едноставно не можеш да си го признаеш моментот, дека не си стручен за некои работи, и си бараш оправдание преку промовирање народни слогани  типични за комунистичката утопија....      


Edited by kitkiritki1 - 09-Aug-2011 at 03:13
Back to Top
kitkiritki1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki1 Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 09-Aug-2011 at 03:28
конкретно за проектов....   Оваа локација во споредба со претходната е убедливо сооднос 2/1, ке понуди поинаков третман, поприфатливи визури и  непречење на пешачките сообраќајни правци на движење..... И јас се нервирам, кога некој брани едно дрво, за проект кој вреди ........ но овде станува збор за зелена површина, оформена вредност, која ја жртвуваме за упорно да се прогура идејата на премиерот......... Од толку препукувања, магаре да беше ке разбереше дека треба да се свика архитектонско-урбанистички меѓународен симпозиум, или да се организира конкурс, кој јавно ќе биде презентиран, и ќе се почека граѓаните да се ијзаснат пред да се прифати...........  Не може да биде тема на лидерски договор, ејјј и тоа политички ......... мене ми е дури навредливо..... да барам дозвола од Ахмети дали да се гради црква.......... Значи треба да застане маратонов со прекројување на урбанистички планови, и квази конкурси........ да се успори темпо и да се седне на масаа..... доста со трчањево, само глупости правиме.................    народот се навикнува на што и да е..... не ја сваќам злоупотребата на таа вистина во контекст на одбрана на проектов.... кампањски муабет....
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 09-Aug-2011 at 05:31
Добро сега од кога ти и гахан истресовте ѓутуре фрази и демгогија дајте локација. И тоа салонското сваќање за архитектура дека не смее никој да помисли на идеја да си го смените малку, зашто само ќе се фрустрирате. Сте одбрале јавна професија, јавно и ќе ја практикувате.

Стварно не сакам да отворам стари муабети, ама кога и по толку време продолжува овој однос без да се дадат конкретни  предлози. Дајте локација дајте проект. Циркузи и паради на плоштад не ни требаат, мрднете од дебата дали треба црква или не, тоа е заокружено од почетокот на ова прашање. Зашто повторно таа дебата ја оптварате. Толку време пројде, уште колку време ќе треба да излезе еден со предлог простор, со предлог проект.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 09-Aug-2011 at 07:50
Има само еден податок кој кажува се' - „измислена“ е нова локација (изнудена, истерани сте од сопствениот плоштад), новава е комплетен урбанистички промашај, на 100м е од старата и вие, „фалангата“ сега сте повторно продуховени, да не речам дека доживувате нирвана на новово принудено решение. Пошто јас салонски сум ја разбирал архитектурата, кажете ми што ќе се случи, ако пак добиеме некоја заушка од Брисел (или не знам каде) и пак треба да се премести црквава и од оваа локација - што!? Вангел ќе треба да најде некоја трета!? Ќе си „играме“ урбанизам? Ќе бараме зелени ливади за да спикуваме објекти во нив??? Не моето, туку ова е салонско гледање на архитектурата...очигледно е дека ни во овој, ни во претходниот случај тој што уцртал градежна површина (намерно не го нарекувам урбанист, затоа што е обичен копук), нема допирни точки со урбанизмот што е видливо од авион - не знае да препознае оформени блокови од пред 60-70 години, туку гледа една тревната површина и си мисли дека на нејзе е убаво да се гради, само затоа што е ептен блиску до претходната „локација“, која не постоеше како таква, туку беше измислена...
Што се однесува до предлагањето локации, има едно непишано правило кое вика дека архитектите треба да размислуваат понапред од другите луѓе, а урбанистите многу, многу понапред и од архитектите...урбанизмот во голема мерка е наука, која во светот ја практикуваат најспособните во професијата, ама во светот, не кај нас - кај нас урбанистичките планови се доживуваат како детска боенка, за што овој случај е класичен показател....позиционирање на еден објект од ваков карактер секаде во светот се базира на долгогодишна темелна анализа, која во нашиов случај е прескокната и е преминато на начинот „покажи со прст“ што во старт е генератор на милион проблеми...не очекувајте дека овде на форумов некој треба да истресе некоја локација, затоа што тогаш би се направила потполно истата грешка што се прави во пракса - не салонско, туку инфантилно, детско сфаќање на архитектурата...
Вклучете ја левата страна на мозокот, доста размислувате со партискиот центар...и така овде не сте со име и презиме и можете барем за некој од објектите да признаете какви глупости праите...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
kitkiritki1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki1 Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 09-Aug-2011 at 09:37
lslcrew ,  за тебе, на кого и лично му е објаснето, за да задоволам твоја суета и да одговорам на типично политичка провокација, јас треба да седнам дома и да работам со денови и денови и да ти презентирам тебе проект?!!! ..... 


Edited by Cloverstack - 09-Aug-2011 at 15:05
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 09-Aug-2011 at 18:06
Па како може да стане збор за изтерување кога цел проштан се преуреди, зарем ќе го имаше се тоа? Брисел веќе ни на памет не му паѓа да моделира легитимни проекти на локални население преку такви заушки, и да сака веќе јасно им е и на нив и на сите дека не им проaѓа, а ти тука се понашаш како да ти дале лиценца да се закануваш во нивно име, па ни се закани, брее! (немам такво смајли) Од Брисел дα зависеше немаше ништо да има на плоштад, толку за тоа.

Архитектите гледале понапред од другите луѓе, прво од ова посалонско нешто немам чуено и да не употребам некој друг посилен збор. И да го кажал ова некој друг за архитектите, ане самите за себе, кажано е за некои архитекти некаде во свет што врска немаат со скопската школа која е заглаведна некаде пред четириесет одприлика години и сеуште мисли дека пошта и моб се којзнае какви дела, а никој рецка не им мава за чир ги третира народов. Ако може да не се шлепате на фразите и славата за архитектура и архитекти кажани за некој многу оддамна многу далеку.

кикиритки, јас ти кажав си избрал јавна професија јавно ќе бараш легитимитет.

Добро ајде уште еднаш да го поставам прашањево, па да не го тупам веќе очигледно не се разбираме или не сакате да се разбереме. Без да го оспорувате прашањето требало или не црква, понудете решение како тоа да го направиме, а по вас да биде архитектонски правилно, зашто за се досега се кажало дека не чини и не требало така.


Edited by lslcrew - 09-Aug-2011 at 18:15
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Aug-2011 at 23:10
Јас не зборувам во друго име и црно на бело стои што сум - тоа работам, тоа е моја преокупација и тоа е тоа...предлог проекти неам намера да се потегам да праам затоа што тоа во пракса не функционира така, а тоа меѓу другото и малите деца го знаат, посебно не за нешто што му се сонило на некој пастир во кој ти се крстиш и ни продаваш демагогии овде на отворени очи на сите...

Тоа што не можеш ти да оствариш однос спрема модерната архитектура е твој проблем, а не нечиј друг - што ќе му е ЛЦД телевизор на некој во Сомалија што не видел ТВ во животот!? - па сакаш јас да те просветлам и продуховам со некаков проект, кој ќе се бави со измислен проблем - демек испоумираа скопјани без црквата до сега и тоа се' исфорсирано од политички функционер...што не се зафатиш со конкретните забелешки на проблемов, туку се занимаваш со чирови, некакви скопски школи и салони - еве јас не верувам во твојот „месија“ и не само што не верувам, туку мислам дека е обичен исфрустриран петел што надокнадува на местата каде може, а таму каде не може ја витка опашката - ова воопшто не е прашања на никаква архитектура и урбанизам, туку покажување рогови и тоа воловски, големи - по секоја цена да се направи нешто, па ако треба и во гаќи да се олесниш...

Престани да гледаш толку субјективно на работите и не ја гуши дискусијата, на крај краева, последниве постови се занимаваат повеќе со твоите партиски ставови, отколку со некакво прашање во врска со објектот....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 09-Aug-2011 at 23:52
Originally posted by lslcrew

Добро сега од кога ти и гахан истресовте ѓутуре фрази и демгогија дајте локација. И тоа салонското сваќање за архитектура дека не смее никој да помисли на идеја да си го смените малку, зашто само ќе се фрустрирате. Сте одбрале јавна професија, јавно и ќе ја практикувате.

Стварно не сакам да отворам стари муабети, ама кога и по толку време продолжува овој однос без да се дадат конкретни  предлози. Дајте локација дајте проект. Циркузи и паради на плоштад не ни требаат, мрднете од дебата дали треба црква или не, тоа е заокружено од почетокот на ова прашање. Зашто повторно таа дебата ја оптварате. Толку време пројде, уште колку време ќе треба да излезе еден со предлог простор, со предлог проект.
веќе одамна го буткаш овој став на форумов, иако морам да се согласам дека во некои ситуации бил легитимен, но не знам зошто не се помислува на тоа дали воопшто е потребен таков објект, во форма на некаков соборен храм... јас и претходно се изјаснив, покрај другото, ме нервира што по секоја цена некој се обидува да изгради некаква црква, па макар и да ја смести во Шутка... но никогаш немало никаква посебна причина или изговор за изградба на таков објект, или барем било какво објаснување зошто ни е толку многу потребен, за некој така цврсто да стои позади него, сме имале само излитени коментари кои немаат врска со реалната ситуација, покрај се, црквата наиде на поширок отпор од народот, со кој би требало некој да си стави прст на чело дека такво нешто и да се изгради, би немало никаква поента...
да набројам, првите коментари беа за тоа како не бивало плоштад без црква, па потоа (не знам по која логика) се поврзуваше со Св. Константин и Елена, па на крај дури и направивме ерусалим од плоштадот што е тотално срамно
и сега, зошто некој да се мачи да му наоѓа локации на објектот, кога нема никаква основа тој проект, и да му се смени локацијата, ништо нема да биде променето, уште помалку пак ако го поместиле за 100 метри... црквава има многу негативни аспекти, најпрво онакви кои удираат во глава на општеството, архитектонските нелогичности на објектот беа најмала грижа на пошироките маси
и знам дека не им е место тука на вакви дискусии, ама мора да се расчисти и тоа, многу објекти за кои дискутираме тука имаат многу поголеми значења и влијанија од архитектонското, за главните дискусии да бидат фокусирани на тоа каде се наоѓа објектот, како е поставен и како изгледа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 10-Aug-2011 at 05:56
Originally posted by zabegan


веќе одамна го буткаш овој став на форумов, иако морам да се согласам дека во некои ситуации бил легитимен, но не знам зошто не се помислува на тоа дали воопшто е потребен таков објект, во форма на некаков соборен храм... јас и претходно се изјаснив, покрај другото, ме нервира што по секоја цена некој се обидува да изгради некаква црква, па макар и да ја смести во Шутка... но никогаш немало никаква посебна причина или изговор за изградба на таков објект, или барем било какво објаснување зошто ни е толку многу потребен, за некој така цврсто да стои позади него, сме имале само излитени коментари кои немаат врска со реалната ситуација, покрај се, црквата наиде на поширок отпор од народот, со кој би требало некој да си стави прст на чело дека такво нешто и да се изгради, би немало никаква поента...да набројам, првите коментари беа за тоа како не бивало плоштад без црква, па потоа (не знам по која логика) се поврзуваше со Св. Константин и Елена, па на крај дури и направивме ерусалим од плоштадот што е тотално срамнои сега, зошто некој да се мачи да му наоѓа локации на објектот, кога нема никаква основа тој проект, и да му се смени локацијата, ништо нема да биде променето, уште помалку пак ако го поместиле за 100 метри... црквава има многу негативни аспекти, најпрво онакви кои удираат во глава на општеството, архитектонските нелогичности на објектот беа најмала грижа на пошироките масии знам дека не им е место тука на вакви дискусии, ама мора да се расчисти и тоа, многу објекти за кои дискутираме тука имаат многу поголеми значења и влијанија од архитектонското, за главните дискусии да бидат фокусирани на тоа каде се наоѓа објектот, како е поставен и како изгледа


Па тука многумина ве засега прашањето „дали треба да има црква?“ без реално да сфатите (бидејки најверојатно не сакате) дека овој проект (на некој начин) ќе се оствари. Значи вашите аргументи се валидни за тоа дали треба или не треба да има црква, но прашањето (проектот) е во друга фаза а тоа вие не сакате да го прифатите.
Никој нема да каже овој, тој и другиот се сега за црквата ако како архитекти понудите решение кое ќе ја „намали“ вашата одбивност кон проектот.
Сите се претставувате како реални а не сакате да го прифатите реалниот факт дека проектот ќе се реализира.
Јас не гледам како е тоа трошење време на еден архитект, ако истиот (макар и овде на мала група луѓе) визуелно го прикажува своето мислење за проект кој (така-речи) секако ќе се гради. Па нели за архитектура се живее, како што другите си ја сакаат својата професија.

Не ме сфаќај лошо, но зошто не му постапувате на проектот како
„проблем“ кој постои и мора да се реши, па така да му најдете соодветно решение кој ќе го задоволува вашиот личен (според тебе - на пошироката маса) став?
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 10-Aug-2011 at 08:30
Originally posted by theMac3donian

Па тука многумина ве засега прашањето „дали треба да има црква?“ без реално да сфатите (бидејки најверојатно не сакате) дека овој проект (на некој начин) ќе се оствари.


Е овој дел страшно ме провоцира - МОРА!??? Државата наша колку се сеќавам има демократско уредување, што значи дека вакви фараонски потези не треба да се практикуваат...во културни земји вакви потези се праат посуптилно, да не се разгоруваат страстите, а овде е јасно и гласно дека целава идеја е желба на еден човек (ај погодете кој) и дека само заради тоа МОРА ДА СЕ ИЗГРАДИ - види мајката! Можеше МПЦ да земе главно место во целата улога, па веројатно ќе добиеше целиот проект многу поголема тежина, ама проблемот е што МПЦ нормално не оди на избори, туку тоа треба да го направи некој кој ќе придобие симпатии од народот и меѓудругото ќе покаже и дека знае да истепа некого за да си го реализира сонот - млади студенти и професори по архитектура во случајов...

Колку и да е неизбежно, моите коментари секогаш ќе бидат против овој проект...апсолутно сум за градење цркви, ама достојно, за да и тие не бидат омаловажени и спикани некаде со што дополнително би покажале колку немаме никаков однос кон религијата и воопшто животот, а факт е дека гребеме по дното на тој план...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.