build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс „Ента Сеал“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Комплекс „Ента Сеал“
    Posted: 01-Jun-2012 at 19:19

Ента Сеал е моето животно дело!

Ента%20Сеал%20е%20моето%20животно%20дело!

Интервју со Игор Антевски, сопственик на градежната фирма Алеант

Градежната компанија Алеант постои веќе девет години, период во кој има изградено многу станбени и деловни објекти, индивидуални куќи, исто како и  реконструкција, адаптација и санација на постоечки згради. Компанијата има проектирано и изведено градежни работи на објекти во Бугарија, Албанија, Хрватска... Нејзиниот основач, Игор Антевски, вели дека се гордее со сите успешно изработени проекти, но дефинитивно, за животно дело го смета проектот Ента Сеал, луксузен резиденцијален комплекс кој веќе се гради на самиот кеј на Вардар 

 

 Што е тоа што го нуди комплексот Ента Сеал и по што се разликува од другите станбени згради за живеење во Скопје?

-Станбените единици во комплексот се распоредени во седум влезови, во два објекти. Поделени се во две категории, и тоа апартмани на едно ниво (двособни, трисобни, четирисобни) и дуплекси (апартмани на две нивоа). Во секој влез, и покрај малата катност, има хидраулични лифтови, коишто ќе овозможат комфор на сите станари еднакво. Секој апартман има сопствено греење и ладење, со конвектори, така што e овозможено максимално заштедување на електрична енергија. Ова е изведено со користење на подземните води, со што не само што се придонесува во еколошката издржаност на целиoт објект, туку обезбедува и максимална заштеда на електрична енергија.

 Како ја одбравте местоположбата за изградба на еден ваков луксузен комплекс и дали сметате дека ќе биде атрактивен за продажба?

-Веднаш штом ни се укажа можност да склучиме договор за градба на ова место мене и на мојот тим ни се создаде визија за предностите на местоположбата, иако во таа фаза беше многу тешко да се види финалниот производ. Местоположбата на комплексот  е поволна за максимално да се искористи една фантастична локација, којашто е толку блиску до центарот на градот, а далеку од вревата и од градскиот метеж. Комплексот е сместен на површина од околу 7.000 метри квадратни, со поглед на реката Вардар. Зад објектот се наоѓа зелен појас. Во оваа фаза, судејќи по реакциите на познавачите, одѕивот на заинтересирани купувачи и се разбира, бројот на продадени станови, се покажува дека местоположбата, можеби, е еден од најголемите адути на комплексот.

 Дали веќе имате оформено цена по која ќе се продаваат становите и каква клиентела очекувате да бидат идните станари на Ента Сеал?

-Алеант веќе има работено на повеќе станбени објекти и има продадено извесен број станови, но за продажбата на овој комплекс одлучивме – не продаваме квадратури,  ние го создаваме вашиот дом.
Овој објект треба да претставува дом во кој сопствениците ќе го најдат мирот, спокојот и задоволството во дворот и во околината, во погледот, во максимално технички подготвените станови кои ги следат потребите на модерното живеење. И токму тоа веќе го препознаа идните станари во комплексот Ента Сеал. Се работи за луѓе коишто точно знаат што сакаат, живеат модерно и динамично и сакаат домот да претставува нивна оаза за одмор од стресот на секојдневното живеење.

 Освен комплексот Ента Сеал, на кои други локации градите и за каков тип објекти станува збор?

-Во завршна фаза е објектот Зипинг, којшто со партнерите го почнавме пред околу година и половина, а се наоѓа во Тафталиџе 2, во близина на фабриката Реплек. И во овој случај се работи за престижен станбен објект, кој исто така претставува лидер во својата класа и по поволносте за станарите, и по вградените материјали, и по заштедата на енергија, но и по архитектурата, практичното естетско обликување и распоредот на животниот простор. Не сакам многу да зборувам за комплексот, бидејќи тој е завршен и да се изразам метафорички, зборува сам за себе, а и купувачите се презадоволни и во исчекување на јули, кога ќе можат да се вселат во нивниот нов дом. И покрај се, нивното мислење е пресудно, а продажбата на становите (зборуваме за 85% продадени станови) зборува повеќе од кој било показател.

 

http://www.kapital.com.mk/mk/prilozi_edicii.aspx/84651/enta_seal_e_moeto_zhivotno_delo!.aspx?iId=2764

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Jun-2012 at 15:35


Локација:

42° 0'45.92"N  21°24'44.45"E    (Криви дол)




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Jun-2012 at 13:52
Еве и еден постар проект за истава локација, од „Pelleg Architects“

http://www.pelleg-arch.com/residentials/quotKrividolquot-Residence-in-SkopjeMacedonia

1


2


3

Back to Top
nikla802 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikla802 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Jun-2012 at 01:32
...ссс ,каква бедотија од Архитектура и уште поголема бедотија од презентација на проект.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Jun-2012 at 10:29
Овој станбен комплекс наеднаш никна на самиот Кеј на Вардар до каналот Серава и сметам дека може опасно да го узурпира просторот од самиот кеј спојувајќи го него со сопственото дворно место. Кејот е јавен простор наменет за прошетка на сите граѓани, а првото нешто на кое се сетив кога го видов комплексот е узурпацијата.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Jun-2012 at 12:37
До каде е оградено градилиштето, дали стравувањата ги темелиш на тоа?

Во секој случај, мислам дека поголема узурпација на кејот од тоа што ни се случи во строгиот центар не е возможна (со „обновата“ на народна банка, со нејзината подземна улица која одеднаш стана надземна, со „ѕидот“ нови објекти кај платото пред МОБ...). Можно е нешто уште полошо да не задеси и со хотелите под кале. Ако границата на јавниот простор во однос на реката, која практично ја диктираше досегашниот ГУП, за ова општество била небитна и веќе паднала, тогаш муабетов е веќе завршен. Не може границата на јавниот простор да не важи само за „Дивелоп груп“, за Телеком, за „Амадеус груп“ и слични... а богами ни државните административни објекти не може да бидат исклучок. Или некои норми ќе важат за сите, или нема да важат за никого.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7008
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Jun-2012 at 15:03
треба малце да оладиме со градење на објекти директно над кејот...

Edited by zabegan - 04-Jun-2012 at 15:03
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3211
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Jun-2012 at 10:25
Originally posted by Cloverstack

До каде е оградено градилиштето, дали стравувањата ги темелиш на тоа?Во секој случај, мислам дека поголема узурпација на кејот од тоа што ни се случи во строгиот центар не е возможна (со „обновата“ на народна банка, со нејзината подземна улица која одеднаш стана надземна, со „ѕидот“ нови објекти кај платото пред МОБ...). Можно е нешто уште полошо да не задеси и со хотелите под кале. Ако границата на јавниот простор во однос на реката, која практично ја диктираше досегашниот ГУП, за ова општество била небитна и веќе паднала, тогаш муабетов е веќе завршен. Не може границата на јавниот простор да не важи само за „Дивелоп груп“, за Телеком, за „Амадеус груп“ и слични... а богами ни државните административни објекти не може да бидат исклучок. Или некои норми ќе важат за сите, или нема да важат за никого.



Земјиштето е оградено речиси до самиот кеј, поточно до второто ниво од коритото на Вардар, инаку во право си дека со новиот објекти во центарот на градот се уништува оваа зона, особено со новата улица на кејот, но да кажеме дека тоа се јавни институции па и припаѓаат на сите граѓани. Дворното место на зградата ме интересира до каде ќе оди. Инаку слично „окупирање“ на просторот на болницата „Систина“ доколку сте приметиле. Да можеа дрвца ќе си засадеа и ќе го оградеа просторот се` до водите на Вардар долу.
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Jun-2012 at 12:27
Да сме среќни како Систина да има повеќе,го оплемениле просторот и не е вистина дека излегле на сам кеј.А второ е прашањето колку од луѓето што зборат го узурпирале и сл. биле по самиот кеј ,шетале ,секој ден обавезно поминуваат таму,па сега им е скратено правото на проаѓање.П.С.  А нема врска зградава е како што има 100 други згради на кејот на Аеродром.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Jun-2012 at 12:49
Originally posted by 4skopje

Да сме среќни како Систина да има повеќе,го оплемениле просторот и не е вистина дека излегле на сам кеј.А второ е прашањето колку од луѓето што зборат го узурпирале и сл. биле по самиот кеј ,шетале ,секој ден обавезно поминуваат таму,па сега им е скратено правото на проаѓање.П.С.  А нема врска зградава е како што има 100 други згради на кејот на Аеродром.


А ти како фан на Скопје 2014 се најде погоден во овој муабет. Еве ја ќе си се зеам како пример, најмалце 2 години не сум прошетал по кеј, освен делот во Аеродром. Утре уште и улица ќе стават на кеј, па кафе со вкус на нафтени деривати ќе биде понуда на денот. А да не говориме за тие што јадат во Ања, Плаза, Ајриш и сл. Слична узурпација има и во делот кај продажниот салон на Мерцедес спроти ФОН, али ај таму може да се "проголта" некако затоа што запуштен беше тој дел.
И ќе видиш утре, коа сите работи ќе завршат, колку тоа Скопје има изгубено од кејот, една од најпозитивните работи во овој град.
23ka.wordpress.com
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Jun-2012 at 12:59
А колку немаше кеј пред три-четири години,ни ролерски ни шетачки патеки ,ни клупи,ни плажи, ни карпи за искачувања,ни тениски игралишта, ни бутур,тоа не е битно.Сега ,,ќе се узурпирал,,,абе ајде.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Jun-2012 at 18:18

Originally posted by 4skopje

А колку немаше кеј пред три-четири години,ни ролерски ни шетачки патеки ,ни клупи,ни плажи, ни карпи за искачувања,ни тениски игралишта, ни бутур,тоа не е битно.Сега ,,ќе се узурпирал,,,абе ајде.

Изгледа ја иам проблем со меморијата, ама по кеј возам од некаде 1ва-2ра средно, а сеа сум на магистерски, види како ти стои математиката. Тениски игралишта сред нива у Аеродром? Стварно епско достигнување од светски размери.

Момак не памтиш изгледа, ама уште у време на Пенов се осветли кејот од Холидеј ин до Александар Палас со симпатични светилки во форма на пирамида. Плажи? Па што не ја отворија плажата под  музејот, а не единствена што ја отворија е онаа во парк. Ама нали нема кој тој пораз да го признае.

И као и секој поддржувач на СК 2014 и ти бегаш од освовните прашања, као сеа, зашто излажаа и наместо подземна ќе се гради улица со нивото на кејот и утре ќе треба загадено кафе да се пие? Ама не, не лажеле они, нам ни се причинило дека се ветуваше подземна улица. Извинето ти е ако поради Х-причини не одговориш на ова.  



Edited by N23 - 05-Jun-2012 at 18:22
23ka.wordpress.com
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Jun-2012 at 09:05
Види вака 100% посто сум сигурен дека повеќе време од мене немаш поминато на кеј и кога беше направен и кога не беше. И тоа дека Стефче ја направи ролерската патека и Аларова накај центар и Пенов ова -она.Значи браво за сите што допринеле за заживување на просторот.Го памтам кејот на Врадар кај кафичиве кога беше улица со коцка и имаше книжари и кебапчилница и кога никој жив не проаѓаше таму.Од таа причина и ја не се согласувам со надземната улица таму,ама од друга страна кога нашите идат у Солун и кога пијат кафе во кафичите поред море сакам да ми кажеш дали пред нив море или има улица,т.е.уличиште и дали некој се буни поради тоа. 
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Jun-2012 at 11:18
Јас го поддржувам проектот. Не затоа што е ремек дело туку затоа што местото на кое ќе се изгради моментално е гето. А заедно со чудниот но прилично голем објек кој се гради на следниве координати (42.014085,21.408169) ќе го урбанизираат просторот.

Остро се противам на изградба на станбени објекти покрај самиот кеј во центарот на градот каде добар дел од скопјани се рекреираат но со оглед на локацијата на овој проект не ми смета. За разлика од "кинескиот ѕиз" кој не можеше да биде на полоша локација.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Jun-2012 at 11:25
Originally posted by alexsend

Јас го поддржувам проектот. Не затоа што е ремек дело туку затоа што местото на кое ќе се изгради моментално е гето. А заедно со чудниот но прилично голем објек кој се гради на следниве координати (42.014085,21.408169) ќе го урбанизираат просторот.

Остро се противам на изградба на станбени објекти покрај самиот кеј во центарот на градот каде добар дел од скопјани се рекреираат но со оглед на локацијата на овој проект не ми смета. За разлика од "кинескиот ѕиз" кој не можеше да биде на полоша локација.


На линија сум со тебе, се додека објектите држат пристојна дистанца од кејот (мислам дека овој држи) мислам дека Скопје треба повеќе да излезе на Вардар. Секако не само преку згради, може да има и угостителски или спортски содржини, но битно е да се урбанизира градот по должината на реката.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Feb-2013 at 13:10

Новиот станбен комплекс на Enta Seal покрај Вардар готов до јуни!

12/02/2013  //  Пред 13 минути  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

1

Доколку замислувавте дали е возможно да се живее близу до центар, но сепак далеку од градскиот метеж, во градба која е спој на луксуз и квалитет, опкружени со атмосфера на вистински рај, зачинета со летниковци и паркови и згора на тоа, непроценлив поглед кон реката Вардар, – тогаш токму таа замисла е во зрела фаза на реализација.

До јуни оваа година компанијата Enta Seal ќе го доврши прекрасниот станбен комплекс, Проект К, кој почна да никнува пред 6 месеци на површина од 7000 м2 на кејот на реката вардар, во близина на хотелот Александар Палас. Она што вистински го издвојува овој станбен комплекс од останатите згради е:

1.Непречен поглед кон Вардар – еквивалент на живот во метропола.

2.Опкруженост со зеленило, паркови и детски игралишта. Од вкупна површина од 7000 м2, комплексот ефикасно користи 3000м2, додека останатите 4000м2 се икористени за претворање на просторот во вистински животен простор, исполнет со уживање и пријатност.

3.Подземен паркинг за секој стан. Просториите предвидени за паркирање на возилата се поврзани со становите со лифт.

4.Сопствено ладење и греење за секој стан, што пак нуди максимална заштеда и контрола врз трошоците.

Визијата која Enta Seal ја реализираат преку Проектот К е градење на вистински животен простор. Со оваа визија Enta Seal создаваат повеќе од станови. Со Проектот К, на пат се да изградат вистински домови.

http://faktor.mk/archives/28811

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Feb-2013 at 13:18
Според мене ова е правецот по кој треба да се движи урбанизирањето на Скопје место градење на кински ѕидови, узурпирање на веќе урбанизирани делови од градот, узурпирање на Водно и слично , треба да се барат локации слични на оваа.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Feb-2013 at 16:23
Реално покрај Вардар има доста вакви локации коишто очајно изгледаат и им е потребна урбанизација. Не гледам ништо лошо во урбанизирањето на кејот на Вардар доколку тоа е убаво смислено и вклопено во околината дали биле тоа станбени, деловни, комерцијални или спортски содржини.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3656
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Feb-2013 at 16:51
Predhodnite renderi se daleku po simaticni i moderski od ovie sega. Hm ideata e dobro, ama renderot mi lici mnogu ,,eftino,, . Aj kje vidime sto kje ispadne
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Feb-2013 at 17:02
Според мене супер се зградичињава, ми се допаѓа ваква ниска и ненаметлива архитектура. А очигледно е и дека околу згрдаите ќе има маногу простор и зелена површина. 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.