build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Кинески ѕид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 06-May-2014 at 00:06
толку од експлозивите
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 25-May-2014 at 11:54
На целиот урбанистички и архитектонски хорор креиран од овој објект, монструмов се рекламира на телевизија со паролата "Вашиот дом со двор од 200 000 квадрати (мислејќи на Градскиот парк, нели)" Не знаев дека Градскиот парк на град Скопје, право на сите граѓани на Скопје стана "двор" т.е. нечив "двор" и во служба на објект кој е надвор од секоја логика и кој воедно целосно ја уништи визуелната слика, структура и референтност на Градскиот стадион.

Kај го осакати изгледот на Градски стадион за сите времиња, узурпира јавен простор па уште и Градски парк го нарече двор.

Вакво нешто е возможно само кај нас дефинитивно, па одтаму очигледно и заслужуваме да не е*ат вака, дрско и без грам срам.

Edited by HugoGoulding - 25-May-2014 at 12:14
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 25-May-2014 at 23:12
Previous
мене ова отсекогаш најмногу ме фрустрирало кај нас Bash
ако си доволно скот да правиш одреден криминал, неморал и катастрофални грешки, може барем мафијашки да си ги покриеш и да ги импровизираш, а не да се перчиш наоколу со нив.... навистина понекогаш ми е срам каде живеам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 26-May-2014 at 10:15
А што очекуваш, во рекламата да каже дека е криминално изградена, рушена со динамит и други работи, очекуваш да импровизира и да покрие мафијашки работи ? Инвеститорот/те кој/и да е не го боли цеф. Важно му е да продаде, да му утрапи на некој нешто. Стадионот никако не влегува во кадар на рекламата.

И нормално само со такви срцепарателни реклами мислат дека ќе си ги исперат гомната. Дај боже никој да не им купи стан, да пропаднат. Но...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 27-May-2014 at 00:20
Originally posted by Teglarot

А што очекуваш, во рекламата да каже дека е криминално изградена, рушена со динамит и други работи, очекуваш да импровизира и да покрие мафијашки работи ? Инвеститорот/те кој/и да е не го боли цеф. Важно му е да продаде, да му утрапи на некој нешто. Стадионот никако не влегува во кадар на рекламата.

И нормално само со такви срцепарателни реклами мислат дека ќе си ги исперат гомната. Дај боже никој да не им купи стан, да пропаднат. Но...
па не мора да каже дека е криминална, ама не мора ни да ни се смее у фаца и да кажува дека тоа е грандиозен и екслузивен комплекс, и тоа на најскапи и најгледани медиуми
во градов мислам дека и секое мало дете знае колку е лош објектот, па што менува една таква голема реклама?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 27-May-2014 at 06:36
Проблемот е што со самото поставување на објект со такви димензии од СТАНБЕН карактер на 20 метри од Градски Парк и на 0 метри од Градски стадион, и двете референтни и важни точки за градот потполно го губат своето значение и појмовност како такви. Буквално две референти точки за градот Скопје потоплно се лишат од нивната важност и вредност.

Пример, парк е синоним за зеленило и за неизграденост, онаму каде што секој човек би можел да отиде за да избега од СТАНБЕНИ ЗГРАДИ и било какви вертикални бетонски структури и да ужива во природа. Со самото тоа што ти во сред парк насадуваш станбена едицина која брои над 500 станари која е поентата на паркот? Паркот на градот се претвара во нечив двор, двор на една станбена зграда, убаво си кажале во рекламата. Значи нешто што е симбол на град Скопје ја губи целосно својата референтност и симбол. Тоа е исто како во сред градинка да ставиш затвор, колку ова да звучи претерано и смешно, аналогијата е иста, "види ова е градинка, но тука на 5 метри од неа ќе ставиме и затвор, ама ова е градинка". Делува апсурдно но аналогијата е иста, ставам станбена единица во градски парк = ставам затвор во градинка. Истото важи и за стадионот. Лепиш станбена зграда на/до сам градски стадион, ало!?. Зграда колку цела негова трибина по должина и ширина. Дајте ми еден пример со ваков стадион во светот. И наеднаш стадионот ја губи својата поимност и референтност што веќе и се гледа на сликите. Сликаш стадион, а на сликата ти излегува станбена зграда. What kind of sorcery is this? И сето ова зошто? За некој тип да си направи профит и пари на сметка на симболите на град Скопје. Без коментар.


Edited by HugoGoulding - 27-May-2014 at 06:39
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 27-May-2014 at 11:31
Originally posted by zabegan


Originally posted by Teglarot

А што очекуваш, во рекламата да каже дека е криминално изградена, рушена со динамит и други работи, очекуваш да импровизира и да покрие мафијашки работи ? Инвеститорот/те кој/и да е не го боли цеф. Важно му е да продаде, да му утрапи на некој нешто. Стадионот никако не влегува во кадар на рекламата.

И нормално само со такви срцепарателни реклами мислат дека ќе си ги исперат гомната. Дај боже никој да не им купи стан, да пропаднат. Но...
па не мора да каже дека е криминална, ама не мора ни да ни се смее у фаца и да кажува дека тоа е грандиозен и екслузивен комплекс, и тоа на најскапи и најгледани медиумиво градов мислам дека и секое мало дете знае колку е лош објектот, па што менува една таква голема реклама?


Па тоа е и проблемот, ќе има луѓе кои не се како секое мало дете што знае колку е лош објектот. Впрочем толку сум разочаран во сопствениот народ во изминатиов период, не би ме чудело дека токму таа реклама ќе им го промени мислењето или ќе ги поттикне да купат "екслузивен" стан кој се наоѓа небаре на северна трибина. Жално, но има премногу амеби во државава.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 27-May-2014 at 13:27
Teglarot, не е проблемот дали објектот е лош или не. Објекотот и да е перфектен во смисол на архитектура и урбанизам, самото прегазување врз битни референти точки за град Скопје за цена на станбена зграда и неповрзаност на истата со просторот е тоа што е вистинскиот проблем тука. Значи тука не збориме ниту за административен објект, ниту за општествен објект или објект од културен или рекреативен карактер, со еден збор објект од јавен карактер туку збориме за станбена зграда. Значи објектот е вон секаква конотација со просторот во кој што се наоѓа. Имаш градски стадион, имаш градски парк, и тука сместуваш станбена единица со монстуозни димензии.
Искрено, за мене ова е далеку потрагично од било што поврзано со проектот Скопје 2014.

Edited by HugoGoulding - 27-May-2014 at 13:47
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 27-May-2014 at 16:15
Рекламната кампања очигледно им е во полн потег. На самата патека на Кејот имаат наместено знаци од типот „200 метри до Вашиот дом“ - Парк Резиденс, а воедно пред самата зграда садеа цвеќиња и имаа подигнато бина, очигледно ќе имаат и некоја забава. Очигледно ич уво не им чуе за критиките.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 27-May-2014 at 17:10
Настрана тоа што ова не е ни станбена зграда туку мини-населба, бидејќи се работи за 4-5 згради споени во една структура.

Инаку, објектов е именуван споменик на урбаната мафија, но слободно може и да го добие името споменик на соработката помеѓу владата и опозицијата. Чим никој не се буни и не бара правда и објаснување мојот заклучок е тој.

Edited by HugoGoulding - 27-May-2014 at 18:13
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 29-May-2014 at 22:34
Вчера и официјално се отвори Парк Резиденс!



Вчера вечер и официјално беше отворен резиденцијалниот комплекс Парк Резиденс. На настанот присуствуваа голем број на познати гости од деловниот и културниот свет, партнери, соработници и добавувачи кои можеа да уживаат во пријатната атмосфера, коктел, и музика во живо, за која се погрижија музичарите од македонската филхармонија. Концептот на Park Residence е да привлече луѓе кои знаат што сакаат за себе и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално да уживаат во животот, е најчестиот впечаток за овој објект од гостите кои имаа можност да ги посетат апартманите, и самите да се уверат во хармонијата на совршенството која ја нуди овој објект.

http://denar.mk/49640/biznis/vcera-i-oficijalno-se-otvori-park-rezidens
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 29-May-2014 at 23:01
инстиктот на џунглата ја надвладеа цивилизацијата
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 30-May-2014 at 09:01
Споменик на соработката помеѓу власта и опозицијата. Ете како кога се сака се може, без караници, без излегувања од сообрание и тепачки по општински згради. Две ламели власт, две ламели опозиција и мир во куќа. Чекам ден кога паркот ќе го поделат по парцели и ќе почнат да си градат куќи врз него.

Edited by HugoGoulding - 30-May-2014 at 09:12
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 30-May-2014 at 18:14
Originally posted by HugoGoulding

Споменик на соработката помеѓу власта и опозицијата. Ете како кога се сака се може, без караници, без излегувања од сообрание и тепачки по општински згради. Две ламели власт, две ламели опозиција и мир во куќа. Чекам ден кога паркот ќе го поделат по парцели и ќе почнат да си градат куќи врз него.
многу плитко размислуваш, куќа е многу помалку од станбена зграда LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 30-May-2014 at 22:55
Почнаа рекламите...

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 31-May-2014 at 00:03
а како се осветлени апартманите од страната на стадионот? Roll%20eyes
и која цена е срушеното па повторно изградено поткровје, и по кои највисоки стандарди е?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 31-May-2014 at 01:43
Ова не се случува само во македонија, сите сме виновни за ова по некогаш, но искрено кажано ова мене ми изгледа дека народот одлучил сето ова да го проголта и заборави. Не приметувам никој да се крене масовно против ова и да се запре. Понекогаш џабе зборување и критики ако не се оди на терен и не се праљви нешто активно.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 31-May-2014 at 09:36
Народот не се дига затоа што чекат некоја партија да застане позади нив. Едноставно граѓанскиот сектор не функционира кај нас. Па затоа имаме смешни ситуации кога за две дрва се дига галама од невидени размери, се поставуват живи ѕидови, се прават драми а од друга страна го имаме овој монструм во градскиот парк и никој досега не најде причина да се побуни поради оваа узурпирање на градскиот парк и стадионот.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2281
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 31-May-2014 at 09:52
И сега како сакаш народот да верува во граѓанскиот сектор, кога самите себе се дискредитираат? Протестираат за 5 стари дрвја, а не гледаат 5 згради во парк и тоа зад стадион.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3658
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 31-May-2014 at 11:56
Еве во базел, залепено до стадионот а за швајцарците таму е атрактивно да се живее не знам кај нас има малку паника
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.