build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Кинески ѕид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбана мафија - случај Кинески ѕид
    Posted: 13-Sep-2007 at 18:11
Поткровјето на Кинески ѕид повторно изградено
Спектакуларниот почеток на борбата со урбаната мафија по три месеци се претвори во фарса, обвинуваат од ЛДП. Сопственикот на Кинескиот ѕид ги санирал оштетувањата на поткровјето, направени со рачното и експлозивно рушење. Кровот е потпрен со дрвени греди и повторно е бетониран. За ЛДП Кинескиот ѕид е потврда за залудно потрошените пари од Владата за кампањи, со кои Македонија ќе се прави правна држава. Од оваа опозициска партија побараа и Владата конечно да го објасни феноменот со оваа зграда.
 
- Во спротивно, ЛДП ќе се сомнева дека истиот тој инвеститор, кој што за време на филмското рушење на објектот мавташе со бело знаменце пред Владата, сега мавтал со некакви други поинакви зелени знаменца, изјави портпаролот на ЛДП Илија Нешковски.
 
На крајот на мај, поткровјето на кинескиот ѕид беше рушен со динамит. Државниот градежен инспекторат утврди дека во матната постапка за добивање одобрение за градба, единствено дел од поткровјето е нелегално изграден.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Sep-2007 at 18:52
Ако е ова точно тогаш !&‘%!„&‘’&’“!&‘„’%&!‘!!!!!!!!!! Исто така ова го објаснува континуираното одлагање на градењето на северна трибина. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Sep-2007 at 18:58
Originally posted by gotsomekicks

Ако е ова точно тогаш !&‘%!„&‘’&’“!&‘„’%&!‘!!!!!!!!!! Исто така ова го објаснува континуираното одлагање на градењето на северна трибина. 



Мислиш дека ако беше се расчистено со кинескиот ѕид, стадионот ќе се градеше? Не биди наивен  LOL

Имаат доволно капацитет за многу работи паралелно да ги усерат...
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Sep-2007 at 19:07
Абе така е... убаво ми рече еден мајстор да не берам гајле кога му викнав џабе да не работи дека ќе им ја рушат зградата. Факит.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Nov-2007 at 20:04
Има некој било каква информација околу кинескиот ѕид? Јас последен пат кога поминав таму, тие на големо работеа на обнова на поткровјето... Многу чудно, поготово  после целиот театар што го гледавме... Место да се оди на комплетно расчистување на случајот, ние дури се вративме и на првобитната состојба!

 Mad

Каде се сега надлежните??????????
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Nov-2008 at 12:01
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&lId=1
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Dec-2008 at 11:32

Привршува уривањето на потпокривот на Кинескиот ѕид

Вториот потпокрив кој е дивоградба на објектот во Градски парк, т.н. Кинески ѕид, речиси и го нема. Видливи се остатоци од урнатини кои се создадоа во изминатиот еден и пол месец. Решителни да го спроведат решението за уривање на дивоизградениот дел од најозборуваната дивоградба, работници по налог на Општина Центар повеќе од еден месец секојдневно работат на уривање на спорните делови.

Акцијата за „чистење“ на вториот потпокрив е започната на 5 ноември. Оттогаш речиси секојдневно на терен се 15 работници кои, покрај рачно, уриваат и со три компресори. Од Општината предвидуваат дека решението за уривање на спорниот потпокрив целосно ќе го реализираат до првата половина на јануари, што сепак ќе зависи и од временските услови. Досега, според процените на надлежните, санкционирани се речиси 90 отсто од дивоизградениот дел. Кој и кога ќе го отстранува градежниот шут - допрва ќе се утврдува. Од Центар велат наскоро ќе договорат дали ќе го стори тоа инвеститорот на зградата или тие, но на негова сметка.

„Оваа едно и полмесечна акција беше неопходна за да се доурне дивоизградениот потпокрив кој остана по уривањето со динамит. Иако имаше најави дека тоа ќе го стори инвеститорот, бидејќи не се случи тоа, работата ја презедовме ние“, дополнуваат општинарите.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6C24EB41081B3B4CBFAE56D16F670987
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Dec-2008 at 13:33
Cheers


И да не застане тука работата...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Jul-2009 at 00:15
Вио врска со дебатава за кинескиов ѕид што ја почнавме во нишката за стадионот...



Моменталнои кој е статусот на објектов?! Знаеме ли кој е газда?! Се спомнуваше прво некој си брацо, па после некои браќа албанци незнам од каде, па после некоја германска фирма, па некој си  германец штрајкуваше пред влада. Којзнае дали го најдоа човекот да штрајкува или стварно беше негов објектот?!  ПА после нешто се прошушка по медиуми дека наводно се реализирала некоја хипотека у странство ли, тука ли?! Кога се сруши подкровјето некој почнаа пак да го градат, а до лани имаше луќе на градилиште. Кловер сега кога сликаше оваа слика, имаше ли луќе да се мотаат?! Кинескиов ѕид оѕбилно очекувам да се доведе до праг на нерентабилност (може би малку ќе му порасне цената со пуштањето во употреба на деловниопт простор во северната трибина), па после тоа да се запушти и да биде ограбено она малку што вреди како прозори врати, некој градежен материјал, да прокисне, да му се наруши статиката за на крај да се чудиме како да го срушиме, а никој да нема повредено.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Jul-2009 at 00:21
Originally posted by lslcrew

Кловер сега кога сликаше оваа слика, имаше ли луќе да се мотаат?!

Се мотаат луѓе ама веројатно сите се ангажирани на стадионот. Како што се гледа нема никаква граница помеѓу градилиштата.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Jul-2009 at 18:48

1.


2.


3.


4.


Edited by Cloverstack - 06-Jun-2012 at 13:57
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Jul-2009 at 18:50
кинескиов ѕид дефинитивно мора да оди, го засенува погледот кон објект кој треба да биде вистински симбол на Скопје

се надевам дека и на недлежните ова им е јасно.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Jul-2009 at 18:59
Не само што засенува него и голема тхничка пречка е за стадионот и за деловниот простор под стадионот! Го гуши пристапот на стадионот, а некогаш и проблем ќе направи! Дај што побрзо нека се запушти и да го испопњачкаат, да прокисне асално и слично!




Edited by Cloverstack - 06-Jun-2012 at 13:58
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Jul-2009 at 20:04
Сите се надеваме на опцијата кинескиот ѕид да се сруши но што ако остане? Кои се вашите мислења за план Б, план Ц итн...?

Мислам дека во секој случај објектот треба да се подкастри. Премногу е масивен.

Намената би му ја променил никако не смее да остане станбена. Треба да се даде некоја комерицијално-деловно-угостителска нишка која ќе одговара и во контекст на стадионот и во контекст на планираните содржини од другата страна (пр. хотели итн).

За објектот за паркинг би се користеле истите паркинзи/гаражи планирани од другата страна на Вардар.

Не сум сигурен колку и дали воопшто има простор помеѓу кинескиот ѕид и велосипедската патека. Доколку има приземјето може да биде искористено за убави угостителски објекти со тераси кои гледаат кон Вардар. Во летните месеци би било сигурно пријатно место.

Ваши мислења?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Jul-2009 at 20:09


би додал дека е потребно и ново обликување на фасадата во нешто посоодветно на стадионот (нешто што ќе дава впечаток дека се работи за еден комплекс, што нема да штрчи и што нема да вришти на станбена зграда)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Jul-2009 at 20:19
У никој случај не смее да се дозволи да го нарушиме стадионот како единка. единствено компромисно решение би било доколку владата го земе објектов под свое па доколку постојат услови, да се изнајде начин доста да се скрати од објектов (минимум неколку ката и двете крајни ламели, и уште повеќе ако треба) и да се доведе до димензии на централниот деловен подтрибински простор и да се енкапсулира со него. Значи не сите три подтрибински простори, не го исклучиво средниот, па може да делува некоја наглесена форма на Силекс. И тоа исклучиво под државна капа со цел да неможе никој абудала да профитира од својата глупост.

Но јас сепак повеќе би сакал да го видам објектов тргнат од тука одколку било какви компромиси и бодење трн у стадионот. Еден капитален објект у држава и тој ли да го....... како се вика она, ме потсеќа како на филмовине вуду магија кога бодат игли во некоја кукла, епа така сега ние на стадионот да му ги бодеме одоколу нечивите глупости. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Jul-2009 at 04:40
Originally posted by pbanks

Сите се надеваме на опцијата кинескиот ѕид да се сруши но што ако остане? Кои се вашите мислења за план Б, план Ц итн...?

Мислам дека во секој случај објектот треба да се подкастри. Премногу е масивен.

Намената би му ја променил никако не смее да остане станбена. Треба да се даде некоја комерицијално-деловно-угостителска нишка која ќе одговара и во контекст на стадионот и во контекст на планираните содржини од другата страна (пр. хотели итн).

За објектот за паркинг би се користеле истите паркинзи/гаражи планирани од другата страна на Вардар.

Не сум сигурен колку и дали воопшто има простор помеѓу кинескиот ѕид и велосипедската патека. Доколку има приземјето може да биде искористено за убави угостителски објекти со тераси кои гледаат кон Вардар. Во летните месеци би било сигурно пријатно место.

Ваши мислења?



Јас мислам дека нема лек за кинескиот, освен да се сруши комплетно. За мене е залажување да се мисли дека може да се нашминка работата и да се добие пристоен резултат.

Дури и со рушење на кинескиот ѕид, повторно ќе останеме со проблем кој произлегува од него - севернава трибина се изгради со таков лошо естетски вклопен подтрибински простор веројатно поради ограничувањата кои произлегоа од просторот што го зафаќаше кинескиот.
Со негово рушење, иако се ќе изгледа многу подобро, сепак ќе се отвори поглед кон (барем според мене) не баш преубавиот објект вклопен во северната трибина.

За мене идеално би било после рушење на кинескиод ѕид, на негово место да се изгради нов објект кој прецизно ќе се вклопува во изгледот на стадионот и кој ќе го дообликува, со што би се решил проблемот со неспретниот објект во склоп на северната трибина.
Може на пример исто полукружно да ја опфаќа трибината. На највисокиот дел (во средина и кон трибината) да има 4-5 спрата, а кон страните и кон кејот да се спушта скалесто или косо до 2 спрата. Исто така да се внимава на материјалите за сето тоа да делува како еден комплекс.
Таму би можело да се смести хотел за спортисти (како што беше првичната намена на маркицата), разноразни спортски сојузи и слично, ресторани и локали со поглед/тераси кон кејот...
Исто така се прашувам колку паркинг простор има под северната трибина и дали тој е доволен барем за сите оние официјални лица, новинари и ВИП што би присуствувале на големи натпревари. Не бива овие категории да ги користат идните катни гаражи од другата страна на Вардар. Па ако има потреба од дополнителен паркинг простор (а претпоставувам дека има), би можело тој да биде сместен во подземни гаражи под овој објект. Улица Ленинова би можела да се справи со таков мал процент од посетителите.



Гледам беа предложени слични концепти, но со искористување на кинескиот ѕид. Не сум убеден дека монструмот е добар почетен материјал за да излезе нешто убаво, а плус прашање е дали воопшто може да се оди на такво опсежно рушење на делови и спратови од него, без да биде нарушена неговата статика.
Молам некој што се разбира во оваа проблематика да каже мислење.


Edited by Cloverstack - 17-Jul-2009 at 04:42
Back to Top
mama View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mama Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Jul-2009 at 12:40
nesto se slucuva so kineskiot zid, najverojatno nema da go rusat zasto priodite se skoro zalepeni do nego, vo sredinata se izvadeni staklata i profilite i kako deponija pred nego e ostavena staklenata volna i drugiot gradezen sund od t.n.rusenje.Izvadenite profili sega se zakovani so drveni tarabi Question. I da go rusat od kade ke pominuva gradeznata mehanizacija koja ke go iznesuva sutot( se e knap nema kade). Najverojatno ke go vklopat vo severna(samo sto uste ne objavile)
mama
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Jul-2009 at 13:56
Мама не ми се верува дека основна причина зашто не би го срушиле е дека нема од каде да се изнесува шут. Уствари пристапот и не е така лош.
Back to Top
Macedonian View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Macedonian Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Jul-2009 at 15:53
А ако со динамит го рушат,нема да се оштети нешто северната трибина????

Edited by Macedonian - 17-Jul-2009 at 15:53
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.