build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Станбено - деловен комплекс „Јуриј“ - Битола
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбено - деловен комплекс „Јуриј“ - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12375
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 03-Jun-2015 at 09:07
Старата касарна во Битола добива нов лик
ОД М.Н. · 02.06.2015



Во „Златен Рид“, новата населба која се протега на територијата на Старата Касарна, Општина Битола извршува голем број на активности. Поставена е фекална канализација, атмосферска канализација, водовод и се прави коловоз во СРУ 1 во делот на АРМ Четврт 1 во вредност од милион евра, а до завршувањето на коловозот во СРУ 1 вкупната вредност за овој дел би достигнала до 1.5 милион евра.

Со задолжувањето кое Општина Битола го направи, преку Министерството за финансии кај Светска банка во вредност од 2.5 милиони евра, ќе биде завршен и останатиот дел од АРМ Четврт 1 и АРМ Четврт 2 и тоа атмосферска канализација, водовод, улично осветлување и коловоз.

Три објекти се веќе изградени, а осум фирми градат објекти од кои седум се домашни инвеститори , а еден е странски. Потоа се направени реконструкции на повеќе стари објекти кои беа дел од Касарната и тоа во еден реконструиран објект се наоѓаат Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и Факултетот за биотехнички науки, а во друг објект се наоѓа Правен факултет. Извршена е реконструкција и адаптација на Стреланата, во реконструиран објект е сместено противпожарното друштво ПЕГАЗ ЕДУ, како и новата телевизија МЕГА. Изграден е и Филмски град.

„До крајот на оваа градежна сезона, веројатно и дел од работите ќе ни останат и за следната градежна сезона затоа што обемот е премногу голем и се надеваме некаде до Ноември да се заврши најголемиот дел 70 до 80 проценти од сето тоа што треба да се работи и еден дел да остане за следната градежна сезона. Идните потенцијални инвеститори кои што ќе сакаат да градат, едноставно само ќе треба да се приклучуваат. Ќе биде завршена целата фекална, атмосферска канализација, водоводната мрежа, патната инфраструктура, паркови, пристапни патеки сето она што ќе значи една нова населба, еден мал град кој што потенцијално би требало да опфати околу 5 илјади жители“ – изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.

http://setaliste.com.mk/top-vesti/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BB/
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4475
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 03-Jun-2015 at 10:40
М-р д-р Владимир Севселенски Талевски.

Grow a dick. А најлошо, не е Двојче единствениот искомплексиран што си ги форсира титулите пред името во весници.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12375
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 28-Oct-2017 at 10:42
За сè има вторпат
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 21-Aug-2019 at 12:06





Edited by JOE - 21-Aug-2019 at 12:07
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 21-Aug-2019 at 12:08




Edited by JOE - 21-Aug-2019 at 12:12
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Nov-2019 at 10:09
ЕЛИТНИОТ ЗЛАТЕН РИД ЈА ИЗЕДЕ ШУМАТА КАЈ КАСАРНАТА И ЈА ЗАДУШИ БИТОЛА





Некогаш беше касарна, а денес е Златен рид. Порано имаше грст објекти од тврда градба, не повисоки од два-три ката и многу зеленило. Сега е урбанизирана населба со атрактивно име и локација, со подигнати згради, куќи и вили во изградба кои сѐ повеќе се шират на сметка на зелениот појас на Битола.

Со Деталниот урбанистички план (ДУП), донесен пред девет години од претходната локална власт за урбанизацијата на 103 хектари од Касарната во Битола, еден од најзагадените градови во земјава изгуби дел од белодробното крило. Жителите реагираат дека со години се сечат дрвја за да градат објекти и инфраструктура. Од Секторот за урбанизам во Општина Битола одговараат дека зелени површини се застапени во соодветен процент и со максимално почитување на веќе постоечките.

Враќање назад нема, продадени се 99 парцели, инвеститорите платиле за градежното земјиште и за негово уредување, па Општината е должна да им направи инфраструктура.

„Просторот на поранешната касарна практично беа белите дробови на Битола. Пред десетина години, по предавањето на објектите во сопственост на Општината беше изготвен ДУП кој скоро и да не предвидуваше зелени површини, туку голем број нови згради меѓу постоечките. И не само тоа, ДУП-от за Касарната предвидуваше и уништување на зелениот појас на сметка на индувудуални станбени објекти. Иако во моментот таму има изградено само пет нови згради, уште на почетокот теренот беше исчистен од зеленилото – беа исечени стотици децениски стари листопадни дрвја, оставено само понекое зимзелено, оти тие не се погодни за огрев“, вели Игор Војновски, екоактивист, кој живее во близина на Касарната.

Ликот на касарната го промени проектот „Старите касарни за нов развој“ од 2009, кога Министерството за одбрана ја отстапи оваа површина на Општина Битола за изградба на нова градска населба. За тогашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и битолскиот градоначалник Владимир Талески, ова беше исторски проект кој на градот требаше да му донесе згради, хациенди, винарски визби, филмски град, градинки, училишта, 7.000 жители… Ја нарекоа Златен рид. Опколена со густа шума, сончева, незагадена, со цена од едно евро за метар квадратен, ги привлече како магнет градежните фирми, бизнисмените, инвеститорите, па и поимашливи битолчани да купат дел од ветената земја.

Битола втурната во тој розов сон за елитната населба, тогаш не се спротивстави на проектот иако имаше јавна расправа за Деталниот урбанистички план. Во 2009, градот како да немаше и невладини организации на кои во фокусот им беше загадувањето. Дури по неколку години здружението „За нас се работи“ беше првото кое проговори за овој проблем и на оградата од касарната го прикачи транспарентот „И тука некогаш имаше дрвја“.

Драган Вељанов од платформата „Земи здив“ вели дека со урбанизацијата на касарната го загубивме многу брзо она што со години било градено и планирано како јадро преку кое Битола ќе дише длабоко, со полни гради.

„Неслучајно таа локација беше избрана за изградба на Касарна, која беше замислена да биде еден голем зелен појас, со голем број зимзелени и листопадни дрвја, а и сите павилјони беа градени во ист правец со цел да се овозможи непречено струење на воздухот кое е многу битно за разнесување на загадениот воздух и неможност да се задржи подолг период на една иста локација“, вели Вељанов.

Тој додава дека со процесот на приватизација на државното земјиште голем дел од ова зеленило беше неплански уништено како за потребите на новите урбанистички планови, така и од несовесните граѓани кои ги сечеја дрвјата за сопствени потреби.

Ако градот има потреба од проширување, тогаш не мораше ова подрачје секогаш да остане само зелена зона. Но, можеше да се трансформира многу попретпазливо. Во урбанистичките планови да се предвидеа повеќе зелени зони со паркови и зачувување на постоечките дрвја за сметка на непланска сеча на дрвјата, новите градби да го задржеа принципот на градба во иста насока со цел да се овозможи непречено струење на воздухот за сметка на градбите во спротивна насока кои прават вакуум простор и го отежнуваат природното проветрување“, вели Вељанов.

Нема официјален податок колку дрвја досега се исечени. Но, факт е дека уште постои дел од зелениот појас кој битолчани го користат за рекреација и бараат да се зачува.

Во населбата денес живеат над илјада битолчани. Во ек е изградба на куќи веднаш до шумата. Луксузни, на два ката, со балкони кон зелениот појас. Ги градат претежно мајстори од Вевчани и други струшки села. Повисоко низ Златен рид околчени се и други места за градба. Зградите пак се полнат со станари. Цените на становите се движат од околу 800 до 840 евра за метар квадратен што е повисока цена за 200 евра од другите делови на Битола.

„Зградата во која живеам јас е поставена толку на правец север- југ и ветрот не струи. Од ридот кон улица Партизанска зградите се како препрека. Тоа се познава особено во есен, сите лисја од дрвјата се берат пред зградата, од цела Партизанска и од околу“, вели Анета Блажевска, станар во Касарната.

Местото уште личи на населба во изградба со купишта градежен шут и тоа што е шума малку оставено околу зградите е многу запустено од градењето.

„Зеленило имаше многу повеќе кога се вселивме во 2015, но се исекоа многу дрвја и листопадни и зимзелени за да се направават зградите и да се направат улиците“, вели Блажевска.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/elitniot-zlaten-rid-ja-izede-shumata-na-tumbe-kafe-i-ja-zadushi-bitola/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 25-Nov-2019 at 16:47
НЕМА СПАС ЗА ЗЕЛЕНИОТ ПОЈАС КАЈ КАСАРНАТА ВО БИТОЛА ОТИ ЗА ЗГРАДИ ВО ЗЛАТЕН РИД СЕ ПРОДАДЕНИ 99 ПАРЦЕЛИ





Нема шанси да се смени Деталниот урбанистички план (ДУП) според кој во Битола се гради населбата Златен рид со високи згради, куќи и вили што ѐ повеќе се шират на сметка на зелениот појас над еден од најзагадените градови во земјава. ДУП-от донесен пред девет години од претходната локална власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Владимир Талески за урбанизацијата на 103 хектари од Касарната во Битола веќе се реализира, и општинските власти велат дека нема враќање назад, оти се продадени 99 парцели, инвеститорите платиле за градежното земјиште и за негово уредување, па Општината е должна да им направи инфраструктура.

Ексградоначалникот Талески во 2009 рече дека во касарната ќе никне нова елитна населба. Рече дека постоечката патна инфраструктура не е употреблива, па со ДУП се предвидуваат нови инфраструктурни коридори. Деталниот урбанистички план беше донесен едногласно во битолскиот Совет. Претходната локална власт, од продажбата на градежно земјиште во комплексот АРМ наплатила над 150 милиони денари (2,5 милиони евра), а од надоместок за уредување на градежното земјиште над 280 милиони денари (4,5 милиони евра).

Но, проблем настана кога добар дел од парите завршија во изградба на индустриската зона Жабени. По ова, претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ подигна кредит од 2,5 милиони евра за да ги гради улиците во Касарната. Власта се промени, па и изградбата и враќањето на кредитот паднаа на товар на новата власт предводена од СДСМ.

Запрашани дали имаше можност по доаѓањето на новата локална власт да се откажат од градење во Касарната и да ја пренаменат во паркови, од Општина Битола ни одговорија:

„Затоа што веќе беа изградени дел од објектите, за дел беше отпочната постапка, граѓаните имаа вложени инвестиции, така што најдобро решение беше да се реализира проектот и граѓаните да го добијат она за што платиле“.

Над илјада битолчани веќе живеат во населбата, а куќи се градат веднаш веднаш до шумата. Жителите се жалат дека се исечени многу дрвја и за објектите и за улиците, а и дека зградите не се градат во ист правец туку и попречно, што го спречува струењето на воздухот, што видно ќе влијае врз микроклимата како и врз загадувањето.

Од фелата на архитекти се со поинакво гледиште. Велат дека најголем проблем е несфаќањето колку е важна урбанизацијата на просторот која директно влијае врз квалитетот на живеењето.

„Со урбанизацијата на Касарната се планира просторот од сто хектари да се оплемени и заштити. Со ДУП-от се планирани 30 проценти од оваа површина да бидат под зеленило, посебно во највисоките делови од опфатот на надморска височина од 700 метри, односно четвриот дел, ридот да не се урбанизира туку зеленилото да се контролира и да се поврзе со Тумбе Кафе. Во спротивно, на овој простор ќе никнеа диви градби слично како во соседната населба Стрчин. Она што треба да се реализира најбрзо од локалната власт е контролирано одржување на зелениот појас со засадување на нови стебла и зеленило“, велат група архитекти кои не сакаа јавно да зборуваат за да не влегуваат во конфликт со граѓаните.

И инвеститорите кои градеа згради во касарната велат дека не сечеле здрави дрва, само некои деградирани.

„Не се исече многу зеленило. На нашето место тоа беа полуисушени дрвја, немаше некои поголеми сечења на дрвја ние каде што инвестиравме“, велат Васко Четелев.

Но, сателитските снимки на истиот простор од 2002 и од 2017 покажуваат дека зеленилото е значително намалено.

Од Секторот за спроведување на урбанистички планови во Општина Битола велат дека низ годините се продале 99 парцели во АРМ 1 и АРМ 2. За згради 21 парцела, за индивидуални домови 60 парцели, за куќи со посебен режим 12 парцели, бензинска пумпа една и старски домови три парцели.

Претходно, станбените објекти се градеа, но без соодветна инфраструктура. Наследениот хаос требаше да се среди. Од оваа власт, речиси целосно се реализирани инфраструктурните објекти во АРМ 1, додека во АРМ 2 е изградена инфраструктурата на главните собирни улици кон кои гравитираат споредните улици каде треба да се градат индивидуалните објекти. Истовремено, за две години отплатени се 24.000.000 денари од кредитот со кој општината беше задолжена од претходната локална власт. Комплетно изградени (водовод, канализација, асфалтирање, тротоари и улично осветлување) се 14 улици, од кои најголемиот дел од оваа локална власт“, велат од Општина.

За две години изградена е инфраструктура од над 100 милиони денари и тоа: за атмосферска канализација 8.420.000 денари (без ДДВ), за санитарна и технолошка вода 7.150.000 денари, за коловоз и тротоари 63.330.000 денари и за улично осветлување 7.660.000 денари. Со наследените долгови за уредување на земјиштето, оваа власт исплати над 160 милиони денари.

Во однос на тоа дали ќе се зачува постоечкото зеленило и дали ќе се изградат нови паркови, од Секторот за урбанизам велат дека планското решение е изработено согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, при што зелени површини се застапени во соодветен процент со максимално почитување на постоечките. Понатаму, дека зеленилото како намена е доминантно во опфатот на АРМ Четврт 3 и тоа како заштитно и парковско зеленило, а во рамките на ДУП за АРМ Четврт 2, зеленилото е планирано со доминантна класа со намена за спорт и рекреација.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

https://sdk.mk/index.php/naslovna/nema-spas-za-zeleniot-pojas-kaj-kasarnata-vo-bitola-oti-za-zgradi-vo-zlaten-rid-se-prodadeni-99-partseli/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.389 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.