build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Константин и Елена

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Св. Константин и Елена
    Posted: 24-Jan-2008 at 13:51

Св. Константин и Елена ... повторно во центар ...


Црквата „Св. Константин и Св. Елена Мина“, 1930-тите
Од CD-ROM-от „Скопје преку поштенски разгледници“ © Веселин Стефановски

(за поголема кликните тука  ...) 

На оваа фотка најдобро се гледа местоположбата на Храмот „Цар Константин и Елена“ ... непосредно пред земјотресот ... верувам дека ке побуди многу спомени ... за поголема кликните на неа и изберете ја првата опција ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5,%201950-%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5.jpg


 

ВМРО-ДПМНЕ сака да има имиџ на одржувач и подржувач на сите религии и особено на МПЦ. Често донира и помага манастири и цркви ... Го изгради милениумскиот крст на Водно. Читам сега ке ја гради црквата „Цар Константин и Елена“ во единствената слободна маркичка во најстрогиот центар меѓу Стоковната куќа и ресторанот „Дал-мет-фу“ (пред објектот „Лумикс“), а ќе зафаќа и дел од улицата што води кон Собранието на Македонија. Црквата ќе се гради со пари од буџетот, но не се исклучуваат и донации од верници. Целиот проект му е доверен на Министерството за култура.

Да се подсетиме старата црква „Цар Константин и Елена“ беше истотака во строгиот центар многу близу до оваа локација и се наоѓаше во празнот простор (плочникот) во трговски центар оние кружните скали ... пред влезот во Стопанска банка ... Дел од темелите на црквата уште стојат и до нив може да се дојде преку подрумот на трговскиот ... Една врата води до темелите ... Самата црква беше двокополна а во нејзиниот двор имаше неколку високи дрвја (чинари ...) кои имаа прекрасни сенки ... Блиску до црквата била и родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Мајка тереза ... Црквата беше падната во скопскиот земјотрес ... и МПЦ долго време бара соодветна локација да ја реизгради ...

Имаше и неколку иницијативи да се изгради барем мала црквичка на истото место со ист лик ... но локација за ова беше “Жена парк“ ... еден од инвеститорите ми се има јавувано за да му дадам слики од црквата - бидејки тие се навистина ретки ...

И самиот се залагав дека оваа црква треба повторно да се реизгради или барем во некаква мала форма да се обнови на старото место ... Овој предлог на Владата кој за реализација е даден на Министерството за Култура ке наиде на контраверзни реакции ... На оние кои ке го одобруваат ова со што на Скопје ке му се врати уште еден објект кој ке врати дел од душата на старо Скопје и на оние кои ке речат ок е - но зошто мора од буџетски пари (мои пари ...)

- Црквата меѓу скопјани позната како „Елена Константин”, според записите, е изградена во 1927 година. Славата на храмот била на трети јуни кога се одржувала свечена литургија. По земјотресот, кога почнала урбанизацијата на Скопје, на ова место според урбанистичкиот план за градот се предвидувал трговски центар. Неговата изградба, пак, почнала во 1971 година. Иконостасот, светите книги и другите богослужбени предмети, според прота Драги Костадиновски, се наоѓаат во другите цркви.

- за храмот, запишано е и тоа дека е осветен во 1926 година, иако изградбата почнала многу порано. Бидејќи има и тврдења дека тој бил изграден на темелите на друг храм и дека, наводно, датирал неколку века порано, историчарите на уметноста кои ги консултиравме се децидни - црквата „Цар Константин и царица Елена“ не можела да биде изградена пред 20 век, бидејќи од десната страна на Вардар во тоа време не постоел средновековен храм. Првите градби на десниот брег започнале дури по изградбата на Камен мост, кој бил завршен во 1480 година.

За Храмот „Цар Константин и Елена“ имав неколку поста во минатите години:

- Св. Константин и Елена ...
Имам и една прекрасна идеја да се собереме некој ден пред ГТЦ и во знак на сеќавање на црквата да запалиме свеќа. А уште подобро би било тоа да се обратиме до нашата црква и заедно со нив тоа да го сториме.
- Св. Константин и Елена - втор пост ...
- Св. Константин и Елена трет дел ...
- Св. Константин и Елена четврт дел ...
- Св. Константин и Елена пети дел ...
- Св. Константин и Елена шести дел ...
- СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ...

- Св. Константин и Елена ... Арвена-Археолошки дневник
- Светите Константин и Елена низ призмата на Миланскиот едикт - Историчар
Во науката постои неподелено мислење дека Константин Велики е првиот римски император кој го признал христијанството за рамноправна религија во Империјата....
- Изгрејсонцето на империјата ... Византија блог ...
- За Скопје, со малку носталгија ... Дневник ... ...Со Трговскиот центар, ги заробија првите кули во Скопје, чиниш немало место, па се стопиле еден во друг. Но затоа ја сотреа црквата "Св. Константин и Елена", а нашата мила и драга МПЦ не најде за згодно да направи барем еден мал параклис, нишан каде била црквата, во која многу скопјани се крстени и венчавани.....
- Градот сон и реалност ... Дневник ... ...Незаборавни слики од крштевките во црквата "Константин и Елена", свечен ритуал, свештени лица, многу роднини, величествените велигденски обичаи во храмот "Св. Димитрија". Во вечерните часови не може да се влезе во претесниот двор на црквата, во кругот на столетниот чинар...

- православен календар Денеска е и Св. Константин и Елена ... Дневник ... ...Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан, управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин. Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики. За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот "Милански едикт", со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската Империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, особено во Ерусалим. Пред смртта се крсти, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена...
- Популарноста на Скопскиот кеј - Време ... ... Тука се клучните препознатливости на градот - Народната банка, Офицерскиот дом, Камениот мост. Во тоа време се засадуваат и познатите дрвореди со липи и костени, а тука е и дел од скопското корзо. Во близината се наоѓаа Балетското училиште, училиштето „Иво Лола Рибар“, Педагошката академија, црквата „Св. Константин и Елена“, повеќе стари стилизирани индивидуални куќи...
- Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена ПОКРОВИТЕЛ НА ХРИСТОВАТА ЦРКВА ...


Еве успеав да пронајдам од мојата архива една слика каде може да се види црквата св.Константин и Елена. Црквата се наоѓа во десниата страна од сликата. Ставена е во круг - поголемиот најдесно. По мои пресметки таа е на некои 60 до 70 метри одалечена од Зградата на Дистрибувија на РМ. Во линија со стоковната куќа Нама и улицата што води према скалите од трговскиот.

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=%20%D0%A1%D0%B2.%20%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD%20%D0%B8%20%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0..%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B8%201.jpg

c="http://purl.org/dc/elements/1.1/" xmlns:trackback="http://madskills.com/public/xml/rss/module/trackback/"> escription rdf:about="http://volanskopje.blog.com.mk/node/130979" dc:identifier="http://volanskopje.blog.com.mk/node/130979" dc:title="Св. Константин и Елена ... повторно во центар ..." trackback:ping="http://volanskopje.blog.com.mk/trackback/130979" /> -->



Edited by волан - 25-Jan-2008 at 11:49
волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Jan-2008 at 13:53
Неколку слики не се пренесоа ... затоа одете на линкот од написот од блогот ...

Св. Константин и Елена ... повторно во центар ...


волан
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Jan-2008 at 14:22
Fala Volan, pak odlichen blog
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Jan-2008 at 11:47

НОВА ЦРКВА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ
Никола Груевски иницира изградба на црква "Свети Никола"
Вечер-25.01.2008 :: Бр. 13709

** До 1964 година токму на овој простор постоела црквата "Свети Константин и Елена". За време на катастрофалниот земјотрес црквата опстојала и од нејасни прични била урната
** Црквата ќе биде голема колку сегашниот Соборен храм, велат од Македонската православна црква, кои се вклучени во реализацијата. Влезната страна на црквата, која е на почетокот од плоштадот, ќе биде долга 25 метри, а во позадина таа ќе се шири кон уличката што води кон Собранието. Таму е предвидено да биде поставена и камбанаријата.
** "Радува фактот што меморијата кај старите Скопјани се уште опстојува кај новите генерации. Оваа иницијатива е добредојдена за да се облагороди централното градско подрачје", вели отец Климент.
"Ваквата идеја не е ништо ново за православниот свет. Софија, Москва, Белград, па и останатите европски метрополи се устоличени со Божји храмови. Сметавме дека на Скопје и Македонија тоа му недостасуваше" - вели Канчевска-Милевска.

** Новата Црква ќе се гради со пари од буџетот. На кој светец ќе биде посветена, официјално се уште нема одговор. Од црковни кругови за Сител велат дека повеќе од сигурно е дека таа ќе го носи името на "Свети Никола", светецот кој е најзастапен кај православните Македонци.
..........................................

*** Навистина изградбата на оваа црква (со буџетски пари) ке предизвика многу контраверзни расправи ...

- Една таква аргументирана расправа се води на блогот на Мирјана 56 (почитуваната Најчевска) ЈАС ГЛАСАМ ПРОТИВ ...

*** Понатака не е точен наводот на новинарот на Вечер дека токму тука имало Црква ... Да имало Црква но на локацијата која ја покажуваат сликите од овбој пост(стотина метри подалеку ...)

*** Околу името на самата црква - веројатно за тоа ке одлучат верниците и самата црква - ако се изгради и кога ке се изгради ...
- Понатака ова ке ја дигне на нозе опозицијата која со именувањето на Св.Никола за оваа црква ке асоцира на сегашниот председател на Владата на РМ (која е донатор - значи ктитор ...) ... Верувам дека и самиот Груевски ке се спротивстави на ваквото “лигавење“ (умилкување ... на државна сметка ...) на некои негови блиски луѓе околу него ...
- На кого му смеќава името на истотака светите Св.Константин и Елена (веројатно на истите луѓе кои дале дозвола да се сруши црква која го “преживеала земјотресот ...) ... Познато е дека овој светец е омилен меѓу нашата Влашка популација особено во Битолско ... дали е вистина дека старата црква Св. Константин и Елена е срушена и покрај тоа што не била премногу оштетена ... во името на вознесената љубов кон бога и светците Св.Константин и Елена Црквата треба да си го носи истото име ...
- Верувам дека меѓу верниците се почитуваат сите светци подеднакво ...

- Со останување на истото име ке покажеме дека сме и продолжувачи на иста традиција ...

*** Оваа црква Св.Константин и Елена носи во себе и приказна дека Мајка Тереза која растела во дворот на оваа црква - од тука ја понела со себе љубовта кон бога и милосрдието со која таа и самата стана светец ... Сосема за на крај, на ова место каде сега се предвидува да се гради Црква е родната куќа на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза ... и ако баш некој сака да се смени името на оваа црква тогаш нека се вика Мајка Тереза ... со што ке стане и туристичка атракција во центарот на светот ...
- И денеска ако упорно се загледувате во плочникот на ова место ке најдете на плоча каде е обележено името на Мајка Тереза ... додуше плочката беше николку пати скрнавена и сега чинам дека е поместена во блискиот тревник ...

*** Ке заборавев ... за да се реализира идејата за градење на Црква на оваа локација ке треба да се смени и ГУП-от и ДУП-от ... а тоа е сигурно најмалку година дена процедура ... така да почеток на градба за оваа година е невозможен ...

волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Jan-2008 at 11:54
Да прашам - гледам дека сте информирани ... ако го имате Гупот и Дупот за строгиот центар ... ајде едит тука по една фотка за да видиме што предвидува маркицата за сегашната црква ... и какви се габаритите на маркицата ...

Ке Ви бидам благодарен.

Башка што никако не можам да простам на сите досегашни градски и државни власти што не се реизгради хотел Македонија - чија локација е сеуште празна ... во име на сеќавање на многуте странси жртви кои тука останаа закопани во темелите ...
волан
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Jan-2008 at 12:12
волан еве ти линк до ДУП Мал Ринг.

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=171&PID=3926#3926

Мал Ринг скоро претпре некои промени но на локацијата каде што треба да се гради црквата ситуацијата е непроменета. А ситуацијата е дека не постои никаква маркичка градба на тоа место. Владата бутка дивоградба се става над ДУПот кој има правна тежина и планира објект со претпоставка дека лесно ќе го извитопери ДУПот за да ја вклопи својата идеја. Со ова владата акитвно го промовира непочитувањето на законите и прописите и подигањето на дивоградби.

Би ти препорачал дискусијава за реконструкцијата на црквава да ја продолжиме на линкот кој ти го дадов. Оваа нишка може да остане за оригиналната црква Св. Константин и Елена како дел од културното наследство.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3606
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Mar-2012 at 13:31
се си мислев дека оваа Црква е подигната со помош на тогашната власт, но се испостави дека е подигната со средства од самите Верници
Со материјалните средства на црквата “Света Богородица” и на добродетели од градот биле изградени две цркви “ќерки” , а тоа биле црквите “Свети Ѓорги” и црквата “Свети Цар Константин и Царица Елена” http://skopjesvetiistarimesta.blogspot.com/2009/10/blog-post.html


најверојатно тоа било случај и со Црквата Свети Мина која е подигната во 1902
Црквата Свети Мина за МПЦ е значајна бидејки во неа е донесена Одлуката за самостојност на МПЦ - потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. http://skopjesvetiistarimesta.blogspot.com/2009/10/sv-mina-skopje.html


Нестор Алексиев го изработил еднокрилниот, одмерено расчленет и обликуван иконостас, висок неколку метри, а широк околу 10 метри, во скопската црква Св. Константин и Елена, разурната во 1963 година. Делови од овој иконостас се наоѓаат во една црква во Јурумлери, Скопско и во Св. Никола во Куманово. http://preminportal.com.mk/content/view/2241/54/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.174 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.