build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблеми на локалните самоуправи: Куманово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 13-Aug-2013 at 23:25
Ова се први мои слики на форумот. Искрено, не верував дека ќе испаднат толку добри, зашто се сликани со мобилен телефон. Наредните денови ќе се потрудам да ги сликам и другите "метастази" низ центарот на Куманово. Отсекогаш сум се прашувал зошто Куманово е маргинализирано и нема кумановци во владата (зборувам за македонскиот дел), но по ова што го видовте како се грижат за градот, а и по она што допрва ќе го видите, стопостотно ќе се уверите дека овие дилетанти немаат капацитет ни полжави да пасат.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 14-Aug-2013 at 19:33
Инспиративни слики сликани во квечерина на десет метри од најпрометната постојка за градски автобуси, кај нас позната како Уред:






Edited by phenomenon - 14-Aug-2013 at 19:48
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Aug-2013 at 19:50
 Покривот на истава куќа сликана од редакцијата на Дневник во февруари 2012 година:




Edited by phenomenon - 14-Aug-2013 at 19:50
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3247
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 15-Aug-2013 at 10:05
Одлична ти е поентата дека Куманово е поприлично запоставен град од страна на локалната самоуправа, но ме интересира дали нешто нашата влада вложува во овој втор по големина град во Македонија. Кој проект е започнат од нив и кој оставил белег во изминативе неколку години?
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 15-Aug-2013 at 10:49
Originally posted by BOJAN

Одлична ти е поентата дека Куманово е поприлично запоставен град од страна на локалната самоуправа, но ме интересира дали нешто нашата влада вложува во овој втор по големина град во Македонија. Кој проект е започнат од нив и кој оставил белег во изминативе неколку години?



Се додека градоначалникот е од опозицијата, треба да се преврти светот за владава да пушти таму некој денар. . . Класичен пример на селективна власт, ама кој го разбира тоа, удри само по градоначалникот (впрочем, според мене, тоа е целта на целата нишка)


Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 15-Aug-2013 at 12:41

Аха, целта на целата нишка е да се удри по градоначалникот. Ако некој дозволува да го влечат за нос, не значи дека другите не ги гледаат проблемите реално.

Кажи дали е такво Чоробенско Ќоше како што е прикажано на сликата или е фотошоп? Или ќе чекаме некоја ќерамида или стакло да паднат и да отепаат некого?

Кажи ми дали се замочува секое ќоше на плоштадот затоа што овие паразити веќе 20 години не можат да изградат јавно веце ниту пак имаат намера во иднина? Знаеш ли ти кога правиш куќа, прво правиш веце, а потоа удираш темели?

И да не се повторувам прочитај го повторно мојот прв пост во ова нишка.

Дали владата му е крива што еден семафор не може да направи да работи како што треба, или да направи ограда на мостот во Проевце додека некој не влетал со кола в река? Дали владата му е крива што аУтобуската станица личи како да е од среден век? Или трафиките пред пероните што се полни со секакво ѓубре? Или што нема канти за ѓубре на најпрометните улици?

Дали владата му е крива што не можам да поминам по тротоари од паркирани возила? Дали владата го натера да направи згради без паркинг? Дали владата го натера да ги узурпира тротоарите и велосипедските патеки?

Си бил ли ти пријателе во Битола, Прилеп, Кочани? Можеш ли да го споредиш Куманово со нив?

Велиш, требало да го преврти целиот свет за да најде некој денар? Кажи ми, дали тоа тој го знаеше кога се кандидираше на избори? Ако знаеше дека за инает нема да му даваат пари, зошто не се повлече заради доброто на градот? Или му беше ЕДИНСТВЕНО важно повторно да дојде на власт, без разлика што Куманово од ден на ден сѐ повеќе пропаѓа и по четири години ќе личи на средновековен град?

P.S. Не сум член, ниту симпатизер на ниедна партија.

Edited by phenomenon - 15-Aug-2013 at 12:48
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 15-Aug-2013 at 13:05
Факт е дека градоначалникот е дилетант без преседан. Ама исто како што во Аеродром се палат на оној со белите кошули поради воздигнувањето на МЗТ, така и Циц си работи со народот во Куманово (нема шанса да се споредат Аеродром со Куманово, ама овој у Аеродром освен паркови не изгради ништо друго корисно). Од друга страна, ниту Кумановци не се нешто за пофалба. За да имаш таков гнасен град, треба и народот многу да придонесе. Така да за ваквата состојба колку е крив градоначалникот, толку се криви и граѓаните. Само не ми е јасно, толку ли е Циц слеп или непоссобен што не може да го урбанизира делот околу автобуската станица а со тоа и самата станица која е најмизерна веројатно во цела Македонија.
А за Куманово да се обнови, ќе треба градот целосно да се иссели на една година, да дојдат асални луѓе со визија, државата да убаци финансиска инекција од 10 милиони евра, па тек тогаш да се очекуваат малку подобри ветришта за Куманово. Вака, ни у наредни 20 години овој град нема да се смени.

23ka.wordpress.com
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 15-Aug-2013 at 13:24
Се плашам дека ни тоа нема да помогне. Но ваква работа би била од корист:






Edited by phenomenon - 15-Aug-2013 at 13:26
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 15-Aug-2013 at 17:54
Originally posted by phenomenon


Аха, целта на целата нишка е да се удри по градоначалникот. Ако некој дозволува да го влечат за нос, не значи дека другите не ги гледаат проблемите реално.

Кажи дали е такво Чоробенско Ќоше како што е прикажано на сликата или е фотошоп? Или ќе чекаме некоја ќерамида или стакло да паднат и да отепаат некого?

Кажи ми дали се замочува секое ќоше на плоштадот затоа што овие паразити веќе 20 години не можат да изградат јавно веце ниту пак имаат намера во иднина? Знаеш ли ти кога правиш куќа, прво правиш веце, а потоа удираш темели?

И да не се повторувам прочитај го повторно мојот прв пост во ова нишка.

Дали владата му е крива што еден семафор не може да направи да работи како што треба, или да направи ограда на мостот во Проевце додека некој не влетал со кола в река? Дали владата му е крива што аУтобуската станица личи како да е од среден век? Или трафиките пред пероните што се полни со секакво ѓубре? Или што нема канти за ѓубре на најпрометните улици?

Дали владата му е крива што не можам да поминам по тротоари од паркирани возила? Дали владата го натера да направи згради без паркинг? Дали владата го натера да ги узурпира тротоарите и велосипедските патеки?

Си бил ли ти пријателе во Битола, Прилеп, Кочани? Можеш ли да го споредиш Куманово со нив?

Велиш, требало да го преврти целиот свет за да најде некој денар? Кажи ми, дали тоа тој го знаеше кога се кандидираше на избори? Ако знаеше дека за инает нема да му даваат пари, зошто не се повлече заради доброто на градот? Или му беше ЕДИНСТВЕНО важно повторно да дојде на власт, без разлика што Куманово од ден на ден сѐ повеќе пропаѓа и по четири години ќе личи на средновековен град?

P.S. Не сум член, ниту симпатизер на ниедна партија.



Не знам на кого му се обраќаш, не е ни битно . . . Факт е дека со помош од Владата, општинската власт би работела подобро, би можела многу повеќе да се подобри ситуацијата, а сам е потешко, но не е ни изговор за да не се сработи ништо. Причината на Куманово може и да биде од друга природа, таква со каква се соочуваат поголем дел од градовите од западна Македонија(ТЕ, ГВ ,СУ). И да, имав прилика да ги посетам речиси сите градови во Македонија пред 3-4 месеци и можам да кажам дека не се разликуваат многу од Куманово. Центарот на сите градови е релативно среден, а останатото е катастрофа. Кочани го споредуваш со Куманово ? - Не ме зезај. . . Битола ја немав посетено 10тина години, ја посетив и сум згрозен од ситуацијата, бидејќи го сметав за еден од најубавите градови. . . Центарот, Широк сокак и друго што ? НИШТО !

Целата политика и хајка која се води во државава против "се' што не е нивно" и против "секој што не е со нив", токму на тоа и ми заличи нишкава. Половина од градовите од источна Македонија се поголеми села со никаква инфраструктура, па не гледам нишка за проблемите на тамошните локални самоуправи или за керамидите што паѓаат од некоја куќа.


Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Aug-2013 at 19:03
Проблемот е во тоа што тоа не се керамиди што паѓаат од НЕКОЈА куќа, туку од култното Чоробенско Ќоше. Тоа ти е исто како во Скопје да паѓаат керамиди и фасада од Ристиќевата Палата. Битола ја имам посетено пред еден месец и освен од Автобуската станица која прилично ја упропастиле и од Зоолошката градина, останатиот дел е многу посреден отколку центарот на Куманово.
Мислам дека за ова си во право. Куманово може да се спореди со Гостивар и Кичево
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 06-Aug-2014 at 17:16
По една година:

http://kumanovonews.com/vesti/horor-kuca-vo-centarot-na-kumanovo

Edited by phenomenon - 21-Mar-2015 at 17:27
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11091
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Aug-2014 at 11:26
Можеби сепак нешто ќе се промени...

Ќе бидат отстранети петнаесет руинирани објекти во Куманово

Секторот за инспекциски надзор на Општина Куманово до Секторот за урбанизам достави список за 15 склонопадни објекти на ниво на град Куманово, информира kumanovskimuabeti.mk.

Согласно законот, до сите сопственици е доставено писмо, но само еден сопственик досега се одзвал на поканата на општината да соработува во процесот на рушење на овие објекти, вели Лидија Ланг, раководител на Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

- Согласно законските прописи, од страна на Општина Куманово, Сектор за инспекциски надзор и градежната инспекција, беа доставени предмети со записник од лице место, фотографија од руинираните објекти и имотен лист за склонопадни објекти на улиците „Коле Неделковски“, „Димитар Влахов“, „Перо Чичо“, „Илинденска“, „Чоробенско Ќоше“ и уште десет други објекти за кои е поведена постапка за нивно отстранување, вели Ланг.

Во согласност на почитување на законските рокови за достава на барањата, ако сопствениците не се јават на писмената покана на општината, самиот сектор ќе поведе постапка за нивно отстранување, а сите трошоци ќе паднат на сметка на сопствениците.

Во Секторот за инспекциски надзор велат дека има случаи каде во куќите сѐ уште живеат луѓе и тука можат само да го пролонгираат времето за иселување, но најголем дел се напуштени објекти. Сопствениците обично се во странство и потешко се пронаоѓаат за да бидат известени како што налага постапката, дека старата градба ќе се отстрани, објаснуваат од инспекциската служба. Во такви случаи, со самото рушење на објектите од страна на општината, престанува и правото на сопственост, а во согласност со чл.100 од Законот за градба.

http://www.porta3.mk/kje-bidat-otstraneti-petnaeset-ruinirani-objekti-vo-kumanovo/
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 04-Sep-2014 at 17:20

Спореди

Вест од 03.01.2013, кога се појавува проблемот

http://www.kumanovonews.com/vesti/staro-nagoricane-i-kumanovo-ne-go-regulirale-medjuopstinskiot-prevoz

и вест од 15.08.2014

http://www.kumanovonews.com/vesti/vospostaven-liniski-prevoz-vo-staro-nagoricane

Линиите профункционираа од 01.09.2014

Јасно ли ти е сега со какви луѓе, ние кумановците, си имаме работа?

Edited by phenomenon - 21-Mar-2015 at 17:33
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
I.M. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote I.M. Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 04-Sep-2014 at 18:44
Има ли позапоставен град од Куманово?Во приградските насделби скоро и да нема улично осветлување,улиците дупка до дупка руина,секојдневни проблеми со вода,хигиена,паркинг...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 04-Sep-2014 at 18:50
Originally posted by I.M.

Има ли позапоставен град од Куманово?Во приградските насделби скоро и да нема улично осветлување,улиците дупка до дупка руина,секојдневни проблеми со вода,хигиена,паркинг...



Taка е! Гласаа за Циц, добија пиц!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 04-Sep-2014 at 19:10
а што убава работа си напушти човекот?се бега ли од таа професија?
Back to Top
I.M. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote I.M. Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 04-Sep-2014 at 19:15
Колку и да не го бива,по мое мислење овој сегашен градоначалник ништо не е подобар ни полош од неговите претходници.Сите ама баш сите си имале фатено терк,терк на неработење,кражба и непотизам..Циц само си го продолжува занатот на претходниците.Вината е кај народот,минималната свест што ја има и апатијата со која е зафатен..за мене и не заслужува ништо подобро.Нели молчењето е одобрување,штом молчи народов значи добро му е и ја одобрува оваа политика,моментална и претходна..а и во иднина не гледам дека има сила и желба да смени нешто.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11091
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 05-Sep-2014 at 07:05
Јас се запрепастив кога негде во февруари го посетив Куманово и ја видов населбата што ја викате „Дивљо насеље“. Имав чувство како да сум на Блискиот исток, а не во Куманово.
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Aug-2017 at 17:53
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.