build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бензински пумпи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 27-Nov-2017 at 00:30
Знае ли некој што прават со бензиската пумпа на Лукоил на булевар Србија во Аеродром ?
 
Поминав пред недела дена и го демонтираа покривот, планираат обнова или ќе ја преселуваат бензиската пумпа ?


Edited by Dexter26 - 27-Nov-2017 at 00:31
Back to Top
zlatko_k View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Mar-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote zlatko_k Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 27-Nov-2017 at 08:30
Originally posted by Dexter26


Знае ли некој што прават со бензиската пумпа на Лукоил на булевар Србија во Аеродром ? Поминав пред недела дена и го демонтираа покривот, планираат обнова или ќе ја преселуваат бензиската пумпа ?


Вчера полнев бензин таму и прашав, ми кажаа дека ја реновираат и прават нов распоред и изглед. Ќе имала изглед како бензинската кај Сингелич (Микеи). И терасата ќе била затворена или полузтворена.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 27-Nov-2017 at 13:22
„Галф оил“ и Супертрејд ќе отворат 25 бензински станици во земјава

По 25-годишна традиција во увоз и дистрибуција на нафта и нафтени деривати во Македонија и регионот, „Супертрејд“ го носи „Галф оил“ (Gulf Oil) на македонскиот пазар.

Американскиот бренд на 4-ти октомври официјално ја отвори својата прва бензинска станица во Скопје, прва во Македонија со што нашата земја се обележа на светската мапа на станици „Галф оил“ кои се присутни во повеќе од 25 земји низ светот. Брендот кој е основан во 1901 година, во моментов има повеќе од 1.800 бензински станици низ светот, 17 терминали и повеќе од 100 дистрибутини центри.

„Супертрејд“ игра значајна улога на домашниот и регионалниот пазар и е еден од најголемите увозници на нафта и нафтени деривати во земјата, во согласност со извештајот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Имплементирајќи ги најстрогите светски стандарди во дистрибуција на гориво, „Галф оил“ и „Супертрејд“ се ориентираат кон раст и развој како на домашниот пазар, така и во Европа и соседството. „Супертрејд“ продолжува понатаму во процесот на снабдување на своите партнери со најквалитетното гориво, дистрибуирано по светските врвни стандарди и правила, а исто така и во градењето на своја мрежа бензински станици со цел задоволување на потребите на потрошувачите во секое време.

„Галф оил“ заедно со „Супертрејд“ планираат да отворат околу 25 бензински станици на македонскиот пазар каде ексклузивно ќе ги има производите на познатиот бренд.

Партнерството со „Галф оил“ доаѓа како круна на долгогодишната заложба на „Супертрејд“ за супериорна услуга и квалитетна понуда на нафтени деривати за своите клиенти.

http://plusinfo.mk/vest/135193/galf-oil-i-supertrejd-kje-otvorat-25-benzinski-stanici-vo-zemjava
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1850
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 27-Nov-2017 at 19:19
имаа цистерни на хомологација пред неколку дена.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 07-Jan-2018 at 17:14
На патен правец Неготино-Градско,кон Велес се гради уште една иста ваква само во малку понапредна фаза.Изгледа се работи за иста компанија но сеуште не е поставено логото.



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 29-Apr-2018 at 20:34
Нова бензиска пумпа во нас. Даме Груев (позната и како Геге), веднаш до надвозникот.

локација на Гугл мапа (на местото на запуштената ливада)

https://www.google.mk/maps/@42.0145922,21.3586689,3a,75y,91.52h,91.74t/data=!3m6!1e1!3m4!1sxIm68mMj3rZ--hzpUZ030A!2e0!7i13312!8i6656?hl=en



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 29-Jun-2018 at 08:37
Галф Оил отвори нова бензинска пумпа на автопатот Тетово – Гостивар



Неодамна е отворена новата бензинска станица на Галф Оил лоцирана на автопатот Тетово – Гостивар.

Компанијата „Супертрејд“ која е овластен дистрибутер на премиум горивата на американската компанија Галф Оил за Македонија најавува дека ова е само почеток во реализацијата на долгорочниот план за отварање на повеќе бензиски станици ширум земјата.

Горивата на Галф Оил на македонскиот пазар се присутни речиси една година, а првата бензиска пумпа беше отворена минатата есен лоцирана на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.

– Чест и огромно задоволство ни е што македонските возачи ќе можат да ги користат врвните горива на Галф Оил на повеќе локации низ земјата. Премиум G-Force безоловното и Xtream дизел горивата, создадени по уникатна формула од пред неколку денови се достапни за Тетовчани и сите кои се движат по автопатот Тетово – Гостивар. Нашите планови како што најавивме уште пред речиси една година не застануваат тука – изјави Владимир Стајиќ, генерален менаџер на Супертрејд.

Супертрејд е компанија со 27 годишна традиција на нашиот пазар чија главна цел е создавање поголеми вредности за своите потрошувачи и општеството преку активно унапредување на работењето на компанијата на пазарот со нафта и нафтени деривати. Основана е во 1991 година, а нејзината доминантна дејност е трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива, а исто така се става акцент на развојот на малопродажниот сектор на нафта и нафтени деривати, како и на друга трговска стока.

Галф Оил е американски бренд со повеќе од 117 годишна традиција и искуство во производство и дистрибуција на нафтени деривати, моторни масла и лубриканти.

Производите на Галф оил се дистрибуирани во повеќе од 100 земји и воедно претставува еден од најголемите глобални дистрибутери, со квалитет на производи кој несомнено е потврден не само на регионално, туку и на глобално ниво.

https://plusinfo.mk/%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D1%84-%D0%BE%D0%B8%D0%BB-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%83%D0%BC%D0%BF%D0%B0-%D0%BD/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 29-Jun-2018 at 16:26
Кога ќе се условат бензинските и хотелите со 4 и 5* да мора да поседуваат барем еден почнач за електрични возила?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 07-Jul-2018 at 13:10
Нова бензинска пумпа на патниот правец Неготино-Демир Капија на Detoil. Ја градат со доста брзо темпо.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1401
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 22-Oct-2018 at 13:48
На просторот во непосредна близина до управната зграда на Кнауф во Автокоманда се гради нова бензинска пумпа на Пуцко Петрол.Пред извесно време забележав градежни машини но мислев дека е за проектот Скопје Ист Гејт.Фоткиве се од фб по повод сечење на неколку дрва а веројатно ќе се сечат и повеќе кога ќе се прави пристапен пат.







Edited by stef4o - 22-Oct-2018 at 13:48
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.077 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.