build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бензински пумпи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 14-Dec-2010 at 17:52
Па нека има конкуренција, ама не треба да значи дека на секој ќош треба да има пумпа. Попропорционална распределеност е она на што мислев, има цели населби кои имаат само 1 или ниедна пумпа.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 15-Dec-2010 at 09:15
Originally posted by гитардемон

Прашај каков бензин има во тие бензински, и по чија вина, а за конкуренцијата, ти кажа Горчо.


ЛУКОИЛ се додека функционира преку ЛукОјл Бугарија, никогаш нема да може да му биде конкурентен на МАКПЕТРОЛ.   

А по чија вина ... на нашите даги политички фигури, кои место домашните фирми да ги јакнат, сакаат да лапкаат процентчиња.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 15-Dec-2010 at 12:46
Не сте нормални од кај искачаат овие тероии за протекционизам во државче како Македонија. Па што ќе правеа оние градежни компании што салата направија низ Украина и Русија, ако тие си ги штитеа домашните компании. Лукоил е сериозен конкурент на Макпетрол и подобро да добиеме Лукоил бнзински него блерим-петрол, сто браќа, перо-петроли слични без врска брендови. Е сега имаме регулирана цена, но барем во квалитет може да има конкуренција, а лукоил има сериозна конкуренција во квалитет.

Овој истиов муабет да не го повторувампо втор пат го имаме дискутирано за автобусите и прашањето дали да сме го наместеле тендерот во четири очи со фас и цела нација да подзамижеме зашто сме имале наша компанија. Не бре луѓе, ни фас, ни макпетрол не е наш. Све тоа е или ќе стане приватен капитал што ќе си брка надворешен пазар, така и тука компании ќе си бркаат пазар.

Протекционизам во мали држави е непродуктивен, антиекономски и што све незнам каков. Права утка.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 15-Dec-2010 at 15:55


Абре зборав за стандардите на квалитет на МакПетрол, каков протекционизам какви бакрачи. Изгледа Горчо не ме разбра добро (баш напротив, ЛукОил има подобар бензин, бидејќи не го зема од ОКТА).

Јас зборував точно за ОКТА и нејзиниот „бензин“ поотровен од цијанид! За тоа не е никој виновен, освен договорот за продажба на ОКТА.  Е поради тоа до 2015 легално ќе се труеме со срање од бензин. Цели 20 години! Арно што влезе ЛукОил да поправи малку. Меѓутоа и ова на Горчо важи, нашиот бензин нема врска со тој на ЛукОил во САД или ЕУ.

Edited by Cloverstack - 15-Dec-2010 at 18:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 08-Feb-2011 at 12:34
Втора бензинска на "Лукоил" на Првомајска

Руската компанија "Лукоил" гради втора бензинска пумпа во Кисела Вода. Бензинската се наоѓа на улица Првомајска, од левата страна на патот во насока на Драчево.
За изградбата на пумпата општинарите издале целокупна техничка документација.http://www.vest.com.mk/?ItemID=2006FEC4D407A548BF631157B0E5612D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 16-Feb-2011 at 15:54
Нова бензинска станица на „Лукоил“ во Куманово

lukoil.jpgСкопје - Нафтената компанија „Лукоил Македонија" отвори нова бензинска станица во строгиот центар на Куманово, прва во овој град.

Објектот е во рамки на новиот трговски центар, има два диспензера на кои се точат сите видови горива - сопствено производство од рафинериите на брендот „Лукоил".

Во состав на бензинската пумпа влегуваат и мини-маркет и бифе со тераса, а клиентите ги опслужаат 12 вработени. Земјиштето на кое се изгради новиот објект, „Лукоил Македонија" го откупи од државата по пат на јавно наддавање.

- Кумановци ќе можат лично да се уверат во високиот квалитетот на нашите горива и на услугите што ги нудиме. Се надевам дека лојалноста и довербата на нашите клиенти од другите градови, кои имаа можност да ги почувствуваат предностите што ние ги нудиме, ќе се пренесе и на жителите од Куманово, изјави генералниот директор на „Лукоил Македонија" Андреј Куку при посетата на новиот објект.

Оваа бензинска е 13-та во Макеоднија, а моментно се градат уште две, една на излез од Куманово, меѓу автопатот и локалниот кон село Романовце, и една во Скопје, на ул. „Првомајска", пред населбата Драчево.

Компанијата планира изградба на бензински станици и во Охрид, Струга, Кичево, Кавадарци, Гостивар, Тетово и Гевгелија.

„Лукоил Македонија" е дел од големото семејство на рускиот нафтен концерн ЛУКОИЛ, втора по големина приватна компанија од ваков вид во светот, присутна во околу 40 држави.

Во развојот на малопродажната и на големопродажната мрежа во Република Македонија, групацијата ЛУКОИЛ досега инвестираше повеќе од 32 милиона долари, создаде 200 работни места, а во 2010 година, на име даноци, уплати повеќе од 40 милиони евра во државниот буџет. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2861&Itemid=125

Edited by Cloverstack - 16-Feb-2011 at 15:58
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 01-Mar-2011 at 00:13
novata benzinska lukoil vo kumanovo



Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 01-Mar-2011 at 00:16
objektot do nego velat deka e katna garaza a i taka bese najaveno koga pocnuvaa so gradba



Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 17-May-2011 at 13:38

Нова бензинска пумпа на “Лукоил“ кај излезот од Кичево

Нова%20бензинска%20пумпа%20на%20“Лукоил“%20кај%20излезот%20од%20КичевоНа излезот од Кичево, денеска е отворена нова бензинска станица на “Лукоил“, изградена во соработка со приватната компанија “Горсај“ од Кичево. Ова е 14-та бензинска на “Лукоил“ во Македонија, чија изградба заврши пред 10-тина дена, а пумпата работеше и пробно до 15 мај, по што е утврдено дека објектот одговара на сите стандарди за заштита на животната средина и може да биде пуштен во редовна работа.“Отворањето на оваа бензинска е само доказ дека соработката со приватниот бизнис сектор во Македонија дава добри резултати.

Ние сме целосно задоволни од нашите партнери од Кичево и со ова докажавме дека за ЛУКОИЛ не постојат мали и големи градови или мали и големи партнери, ние на сите им посветуваме големо внимание и задоволни сме што на довербата ни се враќа со доверба, како од фирмите така и од потрошувачите. Со оглед дека оваа бензинска е уште едно позитивно искуство, ние и понатаму ќе ја развиваме соработката со македонските фирми. На тој начин, се поголем број на граѓани во Македонија ќе имаат достап до услуги и горива со европски квалитет“, изјави генералниот директор на “Лукоил“ Македонија, Андреј Куку.

На отворањето присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак, кој потенцира дека значајна улога во развојот на економската и инвестициска соработка меѓу двете земји и припаѓа на една од водечки енергетски компании во Русија – “Лукоил“.“Убеден сум дека динамичниот развој на мрежата на бензински под брендот “Лукоил“, не само што придонесува за развојот на сите видови инфраструктура, туку и значајно влијае врз создавањето на поволна политичка и бизнис клима во односите меѓу Русија и Македонија“, додаде амбасадорот Шчербак.Во изминатите 5 години во развој на својата мрежа ЛУКОИЛ Македонија вложи над 35 милиони евра, а само изминатата година во државниот буџет на земјава уплати над 40 милиони евра.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/67594/nova_benzinska_pumpa_na_%E2%80%9Clukoil%E2%80%9C_kaj_izlezot_od_kichevo.aspx
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 21-May-2011 at 09:18
BP MAKPETROL- VLAE







Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 21-May-2011 at 09:36
Штета ако не направиле видео како се руши ова.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 22-May-2011 at 13:58
Ќе се прави тука нова бензиска или само ја рушат старата која незнам ни дали функционираше ?
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 22-May-2011 at 17:54
Nova ,da.A strarata rabotese,kako moze da ne rabotela !?Imase i Goodyear prodavnica.Samo so kolku promet e prasanje?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 28-May-2011 at 21:14

Отворена нова бензинска станица под брендот Лукоил кај скопско Драчево

Отворена%20нова%20бензинска%20станица%20под%20брендот%20Лукоил%20кај%20скопско%20Драчево
Пред влезот на скопската населба Драчево денеска во присуство на премиерот Никола Груевски, беше отворена 15-та бензинска станица под брендот Лукоил во Република Македонија.

Генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј Куку изразувајќи задоволство за тоа што ова е, како што рече, еден мал јубилеен број отворени бензински, посочи дека во изградба се уште три други станици.

- По углед на стандардите што ги воведе Лукоил во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските, се смени и целата концепција на сите наши други конкуренти на пазарот. Ова е за нас комплимент, но, и обврска да бидеме секогаш пред сите, да бидеме иновативни и подобри, изјави генералниот директор Куку.

Во текот на следните месеци, тој најави повеќе новини во работата на компанијата, во однос на воведување нови, поеколошки и енергетски поефикасни горива.

За значењето на Лукоил за македонската економија, говореше и амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак, кој оцени дека значајна улога во развојот на економската и инвестициска соработка меѓу двете земји и припаѓа на една од водечки енергетски компании во Русија – Лукоил.

- Трговско-економските врски меѓу нашите земји се едни од најважните компоненти кои обезбедуваат стабилност и позитивна динамика во односите меѓу Руската Федерација и Република Македонија во целост. Со увереност можам да кажам дека економските и инвестициските релации со Македонија имаат стабилен карактер и цврсто се развиваат за доброто на двете земји, изјави амбасадорот Шчербак. Според него, во првиот квартал годинава растот на трговската размена меѓу Македонија и Русија изнесуваше 54 проценти, при што македонскиот извоз Русија е зголемен за трипати.

Тој истакна дека Амбасадата на Руската Федерација во Македонија ја цени дејноста на Лукоил, компанија која на македонскиот пазар промовира високи стандарди на квалитетот и грижлив и одговорен однос кон екологијата, и ги поддржува плановите до крајот на годинава бројот на бензински на овој бренд да изнесува 20.

Во изминатите 5 години во развој на својата мрежа Лукоил Македонија вложи над 35 милиони евра, а само изминатата година во државниот буџет на земјава има уплатено над 40 милиони евра. http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/15759/otvorena_nova_benzinska_stanica_pod_brendot_lukoil_kaj_skopsko_drachevo.aspx
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 28-May-2011 at 22:06
Originally posted by gorco

да да , како да не !


Во Македонија моментално Лукоил имаат најквалитетни горива.Земи наточи на Макпетрол/Окта и види колку км ќе поминиш,па после пробајсо Лукоил сигурно ќе е подолга километража.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 29-May-2011 at 09:21
Originally posted by Тркало

Originally posted by gorco

да да , како да не !


Во Македонија моментално Лукоил имаат најквалитетни горива.Земи наточи на Макпетрол/Окта и види колку км ќе поминиш,па после пробајсо Лукоил сигурно ќе е подолга километража.


Ова е само урбана легенда :-) Нема разлика во километражата. Квалитетот не ти гарантира баш подолга километража, туку некои други карактеристики доаѓаат до израз: поголема моќност на моторот, подобро согорување...

Инаку, да... Се согласувам дека Лукоил имаат за нијанса подобро гориво од Макпетрол и веќе година дена ставам гориво само од кај нив. Ако ништо друго, барем услугата на Лукоил бензинските е беспрекорна - многу, многу пати подобра од онаа на било која бензинска на Макпетрол.

Edited by tonikostov - 29-May-2011 at 09:22
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 822
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 29-May-2011 at 10:38
Originally posted by tonikostov

Originally posted by Тркало

Originally posted by gorco

да да , како да не !


Во Македонија моментално Лукоил имаат најквалитетни горива.Земи наточи на Макпетрол/Окта и види колку км ќе поминиш,па после пробајсо Лукоил сигурно ќе е подолга километража.


Ова е само урбана легенда :-) Нема разлика во километражата. Квалитетот не ти гарантира баш подолга километража, туку некои други карактеристики доаѓаат до израз: поголема моќност на моторот, подобро согорување...

Инаку, да... Се согласувам дека Лукоил имаат за нијанса подобро гориво од Макпетрол и веќе година дена ставам гориво само од кај нив. Ако ништо друго, барем услугата на Лукоил бензинските е беспрекорна - многу, многу пати подобра од онаа на било која бензинска на Макпетрол.


Тогаш да те прашам како тоа моето искуство кажува дека со ист број на литри бензин наполнети во германија поминувам до 5-10% километри отколку со бензин наточен кај нас....беѕ разлика на која фирма. А да и многу интересно со германскиот бензин потрошувачката наеднаш стана многу поблиска до фабричките бројки, за разлика од кај нас каде потрошувачката е повисока.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 29-May-2011 at 15:01
Originally posted by mirakuliks

Originally posted by tonikostov

Originally posted by Тркало

Originally posted by gorco

да да , како да не !


Во Македонија моментално Лукоил имаат најквалитетни горива.Земи наточи на Макпетрол/Окта и види колку км ќе поминиш,па после пробајсо Лукоил сигурно ќе е подолга километража.


Ова е само урбана легенда :-) Нема разлика во километражата. Квалитетот не ти гарантира баш подолга километража, туку некои други карактеристики доаѓаат до израз: поголема моќност на моторот, подобро согорување...

Инаку, да... Се согласувам дека Лукоил имаат за нијанса подобро гориво од Макпетрол и веќе година дена ставам гориво само од кај нив. Ако ништо друго, барем услугата на Лукоил бензинските е беспрекорна - многу, многу пати подобра од онаа на било која бензинска на Макпетрол.


Тогаш да те прашам како тоа моето искуство кажува дека со ист број на литри бензин наполнети во германија поминувам до 5-10% километри отколку со бензин наточен кај нас....беѕ разлика на која фирма. А да и многу интересно со германскиот бензин потрошувачката наеднаш стана многу поблиска до фабричките бројки, за разлика од кај нас каде потрошувачката е повисока.


Далеку од урбана легенда. Направено е испитување на МФС за тоа кое гориво е почисто на Макпетрол или Лукоил. На 95 октански моторен бензин. Резултатите беа 94,нешто за лукоил, а макпетрол едвај 91 октани. Тоа се должи на недоволната рафинираност на горивот. Со такво гориво се зголемува потрошувачката и веројатноста за појава на детонација. Не е дотурено вода како што народски се вели. Ова е сепак испитување на рамките во еден од часовите на кој присуствував и не е ништо официјално.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 822
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 29-May-2011 at 20:21
Originally posted by stratus



Далеку од урбана легенда. Направено е испитување на МФС за тоа кое гориво е почисто на Макпетрол или Лукоил. На 95 октански моторен бензин. Резултатите беа 94,нешто за лукоил, а макпетрол едвај 91 октани. Тоа се должи на недоволната рафинираност на горивот. Со такво гориво се зголемува потрошувачката и веројатноста за појава на детонација. Не е дотурено вода како што народски се вели. Ова е сепак испитување на рамките во еден од часовите на кој присуствував и не е ништо официјално.


Целта ми беше дека дури и тоа што ни го продаваат лукоил не е најдобар производ, имено од мое досегашно искуство како се иде по на север по Е75 така станува поквалитетно горивото. Во србија и Хрватска е сличен квалитетот со нашето, словенија е за нијанса подобро а во австрија и германија е воочливо поквалитетно.
Али ептен отидовме надвор од темата.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 30-May-2011 at 01:24
Не верувам дека разликата може да е 5-10% во километража. Не сум искусил - затоа не верувам ;-) Не значи дека не е точно.

Интересно е што импортерите на возила кај нас го препорачуваат бензинот од Макпетрол. Тоа е една од првите сугестии што ги добив кога ја купив колата. По неколку месеци, решив да прејдам на бензин од Лукоил. Поради варијацијата на цените - не можам да забележам разлика во километражата. Но, знам дека колата подобро влече со бензин од Лукоил. Ова е сепак тешко воочливо, но во некои ситуации (нагло стартување, брзо претекнување и слично)имам почувствувано разлика со моќта на моторот (пак ќе нагласам: минимална, но сепак има разлика...)

Вредно е да спомене и ова: пред недела-дена на шура ми му светна Check engine сијаличката на ново возило (<1 година). На сервис му рекоа дека е од сензорот за гориво. Гориво точи на Лукоил. Интересно, кај мене сеуште нема ништо такво, а точиме на иста пумпа.

Како што кажа, bottom line е дека квалитетот на горивата сеуште не е соодветен. И веднаш прашање, дали има надлежна институција која го контролира квалитетот на горивата кај нас? Прочитав дека во Србија почнат со контрола преку земање примерок од секоја пумпа, од секое увезено гориво. Има ли нешто вакво кај нас?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.