build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Бензински пумпи
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бензински пумпи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 04-May-2014 at 19:33
Originally posted by gjoko

Originally posted by ѓорче

Шел стигна во Македонија!? (ФОТО)
На патот Скопје - Тетово, после првата наплатна рампа, како што се гледа од фотографијата, при крај е отворањето на првата бензинска пумпа на светската компанија Шел. Невообичаено за една светска компанија, бензинската пумпа наскоро ќе се отвори без големи помпи, без конференции за печатот, без свечени сечења ленти, без камери, но и без реакции на надлежните органи за заштита на трговските марки.    



http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/shel-stigna-vo-makedonija-foto



амблемите и симболите на Шел вчера беа покриени со платна.Изгледа има проблем или со договорите или можеби некој во стилот на Вајат Ерп си дозволил да си става какви и да сака имиња како во почетокот на 90-тите


Колку што можев да видам од кварталните и годишните извештаи на Royal Dutch Shell никаде не пишува дека оваа компанија има издадено франшиза, лиценца или каков и да е друг вид на право за користење на логото и другите елементи од оваа мултинационална компанија во Македонија. Оттука можеме да заклучиме дека навистина на некого му е бендисало логото па си го земал.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 05-May-2014 at 12:17
На местото постоеше бензинска пумпа на Монца од Италија.Лукоил ја купи ја сруши и изгради сосема нов објект.



Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 05-May-2014 at 17:14
Previous
ова е на улица Скупи во Влае?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 05-May-2014 at 18:57
Originally posted by zabegan

Previousова е на улица Скупи во Влае?



Да
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 05-Jun-2014 at 11:11
ЛУКОИЛ Македонија отвори нова бензинска станица во Скопје



ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје ја отвори својата дваесет и шеста бензинска станица во Македонија, во Скопје.

Бензинската е лоцирана во населба Ѓорче Петров, на ул. Ацо Шопов бр.18 и се простира на 1900 м2. Пумпата располага со три диспанзери за точење гориво, апарат за вода – воздух, како и современ мини маркет и кафе бар со тераса. На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да наточат од горивото „ЕКТО“, течен нафтен гас, да се снабдат со ЛУКОИЛ масла, како и да ги купат потребните производи од широкиот асортиман.

Бензинската станица располага со wi-fi, паркинг и други поволности.





http://lukoil.com.mk/mk/news/bsskopje
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 04-Aug-2014 at 11:27
„ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“ ПАК НАЈДОБРА ФИРМА ВО ГРУПАЦИЈАТА НАДВОР ОД РУСИЈА



Групацијата „Лукоил“, една од најголемите меѓународни нафтено-гасни компании, ја прогласи компанијата „Лукоил Македонија“ за најдобрa помеѓу своите фирми-ќерки кои оперираат во триесет земји од светот надвор од Русија. Со решение на раководството на компанијата „ОАД Лукоил“, „Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје“ втор пат доби признание „Најдобро претпријатие за 2013 година“.

За изминатите 9 години, колку што „Лукоил Македонија“ постои на пазарот, ова е втора награда од ваков тип, со која се валоризираат успехот и достигнувањата во работењето, квалитетот на услугите, проширувањето на мрежата и финансиските резултати.

Прв пат признание од ваков тип компанијата доби во 2011 година кога ги пласира на пазарот новите горива „екто“. „Лукоил Македонија“ го зголеми бројот на бензински станици во земјава и денес тој изнесува 26.

- Ова е период кога стануваат видливи и впечатливи резултатите од нашиот повеќегодишен труд во Македонија. Во досегашното работење во Македонија наметнавме нови и повисоки стандарди на работа во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските станици, со што позитивно влијаевме врз промената на концепцијата и подобрување на конкуренцијата на пазарот. Оваа награда за нас е комплимент, но и обврска да бидеме иновативни и подобри - изјави Андреј Kуку, генерален директор на „Лукоил Македонија“.

Светскиот познат бренд „Лукоил“, една од најголемите меѓународни нафтено-гасни компании, денес обезбедува 2,2 отсто од светската нафта.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E3016F2A93EDB54E81184BE96BAE1018

Edited by jyvation - 11-Oct-2014 at 18:38
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1602
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 04-Aug-2014 at 15:21
Samo ponekogas benzinasite podkradnuvaat pri tocenjeto, kako mene sto mi ukradoa edno 7-8 litri na pumpata na bulevar Aleksandar makedonski vo Skopje...
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 11-Oct-2014 at 18:41
Лукоил: Отворање на повеќенаменски комплекс сo бензинска станица во Кочани



Со цел унапредување на економскиот развој во Република Македонија, ЛУКОИЛ Македонијан отвoра повеќенаменски комплекс со бензинска станица, маркет, паркинг за лесни моторни возила во Кочани, лоциран на улица Димитар Влахов 128.

Во комплексот, коj се наоѓа во општината Кочани, на површина од над 2.400 метри квадратни ќе работи дваесет и седмата бензинска станица на компанијата „ЛУКОИЛ“ во Република Македонија.

Свеченото отворање на овој комплекс, ќе биде денеска во 12.00 часот. На отворањето ќе присуствуваат министри од Владата на Република Македонија, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербак, претставници на локалната самоуправа и други гости.

http://lider.mk/2014/10/11/otvoranje-na-poveknamenski-komplekst-so-benzinska-stanica-vo-kocani/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 08-Nov-2014 at 09:37
Нова бензиска пумпа во Прилеп

Градоначалникот Ристески присуствуваше на пуштањето во употреба на новата бензиска пумпа која се наоѓа кај новата автобуска станица. Инвеститорот нагласи дека и во иднина планира проширување на својот бизнис.





http://www.prilep.gov.mk/news/mk/nova-benziska-pumpa-vo-prilep/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 22-Feb-2015 at 22:34
Малку постара вест, од пред еден месец:

Отворена нова бензинска станица „GamaOil“ во Струмица

Недела, 25 Јануари 2015



Од вчера на патот на излезот од Струмица кон Василево, започна да работи бензинска станица на руско-грчката компанија „GamaOil“. Ова е прва од четирите планирани бензински станици во Македонија на оваа компанија.

Бензинската станица „GamaOil“, која работи по лиценца на „Shell“, располага со сите нафтени деривати и моторни масла, кои се со одличен квалитет. Граѓаните од Струмица и регионот од денеска ќе имаат можност да купуваат нафтени деривати со висок квалитет, а со цена за 1 денар помала од „регулаторната цена“ на сите горива.

Во рамките на Бензинската станица „GamaOil“, работи и минимаркет со кафетерија, кои ќе бидат во функција на сите учесници во сообраќајот.

Повелете и користете ги услугите и производите во „GamaOil“ и уверете се во квалитетот на производите и услужноста на вработените.

ФОТОГАЛЕРИЈА од отворањето на бензинската станица во Струмица: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153591204338957.1073742725.231002903956&type=1
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 01-Apr-2015 at 11:59
Isto taka informacija od gazdata na http://podgorskian.com/ informacija. Se otvara nekade na vlez vo Skopje (na Avtopat) Nova benzinska brendirana kako Lukoil no vo negova sopstvenost. Benzinskata se otvara na Velignden i ke ima promocija za akumulirani 300 litri benzin poklon vikend vo Podgorski An. Znae li nekoj za koja benzinska stanuva zbor i kade se naoga.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 01-Apr-2015 at 12:46
Знам една бензинска се гради на влез на Скопје.

41°57'49.11
21°34'45.30
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 01-Apr-2015 at 12:56
Originally posted by jyvation

Знам една бензинска се гради на влез на Скопје.

41°57'49.11
21°34'45.30


Mozno e da e taa kazaa na avtopat posle naplatna rampa Petrovec. Gledam na Maps Benzinskata e od stranata na Avtopatot koga se ide od Veles kon Skopje taka da taman posle patarinata ke mu dojde. Ako e Lukoil i ako se otvori okolu Veligden togas sigurno e taa. Pa ete koj go patuva ovoj pravec ima moznost za 300 litri benzin da se proseta do Kolesino (Strumica).
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 18-Sep-2015 at 10:54
Макпетрол во Штип, 1957 година.

За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 18-Sep-2015 at 10:56
http://ohridpress.com.mk/%D0%B2%D0%B5%D0%B2%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B5-%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%83%D0%BC%D0%BF%D0%B0/

Вевчани ќе добие бензинска пумпа

Вевчани, 11. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Макпетрол“ доби дозвола за изградба на бензинска пумпа во Вевчани.

Како што соопштија од Општина Вевчани, градоначалникот Цветомир Угриноски го издал одобрението за градење на Бензинска пумпна станица со придружни објекти на инвеститорот „Макпетрол“ А.Д Скопје.

Бензинската пумпа ќе се гради на влезот во општината, лево од „Порта Вевчани“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива


Малку постара вест, случајно налетав на неа.

Водовод, комунално претпријатие, сопствени регистарски таблици, автобуски превозник и станица, во план и банка...пари веќе си печатат.Вевчани со сите предуслови за самостојност

Edited by Тркало - 18-Sep-2015 at 10:59
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 25-Mar-2016 at 08:25
„ЛУКОИЛ“ СО НОВА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО РАДОВИШ

„Лукоил“ отвори нова, 28. бензинска станица во Македонија. Бензинската станица во Радовиш, покрај околните бензински станици на „Лукоил“ во Велес, Штип, Кочани, Струмица и во Гевгелија, ќе ги опслужува граѓаните што гравитираат во овој регион со квалитетни масла и горива, како и високопрофесионални услуги од персоналот, велат од компанијата.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да ги купат потребните производи од широкиот асортиман, да наточат течен нафтен гас, да се снабдат со масла „лукоил“, како и да наточат од горивото „ЕКТО“, кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото да има побрз старт, а намалена потрошувачка на гориво.

Бензинската станица се наоѓа на булеварот „Александар Македонски“ бр. 1, се простира на 2.500 квадратни метри и е повеќенаменски комплекс со маркет, паркинг за лесни моторни возила и други поволности, што на граѓаните на Радовиш и околните 35 населени места ќе им понуди дополнителна вредност во насока на зголемување на квалитетот на услуги што ги добиваат, користење нови технологии за заштита на животната средина и зголемување на енергетската стабилност на околината, велат од „Лукоил“.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=29BB3EC0088E5747A162FB6E9294DD8D
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 25-Mar-2016 at 08:27


За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 17-Apr-2016 at 19:38
Макпетрол, нова бензиска пумпа во индустриската зона кај населба Пинтија:

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 23-Jun-2016 at 18:15
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 23-Sep-2017 at 18:47
Не знам дали имаме посебна тема за електрични автомобили, но еве еден полнач за нив на паркиралиштето пред зоолошката градина во Скопје

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.